КАФЕ ПАУЗА

Tag: креативност

  • Хорор тикви за Ноќта на вештерките

    Хорор тикви за Ноќта на вештерките

    Светот на големо се подготвува за претстојниот „Хеловин“, кој помпезно се одбележува на 31-ви октомври. Со наближувањето на празникот, почна да се буди и креативноста кај уметниците. Нивните луди идеи веќе ги преплавија интернет-порталите, а меѓу најкреативните се серијата „Хорор тикви“ на Villafane Studio. Погледнете ја нивната беспрекорна изработка.rnХорор тикви за Ноќта на вештеркитеХорор тикви за Ноќта на вештеркитеХорор тикви за Ноќта на вештеркитеХорор тикви за Ноќта на вештеркитеХорор тикви за Ноќта на вештеркитеХорор тикви за Ноќта на вештеркитеХорор тикви за Ноќта на вештеркитеХорор тикви за Ноќта на вештеркитеХорор тикви за Ноќта на вештеркитеХорор тикви за Ноќта на вештеркитеХорор тикви за Ноќта на вештеркитеХорор тикви за Ноќта на вештерките
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чаши за кафе кои ја будат креативноста

    Чаши за кафе кои ја будат креативноста

    „Утринската молитва“ наречена кафе, покрај тоа што нè буди од сонот, ја буди и креативноста во нас. Најдобар пример за тоа се цртежите на малезискиот уметник со живеалиште во САД, Cheeming Boey. Тој дури и обичните еколошки чаши од стиропор за еднократна употреба, ги претвора во вистински ремек дела. Понекогаш цртањето врз нив, трае неколку пати подолго од самиот ритуал на пиење кафе.Чаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаНеговото скромно претставување на Фликр, гласи вака: „Моето име е Boey и цртам врз чаши“. Но, тоа е далеку од вистинската слика за него, бидејќи тој е истовремено илустратор, блогер, аниматор… Низ годините го развил и овој уникатен стил на цртање, кој очигледно му носи добри приходи. Чашите чинат од неколку стотици до неколку илјади долари, во зависност од комплексноста на цртежот и времетраењето на изработката. Можат да се купат на Etsy.Чаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативноста
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул форми направени од илјадници луѓе

    Кул форми направени од илјадници луѓе

    Интересна идеја, добра организација и креативност е она што е потребно да се создадат вакви несекојдневни форми. Некои од овие навистина неверојатни формации се специјално креирани за да се најдат на листата на светски рекорди, додека други се создадени спонтано. Во секој случај, добрата забава е секогаш загарантирана!rnrn„Кул“ форми направени од илјадници луѓеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одберете хоби според хороскопскиот знак

    Одберете хоби според хороскопскиот знак

    Здодевно ви е и не знаете што да правите? Прочитајте како ѕвездите можат да ви помогнат да го одберете вистинското хоби.rnrnОдберете хоби според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnЕнергични и активни, овните речиси секогаш имаат потешкотии со истрајноста и ретко ги завршуваат започнатите работи. Вие важите за динамични спортисти кои се постојано активни. Но, својата креативност можете да ја изразите и преку различните стилови на танцување, како што се класичен или модерен балет, па дури и стомачен танц. Без разлика дали се работи за спортување или танцување, вие уживате да ги истражувате сите форми на вашето хоби.rn

    Бик

    rnБиковите со право го носат епитетот „земјен знак“. Заради вашиот голем интерес за цвеќиња и други растенија, вие едноставно обожавате да работите со земја. Може да се каже дека градинарството ви е омилено хоби. Едноставни, тивки и методични, вие уживате во тишината која ви ја овозможува градината. Садењето разни билки и зеленчук понатаму води до уште едно ваше омилено хоби – готвењето.rn

    Близнаци

    rnБлизанците имаат повеќе хобија. Брзо решавате да започнете некое хоби, но тоа за кратко време ви станува здодевно, па уште побрзо започнувате ново, оставајќи многу незавршени работи зад себе. Имате широк спектар на интереси и повеќе сакате да знаете многу различни нешта во целина, отколку да се задлабочите во одредена работа. Дел од вашите омилени хобија се читање, сложувалки, учење странски јазици и шах.rn

