КАФЕ ПАУЗА

Tag: компир

  • Пет прехранбени продукти за добар тен

    Пет прехранбени продукти за добар тен

    Сите знаеме колку правилната исхрана влијае на метаболизмот и на тежината, но малку луѓе знаат дека некои прехранбени продукти можат да придонесат за поубав и поблескав тен. Еве пет прехранбени продукти кои можат да го подобрат изгледот на вашиот тен.Пет прехранбени продукти за добар тенrn

    Компири

    rn

    Доколку внесете повеќе компири во вашата исхрана, кожата ќе ви биде свиленкаста. Компирите содржат бета-каротин, кој се претвора во витамин А. Витаминот А, според тврдењето на дерматологот Lisa Дрехер, помага кожата да остане нежна. Доколку компирите не се вашето омилено јадење, со морковите можете да го постигнете истиот ефект.Пет прехранбени продукти за добар тен

    rnrn

    Киви

    rnВитаминот Ц го стимулира создавањето колаген, кој е важна состојка за спречување на појава на брчки. Продукти кои содржат најмногу витамин Ц се кивите, портокалот и цитронот. Според една студија објавена во магазинот „Clinical Nutrition“, жените кои секојдневно консумирале витамин Ц, имале многу помалку брчки од оние кои го користеле во мали количини.Пет прехранбени продукти за добар тен . rn

    Црно чоколадо

    rn

    Фактот дека црното чоколадо е добро за тенот ќе ги израдува оние кои го обожаваат. Дерматологот Дрехер тврди дека доколку консумирате умерени количини црно чоколадо кое содржи многу какaо, ќе обезбедите оптимално ниво на флаванол, супстанца која влијае на хидрирање на кожата.Пет прехранбени продукти за добар тен .

    rnrn

    Јогурт

    rnСпоред нутриционистот Пола Симпсон, јогуртот е добар и за тенот и за ноктите. Во него има многу протеини и калциум, кои го стимулираат метаболизмот, помагаат во одржувањето на линијата, но го поттикнуваат и растот на ноктите.Пет прехранбени продукти за добар тен . rn

    Јаткасти плодови

    rnБадемите, лешниците, сончогледот и семките, се секако подобар избор за ужина од чипс и смоки. Сончогледот е најдобар избор бидејќи содржи нутритиенти и витамин Е, кои го спречуваат прераното стареење на кожата.Пет прехранбени продукти за добар тенrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Портрети на компири

    Портрети на компири

    Гиној Чуеири е либански уметник што живее во Бејрут и прави портрети на компири. Таа има направено стотици портрети од компири кои ги расте, меѓутоа на крајот остануваат и скапуваат бидејќи би било премногу вознемирувачки некој да ги јаде.портрети на компирипортрети на компириПодземните зеленчуци се нејзиниот уметнички прибор поради сличностите што ги наоѓа меѓу компирот и човечката глава. Чуеири укажува дека „тие доаѓаат во различни големини, форми и нијанси“. Компирите растат, се развиваат и потоа гнијат, отсликувајќи го краткотрајното постоење и кршливоста на нашата човечка природа.rn.rn

    Не сум сигурна дали портретите на компири се претстава на некои мои пријатели или некои познати личности. Некој да не се препознал? Тие дефинитивно немаат карактер, посебно не кога се наоѓаат во вреќи.

    rnпортрети на компири.rn

    „Компирите и луѓето имаат многу заеднички нешта. Доаѓаме во различни форми, големини и нијанси. Нашата кожа е порозна со лузни и пеги и со текот на времето неизбежно старее. За да се долови оваа идеја, еве една инсталација на повеќе од илјада портрети, кои се трансформации на луѓето што ги познавам, рандом луѓе кои ќе ги забележам на улица, сè тоа спакувано како потртрет на компири. Го избрав компирот да го портретира лицето на човекот поради многубројните паралели кои ги напоменав. Не само што нивната лушпа е порозна, туку и самата текстура и боја потсетува на нашата кожа.“ – вели Гиној

    rnпортрети на компирипортрети на компирипортрети на компирипортрети на компирипортрети на компирипортрети на компирипортрети на компирипортрети на компири