КАФЕ ПАУЗА

Tag: контрола

  • Како да ја избегнете рутината на канцелариската работа за максимално да го живеете животот?

    Како да ја избегнете рутината на канцелариската работа за максимално да го живеете животот?

    Уморни сте од канцелариската работа од 9 до 5 која многумина ја нарекуваат „модерно ропство“? Напорно работите, а добивате многу малку за возврат? Дали сонувате за слобода и поинаков начин на живот? Тогаш, ова е вистинскиот момент да ја преземете контролата на вашиот живот во ваши раце и да направите нешто добро за самите вас. Еве како да започнете да го живеете животот што го посакувате.rnrnКако да ја избегнете рутината на канцелариската работа за максимално да го живеете животот?rn

    Поставете си јасни цели

    rnНема смисла да се откажете од вашата работа доколку немате идеја каде сакате да одите и што сакате да правите. Единственото нешто што ви е потребно е некаква насока: соништа и цели. Имајте јасна претстава за тоа каде се гледате себеси по шест месеци, една година или пет години.rn

    Штедете

    rnКолку и да се убедувате себеси дека парите и не се најважната работа во животот, сепак тие се значаен дел од него. Управувањето со вашите финансии и заштедата ќе ви пружи можност во иднина да го напуштите работното место и да ги следите вашите соништа.rn

    Откријте ги вашите способности

    rnДобро би било да имате насока во животот, но исто така треба да знаете каде се истакнувате и кои се вештините што ги поседувате. Постојано работете на вашите способности и таленти, без оглед за што станува збор. Преку нивното усовршување ќе ви биде полесно да дојдете до посакуваната цел.rn

    Инвестирајте во себе

    rnАко веќе знаете кон што сакате да се насочите, почнете да ги правите првите чекори. Едуцирајте се, истражувајте ја областа за која сте се одлучиле и инвестирајте во курсеви и материјали.rn

    Пронајдете ја работата од вашите соништа

    rnИако звучи неверојатно, сепак не е невозможно. Доколку сте финансиски, но и психички подготвени за промена, нема да зажалите. Со тек на време ќе сфатите дека ова е најдобрата одлука што сте ја направиле досега.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за како да ставите крај на канцелариското работење од 9 до 5, можеби ќе сакате да ги прочитате и фенг шуи советите за наоѓање нова работа.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • 5 работи за нарцисоидните луѓе кои тие не сакаат да ги знаете

    5 работи за нарцисоидните луѓе кои тие не сакаат да ги знаете

    Луѓето можат лесно да бидат доведени во заблуда благодарение на аурата на нарцистите. Тие можат да бидат збунети од нивните зборови и засрамени од нивната агресија. Не можат да сфатат дека таквото однесување е само еден вид маска која служи како одбранбен систем за да го скрие исплашеното дете. Всушност, тие се чувствуваат несигурни и имаат потреба од некој да ги ислуша. Во продолжение прочитајте кои 5 мали тајни луѓето со нарцисоидна природа не сакаат да ги знаете.rnrn5 работи за нарцисоидните луѓе кои тие не сакаат да ги знаетеrn

    1. Контрола

    rnНарцисоидните луѓе мораат да ги контролираат другите и нивната природа, вклучувајќи ги и вашите верувања, чувства и однесувања со цел да се чувствуваат безбедно. Преку нивното однесување, тие се обидуваат да манипулираат со вас и да ве омаловажат за вие да бидете оние кои ќе се почувствуваат несигурни. Овој вид на одбранбен механизам се нарекува проективна идентификација. Во овој случај, вие го чувствувате речиси истото што тие го чувствувале како деца.rn

    2. Чувство на градиозност

    rnДали сте почувствувале колку нарцисоидните луѓе се фалат и фантазираат за себе, обидувајќи се секогаш да се претстават како најдобрите и најуспешните. Тоа го прават токму со цел да се чувствуваат помалку несигурни и засрамени.rn

    3. Ароганција и завист

    rnНарцисоидните луѓе веруваат дека мора да бидат подобри од сите останати луѓе во нивната околина. Ако дури и една личност се истакнува или е подобра во нешто, мора да ја надминат таа личност. Ако тие не се на врвот, тогаш ќе се сметаат себеси за неуспешни.rn

    4. Преголема чувствителност

    rnЛесно можете да претпоставите дека луѓето со нарцистичка природа се премногу чувствителни дури и кога станува збор за безначајна критика. Според нив, доколку вие не се согласувате со нив, тогаш сигурно вие не сте во право бидејќи тие секогаш мора да бидат оние кои ќе бидат во право. Тие ќе ве наречат вам премногу чувствителни, но всушност тие се оние кои се премногу чувствителни. Имаат потреба од постојана потврда, пофалба и одобрување поради нискиот степен на самодоверба.rn

