КАФЕ ПАУЗА

Tag: калории

  • Овие намирници ги согоруваат мастите додека спиете!

    Овие намирници ги согоруваат мастите додека спиете!

    Дали барате нешто што благотворно ќе влијае врз вашето здравје, а истовремено ќе ви помогне во борбата против вишокот килограми преку согорувањето масти додека спиете?rnrnОвие намирници ги согоруваат мастите додека спиете!rnrnИако прејадувањето навечер не е пожелна опција, експертите се согласуваат дека не треба да легнувате гладни. Доколку се чувствувате гладни, можете да консумирате храна богата со протеини. Истражувањата покажале дека консумирањето 30 грама протеини приближно 30 минути пред спиење може позитивно да влијае на метаболизмот.rnrnАко не сте љубител на сирење, пак, не грижете се, има многу други протеински опции, од тофу, до тврдо варени јајца, па дури и грст бадеми. Ова ќе ве држи сити во текот на ноќта, додека храната ќе ви ја даде потребната енергија за зајакнување на метаболизмот и за согорување на мастите.rnrnБадемите и оревите се, исто така, одлични опции бидејќи содржат многу добри масти, а се и добар извор на протеини и витамини и минерали (витамин Е, селен, магнезиум).rnrnСепак, запомнете дека најважните работи се урамнотежената исхрана и физичката активност во текот на целата година. Експертите советуваат доволен внес на посни протеини, интегрални житарки и многу зеленчук кои ќе ве заситат, а истовремено ќе помогнат во борбата против килограмите.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да ви помогнат да го намалите вишокот килограми, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници треба да ги избегнувате кога сте под стрес.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Како можете да ја намалите телесната тежина преку консумирање протеини?

    Како можете да ја намалите телесната тежина преку консумирање протеини?

    Протеините се клучните состојки кога станува збор за слабеење. Истражувањата покажале дека тие можат да ви помогнат да го намалите апетитот. Сепак, доколку мислевте дека треба да го одбегнувате појадокот за да ја постигнете идеалната телесна тежина, се лажете.rnrnКако можете да ја намалите телесната тежина преку консумирање протеини?rnrnСпоред најновите истражувања, прескокнувањето на појадокот не влијае врз зголемувањето или намалувањето на телесната тежина. Освен тоа, причина плус за да не го пропуштите појадокот е фактот дека придонесува за подобрување на менталните перформанси.rnrnПротеините се несомнено најважните состојки за губење на тежината. Тоа е така бидејќи телото користи повеќе калории за метаболизирање на протеините во споредба со јаглехидратите или мастите. Покрај тоа, протеините ве одржуваат сити подолго време.rnrnЕдно истражување покажало дека зголемувањето на внесот на протеини кај жените од 15 на 30% од вкупните калории, им помогнало да внесуваат 441 калории помалку дневно.rnrnДруги истражувања, пак, покажале дека појадокот богат со протеини го намалува чувството за глад и придонесува за намалување на внесот на калории до дури 135 калории помалку во текот на денот.rnrnОткако прочитавте за врската меѓу протеините и губењето калории, можеби ќе сакате да прочитате и кои витамини помагаат при согорување калории.rnrnИзвор: healthline.com

  • Како пржената храна влијае врз вашето здравје и зошто треба да ја избегнувате?

    Како пржената храна влијае врз вашето здравје и зошто треба да ја избегнувате?

    Длабокото пржење односно потопувањето храна во поголеми количества масло е вообичаен метод на готвење насекаде ширум светот. Пржењето е основниот процес на готвење на производите што се дел од индустријата за брза храна. Според тоа, не би требало да ве зачуди тоа што ланците за брза храна се одликуваат со ниски цени, што од друга страна резултира со висока потрошувачка од страна на муштериите. При пржењето, храната во контакт со маслото на високи температури минува низ физички и хемиски промени при што се губат дел од хранливите состојки и се создаваат токсични материи.rnrnКако пржената храна влијае врз вашето здравје и зошто треба да ја избегнувате?rnrnВо последниве години честопати се поставува прашањето дали воопшто е здрава храната подготвена со длабоко пржење, поради што сè поголем број луѓе наоѓаат алтернативи за подготовка на своите омилени јадења. Во продолжение дознајте како пржената храна влијае врз вашето здравје и како можете да ја замените со поздрави опции.rn

