КАФЕ ПАУЗА

Tag: креативност

  • Генијални измамници на тестови кои ја заслужуваат највисоката оценка за нивната креативност

    Генијални измамници на тестови кои ја заслужуваат највисоката оценка за нивната креативност

    Мамењето и препишувањето на тестови е погрешно, но, постои посветла страна на сѐ. Впрочем, правењето ливчиња за препишување е исто толку тешко и есенцијално како и правењето белешки. За тоа ви е потребно многу креативност која често е покорисна во животот отколку за преметот за кој сте се одлучиле да мамите.rnrn

    Генијални измамници на тестови кои ја заслужуваат највисоката оценка за нивната креативност
    Витаминска вода со сите одговори за тестот кој следува!
    rnrnВо чест на сите брилијантни деликвенти, од оние кои ги пишувале одговорите на училишните клупи, па сѐ до оние кои препишуваат како да се агенти на Ц.И.А, погледнете ги следниве фотографии кои докажуваат дека сите измамници и препишувачи заслужуваат солидна оценка за нивната генијалност.rnrn

  • Неверојатни деликатни марами изработени како крилја од пеперутки

    Неверојатни деликатни марами изработени како крилја од пеперутки

    Познатата костимографка за театар, филм, опера и телевизија, која исто така е и модна дизајнерка, Аласи од Гранада, Шпанија, во својот нов бутик „El Costurero Real“, инспирирана од убавината и комплексноста на инсектите, ја преставила својата нова колекција прекрасни марами кои со своите шари, комбинации на бои и детали наликуваат на крилјата од пеперутките.rnrnНеверојатни деликатни марами изработени како крилја од пеперуткиrnrnКонструкцијата на овие марами има слично светло и воздушно чувство како тие да припаѓаат на некој крилат инсект. Тие се печатени на материјал кој наликува на шифон, но всушност станува збор за 100% памук кој има малку поголема транспарентност. Како додаток, марамите имаат жица која е зашиена низ предниот дел за да можат да се користат и во танцувањето.rnrnИнтересите и инспирациите на Аласи не лежат само во инсектите и таа дизајнира најразлични старомодни парчиња облека кои можат да бидат карактеристични за викторијанското доба. Независно од нејзината инспирација, со секое парче поединечно, Аласи пренесува чувство на бајковита магија која ги оживува фантазиите. Погледнете.rnrn

  • 18 паметни и уникатни дизајни за пакувања на производи кои зрачат со креативност

    18 паметни и уникатни дизајни за пакувања на производи кои зрачат со креативност

    Пакувањата на различните производи се многу повеќе од една обична хартија или сад за продуктот кој го штитат и претставуваат. Денес, пакувањето се гледа како комбинација од технологијата и уметноста, изработено со цел да го направи објектот што се купува многу покреативен и попривлечен за потрошувачите. Понекогаш, производите се спакувани толку интересно што посакуваме да ги имаме уште пред да знаеме за нивната намена и за што конкретно можеме да ги употребиме.rnrn18 паметни и уникатни дизајни за пакувања на производи кои зрачат со креативностrnrnВо тој контекст, погледнете ги едни од најиновативните дизајни за пакувања на производи кои едноставно не можете да ги игнорирате.rnrn

  • Накит во терариум ви дозволува да понесете дел од природата со себе

    Накит во терариум ви дозволува да понесете дел од природата со себе

    Дизајнерката на накит од Ирска, Кети Белс, рачно ги направила овие ситни терариума исполнети со колоритни и прекрасни минијатурни цветови и растенија, користејќи различни природни елементи кои ги пронашла во шумите и планините, дивите ливади и ветровитите плажи. Таа вели дека најмногу ужива кога работи на накит кој го побарале нејзините клиенти и кои имаат свои идеи за тоа како треба да изгледа финалниот продукт.rnrnНакит во терариум ви дозволува да понесете дел од природата со себеrn

    „Обожавам да правам оригинални парчиња накит. Доколку имате идеја за некаков накит кој сакате да биде изработен, можеби со некои делови од чипката на невестинскиот фустан на мајка ви, цвеќе од некој букет, па дури и прамен коса од вашите најблиски, тогаш контактирајте ме и јас ќе ви направам нешто прекрасно“, вели Кети, обраќајќи им се на сите сегашни и идни муштерии во нејзиниот бутик „Ruby Robin“.

