КАФЕ ПАУЗА

Tag: креативност

  • 20 знаци кои покажуваат дека сте креативна личност

    20 знаци кои покажуваат дека сте креативна личност

    Колку ужасно место за живеење би бил светот без креативните луѓе. Можете ли воопшто да замислите живот без уметност? Погледнете кои се знаците кои укажуваат на тоа дека сте креативна личност.rnrn20 знаци кои покажуваат дека сте креативна личностrn

    1. Проблем со авторитети

    rnКреативните луѓе не сакаат да бидат во подредена позиција и повеќе сакаат кога самите си ги поставуваат правилата и должностите.rn

    2. Тешко се поврзувате со други луѓе

    rnМногумина сакаат да се вклопат во одредена заедница и ќе направат сѐ за да успеат во тоа, а креативните луѓе баш и не го разбираат тоа.rn

    3. Сакате да решавате проблеми

    rnДодека повеќето бегаат од проблемите, ваквите луѓе на нив гледаат како на уште еден предизвик.rn

    4. Самите на себе сте си најголемиот критичар

    rnОвие луѓе ќе направат некое креативно дело, на почетокот ќе бидат задоволни, а по некое време ќе најдат илјадници маани и начини на кои можело да биде направено уште подобро.rn

    5. Поставувате прашања

    rnКреативните луѓе сметаат дека оној што не е љубопитен, нема капацитет за создавање нови нешта.rnrn20 знаци кои покажуваат дека сте креативна личностrn

    6. Носите тетратка каде и да одите

    rnБидејќи како на друг начин би ги запомниле сите прекрасни идеи кои ќе им паднат на ум.rn

    7. Наоѓате убавина во секојдневието

    rnКреативните луѓе живеат во сегашноста и постојано се воодушевуваат на сето она што ги опкружува.rn

    8. Отрпнати сте на одбивање

    rnОдбивањето и потценувањето на работата на уметниците навистина може да биде болно на почетокот. Но, со текот на времето тие разбираат дека секој има различен вкус, се соземаат и продолжуваат понатаму.rn

    9. Ја разбирате важноста на атмосферата

    rnКреативните луѓе ѝ даваат голема важност на атмосферата. Постои причина зошто некои писатели поубаво творат на плажа, во некое кафуле или на клупа во паркот.rn

    10. Мислите дека повеќето луѓе немаат вкус

    rnТие мислат дека музиката, филмовите и книгите во кои другите уживаат се ужасни.rnrn20 знаци кои покажуваат дека сте креативна личностrnrn

  • Астрономски часовник кој го прикажува движењето на планетите во Сончевиот систем

    Астрономски часовник кој го прикажува движењето на планетите во Сончевиот систем

    Midnight Planétarium“ е неверојатен изум кој прецизно следи 6 планети од нашиот Сончев систем во нивниот пат околу Сонцето. Овој часовник е дизајниран од страна на Ван Клиф & Арпелс во соработка со Кристијан ван дер Клаув. По 3-годишна макотрпна работа, часовникот за првпат бил претставен во јавноста на годишниот настан „Salon International de la Haute Horlogerie“ кој се одржува во Женева. Самиот часовник се состои од 396 делови и ги вклучува 6-те најблиски планети од нашиот Сончев систем кружејќи околу Сонцето.rnrn6 планети орбитираат околу Сонцето во иновативен часовникrnrnНо, зошто не се вклучени и Уран и Нептун? Бидејќи вие ретко кога би го гледале нивното движење. На Уран му се потребни 84 години за да ја заврши својата орбита, а на Нептун неверојатни 164 години. Што се однесува до планетите кои го пронашле своето место во овој часовник, тие целосна ротација прават за:rn

      rn011

    • Меркур: 88 денови
    • rn011

    • Венера: 224 денови
    • rn011

    • Земја: 365 денови
    • rn011

    • Марс: 687 денови
    • rn011

    • Јупитер: 12 години
    • rn011

    • Сатурн: 29 години
    • rn

    rnСекоја од планетите е претставена од драгоцени и полудрагоцени камења, движејќи се од црвен јаспис, па сѐ до тиркиз. Овој часовник исто така содржи и „среќен ден“, можност сопственикот да одбере еден ден во годината како негов среќен ден во кој Земјата ќе падне под нацртаната ѕвезда на кристалот од часовникот. Цената на овој иновативен часовник изнесува неверојатни 245.000 долари.rnrn6 планети орбитираат околу Сонцето во иновативен часовникrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?

    Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?

