КАФЕ ПАУЗА

Tag: калории

  • Здравствените придобивки од малините

    Здравствените придобивки од малините

    Малините спаѓаат во редот овошки кои се многу ценети поради своите лековити својства. Ова овошје е слатко и многу вкусно, а во себе не содржи голем број калории.rnrnЗдравствените придобивки од малинитеrnrnМалините се богати со растителни влакна, а се одличен извор на фруктоза, флавониди, витамини Ц и Е и минерали (особено калиум). Во себе содржи антоцијанини и полифенолни соединенија, кои се моќни антиоксиданси и имаат силна антиканцерогени својства.rnrnТие се многу здрави за нервниот систем и за крвните садови, а сокот од малини се користи и за лечење болести на желудникот и цревата. Покрај самиот плод и листот од малина може да се употреби како чај за зајакнување на срцето, лечење хемороиди и други работи.rnrnНекогаш овој чај се користел за лечење на стерилитетот кај жените бидејќи тој ги прочистува јајцеводите и има позитивно дејство на ѕидовите на матката.rnrnМалините се погоди и за исхраната на дијабетичарите бидејќи содржи многу мала количина јаглени хидрати.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку се слабее со пешачење?

    Колку се слабее со пешачење?

    Пешачењето на организмот му дава бројни здравствени придобивки, кои пред сè се однесуваат на отстранување и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. За жал, тешко може да се очекува дека со пешачењето како единствена физичка активност можат да се загубат килограми.rnrnКолку се слабее со пешачење?rnrnПешачењето, едноставно, не согорува доволно калории за да предизвика намалување на телесната тежина, освен ако не е дел од програма со други вежби и посебен режим на исхрана. Ако пешачите еден час со брзина од 2,5 км/час, што претставува нормално темпо, ќе согорите помеѓу 200 и 300 калории зависно од моменталната телесна тежина. Тоа значи дека вашата прошетка ви помогнала да согорите помалку или повеќе од две до три јаболка, или едно до две парчиња бел леб. За да симнете еден килограм треба да согорите околу 7.000 калории, а тоа би биле помеѓу 25 и 35 едночасовни прошетки со нормално темпо, зависно од телесната тежина, под услов да се применува соодветен режим на исхрана со кој се обезбедува калориски дефицит.rnrnКолку се слабее со пешачење?rnrnПешачењето може да даде некакви резултати ако се изведува на начин што овозможува согорување на поголем број калории од вообичаеното. Можете да се обидете со брзо одење или со пешачење по ридови. Во тој случај согорувањето на калориите се зголемува и до три пати.rnrnНе ве обесхрабруваме да пешачите. Тоа е одлична активност, добра е за вашето срце, но не можете да се потпрете на тоа ако целта ви е да ги отстраните масните наслаги од телото. Во таков случај треба да се обидете со трчање, спринтови, вежбање во теретана, возење велосипед, пливање, или кој било друг спорт кој ќе ви падне на памет, и секако, примена на здрав режим на исхрана.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Придобивките од одењето со велосипед на работа

    Придобивките од одењето со велосипед на работа

    Луѓето кои одат на работа со велосипед:rn

      rn011

    • имаат подобар крвен притисок, подобро ниво на инсулин во крвта и подобро ниво на триглицериди.
    • rn011

    • имаат поголемо чувство на слобода, релаксираност и возбуда во споредба со оние кои користат автомобил.
    • rn011

    • сметаат дека се поздрави откако почнале да возат велосипед.
    • rn011

    • истакнуваат дека општата здравствена состојба им е подобрена, имаат повеќе самодоверба и подобро го совладуваат стресот.
    • rn011

    • поретко се чувствуваат изморено и немаат проблеми со спиењето.
    • rn

    rnПридобивките од одењето со велосипед на работаrnrnВозењето велосипед согорува калории. Зависно од вашата тежина, можете да согорите 215-500 калории со 30-минутно возење:rn

