КАФЕ ПАУЗА

Tag: креативност

  • Интересни фотографии, направени во совршен момент, кои ќе го излажат вашиот мозок

    Интересни фотографии, направени во совршен момент, кои ќе го излажат вашиот мозок

    Некогаш фотографот треба да помине неколку часови во подготовка на својот следен кадар пред конечно да успее да направи добри фотографии. Но, некогаш сѐ што е потребно е да бидете на вистинското место, во вистинското време. Најважно е да бидете креативни и да имате остро чувство за детали. Кога овие компоненти ќе се соединат, гарантирано ќе излезат совршено временски темпирани и неверојатни фотографии. Во продолжение погледнете ги овие оптички илузии кои се случуваат само еднаш во животот.rnrn

    Оптичка илузија со јаболка
    rnrn
    Транспарентен монитор
    Транспарентен монитор
    rnrn

  • Жив накит кој расте додека го носите

    Жив накит кој расте додека го носите

    Американската цвеќарка Сузан МекЛери изработува накит на кој се прицврстени живи растенија и цвеќиња и кој одговара за секоја пригода, а најмногу за венчавките. Таа рачно ги избира и мести растенијата кои растат од 2 до 4 недели. Подоцна, можете да ги тргнете и да ги засадите во саксија. Така, не само што и понатаму ќе го носите накитот, туку и ќе го зачувате зеленилото во следните неколку години. Затоа Сузан вели дека овој накит е прекрасен и симболичен подарок за невестите.rnrnЖив накит кој расте додека го носитеrnrnТаа станала цвеќарка сосем случајно. Изработувала накит како хоби кога еден ден нејзината пријателка ја замолила да ѝ ги направи свадбените цвеќиња. Тоа било моментот кога Сузан ја пронашла нејзината вистинска страст. Потоа, започнала да ги изработува овие живи парчиња накит за разни фотосесии и критички била добро прифатена, па решила да започне и професионално да се занимава со ова и да ги продава. Погледнете го прекрасниот накит на Сузан кој сигурно ќе посакате да го носите на вашиот најважен ден.rnrn

  • Мистериозни тетоважи кои се откриваат само под црна светлина

    Мистериозни тетоважи кои се откриваат само под црна светлина

    Доколку планирате да се тетовирате или да им дадете малку живот и карактер на вашите стари тетоважи, тогаш не брзајте и одвојте малку време да ги разгледате овие идеи кои можат да бидат забележани само под одредени услови. Тие реагираат кога се изложени на црна светлина, па ќе бидете единствени и уникатни во секој клуб, кафуле и забавен локал кој располага со УВ светлосни зраци. Во продолжение погледнете неколку интересни дизајни и разбудете ја креативноста во вас. Идеите ве чекаат!rnrnМистериозни тетоважи кои се откриваат само под црна светлинаrnrn

  • 7 изненадувачки увиди во генијалноста

    7 изненадувачки увиди во генијалноста

    Научниците велат дека зборот „гениј“ значи способност да се биде иновативен – да се дизајнира нешто ново и неверојатно, а сепак корисно. Одбивајќи ги теориите дека генијалноста е продукт на генетиката, авторот Ерик Вајнер во своето дело „Географија на генијалноста: Потрага по најкреативните места на светот, од античка Атина до Силициумската Долина“, објаснува зошто живеењето во време и место кое ја охрабрува и поттикнува генијалноста е поважно од биологијата. Тој ги издвојува Виена, Атина, Фиренца, Калкута и Единбург како едни од поиновативните места кои во различни периоди произвеле голем број генијални умови и укажува на фактот дека самите градови се потрудиле да ја направат својата средина поприфатлива за однесувањето на гениите.rnrn7 изненадувачки увиди во генијалностаrnrnЗа целите на своето дело, Вајнер го користи зборот „гениј“ како највисоката форма на креативноста и го цитира филозофот Шопенхауер:rn

