КАФЕ ПАУЗА

Tag: креативност

  • 8 чекори за подобрување на вашата креативност и продуктивност

    8 чекори за подобрување на вашата креативност и продуктивност

    Зошто сите ние имаме тенденција да сакаме да бидеме поуспешни во оние нешта за кои сме навистина страсни? Зошто времето изгледа како да забавува кога ни е здодевно, додека пак почнува да лета кога уживаме? Зошто е толку лесно да се изгубиме себеси во задачите кои ни се допаѓаат? Според позитивната психологија, доколку го правите она за кое сте навистина заинтересирани, тогаш големи се шансите дека ќе го покренете креативниот процес во себе, резултирајќи со зголемена продуктивност. Погледнете ги следниве 8 чекори кои можат да ви помогнат во оваа цел…rnrn8-chekori-za-podobruvanje-na-vashata-kreativnost-i-produktivnost-www.kafepauza.mkrn

    1. Направете нешто што ве интересира

    rnКреативноста и продуктивноста се појавуваат кога сме исклучително мотивирани, возбудени и љубопитни за одредена задача. Токму затоа ако сакате да се подобрите на тоа поле, одбирајте ги оние задачи во кои ќе уживате и за кои веќе се чувствувате инспирирано. Ако станува збор за вашата работа или пак, ако немате избор за задачата, обидете се да ги идентификувате оние елементи од неа кои ќе ве возбудат и фокусирајте се на нив.rn

    2. Поставете јасни цели

    rnБидете специфични кога започнувате со нова задача. Кон што целите? Се обидувате да завршите цртеж? Пишувате нова песна? Правите презентација? Или пак, сакате да усовршите јога поза? Доколку имате јасна крајна цел, вие ќе можете полесно да го одржувате фокусот и да се задржите на задачата. Трикот е да најдете совршен баланс, целта не треба да биде преголема, тоа ќе ве обземе ниту пак, премала, тогаш нема да имате доволно мотив да продолжите.rn

    3. Најдете тивко и продуктивно време

    rnГолем број луѓе откриваат дека мирната околина и тивките часови се најдобрите време и место за да ја поттикнете вашата продуктивност, најверојатно поради начинот на кој мозочните бранови се движат за време на напливот од креативност. Кога ќе започнете со работата, правете го тоа на мирно место каде што ќе имате доволно концентрација да откриете која постапка би била најпродуктивна за завршување на вашите задачи.rn

    4. Избегнувајте ги прекинувањата и одвлекувањето на вниманието

    rnПрекинувањата се непријателот на креативноста и продуктивноста. Секој пат кога вашето внимание ќе биде одвлечено, без разлика на начинот на кој тоа се случило, вие ќе излезете од оваа зона, а со тоа и брановите на вашиот мозок ќе се вратат во првобитната состојба. Кога ќе почнете со работа, исклучете го мобилниот и замолете ги луѓето во ваша близина да не ве вознемируваат. Исто така погрижете се и работната област да ви биде уредно средена.rn

    5. Фокусирајте се што подолго можете

    rnОткако ќе започнете со работата, одржувајте го вашиот фокус што подолго можете. Најпрво, особено ако сте на нова задача, ќе ви биде многу тешко да бидете сконцентрирани повеќе од 5 до 10 минути. Тоа е сосема во ред, но не престанувајте да вежбате. Колку повеќе го тренирате вашиот фокус, толку покреативни и попродуктивни ќе станете во иднина.rn

    6. Не ги преценувајте вашите способности за дадената задача

    rnКога сте добро подготвени за бараната задача, вие ќе можете многу полесно да добиете наплив од креативност која води кон продуктивност, а со тоа и побрзо и подобро да ја завршите вашата работа. Никогаш не ги преценувајте вашите способности и според нив соодветно поставувајте ги целите од задачата која се бара од вас.rn

    7. Но, нема да има штета ако малку ги развлечете вашите способности

    rnЗа да го достигнете максималното ниво на креативност и продуктивност, понекогаш треба барем малку да излезете од вашата удобна зона. Малиот предизвик може да ви донесе огромни резултати, па токму затоа и не плашете се да ризикувате. Сè додека овие очекувања се базирани врз вашите вистински способности, нема потреба да се спречувате да бидете подобри одошто мислите дека сте.rn

    8. Нагласувајте го процесот, а не исходот

    rnЗа крај, не заборавајте дека креативноста и продуктивноста се процеси, а не исходи. Со други зборови, станува збор за животни алатки кои можат да бидат унапредени со вежбање, но ова не може да се случи преку ноќ. Едноставно не се откажувајте и со тек на време ќе успеете да постигнете сè што сте замислиле.

