КАФЕ ПАУЗА

Tag: компир

  • Крцкави и неодоливи: Рецепт за крокети со ослич и компир

    Крцкави и неодоливи: Рецепт за крокети со ослич и компир

    Осличот и компирот се одличен гастрономски пар кои можете да ги комбинирате на разноразни начини. Денес ви предлагаме рецепт за крцкави крокети со компир и ослич.rnrnКрцкави и неодоливи: Рецепт за крокети со ослич и компирrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 800 грама компири
    • rn 011

    • 500 грама ослич
    • rn 011

    • 120 грама брашно
    • rn 011

    • 120 грама лебни трошки
    • rn 011

    • 60 грама путер
    • rn 011

    • 2 јајца
    • rn 011

    • 2 чешниња лук
    • rn 011

    • 1 млад кромид
    • rn 011

    • 1 чили пиперка
    • rn 011

    • 1 лажица сечкана мајчина душица
    • rn 011

    • 1 лажица сечкан магдонос
    • rn 011

    • сол и бибер по желба
    • rn 011

    • растително масло за пржење
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Измијте ги компирите, изгмечете ги со виљушка и ставете ги во загреана рерна на 220 степени целзиусови околу 75 минути или додека термички не се обработат до крај.rnrn2. Исечете ги компирите на половина, излупете ги и оставете ги настрана.rnrn3. Посолете го осличот. Загрејте го путерот во тава и пржете ја рибата околу две минути од секоја страна. Исечете ја рибата на помали парчиња и оставете ја настрана.rnrn4. Во преостанатата маснотија пропржете сечкан лук, млад кромид и мајчина душица. Пржете околу една минута.rnrn5. Додадете ги термички обработените компири и сè убаво измешајте.rnrn6. Додадете ги парчињата риба и сечканиот магдонос. Добро измешајте. Додадете сол и црн пипер во смесата.rnrn7. Од добиената смеса формирајте ги крокетите со дебелина од околу два сантиметри.rnrn8. Добиените крокети извалкајте ги во брашно, па во изматените јајца и на крај во лебните трошки.rnrn9. Загрејте го растителното масло во тава и пржете ги крокетите околу две минути од секоја страна, додека не поруменат.rnrn10. Префрлете ги сите испржени крокети во загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 10 минути.rnrn11. Послужете ги крокетите со парчиња лимон. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за бразилски крокети со пилешко и сирење.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Рецепт за крцкави ќофтиња со месо и компир

    Рецепт за крцкави ќофтиња со месо и компир

    Ќофтињата се вообичаена закуска во Холандија и најчесто се сервираат со пиво. Тие се нарекуваат „битербален“ и се приготвуваат од говедско месо кое се обликува во топчиња и се пржи сè додека не стане крцкаво. Денес ви го споделуваме рецептот за овие вкусни ќофтиња кои сигурно ќе ви се допаднат.rnrnРецепт за крцкави ќофтиња со месо и компирrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 3 лажици путер
    • rn 011

    • 100 грама кромид
    • rn 011

    • 100 грама шампињони
    • rn 011

    • 200 грама мелено говедско месо
    • rn 011

    • 40 грама брашно
    • rn 011

    • 250 милилитри млеко
    • rn 011

    • 400 грама компири
    • rn 011

    • 2 лажички морско оревче
    • rn 011

    • 2 лажички сол
    • rn 011

    • ½ лажичка шеќер
    • rn 011

    • 40 грама сирење
    • rn 011

    • масло за пржење
    • rn 011

    • лебни трошки
    • rn 011

    • 3 јајца
    • rn

    rn

    Сос:

    rn

      rn 011

    • 2 лажици мајонез
    • rn 011

    • 2 лажици чили сос (по избор)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Сварете ги компирите и згмечете ги во облик на пире.rnrn2. Растопете го путерот на средна температура. Испржете го кромидот и додадете ги печурките. Потоа додадете го меленото месо и пржете додека не порумени. Додадете го брашното и мешајте додека смесата не се соедини. Полека сипете го млекото и продолжете со мешање додека сосот не стане густ и мазен.rnrn3. Додадете го пирето од компири, морското оревче, солта, биберот, шеќерот и сирењето. Добро измешајте ги состојките и варете додека не испари течноста. Оставете ја смесата настрана да се излади.rnrn4. Обликувајте топчиња од смесата – ставете ги во садот со лебните трошки, па во садот со изматените јајца и на крајот повторно во садот со лебните трошки.rnrn5. Загрејте го маслото и пржете ги топчињата во врело масло додека не поруменат и не станат крцкави. Послужете ги со мајонез и чили сос. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за холандски ќофтиња со месо и компир, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за шведски ќофтиња во кремаст сос.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Зошто компирот треба почесто да биде дел од вашата исхрана?