    „Талентот удира цел во која никој друг не може да удри. Генијалноста удира во цел која никој друг не може да ја види.“

    rnСпоред мислењата на Вајнер, ова се 7-те изненадувачки увиди во генијалноста:rnrn1. Паметните места ја избегнуваат специјализацијата, бидејќи специјализацијата значи помалку креативност.rnrn2. Според научните студии и истражувања, некои звуци (70 децибели) имаат подобар ефект врз креативноста отколку апсолутната тишина.rnrn3. Генијалците се имаат поголема имагинација. Тие имаат повеќе добри и лоши идеи отколку луѓето со просечен коефициент на интелигенција. Во овој случај, уметноста на проникливоста е она што ја прави најголемата разлика.rnrn4. Најдобрите мисли ни доаѓаат додека пешачиме.rnrn5. Тензијата, а не потребноста, е мајката на сите изуми. Ни треба нешто од кое можеме да се оттурнеме.rnrn6. Непропорционално голем број генијалци биле имигранти или бегалци.rnrn7. Ризикот и креативната генијалност се неразделиви. Некои го ризикувале својот живот, а некои својот изглед.rnrnКонечно, за да се зголемат шансите од повеќе генијалци во нашата околина, град, канцеларија или дом, треба да се охрабрат безредието (за да се промени долготрајниот статус кво), разноликоста и разновидноста (помеѓу луѓето и ставовите), како и проникливоста (што се постигнува со имањето многу идеи и паметната селекција на најдобрите меѓу нив).

  • Како да ја разбудите вашата духовна креативност?

    Како да ја разбудите вашата духовна креативност?

    Креативноста може да се менува и истекува во зависност од нашето расположение и околностите во кои се наоѓаме. Некои денови сме едноставно премногу нервозни за да можеме да создадеме позитивна и креативна средина.rnrnКако да ја разбудите вашата духовна креативностrnrnНо, духовноста може да ја поттикне креативноста повеќе отколку што верувате. Постојат начини на кои со нејзина помош можете да ги отфрлите негативноста и препреките и така да најдете мир со цел во себе да ја откриете креативноста што ви е потребна.rn

    1. Погрижете се инспирацијата да биде насекаде околу вас

    rnПрво мора да „излеземе“ надвор од себе. Ова можеби изгледа чудно, знаејќи дека се работи за наше креативно дело, но штом еднаш погледнеме во поголемата слика, веднаш ќе најдеме инспирација во луѓето и местата околу нас.rn

    2. Создадете мирна околина

    rnСледно што треба да направите е да се ослободите од нештата кои ви го одвлекуваат вниманието. Тоа значи да го исклучите телевизорот, да ја намалите гласноста на музиката и навистина да го опуштите вашиот мозок. Дајте си себеси простор и ослободете го вашиот дух. Ова секако ќе ви даде време да формирате повеќе мисли и различни гледишта, за кои ќе можете да разговарате со други луѓе и вашата инспирација едноставно ќе почне слободно да тече.rn

    3. Потиснете ја негативноста

    rnОбидете се да ја елиминирате негативноста од вашиот живот. Негативните елементи не само што влијаат на вашето расположение, туку ја намалуваат и ефективноста. Oва може само да ја попречи вашата креативност и да ве врати назад. Направете обид да не се врзувате за негативните мисли, без разлика дали се работи за поглед кон светот или за некоја личност. Не дозволувајте мислењето на другите да влијае на вашата ментална благосостојба. Исто така избегнувајте ги лошите вибрации, така што нема да дозволите негативноста од другите да се пренесе на вас.rnrnПоследната порака е дека никогаш не треба да верувате дека сте знаете сѐ. Секогаш може да научите нешто ново. Вашата духовност се развива заедно со вашата креативност и секогаш бидете отворени за нови знаења.

  • Падната гранка од дрво е трансформирана во креативна и неконвенционална полица

    Падната гранка од дрво е трансформирана во креативна и неконвенционална полица

    Полиците на Себастијан Еразуриз, наречени „Билбао“ по истоимениот шпански град, се единствени на пазарот и докажуваат дека инспирацијата може да се најде и во оние моменти кога најмалку очекувате. Себастијан ја создал оваа полица користејќи една поголема падната гранка од дрво што ја нашол на улица во Сантијаго и ја донел назад во својата работилница. Таму, ја оформил, ја превиткал и ја адаптирал, овозможувајќи ѝ да биде доволно рамна за да може да се закачи на ѕид и да послужи како една креативна и неконвенционална полица.rnrnОваа падната гранка од дрво трансформирана во креативна и неконвенционална полицаrnrnПриродната форма на дрвото преовладува во поголемиот дел на креациите на Себастијан, но секако артистот си зел малку слобода при нивното дизајнирање. Тој ги израмнил сите остри краеви и го лакирал дрвото со мат лак во црна боја. Формата на секој дизајн, сама по себе, е органска каде единствениот додаток претставува лакот за дрвото и изгледа како модерен и софистициран дел од мебелот кој го краси домот и ентериерот на секоја просторија. Погледнете…rnrn