      rn011

    • 68 килограми – 215 калории
    • rn011

    • 90 килограми – 285 калории
    • rn011

    • 113 килограми – 360 калории
    • rn011

    • 136 килограми – 430 калории
    • rn011

    • 160 килограми – 500 калории
    • rn

    rnОвие вредности се дадени за возење со брзина од 16 км на час. Бројот на согорени калории зависи од тежината, физичката спремност, брзината, бројот на угорни патишта…rnrnПридобивките од одењето со велосипед на работаrnrnСо само 3-часовно возење велосипед неделно, ја намалувате можноста за ризик од срцеви заболувања за 50%.rnrnПросечен човек губи 6 килограми во првата година кога ќе почне да оди на работа со велосипед.rnrnСекој дополнителен час поминат во автомобил на ден се поврзува со зголемување на шансите за здебелување за 6%.rnrnВозењето велосипед за на работа заштедува пари, и тоа и од аспект на патни трошоци и од аспект на здравствени трошоци.rnrnПридобивките од одењето со велосипед на работаrnrnЗа да си го олесните возењето велосипед доколку живеете далеку од местото каде што работите, можете да одите со автомобил до пола пат, да се паркирате, па да продолжите на две тркала. Секако, ова значи дека треба да го носите велосипедот секој ден во кола.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мал совет од „Фабриката на радоста“

    Мал совет од „Фабриката на радоста“

    Кока-кола овој пат навистина нè освежи, но не со некој нов вкус, туку со креативна реклама, која дури и по малку е необична за еден ваков бренд. Нè инспирира да се „одлепиме“ од столчињата, да ги кренеме нашите мрзеливи задници и да согориме малку калории…, барем оние кои ќе ги внесеме со овој пијалак. 🙂Мал совет од „Фабриката на радоста“Ако ни порачуваат дека Кока-кола и дремење на Фејсбук е лоша комбинација, тогаш рекламата е успешна, во право се. Навистина треба да ѝ се спротивставиме. 😉 Видеото е дело на Публицис – Шпанија. Погледнете го и земете ја вашата дневна доза инспирација, директно од „Фабриката на радоста“.rn

    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Колку калории трошиме кликајќи на глувчето?

    Колку калории трошиме кликајќи на глувчето?

    На оние кои се секој ден „заглавени“ пред работното биро по минимум 8 часа, сигурно ќе им се допадне оваа вест. Во новото истражување т.н. „Конвертирај сѐ во калории“, објавено од страна на сајтот PHP Science World Shinsho, е пресметано колку и како трошат калории работниците кои работат покрај биро, во текот на еден просечен работен ден. Според истражувачите, калории се согоруваат и со кликање на глувчето од компјутерот.Колку калории трошиме кликајќи на глувчето?Овој резултат е добиен врз основа на просечната величина и тежина на показалецот и силата потребна тој да се придвижи.rnrnПресметано е дека во просек трошиме 16,7 микромоли АТП (Аденозин трифосфат, молекул кој транспортира енергија во клетките) за да придвижиме грам мускули во секунда. Со оглед на тоа дека збирот на мускули потребни да се свитка показалецот изнесува 11,7 грама, при кликањето на глувчето трошиме 195 микромоли АТП (11,7гx16,7 мол/г). Има 7,3 калории во еден мол АТП енергија, така што бројот на согорени калории со едно кликање на глувчето, изнесува 1,42 калории (7,3/1.000) x 195).rnrnСо едноставни зборови кажано, трошите 1,42 калории по клик. Тоа значи дека ако кликнете 2.500 пати, можеби ќе согорите половина килограм.rnrnДруго истражување на Харвардските здравствени публикации, открило дека со 30-минутна работа на компјутер, трошиме 40-50 калории, во зависност од телесната тежина.rnrnДобиените резултати не се доволно позитивни за сите оние што согоруваат стотици калории по тренинг, да се откажат од посетување на салата за вежбање и да почнат да „топат“ калории сурфајќи на интернет од удобноста на нивниот стол, но е добро да се знае дека табелата во Ексел, не ви го вежба само мозокот. :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабете

    Куќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабете

    За вашиот дом да свети, потребно е многу труд и работа. Но, целиот тој труд и работа може да ви помогне да имате подобра фигура и да бидете во одлична форма. Бројот на калории кои се трошат за време на чистење со правосмукалка, миење садови или бришење прозори, ќе ве натераат секоја недела да правите генералка по дома.rnrnКуќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабетеrn

    Чистење на купатилото

    rnЗа полчасовно чистење на кадата можете да потрошите 200 калории. Кога на ова ќе ги додадете калориите потрошени за чистење на останатите елементи во купатилото, се добива една одлична бројка.rn