    Зошто компирот треба почесто да биде дел од вашата исхрана?

    Компирот може да биде прилично здрав додаток на вашите оброци, а и сите се имаме уверено колку е вкусен. Покрај тоа, тој е лесен за готвење и е секогаш меѓу најевтините опции. Во продолжение прочитајте зошто компирот треба почесто да биде дел од вашата секојдневна исхрана.rnrnЗошто компирот треба почесто да биде дел од вашата исхрана?rn

    1. Компирот е богат со калиум

    rnБананата не е единствената намирница преку која можете да ја внесете вашата дневна доза на калиум. Компирот, исто така, е богат со оваа хранлива материја и затоа тој е одличен избор, особено кога сте уморни од бананите. На вашето тело му е потребно калиум кој го регулира крвниот притисок. Ниското ниво на калиум во организмот може да доведе до појава на срцеви заболувања.rn

    2. Нискокалорична храна

    rnВо поглед на калориите, компирот е нискокалоричен со оглед на тоа дека во компир со средна големина се содржат само 150 калории. Затоа печениот компир е идеален за вечера. Сепак, внимавајте да не користите премногу путер додека го приготвувате компирот.rn

    3. Ја подобрува работата на срцето

    rnКомпирот содржи влакна кои помагаат при отстранување на вишокот холестерол од крвотокот при што го намалуваат ризикот од срцев удар. Компирот се карактеризира со низок холестерол, па затоа е важно што почесто да го консумирате.rn

    4. Добар е за коските

    rnДали знаевте дека и компирот може да биде исто толку добар за вашите коски како и млекото? Компирот содржи многу хранливи состојки како магнезиум, железо, фосфор и цинк кои им помагаат на коските да останат во добра форма и го намалуваат ризикот од кршливост и остеопороза.rn

    5. Ја прави кожата посјајна

    rnВитаминот Ц е уште една хранлива материја која се содржи во компирот. Се работи за состојка која придонесува за производството на колаген што ја прави вашата кожа сјајна и здрава. Покрај тоа, витаминот Ц е и антиоксиданс, односно делува против слободните радикали кои можат да доведат до предвремено стареење како и рак на кожата.rn

    6. Лесен за готвење

    rnРазните начини на кои можете да ги приготвувате компирите се уште еден знак дека тие никогаш нема да ви здодеат. Можете да ги испечете и да ги послужите со пилешко, или да направите пире од компири. Друга опција која ви ја препорачуваме е да уживате во печен компир со зеленчук и сирење.rnrnОткако прочитавте зошто треба често да консумирате компир, можеби ќе сакате да го прочитате и нашиот рецепт за крцкави компири со сирење.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Рецепт: Супа од компир за студените месеци

    Рецепт: Супа од компир за студените месеци

    Супите најмногу ги сакаме во студените месеци, нели? Затоа, денес споделуваме еден едноставен рецепт за супа од компир во која ќе ужива целото семејство!rnrnРецепт: Супа од компир за студените месециrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 лажица маслиново масло
    • rn 011

    • 2 парчиња сланина
    • rn 011

    • 65 гр сечкан кромид
    • rn 011

    • 2 големи чешниња лук (мелени)
    • rn 011

    • 3 големи компири
    • rn 011

    • 950 милилитри пилешки или зеленчуков булјон
    • rn 011

    • 65 гр павлака
    • rn 011

    • 65 гр рендан чедар кашкавал или по избор
    • rn 011

    • 1/4 лажичка свежо мелен пипер или по вкус
    • rn 011

    • сол по вкус
    • rn 011

    • зачини по вкус и избор
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. На средна топлина, во средно тенџере ставете го маслото и сланината околу 4-5 минути. Отстранете ја и ставете ја врз чинија со хартија за да се исцеди.
    2. rn 011