  • Креативни начини за изработка на вашата новогодишна елка

    Креативни начини за изработка на вашата новогодишна елка

    Ова се неколку иновативни и невообичаени материјали кои можете да ги користите за изработка на вашата новогодишна елка.rnrn(13)-kreativni-nachini-za-izrabotka-na-vashata-novogodishna-elka-kafepauza.mkrnrnАко сакате да го украсите вашиот дом на неконвенционален начин, тогаш сигурно ќе ви се допадне идејата за алтернативни новогодишни елки. Но, можеби ви изгледа невозможно да ја доловите магијата на традиционалното новогодишно дрво. За да ви помогнеме да изработите чудесни, новогодишни дрва, еве неколку материјали кои ќе ви помогнат.rnrn

  • Љубов на далечина: Креативен пар наоѓаат уникатен начин да останат поврзани

    Љубов на далечина: Креативен пар наоѓаат уникатен начин да останат поврзани

    Голем дел од луѓето би признале дека врската на далечина може да биде многу фрустрирачка. Што би требало да направите кога Скајп веќе нема да биде доволно? Еден креативен пар од Кореа, кои моментално се наоѓаат во оваа ситуација, пронашле генијален начин како да се поврзат со помош на уметноста. И покрај 14-часовната временска разлика, Данби Шин, кој моментално живее во Њујорк и Сеок Лик, која живее во Сеул, ја одржуваат нивната врска во живот така што истовремено прават фотографии додека зборуваат со видео, правејќи неверојатни колажи. Ова е одлична идеја за сите парови кои моментално се многу оддалечени…rnrn(1) Љубов на далечина: Креативен пар наоѓаат уникатен начин да останат поврзаниrnrn

  • Артисти им даваат нов живот на детските цртежи со чудовишта со цел да ја поттикнат креативноста

    Артисти им даваат нов живот на детските цртежи со чудовишта со цел да ја поттикнат креативноста

    Проектот „Чудовиште“ цели кон помагање на малите деца да го сфатат потенцијалот на имагинацијата. Без никакви правила и ограничувања, од учениците во основно училиште се барало да нацртаат чудовиште. Како што тие ѝ дозволувале на својата имагинација да цвета, така и се поттикнувале да нацртаат сè што ќе им падне напамет. Откако ќе завршат со своите цртежи, тие се испраќаат до артисти ширум целиот свет за да ги претворат во 3Д илустрации, анимации и цртежи. По оваа трансформација, чудовиштата им се враќаат на децата со цел да можат да ја видат својата креативност оживеана, без да се плашат за оценки и осуди.rnrn(1) Артисти им даваат нов живот на детските цртежи со чудовишта со цел да ја поттикнат креативностаrn

    „Нашата визија е да им помогнеме на децата да ја препознаат моќта на нивната имагинација и да ги поттикнеме да го следат својот креативен потенцијал“, вели основачот на овој проект, Кејти Џонсон.

    rn

  • Овој артист создава неверојатни уметнички дела со помош на оган и чад

    Овој артист создава неверојатни уметнички дела со помош на оган и чад

    Кога станува збор за уметност, можностите се бескрајни. Овој артист од Канада е познат по своите интригантни цртежи направени само од оган и чад, со помош на техниката наречена фумаж. Во видеото кое го објавил на Јутјуб, Стивен Спазук ја покажува својата способност да создаде неверојатни уметнички дела преку различни алатки, вклучувајќи ги и традиционалните четки, пердуви, оган, па дури и скалпели. Со самото гледање на овој процес вие ќе бидете целосно маѓепсани.rnrnrnrnДоколку ви се допаѓа неговата неверојатна работа, погледнете го неговиот портрет, како и дел од неговите најпопуларни дела досега кои вклучуваат различни сцени со птици во кои комплетно ќе се изгубите…rnrn(1) Овој артист создава неверојатни уметнички дела со помош на оган и чадrnrn