КАФЕ ПАУЗА

Tag: контрола

  • Внимавајте што посакувате … секако дека ќе ви се оствари!

    Внимавајте што посакувате … секако дека ќе ви се оствари!

    За да ни биде полесен, а воедно и појасен животот, треба да сфатиме две работи:rnrn1. Доколку вистински сакаш нешто, истото ќе го добиеш.rnrn2. Тоа што си бараш, тоа и ќе си најдеш.Внимавајте што посакувате ... секако дека ќе ви се оствари!Прво и основно – сè е психа. Доколку знаеш да управуваш со неа – супер, си имаш целосна контрола над себеси. Работите се онакви какви што ги гледаме, сè зависи од тоа како ги доживуваме нештата, и доколку самите се мотивираме и насочиме кон целта, ќе ја достигнеме. Само штета што човековата упорност не е секогаш толку силна. Лесно знаеме да се откажеме, обесхрабриме или едноставно да мрчиме, зашто секогаш е полесно да кренеш раце и да обвиниш некој друг. Нема сила која може да ме разубеди дека доколку нешто вистински посакуваш ќе го добиеш. Ако желбата е силна, тогаш целосно се насочуваме кон остварување на целите и го освојуваме посакуваното. И нема изговори од типот: „ Не ме бива“, „Не сум роден/а за тоа“, „Не сум јас за таа работа“… сето тоа во превод значи НЕ САКАМ ДА СЕ ПОТРУДАМ ДОВОЛНО.rnrnМојата теорија дека го наоѓаш тоа што си го бараш, во милиони случаеви се има потврдено. Без разлика дали станува збор за кариера, пријатели или партнер, луѓето кои се задржуваат во нашиот живот, тука се со причина. Тоа значи дека нив сме ги барале, такви луѓе ни биле потребни. Еве најпрост пример, размислете за паровите кои ги познавате. Едноставно си одговараат еден со друг, колку и на прв поглед да не се забележува тоа, си се надополнуваат и се компатибилни. ТОЈ е мачо, силен, висок и на прв поглед јак човек кој нема стравови, ама во суштина е мек, па затоа му треба ТАА, која можеби навидум е женствена и мека, но секогаш гласно ќе ги кажува своите ставови и грубо ќе му противречи на она што не ù се допаѓа. Едноставно, луѓето околу нас сме ги избрале со причина, а зависно од тоа како ќе се поставиме со нив, ист однос ќе добиеме за возврат…rnrnВнимавајте што посакувате, дали искрено го сакате тоа и колку сте подготвени да се жртвувате за истото. Не бидете дел од монотоната шема, заслужувате да целите на високо, бидејќи оној кој нема цел, не знае ни каде оди. Но не целете високо доколку не сте подготвени за борба.rnrnЌе ве поздравам со изрека на Алберт Ајнштајн: „Сите се генијалци, но ако ја терате рибата да биде добра во качување по дрво, ќе го помине целиот живот мислејќи дека е глупава.“ Сите се генијалци на свој начин, само треба да се насочат кон она што го прават добро до перфекција. Во што сте добри? Што е тоа што го работите со силна страст? Кои се вашите цели? Што би сакале да имате? Како може да си го подобрите животот? Нема универзални одговори на овие прашања, затоа мора самите да ги најдете за себе.rnrnНа здравје неделно кафе,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Соочување со најголемиот страв

    Соочување со најголемиот страв

    Кој е вашиот најголем страв? Сте се запрашале ли некогаш зошто се плашите токму од тоа во тој степен и дали сте преземале нешто за да го надминете?rnrnСоочување со најголемиот стравrnrnЛинда Харисон имала фобија од змии. Нејзиниот страв бил толку голем што дури и кога ќе видела змија на телевизија, морала да ги затвори очите или да излезе од просторијата за да избегне напад на паника.rn
    rn

    „Знам дека звучи патетично и ирационално, но дури и самата помисла на змии прави да треперам од страв.“

    rnТаа решила да се соочи со својот страв со помош на работилница каде што ќе треба да одржува одредени јога положби во соба полна со змии. Станува збор за час по „Kumara Serpent Healing“, кој е многу сличен на традиционалната јога, но на крај сите кои учествуваат имаат шанса да погалат змија. Овој курс се наоѓа во „Центарот за јога, медитација и многу повеќе од тоа“ во Лондон, Англија.rn
    rn

    „Часот беше многу напорен и се работеше многу брзо. Една јога положба, сигурно претпоставивте дека е наречена кобра, беше проследена со многу склекови. Но, болката која ја чувствував ми помогна да не размислувам на змиите во просторијата. Имаше и неколку чудни положби при кои се чувствував како идиот, но според инструкторката Квали Кумара, тие требаше да го трансформираат нашиот страв во љубов.“

    rnПо 2 напорни часови поминати во вежбање, целата група застанала во круг. Линда сè уште била преплашена од змиите и покрај изјавувањата на Квали Кумара дека се пријателски настроени.rn
    rn