  • Направи сам: Прекрасни декорации од есенски лисја за вашиот дом

    Направи сам: Прекрасни декорации од есенски лисја за вашиот дом

    Летните денови нѐ одминаа, колку и да ни е тешко тоа да го прифатиме. Љубителите на есента секако може да пронајдат безброј убавини коишто ги нуди ова годишно време. Но, за оние коишто есента ја доживуваат на поинаков начин, овде нудиме неколку креативни идеи кои барем малку ќе ви помогнат со насмевка да ги поминете есенските денови.rn

    1. Чинија од есенски лисја

    rnОва е една едноставна есенска декорација која може да придонесе за амбиентот во вашиот дом, а не бара многу труд, време и материјали. Сѐ што ви е потребно е балон, лепак и есенски лисја.rnrnrn

    2. Рамка од есенски лисја

    rnДекорирајте ги вашите рамки со есенски лисја. Едноставно: залепете различни лисја по површината на вашата рамка и внесете разнобојност во вашиот дом.rnrnrn

    3. Чаршаф за маса со есенски дизајн

    rnПречекајте ги вашите омилени гости со рачно дизајниран чаршаф. Сѐ што ви е потребно за да ја остварите оваа идеја е:rn

      rn011

    • Црвена, жолта, портокалова и бронзена боја
    • rn011

    • Бел чаршаф
    • rn011

    • Лисја
    • rn011

    • Четка
    • rn011

    • Лист хартија
    • rn

    rnЧекорите се следниве:rnrn1. Одберете неколку различни лисја и добро измијте ги.rnrnrnrn2. Постелете стар весник врз којшто ќе го поставите чаршафот, со цел да ви остане чиста вашата работна површина.rnrn3. На лист хартија ставете по малку од сите бои. Поставете и друг лист хартија којшто ќе ви послужи како основа за боење на лисјата.rnrn4. Одберете едно ливче и обојте го со четката. Бидете креативни: со сунѓер можете да нанесувате дополнителни бои по рабовите или по средината на листот.rnrnrnrn5. Така обоеното ливче нежно притиснете го на местото од чаршафот каде што сакате да биде вашиот дизајн.rnrn6. Повторете го ова со разни форми на лијса и во различни бои.rnrn

  • Неверојатни тетоважи, составени од илјадници точки кои формираат комплексни цртежи

    Неверојатни тетоважи, составени од илјадници точки кои формираат комплексни цртежи

    Артистката за тетоважи, Џесика Кинзер, има неверојатен талент за создавање моќни тетоважи. И покрај тоа што оваа млада артистка почнала да тетовира во 2014 година, сепак таа е исклучително добра во својата работа. Нејзините дизајни се истовремено и брилијантни и елегантни, правејќи ги навистина уникатни. Комплексноста на секоја од овие тетоважи ни покажува дека таа има око за детали, но и креативност да спои различни објекти едни покрај други и да ни покаже сосема нова димензија на реалноста. Погледнете дел од нејзината работа, која без сомнение ќе ве инспирира и вие да почнете да размислувате за вакви видови тетоважи…rnrn(1) Неверојатни тетоважи, составени од илјадници точки кои формираат комплекси цртежиrnrn

  • Интересен психолошки тест: Што гледате на овој цртеж?

    Интересен психолошки тест: Што гледате на овој цртеж?