    5. Механизми за самоодбрана

    rnИсто како дете во неволја, нивната прва одбрана би било негирањето кое може да вклучи и свесно лажење. Нивната следна одбрана би била да ве обвинат вас, нивниот шеф, колегите – било кој освен самите себе. Вашите факти се ирелевантни и вие само ќе си го губите времето расправајќи се со нив. Тие дури и можат да почнат со изјавите дека вие сте оние кои ги контролирате, а ако им го посочите ова, тие ќе бидат шокирани. Друга омилена одбрана им е проекцијата при што ве обвинуваат вас и другите дека сте слаби, премногу чувствителни, инфериорни и безначајни.rnrnОткако прочитавте за малите тајни на нарцисоидните луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и како размислуваат нарцисите и зошто ги повредуваат луѓето околу себе.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Одговорете на овие 3 прашања за да дознаете дали сакате да ги контролирате другите

    Одговорете на овие 3 прашања за да дознаете дали сакате да ги контролирате другите

    Денес, многу луѓе се обидуваат да ги контролираат другите. Контролата значи да се обидувате да доминирате или да им наредувате на другите, а овој проблем го има насекаде: во бракот, на работното место и во пријателските односи. Контролата е очигледна дури и во политиката. Честопати, мислите дека сте корисни кога давате мудри совети или, пак, мислите дека вие размислувате правилно, а другата личност погрешно. Ако сакате сите околу вас да го прават она што вие им го кажувате, тоа значи дека се обидувате да ги контролирате. За да дознаете дали навистина сакате да ги контролирате другите, одговорете искрено на овие прашања.rnrnОдговорете на овие 3 прашања за да дознаете дали сакате да ги контролирате другитеrn

    1. Дали вие ја правите агендата и потоа очекувате другите да го прават тоа што вие сакате?

    rnАко обично вие ја поставувате агендата за себе и за другите и оставате малку или воопшто не оставате простор за тоа што го сакаат другите луѓе, тоа значи дека ги контролирате.rn

    2. Дали мислите дека некој што не се согласува со вас греши?

    rnАко велите: „Не, работите треба да се направат на овој начин“ (односно на вашиот начин), имате проблем со контролата.rnrnПостојат многу начини да се решат проблемите и вашиот начин не е секогаш единствениот или најдобриот начин. Вие сте заглавени мислејќи дека знаете како најдобро да се справите со проблемот.rn

    3. Дали обично преговарате само за да го добиете тоа што го сакате, без да ги слушнете другите?

    rnАко не сте во можност да преговарате и да пронајдете решение што ќе им одговара на сите, имате проблем со контролата. Проблемот не се другите луѓе, проблемот сте вие и вашата неможност за компромис.rnrnКога не сте во можност да забавите и да ги почитувате туѓите идеи или предлози, вие ги ограничувате сопствениот раст и учењето нови работи.rnrnДефиницијата за личност што сака да ги котролира другите е личност чие однесување укажува на моќна потреба за контрола на луѓето или на околностите во секојдневниот живот. Сепак, ако сакате да се ослободите од контролирачкото однесување, следете ги овие чекори:rn

    1. Бидете отворени за перспективите на другите луѓе

    rnВреднувањето на туѓите идеи и отвореното и искрено дискутирање за проблемите без да ги напаѓате другите може да ви помогне да пронајдете решение.rn

    2. Слушајте за да разберете (не за да одговорите)

    rnОбидете се да ги разберете другите и нивната перцепција, а тоа ќе ви помогне при изнаоѓање решенија што ќе им одговараат на сите вклучени.rn

    3. Признајте дека имате проблем

    rnКога ќе сфатите дека никој друг не е виновен, освен вие самите за начинот на кој ги гледате работите, вие сте во можност да се промените себеси.rnrnКонтролата не е решение. Слушањето, разбирањето и љубовта кон другите е решението. Ако навистина сакате промени во вашиот живот, мора да се откажете од работите што не можете да ги контролирате. Можете само да се промените, а кога ќе го направите тоа, сè околу вас се менува.rnrnПрочитајте зошто луѓето бараат доминантни партнери.