    Рак

    rnОна по што вие се издвојувате од другите хороскопски знаци е вашата неверојатна меморија за спомени од значајни настани и вашата страст за колекционерство. Пробајте сами да ги креирате домашните албуми. На тој начин уште еднаш ќе ги оживеете драгите спомени, а протокот на креативна енергија ќе ви помогне да се ослободите од емоционалната напнатост. Покрај фотографиите во албумот, додадете и по некоја влезница или нешто слично што дополнително ќе ве потсети на убавиот настан.rn

    Лав

    rnДалеку од срамежливи, вие знаете да бидете строги критичари. Вашиот идеализам е заразен. Познати сте по тоа што знаете како да ги импресионирате другите. Ако започнете да водите сопствен блог, тоа би можело да биде одличен начин за изразување на вашата креативност. Доколку пишувањето не ви е јака страна, обидете се со актерство. Талентот за драматичност кој го поседувате прави да изгледате како да сте родени за сцена.rn

    Девица

    rnИнтелигентните и аналитички девици имаат талент за постојано учење на нови нешта и одлична меморија за зачувување на информациите. Способни се да го пренесат своето знаење на најдобар можен начин и уживаат додека го прават тоа. Ако сакате навистина да ги тестирате своите умствени способности, играјте шах или заедно со пријателите организирајте мал турнир во шах доцна во ноќта.rn

    Вага

    rnВагите имаат талент за убавина и полни се со страст кон животот. Тоа е совршената комбинација која ќе ви помогне да го развиете и негувате интересот за фотографирање. Запишете се на курс за фотографија или едноставно само фотографирајте го она што ве инспирира. Вашето прецизно набљудување и способноста за точно одредување на боите и нијансите ќе направат фотографиите да изгледаат како да се направени од професионалец.rn

    Скорпија

    rnСо зголемена моќ за перцепција и свесни за работите што ве опкружуваат, вие имате вродена љубопитност за мистериите на животот. Ве привлекува духовното и заради тоа не ви пречи самотијата. Практикувајте медитација секогаш кога сте сами. Таа ќе ви помогне да ги покажете емоциите кои ги чувате под површината за никој да не ги дознае.rn

    Стрелец

    rnВие сте родени филозофи кои постојано се во потрага по нови концепти. Вашата најголема желба е да ги разберете мистериите кои ги носи животот. Соодветно на тоа, вашето хоби треба да ја поттикнува постојаната желба за знаење. Читајте книги во кои се застапени животните мистерии, присуствувајте на предавање од таков вид или запишете се на курс за светските религии.rn

    Јарец

    rnВредните јарци мора да научат како да воспостават баланс помеѓу работата и забавата додека стабилно се искачуваат кон врвот. Слободното време поминете го спортувајќи на отворено (голф, крикет или секаков друг спорт кој ќе ве однесе надвор). Освен со спорт, исполнете си го слободното време читајќи книги со историска тематика, како што се биографиите.rn

    Водолија

    rnЖелни за постојан прогрес, вие најмногу сте загрижени за напредокот на општеството во целина. Ве интересира сè што е ново, па затоа знаете дека какво хоби и да одберете, нема да погрешите. Вие едноставно можете да се занимавате со сè, од музика, преку мода, до електроника. Вашиот интерес ќе го задржи динамично хоби кое постојано може да ви понуди нешто ново.rn

    Риби

    rnРибите имаат најголеми уметнички способности од сите знаци во зодијакот. Огромниот капацитет кој го поседувате, интуитивноста и начинот на кој ги примате работите ѝ помагаат на вашата креативност да се развие, што ве прави одлични писатели, музичари и сликари. Голем успех можете да постигнете ако се занимавате и со драмска уметност или новинарство.