    Оваа позната оптичка илузија може да се види на два начини: како патка и како зајак. Па, што успевате вие да забележите прво? Уште поважно, дали ако го видите едното, можете да го видите и другото? И најважно, можете ли брзо да се движите помеѓу двата цртежа?rnrnИнтересен психолошки тест: Што гледате на овој цртеж?rnrnПоголемиот број луѓе прво ја забележуваат патката и можат да се движат помеѓу двете слики, но прашањето е колку лесно можете да ја промените вашата перспектива? Дали ви е потребен ментален напор или тоа можете да го направите лесно, кога ќе посакате?rnrnНајраната позната верзија од овој цртеж потекнува од 1892 година, која била објавена во „Fliegende Blattera“, германски хумористичен магазин. Тој подоцна бил популаризиран од Лудвиг Витгенстеин, кој го вклучил во своето дело „Филозофски истраги“, како средство за опишување два различни начина на гледање.rnrnСекако, самата слика не се менува, туку нашето визуелно доживување поминува низ преобразба. Поимите како „патка“ и „зајак“ создаваат програми кои му овозможуваат на умот да ги организира вистинските црти на сликата на различни начини. Психологот и автор, Ричард Вајзман, дошол до заклучок дека токму способноста да се движите помеѓу двете визии укажува на нивото на креативност.rnrnПо испитувањата, оние кои многу лесно се движеле помеѓу двата цртежа се многу покреативни од оние кои имале потреба да вложат напор. Тој тврди дека токму тој момент, кога ќе ја смените визијата помеѓу патката и зајакот, е како еден вид мал блесок од креативен увид. Тоа е моментот кога ќе забележите дека светот може да се види и на друг начин.rnrnОние кои се високо креативни често го користат овој талент за пронаоѓање нови начини на користење „познати“ објекти или поврзувања помеѓу две претходно неповрзани идеи или нешта. Па, колку брзо можете вие да ги смените цртежите во вашите очи?

  • За добар секс ви се потребни само овие 3 нешта…

    За добар секс ви се потребни само овие 3 нешта…

    Д-р Лаура Берман е светски познат експерт во областа на сексуалното образование. Таа објавила голем број книги за сексуалноста, меѓу кои и „Како да разговарате со вашите деца за сексот“, „Не е до него, до вас е“ и „Секс полн со љубов“. Но, една од најпознатите нејзини теории се токму 3-те најважни услови за секс. Погледнете за што станува збор…rnrnЗа добар секс ви се потребни само 3 овие нешта...rn

    1. Силно и здраво тело

    rnСе мисли на мускули. И нивната сила. Лаура истакнува дека е многу важно да се има силни карлични мускули кои допринесуваат за општото здравје на репродуктивните органи. Во сексот, овие мускули можат да направат чуда во однос на телесните реакции предизвикани од стимулацијата на партнерот. Токму затоа и најважното правило при нивното одржување се токму Кегеловите вежби. Доволни се неколку стотина дневно со цел да го подобрите значително вашето сексуално задоволство.rn

    2. Креативен дух

    rnШто е тоа што во книгата „Педесет нијанси сиво“ масивно го привлече вниманието на читателите? Не е целта тоа што го покренува либидото, туку што ги инспирира жените да ја пронајдат и зголемат својата фантазија. Една од клучните еротски точки се заснова на потполно предавање, чии придобивки подеднакво можат да ги искусат сите жени. Токму затоа со партнерот подгответе заедничка стратегија за развивање на вашата фантазија и потоа дозволете му целосно да ја преземе контролата. Креативноста е многу важна од едноставна причина – најсилниот сексуален орган е мозокот.rn

    3. Отворено срце

    rnБез разлика колку посакувате длабоки и силни сексуални доживувања со партнерот, често се случува дури и незначителен коментар од негова страна да предизвика да го затворите вашето срце кон него. Токму оваа реакција може да се избегне со помош на едноставна вежба. Замислете таква ситуација, а потоа замислете и како вашето срце се отвора, како цвет. Замислете како градниот кош ви се шири и полни со светлина. На овој начин ќе ги активирате каналите на љубовта, радоста и пред сè, сексуалната енергија.