  • Дигитална злоупотреба: 8 знаци дека вашиот партнер ве контролира на Интернет

    Дигитална злоупотреба: 8 знаци дека вашиот партнер ве контролира на Интернет

    Новите форми на интеракција меѓу луѓето создаваат различни начини на контрола и вршење притисок од страна на вашиот партнер, а дигиталната злоупотреба е една од нив. Дознајте како да откриете дали вашиот партнер има нездрава потреба да го контролира вашето однесување на Интернет.rnrnДигитална злоупотреба: 8 знаци дека вашиот партнер ве контролира на Интернетrn

    1. Одеднаш бара да му го покажете телефонот

    rnТелефонот стана многу личен дел од нашите животи и не мора да му го покажувате никому, ако не сакате. Кога вашиот партнер без причина ќе побара да ги прочита вашите разговори или пак, редовно го следи вашиот паметен телефон – тоа е токсичен начин на контрола на којшто треба да внимавате. Полошо од тоа е само условот да му ги дадете сите лозинки од социјалните мрежи. Ако не сте му дале добра причина да не ви верува, несигурноста на партнерот е само негов проблем.rn

    2. Го контролира списокот на вашите пријатели на социјалните мрежи

    rnПонекогаш, злоупотребата се манифестира во обидите да го контролира списокот со контакти на социјалните мрежи, односно вашиот партнер бара да отстраните некого од пријатели само затоа што не му се допаѓа изгледот или полот. Имајте на ум дека вашиот партнер не треба да го одредува вашиот социјален круг, ниту на Интернет, ниту во животот.rn

    3. Тој се обидува да ве манипулира преку своите објави

    rnТоа е популарен модерен начин на манипулирање и може да се манифестира на различни начини. На пример, кога партнерот ќе ја сокрие својата страница од вас за време на расправија, ќе ве блокира или ќе го промени својот статус, целта на ваквото инфантилно однесување е почесто отколку јавното поттикнување вина, вознемиреност и несигурност кај партнерот. Друг вид манипулација е објавувањето негативни објави за вас или за вашите врски на социјалните мрежи, без разлика дали станува збир за обичен текст или за некои нејасни изјави. Лесно можете да забележите ако вашиот партнер се однесува чудно на социјалните мрежи само за да ви го привлече вниманието и да ги разбуди емоциите. Тоа е исто така метод на психолошки притисок на кој треба да му дадете отпор.rn

    4. Се вознемирува кога ќе слушне известување за порака на вашиот телефон

    rnАко партнерот следи колку многу комуницирате со луѓето и станува мрачен откако ќе слушне известување на вашиот телефон, тоа е црвено знаме. Меѓутоа, можеби има причина да се лути, а вие не забележувате дека дури и кога сте со него, никогаш не го испуштате телефонот од раце. Ако ја забележите неговата загриженост, можете да направите компромис и да не ги употребувате телефоните за време на вашите средби.rn

    5. Се лути ако не одговорите доволно брзо

    rnНесреќните луѓе најчесто почнуваат да се однесуваат агресивно ако не го добијат тоа што го сакаат. Негодувањето поради тоа што не сте го подигнале телефонот доволно брзо или не сте одговориле на пораката е уште еден знак за дигитална манипулација. Во вакви случаи, вашиот партнер може да ве „казни“, така што ќе ги игнорира вашите повици или пораки.rn

    6. Ве проверува

    rnПостојано прашува каде сте и со кого сте и бара да го потврдите тоа со фотографии, а ова е уште една карактеристика на злоставувачот и јасен знак дека тој не ви верува. Покрај тоа, таквиот човек може да ви прави разни проверки – да ви пишува од туѓи профили и да ви предложува средби. Ако забележите вакво однесување кај партнерот, треба да бидете внимателни затоа што можеби ќе треба постојано да го известувате партнерот и да се правдате во врската.rn

    7. Бара „разголени“ фотографии

    rnОва е нормален дел од современите врски. Сепак, како и секоја друга сексуална практика, за тоа е потреба заемна согласност. Ако поради некоја причина ви е непријатно да споделите „разголени“ фотографии или такви пораки со партнерот, не правете го тоа, без разлика колку тој инсистира на тоа. Ако испратите нешто преку Интернет, никогаш не можете целосно да се чувствувате безбедно. Во случај да ви биде непријатно со неговите ненадејни секси фотографии, треба да го пријавите тоа. Тоа не значи дека партнерот не ве привлекува, туку значи дека треба да се заштитите.rn

    8. Тој ве шпионира

    rnЕден од најопасните видови дигитална манипулација е кога вашиот партнер тајно ве набљудува. На пример, тајно го проверува вашиот телефон, ви го хакира профилот или инсталира програма за набудување на вашиот паметен телефон. Ако се сомневате дека партнерот се однесува на ваков начин, веднаш разговарајте и размислете дали е добро да бидете во таква врска.rnrnМожеби сакате да откриете и која е најчестата причина за несогласувања помеѓу партнерите?