  • Пронајдете ја вашата внатрешна инспирација

    Пронајдете ја вашата внатрешна инспирација

    Дизајнирањето и развивањето на одредена идеја е одлична способност. Но, понекогаш сите ние се бориме со еден основен проблем – пронаоѓањето на таа идеја. И покрај тоа што донекаде постои вистина во изреката „идеите едноставно сами ни доаѓаат,“ истражувачите предложуваат неколку техники со кои ќе си ја зголемите креативноста и ќе ги заобиколите „блокадите“ кои ви го отежнуваат патот кон напред.rnrnПронајдете ја вашата внатрешна инспирацијаrnrnНадминете го вашиот страв од креативност – Верувале или не, доколку имате проблеми со смислување нови идеи – тоа е затоа што се плашите од нив. Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија демонстрирале дека ако се чувствувате несигурни за вашата иднина, вие всушност потсвесно ги поврзувате вашите креативни идеи со зборови како „неуспешно“ и „пекол“. Најлошо од сè е што овој страв од креативност е целосно невидлив за нас и поради тоа се убедуваме дека нашите креативни идеи, всушност воопшто не се креативни. Доколку се најдете во ситуација во која ги отфрлате сите ваши идеи, застанете малку, земете длабоко воздух и пробајте да не бидете толку критични кон себе. Многу брзо ќе забележите дека вашите идеи всушност и не се толку лоши колку што сте мислеле.rnrnНе постои само едно решение – Истите истражувачи откриле дека доколку на некој му дадете задача да напише есеј на темата „Постои само едно решение за секој проблем“, тој почнува да се чувствува нервозно и го губи своето чувство за креативност. Опуштете се и оставете ги вашите мисли слободно да се движат. Прифатете ги сите свои идеи и потоа одберете ги оние кои најмногу ви се допаѓаат. Не ограничувајте се само на една идеја.rnrnИстражете ги спротивностите – Истражувачите откриле дека парадоксалното размислување ја поттикнува нашата креативност. Во една студија, Ела Мирон Спектор (водачот на истражувањето) побарала од една група испитаници да напишат барем 3 парадоксални изјави, а од друга група да напишат само неколку интересни изјави. Резултатите покажале дека кај првата група се појавиле поголеми шанси за решавање на креативен проблем. Парадокс е нешто кое истовремено изгледа како вистинито и невистинито или пак кое се спротиставува на очекувањата. Размислувањето на овој начин со сигурност ќе ви помогне при пронаоѓањето на нови идеи.rnrnКомбинирање на различни идеи – Голем број студии покажуваат дека одличните идеи се формираат при комбинирање на други две споредни идеи, кои повторно покажуваат дека парадоксалното размислување е добро за нашата креативност. Една теорија, според Пол Тагард, вели дека идеите се комбинираат преку комплексен процес наречен „конвулација“, така што се создава нова идеја која мозокот многу лесно може да ја разликува од старите. Пробајте да се изложите себеси на идеи надвор од вашата „удобна зона“ и потоа размислете како би можеле да ги поврзете. На овој начин ќе добиете многу иновативни решенија за вашите проблеми.rnrnРазмислувајте позитивно – Според една необична студија, Алис Исен и нејзините колеги ги тестирале ефектите на филм – комедија врз група испитаници. Оние кои добро се изнасмеале, имале многу повисоки резултати на тестот за креативност, за разлика од останатите. Изложете се себеси на хумор и разбудете ги „добрите“ емоции во вас, бидејќи на тој начин се подобрува вашата способност за креативно решавање проблеми.rnrnТехники со бура од идеи – И покрај тоа што истражувањата за бура од идеи (brainstorming) се комплицирани и полни со контрадикции, сепак постојат неколку многу позитивни резултати кои се потврдени. Изгледа како најдобрите идеи да доаѓаат кога некој употребува бура од идеи сам на себе, откако претходно се инспирирал од други луѓе. Разговорите со личности надвор од вашата рамка на размислување влијае на вашата способност за пронаоѓање нови идеи кога сте сами.rnrnДозволете им на вашите мисли да „талкаат“ – Неколку студии сугерираат дека фокусот е лош за вашата креативност. Оние кои не се доволно сконцентрирани изгледа како да се подобри во пронаоѓање на нови и уникатни решенија. Накратко, доколку имате проблем со пронаоѓањето на нова идеја, едноставно пуштете ги вашите мисли да „талкаат“ и пробајте воопшто да не ги контролирате. Резултатите кои ќе ги добиете со сигурност ќе ве изненадат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тестирајте ја вашата креативност

    Тестирајте ја вашата креативност

    Да се биде креативен не подразбира само способност за цртање или свирење на некој инструмент. Креативноста е начин на размислување и перцепирање на сè она што нè опкружува. Без разлика колку и да сте убедени дека креативноста не е ваша јака страна, секој од нас е способен да создаде нешто ново или пак во нешто сосема обично да види нешто што другите не го гледаат.rnrnТестирајте ја вашата креативностrnrnАко некогаш сте се запрашале кое е вашето ниво на креативност сега имате можност да се тестирате, и иако за ваквите тестови не е научно докажано колку се прецизни, сепак се забавни, а и ќе ве натераат да почнете да размислувате „надвор од кутијата“. Решенијата на предизвиците ви ги нудиме на крајот од постот.rn

