КАФЕ ПАУЗА

Tag: креативност

  • Најуспешните техники за рано будење

    Најуспешните техники за рано будење

    Ранобудниците ја имаат можноста да добијат од еден до три часа повеќе време во денот за фокусирање и креативност. За да успеете да станувате наутро, треба да го засакате утрото, а не да размислувате негативно за него. Пред сè, утрото е период кога светот е уште мирен, а во тој период вие можете да читате книга, да вежбате, да напишете нешто или да медитирате. Ова се најинтересните методи за да станете ранобудник и подолго да уживате во денот.rnrnНајуспешните техники за рано будењеrn

    Метод на постепеност

    rnНајдобар метод за менување на времето на станување е следниов. Секое наредно утро во наредните 3-4 дена станувајте 10-15 минути порано, за постепено да се навикнете, а потоа повторно повторете го истото. Доколку најчесто станувате накај 9 часот наутро, не местете го алармот директно во 6, туку во 8.45 минути. Можеби на повеќето луѓе ова им делува многу бавно, но експериментите покажале дека со овој метод можете да направите промена во вашиот живот.rnrnНенадејните и големи промени во станувањето се многу тешки и скоро е сигурно дека таа навика многу малку ќе трае. Доколку станете 2 часа порано од претходниот ден, само ќе се мачите и нема да уживате во денот.rn

    3 чекори за станување од кревет

    rnДа замислиме сценарио во кое сте го испочитувале првиот чекор и веќе после 3-4 дена станувате 30-45 минути порано отколку вообичаено. Но, сепак сѐ уште имате тенденција да стиснете на копчето „snooze“ на алармот и да поминете уште некое време во кревет, без разлика дали ќе спиете или само ќе лежите. Ова се 3 чекори да ја победите таа навика:rnrn1. Бидете возбудени за денот. Ноќта пред да си легнете, замислете си едно нешто кое ќе сакате да го сторите утрото. Дали ќе си приготвите убаво кафе, ќе слушате некоја забавна утринска емисија на радио или ќе прочитате една глава од вашата книга, воопшто не е важно. Кога ќе ги отворите очите, сетете се на тоа што сте го замислиле, а тоа ќе ви биде мотивација плус порано да станете.rnrn2. Скокнете од кревет. Да, буквално скокнете од кревет со ентузијазам. Верувајте помага.rnrn3. Ставете го алармот далеку од креветот. Доколку часовникот или мобилниот на кој ви е наместен алармот, го поставите веднаш до креветот, тогаш многу лесно ќе ви биде да го стиснете копчето „snooze“ и да си продолжите да спиете. Но, доколку го ставите на другиот крај од собата, ќе морате да станете. Откако ќе станете, пробајте веднаш да појдете во бањата и измијте си го лицето.rnrnНајуспешните техники за рано будењеrn

    Што да правите откако ќе станете?

    rnНајважно е веднаш да ги напоменеме работите кои не треба да ги правите:rn

      rn011

    • Не проверувајте го вашиот имејл
    • rn011

    • Не слушајте вести
    • rn011

    • Не отворајте Фејсбук, Твитер, Гугл+, Пинтерест или Инстаграм
    • rn011

    • Кусо кажано, не правете ништо што вообичаено правите
    • rn

    rnНаместо тоа правете нешто од овие работи:rnrn1. Испијте чаша вода. Преку ноќта нашето тело дехидрира, па пробајте да испиете една цела чаша вода. Исто така ова ќе ве освежи и ќе се чувствувате порасонето.rnrn2. Медитирајте. Доволни ви се и само 3 минути. Ова е одличен начин да го започнете денот. Не правете ништо, само седете и фокусирајте се.rnrn3. Напишете нешто. Доколку не сте по пишувањето, нацртајте нешто или на каков било друг начин изразете се креативно.rnrn4. Вежбајте. Без разлика дали ќе вежбате дома или ќе излезете на прошетка или на џогирање, ова е одличен начин да го започнете денот. Доволни ви се и само 10 минути.rnrn5. Напијте се свежо кафе, исцеден сок или чај. Што и да одберете нема да погрешите.rnrnНајуспешните техники за рано будењеrn