  • 5 начини да се ослободите од негативните мисли

    5 начини да се ослободите од негативните мисли

    Негативните мисли кои им дозволуваме да го контролираат нашиот ум, можат целосно да го променат нашиот начин на размислување, а на крај, и нашиот живот. И додека можеби се чувствуваме заробени со овие мисли, треба да знаеме дека не сме!rnrnОбично, во некоја ситуација кога некој ќе ни каже дека треба да се фокусираме на позитивни мисли, повеќето од нас стануваме бесни. Како се осмелуваат тие да ни кажат да преземеме контрола на нешто што изгледа далеку од нашиот опсег на моќ? Доколку можевме да мислиме позитивно, зар немаше да го направиме тоа?rnrn5 начини како да се ослободите од негативните мислиrnrnНо, нашите мисли се многу помоќни отколку што веруваме и треба да ја разбереме нашата способност за нивно контролирање. Доколку станеме свесни за нашите мисли, полесно ќе можеме да ги претвориме во позитивни, кои ќе го тренираат нашиот мозок да ги надвладува негативните и стресни мисли. Во продолжение прочитајте како да го направите тоа:rn

    1. Проширете ја вашата свест

    rnКога негативните мисли ќе навлезат во нашиот ум, ние сме свесни за нив до некое ниво, но нè секогаш сме навистина свесни. Доколку забележите вознемирувачка мисла, оттргнете го вниманието од неа и запрашајте се „Дали оваа мисла има цел, или служи само да ме вознемири?“. Доколку одговорот е не, тогаш веќе сте спремни за трансформација на таа мисла. Доколку помислите „Ништо не ми оди“, заменете ја оваа мисла со „Промените се секогаш тешки во почетокот, но сè ќе се среди“.rn

    2. Разберете дека негативните мисли се нормална работа

    rnДодека чудните, самоуништувачки и вознемирувачки мисли изгледаат ирационално, сите ги имаат, и тие се многу чести. Кога некоја негативна или вознемирувачка мисла ќе ви навлезе во умот, не ѝ судите. Набљудувајте ја, а потоа пуштете ја.rn

    3. Пренасочете го вниманието

    rnДодека ви се појавуваат негативни мисли, обидете се фокусот да го пренасочите кон нешто што е помалку вознемирувачко, па дури и забавно. Обидете се да пеете, или фокусирајте се на некоја тема која прилично ве интересира.rn

    4. Тоа се само мисли

    rnКога имаме негативни мисли, честопати ги третираме како вистински настани. Разберете дека вашите мисли не се поврзани со вистински настани и дека не се темелат на истите. Пуштете ги.rn

    5. Постои одговор

    rnОбидете се да ги разберете корењата на вашите негативни мисли. Поставете си прашања. Од каде потекнуваат? Што ги активира? Што можам да направам да ги спречам? За ова ќе биде потребно многу работа, но навистина вреди и на крајот вашиот труд ќе се исплати.rnrnПрочитајте ги и овие 10 начини за детоксикација на вашата душа и ослободување од негативност.

  • 10 семејства што најверојатно го контролираат светот

    10 семејства што најверојатно го контролираат светот

    Можеби сте ја слушнале теоријата на заговор дека сите пари во светот се контролирани од богатите семејства. Некои од нив ги трошат на нешта што ги сакаат, а другите живеат помирни животи. Сепак, постои едно нешто што им е заедничко – нивниот социјален статус и нивната позиција во општеството која е обвиена со мистерии. Некои луѓе сметаат дека овие „кланови“ ги контролираат сите држави во светот. Па, доколку ова е вистина, погледнете кои се 10-те семејства што најверојатно би го контролирале светот.rn

    1. Рокфелер

    rn10 семејства што најверојатно го контролираат светотrnrnПостојат многу претпоставки за тоа колку пари има ова семејство. Никој не го знае точниот број, но според разни извори се претпоставува дека изнесува помеѓу 1 и 3 трилиони. Семејството стана познато благодарение на Џон Рокфелер, првиот милионер во светот. На крајот на 19-тиот век, семејството контролирало 90% од пазарот за нафта во САД. Речиси сите модерни компании за нафта во САД започнале со Рокфелер.rnrnИ двете светски војни само ја подобриле положбата на семејството. Тие им помагале и на Германците и на сојузниците. Денес, покрај банките и нафтата, семејството организира добротворни настани и заработува криптовалути. Според неколку теории на заговор, семејството Рокфелер е претседател на тајна светска влада и ја следи идејата на „Златната милијарда“.rn

    2. Морган

    rn10 семејства што најверојатно го контролираат светотrnrnСпоред многу политички теории, семејството Морган се обидело да го одреди политичкиот тек на САД и да ги контролира банките ширум светот. Првата личност од кланот, Џон Пиерпонт Морган, ја започнал првата финансиска империја во САД. Продавал оружје за време на Граѓанската војна и речиси бил осуден за тоа. Во 1907-ма година го сопрел рушењето на банкарскиот систем.rnrnДури и денес ова семејство е највлијателно во сферата на банкарството. Тие имаат ограноци не само во САД, туку и во Европа. Некои членови од семејството ги контролирале компаниите General Motors и General Electric.rn