    1. Кои се алтернативите?

    rnОвој тест е осмислен уште во 1967 година од страна на Џ.П. Гилфорд, а ја развива вашата креативност на тој начин што ве предизвикува да изнајдете што е можно повеќе алтернативни употреби на секојдневни предмети. На пример, шолјата за кафе може да се користи и како:rn

      rn011

    • свеќник
    • rn011

    • саксија
    • rn011

    • вазна
    • rn011

    • касичка
    • rn011

    • наместо кутија за моливи и пенкала
    • rn

    rnОценете се од аспект на тоа колку одговори сте смислиле, колку се оригинални и прецизни. А колку повеќе се трудите, толку подобри ќе бидете следниот пат. За почеток можете да пробате со зборови како: лажица, пенкало, столица и слично.rn

    2. Недовршена фигура

    rnНа работата на Гилфорд се надоврзал психологот Торенс, создавајќи ги Торенс тестовите за креативно размислување во 60-тите. Намената на овие тестови била да се изнајде нов начин на мерење на интелигенцијата која ќе биде ориентирана кон креативните способности на една личност. Еден од најпознатите Торенс тестови е „недовршената фигура“ а целта е од најобична форма да се обидеме да создадеме целосна слика или приказна. Најчесто употребувана форма е онаа како на сликата подолу.rnrnТестирајте ја вашата креативностrnrnОбидете се да креирате некаков цртеж тргнувајќи од базична форма слична како на сликата.rn

    3. Загатки

    rnСигурно се сеќавате на старата загатка „Вар варосно, ѕид ѕидосано, никаде ни ѕирка ни проѕирка… што е тоа?“ Загатките поставуваат прашања за кои што навидум нема одговор сè додека не ни светне во секунда „Аха, јајце!“ Всушност станува збор за доста ефективен начин да го активираме мозокот и да почнеме да размислуваме пошироко. За разлика од првиот тест за алтернативни употреби, каде што целта е да се изнајдат што е можно повеќе одговори, тука се концентрираме на само еден точен одговор.rnrnСамо за вас, еве една интересна загатка:rn
    rn

    „Еден човек си ги извршува вообичаените обврски на работа. Открива дека облеката му е скината. Набрзо потоа умира. Како е можно?“

    rn

    4. Тест со свеќа

    rnОва е типичен тест за креативно решавање проблеми, а е развиен од страна на психологот Карл Данкер во 1945 година. На учесниците во експериментот им биле дадени свеќа, кутивче со ќибритчиња и уште едно кутивче со клинци. Задачата е да се пронајде начин запалената свеќа да се закачи на ѕидот, а притоа да не капе восок на масата под неа. Сето тоа може подобро визуелно да се види на сликата подолу. Дали се сетивте кој е најлесниот начин да се реши проблемот?rnrnТестирајте ја вашата креативностrn

    5. Што ги поврзува?

    rnСтанува збор за Remote Associates Test (RAT) развиен од страна на Марта Медник во 1962 година, а целта на тестот е да се најде поврзаноста на три дадени збора. На пример, групата зборови „бакнеж – љубов – помош“ можат да се поврзат со зборот „прв/а“ па така добиваме „прв бакнеж“, „прва љубов“ и „прва помош“. Многу психолози им го препорачуваат овој тест на учениците и студентите, затоа што вежбањето на мозокот на овој начин ни помага полесно да ги поврзуваме нештата и во текот на учењето. Обидете се да го најдете решението на следните примери:rn

      rn011

    • Гласна – класична – жива
    • rn011

    • Повик – именик – линија
    • rn011

    • Врата – шише  – градина
    • rn011

    • Фармерки – заљубен – ножици
    • rn

    rn

    Решенија

    rnОдговор на загатката: космонаутrnrnКако би изгледало едно од можните решенија (воедно и најпрактичните) на тестот со свеќата:rnrnТестирајте ја вашата креативностrnrnОдговори на групите зборови последователно: музика, телефонски, стаклена, парrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни држачи за вашиот прибор за пишување

    Креативни држачи за вашиот прибор за пишување

    Погледнете ги овие креативни и интересни држачи за вашиот прибор за пишување. Некои се соодветни за во канцеларија, други за во работна или детска соба, едни изобилуваат со најразлични бои и форми, други се поедноставни, но сите се издвојуваат со својата оригиналност и практичност. Овие интересни држачи ќе ја поттикнат вашата креативност.Креативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишувањеКреативни држачи за вашиот прибор за пишување
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Венера, планетата на љубовта низ хороскопските знаци

