КАФЕ ПАУЗА

Tag: калории

  • Со црвени чинии до помалку килограми

    Со црвени чинии до помалку килограми

    Јадењето во црвени чинии може да ни помогне во справување со вишокот килограми, покажува студијата на неколку германски и шведски научници. Според нив, силната црвена боја ни го убива апетитот, бидејќи асоцира на опасност и на забрана.Со црвени чинии до помалку килограмиВо истражувањето, на 109 доброволци им биле послужени по 10 переци. Храната им била ставена во црвени, бели и во сини чинии. Најмалку изеле оние со црвени чинии пред нив. Друг дел од истражувањето бил спроведен врз 41 студент. Тие добиле задача да пијат чај од црвени и од сини чаши. Студентите кои пиеле од црвени чаши, конзумирале значително помалку чај.rnrnОва според научниците, треба да се искористи за позитивни промени на пазарот. Предлагаат, штетната и високо калорична храна да се пакува во црвена амбалажа, со цел да се намалат здравствените проблеми кај луѓето. Тие ги советуваат и баровите, жестоките пијалаци да ги служат во црвени чаши. Така според нив, проблематичните гости, помалку ќе пијат. Но, ако црвената боја започне да се применува на голем број производи, нивната потрошувачка може да опадне дури за 40 отсто. Толку опаѓа интересот за храна кај луѓето, кога таа им се сервира во црвено. Податоците од студијата се објавени во списанието „Appetite“.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти поврзани со храната и пијалаците

    Факти поврзани со храната и пијалаците

    Ова е период на полни трпези, па затоа ви сервираме неколку интересни факти поврзани со храната и пијалаците. :)rn

    Кафе за повеќе секс

    rnКафето е фактор број еден во расонувањето и во борбата со мамурлакот во овие празнични денови. Но, дали сте знаеле дека љубителите на кафе имаат повеќе секс од останатите? Во моќта на овој афродизијак, во моментов најмногу уживаат Финците. Тие се на врвот по конзумирање на овој напиток. Дневно пијат по дури 5 шолји кафе.rnrnСледен факт е дека зрната кафе всушност не се плодови зрна, туку се семе кое на почетокот се користело како храна. Во Африка го мешале со сланина и подготвувале т.н. енергетски топчиња. И за лековитите својства на кафето многу се зборува. Познато е дека го зголемува ефектот кај аналгетиците и дека делува како антиоксиданс, односно ја штити кожата од стареење. Ова се само мал дел од благодетите на филџанот кафе, кој секодневно го практикуваат околу две милијарди луѓе.rnrnФакти поврзани со храната и пијалацитеrn

    Кока-колата е зелена

    rnНајомилена меѓу безалкохолните пијалаци е Кока-колата. Без неа не поминува речиси ниту една забава. Ја мешаме со алкохол, со кафе и со што уште не. Знаеме многу корисни комбинации, но не и дека ако не ù се додадат вештачки бои, таа би била зелена.rnrnКока-колата е исто така и првиот безалкохолен пијалак кој се конзумирал во вселената. Направена е во 1886 година, во аптека во Атланта. Тогаш, во вкусот на Кока-колата, љубителите уживале за само 5 центи, што е еднакво на сегашните 2 денари. Ја измислил Џон Пембертон и од 1885 година до 1903 содржела кока, односно активна состојка на кокаинот. Првата фабрика за производство на Кока-кола е отворена во Франција, во 1919 година, а постоел само еден неуспешен обид да се промени оригиналниот рецепт.rnrnФакти поврзани со храната и пијалацитеrn

    Некои масти се борат против зголемениот холестерол

    rn

    Со богатите празнични трпези, несомнено внесуваме и големи количества масти. Но, не треба да се плашиме секогаш кога ќе го слушнеме овој збор. Треба да знаете дека има и позитивни масти кои го намалуваат холестеролот во крвта. Тие може да ги внесете преку оревите, лешниците, авокадото, рибата, маслиновото масло. Затоа, слободно збогатете ја трпезата и со овие хранливи продукти. Во случај пак, да сакате целосно да ги избегнете и позитивните и негативните масти, тогаш вистинскиот избор се морковите. Тие не содржат ниту еден процент маст.

