Никој не зборува за пазувите како за нешто убаво, и тоа е сосема нормално. Тие се замирисуваат, боцкаат и често нè засрамуваат, особено ако имаме изразито темно кожа во тој дел.rnrnrnrnНе постои еквивалент на педикир за пазувите, па затоа ги бричиме, депилираме или едноставно одбираме да носиме тесни маички со ракави.rnrnБидејќи доаѓа сезона на тешки дебели џемпери, тоа е одлична прилика да им го посветите должното внимание на вашите пазуви. Сè што ви треба, на големо изненадување, е компир.rnrnrnrnМоже да ви делува чудно, но редовното нанесување рендан компир на вашите пазуви може да ви ја осветли кожата. Компирите го содржат ензимот катехол кој помага во враќање на еднаквата боја на иритираната кожа. Со други зборови, тој е одличен за вашите пазуви.rnrnrnrnПа, појдете во кујната, земете и измијте еден компир, а потоа изрендајте мала количина, без претходно да го лупите. Застанете врз мијалникот или врз друга површина која лесно можете да ја исчистите и нанесете ја пастата од компир како маска за пазуви. Оставете да делува половина час. Ви предлагаме да си ја спремите следната епизода од вашата омилена серија и да го искористите овој период за тотална релаксација.rnrn
Хемороидите се еден од најчестите здравствени проблеми кои се појавуваат како резултат на современиот начин на живот. Слабо движење, неправилна исхрана, наследена склоност, бременост, запек – сите овие фактори можат да предизвикаат засилен притисок на вените во ректумот при што доаѓа до насобирање крв и болни отоци.rnrnrnrnЧешање, чувство на притисок однатре, болни отоци, опипливи чворови и последователно крварење се првите симптоми кои укажуваат на настанување на хемороидите. Доколку имате зачестени проблеми со хемороидите потребно е да се обратите на доктор, а доколку се во рана фаза, можете многу да си помогнете со промена на животниот стил.rnrnИсхраната богата со влакна е еден од главните помагатели на добриот начин на варење на храната. Јадете мешункаст зеленчук, цели житарици и суво, како и свежо овошје и зеленчук, а избегнувајте зачинета и лута храна.rnrnЗголемениот внес на течности во телото, како вода и природни свежи сокови, ја олеснуваат столицата. Особено ефикасно е да се пие сок од суви сливи.rnrnДолготрајното седење треба да се избегнува, а треба да се практикува повремено станување и раздвижување.rnrnСо редовната физичка активност ќе ја поттикнете циркулацијата, ќе ги забрзате метаболизмот и варењето, ќе ја стимулирате цревната функција и со тоа ќе ги намалите евентуалните проблеми со пролив и запек.rnrnПостојат внатрешни и надворешни хемороиди. Вторите можат полесно да се повлечат со соодветна терапија, но внатрешните знаат да бидат многу незгодни, а воедно предизвикуваат редовно крварење и болки при празнење на цревата.rnrnОва е еден проверен традиционален руски рецепт, па доколку и вие долго време си мачите мака со хемороидите, а веќе се имате обидено со разни креми, чаеви и таблети, и ништо не успеало да го реши проблемот на долг рок, вреди да му дадете шанса на овој „лек“ кој наводно излечил многу Руси.rnrnСè што ви е потребно е свеж, лупен компир и фрижидер за длабоко. Компирот треба да е квалитетен. Не смее да биде скапан или позеленет.rnrnИсечете од излупен компир тенко стапче и ставете го во замрзнувачот.rnrnЗамрзнатото стапче (едно за една употреба) ставете го во анусот. Првите 4 дена држете го 30 секунди, а следните 3-4 дена оставајте стапчето да делува по 30 секунди плус.
Сигурно досега имате забележано дека дел од компирот понекогаш позеленува. Тој дел од него е опасен по здравјето и не е пожелно да го јадете. Доволно е само да го отсечете и потоа можете да го зготвите другиот дел.rnrnrnrnЗелениот дел од компирот е зелен поради тоа што содржи хлорофил, кој воопшто не е опасен, но е знак дека тој дел на компирот содржи поголеми количини на отровот соланин. Тој на компирот му служи за заштита од паразити и штетници, но е отровен и за луѓето. Сепак, тоа не треба премногу да ве плаши затоа што треба да изедете неверојатно многу зелен компир за да ви се слоши и да повраќате. Човек кој тежи само 50 килограми треба да изеде дури 8 килограми од овој зеленчук за да почувствува нешто, но добро е да се знае дека овој дел не е добар за телото.rnrn rnrn
Добро измијте го компирот и сосе лушпа ставете го да се вари. Варениот компир исцедете го од водата и откако малку ќе се излади, излупете го. Лупениот компир потоа ситно издробете го, па оставете го сосема да се излади. Потоа додадете го обарениот ситно сецкан спанаќ, јајцето, маргаринот, посолете и сето тоа добро соединете го.