    Порано заспивање

    rnНе е возможно да станувате порано, а да не ви се приспива порано. Можеби ќе издржите некое време да одите контра вашите потреби за спиење, но по некое време едноставно ќе се скршите. Ова се одлични совети за порано легнување.rnrn1. Одредете си однапред кога ќе си легнете. Бидејќи 7-8 часа се сосема доволно за спиење, доколку станувате во 7 часот наутро, обидете се да си легнувате околу 11 часот ноќта. Исто така, можете да правите и куса дремка во попладневните часови од денот.rnrn2. Смислете си ритуал пред легнување. Пример: спремете си ја омилената шолја за кафе за наутро да ви биде подготвена, одберете што ќе носите утредента на работа и читајте книга дур не заспиете.rnrn3. Без лаптоп во кревет. Ова не се однесува само на компјутер, туку и на таблети или телефони. Исто така исклучете го и телевизорот. Дозволете си само книга.rnrn4. Вежбањето помага многу. Доколку го истрошите телото претходно, со сигурност побрзо и посилно ќе заспиете. Вежбајте барем еден час пред да си легнете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни начини за подобрување на вашата креативност

    Креативни начини за подобрување на вашата креативност

    Сите ние имаме помала или поголема способност за создавање. Но, ако во последно време чувствувате дека ви се намалуваат идеите, погледнете ја оваа листа од 10 совети кои ќе ви помогнат при подобрувањето на вашата креативност…rn

    Не воздржувајте се

    rnКога имате потреба од креирање нови идеи, многу е важно да се воздржите од тоа да судите. Ако идејата ви звучи екстравагантно и како да не е од овој свет, нека биде така. Некои од најкреативните умови кои некогаш живееле, имале идеи кои на почетокот звучеле смешно, но бидејќи биле сигурни во себе создале нешто што го направило светот поубав.rnrnКреативни начини за подобрување на вашата креативностrn

    Доживувајте нови нешта

    rnСожалувајте го оној кој има омилен ресторан. Ако сакате да бидете креативни, клучно е да бидете отворени кон сите искуства и активно да барате нови работи, без разлика дали станува збор за ресторани, филмови, музеи, клубови, барови или спортови, секогаш тргнувајте кон оние нешта кои никогаш претходно не сте ги искусиле.rnrnКреативни начини за подобрување на вашата креативностrn

    Создавајте ваши сопствени проекти

    rnДоколку во вашата работа немате доволно простор да бидете креативни, обидете се самите да си задавате одредени задачи. Обидете се со 3 проекти годишно кои со сигурност ќе ви овозможат одржување на вашата креативност.rnrnКреативни начини за подобрување на вашата креативностrn

    Посетете музеј

    rnСо посета на музеј можете да доживеете „подмладување“ на вашата креативност. Најдобро е доколку одите сами за да можете подобро да се сконцентрирате на сите прекрасни уметнички дела.rnrnКреативни начини за подобрување на вашата креативностrn

    Направете спонтани фотографии

    rnЗемете го вашиот фотоапарат и излезете надвор. Одете каде што ќе ве води патот и без никакво размислување снимете го сè она што ви изгледа визуелно примамливо. Во иднина, кога ќе имате потреба од тоа, ќе можете да ги употребите овие фотографии како „отскочна даска“ за вашата креативност.rnrnКреативни начини за подобрување на вашата креативностrn

    Следете го вашиот инстинкт

    rnСосема е нормално да се разочарате доколку некој ги критикува вашите креативни дела. Да бидеме реални, што и да направите никогаш нема да можете сите да ги задоволите, но со сигурност можете да се задоволите себеси. Заборавете ги сите околу вас, фокусирајте се на себе и едноставно почнете да СОЗДАВАТЕ!rnrnКреативни начини за подобрување на вашата креативностrn

    Медитирајте

    rnМедитацијата е одличен начин за да се релаксирате. Постојат голем број научни студии кои докажуваат дека луѓето се најкреативни кога се опуштени. Поради тоа, секогаш кога чувствувате дека сте во креативна „дупка“ и имате милиони нешта кои ви поминуваат низ мислите, одберете удобно место во вашиот дом и започнете со кратка медитација. Доволни се само 30-тина минути за да бидете воодушевени од резултатите.rnrnКреативни начини за подобрување на вашата креативностrn

    Читајте, читајте, читајте

    rnЧитањето е „виновно“ за голем дел од личниот и артистичкиот раст и развој. Обидете се да читате книги секој ден по околу 30-тина минути. Книгите не мора да бидат специфичен жанр, но сè додека наоѓате време за читање, ќе забележувате и дека вашата креативност постојано се зголемува.rnrnКреативни начини за подобрување на вашата креативностrn