    rn

    Факти поврзани со храната и пијалаците

    rnrn

    Бананите се радиоактивни

    rnБананите се природно радиоактивни. Содржат високи количества Kалиум-40. Тој е радиоактивен изотоп на калиумот. Но, не плашете се, бидејќи за да ви наштетат, треба да изедете точно 10 милиони банани. Количините кои сме навикнати да ги конзумираме, навистина не ни можат ништо.rn

    За позитивната страна на бананите има значително повеќе податоци. Тие содржат триптофан. Тој е вид протеин кој кога го внесуваме во телото се претвора во серотонин, односно во виновникот за добро расположение и среќа. Милкшејк со банана пак, во комбинација со мед, одлично се справува со мамурлакот. Бананите се корисни и за пушачите, оние кои сакаат да се откажат од овој порок. Витамините Б6 и Б12 ги убиваат симптомите од апстиненцијалната криза. Корисни ефекти има и лушпата од банана. Таа може да лекува вирусни брадавици.

    rn

    Факти поврзани со храната и пијалаците

    rnrn

    Пицата и математиката

    rnФормулата за волумен на пица е пица. Се прашувате од каде сега пак ова? Епа вака:rnrnГо земaме оригиналниот збор PIZZA и ако Z = радиус на пицата, A = висината, тогашrnPI x радиус2 x висината = Pi x Z x Z x A = PIZZA.rnrnИнаку, знаете дека пицата во минатото била храна за сиромашните. Еден од податоците е дека во Наполи, Италија, со ова тенко тесто проверувале дали и колку е загреана печката. Тестото подоцна им го продавале на сиромашните. Тие врз него ги ставале остатоците од храна, зачините со кои располагле или на кратко сè што имале и како такво го јаделе.rnrnФакти поврзани со храната и пијалацитеrn

    1.000 калории = 1 грам ТНТ

    rnСе чудите од каде ви е толку многу енергија, а сте изеле сосема малку храна. Треба да знаете дека енергетската вредност на една килокалорија (1.000 калории) е еднаква на еден грам ТНТ. Точно така, калоријата е мерка за енергија. Штом слушнеме калории веднаш ни текнува на храна, но таа не е тесно поврзана со храната, туку ја има во сè што има енергија. Калориите за храна најчесто се мерат во килокалории.rnrnКилокалоријата е количината на енергија потребна за да се покачи температурата на еден килограм вода за еден Целзиусов степен. Една калорија е еднаква на 4,184 Џули. На ист начин како што ја овозможуваат функцијата на човечкиот организам, калориите го движат и автомобилот. Така на пример, во еден литар бензин има 7.750.000 калории.rnrnФакти поврзани со храната и пијалацитеrn

    Црвената течност во сировата шницла не е крв

    rnИако се нарекува крваво месо, сепак во него нема воопшто крв. Црвената течност во средината на шницлата е всушност протеинот миоглобин измешан со водата во мускулот. Тој е високо пигментиран протеин, со нагласено црвена боја. Колку повеќе миоглобин содржи месото, толку тоа ќе биде поцрвено, односно потемно откако ќе го зготвите. Овој протеин складира кислород во мускулните клетки. Тој е многу сличен на хемоглобинот, кој пак, носи кислород во црвените крвни зрнца, процес неопходен за обезбедување енергија на активните мускули.rnrnФакти поврзани со храната и пијалацитеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со аеробик до феноменален стомак

    Со аеробик до феноменален стомак

    Дигањето тегови со цел да направите добро тело и мускулест стомак, можеби сепак е само губење време. Новите истражувања покажуваат дека најдобар начин за топење на салото околу стомакот е преку аеробик вежби. Откако истражувачите ги следеле луѓето кои правеле аеробик вежби повеќе од 8 месеци и ги споредиле нивните резултати со оние на луѓето кои дигале тегови, првите стопиле речиси 20 пати повеќе сало околу нивниот стомак.Со аеробик до феноменален стомакГрупата која правела аеробик вежби, стопила во просек околу 16 квадратни сантиметри сало, додека онаа група која дигала тегови и правела аеробик вежби комбинирано, изгубила 9 квадратни сантиметри сало. Истражувачот кој стои зад овој проект, Крис Слентз од универзитетот „Дјук“ во Северна Каролина, САД вели:rn.rn