    rn

  • Накит кој во својата внатрешност содржи минијатурни сцени од секојдневниот живот

    Накит кој во својата внатрешност содржи минијатурни сцени од секојдневниот живот

    Погледнете наоколу. Светот е преполн со најразлични приказни кои го одликуваат секој човек. Сѐ што треба да направиме е внимателно да ја погледнеме личноста до нас и да се обидеме да го откриеме нејзиното значење. Во тој контекст, германската артистка Изабел Киефхабер го изработила овој накит од смола, каде секое парче отсликува еден посебен миг од животот. Во еден прстен ќе погледнете човек кој скија. Во друг, пар кој ужива на плажа или игра тенис. Во трет, колачиња. Секое парче накит содржи една посебна, минијатурна сцена од секојдневието.rnrnПрстени кои во својата внатрешност содржат минијатурни сцени од секојдневниот живот rn

    „Го обожавам дизајнот. Сакам да работам прецизно и внимателно. Обожавам да работам со моите раце и го сакам уникатниот накит.“ – вели Изабел, на нејзиниот официјален веб-сајт.

    rnВо продолжение погледнете ги нејзините оригинални прстени и обидете се да останете рамнодушни на креативноста и трпението со кои тие се одликуваат.rnrn

  • Креативен фотограф создава нови светови со помош на играчки и својата голема имагинација

    Креативен фотограф создава нови светови со помош на играчки и својата голема имагинација

    За да бидете креативни мора да го одржувате во живот детето во себе. Мексиканскиот фотограф Феликс Хернандез Родригез е возрасен човек кој никогаш не престанал со играње. Тој ги создава неговите величествени фотографии со помош на малечки играчки.rnrnКреативен фотограф слика мали играчки со голема имагинацијаrnrnФеликс вели дека неговите фотографии не се тоа што постои во светот, туку тоа што постои длабоко во него. Фотографот креира магични сцени со помош на секојдневни продукти, како брашно за да имитира снег или чад од цигара за да направи атмосфера. Тој ги комбинира реалните и намалените модели со помош на бујната имагинација и Фотошоп, а исто така користи и макро леќи и техника наречена „сложување на фокусот“, при што се спојуваат повеќе фотографии за да се добие поширок фокус.rnrnrnrn

  • Истражувањата конечно потврдија: Саркастичните луѓе се покреативни и поинтелигентни

    Истражувањата конечно потврдија: Саркастичните луѓе се покреативни и поинтелигентни

    Веќе долго време се сомневавме дека сарказмот е знак за интелигенција, но сега конечно има докази кои го потврдуваат тоа. Истражувачи од универзитетите Харвард и Колумбија, спровеле сеопфатна студија со цел да ги потврдат нашите очекувања.rnrnИстражувањата конечно потврдија: Саркастичните луѓе се покреативни и поинтелигентниrnrnЗа потребите на ова истражување, испитаниците биле поделени во 3 групи. Во едната се наоѓале оние кои се сметале за саркастични, во другата оние кои верувале дека се сериозни и во третата – неутралните. Истражувачите низ интеракција со различните групи барале од нив да извршат низа креативни задачи, а потоа тие биле оценувани.rnrnКако и што се очекувало, саркастичните луѓе покажале зголемена креативност. Кога требало да се решаваат проблемите, тие лесно ги смислиле најкреативните решенија бидејќи биле во состојба да размислуваат апстрактно и надвор од границите. Но, креативноста не била единствената карактеристика која ги красела саркастичните луѓе. Со оглед на тоа што тие гледаат надвор од зацртаните линии со цел да дојдат до решение на одреден проблем и да го изразат своето мислење, овие луѓе имаат и повисока интелигенција од останатите.rnrnНо, што се случува со негативните страни на овој вид карактер? Сарказмот најчесто води кон конфликт. Доколку разговарате саркастично со личност која не комуницира на тој начин, големи се шансите дека ќе предизвикате расправија. Дури и ако одговарате со сарказам на туѓ сарказам, постои можност да настане конфликт. Тоа значи дека најпрво треба да бидете сигурни дека сте на иста страна со вашиот соговорник, а потоа да го користите својот ум на овој начин.rnrnЗа крај, во студијата се наведува дека е покажана зголемена креативност по стимулираниот саркастичен разговор или по присетувањето на саркастични размени. Тоа значи дека оваа комуникација поттикнува креативна енергија, особено кога е водена од две индивидуи кои комуницираат на истиот начин. Важниот заклучок кој може да се извлече од ова истражување е дека доколку сте саркастични, најверојатно имате повисока интелигенција од просекот, како и дека сте покреативни од останатите.

  • Оваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везови

    Оваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везови

    Унгарската пекарка и артистка Џудит Пор е современиот Леонардо да Винчи на колачињата. Работејќи од нејзиниот дуќан за декорирање торти и колачи „Mézesmanna“, кој се наоѓа во Ајка, таа подготвува најразлични дизајни: од класични унгарски шари до помодерни форми и облици. За неа не постојат граници кога станува збор за уметноста на украсувањето на колачите, а нејзината способност и вештина се забележуваат на сите нејзини креации во кои се вбројуваат и детални илустрации од луѓе и животни. Сепак, цветните шари инспирирани од везовите се нејзиниот препознатлив стил.rnrnОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиrnrnЗа да ги произведе овие деликатни композиции, Пор користи повеќе алатки за глазури и шлаг. Таа вели дека секојдневното вежбање е клучно во патот кон успехот и исполнувањето на целите.rnrnОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиrnrnСѐ е создадено со слободна рака и без помош на скици и цртежи, а во нејзината вешта работа постои еден неверојатен ритам кој ќе мора да го видите за да поверувате.rnrnrnrnПогледнете ги останатите нејзини дела…rnrn

  • Импресивни плетенки за само 20 минути: Oваа мајка ја совладала уметноста на косата

    Импресивни плетенки за само 20 минути: Oваа мајка ја совладала уметноста на косата

    Шели Гифорд без сомнение ја совладала уметноста на плетењето на косата. Секое утро, таа ја плети косата на нејзината 6-годишна ќерка Грејс во најразлични плетенки. Пред да оди на училиште, Шели планира како да ја стилизира косата на нејзината ќеркичка и размислува што сѐ ќе вклучи во нејзините идеи. Вообичаено ѝ се потребни 20 минути за да ги заврши фризурите, а доколку понекогаш смета дека ќе ѝ биде потребно повеќе време, тогаш таа ја зачувува идејата за викендот.rnrnИмпресивни плетенки за само 20 минути: Oваа мајка ја совладала уметноста на косатаrn

    „Најдов профили на Интернет кои се специјално наменети за стилови на коса и мајките кои ги направиле тие дизајни на косите од нивните ќерки. Ми се допадна тоа што го видов и тогаш решив да отворам и свој профил на Фејсбук и Инстаграм. Обожавам да учам нови стилови и да ги унапредувам своите вештини. Опседната сум со коса“, вели Шели.

    rnНекои од фановите се прашувале како нејзината ќерка седи мирно толку време, а Шели им објаснила дека Грејс е навикната да носи плетенки уште од малечка.rnrnИмпресивни плетенки за само 20 минути: Oваа мајка ја совладала уметноста на косатаrn

    „Греј сака сѐ што е убаво и стилови кои може самата да ги види на огледало, како на пример страничната плетенка“, дополнува Шели, велејќи дека нејзините фанови најмногу ги сакаат оние дизајни во кои е вклучено по некое срце.

    rn

  • 15 фотографии со брзи решенија кои ќе ги разберат само студентите кои се шворц

    15 фотографии со брзи решенија кои ќе ги разберат само студентите кои се шворц

    Студентскиот живот не е лесен и повеќето од нас многу добро го знаат тоа. Студентите се познати по пронаоѓањето неконвенционални решенија на многу секојдневни проблеми и успешно соочувања со сите ситуации. Но, што и да сте правеле или правите на факултет, го правите за да преживеете и сега сте подобра личност поради тоа. Во продолжение погледнете дел од најсмешните решенија кои можат да ги разберат само студентите кои се шворц и чие животно мото е: „Снајди се, па живеј“.rnrn

    Кога на каучот му фали место за седење, па го надополнувате со столица.
    Кога на каучот му фали место за седење, па го надополнувате со столица.
    rnrn