    Чистење на подовите

    rnСо едночасовно чистењето со правосмукалка се согоруваат 180 калории, додека едночасовното чистење со џогер согорува 280 калории.rn

    Готвење

    rnДа, да, добро читате. И со самото приготвување на храната се трошат калории. За едночасовно вртење низ кујната се трошат 150 калории.rn

    Местење кревет

    rnСекое утро, задолжително местете си го креветот, бидејќи со тоа трошите околу 130 калории.rn

    Бришење прозори и огледала

    rnСо полчасовно чистење на прозорите во куќата се трошат 125 калории.rn

    Собирање и фрлање ѓубре

    rnЗа еден час собирање ѓубре од дворот или од куќата ќе потрошите 105 калории. Сигурно нема да имате прилика еден час да собирате ѓубре по дома, но на неделно ниво е сосема доволно.rn

    Миење садови

    rnСо полчасовно миење садови ќе потрошите 125 калории. Ова е одлична причина зошто оваа активност да ја извршувате со мерак.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Диета за детоксикација

    Диета за детоксикација

    Диетите со течности се одличен начин да изгубите некој килограм без изгладнување, а диетите за детоксикација ќе ви помогнат да се стабилизирате после празниците. Оваа диета се препорачува да се држи од три до пет дена неколку пати годишно, најчесто после празници, за да се прочисти организмот.rnrnДиета за детоксикацијаrn

    Внесувајте многу течности

    rnТечностите се корисни бидејќи помагаат за нормално функционирање на бубрезите, црниот дроб, дебелото црево и лимфните жлезди, односно сите органи кои ги филтрираат токсините од вашето тело. Не пијте премногу ако не сте воопшто жедни, но целете кон тоа да пиете од еден до два литри дневно, плус две шолји кафе или чај.rn

    Намалете со калориите, но не драстично

    rnВнесувајте од 1.400 до 1.600 калории дневно. Ќе изгубите малку тежина, но ќе имате енергија. Доколку внесувате помалку од 1.200 калории дневно, вашето тело ќе почне да согорува од мускулната маса наместо маснотии, и плус нема да внесувате доволно витамини.rnrnДиета за детоксикацијаrn

    Започнете го денот со здрав и обилен појадок

    rnОва го слушате постојано, но вистина е. Доколку го пресконете појадокот, вие не го започнувате денот со доволно енергија и подоцна ќе внесувате повеќе храна. Започнете го денот со обилен, но пред сè здрав појадок. Пожелно е да содржи некои од следниве состојки: овесни житарици, млеко, јогурт или други млечни производи, јајца, путер…rn

    Зелена храна

    rnЗеленолисните растенија се здрави и го подобруваат метаболизмот. Вашиот ручек и вечера комбинирајте ги со зелечук. Наместо купечки сок, направете си домашен сок од зеленчук. Еве рецепт за одличен здрав пијалак. Во блендер измешајте неколку зеленчуци (како спанаќ, брокули, морков…), неколку билки и зачини (свеж ѓумбир, магдонос, цимет, морско оревче…), малку овошје за да засладите (може пола јаболко или портокал) и протеини (белка од јајце, јогурт, млеко од соја…).rn

    Кога имате потреба од обилен оброк

    rnКога сте на состанок, деловен ручек или кога едноставно чувствувате потреба за внес на повеќе калории, во ред е вашиот оброк да биде обилен, но само под услов да биде здрав. Обрнете внимание на протеините, како риба или бело пилешко месо, и на зеленчукот.rn

    Внимавајте што грицкате

    rnКога ќе добиете желба за грицки или меѓуоброк, направете си пуканки или консумирајте јаткасти плодови, овошје или сосема малку чоколадо доколку имате голема желба за благо.rn

    Не внесувајте…

    rnДодека трае овој период на детоксикација, од вашата исхрана исфрлете ги рафинираните шеќери, бело брашно, ориз, месни и млечни производи со висока масленост и газираните сокови (без разлика дали се диетални или обични).rnrnДиета за детоксикацијаrn

    Движете се

    rnДури и кога не сте расположени за тешки и долготрајни вежби и џогирање, направете макар кратки вежби и практикувајте ги секој ден. Најдете начин да се движите и пијте многу вода. На овој начин ќе ја регулирате циркулацијата на крвта и ќе ги исфрлите токсините.rn