    Пржената храна е висококалорична

    rnСигурни сме дека многумина од вас не можат да си го замислат животот без пржена храна која ги вклучува помфритот, рибата, пилешките стапчиња, похуваниот кашкавал, како и многу други гурмански задоволства, но на сите нас ни е познат фактот дека оваа храна содржи многу калории. При пржењето, храната ја губи водата и ги впива мастите од самото масло што дополнително ја зголемува нејзината калориска вредност. Внесувањето маснотии преку исхраната може да доведе до зголемување на крвниот притисок и висок холестерол што од друга страна, се главни фактори на ризик од развој на срцеви заболувања. Една од алтернативите што ние ви ја предлагаме е да готвите во фритеза при што нема потреба да употребувате масло затоа што фритезата работи на принципот на циркулација на топол воздух. Предноста на овие апарати е тоа што храната останува крцкава однадвор, а мека одвнатре, исто како традиционално пржената храна. Печењето во рерна е друга алтернативна опција кога станува збор за замена на пржената храна, со што храната станува крцкава и тоа со употреба на мала количина масло. Сè популарна е и употребата на маслиново масло што се користи како замена за сончогледовото.rn

    Пржената храна е богата со трансмасти

    rnТрансмастите припаѓаат на групата „лоши масти“. Според нивната хемиска структура, тие претставуваат незаситени масни киселини што се формираат при преработка на растителни масла во цврсти масти, како што е случајот со маргаринот или на високи температури при пржење на храната. Процесот на пржење ја менува структурата на мастите, така што тие стануваат потешки за апсорпција во организмот, а тоа може да доведе до негативни ефекти врз вашето здравје. Трансмастите можат да бидат причина за зголемен ризик од срцеви заболувања, рак и дијабетес. Тие придонесуваат и за зголемување на холестеролот во крвта.rn

    Пржената храна може да го зголеми ризикот од хронични заболувања

    rnИстражувањата покажале дека консумирањето пржена храна создава поголем ризик за развој на дијабетес тип 2. Исто така, споредувајќи ја групата на испитаници кои внесувале значително големи количества на пржена храна со група на испитаници што ретко консумирале ваков тип на храна, откриле дека кај првата група ризикот од мозочен или срцев удар бил поголем за 37 проценти. Друга студија покажала дека кај луѓето кои јаделе брза храна повеќе од двапати неделно, имало двојно поголема веројатност да развијат отпорност на инсулин, во споредба со оние што јаделе поретко од еднаш неделно.rnrnВажно е да знаете дека секојдневната исхрана богата со пржена храна може да доведе до сериозни здравствени проблеми, па затоа обидете се да се грижите за своето здравје така што ќе се храните поздраво.rnrnОткако дознавте зошто треба да ја избегнувате пржената храна, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници треба да ги јадете ако вчера сте јаделе нездрава и калорична храна.rnrnИзвор: centarzdravlja.rs

  • Витамини кои помагаат при согорување калории

    Витамини кои помагаат при согорување калории

    Доколку сакате да го отстраните вишокот килограми или пак да одржувате здрава телесна тежина, морате да бидете свесни за количината на хранливи состојки што ја внесувате. Исто така, сигурно сте слушнале дека некои намирници го забрзуваат процесот на согорување калории. Во тоа можат да помогнат и одредени витамини, па во продолжение ќе ви откриеме кои се тие.rnrnВитамини кои помагаат при согорување калорииrn

    Витамин Д

    rnИако некои истражувања ја докажаа поврзаноста помеѓу зголемената телесна тежина и малата количина на витаминот Д во организмот, сè уште не е утврдено дали овој витамин ги согорува калориите сам по себе. Сепак, според една анализа е покажано дека додатоците на овој витамин заедно со правилна исхрана и редовна физичка активност можат да влијаат врз намалувањето на телесната тежина.rnrnОд друга страна, недостатокот на витамин Д ја зголемува депресијата и влијае врз промената на расположението како и на квалитетот на сонот. Тоа пак, следствено влијае врз прекумерниот внес на калории.rnrnВитамини кои помагаат при согорување калорииrn

    Магнезиум

    rnОвој додаток го подобрува сонот како и одговорот на телото на стрес. Високото ниво на стрес пак, се манифестира со инсомнија, зголемен апетит и покачена тежина. Магнезиумот не ги согорува калориите, но го поттикнува процесот на слабеење, а со тоа и позитивно влијае врз промената на квалитетот на животот. Магнезиумот е присутен во семки од тиква, јаткасти плодови и намирници од цело зрно.rnrnВитамини кои помагаат при согорување калорииrn

    Витамин Ц

    rnСпоред некои истражувања, витаминот Ц му помага на телото да се ослободи од оксидативните масни наслаги. Затоа, овој витамин е поврзан со регулирањето на хормоните на стрес. Јагодите, кивите, брокулата, спанаќот, цитрусното овошје и дињите се богати со овој витамин.rnrnВитамини кои помагаат при согорување калорииrnrnОткако дознавте кои витамини можат да ви помогнат во симнувањето вишок килограми, можеби ќе сакате да научите и трик со кој ќе го преполовите бројот на калории во лебот.