  • Прекрасна уметност: Овој артист црта на лисја со остатоците од утринското кафе

    Прекрасна уметност: Овој артист црта на лисја со остатоците од утринското кафе

    Индонезискиот артист Гидак ал-Низар ја почнал својата кариера како лате артист, но од тогаш па наваму неговата креативност еволуирала, водејќи кон настанување на овие прекрасни уметнички дела. Тој со помош на едноставно црно кафе создава магија врз необично платно – лисјата. Резултатот е серија од сцени со топли бои кои се совршена комбинација од природата и човековиот омилен пијалак, кафето. Погледнете…rnrn(1) Прекрасна уметност: Овој артист црта на лисја со остатоците од утринското кафеrnrn

  • 5 знаци дека сте одлични во кревет

    5 знаци дека сте одлични во кревет

    Добриот секс и вештините во креветот се подложни на субјективни впечатоци, а дефиницијата се менува од личност на личност. Но, неформалните испитувања и анкети покажуваат дека оваа титула не зависи од големината, издржливоста ниту пак, кореографијата. Откријте што точно значи да се биде одличен и посакуван во кревет…rnrn5 знаци дека сте одлични во креветrn

    1. Креативни сте

    rnДоколку сте креативни во сексот и не запаѓате во монотони рутини, тогаш вие без сомнение ќе бидете оценети како одлични во кревет. Всушност, вие немате секс само во кревет, туку иницирате и во кујната, дневната, па можеби дури и во шкафот. Најинтересно за партнерот е доколку не знае што следува.rn

    2. Авантуристи сте

    rnТитулата одлични во кревет нема да ја добиете доколку имате само една поза која секогаш успева. Клучот е во ставот и желбата да испробувате нови нешта, страста во вашите очи додека го правите тоа, како и способноста да се насмеете кога телото ќе создаде чудни звуци. Авантуристичкиот дух и подготвеноста на забава е токму она кое ве прави неверојатно добри во креветот.rn

    3. Разговарате слободно за сексот

    rnДоколку сте отворени и искрени за вашиот сексуален живот и можете слободно да зборувате за сите оние нешта кои ве возбудуваат, тогаш вие без сомнение ќе имате одличен сексуален живот. Исто така, предиграта кај вас не значи само бакнување и прегрнување пред самиот акт, туку трае и во текот на денот преку секси пораки или возбудливи телефонски повици во кои објаснувате точно што сакате тој или таа да ви направи кога ќе се врати од работа.rn

    4. Не се плашите да бидете гласни

    rnНе велиме дека вашата намера е да ги разбудите сите соседи во зградата, туку дека едноставно не ви пречи да се препуштите во моментот и гласно да уживате во вашите интензивни емоции. На овој начин вие јасно му кажувате на вашиот партнер точно што сакате, притоа истовремено возбудувајќи го и него или неа со вашите секси воздишки.rn

    5. Самоуверени сте

    rnДури и кога не знаете што точно правите, доколку имате голема самодоверба и секогаш сте отворени за нови истражувања во сексот тогаш без сомнение ќе бидете доживеани како одлични во креветот. Самоувереноста е една од оние карактеристики кои секогаш се сметаат за позитивни и возбудливи во сексот.

  • 20 нешта кои различните луѓе ги прават различно: Ако сте едни од нив, ќе сфатите…

    20 нешта кои различните луѓе ги прават различно: Ако сте едни од нив, ќе сфатите…