    Венера, планетата на љубовта низ хороскопските знаци

    Автор: Тања ИлиевскаrnrnПланетата Венера во астрологијата се поврзува со љубовта, убавината, привлекувањето, креативноста, поврзувањето, феминистичкиот идеал, хармонијата… Всушност и самата планета името го добила по римската божица на љубовта и убавината. Знакот во кој се наоѓа Венера во нашиот хороскоп, а кој може да се прочита од сопствената наталната карта, го покажува начинот на кој примаме и даваме љубов и внимание, како формираме блиски врски и како се однесуваме во нив, како уметнички се изразуваме и кои креативни таленти ги поседуваме. Проверете го вашиот знак во кој се наоѓа Венера, а потоа прочитајте го неговото толкување.rnrnВенера, планетата на љубовта низ хороскопските знациrn

    Венера во овен

    rnШто мисли за себе: „Авантурист сум. Ќе те освојам. Јас сум самоук и независен.“rnrnДоколку ја имате Венера во овен, тогаш во врските сте жестоки. Кај вас чувствата и страстите лесно се будат и вообичаено се обидувате да преземате иницијатива кога е во прашање срцето. Го освојувате другиот така што ќе му покажете колку сте решителни и самостојни. Излегувате и го добивате тоа што мислите дека го сакате. Проблемот е што, кога еднаш ќе го добиете, може да се заситите од тоа што сте го добиле. Поради тоа вашите врски можат да започнуваат возбудливо, а да завршат со монотонија и здодевност. Всушност, возбудата која ви ја создава потрагата по некого, за вас е поважна од  финалниот „лов“.rnrnНезависни сте и импулсивни, сакате да се натпреварувате и понекогаш одбирате да му се спротивставите на другиот, само затоа што тоа ви носи акција и возбуда. Понекогаш, со оваа позиција на Венера, кај вас може да се јави тенденција  премногу да им се удоволува на другите. Тогаш може да одберете доминантен партнер кој ќе сака работите да ги правите на негов/нејзин начин, на сметка на вашите лични желби. Понекогаш може да бидете нечувствителни во однос на тоа какви ефекти имаат вашите дела врз најблиските.rn

    Венера во бик

    rnШто мисли за себе: „Јас сум личност  на која можеш да се потпреш. Мојот идеален состанок се состои од добра храна, добро вино и многу гушкање со љубениот/а по дома.rnrnДоколку имате Венера во бик, тогаш во љубовните врски сте лојални и урамнотежени, особено доколку вашиот партнер знае да ги покажува своите чувства. Ориентирани сте кон сетилната страна на животот, што може да се манифестира и преку зголемена телесна тежина, бидејќи добрата храна е вашиот најдобар пријател.rnrnСакате да се разгалувате себеси и оние кои ги сакате. Реагирате на убавина, па за вас е многу значаен физичкиот изглед и атрактивноста на вашиот партнер. Некогаш преголема важност им давате на материјалните работи. Сакате удобност и понекогаш знаете да бидете мрзеливи и да очекувате дека некој друг ќе ги заврши работите кои мораат да се завршат наместо вас. Топли сте во душа, имате изострен осет за естетика, шармантни и знаете да сочувствувате со другите. Она на што треба да поработите е самоконтролата, посесивноста и обидот да го одбирате полесниот пат во вашите љубовни врски.rn

    Венера во близнаци

    rnШто мисли за себе: „Јас сакам забава. Мојот идеален состанок се состои од одење во кафуле, потоа гледање филм во домашна атмосфера и дискутирање за него.“rnrnДоколку ја имате Венера во близнаци, поважни ви се смислата за хумор, интелектот, комуникациските способности кои ги поседува личноста што го „уловила“ вашето внимание, одошто нејзиниот физички изглед. Посакувате партнер кој ментално ќе ве стимулира, некој кој е љубопитен, кој може да го предизвика вашиот ум и со кого нема да ви биде здодевно.rnrnПреферирате и имате потреба од врски во кои заедно ќе учите нови нешта, ќе разговарате, ќе споделувате разни идеи и ќе посетувате различни места. Вам не ви се допаѓаат посесивни и љубоморни партнери. Шармантни сте, пријателски настроени, сакате да запознавате нови луѓе, но и да флертувате. Уживате во забавата и возбудата кои ги носи љубовта, но се плашите од обврските. Вашите чувства најдобро можете да ги изразите преку говорење, пишување или некој вид уметност.rn