    Заборавете на правилата и нормите

    rnАко се обидувате да ги одржувате вашите идеи во границите на она што е „нормално“, ќе западнете во уште поголеми креативни потешкотии. Кога сакате навистина да бидете креативни, заборавете ги сите моментални трендови и создадете нешто што доаѓа од вашето срце. Откако ова ќе ви стане навика, вашиот креативен потенцијал ќе почне нагло да се зголемува.rnrnКреативни начини за подобрување на вашата креативностrn

    Одете на прошетка

    rnОдењето ги стимулира вашите потсвесни мисли и на тој начин ви овозможува да креирате повеќе идеи и да направите конекции меѓу нив. Исто така одењето е добар метод на релаксација кој брзо ќе ви го намали нивото на стрес.rnrnКреативни начини за подобрување на вашата креативностrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот

    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот

    Џоел Џинџелар е фотограф специјализиран во областа на црно-белата фотографија со долга експозиција. И покрај тоа што учел криминално право тој отсекогаш сакал да биде архитект, па барајќи соодветна замена за својот неостварен сон, се заљубил во фотографирањето на неверојатните градби низ светот.rnrn

    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    „Empire State Building“ – Њујорк
    rnrnИнспириран од добро познатите архитекти Гери и Калатрава, Џоел има цел да ги фотографира сите чуда на архитектурата во светот. За тоа зошто преферира црно-бела фотографија, тој вели:rn
    rn

    „Ја обожавам црно-белата фотографија бидејќи со отстранувањето на бојата, суштината на објектите, ситуациите, пејсажите и луѓето станува многу повидлива. Од вас зависи што ќе правите со контрастот, светлината, формите и линиите за да ја истакнете суштината или она кое вие го гледате како суштинско. Без боите да ги заведуваат вашите очи, остануваат само емоции кои ќе ви го освојат срцето. Ако го направите тоа како што треба…“

    rn

    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    „Erasmus Bridge“ – Ротердам, Холандија

    rn

    „Јас не верувам во необработени фотографии. Верувам во артистичкиот резултат и во визуелизацијата на погледот кон светот на артистот. Фотоапаратот е само хардвер кој нема ум, душа и креативност, туку само моментално снима одредена ситуација, непристрасно и без емоции. Јас не сум заинтересиран за визијата на парче хардвер, туку за визијата на умот и душата на артистот кој ќе ја измени фотографијата за да ја покаже својата реалност. Тоа е разликата помеѓу фотографијата и уметноста.“

    rn

    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    „Shell-Haus“ – Берлин, Германија
    rnrnЏоел стекнал голема популарност со својот профил на Фликр, но исто така има и свој веб-сајт каде што можете да прочитате нешто повеќе за неговата работа и да го видите останатиот дел од неговата уникатна колекција на фотографии.rnrn
    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    „Lloydkwartier“ – Ротердам, Холандија
    rnrn
    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    Ротердам, Холандија
    rnrn
    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    Амстердам, Холандија
    rnrn
    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    „The Hoftoren“ – Хаг, Холандија
    rnrn
    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    Ротердам, Холандија

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фасцинантни ефекти од хакирање на вашиот мозок

    Фасцинантни ефекти од хакирање на вашиот мозок

    Мозочното хакирање е многу едноставно. Се замислувате себеси далеку во иднината, како живеете во друга држава, или пак како сте друга личност. Целта е да имате чувство на одделување, на некој начин, на оттргнување од себеси.Психолошко дистанцирање - Фасцинантни ефекти на мозочно хакерствоВаквото замислување ве става во апстрактна или во психолошки далечна состојба на вашиот ум, која има различни видови влијанија на вашата перцепција за светот. Погледнете ги наредниве неколку примери за да можете подобро да разберете за што станува збор.rn
    rn

    1. Потешките предизвици ќе ви изгледаат полесно

    rnКога ќе налетате на потешка задача, зголемувањето на психолошката оддалеченост од неа ќе направи да ја чувствувате како полесна:rn
    rn

    „Активирањето на апстрактното размислување го намалува чувството на тежина. Физичката манипулација на оддалеченоста од задачата го создава истиот ефект. Учесниците забележале дека задачата е многу полесна кога тие се дистанцирале себеси од неа така што се навалувале наназад на нивните столици.“ (Томас & Тсаи, 2011)

    rnНо, психолошкото дистанцирање помага исто како и физичката оддалеченост.rn
    rn

    2. Вашата способност за себе-анализа ќе се подобри

    rnКога нештата нема да се одвиваат според вашиот план и кога се обидувате да сфатите каде грешите, психолошката оддалеченост може да ви биде од голема помош:rn
    rn