    Занесени, непредвидливи, мечтатели, малку изгубени во времето, интуитивни, љубопитни, со силни емоции… За овие луѓе повеќето би рекле дека тие се малку чудни, различни од останатите или на кратко, креативни! Има нешто шармантно и неодоливо кај нив, поради начинот на кој го гледаат светот. Но, што е тоа што толку издвојува овие луѓе од толпата?rnrn20 нешта кои различните луѓе ги прават различно: Ако сте едни од нив, ќе сфатите...rnrn1. Тие добиваат инспирација во најнеочекувани моменти. Тие не можат да претпостават кога ќе се појави нивната следна голема идеја. Таа едноставно ќе се појави, на најмалку очекуваниот начин и во најмалку очекуваниот момент.rnrn2. Тие мечтаат. Многу. Физички можеби се покрај вас, но психички дефинитивно се многу оддалечени. Многумина од нив можат дури и да одлетаат со своите мисли во кој било момент, без разлика што прават.rnrn3. Лесно им станува здодевно. Тие треба да бидат стимулирани за да останат активни, па токму затоа и не можат да се фокусираат на нешто што не им се допаѓа.rnrn4. Го набљудуваат светот со детски очи. Дел од нив никогаш не расте, па токму затоа и толку невино и безгрижно гледаат врз светот.rnrn5. Неуспехот не ги обесхрабрува. Животот не е секогаш лесен за креативните луѓе, особено за оние кои професионално работат со тоа. Но, без разлика колку неуспеси ќе доживеат, тие сепак ќе се воздигнат и на крајот ќе успеат.rnrn6. Ретко можат да најдат озбилна работа. Не е лесно да се биде прифатен како креативна личност, особено кога најблиските очекуваат нешто друго од вас. Но, вистинските креативци нема да дозволат тоа да ги спречи во следењето на нивните соништа.rnrn7. Тие ќе го следат своето срце, иако нивниот ум често го мисли спротивното. Креативните луѓе помалку се грижат за проблемите и многу повеќе ризикуваат. Ова можеби ќе им донесе илјадници неуспеси, но истовремено и милион задоволства.rnrn8. Можат да се изгубат во времето. Кога тие нешто прават, многу лесно можат да заборават да јадат, пијат, па дури и да спијат. Кога идеите ќе почнат да излегуваат од нивниот ум, ништо друго не им е важно.rnrn9. Тие работат кога вие спиете, а спијат кога вие работите. Како што веќе спомнавме, ним инспирацијата им доаѓа во најнеочекуваните моменти. Сè што треба да направат е да ја прифатат и да направат нешто големо од неа.rnrn10. Онаму каде што луѓето гледаат потешкотии, тие гледаат можности. Тие секогаш ја гледаат светлата страна и брилијантно излегуваат од проблемите на најнеобични начини.rnrn11. Тие во еден момент го љубат своето дело, а веќе во следниот го мразат. Овој феномен е навистина голема мистерија, но постои еден вид процес кој ги прави исклучително променливи кога станува збор за мислењето за своите дела.rnrn12. Скромни се и горди во исто време. Тие се секогаш подготвени да учат, но ќе бидат исклучително горди и самоуверени кога се во прашање нивните дела.rnrn13. Секогаш бараат нови начини на изразување. Без разлика дали се професионалци, или едноставно само креативни личности, тие знаат дека не постои само еден начин на изразување.rnrn14. Постојано ги одложуваат нештата. Дајте им рок и тие ќе го почитуваат, но можете да бидете сигурни дека 90% од задачата ќе ја завршат вечерта претходно.rnrn15. Не сакаат граници. Правилата и границите не се за нив. Многу популарни креативни луѓе во историјата биле означени како бунтовници.rnrn16. Често не сакаат броеви. Тие се сјајни и навистина можат да ве изненадат, но доколку им дадете математичка задача брзо ќе сфатите дека тие не ги сакаат бројките.rnrn17. Тие се неверојатни набљудувачи. Често ги набљудуваат луѓето и ги забележуваат дури и најмалите детали поврзани со нив. Всушност, луѓето се огромна инспирација за нивното следно дело.rnrn18. Секогаш создаваат нови искуства. Како што веќе спомнавме, тие мора да бидат стимулирани за да бидат креативни. Постои ли подобар начин да го направат тоа од правењето нешто кое немале можност да го направат претходно?rnrn19. Доколку нешто не им се допаѓа, ќе направат сè од почеток. Без разлика до каде стигнале со своето дело, доколку нешто во одреден момент не им се допаѓа, тие нема два пати да размислат за да почнат од ново.rnrn20. Тие љубат. Го сакаат животот, луѓето, емоциите, животните, убавината… Тие можат во тишина да гледаат во зајдисонцето, уживајќи во секој момент, или пак да бидат со денови возбудени за следната голема ликовна изложба во градот. Нивната љубов е заразна, па ако имате вакви пријатели, држете ги покрај себе. Тие без сомнение ќе го направат вашиот живот малку поубав!