    „Тренингот за издржливост е одличен за зголемување на силата и масата на телото. Но аеробик вежбите се подобри за губење на салото, бидејќи со нив се горат повеќе калории.“

    rnИстражувањето исто така открило дека оние кои правеле комбинации од двата стила на вежбање, не добиле никакви подобрувања од оние кои правеле само аеробик вежби. Истражувачите, салото околу стомакот го дефинирале како вицерално сало, кое се наоѓа длабоко во стомакот и ги опколува внатрешните органи. Тука не станува збор за поткожното сало. Вицералното сало е поопасно за здравјето на човекот, бидејќи се наоѓа поблиску до внатрешните органи и е поврзано со дијабетес, срцеви заболувања и некои видови рак.rnrnОва истражување е објавено во американскиот дневник за физиологија, ендокринологија и метаболизам. Во него биле вклучени 196 возрасни лица, кои имале од 18 до 70 години. Сите тие имале вишок килограми и биле поделени во 3 групи.rn.rn

    „Кога станува збор за срцеви заболувања, многу поважно е каде е стационирано салото, отколку колку го имате. Најважно е колку вежбате, колку пешачите и колку калории согорувате.“ – вели Крис

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Цитрусни овошја

    Цитрусни овошја

    Автор: Марија СмокварскаrnrnОвошките како лимон, портокал, мандарина, грејпфрут се само дел од групата цитрусни овошја. Се смета дека потекнуваат од Југоисточна Азија, но денес се култивираат секаде каде што е застапена топлата клима. Овие растенија растат како големи грмушки или мали дрвја, високи 5-15 метри со боцкави стебла. Се карактеризираат со иста градба како и другите растенија, меѓутоа се значајни по нивната арома која делумно доаѓа од содржината на флавоноиди и терпеноиди кои се наоѓаат во кората од плодот. Нивниот сок содржи висока количина на лимонска киселина која го дава нивниот остар вкус.Цитрусни овошјаКако што знаеме, тие се најголем извор на Витамин Ц. Нивните плодови се јадат свежи, се користат за ублажување на болката при каснување од пчела и да не заборавиме, нашите мајки ни ги даваат за подобрување на имунитетот во зимските периоди. Еве неколку главни карактеристики на некои од претставниците на цитрусните овошја.rn.rn

    Лимон:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Неговото дрво расте до 6 метри.
    • rn011

    • Лимоновиот сок содржи најголема количина на детоксикативни материи од сите други овошја.
    • rn011

    • Содржи 40 милиграми на Витамин Ц што е за 2/3 повеќе од човечката дневна потреба.
    • rn011

    • Лимонот има 15 калории.
    • rn011

    • Во Малезија се верува дека лимоновиот сок е оружје против злите духови.
    • rn

    rn

    .rnПортокал:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Портокаловото дрво расте 8-15 метри.
    • rn011

    • Потекнува од Индо-Кина.
    • rn011

    • Портокаловата боја на ова овошје произлегува од нивното изложување на пониски температури. Во тропските области портокалите имаат зелена боја со неколку жолти дамки.
    • rn011

    • Портокалот има 59 калории.
    • rn011

    • Калциумот во портокалот е подобро впиен, отколку калциумот во млекото. На пример, чаша млеко има 291 милиграми калциум од кој во човечкото тело се впива само 31%, додека, сок од портокал има 350 милиграми од кои се впиваат 37%. Чудно, нели?
    • rn

    rn

    .rnМандарина:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Мандариновото дрво е високо 7.5 метри.
    • rn011

    • Мандарината го добила своето има бидејќи била експлоатирана од страна на високи државни функционери во Кина (мандарини).
    • rn011