    „…Насочувањето на луѓето да ги анализираат своите чувства од себе-оддалечена перспектива, додека се опкружени со негативни автобиографски искуства, во споредба со нормалното размислување (во прво лице), краткорочно ги води кон доживување помалку емоционални и психолошки реакции и истовремено, со тек на време, ги ублажува негативните последици од размислувањето.“ (Ајдук & Крос, 2010)

    rn

    3. Ќе станете полесно убедливи

    rnКога се двоумите, на пример, дали да купите нешто или не, психолошката оддалеченост може значително да ви помогне со решителноста.rn
    rn

    „Резултатите од две експериментални студии ни покажуваат дека потрошувачите кои се двоумат, многу полесно можат да се одлучат кога им влијаат пораки со психолошки далечна ориентација, која ја потенцира иднината или се однесува на некоја далечна личност…“ (Ненков, 2012)

    rn

    4. Ќе стекнете поголема емоционална самоконтрола

    rnПсихолошкото дистанцирање ни овозможува и емоционална оддалеченост:rn
    rn

    „…Негативните сцени имаат тенденција да бидат попозитивни и помалку емоционално предизвикувачки доколку замислувате дека се оддалечувате од себе, или пак спротивното, кога замислувате дека се доближувате однадвор – навнатре, односно кон себе.“ (Дејвис и колегите, 2011)

    rnАко сте премногу емоционална личност, психолошката оддалеченост може да биде корисна техника за контрола на вашите емоции:rn
    rn

    „Надополнувањето на вообичаеното гледиште на одредена личност со психолошко оддалечување води кон подобро емоционално контролирање. Но, сепак индивидуите кои се склони кон избегнување проблеми (природно оддалечување од нивните искуства) подобро е доколку се обидат со обратната постапка – психолошко задлабочување, додека пак оние кои се склони кон анксиозно решавање на проблемите (природно задлабочување во нивните искуства) можат да имаат бенефит од психолошото дистанцирање.“ (Вонг и колегите, 2012)

    rn

    5. Ќе станете поверни на себеси

    rnПсихолошкото дистанцирање може да ве направи помалку подложни на социјално влијание.rn
    rn

    „…Помошта доаѓа од оддалечувањето, со што постојано се рефлектираат основните вредности и идеали на личноста, кои често се споделуваат во кругот на важни врски или групи.“ (Леџервуд и колегите, 2010)

    rnСо други зборови, кога размислуваме апстрактно или со психолошка оддалеченост ние сме поискрени со себе.rn
    rn

    6. Ќе станете попристојни

    rnЛуѓето имаат тенденција да бидат попристојни кога размислуваат апстрактно.rn
    rn

    „Осум студии покажаа дека пристојноста е поврзана со високо ниво на конструктивна, временска или просторна оддалечност.“ (Стефан и колегите, 2010)

    rn

    7. Ќе ја зголемите својата креативност

    rnПробајте да ја замислите својата задача како нешто многу далечно – истражувањата покажале дека ова може да ви биде од голема помош доколку имате потреба од креативни решенија.rn
    rn

    „Луѓето честопати прават паузи додека работат на нешто за малку да го одморат својот мозок, но психолошкото дистанцирање и во овој случај може да биде од помош. Учесниците од една студија кои требало да размислуваат за својата задача како за нешто многу далечно, решиле двапати поголем број проблеми од оние кои не ја употребувале оваа техника.“ (Џија и колегите, 2009)

    rn

    8. Ќе поттикнете мудри мисли во себе

    rnДа се биде мудар, значи да се гледа „поголемата слика“. Апстрактното размислување и психолошкото дистанцирање можат да ви помогнат со тоа.rn
    rn

    „Два експеримента покажале дека посочувајќи им на луѓето да размислуваат за нивните лични значајни проблеми од дистанцирана перспектива, го подобрува нивното мудро резонирање, ставовите како и однесувањето.“ (Крос и Гросман, 2011)

    rn

    9. Сепак, пазете се од илузијата на објаснувачката длабочина

    rnНе сите ефекти од апстрактното размислување се позитивни. Една од опасностите на апстрактното размислување е фактот што тие нè наведуваат да мислиме дека одредено нешто го разбираме подобро отколку што навистина е. Ова се нарекува „илузија на објаснувачка длабочина“.rn
    rn

    „Многу луѓе отприлика знаат дека земјотресот се појавува поради судир на две геолошки плочи, кои релативно се движат една кон друга, но сепак многу малку знаат за самиот механизам кој ги поттикнува овие судири. Без разлика на тоа, луѓето веруваат дека длабоко ги разбираат овие концепти и потоа доколку некој детално им го објасни целиот концепт, тие се изненадени од нивната површност.“ (Алтер и колегите, 2010)

    rnПоради тоа,rn
    rn

    „И покрај тоа што здраворазумската мудрост сугерира дека ние често не ја гледаме шумата како дрвја, понекогаш тоа што повеќе загрижува е фактот дека ние не успеваме да ги видиме дрвјата како шума.“ (Алтер и колегите, 2010)


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од каде доаѓаат мислите кои одеднаш ви паѓаат на памет?