    Добро работно место во коешто ќе уживате, во денешно време не подразбира само имањето интересни проекти, фин шеф и дружељубиви колеги. Сè повеќе и повеќе големи компании, а сега и Твитер, им овозможуваат на нивните вработени динамична работна атмосфера, која е визуелно примамлива и истовремено придонесува за зголемување на продуктивноста и ефикасноста.rnrnКако изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?rnrnЛоцирана во Сан Франциско, глобалната централа на Твитер е составена од два ката кои се во склоп на историска зграда во арт-деко стил, изградена во 1937 година. Канцелариите на Твитер ги направила компанијата IA Interior Architects, во соработка со Lundberg Design.rnrnКако изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?rnrnОсветлените, отворени работни средини и групни простории, колоритните ѕидови и убавиот мебел, во кој е вклопена и препознатливата сина боја на социјалната мрежа, ги мотивира вработените и им влева креативност. Освен можноста секој ден да уживаат во шармантното работно место, вработените во овие канцеларии исто така имаат и пристап до студио за јога, фитнес просторија, соба за видео игри, како и голема кафетерија и огромна градина на кровот.rnrnКако изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: прекрасни хартиени снегулки

    Направете сами: прекрасни хартиени снегулки

    Има ли нешто похармонично од гледањето низ прозорец, додека снегулките нежно паѓаат на земјата?! Доколку и вие сте голем љубител на снежната идила и сакате тоа да го прикажете на креативен начин, земете лист хартија и ножички и следејќи ги едноставните инструкции во видеото, направете волшебна снегулка од хартија. Вклучете ја имагинацијата и направете безброј различни форми. rnrnНаправете сами прекрасни хартиени снегулкиНаправете сами прекрасни хартиени снегулкиrnrnrn
    rn


    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Претворете ја вашата тивка канцеларија во пријатно кафуле за попродуктивна работа

    Претворете ја вашата тивка канцеларија во пријатно кафуле за попродуктивна работа

    Многумина мислат дека им треба тишина за да можат да се сконцентрираат на работата, но во суштина, би биле многу пофокусирани и попродуктивни доколку се опколени со вистинските звуци.rnrnПретворете ја вашата тивка канцеларија во пријатно кафуле за попродуктивна работаrnrnАпликацијата Coffitivity ви овозможува да ја пренесете опуштената атмосфера на кафулето во вашата канцеларија. Измешаните звуци на гласови и тропкање со шолји за кафе и други предмети е идеална за подигнување на вашата креативност. Ова е и научно поткрепено. Имено, истражувањата покажуваат дека е тешко да се биде креативен во тивка работна атмосфера. Од друга страна пак, фрустрирачки е да се работи во преголема галама. Но, комбинацијата од умерени звуци на кафуле и пријатна комоција е токму она што може да ги инспирира вашите креативни напливи.rnrnПретворете ја вашата тивка канцеларија во пријатно кафуле за попродуктивна работаrnrnПа, ова е уште една добра асоцијација за кафето. Направете си кафе, слушалките на уши и пуштете Coffitivity. И… не заборавајте да ги запишете сите идеи кои ќе ви паднат на памет. :)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хороскопските знаци прикажани преку голи жени

    Хороскопските знаци прикажани преку голи жени

    Полскиот фотограф Аркадиуш Браницки верува дека креативноста која живее во секој од нас, зависи од нашиот хороскопски знак. Според него, сите ние на различен начин ја чувствуваме, разбираме и манифестираме креативноста. Тргнувајќи од таа идеја, решил да креира сопствен хороскоп, прикажувајќи го креативниот потенцијал на секој хороскопски знак, преку група од 12 претставнички на зодијачкото тркало.rnrnАркадиуш ја обожава едноставноста во сè и за оваа фото-идеја, исто така решил да прикаже едно минималистичко расположение, без да додава некакви декорации или непотребни детали. Целта на неговата фотосерија е да докаже дека секоја жена поседува своја искра на креативност и треба само да ѝ се даде можност комплетно да го расветли нејзиниот внатрешен свет.rnrn

    Хороскопските знаци прикажани преку голи жени
    Овен
    rnrn
    Хороскопските знаци прикажани преку голи жени
    Бик
    rnrn
    Хороскопските знаци прикажани преку голи жени
    Близнаци
    rnrn
    Хороскопските знаци прикажани преку голи жени
    Рак
    rnrn
    Хороскопските знаци прикажани преку голи жени
    Лав
    rnrn
    Хороскопските знаци прикажани преку голи жени
    Девица
    rnrn
    Хороскопските знаци прикажани преку голи жени
    Вага
    rnrn
    Хороскопските знаци прикажани преку голи жени
    Скорпија
    rnrn
    Хороскопските знаци прикажани преку голи жени
    Стрелец
    rnrn
    Хороскопските знаци прикажани преку голи жени
    Јарец
    rnrn
    Хороскопските знаци прикажани преку голи жени
    Водолија
    rnrn
    Хороскопските знаци прикажани преку голи жени
    Риби