    • Мандарината има 47 калории.
    • rn011

    • Во древната кинеска медицина, се користи исушена кора од мандарина за подобрување на работата на дигестивниот систем.
    • rn011

    • Мандарината покрај Витаминот Ц, содржи и калиум, магнезиум и Витамините Б1, Б2 и Б3.
    • rn

    rn

    .rnЗелен лимон:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Неговото дрво расте до 5 метри.
    • rn011

    • Зелените лимони, најчесто се култивирани во земјите со тропска клима и се многу покисели од обичните лимони.
    • rn011

    • Кората на зелениот лимон е значаен дел од мексиканската, виетнамската и тајландската кујна.
    • rn011

    • Маслото од ова овошје се користи во парфимеријата и во процесите со ароматерапија.
    • rn011

    • Содржи 47 калории.
    • rn

    rn

    .rnЦитрон:

    rn

      rn011

    • Дрвото на цитронот расте до 15 метри.
    • rn011

    • Во фамилијата на цитрони спаѓаат неколку подвидови како на пример:
    • rn

    rn

    Цитрусни овошја
    Бел цитрон
    rnrn
    Цитрусни овошја
    Црвен цитрон
    rnrn
    Цитрусни овошја
    Помело
    rnrn
    Цитрусни овошја
    Минеола
    rn

      rn011

    • Цитронот содржи 30 калории.
    • rn011

    • Мармаладот од цитрон има одличен вкус и се смета за специјалитет.
    • rn

    rnЦитрусни овошја.rn

    Клементина:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Ова овошје се нарекува и мандарина без семка.
    • rn011

    • Неговото добивање се должи на отецот Клемент Родиер од Ангола.
    • rn011

    • Клементината е хибрид од портокал и мандарина.
    • rn

  • 4 чекори за трошење 1.200 калории дневно

    4 чекори за трошење 1.200 калории дневно

    Трошењето 1200 калории дневно не е толку тешко, иако бројката изгледа голема. Според проценките на експертите од „Health Status“, еден просечен човек со тежина од околу 50 килограми, троши 300 калории само додека спие и најмалку 1.200 калории дневно при нормалното функционирање на телото и организмот (варење на храната, дишење…). Еве неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да успеете да ја одржите вашата идеална линија, без притоа да се водите по несоодветни диети.rn

    Чекор 1 – Одвојувајте време наменето за вежбање

    rnДоколку едно лице со телесна тежина од околу 75 килограми е физички активно 30 минути, тогаш тоа соодветно ќе потроши околу 400 калории. На лицата со помала телесна маса, ќе им биде потребно малку повеќе време за да ја достигнат оваа бројка од 400 калории.rnrn4 чекори за трошење 1200 калории дневноrn

    Чекор 2 – Размислувајте како да го активирате телото

    rnДенеска на работа, наместо со автомобил или со автобус, одете пешки. Ќе заштедите и ќе се чувствувате поудобно во вашето тело. Внимавајте и да ги избегнувате лифтовите и ескалаторите. Истото така повремено работете лесни работи низ домот. Истражувањата покажуваат дека можете да потрошите 200 калории само со бришење прашина и чистење со правосмукалка.rnrn4 чекори за трошење 1200 калории дневноrn

    Чекор 3 – Никогаш не си допуштајте да ве фати мрза

    rnОва не значи дека не треба да седнете да одморите или да се опуштите лежејќи на вашиот кауч додека гледате телевизија. Но сепак, не треба пречесто да го правите ова, бидејќи човечкото тело бара постојана активност и поголем степен на раздвиженост при вршењето на секојдневните работи. Па така, во секоја дневна обврска гледајте да го активирате телото што е можно повеќе, бидејќи така со ништо можете да потрошите до 300 калории.rnrn4 чекори за трошење 1200 калории дневноrn

    Чекор 4 – Внимавајте со храната

    rnМожете да пробате да ги зголемите дневните оброци, но само бројно, не количински. Па така, наместо 3 дневни оброци пробајте истите да ги распоредите во 5 или 6, притоа обрнувајќи внимание истите да содржат храна полна со витамин ц, протеини и растителни влакна. Со самото внесување на природна и органска храна, вашето тело ќе почне да согорува калории при варењето на истата.rnrn4 чекори за трошење 1200 калории дневно

  • Зошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?

    Зошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?

    Дали ви се случило со недели да консумирате само зеленчук и овошје и да сфатите дека сте ослабеле само 1 килограм? Не сте единствени. Всушност, има голем број грешки кои жените ги прават додека држат диети, а не се свесни за истите, па на крајот од режимот се депримирани и без ронка надеж дека некогаш ќе ја намалат телесната тежина.rnrnЕве кои се најчестите грешки во вашата диета според врвните диететичари:rn.rnrn

    Размислување на краток рок

    rn„Единствениот начин да се придржувате до вашиот здрав режим на исхрана е да гледате кон него како кон нов начин на живот“ – вели д-р Венди Дојл од Британското Диететско Здружение. Според неа, луѓето кои јадат многу помалку од вообичаено во краток временски период со цел набрзина да ослабат неколку килограми, најверојатно ќе се откажат од таа идеја после неколку дена, бидејќи ќе увидат колку е тешко да се гладува. Единствен спас на вашата фигура, Венди гледа во диетите базирани на здрава храна кои е возможно да се поднесат.rnrnЗошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати? Повеќето диететичари на жените им препорачуваат да внесуваат 1 300 до 1 500 калории дневно, доколку сакаат да ја намалат телесната тежина.rn.rn

    Храна која „заборавате“ дека сте ја изеле

    rnМожеби мислите дека се придржувате до секоја буква од вашата диета. Но, ако забележувате дека не ги губите килограмите, тогаш некаде мора да грешите. Многу жени „забораваат“ дека се почестиле некоја бисквита, чоколатце или дека биле на роденден и јаделе торта. Како и да е, ако имате телесен проблем кој ви е навистина битно да го решите, тогаш водете дневник за вашата диета, во кој ќе запишувате сé што сте јаделе и пиеле. На крајот од првата недела ќе можете да увидите од каде доаѓаат тие „мистериозни“ калории во вашата исхрана.rn

    Зошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?

    rn

    Диета без физичка активност

    rnАко мислите дека со постојано намалување на калориите во исхраната и лежење по дома ќе постигнете голема промена во вашата тежина – навистина се лажете. Исклучувањето на каква било спортска активност од вашата диета е голема грешка, бидејќи вежбањето го забрзува метаболизмот и вашето тело ги согорува калориите многу побрзо. Одењето на аеробик или фитнес еднаш во неделата исто така не е доволно за да ослабете. Најдобра солуција за одржување на вашата линија е да вежбате по 20-30 минути секој ден.rn

    Зошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?

    rn

    Пропуштање оброци

    rnДоколку понекогаш ви се случува да сте „премногу зафатени“ за да јадете, најверојатно мислите дека пропуштањето на еден оброк ви е само бонус во вашата крајна цел – намалување калории. Но, диететичарите велат дека на овој начин само се залажувате себеси. Кога прескокнуваме оброци нивото на шеќерот во крвта се намалува, што за возврат ја зголемува нашата потреба и желба за јадење благо. Тоа значи дека во подоцните часови ќе изедете нешто благо, кое најчесто дебелее многу повеќе во однос на оброкот кој не сте го изеле. Истражувањата покажале дека жените кои не појадуваат, всушност внесуваат многу повеќе калории во текот на денот, отколку оние кои јадат наутро.rn

    Зошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?

    rn

    Здрава храна не е исто што и нискокалорична храна

    rnПовеќето диети препорачуваат во салатата да се користи маслиново масло наместо сончогледово бидејќи е помалку калорично, а за ужина наместо мрсен чипс да јадете јаткасти плодови. И покрај тоа што тие се здрави за вас, многу е важно да јадете ограничена количина од нив. На пример, една супена лажица маслиново масло содржи цели 100 калории, а дланка полна со јаткасти плодови – 150 калории и 13 грама масти.rnЗошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?Друга класична грешка е јадењето пилешко месо заедно со кожата, каде што има најмногу масти и истата ја зголемува калоричноста на вашиот оброк за цели 3 пати. Салата во комбинација со мајонез, павлака, месо, кашкавал и сл. исто така се опасни за вашата диета.rn

    Зошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?

    rn

    И пијалаците содржат калории

    rnМожеби се храните здраво за појадок, ручек и вечера и избегнувате да грицкате калорични ствари во останатите часови од денот, но ако пиете благи сокови, кафе со додатоци и особено алкохолни пијалаци – ете зошто не можете да ослабете. Стандардно капучино со шлаг и чоколаден прелив содржи 120 калории и 8 грама масти, а оние луѓе кои пијат алкохол додека јадат внесуваат 350 калории плус. Затоа избегнувајте калорични преливи во вашето кафе, пијте природно цедени сокови со малку шеќер и немојте да консумирате алкохол повеќе од 1-2 пати во неделата. Друг совет е да пиете нискокалорични коктели, да мешате алкохолен со безалкохолен пијалак или шприцер, бидејќи чистиот алкохол дебелее повеќе и го зголемува апетитот.rnЗошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?rn

    Пречесто мерење на вага не е добро

    rnНема ништо што повеќе ќе ве мотивира и охрабрува да продолжите да ја држите вашата диета од секојдневното гледање како се намалува бројката која ја покажува вагата. Но, диететичарите предупредуваат дека премногу честото мерење може да донесе негативни резултати. Голем број жени забележуваат дека нивната тежина варира во текот на месецот, што ги доведува до разочарување, мислејќи дека повторно качиле некој килограм. Но, варијацијата во килограмите е од друга причина – задржување на вода во организмот во текот на менструалниот циклус, поради што вагата може да покажува повеќе.rnЗошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?Здравото слабеење е доста долг процес кој не можете секојдневно да го „мерите“, а воедно не смеете да заборавате дека мускулите тежат повеќе од салото. Качувајте се на вага еднаш неделно, веднаш откако ќе станете од спиење. 500 грама е еднакво на 3 500 калории што значи дека дури и ако вагата покаже дека сте ослабеле само половина килограм, значи дека во текот на изминатата недела сте консумирале 500 калории помалку од вообичаено, на дневно ниво.

  • Грицки без грижа на совест

    Грицки без грижа на совест

    Автор: Теодора ТрповскаrnrnБез разлика дали ги гледаме омилените филмови или ТВ серии, фудбалски или кошаркарски натпревари, па дури и омилените ТВ емисии, сите знаеме дека тие се послатки и поинтересни ако го правиме тоа истовремено грицкајќи нешто.rnrnНајчесто се одлучуваме за чипсови, кикирики и чоколада во огромни количини и после имаме грижа на совест за сѐ што сме изеле за само еден час.rnrnЗатоа, видете подолу што може да грицкате, а притоа да внесете само 80 калории. Некогаш треба да се проба и нешто ново, нели?rn.rn

      rn011

    • rn

      Брауни колаче

      rn

    • rn

    rn

    1. Брауни колаче

    rnrn

      rn011

    • Ама само половинка од него.
    • rn011

    • Калории: 54
    • rn

    rn

      rn011

    • rn

      Чипс од зеленчук

      rn

    • rn

    rn

    2. Чипс од зеленчук

    rnrn

      rn011

    • Седум резанчиња и толку.
    • rn011

    • Калории: 70
    • rn

    rn

      rn011

    • rn

      Кростини

      rn

    • rn

    rn

    3. Кростини

    rnrn

      rn011

    • Едно парче француско лепче со козјо сирење, копар и маслиново масло.
    • rn011