    3. Куќата на Сауд

    rn10 семејства што најверојатно го контролираат светотrnrnКуќата на Сауд е кралската династија што владее со Саудиска Арабија од 1932-ра година. Главата на семејството е крал Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, а бројот на членови на династијата сега изнесува околу 25.000.rnrnГлавата на семејството има апсолутна политичка моќ, а членовите имаат важни позиции во власта и војската. Овие луѓе можат да ја добијат секоја работа што ќе ја посакаат во државата. Исто така контролираат околу 20% од светските резерви за нафта.rn

    4. Ротшилд

    rn10 семејства што најверојатно го контролираат светотrnrnСемејството Ротшилд било едно од најбогатите во светот за времето на Наполеон. Династијата била започната од Мајер Амшел Ротшилд. Тој започнал огромен банкарски бизнис во Германија и ја создал неговата финансиска империја. На смртната постела оставил тестамент во кој објаснил како треба да се контролира империјата, а Ротшилдови ги следат овие правила над 200 години.rnrnПостојат многу разни теории и гласини поврзани со ова семејство. Некои луѓе веруваат дека тие ги контролираат сите пари на светот и сите финансиски институции. Други се убедени дека Ротшилдови ги спонзорираат и охрабруваат повеќето војни.rnrnНивното богатство е проценето на околу 2 трилиони. Тие инвестираат, контролираат извоз и банкарство, имаат неколку лозја и компании за нафта и гас.rn

    5. Барух

    rn10 семејства што најверојатно го контролираат светотrnrnОва семејство има помалку пари од Ротшилд и Рокфелер, но дефинитивно има поголемо влијание. Бернард Барух, личноста што го започнала кланот, бил советник на 5 претседатели на САД и близок пријател на Винстон Черчил. Тој го смислил изразот „студена војна“ и го контролирал изумот на атомската бомба. Некои луѓе веруваат дека токму тој ја создал светската влада.rnrnПостојат многу малку информации за наследниците на империјата. Бернард имал две ќерки и син кој умрел во 90-тите. Нема информации за внуците на Бернард, а се верува дека се намерно скриени бидејќи сè уште ја контролираат власта во САД.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 7 нешта во животот коишто не можете да ги контролирате 

    7 нешта во животот коишто не можете да ги контролирате 

    Едноставно, некои работи во животот се надвор од ваша контрола. Можеби ќе налетате на луѓе со кои не се сложувате, или пак ќе чекате навистина долго време за да купите кафе. Ќе ви го откажат летот барем еднаш во животот и треба да верувате дека судбината ќе ве спои со вашата сродна душа.rnrn7 нешта во животот коишто не можете да ги контролирате rnrnПовеќе би сакале да знаете како ќе се одвива некоја ситуација, наместо подоцна да видите што ќе се случи. Нештата што не можете да ги контролирате навистина можат да ви го нарушат мирот. Па, важно е да научите да престанете да се грижите за нив што е можно побрзо.rn

    1. Промена

    rnОд една страна, најлошото нешто за животот е тоа што сè се менува, дури и добрите нешта. Од друга страна, убавото нешто за животот е тоа што ништо не останува исто. Па, и вашата најхаотична недела нема да трае засекогаш. Колку и да посакувате времето да е во вашите раце, тоа никогаш нема да биде така. Неверојатните сеќавања ќе завршат, а вие ќе се будите во нов ден во кој може да се случи сè. Сигурно се прашувате што можете да направите за да ја забавите промената. Вистината е дека ќе мора да ја прифатите и да ги гледате разликите како можности да направите нешто ново и возбудливо во животот.rn

    2. Време

    rnПонекогаш ќе се разбудите опкружени со куп снег или пороен дожд. Плановите за на плажа ќе треба да ги преместите, или ќе треба да го прескокнете кафето. На почетокот ќе му бидете навистина гневни на светот и ќе им се жалите на пријателите. Но не дозволувајте му на тоа чувство да трае цел ден, бидејќи времето надвор е надвор од ваша контрола. Потребно е да го извлечете најдоброто од дождливиот ден и да ја најдете позитивната страна.rn