    „Земав воздух длабоко, ја испружив раката и допрев една змија, кралски питон. Таа се завитка околу мојата рака и почна да се движи накај моето рамо. Успеав да издржам контакт со сите 17 змии во просторијата и со секоја од нив се чувствував сè посигурно и повеќе под контрола на ситуацијата.“

    rnМожеби ќе ви звучи чудно и невистинито, но по сè ова Линда успешно ја совладала својата фобија. Доколку и вие имате некаков страв или фобија која ви пречи во нормалното функционирање во текот на денот, погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се изборите со нив:rnrnСоочување со најголемиот стравrn

      rn011

    • Дајте си слободно време. Одвлечете си го вниманието од стравот така што ќе излезете на воздух. Прошетајте 15 минути во најблискиот парк. Доколку не сте во можност да излезете направете си чај кој ќе ви помогне да се смирите. Никако не дозволувајте им на емоциите да преовладуваат со вас, бидејќи има големи шанси потоа да не можете да ги контролирате.
    • rn011

    • Размислете што би било најлошото нешто што може да се случи. Ако имате лист и пенкало во близина почнете да ги запишувате сите мисли кои ви поминуваат низ глава и потоа прочитајте ги. Дури и да ви се оствари најлошото сценарио, големи се шансите дека ќе останете живи. 🙂
    • rn011

    • Изложувајте се себеси на стравот. Ако се соочувате со него, тој ќе почне да бледнее бидејќи вашиот мозок ќе почне да сфаќа дека навистина не е толку страшно колку што сте мислеле претходно. Не мора одеднаш да се соочите целосно со стравот. Смислете си неколку помали предизвици кои ќе ги надминувате на дневна база.
    • rn011

    • Визуелизирајте. Кога ќе се почувствувате нервозно, затворете ги очите, замислете си мирно и безбедно место (плажа, вашиот кревет…) и дозволете им на позитивните чувства да ве смират.
    • rn011

    • Разговарајте отворено за вашите стравови. Споделете ги со најблиските и објаснете им детално кога се јавуваат тие и што е потребно да направите за да се смирите. Овие разговори многу често влијаат смирувачки на личноста и помагаат при полесно прифаќање на стравовите.
    • rn011

    • Наградете се себеси. При секое успешно соочување и надминување на вашите стравови дозволете си масажа, прошетка во природата или пак, направете си го вашето омилено кафе.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењата

    Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењата

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnКанадската инди-рок група Аркејд Фајр, за своите фанови направи интерактивна верзија од музичкиот спот „Sprawl II“ од албумот „The Suburbs“. Се работи за релаксирачко видео, дизајнирано да ги детектира движењата на корисниците. Им овозможува на околу шест минути да ја преземат главната улога во спотот и да ја регулираат брзината на движењата во видеото.Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењатаВо класичната верзија, спотот започнува со статични кадри од куќи. Таму приказната ја води коосновачот на бендот Режин Шасањ, која излегува од една од куќите и со слушалки на ушите шета низ предградие, во кое живеат чудни и безлични луѓе, кои повремено и механички танцуваат во дворовите.rn

    rnПреку интерактивното видео вие имате можност да го смените нивното темпо, да управувате со нив, како со марионети. Сè што треба да направите е да го посетите сајтот за спотот, да ја изберете интерактивната верзија и да „влезете“ во видеото. Имате две опции за тоа. Едната е да играте пред вашата веб-камера и да гледате како кадрите се прилагодуваат на вашите движења. Доколку немате камера, тогаш грабнете го комјутерското глувче и кликајте на видеото.rnrn

    Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењата
    Отворете го сајтот во ново прозорче и изберете да ја користите вашата веб-камера или доколку немате, изберете глувче. Играјте со рацете пред камерата за да се движат луѓето во спотот. Застанете и тие ќе ги повторуваат истите движења постојано и спотот нема да тече понатаму. Иако е многу поинтересно контролирањето со помош на веб-камера, истиот ефект можете да го постигнете со кликање на гливчето.
    rnrnИ двете верзии се навистина забавни, а се во режија на Винсет Морисет. Лицата кои „несреќно“ танцуваат во спотот тој ги нарекува дигитални марионети на 21 век.Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењатаЕдноставноста на ова видео е со цел да можат да го користат сите, бидејќи за него не се потребни дополнителни компјутерски програми или вештини. Овој хибриден проект е заснован на линеарен филм и детекција на движења, комбинирани во една визуелна техника.Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењата„Високиот технолошки аспект не е главната поента и приоритет во спотот на песната Sprawl II“, вели Морисет, кому ова не му е прво интерактивно видео. Тој е познат и по некои од пораните проекти на Аркејд Фајр, како нивниот победнички интерактивен клип „Neon Bible“.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работа за мрзливи луѓе

    Работа за мрзливи луѓе

    Некои  сакаат кариера, а на други им е важно само да заработат пари. На лесен или на тежок начин, целта на секој кој работи е да заработи. Еве некои идеи за работа, ако сте од оние кои се по малку мрзливи:rn.rn