  • Филмовите со Хари Потер ја подобруваат креативноста

    Филмовите со Хари Потер ја подобруваат креативноста

    „Магија – самиот збор делува како да открива мистериозен свет кој е преполн со неочекувани можности“, напишал полскиот антрополог Бранислав Малиновски во 1925 година. Феноменот магија, по дефиниција е нешто сосема невозможно во реалниот свет. Неживи предмети кои одеднаш оживуваат, луѓе кои кажуваат магии, летаат на метли… Во областа на фантазијата граници не постојат и скоро сè може да се случи.Филмовите со Хари Потер ја подобруваат креативностаНо, и креативноста значи преминување на границите. Дури и кога вашата идеја не ги поминува границите на возможното, таа сепак ги поминува границите на вообичаеното. Па, дали менталната прошетка до некое магично место би можела да го ослободи вашиот ум и да ве натера да размислувате покреативно? Психологот Јуџин Суботски го сторил тоа и направил истражување за да го дознае одговорот.rnrnСуботски и неговите колеги од Универзитетот Ланкастер спровеле неколку експерименти на 4-годишни, 6-годишни и 8-годишни деца. Прво сите овие деца го направиле тестот „TCAM“ (Thinking Creatively in Action and Movement). Овој тест се состои од неколку активности кои вклучуваат пронаоѓање на алтернативни употреби на една пластична чаша. Децата од 6 и 8 години исто така учествувале во задача со цртање при што требало да нацртаат објект кој не постои, како на пример, замислени куќи, автомобили и слично. Сите овие објекти биле оценувани на скала за креативност.rnrnВо вториот дел од експериментот, децата гледале 15-минутни филмови. Пола од нив гледале извадоци од филмот „Хари Потер и каменот на филозофот“ кои вклучувале животни кои говорат, метли кои летаат и употреба на магии и магични стапчиња. Останата половина од децата гледале извадоци од истиот филм, но нивните сцени не вклучувале магија. Потоа, децата повторно ги решавале истите тестови за креативност.rnrnСуботски и колегите откриле дека оние деца кои ги гледале клиповите со магија постигнале многу повисоки резултати на тестовите за креативност за разлика од оние кои гледале сцени без магија. Со овие резултати се потврдила хипотезата на Суботски – магијата на некој начин може да ни помогне во подобрување на нашата креативност.rnrnАвторите во студијата напишале, „Магичното размислување овозможува многу нереални (натприродни) решенија за реални проблеми.“ Па, можеби би требало да почнете и вие да ги гледате филмовите со Хари Потер. Којзнае, можеби ќе ви помогнат да излезете од границите на реалноста и да најдете решение за некој проблем кој долго време ви стои нерешен. Како што Артур С. Кларк еднаш напишал, „Половина од нештата кои моментално ни стојат расфрлани на бирото како компјутерите, мобилните телефони, пенкалата чие мастило може да се избрише – сè тоа би му изгледало како магија на некој кој е од друга ера.“ И можеби немаме метли кои летаат (сè уште), но тоа не значи дека треба постојано да ги делиме нештата на реални и нереални, посебно кога станува збор за изнаоѓање на креативни решенија за одредени проблеми.rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно место

    Претворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно место

    Вашето работно место би требало да биде простор кој ќе ве исполнува со инспирација и каде што ќе бидете најпродуктивни. Многу често, луѓето работат во неинспиративна и безживотна околина која само ја замаглува нивната креативност. Прочитајте ги наредниве совети кои ќе ви покажат како да го смените вашиот работен простор со цел да извлечете колку што е можно повеќе креативност од него во вашата работа.rn
    rn

    Дознајте како најдобро работите

    rnПретворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоЕден од наједноставните и најлесните начини да создадете креативен работен простор е ако се познавате себе. На пример, дали подобро работите во гласна или во тивка атмосфера? Дали преферирате да работите во поладна или во потопла просторија? Ова е многу важно да се запомни, бидејќи кога ќе го организирате вашиот работен простор, тој треба да биде дизајниран според вас и вашите потреби. Токму поради тоа, пред да започнете составете една листа со оние нешта кои ги сакате и кои не ги сакате и употребете ја како основа при организацијата на вашиот работен простор.rn
    rn