    3. Сообраќај

    rnСекогаш бидете подготвени да се соочите со сообраќаен метеж. Можеби ќе се обидете да најдете некој алтернативен пат од дома, и тоа е одлична идеја. Но, понекогаш ситуацијата ќе биде надвор од ваша контрола. Ќе налетате на неколку автомобили и веднаш почнувате да паничите. Чекањето може да биде навистина лошо, но вашиот ум може да го направи подобро. Особено кога навистина се брзате, изгледа дека тогаш најчесто се соочувате со метеж. Можете да се жалите целиот пат, или да се научите да го прифатите тоа. Вие секако ќе стигнете, кога ќе стигнете.rn

    4. Минато

    rnМинатото е минато. Не можете да го промените и што и да се случило е надвор од ваша контрола. Минатото може да боли, но тоа е она што вие најмногу го правите да биде. Можете да ги оставите тие срамни сеќавања, или целиот живот да се сеќавате на нив. Можете да ги чувате вашите омилени моменти од минатото и да им дозволите да ја напојуваат вашата страст. Што и да одлучите, обидете се да го правите најдоброто за себе.rn

    5. Иднина

    rnИднината, како и минатото, е надвор од ваша контрола. Можете да се обидете да направите 5-годишен план или да се обидувате да го нагаѓате секој чекор од патот. Но, веројатноста е дека ќе се случи барем едно нешто што не сте го зеле предвид. Можеби ќе се вљубите, или ќе најдете нов град што сакате да го нарекувате дом. Можеби ќе ја промените кариерата и ќе се одлучите да ги следите и најлудите соништа. Овие нешта се неочекувани, и искрено се најдобрите делови од животот. Научете да се ослободите од верувањето што би требало да бидете и фокусирајте се на она што сте сега. Сепак, можете да ги контролирате само постапките и реакциите во сегашноста.rn

    6. Туѓото мислење

    rnКолку и да не признавате, голема е веројатноста да се обидувате да ги промените туѓите мисли и чувства. Можеби сте биле во врска во која партнерот се чувствувал поинаку, или во разговор во кој соговорникот не се согласува со вас. Со часови сте се обидувале да ги убедите да ја прифатат вашата гледна точка, но ова е целосно надвор од ваша контрола. Обидете се да заборавите на ова и фокусирајте се на вашата реакција во овие ситуации.rn

    7. Туѓата среќа

    rnБез разлика колку сакате семејството и пријателите да бидат среќни, и тоа е надвор од ваша контрола. Се разбира можете на пријателите да им праќате смешни слики, или да ја однесете мајка ви на ручек кога не се чувства добро. Но на долгорочен план, нивната среќа зависи само од нив. Мора да ги заборавите нивните проблеми и да се фокусирате на вашата позитивност. Помогнете им да ја најдат позитивната страна во лоша ситуација, но потоа отстапете и зачувајте го вашиот мир. Ќе бидете навистина истрошени ако се обидувате да ѝ ја преземете улогата на судбината. Не заборавајте дека и вие сте човек и потребно е да се ставите на прво место секогаш кога можете. Нема потреба да ја носите тежината на светот на вашите рамена, а клучно е да на научите како да го оставите она што не можете да го контролирате.rnrnПогледнете и кои се нештата за кои морате да почнете да наоѓате време.

  • 5 знаци дека партнерот ве контролира без да бидете свесни за тоа

    5 знаци дека партнерот ве контролира без да бидете свесни за тоа

    Можеби конечно сте го сретнале совршеното момче. Прави да се чувствувате убаво, сакано и безбедно. Но постепено сте почнале да забележувате нешто чудно и се запрашувате дали е премногу заштитнички настроен кон вас, или пак сака да ве контролира. Голема е веројатноста и вие, како и многу жени, да сте „заглавиле“ во ваква врска. Ако препознаете поголем дел од овие знаци, најверојатно вашето момче сака да ве контролира.rnrn5 знаци дека партнерот ве контролира без да бидете свесни за тоаrn

    1. Директно ви кажува дека сака да ве контролира

    rnПостојат мажи кои всушност кажуваат дека имаат потреба или сакаат да ја контролираат врската. Често може и да ве уценува дека ќе ве напушти ако не му го дозволите тоа. Понекогаш може и да не разговара со вас без вие да знаете што сте погрешиле. Па ако партнерот ви каже дека сака да ве контролира, немојте да се двоумите и заминете си веднаш.rn

    2. Се однесува како да знае сè

    rnМажите кои сакаат да контролираат „знаат сè“ и очекуваат вие да го прифатите тоа. Без разлика на вашето знаење за социјални, политички или лични теми, тој ќе ве убедува дека грешите и ќе направи да се чувствувате инфериорно бидејќи имате различно мислење од неговото. Ако помислите да му се спротивставите на која било тема, веднаш ќе ја нападне вашата гледна точка. Запомнете, тој сака да мислите дека знае најдобро. Ако постојано му го дозволувате тоа, вашиот глас никогаш нема да биде слушнат.rn