  • Намирници за кои мислите дека се диетални, но всушност дебелеат

    Намирници за кои мислите дека се диетални, но всушност дебелеат

    Ако на намирниците пишува дека се диетални, не значи дека не дебелеат. Ако се обидувате да изгубите килограми, сигурно сте купиле некоја од овие намирници, убедени дека ќе ви помогне да го намалите внесот на калории.rnrnНамирници за кои мислите дека се диетални, но всушност дебелеатrn

    Диетален јогурт

    rnДиеталниот јогурт е популарен кај сите што сакаат да го намалат внесот на калории. Овој јогурт содржи помалку калории, масти и шеќер од обичниот, но диеталните јогурти честопати се повеќе обработени и имаат повеќе вештачки состојки.rnrnПокрај тоа, мастите се корисна хранлива состојка кога се консумираат во умерени количини и ви помагаат да останете сити подолго време. Ако сакате јогурт, подобро е да пиете обичен отколку диетален.rn

    Зелен чај

    rnЗелениот чај често се карактеризира како волшебен пијалок за слабеење. Иако има многу здравствени придобивки, истражувањата покажуваат дека има минимално влијание врз слабеењето. Не е штетно да пиете чаша зелен чај секој ден, но голема е веројатноста дека нема да ги изгубите вишокот килограми поради него.rn

    Оризови галети

    rnОризовите галети имаат многу малку калории, но и многу малку хранливи материи. Ќе ви требаат повеќе парчиња за да се чувствувате сити, а тоа нема да придонесе за губење на вишокот килограми.rn

    Диетални газирани пијалаци

    rnАко сте зависник од газирани пијалаци, можеби ви се чини како добра идеја да пиете диетални пијалаци наместо обични. Сепак, некои истражувања покажуваат дека пијалаците со вештачки засладувачи можат да ја зголемат желбата за шеќер и да го поттикнат зголемувањето на телесната тежина.rn

    Нискокалоричен сладолед

    rnИако се рекламираат како поздрава опција, нискокалоричните сладоледи не се толку здрави. Ако имаат помалку шеќер, најверојатно содржат повеќе заситени масти. Ако, пак, содржат помалку масти, веројатно содржат повеќе шеќер.rn

    Обезмастено млеко

    rnОбезмастеното млеко со малку мрснотии или без мрснотии се рекламира како поздрава опција, но истражувањата покажаа дека луѓето кои консумираат полномасно млеко обично имаат помалку килограми. Можеби затоа што тие се сити подолго време поради мастите што ги содржи млекото.rn

    Протеински плочки

    rnИако се смета дека протеинските плочки се здрави, за жал, многу од нив имаат многу калории, масти и додадени шеќери и тие го поттикнуваат зголемувањето на телесната тежина. Ако веќе купувате протеински плочки, нека имаат што повеќе природни состојки, но не јадете ги секој ден.rn

    Јаболков оцет

    rnЈаболковиот оцет е исто така еден од најпопуларните трикови за слабеење. Оние кои го промовираат велат дека го намалува гладот и помага при слабеење, но постојат многу малку докази што ги поддржуваат овие тврдења.rn

    Кокосово масло

    rnОва масло се промовира како сојузник во согорувањето калории, но е богато со заситени масти и може да го подигне нивото на холестерол.rnrnПрочитајте кои 11 намирници треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчки.