    Сообраќаен полицаец

    rnРабота за мрзливи луѓеСообраќајните полицајци доаѓаат по потреба и тоа за определена цел – да воспостават ред во сообраќајот, логично. Повремено ќе свирнат на свирчето, ќе покажат сообраќаен знак на возачите и тоа е сè.rn.rn

    Познат блогер

    rnРабота за мрзливи луѓеОва е можеби најмрзливата работа што може некој да ја има. Сè што ви треба за да станете познат блогер и притоа, да заработувате е: да имате компјутер, да имате определено поле на интерес за поголема маса луѓе и да имате желба тоа да го споделувате на блог со другите. Ако сте навистина добри во тоа и блогот ви е кликан и читан од многумина, некои компании ќе сакаат да се рекламираат кај вас и така би можеле да дојдете до заработувачка. Можеби не е честа реалност кај нас, но дефинитивно е една од 10-те најкул работни позиции во светот.rn.rn

    Библиотекар/ка

    rn

    Работа за мрзливи луѓеОпкружени со многу книги и луѓе кои имаат желба да учат и читаат, сè што вие како библиотекар треба да правите е да им дадете книга на читателите, да ги прибележите во тефтер и да ги предупредите кога доцнат. Лесно, зар не?rn.

    rnrn

    Бебиситер/ка

    rn

    Работа за мрзливи луѓеПод поимот бебиситер/ка во никој случај не се подразбираат дадилки или негувателки – на тие луѓе сигурно не им е лесно да се справат со деца од најразлична возраст. Тука спаѓаат оние кои ќе се согласат да чуваат деца на пријатели, роднини за неколку часа, додека родителите се излезени на вечера или во кино. Родителите сакаат нивните деца да си легнат порано, па така откако ќе ги успиете (а тоа е неколку минути по вашето доаѓање во куќата) вам не ви преостанува ништо друго освен да се закачите на интернет или да гледате телевизија.rn.

    rnrn

    „Копачка на злато“

    rnРабота за мрзливи луѓеВерувале или не, не е лесна работа да се „кисне“ по салони за убавина, да се скусува од обилните вечери, да се внимава на беспрекорната шминка и фризура… Кој инаку би „паднал“ на копачка на злато со целулит и несреден изглед!? Затоа, оваа работа е за почит како и секоја друга. Бара многу време и труд, како и жртвување (слушање на здодевни приказни од двојно постари „рудници со злато“), но се исплати откако пленот ќе биде фатен. Потоа следува легнување рано навечер, станување доцна наутро и уживање во денот по своја агенда. А кога ќе дојде време за развод, копачката ќе излезе „позлатена“, а рудникот ископан.rn.rn

    Тајни купувачи

    rnРабота за мрзливи луѓеЗамислете си да седите дома и да чекате да ве повикаат за бесплатно користење на некои услуги или производи, нешто во што секако би уживале, дури и кога би го правеле со трошење на сопствените пари. Сè што треба да направите по „напорниот“ шопинг или „тестирање“ на услугата или гостопримството и љубезноста, е да пополните неколку формулари кои ќе ги испратите преку имејл. Вашата работа всушност би се сведувала на давање фидбек за работењето на фирмите што ќе им помогне во подобрувањето на нивните производи и услуги. Но вам, дефинитивно ќе ви го направи животот полесен.rn.rn

    Контролор на видео игри

    rnРабота за мрзливи луѓеЗамислете си да играте видео игри и да ве плаќаат за тоа. Тоа е сон на секој гејмер. Гласините велат дека оваа работа ја работат неколку „мрзливци“ кои изнашле многу добар начин задоволството да го претворат во пари. Уште една мрзлива, но кул работа.rn.rn

    Донатор на сперма/плазма/крв

    rnРабота за мрзливи луѓеМоже е лесна, но многу одговорна и почитувана работа. Во странство, луѓето кои донираат прават своевидна кариера од донирање органи, сперма или крв.rn.rn

    Спасувач на плажа/базен

    rnРабота за мрзливи луѓеСонце, песок, плажа, убави луѓе, бронзен тен. Сето тоа го правите на големо столче, повремено свиркате со свирче за предупредување, будно набљудувате во базенот или морето и ги потсетувате децата да не одат во длабокото. За некои, една од причините зошто оваа професија е посакувана е заради серијата „Baywatch“.rn.rn

    Контролор на пиво

    rnРабота за мрзливи луѓеКолку и да звучи неверојатно, во светот постојат неколку среќници кои ја работат оваа работа – и тоа по цел ден. За љубителите на пивото, ова е дефинитвно работно место на кое секое утро со задоволство ќе доаѓаат со огромна насмевка на лицето.rnrnАко знаете некој кој нуди работа како овие 10 погоре, споделете во коментар. Сигурно многумина чекаат да дознаат за прилика која ќе им овозможи лесна работа, а добра заработувачка.rnrn