    Венера во рак

    rnШто мисли за себе: „Јас сум само еден обичен човек. Животот го градам на солидна основа. Знам да те утешам и да ти пружам поддршка. Јас се грижам. Јас останувам тука. Мојот идеален состанок се состои од јадење дома и гушкање.“rnrnДоколку ја имате Венера во рак, вие сте тивки, срамежливи, чувствителни и романтични, а вашите чувства се силно врзани за семејството, старите пријатели, спомените и минатото. За вас многу важни се родендените, годишнините, куќните слави и нивното прославување. Во љубовните врски имате потреба од внимание, грижа, емоционална поддршка и сигурност, а во домот имате потреба од мир и хармонија.rnrnСе „лепите“ за оние што ги сакате, но доколку таквото однесување отиде предалеку, имате тенденција да станете посесивни. Сакате кога другите имаат потреба од вас. Чувството на несигурност и чувството дека не сте доволно сакани, кои понекогаш се јавуваат кај вас, знаете да ги потиснете со храна, особено со благи работи. Имате свој личен шарм и знаете да сочувствувате со другите. Вие имате потреба да се грижите за другите.rn

    Венера во лав

    rnШто мисли за себе: „Јас сум љубезна и забавена личност. Интересен/а сум и искусен/а. Дозволи ми да те забавувам.“rnrnДоколку ја имате Венера во лав, во љубовта сте спонтани, лојални, приврзани и дарежливи. Не сакате партнер кој е ситничав и скржав. Вие го барате херојот, принцот или принцезата, некој кој ќе можете да го обожавате, со кого ќе се гордеете и кој ќе ви го „помести“ тлото под нозете. Копнеете по љубов, почит и внимание од другите и ви годи кога ви ласкаат.rnrnВо љубовниот живот сакате драма, големи романтични гестови и необични изрази на дарежливост. Искрени сте, љубезни и сакате забава. Понекогаш очекувате премногу од луѓето и кога ќе ве разочараат, се чувствувате повредени. Совет за вас е да не го запоставите развивањето на вашите внатрешни потенцијали и да се фокусирате и преокупирате единствено со надворешниот изглед. Бидејќи сакате да сте во центарот на вниманието, внимавајте да не станете фалбаџии и премногу суетни.rn

    Венера во девица

    rnШто мисли за себе: „Јас ќе се грижам за тебе и ќе направам многу мали работи за тебе. Јас ќе ти помогнам“.rnrnДоколку ја имате Венера во девица, тогаш вие сте посветени и верни на оние кои ги сакате. Некако сте срамежливи кога е потребно да ги покажете вашите чувства, па наместо да му кажете некому дека ви значи на некаков романтичен начин, вие преферирате љубовта да ја покажувате така што ќе направите нешто убаво за личноста или едноставно ќе бидете тука за неа.rnrnЗнаете да бидете критички настроени кон партнерот и да очекувате совршенство. Сакате сѐ околу вас да биде чисто и уредно. Понекогаш немате доверба во вашата привлечност и способност да привлечете љубов и бракот може да дојде со задоцнување во вашиот живот, поради стремежот да најдете совршен партнер, а совршен партнер не постои. Љубезни сте и знаете да сочувствувате со другите, па можете да бидете одлични негуватели.rn

    Венера во вага

    rnШто мисли за себе: „Јас сум само едно фино момче/девојка – некои велат дека сум премногу фин/а. Романтичен/а сум и сакам добри разговори. Ќе ти удоволувам. Единственото нешто што барам е фер игра.“rnrnДоколку ја имате Венера во вага, тогаш вие сте шармантни, тактични, учтиви и урамнотежени и имате силна желба да им угодувате на другите и не сакате да создавате немир. Бидејќи се трудите секогаш да се согласувате со другите, понекогаш имате тешкотија да кажете „не“, што може да биде злоупотребено од другата страна. Но, понекогаш знаете да бидете и безмилосни со другите. Со оваа позиција на Венера, вие знаете што другата личност сака да слушне и на тој начин може да манипулирате со неа.rnrnХармонијата за вас е многу важна и би жртвувале многу за да ја зачувате. Во врските и бракот сакате некој со кого се наоѓате на иста фреквенција, кој ќе ве урамнотежи. Ве привлекуваат луѓе кои се префинети и чувствителни. Цените добри манири и не сакате луѓе кои се однесуваат грубо. И самите вие сте префинети и најверојатно имате талент за музика или некоја друга уметност или во најмала рака ја цените уметноста. Имате и смисла за бои. Негативната страна на ваквата позиција на Венера е тоа што ве прави неодлучни и мрзеливи.rn