  • Зошто обратната диета е моментално најпопуларна во светот? Јадете сè, а килограмите исчезнуваат

    Зошто обратната диета е моментално најпопуларна во светот? Јадете сè, а килограмите исчезнуваат

    Оваа диета е создадена од фитнес-инструкторката Софија Ален. На овој начин, ќе изгубите тежина на сосема природен начин, без да чувствувате глад.rnrnЗошто обратната диета е моментално најпопуларна во светот? Јадете сè, а килограмите исчезнуваатrnrnТрикот е во тоа што треба да започнете да правите дефицит на калории. Така, намалете ги оброците за 200 калории во првата недела, потоа за уште 200 во текот на следната недели и така сè додека не стигнете до 1 400 калории во текот на денот. Исто така, постепено воведувајте физичка активност.rnrnОва е единствениот начин да изгубите тежина без да почувствувате дека сте на диета.rn

    Што кога ќе ја достигнете посакуваната тежина?

    rnПо губењето на вишокот килограми, сите се плашат од јо-јо ефектот и од враќањето на исхраната на која се навикнати. За тежината да остане непроменета, применете го истото правило, но сега наместо да ги намалувате, постепено зголемувајте ги калориите. Ќе можете да имате 3 оброци и десерт, а килограмите нема да се вратат.rnrnИдејата е полека да ги враќате калориите во вашиот живот. Започнете со внесување плус 100-200 калории ако досега сте внесувале 1 400 калории. Внесете 1 600 во првата недела, потоа 1 700 во следната и така постепено зголемувајте го бројот на калории, сè додека не стигнете до 2 000 калории на ден.rn

    „Секоја недела јадете сè повеќе и повеќе. Сè уште ќе имате дефицит на калории, но постепено ќе го навикнувате вашето тело на понормална исхрана. Во комбинација со редовна физичка активност, ова ќе ве подготви за правилен начин на исхрана и ќе ви овозможи да ги задржите резултатите“, вели таа.

    rn

    Предлог-менито на Софија изгледа вака:

    rnПојадок: кафе, омлет од белка и зеленчук, авокадоrnrnРучек: салата од пилешко, тиква, семки од тиква, раштика и морковиrnrnВечера: мелено говедско месо со мексикански зачини, тиквички, печурки и растително сирење, послужено во тортилја од пченкаrnrnДесерт: Палачинка од белка со банана, цимет и шумско овошјеrnrnПогледнете ја оваа јапонска диета со банани со која може да изгубите дури 10 килограми за две недели.

  • Дали долгите прошетки помагаат при намалувањето на килограмите?

    Дали долгите прошетки помагаат при намалувањето на килограмите?

    Иако на почетокот на годината си дадовме цврсто ветување дека ова ќе биде година на нашата најдобра форма, мотивацијата секој ден станува сè помала и помала. Недостаток на физичка активност и уживање во нездрава храна, придонесоа за прилично голем број на вагите, па затоа е вистинско време да се справиме со вишокот килограми!rnrnДали долгите прошетки помагаат при намалувањето на килограмите?rnrnПокрај правилната исхрана, не можеме да зборуваме и за слабеење без да ја спомнеме физичката активност. Неодамна, спортските сали конечно станаа достапни за нас, но тоа не значи дека тренингот со големи тежини и уредите за кои не сме сигурни како тие функционираат е единствениот начин да го воспоставиме нашето тело во форма. Она што е важно е да најдеме активност што нема да биде премногу напорна за нас и да создаде незадоволство кај нас бидејќи таков модел на вежбање не е одржлив на долг рок, а посакуваните резултати бараат дисциплина и упорност. Затоа пешачењето за многумина е омилен избор на активност, а освен што помага во слабеењето, има и релаксирачки ефект и поминувањето време на свеж воздух го подобрува нашето расположение!rnrnПрашањето што често се поставува кога станува збор за пешачењето, е колку време треба да се пешачо, и да се видат какви било резултати? Како и со секоја физичка активност, важно е да се земе предвид дефицитот на калории, односно поголемата потрошувачка на калории во однос на внесувањето, што на крајот резултира со губење на масни наслаги. Исто така, пешачењето подолго од 30 минути спаѓа во категоријата аеробни тренинзи, што всушност е одлична замена за вежби кои можеби не ви одговараат. При пешачење, најважно е да го одржувате темпото за да постигнете видливи резултати и не заборавајте да ги вклучите и рацете, што ќе согорат малку повеќе маснотии. Во просек, препорачливо е да вежбате 30 минути брзо пешачење, а сигурни сме дека секогаш можете да одвоите толку време за вашето здравје!rnrnПрочитајте и зошто утринскиот тренинг е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело?