    3. Пржете го кромидот околу 3 минути. Додајте ги компирите и булјонот и оставете да зоврие додека компирот не омекне, околу 15 минути.
    4. rn 011

    5. Префрлете околу половина компир во сад и мешајте го додека не се изедначи. Вратете ги компирите во тенџерето заедно со павлаката и 30 гр од кашкавалот.
    6. rn 011

    7. Мешајте додека не се стопи кашкавалот и не се загрее супата, околу 2 минути. Вкусете и додајте зачини по избор.
    8. rn 011

    9. Ставете ја супата во чинии, украсете ја со сланината, со преостанатиот кашкавал и со додатоци по избор.
    10. rn

    rnМожеби за десерт ќе сакате да ги пробате овие едноставни сочни колачиња со вкус на бадем.

  • Царски компир: Комплетен ручек или гарнир за риба или месо

    Царски компир: Комплетен ручек или гарнир за риба или месо

    Љубителите на компири ќе уживаат во ова јадење – крцкавата кора и сочната внатрешност со кремаста текстура го прави овој специјалитет идеален рецепт за овој викенд!rnrnЦарски компир: Комплетен ручек или гарнир за риба или месоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 4 поголеми компири
    • rn 011

    • 50 г путер
    • rn 011

    • 2 јајца
    • rn 011

    • 100 мл кисела павлака
    • rn 011

    • сол и бибер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Компирите добро измијте ги и сварете ги со сè лушпата, во солена вода.
    2. rn 011

    3. Кога ќе се изладат, излупете и изрендајте ги.
    4. rn 011

    5. Изматете го омекнатиот путер со жолчките за да стане пенест.
    6. rn 011

    7. Компирите измешајте ги со киселата павлака, а потоа спојте ги и со жолчките со путер.
    8. rn 011

    9. Изматете ги белките во цврст снег (додадете и малку сол) и полека додајте ги во смесата со компири.
    10. rn 011

    11. Подмачкајте ја огноотпорна тава со путер и печете ги во рерна на 200 ᵒC, сè додека не добијат златно-жолта боја.
    12. rn 011

    13. Забелешка: Може да додадете и други зачини што ви се допаѓаат – малку жалфија, сушено оригано или рузмарин. Исто така, пред да ги послужите, можете да ја посипете врелата површина со малку пармезан.
    14. rn

    rnМожеби сакате да го дознаете и еден многу едноставен рецепт: Крцкави полжави со зелка.

  • Едноставен трик за да не ви поцрнат компирите

    Едноставен трик за да не ви поцрнат компирите

    Кога подготвуваме оброк, имаме многу состојки кои треба да се исечкаат, разни намирници кои треба да се маринираат и слично. Последното нешто што би го сакале е чинија полна со сива салата од компири или кафено пире. Постои трик со кој може да го одбегнете потемнувањето на компирите. Откако ќе го усовршите овој трик, пирето од компири ќе ви биде на секое мени.rnrnЕдноставен трик за да не ви поцрнат компиритеrn

    Проблемот е во скробот

    rnКомпирите добиваат кафена боја многу брзо откако ќе се изложат на свеж воздух бидејќи се полни со скроб. Кога скробот ќе биде изложен на кислород, започнува процесот на оксидација при што компирите потемнуваат.rn

    Забавете го потемнувањето со вода

    rnНајлесниот (и најпознат) метод на спречување на потемнувањето е користењето студена вода. Кога исечените парчиња ќе ги ставите во вода, оксидацијата забавува. Компирите можете да ги чувате во вода дури 24 часа пред да забележите некоја промена во бојата.rnrnРенданиот компир потемнува уште побрзо од исечените коцкички, така што веднаш ставете го во вода. Наполнете сад со ладна вода за да се покријат компирите. Рендајте над садот со ладна вода за компирите да бидат што побели.rn

    Киселината го запира целосно

    rnКако што споменавме порано, ставањето во ладна вода го забавува процесот на оксидација, но не го спречува. Доколку планирате да ги чувате компирите во вода подолго време, тогаш би требало во водата да ставите и малку киселина.rnrnНамалување на рН вредноста на компирот помага против оксидацијата. Исцедете лимон или ставете малку алкохолен оцет. Една лажица е сосема доволна за поголем сад полн со вода.rnrnСледно, прочитајте и за овие кујнски трикови кои ќе ви го променат секојдневното искуство.