    Обезбедете доволно светлина

    rnПретворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоДоколку поминувате 8 или повеќе часа дневно работејќи во темна и неинспирирачка канцеларија, на крајот од денот може да се почувствувате токму така – темно и без инспирација. Светлите и проветрени работни простории се најдобар начин да се инспирирате и токму поради тоа обидете се да внесете што е можно повеќе природна светлина во вашата канцеларија. rnrnПоставете го вашето работно биро покрај прозорот за да се осигурате дека ќе добиете онолку светлина колку што ви е потребно. Но, кога ќе го правите тоа, имајте го предвид и компјутерот бидејќи ако не го поставите добро ќе завршите со здодевна и иритирачка светлина која удира директно во мониторот.rn
    rn

    Организирајте се

    rnПретворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоПостои една изрека која вели: „Средено биро значи среден ум“. Одржувајте ја вашата работна маса средена така што ќе инвестирате во различни видови прегради во кои ќе ги наместите сите оние нешта кои ви стојат расфрлани насекаде. Вашата канцеларија веднаш ќе почне да изгледа поорганизирано и попривлечно. Употребете и различни видови полици и фиоки во кои ќе ги сместите сите ваши документи и со тоа направете вашиот работен простор да изгледа поструктурирано.rn
    rn

    Создадете ѕид за идеи

    rnПретворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоСо толку многу идеи кои ви „претрчуваат“ низ мислите додека сте на работа, добро е да имате место на кое ќе ги складирате. Поставете табла со пинови која ќе биде на дофат од вашата работна маса и употребувајте ја како место на кое ќе ги закачувате вашите идеи како што ќе ви доаѓаат. Овој трик ќе ви помогне ниту една идеја повторно да не ви избега, а истовремено ќе ви го подобри и процесот на вашето креативно размислување.rn
    rn

    Избегнувајте часовници

    rnПретворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоНе само што гласниот звук од секундарката на часовникот може да ви го одвлекува вниманието од вашата работа, туку истовремено може и да ве полудува. Избегнувајте да поставувате часовник пред вашето биро бидејќи, така постојано ќе ги броите секундите до крајот на работното време, а со тоа целосно ќе ја намалите вашата креативност. Токму затоа наместете го часовникот на некое место каде што нема да ви биде лесно достапен за гледање. На овој начин ќе се осигурате дека нема да бидете деконцентрирани.rn
    rn

    Не губете време

    rnПретворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоНеодамна „Adobe“ пуштија одлична нова декстоп апликација наречена Creative Cloud која ќе ви помогне да ја подобрите вашата креативност во работниот простор. Оваа апликација ги помни вашите параметри и подесувања за сите програми од „Adobe“. Кога работите на друг компјутер или пак од дома, едноставно логирајте се на вашиот профил и направете синхронизација. Никогаш повеќе не мора да губите време во подесувања, а со тоа ќе си дозволите и повеќе време да бидете креативни и продуктивни.rn
    rn

    Одберете ја вистинската боја

    rnПретворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоВерувале или не, бојата на вашата работна просторија може многу да влијае на вашата креативност. Сината се смета за најдобар избор на боја за канцеларија бидејќи инспирира јасност и креативност. Исто така, се верува дека има смирувачки ефект кој може да ви биде од корист доколку сте склони на стрес. Жолтата е исто така добра боја за канцеларија. Одберете бледа жолта боја бидејќи се верува дека таа е поврзана со среќа и живост, додека истовремено изгледа дискретно и суптилно.rnrnПостојат одредени бои кои можат и негативно да ви влијаат на работното место. Избегнувајте ја црвената бидејќи знае да биде многу наметлива и често се поврзува со иритација. Белата исто така треба да се избегнува бидејќи често предизвикува чувство на стерилност и изолација.rn
    rn

    Слушајте музика

    rnПретворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоНекои луѓе откриваат дека се најдобри и најкреативни во својата работа додека слушаат музика. Но, бидете внимателни при изборот на жанрот. Одберете музика во која ќе уживате, но и која ќе биде добра за во позадина (нешто без вокали). Гласната и наметлива музика како на пример хеви металот, многу повеќе ќе ве деконцентрира, па затоа обидете се да не ја додадете во вашата плејлиста.rn
    rn