    3. Диктира што ќе се случува во спалната соба

    rnАко вашиот партнер кажува каде, кога и како ќе водите љубов, сигурно ве контролира. На почетокот можеби ќе ви се допаѓа оваа особина бидејќи сака негов аспект на врската. Но наскоро ќе стане неподносливо. Немојте да правите компромиси во врска со сексот. Ако нешто не сакате да направите, немојте да го правите.rn

    4. Го менувате однесувањето според неговите потреби

    rnТешко е да го забележите овој знак бидејќи мислите дека промените што ги правите за да го задоволите партнерот се незначајни. Но со текот на времето ќе биде потребно да промените сè само заради него. Ако вашиот партнер не е доволно сигурен во себе за да го прифати вашиот карактер, нема потреба да трошите време на него. Прашање на време е кога ќе почне да го контролира секој аспект од вашиот живот.rn

    5. Истото се случувало и со неговите поранешни девојки

    rnСигурно не сакате да барате совети од бившата девојка на партнерот. Но, начинот на кој се однесувал со нив е навистина важен бидејќи ви дава увид во она што можете да го очекувате. Ако ви пријде некоја негова девојка од минатото, немојте веднаш да ја бркате. Ислушајте што има да ви каже бидејќи може да ви заштеди многу време. Големи се шансите дека нејзиното искуство со него ќе биде исто како вашето.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во лоша љубовна врска.

  • 7 ефективни начини да преземете контрола над вашиот живот

    7 ефективни начини да преземете контрола над вашиот живот

    Живеењето во свет кој постојано се менува и каде што можете да станете сè може да биде навистина стресно. Понекогаш ќе го изгубите вашиот пат поради премногу опции кои се пред вас. Реалноста е дека заборавате колку едноставни можат да бидат работите. Ако се чувствувате дека сте изгубиле дел од вас, без разлика дали тоа е време, ментална јасност или љубов кон себе, овие методи ќе ви помогнат да ја вратите контролата во вашите раце.rnrn7 ефективни начини да преземете контрола над вашиот животrn

    1. Сакајте се

    rnОва е критичен чекор во преземањето контрола врз вашиот живот. Причината е тоа што сите проблеми потекнуваат од тоа кои сте вие во центарот на вашето јадро. Дали некогаш некој ве разгневил? Сигурно да. Најчесто причината не била нешто што тој некој кажал или направил, туку начинот на кој сте го прифатиле. Кога некој ви дава агресивна или негативна енергија, често настојувате да вратите со исто. Слушнете што имаат да ви кажат, но ако не е важно заборавете го и не се вклучувајте емоционално. Кога станува збор за сакањето себеси, почнете да правите работи што ги сакате. Ако сакате да гледате филм, направете го тоа. Ако сакате да јадете во омилениот ресторан но нема со кого, отидете сами. Овој метод ќе ве научи да се направите среќни и да не зависите од надворешниот свет.rn

    2. Давајте

    rnДавањето на другите предизвикува чувство на задоволство, особено ако станува збор за нешто неочекувано. Сетете се барем на една ситуација кога без причина сте изненадиле некого. Сигурно сте се чувствувале одлично. Важно е да знаете дека желбата за давање може да биде заразна. Штом ќе почнете, ќе сакате повторно да го направите тоа.rn

    3. Вратете ги вашите 24 часа

    rn24-те часа во денот ви се дадени вам и се целосно ваши. Ако не сте задоволни од работното место, само си наштетувате. Животот не се случува брзо, туку правите едно исто нешто секој ден, не создавате нови сеќавања и не учите нови вештини. Потребно е да си ги вратите вашите 24 часа. Можете да почнете со будење порано и поминување помалку време на телефонот. Ставете ограничување на сè што сметате дека ви одзема премногу време.rn

    4. Дисциплинирајте се

    rnПовеќето од нас се пораснати со родители на кои можеле да се потпрат. Родителите ве научиле како да бидете личноста што сте, како да ви се допаѓа она што ви се допаѓа и како да ги направите најдобрите одлуки. Она што треба да го сфатите е дека штом ќе се оттргнете од поддршката на родителите, потребно е да си ја дадете самите. Повеќето родители го давале најдоброто од себе за да ве охрабрат кога сте се чувствувале лошо. Постојат нешта во животот за кои знаете дека треба да престанете да ги правите, но за тоа ви е потребна дисциплина. Ова е вистина за сите промени кои сакате да ви се случат. Дисциплината може да ви стане навика ако напорно ја вежбате.rn