  • 20 горчливи вистини презентирани од страна на „Компирот на вистината“ коишто ќе ве замислат

    20 горчливи вистини презентирани од страна на „Компирот на вистината“ коишто ќе ве замислат

    Повеќето од вистините коишто ги дознаваме во секојдневниот живот, сметаме дека се за наше добро и ќе нè одведат на вистинскиот пат во животот. Можеби ова е точна констатација, но реалноста е дека за многу вистини не сме ни свесни и тотално одбиваме да ги прифатиме.rnrn

    20 горчливи вистини презентирани од страна на „Компирот на вистината“ коишто ќе ве замислат
    Ќе се промениш во оној момент, кога ќе ти досади од твоите сопствени сра*а.
    rnrnЗа таа цел, се создадени илустрациите со „Компирот на вистината“ којшто прави сè што е во негова моќ, да ги доближи овие сурово искрени вистини до секој од нас. Можеби дел од овие вистини биле цитирани и од други личности, но не и од најпаметниот компир во светот.rnrn
    20 горчливи вистини презентирани од страна на „Компирот на вистината“ коишто ќе ве замислат
    Негативното мислење секогаш удира посилно отколку позитивното мислење.
    rnrnВо продолжение, погледнете ги дел од мудростите на Компирот на вистината, којшто повремено можеме да го видиме во друштво на неговите две пријателчиња, Гаџар Кан (морковот) и Хорхе (патлиџанот).rnrnСледете го „Компирот на вистината“ на Инстаграм, каде што тој редовно ги споделува со светот своите мудри вистини.rnrn
    20 горчливи вистини презентирани од страна на „Компирот на вистината“ коишто ќе ве замислат
    Ако некого познаваш долго време, тоа не значи дека ти е пријател.
    rnrn
    20 горчливи вистини презентирани од страна на „Компирот на вистината“ коишто ќе ве замислат
    Секогаш ќе постојат луѓе што се поубави и погрди од тебе.
    rnrn
    20 горчливи вистини презентирани од страна на „Компирот на вистината“ коишто ќе ве замислат
    Светот се грижи само за она што може да го добие од тебе.
    rnrn
    20 горчливи вистини презентирани од страна на „Компирот на вистината“ коишто ќе ве замислат
    Неуспехот не е секогаш пат кон успехот.
    rnrn
    20 горчливи вистини презентирани од страна на „Компирот на вистината“ коишто ќе ве замислат
    Изгледот прави разлика.
    rnrn
    20 горчливи вистини презентирани од страна на „Компирот на вистината“ коишто ќе ве замислат
    Во суштина, никогаш никого не го познаваш во целост.
    rnrn
    20 горчливи вистини презентирани од страна на „Компирот на вистината“ коишто ќе ве замислат
    Најбрзиот начин да добиеш одговор не е преку поставување прашање, туку преку давање погрешна изјава.
    rnrn
    20 горчливи вистини презентирани од страна на „Компирот на вистината“ коишто ќе ве замислат
    Твоето „идно јас“ во моментов размислува за сегашниов момент, во облик на спомен.
    rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Тест на личноста: Дали на цртежов гледате јајце или компир?

    Тест на личноста: Дали на цртежов гледате јајце или компир?