    Од каде доаѓаат мислите кои одеднаш ви паѓаат на памет?

    Одите по улица како и секој друг ден, кога одеднаш од никаде ви паѓа на памет сеќавање од пред неколку години за личност на која не сте помислиле многу долго време. На само еден момент вие сте транспортирани во време и место за кои сте сметале дека се одамна заборавени. И по само еден миг, сеќавањето исчезнува исто толку брзо колку и што се појавило…rnrnОд каде доаѓаат мислите кои одеднаш ви „паѓаат на памет“?rnrnОва доживување најчесто се поврзува со нешто за коешто вашиот свесен ум не знае дека постои. Но, можеме да се сретнеме и со уште почуден начин на појавување на овие скриени мисли. На пример, кога одеднаш ќе се сетите на збор или фотографија која нема никаква врска со она за што сте размислувале. Како зборот „портокал“ или замислување на ренде. Тие мисли изгледаат уште почудно бидејќи немаат никаква поврзаност со некое минато искуство, место или личност – мисла без никаква автобиографска основа.rnrnИ покрај тоа што мал дел од луѓето никогаш не се соочиле со вакви искуства, во едно истражување психолозите откриле дека голем број од луѓето имаат вакви мисли барем еднаш дневно. Тие најчесто се појавуваат за време на рутински активности, како додека одите по улица, си ги миете забите или пак, додека се облекувате. Тие исто така се појавуваат и кога вашето внимание е намалено.rnrnЗа некои од овие скриени мисли може да се пронајде причината. Психологот Лија Квавилашвили дава кратко објаснување на оваа тема со свој пример:rn
    rn

    „Додека го фрлав ѓубрето во кантата, зборот „Акапулко“ ми падна на памет и бидејќи немав никакво објаснување зошто баш тој збор ми се појави во мислите, му се обратив на моето семејство за помош. На мое изненадување, ми рекоа дека зборот „Акапулко“ бил спомнат на телевизија пред околу 45 минути.“

    rnОваа способност да се најде изворот на одредена скриена мисла не е само еден изолиран случај. Во своето истражување, Квавилашвили и Мендлер откриле дека зборовите и фотографиите кои случајно се појауваат во нашите мисли, всушност не доаѓаат баш од никаде. Понекогаш тие можат да се објаснат со асоцијации како на пример, разговорот за Божиќ подоцна да доведе до појава на песната „Jingle Bells“ во вашите мисли.rnrnФактот дека на голем дел од мислите кои одеднаш ви паѓаат на памет не може да им се најде изворот е резултат од тоа колку многу информации се процесираат потсвесно во вашиот мозок. Тоа што е фасцинантно кај овие доживувања е што можат да се појавуваат по неколку недели, месеци, па дури и години по нивното оригинално појавување.rnrnНекои психолози дури веруваат дека овие мисли можат да бидат повразни и со креативноста, бидејќи тие навидум случајни асоцијации можат да ви помогнат на креативен начин да се справите со одреден проблем. Тие исто така се уште еден доказ дека ние ги снимаме сите информации кои ги примаме. За среќа, нашиот мозок прави добра работа при нивното „маскирање“ бидејќи доколку сите тие ни се постојано достапни би ни го одвлекувале вниманието и би имале големи проблеми со концентрацијата.rnrnПа, затоа нареден пат кога ќе ви падне на памет нешто сосема неповрзано со вашата моментална активност, без разлика на тоа колку ви е чудно во тој момент, запомнете дека најверојатно настанало од нешто што сте виделе, слушнале и размислувале пред некое време. Секако, зошто баш на тие работи се присетуваме, сè уште е многу голема мистерија…rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Петте најголеми психолошки откритија во изминатава година

    Петте најголеми психолошки откритија во изминатава година

    Секоја година технологијата сè повеќе се развива и доживува промени. Но, истото важи и за психолошките истражувања. Секоја година се прават сè повеќе истражувања кои носат важни заклучоци за подобрување на начинот на размислување, подобро извршување на обврските и подобра контрола над сопствената психа. Еве некои од нив кои донесоа највпечатливи и најважни заклучоци во 2012 година.Петте најголеми психолошки откритија во изминатава годинаrn