    5. Најдете хоби со кое ќе можете да поминувате многу време

    rnНовото хоби може да биде читање книги, документарци, спортување, учење нов јазик или што било. Хобито ќе ви помогне да ги тргнете мислите од случајните нешта и ќе ве научи како да се фокусирате на едно нешто. Учењето нешто ново секогаш бара фокус и вежбање. Кога сте завршиле со работата за денес, најдете некоја активност со низок приоритет која нема да ви биде здодевна. Најдобро е да имате едно хоби во еден период, па одберете мудро и внимателно.rn

    6. Поставете граница и не ја поминувајте

    rnАко сакате да се почитувате, морате да се сфатите сериозно. Штом ќе ја споделите вашата цел со некој близок или пријател, држете се до неа. Тоа е ваша цел и ваш сон, а не на пријателот. Штом ќе почнете да откажувате средби со пријателите поради проект, тие ќе почнат да го почитуваат вашето време. Бидете јасни со вашите зборови и пријателите полесно ќе ве разберат.rn

    7. Медитирајте

    rnМедитирајте бидејќи тоа ви помага со вашите реакции. Ќе станете размислувач наместо некој кој реагира, а ова е одлично за преземање контрола. Дали некогаш сте направиле нешто, а потоа ви било криво? Најчесто причината за ваквите постапки е тоа што не размислувате. Кога практикувате медитација, станувате посвесни. Вежбите за дишење ќе ве научат дека сè има ритам. Обидете се да се фокусирате на нештата во животот коишто ви се важни.rnrnПрочитајте ги и овие совети за подобар живот.

  • 4-те хороскопски знаци што сакаат да имаат контрола над сите нешта во својот живот

    4-те хороскопски знаци што сакаат да имаат контрола над сите нешта во својот живот

    Желбата за контрола кај некои хороскопски знаци изостанува, но кај други е доста изразена. Постојат претставници на неколку хороскопски знаци кои постојано се во обид да воспостават контрола врз сè што им се случува нив и околу нив. Сметаат дека само тие можат да ги водат нештата правилно, за посакуваниот исход да биде загарантиран, бидејќи само на тој начин во нивниот живот ќе постои рамнотежа.rnrn4-те најголеми контрол-фрикови според хороскопотrnrnКај ваквите личности, нештата се секогаш „под конец“. На пример, доколку сте на забава кај нив, сите чаши, чинии, салфети и прибор ќе ги најдете во совршен ред, а не е исклучено и дека веќе точно ја имаат испланирано и листата со музика. Исто, многу е веројатно дека и нивниот дом е секогаш уреден, бидејќи тоа навистина ги прави многу среќни. Сепак, за да може да се балансира меѓу нив и оние кои се најопуштени во врска со сè околу нив, ваквите претставници на „фриковите за контрола“ секако ни се потребни. Еве на кои хороскопски знаци најчесто припаѓаат тие:rn

    Овен

    rnТие се родени лидери и најдобро се чувствуваат кога се на должност. Секогаш сакаат нештата да се движат по нагорна линија и тоа отворено го признаваат. Не очекувајте да ги видите во таканаречената втора постава, бидејќи живеат за да бидат главни. Нивниот натпреварувачки дух ги прави мотивирани за сè што прават, да го завршат со најдобри резултати и што е најважно, никогаш не им е здодевно.rn

    Лав

    rnНивното его е навистина до небото и само поради тоа тие сметаат дека нивниот начин на правење на нештата е единствен и најправилен. Преголемата самодоверба некогаш може да биде и доста нападна, но тоа секако им помага да бидат успешни лидери. Нивната желба за ред и контрола не потекнува од нив самите, туку од помислата дека сите останати ја имаат истата потреба. Одлични се кога треба да се изборат за нова работа, а без оглед на нивното его, кое избива од секоја пора, сепак се успешни во она што го работат.rnrn4-те најголеми контрол-фрикови според хороскопотrn

    Девица

    rnДевиците се посветени на деталите и обрнуваат внимание на нешто што другите лесно би го занемариле. Нивната способност за перцепција прави да бидат луди по контролата. Ако нешто не е на свое место (она кое тие го замислиле), може целосно да ги исфрли од рамнотежа. Од останатите се разликуваат по тоа што нештата ги прават тивко, без да очекуваат награди – ним им е доволна само личната сатисфакција од она што го постигнале.rn

    Јарец

    rnТие не сакаат да кршат правила и често се водат по однапред зададен тек на задачата. Имаат изразена смисла за правда и одговорност и поради тоа не е чудно што често ги гледаме во првите борбени линии кога треба нешто да биде исконтролирано. Поради тоа и се одлични шефови и менаџери и често може да го жртвуваат слободното време, ако тоа значи дека задачата ќе ја завршат така како што треба.rnrnПрочитајте и како да ја вратите моќта и контролата врз вашиот живот.