    • Калории: 79
    • rn

    rn

      rn011

    • rn

      Ореви и брусница

      rn

    • rn

    rn

    4. Ореви и брусница

    rnrn

      rn011

    • Пет до шест ореви и малку брусница.
    • rn011

    • Калории: 65
    • rn

    rn

      rn011

    • rn

      Светло пиво

      rn

    • rn

    rn

    5. Светло пиво

    rnrn

      rn011

    • Токму ова пиво има…
    • rn011

    • Калории: 64
    • rn

    rn

      rn011

    • rn

      Чоко-переци

      rn

    • rn

    rn

    6. Чоко-переци

    rnrn

      rn011

    • Калории: 78
    • rn

    rn

      rn011

    • rn

      Зеленчуци во сос

      rn

    • rn

    rn

    7. Зеленчуци во сос

    rnrn

      rn011

    • Моркови и млада боранија во сос од павлака и сино сирење.
    • rn011

    • Калории: 76
    • rn

    rn

      rn011

    • rn

      Копан

      rn

    • rn

    rn

    8. Копан

    rnrn

      rn011

    • Калории: 50
    • rn

  • Долгорочно – до Нова година

    Долгорочно – до Нова година

    Гостински пост: Високо ЦrnrnНедела е ден кога обично моите преморени мозочни вијуги бегаат од реалноста и процесираат беспотребни и небитни информации од типот: слонот не може да скокне, на пример. Сепак, денес не е таков ден.Долгорочно - до Нова ГодинаНоздрите ми ги дразни мирис на чад, а погледот ми завршува врз мајка ми која меша ајвар во дворот. Пикантно лут. Ах тој ајвар. Со лепче и сиренце. Вечен непријател на мојот стомак.rnrnСи мислам, ќе морам малку повеќе да запнам на аеробик утре. Колку калории треба да потрошам всушност?rnrnОк. Не дека сакам да се ставам себеси во категоријата на луѓе кои бројат калории (тоа се оние кои во супермаркетите секогаш ги вртат и превртуваат производите барајќи го делот Nutrition facts), ама си велам, дај барем еднаш да ги послушам бесплатните докторски совети кои велат дека одржувањето, односно намалувањето на килограмите до посакуваната идеална тежина ќе биде успешно само ако покажете долгорочна посветеност во режимот на исхрана и вежбањето.rnrnАко е тоа така, да речеме дека сакам да изгледам „најтоп“ за новогодишната вечер. 3 месеци од денес. „Најтоп“ би значело да намалам 5 килограми. Со  режим на исхрана од 1800 калории на ден, аеробик 3 пати неделно би требало да успеам да влезам во омилениот ми цветен фустан (кој е пак во мода оваа есен). Значи, 3 оброци по 500 калории и две ужини по 150. Продолжено еспресо има само 1 калорија. Кафе со млеко и малку шеќер – 80. Ок. Изводливо.rnrnСамо, нешто се мислам. Што со сите останати кои не можат да најдат време за вежбање поради брзото темпо на 21-от век, децата, сопругот, домот?rnrnИ иако пред некој ден прочитав дека интернетот не прави (извинете!) глупави, морав да побарам решение. Овој пат имав поголема среќа. Очигледно не сум првата која помислила на овој проблем. Значи вака.rnrnЗа еден час активност:rn

      rn011

    • чистење по дома = 210 потрошени калории
    • rn011

    • пеглање или миење садови или пазарување за дома = по 160 потрошени калории
    • rn011

    • подготвување ручек = 140 калории
    • rn011

    • гледање телевизија, читање книга и опуштање = 70 калории
    • rn

    rnВо основа, потрошените калории од еден час аеробик, се исто како и збирот на потрошени калории при активности низ домот. Единствената разлика е можеби во потрошеното време и мускулатурата, но тоа не ми делува битно кога си во прекрасен фустан, со нова фризура и шминка.rnrnЗначи мои драги дами, поставете цел. Во наредните 3 месеци посветете си себеси барем еден час дневно (140 потрошени калории), почнете да вежбате или едноставно придржувајте се до оној режим на исхрана кој вам ви одговара. Едно е сигурно. Ќе се чувствувате позадоволно, поубаво, посреќно и поздраво.rnrnОвој еден час пишувајќи ви, јас потрошив 100 калории. Сега одам да ги вратам назад. Ме чека моето омилено кафе со цимет.rnrnДо следното читање, останете ми во добро расположение.rnrnВисоко Ц