rn011
Постепено додавајте го брашното и со раце измесете го тестото. Лажица тесто ставете на набрашнета површина и благо притиснете го како диск. На средина ставете парче сирење, па потоа замотајте. Во меѓувреме припремете сè што треба за пржење.
rn011
Во една чинија ставете малку брашно, во друга изматете го млекото со јајцето, а во трета ставете ги лебните трошки. Обликуваните крокети од компир најпрво тркалајте ги во брашното, потоа поминете ги низ јајцето и на крајот истркалајте ги во лебни трошки. Пржете во длабоко масло.
Секојдневието е многу поинтересно кога ги анализираме нештата на кои вообичаено не им се обрнува внимание.rnrnrnrn1.Секој од нас всушност има 3 гласа: оној во нашата глава, оној кој го слушаме кога зборуваме и оној кој другите го слушаат.rnrn2. Зборот FAT на англиски (дебел) изгледа како некој да гризнал од првата буква од зборот EAT (храна).rnrn3.Новороденчињата плачат бидејќи секоја неудобност буквално им претставува најлошото нешто што го искусиле во животот.rnrn4.Кога пиете алкохол, само ја позајмувате утрешната среќа.rnrn5.Марс е всушност целиот населен… со роботи.rnrn6. Прашањето „кај си“ кога ќе сретнеме некого е од поново време. Порано, пред телефоните, луѓето можеле да зборуваат едни со други само ако знаат каде се.rnrn7.Вашиот стомак секогаш го доживува компирот како пире.rnrn8.Сте се запрашале ли колку места сте посетиле за првпат? На пример, јавни тоалети.rnrn9. Никогаш нема да разбереме за некое совршено криминално дело.rnrn10.Најлошиот фетиш е да бидете возбудени од сопствениот спуштен пенис.rnrn11.Вие ќе бидете последната личност која ќе умре во вашиот животен век.rnrn12. Колку наназад во историјата треба да се вратиме за ископувањето стари коски да не се смета за археологија туку за крадење гробови?rnrn13.За да можете да заспиете, мора да се преправате дека спиете.
Можеби би рекле дека морков си е морков, но во овој случај се работи за суперморков. И тој не е единствен суперхерој од својот вид. Во светот на овошјето и зеленчукот има многу необични плодови кои претставуваат своевидни суперхерои помеѓу своите.rnrnСофистицирана трупкаrnrnПостојат повеќе причини поради кои зеленчукот и овошјето добива променет облик. Најчестата причина е оштетувањето на ткивото. Ако некој дел од овошјето или зеленчукот се оштети, особено во раната фаза на раст, ова може да го забави процесот на растење на тој дел, што предизвикува деформации на остатокот од растението. Особено чест е случајот со деформираните коренести плодови, кај кои неконзистентното ѓубрење на почвата може да биде причина за необичен раст.rnrnТака, морковите добиваат раце кои се протегаат кон околното ѓубриво.rnrnBuzz Lightyear од „Приказна за играчките“ во морковесто изданиеrnrnОвошјето може и намерно да се развива во одредени форми, како коцки, ѕвезди, срца и слично, но во оваа галерија гледаме само преинтересни креации на природата. Некои личат на луѓе, некои на животни, но сите се „однесуваат“ како да не се тоа што се. :)rnrnСреќен модар патлиџан кој сака да ве прегрнеrnrn
Компирот расте насекаде и претставува дел од исхраната на повеќето луѓе на планетата. Но, дали сте запознаени дека може да се конзумира свежиот сок од ова растение? Ако ве изненадува ова сознание, подгответе се да бидете запрепастени од сите негови здравствени придобивки.rnrnrnrnСе подготвува едноставно. Компирот прво се лупи, па се ренда и од ситните парченца се исцедува сокот. Треба да користите зрели плодови кои имаат црни дамки, а никако не користете ги зелените делови бидејќи тие најчесто содржат токсини.rnrnСокот делува против воспаленија, па се препорачува на лица кои патат од артритис или други видови воспаленија придружени со болки.rnrnСокот ја подобрува циркулацијата во сите делови од телото, алкалоидите од компирот го спречуваат настанувањето на кардиоваскуларни болести, дури и појавата на рак.rnrnДобар е и во борбата против егземите и ја чисти кожата.rnrnМоже да ви помогне доколку сакате да ослабете. Наутро, пред појадок, а навечер, 2-3 часа пред да си легнете да спиете, испијте по 100 мл сок од компир. Не е нешто многу вкусен, дури може да биде и непријатен кога ќе го почувствувате на