    Психолошките тестови базирани на цртежи се многу интересен и уникатен начин да добиете увид во скриени делови од вашата психа. Понекогаш дури можете и да откриете размислувања и способности што воопшто не сте ни знаеле дека ги имате. Овој тест е еден од тие. Сè што треба да направите е да одговорите дали на прв поглед сте си замислиле јајце или компир кога ја видовте оваа слика…rnrnrn

    Сте виделе компир?

    rnЛуѓето што на оваа слика гледаат компир се поконзервативни. Тие се склони на избегнување конфликти и живеат помирен живот. Цврсто се држат до моралните и законските рамки на заедницата во која живеат. Тие се добри водачи, но не се визионери. Не мечтаат премногу, играат на сигурно и не сакаат да се препуштаат на фантазиите. Исто така, секогаш имаат план Б. И план В.rnrnНакратко, тие се стабилни и рационални реалисти.rn

    Сте виделе јајце?

    rnЛуѓето што на оваа слика гледаат јајца се големи авантуристи. Тие се склони на преземање ризици и понекогаш се однесуваат многу непромислено. Многу веројатно ги поддржуваат идеите за легализација на марихуаната и истополовите бракови и секогаш се подготвени да им помогнат на оние што се во неволја. Не им смета ни што ова јајце не е со правилен облик, бидејќи со нивната фантазија го надополнуваат тоа што недостасува во реалноста. Тие исто така се и визионери, мистици, уметници…rnrnНа кратко, тие се непредвидливи и емотивни идеалисти.rnrnНаправете го и овој Тибетски тест на личноста, но пред да го решите замислете желба!

  • Компир – бескорисен зеленчук или дар од природата?

    Компир – бескорисен зеленчук или дар од природата?

    Ниту еден зеленчук не е толку разновиден како компирот. Тој е подеднакво убав кога е варен, печен или пржен, но ретко ги добива пофалбите кои ги заслужува. Не треба да се заборави дека оваа скромна храна одиграла голема улога во историјата на човештвото и многу пати ги спасила луѓето од глад за време на војни или во околините со лоши климатски услуги.rnrnКомпир – бескорисен зеленчук или дар од природата?rnrnКомпирот прв пат почнал да се одгледува од страна на Индијанците од Перу, пред повеќе од 4.000 години. Од Америка во Европа, кон крајот на шеснаесеттиот век, го донел еден поморски истражувач и војсководец. Поимот компир потекнува од баварскиот збор „gruntbir“, што означува „круша од земјата“. rn

    Факти за компирот

    rn1. Компирот е еколошки чиста храна. Одгледувањето компир е лесно и едноставно, при што не се потребни ѓубрива, ниту пестициди (иако многу земјоделци сѐ уште ги користат).rnrn2. Компирот е добар за здравјето, под услов да не го консумирате во пржена форма.rnrn3. Компирот е совршена храна за одгледување во сиромашните земји. Оваа евтина и хранлива намирница расте дури и во лоши климатски услови.rnrn4. Компирот е прва намирница која е успешно одгледана во вселената.rnrn5. По износот на фенолни соединенија, компирот може да се натпреварува со брокулата, спанаќот и зелката. Флавоноидите кои ги содржи компирот штитат од болести на срцето и крвните садови, болести на дишните патишта и рак.rnrn6. Англиските научници во компирот пронашле посебна состојка наречена кукоамин, која штити од висок крвен притисок.rnrn7. 2008 година е прогласена како година на компирот. Обединетите нации сметаат дека компирот е храна на иднината, која би можела да го победи гладот во светот.rnrn8. Постојат преку 1.000 видови компири и тој денес е четврта најодгледувана храна и се користи во секој дел од светот.rnrn9. Европејците консумираат двојно повеќе компири од Американците.rnrn10. За време на златната треска во Клондајк, компирот се користел како валута. Тој бил толку ценет поради високото ниво витамин Ц што го содржел, така што го менувале за злато.rnrn11. Чипсот од компир е најпродавана ужина во светот.rn

    Хранливи својства на компирот

    rn

      rn011

    • Компирот е една од најхранливите состојки во светот
    • rn011

    • Компирот има помалку калории од лебот, оризот и тестенините
    • rn011

    • Компирот содржи повеќе калиум од бананите
    • rn011

    • Компирот содржи повеќе употребливо железо од кој било друг зеленчук
    • rn011