  • 6 причини поради кои треба да почнете да пишувате дневник

    6 причини поради кои треба да почнете да пишувате дневник

    Веројатно не можете да се сетите кога последен пат сте напишале нешто само за своја душа. Некои дневници се вбројуваат меѓу најпознатите дела во светската книжевност. Пишувајќи се запознавате себеси, а ние ви нудиме уште 6 причини за да почнете да ги исполнувате овие магични страници.rnrn1. 6-prichini-poradi-koi-treba-da-pochnete-da-pishuvate-dnevnik-kafepauza.mkrnrnАко сте истражувале по старите ормани на вашите мајки и баби сигурно сте наишле на дневници полни со стихови. Многу пати во филмовите сме гледале дневници кои кријат многу тајни и подоцна го менуваат текот на животот. Тие навистина можат да бидат магични и во нив секогаш ќе имате најдобар пријател.rn

    1. Спомени

    rnСо пишувањето дневник ќе забележувате некои детали кои обично би ги заборавиле во морето од информации кои секојдневно ги добивате. Еден ден кога ќе ги отворите старите страници ќе се смеете сами на себе и повторно ќе уживате во случувањата и емоциите кои детално сте ги опишале, а читајќи ги одново ќе ги доживеете.rn

    2. Увид во промените

    rnПрелистувајќи наназад во дневникот ќе можете да ја забележите разликата помеѓу вашите карактеристики и ставови кои сте ги имале пред неколку години и оние кои ги имате денес. Некои работи и размислувања сигурно ќе ве насмеат, но од ретроспективата која ќе ја направите ќе можете многу да научите за себе. Ќе можете да забележите дали и колку сте напредувале или назадувале.rn

    3. Пријател

    rnМалата, убаво украсена тетратка понекогаш може да биде вашиот најдобар пријател. Со неа навистина ќе можете да споделувате и добро и лошо. Некои работи не сакате или не можете да ги споделите со никого. Поради тоа вашиот дневник ќе ви биде пријател кому секој ден ќе можете да му го „кажете“ тоа што ви се случило. Понекогаш е најважно да имате некого со кој ќе можете да бидете во тишина и каде што никој нема да ве осудува.rnrn2.-6-prichini-poradi-koi-treba-da-pochnete-da-pishuvate-dnevnik-kafepauza.mk_rn

    4. Креативност

    rnВо споменарот не мора да има само напишани редови. Вистина е дека на тој начин ќе ја вежбате својата писателска умешност, но напишаното секогаш може да се збогати со цртежи, стихови, украси, разни бои и слично. Можеби ќе сфатите дека имате некој талент за кој не сте знаеле дека постои.rn

    5. Ослободување на товарот

    rnКолку често сте биле во ситуација кога сте мислеле дека мозокот ќе ви експлодира од мислите? Кога во главата ви се случува хаотичен рој од мисли, најдобро е да се обидете проблемот да го претставите со една реченица. Така ќе ви биде појасно за што се работи. Плус, на овој начин нема да ја покажувате својата ранливост пред другите.rn

    6. Трага за иднината

    rnКако што вие сте ги читате дневниците на вашите баби и мајки и на тој начин сте дознале многу нешта за нив, така еден ден вие можете да им го подарите вашиот дневник на своите деца и на нивните деца. Тоа нека биде дел од вас кој ќе го оставите за иднината затоа што никогаш не знаете за што сè може да послужи.