јазикот, па затоа можете да му додадете малку мед или да го измешате со друг сок, на пример од моркови.rnrnДополнителни предности од конзумирањето на овој напиток ни открива д-р Пол Хајдер, светски познатиот автор на книги за здрави и антистрес програми. Тој препорачува да го користат оние кои имаат подагра, бидејќи може да направи чудо како лек. Исто така, го смалува холестеролот, делува како средство за детоксикација, а во Јапонија и во некои други делови од светот со голем успех се користи за третирање на лица заболени од хепатитис.rnrnНекои студии покажуваат дека сокот од компир дава одлични резултати во лечење на дијабетесот, снижување на крвниот притисок, болести на бубрезите и на панкреасот. Црвениот и виолетовиот компир содржат големи количества антоцијани, кои спречуваат раст на клетките на ракот, а жолтиот и портокаловиот содржат зеаксантин кој е важна состојка за нашиот вид.rnrnОва е и одличен напиток за луѓето со болки во желудникот, ждригавица и проблеми со варењето. Полн е со витамини А, Ц и оние од групата Б, содржи фосфор, калциум, железо, калиум, влакна и протеини. Витаминот Ц штити од рак и срцеви болести, а Б витамините го јакнат имунитетот. Калиумот ја одржува урамнотеженоста на течностите и електролитите во организмот и е важен за правилната работа на срцето.rnrnНе постои ниедна причина да не му дадете шанса на овој необичен, но лесно достапен напиток.rnrn rnrn
Печените компири го држат крвниот притисок под контрола. Доколку ги спремите со кората, тие се одличен извор на хранливи влакна, а имаат и многу малку калории. Сепак, важно е да знаете како да ги припремите.rnrn rn
Богати се со калиум
rnПечениот компир е на врвот на листата намирници кои се богати со калиум, а е многу важен затоа што го неутрализира штетното влијание на вишокот натриум и го држи крвниот притисок под контрола.rn
Доколку ги подготвите со кора се одличен извор на хранливи влакна
rnЕден печен компир покрива 12 проценти од потребите на една возрасна жена и 8 проценти од потребите за хранливи влакна на еден маж. Влакната се важни за варењето и за ефикасна апсорпција на хранливите материи, а печениот компир содржи и растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна го контролираат холестеролот, а нерастворливите помагаат да се исфрлат лошите материи од организмот. Но, за да успеете од оваа здрава намирница да го извлечете најдоброто, неопходно е компирот да не плива во масло, путер или некоја друга состојка.rnrn rn
Имаат малку калории
rnКомпирот неретко е неправедно оптужен дека е калорична храна, но вистината е дека еден печен компир со средна големина содржи околу 170 калории. Калорични се сирењето, кашкавалот, павлаката, путерот и многу други производи кои најчесто се консумираат со компирите. Наместо тоа подгответе ги компирите со многу малку сол и маслиново масло, а јадете ги со природен сос од домати или брокула.rnrn
Крцкав компир како прилог за вашиот ручек…Потребни состојки:rn
rn011
5 компири
rn011
90 мл маслиново масло
rn011
1 лажичка лук во прав
rn011
1 лажичка оригано
rn011
сол и бибер по вкус
rn011
200 г фета сирење
rn
rnНачин на подготовка:rnrn1.Рерната загрејте ја на 200 степени.rnrn2.Излупете ги компирите и исечете ги како помфрит.rnrn3.Ставете ги во еден сад и додадете ги зачините и маслото. Убаво измешајте.rnrn4. На тава ставете хартија за печење и распоредете ги компирите.rnrn5.Печете 25 минути, потоа извадете ги од рерната и превртете ги. Потоа вратете ја тавата за компирите да се печат уште 10 минути.rnrn6.Откако компирите ќе се испечат ставете ги во чинија за сервирање и одозгора издробете ја фетата.rnrn
rn1.Маслото ставете го во тава и убаво загрејте го.rn2.Излупете ја лушпата од компирите и изрендајте ги на ренде.rn3.Во компирите додадете ги останатите состојки и мешајте ги додека не добиете хомогена смеса.rnrnrnrn4. Од смесата направете топчиња, наредете ги на плех за печење и оставете ги да се оладат во фрижидер, барем 10 минути. Откако ќе се оладат, пржете ги во маслото, додека не добијат кафена боја од сите страни. Оставете ги да се исцедат на хартиена крпа.rnrnrnrn5.Послужете ги топли со малку павлака и младо кромидче како додаток.rnrnrnrn rnrn