    Не се познавате себеси онолку колку што мислите

    rnСите мислиме дека себеси се познаваме најдобро, но сè повеќе истражувања го докажуваат спротивното. Психологот Тимоти Вилсон, во својата книга „Непознати на самите себе“ (Strangers to ourselves), ја нагласува моќта на потсвеста. Тој вели дека многу од она што го правиме останува во потсвеста и затоа не можеме самите да го откриеме. Секако, со многу методи би можеле полесно да допреме до нашата потсвест, но многу информации како на пример, што чувствуваме, што мислиме или што сакаме, остануваат незабележани.rnrnТокму тоа е причината поради која некогаш не можеме да разбереме зошто работите тргнале погрешно. Мислиме дека сè сме направиле исправно, но сепак не сме го добиле посакуваниот резултат. Така, често се случува да обвиниме некого друг за нашите грешки. Тоа е бидејќи немаме целосна и точна претстава за сè она што ни се случува потсвесно. Некогаш други луѓе, како блиски пријатели или родители, многу подобро нè познаваат отколку што се знаеме самите себеси. Па затоа нареден пат, пред да претпоставите дека знаете сè за себе, запрете за минута и прашајте за совет некој ваш близок.rn
    rn

    Имате проблем? Дистанцирајте се за момент

    rnНовите истражувања ставаат акцент на феноменот дека би требало прво да се дистанцираме од проблемот, да размислуваме за нешто друго и повторно да се вратиме на првичниот проблем.Петте најголеми психолошки откритија во изминатава годинаСо цел да се истражи што се случува во мозокот кога се соочуваме со проблем, во текот на истражувањето направени се три групи од испитаници. Испитаниците требало да одберат замислен автомобил, а изборот би требало да биде базиран на повеќе критериуми, желби и потреби. Оние од првата група морале да одберат веднаш, без многу размислување, и секако не поминале баш најдобро во изборот. На испитаниците од втората група им било дадено многу време за размислување со цел да се сконцентрираат единствено на поставената задача. Но и нивниот избор не бил добар. На оние од третата група исто така им била дадена задачата, но им била дадена и друга задача за да им го одвлече вниманието. Изненадувачки, нивната одлука била најдобра.rnrnШто всушност се случило со испитаниците од последната група? Втората задача што им била дадена, психички не ги оптоварила премногу и не барала многу ментална енергија, па им дозволувала потсвесно да работат на првиот проблем. Со други зборови, кога мозокот добива втора задача, потсвесно продолжува да размислува и за првата, но доволно за да не се преоптовари носејќи погрешни одлуки. Затоа најдобро е за момент да се дистанцираме од главниот проблем, да се фокусираме на нешто помалку важно за да ги ослободиме мислите. Најчесто премногу размислување за одредена работа е токму она поради кое носиме погрешни одлуки.rn
    rn

    Покреативни сме кога размислуваме за нечија друга корист

    rnКреативноста е она што го движи светот. Креативноста често подразбира гледање на работите од поинаква преспектива. Новите истражувања покажуваат дека сме покреативни кога треба да размислуваме за решавање на туѓи проблеми, отколку кога станува збор за нашите сопствени потреби.rnrnСо цел да се тестира вистинитоста на ова тврдење, на 137 студенти им било поставено следново прашање: „Затвореник пробувал да избега од висока зграда во која бил затворен. Јажето кое го нашол во неговата ќелија било долго половина од височината на која се наоѓал. Како би можел затвореникот безбедно да се спушти на земја?“rnrnНа половина од испитаниците им било речено да се замислат себеси во улога на затвореникот (нив ќе ги наречеме групата затвореници), а на другата половина им било речено да замислат дека некој друг е заробен во зградата. Во групата затвореници, загатката ја решиле 48%, додека во втората група, 66% биле способни да ја решат загатката, чиј одговор е дека го поделил јажето на половина по должина и ги поврзал двата краја. Истражувањето покажало дека сме покреативни и полесно изнаоѓаме решенија кога станува за некој друг, а не за нас самите.rn
    rn