  • 15 проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе кои постојано ја гледаат „поголемата слика“

    15 проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе кои постојано ја гледаат „поголемата слика“

    Оние кои постојано се насочени кон „поголемата слика“ се креативни, иновативни и лесно ги перципираат шемите и поврзаностите во нивната околина. Но, нивниот живот не е секогаш забава и игри. Тие многу често се соочуваат со голем отпор во секојдневниот живот, па ако се најдете во следниве 15 ситуации, тогаш со сигурност и вие сте едни од нив…rnrn15 проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе кои постојано ја гледаат „поголемата слика“rnrn1. Ѓаволот не е во деталите, ѓаволот е деталите – Вие не разбирате зошто секое „ј“ треба да има точка врз него, или пак секое зошто секое „ж“ треба да биде прецртано. Ако генералната идеја е очигледна, зошто да се губи време на специфичности?rnrn2. Крајот има тенденција да ги оправдува средствата за вас, а тоа другите не го разбираат секогаш – Вие знаете дека треба да скршите неколку јајца за да можете да направите омлет. Без разлика колку луѓето се сомневаат во вашите постапки, вие секогаш ќе бидете дел од поголемиот план.rnrn3. Постојано ви велат да бидете пореални – Тоа е можеби најлошиот совет кои некогаш сте го чуле. Дали браќата Рајт се обидувале да бидат реалистични? Не. Затоа денес имаме авиони.rnrn4. Вашите очи често се поголеми од вашиот стомак – Одвреме-навреме вашата амбиција целосно ве освојува и вие имате проблем да се приземјите. Како успеавте да работите 70 часови претходната недела? Ни вам не ви е јасно.rnrn5. Правите многу нешта сами – „Тоа изгледа како кул план“ е нешто што многу често го слушате. Но, ретко кој се понудува да го изведе истиот со вас. Другите луѓе се забавуваат со вашите идеи, но ретко кога некој се осмелува да ги претвори во реалност.rnrn6. Учењето тема со многу детали ве тера на плачење – Ја сфаќате генералната идеја, па тогаш зошто мора да ги знаете и сите детали поврзани со истата?rnrn7. Луѓето кои обрнуваат многу внимание на деталите обожаваат да наоѓаат „дупки“ во вашата нова возбудлива идеја – Вие посакувате да имате огромен знак на кој пишува „ДЕТАЛИТЕ ЌЕ СИ ГО НАЈДАТ СВОЕТО МЕСТО ПОНАТАМУ!“ Луѓето кои прво ги решаваат деталите, а потоа главната идеја ве полудуваат.rnrn8. Уморни сте од следење планови – Тешката работа која доаѓа паралелно со следењето детален план е нешто што ве измачува до бескрај. Вашата работа од соништата е онаа каде што вие сте оние кои ги создаваат идеите и не мора да ги следите туѓите чекори во планирање.rnrn9. Луѓето се изненадени кога ќе го исполните вашиот огромен план – И покрај тоа што милион пати им повторивте дека ќе успеете, тие повторно се однесуваат како ниту еднаш да не ве чуле.rnrn10. Вие сметате дека механичките работи се неверојатно тешки, а оние кои носат огромен притисок со себе се неверојатно лесни – Административните задачи никогаш не ви биле силна страна. Вие функционирате добро во околина каде што треба постојано да се прават тешки одлуки кои можат да водат кон ваш напредок или кон тотален неуспех.rnrn11. Имате тенденција да се борите со аргументи – Многу брзо можете да ги анализирате општите принципи на она што другите го кажуваат и брзо да ги забележите грешките во нивното резонирање, па токму затоа има смисла и да им укажете на нив, се согласувате?rnrn12. Често не успевате да ги забележите оние нешта кои се пред вашиот нос – Вие сте експерти кога станува збор за губење клучеви кои всушност се во вашата рака. Или пак, прв пат ја забележувате гребаницата на вашиот автомобил која сте ја направиле пред неколку месеци… Откако некој ќе ви ја посочи!rnrn13. Често ве обвинуваат дека немате здрав разум – И тоа навистина не ве навредува. Здравиот разум е само за обичните, нормални и здодевни луѓе.rnrn14. Вие ги гледате нештата какви што можат да бидат, а не какви што се – Вие имате тенденција да одржувате проекти, идеи, па дури и врски многу подолго само затоа што го гледате прво нивниот потенцијал, а потоа реалноста.rnrn15. Вашиот оптимизам понекогаш ги надминува вашите способности – Но, тоа ни најмалку не ви пречи. Некои од вашите идеи се преголеми за да се изработат, но тоа е во ред. На крајот од краиштата, вие повеќе ги цените самите идеи отколку нивната практична примена.