    Венера во скорпија

    rnШто мисли за себе: „Чувствителен/а сум и не сум површен/а. Ќе ти бидам мошне лојален/а, засекогаш. Ќе те усреќам во кревет.“rnrnДоколку имате Венера во скорпија, тогаш посакувате длабока, интензивна и страсна врска. Во љубовта ништо површно нема да ве задоволи. Вие копнеете за бесмртна љубов, како онаа на Ромео и Јулија. Оние кои ја имаат оваа позиција на Венера се едни од најстрасните љубовници. Врските кои ги формирате се базираат на силни емоции и можат да бидат опишани дури и како посесивни. Може да станете многу љубоморни кога се во прашање оние кои ги сакате. Неконтролираната љубомора и посесивност можат да ги уништат врските кои најмногу ви значат.rnrnПоставувате големи барања за вашиот партнер. Донекаде се сомневате дури и во платонските, пријателски врски кои вашиот партнер ги има. Ако некогаш ве изневерат, способни сте да мразите со истиот интензитет со кој некогаш сте сакале. Вие може да имате една љубов за целиот свој живот. Вам ве привлекуваат луѓе кои делуваат мистериозно. Иако имате длабоки чувства, имате проблем да ги изразите. Понекогаш посветеноста кон религијата може да ви служи како „издувен вентил“ за вашите преоптоварени емоции. Совет за вас е да ја научите вредноста на самоконтролата.rn

    Венера во стрелец

    rnШто мисли за себе: „Јас сум весел/а и забавен/а. Му се радувам на животот и сакам да се смеам. Отворен/а сум за нови искуства.“rnrnДоколку ја имате Венера во стрелец, вие барате некој кој ќе ги прошири вашите хоризонти и ќе ја продлабочи вашата свест. Вам ве привлекува некој кој ја сака забавата, кој е весел и отворен за авантури и нови искуства. Заедно би уживале во патување, запознавање нови луѓе и откривање нови места низ светот во кои особено уживате. Луѓето од различни култури го прошируваат вашето разбирање за светот и себеси.rnrnВие сакате да ги споделувате своите соништа, тежнеења и идеали со вашиот партнер. Затоа за вас многу важен е интелектуалниот однос. Не сте претерано сентиментални, па вашиот партнер понекогаш може да има чувство дека сте недоволно сериозни и романтични. Вие ја идеализирате љубовта. Не можете да останете долго во врска во која нема доволно возбуда.rn

    Венера во јарец

    rnШто мисли за себе: „Јас имам добра работа и паметно вложувам во неа. Ќе ти овозможам сигурност. Бракот и фамилијата се многу значајни за мене.“rnrnДоколку ја имате Венера во јарец, тогаш љубовта ја изразувате на претпазлив, резервиран и сериозен начин. Веројатно не сте демонстративни кон оние кои ги сакате. Многу се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас и копнеете по љубов и внимание, но вашите резервирани реакции ве прават да изгледате незаинтересирано.rnrnПовршни врски воопшто не ве интересираат. Претпазливи сте и сериозни кога е љубовта во прашање и сакате длабока, вистинска, трајна љубов. Конзервативни сте и традиционални во однос на додворувањето и останувате верни на саканиот/саканата и во добро и во лошо. Може да ве привлекуваат личности кои се постари од вас, некој кој е емоционално зрел и доверлив и кој може да ви ја даде сигурноста која ви е потребна. Не сакате да бидете повредени и имате силна желба да се заштитите себеси, па ова може да ве спречи да бидете поотворени во љубовта. Негативните аспекти на Венера може да ве направат плашливи, себични, љубоморни и пресметливи. Кај вас може да се јави и голема амбиција и желба за престиж и статус.rn