    Одморот е попродуктивен од прекумерната работа

    rnИстражувањата покажале дека кратките дремки ја подобруваат продуктивноста на мозокот и редовните одмори од ментални активности ја поттикнуваат креативноста, а прескокнувањето на одморите и паузите може да води до стрес и заморување.Петте најголеми психолошки откритија во изминатава годинаЗа да се донесе ваквиот заклучок, мозокот е спореден со другите мускули во телото. Исто како што на мускулите им е потребен одмор по физичката активност, така и на мозокот му е потребен одмор по психичка активност. Но, треба да се најде границата кога би требало да се одмориме од менталната активност, а кога да продолжиме.rnrnКако и да е, подолгата ментална активност некогаш резултира со поголема продуктивност бидејќи влегуваме во шема и немаме потреба од пауза. Паузата треба да се направи во оној момент кога се форсираме себеси и покрај тоа што чувствуваме замор. Едно истражување покажало дека спиењето после учење носи многу придобивки за помнењето. Така податоците примени во мозокот се разработуваат и складираат. Можеби во денешниот свет каде се верува дека преопторувањето со обврски и работењето повеќе часови секогаш резултира со успех, треба да се примени фактот дека на мозокот му се потребни паузи за неговата продуктивност да биде поголема.rn
    rn

    За секоја активност постои најпогодно време

    rnНовите истражувања покажуваат дека за сè постои најпогодно време, и секој човек треба да си направи распоред на извршување на активностите според најпогодното време за нивно извршување. Исполнувањето на задачите и обврските си има одреден ритам кој зависи од многу фактори, и истите треба да се распоредат во секојдневна, 24-часовна рутина. Игнорирањето на овој ритам може да предизвика многу психички заболувања.rnrnВо одредени делови од денот продуктивноста на мозокот е поголема, во други е помала. Можеби вашето најпогодно време за учење е наутро или навечер пред да си легнете. Само треба да го следите она што вашето тело ви го кажува. Забележете во кој период од денот вашиот труд резултира со најдобри резултати. Секако, зависи и од условите во кои работите и опкружувањето, но најмногу од организирањето на времето. Доколку го одберете погрешниот период, резултатот на вашата работа би можел да биде повеќе изгубено време и нерви, а помали резултати.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметност на тостирано лепче – нов тренд во Јапонија

    Уметност на тостирано лепче – нов тренд во Јапонија

    Јапонците веќе одамна ја докажаа својата креативност, формирајќи слатки креации од ориз. Сега, нивната креативност почна да зазема нови размери. Тие прават многу симпатични тостирани лепчиња, кои секој од нас би сакал да ги види на својата трпеза за појадок.rnrnУметност на тостирано лепче – нов тренд во ЈапонијаrnrnСѐ што ви е потребно за да ги изработите е алуминиумска фолија, на која со пенкало ќе го нацртате дизајнот кој сакате да се најде на вашиот тост. Потоа со скалпел треба да ги исечете деловите од фолијата, кои сакате да се затемнат со печењето на лепчето. Ставете ја дизајнираната фолија врз лепчето, испечете и уживајте во „слаткиот“ оброк.rnrnУметност на тостирано лепче – нов тренд во ЈапонијаУметност на тостирано лепче – нов тренд во ЈапонијаУметност на тостирано лепче – нов тренд во ЈапонијаУметност на тостирано лепче – нов тренд во ЈапонијаУметност на тостирано лепче – нов тренд во ЈапонијаУметност на тостирано лепче – нов тренд во ЈапонијаУметност на тостирано лепче – нов тренд во ЈапонијаУметност на тостирано лепче – нов тренд во ЈапонијаУметност на тостирано лепче – нов тренд во ЈапонијаУметност на тостирано лепче – нов тренд во ЈапонијаrnrnЕдинствен проблем на кој можете да наидете е тоа што, можеби нема да сакате да гризнете од тостот, бидејќи едноставно ќе изгледа предобро за да го уништите. :)rnrnУметност на тостирано лепче – нов тренд во Јапонијаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Порцеланска елка направена од 5.000 чинии

    Порцеланска елка направена од 5.000 чинии

    Додека во нашиот Градски парк полека станa традиција да се прави новогодишна елка од пластични шишиња, со цел да се подигне еколошката свест, Белгијците дошле до една поинаква идеја. Inge Vanluyd и Stefan Vanbergen од белгиската компанија Mooz решиле да направат порцеланска елка од 5.000 чинии, со висина од 9 метри. Порцеланска елка направена од 5.000 чинииТие дошле до оваа идеја, тргнувајќи од помислата дека сите дома чуваме некои чудни чинии и шолји, кои не ги користиме за ништо и кои никогаш не ја напуштаат кујната. Овие двајца најпрвин забележале дека и нивните пријатели и семејства, исто така имаат вишок чинии, кои бесцелно ги чуваат дома. Тоа им било доволна причина, да смислат креативен начин да ги дислоцираат овие предмети. За изградбата на оваа елка, чинии донирале дури 3.000 луѓе, а симболично ја нарекуваат „Capital of Taste“. Мораме да признаеме дека идејата е необична, но добиениот резултат е магичен!Порцеланска елка направена од 5.000 чинииПорцеланска елка направена од 5.000 чинииПорцеланска елка направена од 5.000 чинииПорцеланска елка направена од 5.000 чинии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шиндогу – кулминација на јапонската креативност и иновативност