    Декорирајте со уметнички дела

    rnПретворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоРаботата во просторија со 4 бели ѕида често знае да биде неинспиративна. Одберете внимателно неколку уметнички дела со кои ќе ја разбиете монотонијата. Нека биде тоа некој идиличен пејсаж или направете колаж со фотографии од вашите најблиски. Ова е одличен начин да се инспирирате и да си го одржувате вашето расположение позитивно. Исто така можете да одберете и некое апстрактно дело, бидејќи секој пат кога ќе го погледнете ќе забележите нешто сосема ново. Но, сепак бидете внимателни да не ја натрупате канцеларијата со многу слики бидејќи на тој начин ризикувате повеќе време да гледате во нив отколку што ќе работите.rn
    rn

    Облечете се соодветно

    rnПретворете го вашиот работен простор во креативно и инспиративно местоНачинот на кој се облекувате е исто толку важен колку и организирањето и дизајнирањето на вашиот работен простор. Ова е особено од важност за оние личности кои работат од дома. И покрај тоа што треба да ви биде удобно, работата во пижами може да направи да се чувствувате незаинтересирано и немотивирано, додека пак претставителната облека ќе направи да се чувствувате подготвени за работа.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја надминете есенската депресија?

    Како да ја надминете есенската депресија?

    Можеби есента ве асоцира на дождови и збогување со летото, но не мора да биде така. Ова се неколку одлични начини да ја надминете депресијата во есен.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rnrnМенувањето на годишното време нè поттикнува да размислуваме за новите почетоци и нè прави креативни. Новата сезона е секогаш добар начин да внесете промена во вашето секојдневие. Тогаш зошто да не се фокусирате на позитивните страни на ова годишно време?rn

    Декорирајте го домот

    rnСамо неколку мали декорации или разместување на мебелот навистина ќе внесат промена во вашиот дом. Внесете „есенско“ расположение во домот или канцеларијата. Клучните елементи на ваквата декорација би биле топлите бои од есенската палета. Доволни се мали промени, нова ѕидна слика, нови тапети, рамки за слики, шолји за кафе и сл. Есенската промена нека се почувствува и во вашиот двор или градина. Есенските цветови ќе ја разбијат монотонијата на тмурното време.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

    Во допир со природата

    rnЕсента е вистинска прилика да избегате од цивилизацијата и да дојдете во допир со природата. Одете на излет, кампување, организирајте семеен собир и уживајте во есенските пејзажи. Во таквата пригода ќе имате можност да формирате своја есенска колекција, собирајќи пожолтени лисја или есенски плодови.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

    Бидете креативни

    rnКога би направиле забава со тикви ако не во есен? Соберете ги семејството и пријателите и започнете натпревар за најубав цртеж во тиква. Ќе ја поттикнете креативноста и натпреварувачкиот дух како никогаш досега. Во тиквите лесно се гравираат најразлични форми. Којзнае, можеби ќе откриете вистински талент кај себе или кај некој друг.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

    Есен во вашиот плакар

    rnНова сезона, нови модели и креации. Време е есенската гардероба да си го заземе своето место во вашиот плакар. Искористете го слободното време за шопинг и за изработка на нови парчиња облека или накит од старите искористени работи.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

    Викенд-прибежиште

    rnЕсента и дождливото време се навистина романтична пригода. Време е да бидете романтични како никогаш претходно. Предложете му на вашиот/та љубен/а да заминете на викенд надвор од местото на живеење. Можеби некое планинско село вистински ќе ја разгори љубовта кон природата и секако, вашата љубов еден за друг.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

    Промена

    rnДонесете цврста одлука за која порано сте немале храброст, соберете сила за некаква промена во вашиот живот. Можеби ново работно место, аплицирање за некој курс, промена на местото на живеење, промена во начинот на работа, нов проект… Имате безброј опции. Есента е сталожено годишно време, погодно за свеж почеток.

  • Најоткачениот начин да дадете отказ

    Најоткачениот начин да дадете отказ

    Ако веќе сте решени да си дадете отказ, а немате идеја како да го сторите тоа, 25-годишната девојка Марина Шифрин може да ви даде одлична, креативна инспирација. Како резултат на незадоволството од нејзиното двегодишно работење во Тајван, Марина решила да сними откачено видео, за сликовито да му долови на нејзиниот шеф зошто си оди. Таа планира да се врати во САД за да пронајде работа во фирма која ќе ги цени нејзините способности и која се грижи за своите вработени. Најоткачениот начин да дадете отказЅирнете за што станува збор. Девојкава ќе ви го направи денот! :)rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.