    Глутенот и не е толку лош

    rnСекако дека треба да го избегнувате, но може да биде корисен доколку е во мали и ограничени количини. Може да ви помогне во детоксикацијата, да го намали холестеролот и да ги регулира гасовите во цревата. Внесувајте го во вид на житарици преку две мали порции дневно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Диета со течности која нема да ве изгладнува

    Диета со течности која нема да ве изгладнува

    Многумина имаат желба да симнат некое килце пред Нова година. Секако, би можеле да изгладнувате со ригорозни диети, или би можеле да консумирате повеќе течности. Ова е диета со течности со која не би морале да гладувате, почесто пијте:

    rn

    Диета со течности која нема да ве изгладнува

    rnrn

    Млеко со пониска масленост

    rnМлекото е одлична напивка за вашето здравје, како и за вашата линија. Содржи многу протеини, па со неговото консумирање ќе се чувствувате сити без да внесувате многу калории. Докажано е дека луѓето кои во просек пијат чаша млеко секој ден, имаат поголема шанса да ослабат отколку оние кои пијат половина чаша.rn

    Вода

    rn

    Две чаши вода пред секој оброк заситуваат, така што би можеле слободно да ја консумирате омилената храна, само што организмот ќе се чувствува сит и ќе изедете помалку. Одлично, нели?

    rnrn

    Какао

    rn

    Едно истражување, неодамна ја откри поврзаноста на какаото со индексот на телесните масти. Секако, со никој од наведените пијалаци не би требало да се претерува, а посебно какаото не треба да го консумирате премногу често.

    rn

    Диета со течности која нема да ве изгладнува

    rnrn

    Зелен чај

    rnЗелениот чај е познат по своите антиоксидантни дејства, го забрзува метаболизмот и помага при согорување калории.rn

    Шејк од јогурт и банана

    rnЈогуртот покрај другите благотворни дејства, често е поврзан со забрзувањето на метаболизмот. Изблендирајте половина чаша јогурт и една банана.rn

    Кафе

    rnУште една предност за консумирање кафе, неговите дејства се одлични кога станува збор за намалување на тежината. Кафето ве заситува и го забрзува метаболизмот. Секако, ви дава и повеќе енергија за да си ги извршувате обврските, а со тоа и да потрошите многу калории. Истражувањата покажале дека луѓето кои редовно пијат кафе, подолго и подобро ги издржуваат вежбите во теретана.rn

    Топла супа

    rnОброк кој ќе ве загрее и стопли. Истражувањата покажуваат дека топлата супа пред ручекот би го намалила количевството на калории кое ќе го внесете со оброкот. Супата, исто така, е „убиец“ на јаглехидратите.rn

    Сок од зелечнук

    rnВаквите напитоци изобилуваат со растителни влакна и содржат многу калиум – состојки кои се клучно поврзани со контролирањето на тежината.rnrnДиета со течности која нема да ве изгладнуваrn

    Газирана вода

    rnМеурчињата во минералната вода даваат чувство на ситост во стомакот.rn

    Чај од ѓумбир

    rnИзмешајте една четвртина лажица сушен чај во шолја со врела вода. Чајот од ѓумбир делува како регулатор на апетитот.rn

    Млеко со бадеми

    rnУниверзитетот во Барселона, во едно истражување покажа дека луѓето кои пијат бадемово млеко доживуваат пад на чувството на глад. Направете го сами со додавање грст исечкани бадеми во чаша со млеко.rn

    Млечна сурутка

    rnИзмешајте една лажичка во чаша со вода, додадете една четвртина замрзната банана и малку екстракт од ванила или бадем. Млечната сурутка не е пожелна само за билдерите, благодетното дејство е тоа што содржи речиси исто протеини како и месото, само што нема толку масти и јаглехидрати.rn

    Чај од нане

    rnМирисот на нане дејствува како регулатор на ситоста. Нането е билка која помага при варењето, така што храната побрзо поминува низ организмот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 30 лесни начини да скратите 100 калории на ден