    • Компирот содржи здрави сложени јаглехидрати и хранливи влакна
    • rn011

    • Компирот е добар извор на витамин Б, магнезиум, фосфор и ниацин
    • rn011

    • Компирот не содржи масти и холестерол
    • rn011

    • Неколку компири ја задоволуваат дневната потреба на количина од витаминот Ц
    • rn

    rn

    Компирот не дебелее

    rnФитнес гуруата го прогласиле компирот како намирница која не дебелее. Постојат тврдења дека поради високите гликемиски индекси и големите количини скроб кои ги содржи, тој не е погоден за слабеење. Меѓутоа, тоа не е вистина. Биле спроведени истражувања за тоа како компирот влијае на телесната тежина. Личностите кои во текот на шест недели секојдневно консумирале од 7 до 9 компири, не се дебелееле, туку напротив, слабееле. Тоа се објаснува со фактот дека компирот предизвикува ситост, а содржи релативно малку калории (еден компир во просек содржи 100 до 120 калори, а тоа е 2,5 пати помалку од лебот). Но, доколку секојдневно консумирате помфрит или чипс, секако дека ќе се здебелете, затоа што оваа храна содржи многу калории, токму поради маснотиите.rnrnКомпир – бескорисен зеленчук или дар од природата?rn

    Помфритот не е здрав!

    rnКога се вели дека компирот е здрава храна, не се мисли на помфрит. Напротив, тој е најнездравата храна на планетата! Помфритот содржи големи количини „лоши“ маснотии, кои го зголемуваат ризикот од срцев и мозочен удар, дебелеење и висок холестерол. Поради пржењето во масло и на висока температура, помфритот може да биде канцероген.rn

    Компирот како лек

    rnКомпирот се користи не само како храна, туку и како лек. Еве неколку примери за тоа:rn

      rn011

    • Облогите од варен компир се користат за третирање реума, измрзнување…
    • rn011

    • Измивањето со сок од компир лечи акни, егземи и дамки на лицето
    • rn011

    • Облогите од компир се користат за треска, изгореници, главоболка…
    • rn011

    • Кората од варен компир го намалува крвниот притисок
    • rn011

    • За гастритис се зема 1 лажичка сок од компир, 3 пати дневно, пред оброкот
    • rn

    rn

    Како да направите сок од компир

    rnИзмијте го и изрендајте го компирот, па ставете го во ленена крпа и со стискање исцедете го сокот. Тоа може да го подготвите и во соковник, а настојувајте секогаш да користите свежо подготвен сок. Поради неговата евтина цена, одличен вкус и хранливи материи, компирот заслужува да биде на листата на супер-храна бидејќи е пријател на вашето здравје.

  • Неколку причини зошто треба да јадете повеќе компири

    Неколку причини зошто треба да јадете повеќе компири

    Иако на малкумина им е познато ова, јадењето компири нема автоматски да ве направи подебели. Напротив, ако знаете на кој начин да ги консумирате, тие може да ви помогнат во вашите планови за губење на вишокот килограми. Денес ви прикажуваме неколку работи коишто треба да ги знаете за компирите и придобивките од нив.rnrnrn

    1. Тие се полни со витамини и минерали

    rnКомпирите (со лушпа), се многу богати со витамин Б6, како и со калиум – и тоа двојно повеќе од една банана. Тие имаат многу хранливи влакна и протеини, железо, манган, магнезиум и витамин Ц. Тие се како мултивитамини, освен ако не ги претворите во помфрит, каде што ќе ги испржите овие витамини. Па, зошто би го правеле ова? Некои нутриционисти дури советуваат и да го јадете целиот компир, затоа што лушпата содржи половина од вкупните хранливи влакна и важни минерали.rn

    2. Компирите содржат својства што ве релаксираат

    rnВисоките нивоа витамин Б и магнезиум се одличен начин природно да се справите со стресот и анксиозноста.rn

    3. Скробот не е зло

    rnКомпирите се полисахариди, па токму затоа и можат да ви помогнат во намалувањето на килограмите, сè додека не создавате услови коишто ќе го попречат нивното варење.rn

    4. Престанете постојано да ги пржите

    rnНа овој начин вие ќе ги изгубите хранливите материи. Едноставно испечете ги, додајте им малку масло и зачини и имајте го вашиот прекрасен, хранлив оброк.rn

    5. Големината на порцијата е клучна, особено ако се соочувате со шеќер во крвта

    rnДоколку имате проблеми со регулирање на нивото на шеќер во крвта, тогаш препорачливо е да консумирате мали или средни компири.