    Шиндогу – кулминација на јапонската креативност и иновативност

    Автор: ДиванаrnrnrnСвоите почетоци ги има во раните 80-ти. За нејзин креатор се смета јапонскиот инвентор Кењи Каваками, кој воедно е и основач на интернационалното Шиндогу-друштво. Во буквален превод терминот „Шиндогу“ се преведува како „необична алатка“.rnrn

    Шиндогу - кулминација на јапонската креативност и иновативност
    Путер на стапче
    rnrnВо принцип станува збор за креирање нешта кои не се корисни, но не се ни бескорисни, па следствено се креираат небескорисни работи, продукти на една апсурдна уметност. Шиндогу-уредите се секојдневни алатки, кои честопати се повеќе непрактични од корисни, а нивната употреба е засрамувачка. Даваат решение за конкретни проблеми и предизвици, но тоа често е извор на нови проблеми наместо олеснување.rnrn
    Шиндогу - кулминација на јапонската креативност и иновативност
    Чадор за заштита на чевли
    rnrnСепак, постојат 10 правила кои издвојуваат една шиндогу-иновација од обичен „новајлиски“ експеримент:rnrn1.Шиндогу не е за реална употреба. Од практична гледна точка мора да е комплетно бескорисно. Ако на каков било начин се увиди корисност и реална употреба, се губи шиндогу-моментот.rnrn2. Шиндогу-уреди реално постојат. Не станува збор за замислени предмети, туку такви што можат да се допрат, видат, слушнат…rnrn
    Шиндогу - кулминација на јапонската креативност и иновативност
    Очила со инка за ставање капки за очи
    rnrn3. Составен дел на секој шиндогу е анархистичкиот дух. Тие претставуваат слобода на мисла и активност. Слобода да се предизвика задушувачката историска доминација на конзервативната корисност во нештата.rnrn4. Тие се алатки за секојдневниот живот.rnrn
    Шиндогу - кулминација на јапонската креативност и иновативност
    Апаратче за вртење тестенини на стапче
    rnrn5. Шиндогу не се за продажба.rnrn6. Хуморот не е основната цел на шиндогу-иновациите.rnrn
    Шиндогу - кулминација на јапонската креативност и иновативност
    Вратоврска-чадор
    rnrn7. Шиндогу не е пропаганда.rnrn8. Шиндогу не се користи за иновации на табу теми.rnrn
    Шиндогу - кулминација на јапонската креативност и иновативност
    Бришачи за под
    rnrn9. Шиндогу-иновациите не се патентираат, тие се слободни за употреба.rnrn10. Тие се креации без никакви предрасуди.rnrn
    Шиндогу - кулминација на јапонската креативност и иновативност
    Алатка за работа во градина 10 во 1
    rnrn
    Шиндогу - кулминација на јапонската креативност и иновативност
    Помагало за спиење во метро
    rnrn
    Шиндогу - кулминација на јапонската креативност и иновативност
    Вратоврска со практични џебови
    rn

    Можностите се бесконечно многу! Во видеото погледнете и како да го спречите солзењето на очите при сечкање кромид, со помош на шиндогу 🙂

    rnrn

  • Прекрасен апартман за модерна Марија Антоанета

    Прекрасен апартман за модерна Марија Антоанета

    Декорирањето во мали простори може да биде вистински предизвик, но малку креативност и внимателно избрани детали можат да го претворат вашиот стан во прекрасен, стилски дом. Доколку ви се допаѓа ентериер во француски стил овој апартман буквално ќе ве воодушеви, почнувајќи од комбинацијата на бои, мебелот и украсите. Розовата бања совршено го комплетира целиот изглед.Прекрасен апартман за модерна Марија АнтоанетаПрекрасен апартман за модерна Марија АнтоанетаПрекрасен апартман за модерна Марија АнтоанетаПрекрасен апартман за модерна Марија АнтоанетаПрекрасен апартман за модерна Марија АнтоанетаПрекрасен апартман за модерна Марија АнтоанетаПрекрасен апартман за модерна Марија Антоанета
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.