    30 лесни начини да скратите 100 калории на ден

    Секој сака да биде во добра форма, а со тоа и да се чувствува подобро. Би се изненадиле колку е лесно да се намали бројот на калориите кој секојдневно го внесуваме. Не станува збор за изгладнување или откажување од најомилените задоволства, бидејќи на организмот му треба од сè по малку. Изгладнувањето и ригорозните диети најчесто имаат негативен ефект. Наместо тоа, сè што треба да направите е да намалите количински од храната која ја внесувате, секогаш кога имате можност да одбирате диетална храна, да ја подготвувате варена или печена наместо пржена и да ги замените полномасните млечни производи со оние со пониска масленост.rnrn30 лесни начини да скратите 100 калории на денrnrnЕве некои совети со чие применување би крателе по 100 калории дневно, што би резултирало со губење околу половина килограм месечно. Ви се чини малку? Сепак, зборуваме за здрав начин на слабеење и одржување на здравјето.rnrn1. Наместо путер, на вашиот тост или парче леб за појадок, намачкајте една лажичка овошен мармалад.rnrn2. Заменете ја вашата шолја полномасно млеко со половина шолја млеко со пониска масленост.rnrn3. Наместо две пржени јајца, изедете две варени.rnrn4. Заменете ги чоколадните житарици со овесни.rnrn5. Секогаш кога имате можност, во готвењето искористете ја само белката од јајцата.rnrn6. Како закуска направете си овошна салата со портокал и банана.rnrn7. Наместо кикиритки, грицкајте соленки.rnrn8. Кога правите домашен овошен шејк не засладувајте го.rnrn9. Дел од вашиот оброк со месо заменете го со свежи печурки.rnrn10. Доколку не можете да се откажете од мајонезот, заменете го со диетален.rnrn30 лесни начини да скратите 100 калории на денrnrn11. Грицкајте сушено овошје наместо карамели или други слатки.rnrn12. Наместо црвено вино напијте се минерална вода со вкус на цреша.rnrn13. Заменете ја пржената сланина со сушена.rnrn14. Зеленчукот гответе го дома наместо да купувате конзервиран.rnrn15. Заменете го белиот со црн леб.rnrn16. Исечете помало парче торта за десерт од вообичаено.rnrn17. Наместо купечко чоколадно млеко, во обично млеко додадете инстант за чоколадна напивка.rnrn18. Месото подготвувајте го варено или печено наместо пржено и секогаш комбинирајте го со зеленчук како грашок и моркови.rnrn19. Наместо пет коцкички чоколада или чоколадни колачиња, изедете две.rnrn20. Наместо салата со макарони, направете си салата со спанаќ.rnrn30 лесни начини да скратите 100 калории на денrnrn21. Не мора целосно да се откажете од путерот, туку употребувајте го во помали количини.rnrn22. Наместо конзервирана туна во масло, купете конзервирана туна во вода.rnrn23. Сервирајте го месото со помалку сос.rnrn24. Изедете го хамбургерот, но оставете го помфритот.rnrn25. Не јадете каков било сос со рибата, само истискајте лимон врз неа.rnrn26. Наместо филети од риба, направете риба на скара.rnrn27. Намалете ја употребата на масло и заменете го со маслиново масло.rnrn28. Наместо купечки овошен шејк, направете го дома. Измешајте филџан млеко со ниска масленост, половина филџан сецкани јаготки и половина банана.rnrn29. Направете си сендвич со мисиркино месо наместо пилешка салата.rnrn30. Наместо свинско месо, конзумирајте месо од дивеч.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ослабете гледајќи хорор филмови

    Ослабете гледајќи хорор филмови

    Сакате да ослабете малку, ама никако да се натерате да ја посетите теретаната? Постои начин да ги споите убавото со корисното, барем така тврдат научниците. Тие велат дека, можете да ослабнете и гледајќи филм, ама под услов да станува збор за хорор и тоа по можност да е многу страшен.Ослабете гледајќи хорор филмовиНаучниците откриле дека луѓето губат околу 113 калории во текот на гледање хорор филм од 90 минути, односно исто колку што се трошат во текот на пешачење од 30 минути. Филмовите кои ги држат гледачите во неизвесност, страв, грчење и паника, ги согоруваат калориите, а причината за тоа е побрзото чукање на срцето.rn
    rn

    Гледањето на вакви филмови доведува до брзо ослободување на адреналин, предизвикан од интензивниот стрес и страв кој се случува повеќе пати во текот на филмот, а тоа доведува до согорување калории“ – вели Ричард Мекензи, кој е специјалист за метаболизам на универзитетот Вестминистер.


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.