    Венера во водолија

    rnШто мисли за себе: „Јас сум либерален/а. Јас не сум посесивен/а. Барам пријател во партнерот/партнерката. Јас сум единствен/а. Ајде да разговараме и да се забавуваме.“rnrnДоколку ја имате Венера во водолија, тогаш љубовта ја изразувате на отворен, неконвенционален начин. Вие сакате да имате многу пријатели и познаници и сакате дружење. Бидејќи го цените пријателството толку многу, поудобно се чувствувате во улогата на пријател, отколку на љубовник. Едно е сигурно, она што навистина не ви се допаѓа се врски во кои има посесивност и наметливост. Вие сакате да бидете слободни да правите што сакате, со кого сакате.rnrnСакате интелектуална или спиритуална врска со партнерот и таа може да биде вашата преферирана замена за интимно или емоционално поврзување. Имате потреба од партнер кој ќе ви даде слобода и ќе ви дозволи да бидете свои. Шармантни сте, среќни и оригинални, но знаете да бидете и ладни, смирени и незаинтересирани. Потребно е да научите да бидете потопли и да имате поголемо разбирање.rn

    Венера во риби

    rnШто мисли за себе: „Ќе те сакам. Ќе те прифатам. Дури и ако остатокот од светот мисли дека тебе никој не може да те сака, јас ќе те видам онаков/а  каков/а што навистина си.“rnrnДоколку ја имате Венера во риби, тогаш љубовта ја изразувате на кроток, романтичен, чувствителен начин. Несебично се давате себеси на оние кои ги сакате или оние кои имаат потреба од вас и вашата помош. Понекогаш „паѓате“ на сентиментални приказни и давате толку многу, што некои луѓе стануваат зависни од вас. Идеалисти сте кога е во прашање љубовта и ова некогаш може да заврши така што станувате маченик или спасител во врските. Сочувствени сте и се врзувате со другите поради нивната потреба од љубов или поради потребата да бидат „спасени“.rnrnГи привлекувате и ве привлекуваат сензитивни, имагинативни личности кои имаат склоност кон музика или друг вид уметност. Посакувате да најдете некого со кого ќе развиете длабока и спиритуална врска. Ја идеализирате љубовта и имате многу убава и романтична визија за тоа каква љубовта може да биде. Понекогаш едноставно сте вљубени во љубовта. Знаете да бидете многу емотивни и кротки, но не треба да дозволите да ве искористуваат само затоа што не сакате да разочарате некого и не сакате да создадете немир. Може однадвор да изгледате како личност која мора да трпи и да пати во љубовта и дека тоа го правите по сопствена волја.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастична уметност врз обични камчиња

    Фантастична уметност врз обични камчиња

    Цртањето врз камчиња е навистина креативна уметност. Со овој талент може да се пофали и младата Кетрин од Мајами, Флорида, чие животно мото е: „Знаењето е моќ, а патувањето е знаење“. Таа себеси се опишува како хипик, уметник, писател, светски патник, градинар, творец… Нејзината основна инспирација е природата.Фантастична уметност врз обични камчиња
    rn

    „Кога имав десет години, заедно со мојот најдобар другар одлучивме да цртаме на големи камења и да ги продаваме во соседството. И навистина успеавме да продадеме неколку, благодарение на љубезните соседи. Неодамна одлучив повторно да му се посветам на сликањето на камења, бидејќи како и за многу други уметнички правци и тука можноста за креативност е бескрајна“, вели Кетрин.

    rnФантастична уметност врз обични камчињаФантастична уметност врз обични камчињаФантастична уметност врз обични камчињаФантастична уметност врз обични камчињаФантастична уметност врз обични камчињаФантастична уметност врз обични камчињаФантастична уметност врз обични камчињаФантастична уметност врз обични камчињаФантастична уметност врз обични камчињаФантастична уметност врз обични камчињаФантастична уметност врз обични камчињаФантастична уметност врз обични камчињаФантастична уметност врз обични камчињаФантастична уметност врз обични камчиња
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметност од изрезбана храна

    Уметност од изрезбана храна

    Автор: Симона РистоскаrnrnИлијан Илиев е фотограф од Манчестер, Велика Британија чие 20-годишно искуство во светот на фотографијата, резултирало со еден необичен и карактеристичен стил на доловување мртва природа. Во фокусот на неговите фотографии се наоѓа изрезбана храна, но она што ги прави фотографиите комплетни, покрај оригиналната резба направена од негова рака, е острото уметничко око на Илиев. Самиот вели дека интересот во креативно прикажување на храна и пијалаци произлегол од неговата пасија кон готвењето. Погледнете го нашиот избор од неговите најинтересни фотографии со храна.Уметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана хранаУметност од изрезбана храна
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.