  • Хранете се квалитетно додека сте на работа: 5 предлози за здрави оброци

    Хранете се квалитетно додека сте на работа: 5 предлози за здрави оброци

    Кога не ја кревате главата од работа, не излегувате од канцеларијата со часови или сте растрчани на сите страни, сè што ви треба е здрава закуска. Ужината со малку калории, но што го зголемува нивото на енергија, го подобрува расположението и се подготвува брзо е токму она што ви треба за здрав оброк на работа. Еве како да ги комбинирате она што се нарекува здрава исхрана и работното време.rnrnХранете се квалитетно додека сте на работа: 5 предлози за здрави оброциrn

    Ореви

    rnОревите се најдобрата опција кога станува збор за здравјето на срцето, а според истражувањето објавено во научното списание „Дијабетес, дебелина и метаболизам“, тие ја стимулираат областа во мозокот поврзана со контролата на апетитот.rnrnСпакувајте ги оревите во хартиени кеси во препорачаната количина. Во спротивно, лесно можете да претерате. Во 16 половинки ореви има 200 калории.rn

    Туна

    rnКомбинирајте мала конзерва туна (80 грама) во маслиново масло со зелена салата по ваш избор и ќе добиете ужина богата со протеини, омега-3 масни киселини и растителни влакна. Овој оброк содржи околу 330 калории.rn

    Супа

    rnПостои истражување кое покажа дека испитаниците кои јаделе супа изгубиле 50% повеќе мрснотии во пределот на половината. Ова е многу практична ужина бидејќи супата обично се готви во поголеми количини и се чува во фрижидер неколку дена, па затоа секогаш ја имате при рака. Ако работите од канцеларија, може да ја ставите супата во тегла, а потоа да ја загреете во кујната на работа.rn

    Мусли

    rnКој вели дека треба да го јадете само за појадок? Измешајте три лажици овесни снегулки со топла вода, една лажица семиња и сечкани ореви, овошје и зачини по ваш избор и ќе добиете вкусен оброк во кое било време од денот, а потоа ќе бидете сити долго време.rn

    Сладок крем

    rnЗа крај, нешто слатко, но и здраво. Какаото е намирница богата со флавоноиди и ова е многу вкусен начин да го консумирате. Растопете неколку парчиња темно чоколадо, а потоа измешајте го со неколку лажици путер од јаткасти плодови по ваш избор. Овој крем можете да го намачкате на оризови галети. Две оризови галети со две лажички крем имаат околу 200 калории.rnrnПрочитајте кои 5 намирници го подобруваат расположението во зима.

  • 8 вежби што согоруваат повеќе калории од трчањето

    8 вежби што согоруваат повеќе калории од трчањето

    На сите што планираат да ја намалат телесната тежина, трчањето е меѓу првите вежби што им паѓаат на ум. Дефинитивно може да се каже дека ова е ефикасен начин да ослабите: ако личност што има 70 кг трча 30 минути со 5 км на час, треба да потроши околу 300 калории. Сепак, некои луѓе не сакаат да трчаат, можеби затоа што чувствуваат болки во колената и зглобовите или затоа што мислат дека е досадно. Погледнете со кои други вежби можете да согорите повеќе калории отколку со трчањето.rn

    1. Скокање со јаже – 372 калории

    rn8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањетоrnrnОва не е само популарна детска игра, туку е вообичаена вежба кај многу спортисти. Скокањето со јаже може да биде одлична кардио вежба, а помага и при координација и тајминг.rn

    2. Пливање – 409 калории

    rn8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањетоrnrnПливањето е одлична опција за согорување калории и истовремено за спречување на многу болести. Тоа е ефикасен начин да се избегне дијабетес, мозочен удар и други форми на срцева слабост. Исто така, помага за зајакнување на мускулите.rn

    3. Качување по карпи – 409 калории

    rn8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањетоrnrnОва е возбудлив и забавен начин да потрошите калории. Качувањето по карпи ги активира речиси сите мускули на телото, а неговите придобивки може да се почувствуваат дури и кај вашето ментално здравје бидејќи ги зголемува фокусот и ефикасноста.rn

    4. Возење велосипед – 614 калории

    rn8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањетоrnrnСогорувањето на калориите преку возење велосипед, исто како трчањето, зависи од интензитетот на тренингот. Возењето велосипед не само што го подобрува здравјето на мускулите и на срцето, туку е и еколошки начин на транспорт.rn

    5. Степ аеробик – 372 калории

    rn8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањетоrnrnАеробикот е една од најпривлечните активности во спортските сали, обично придружена со музика за подобрување на расположението. Оваа вежба не е добра само за согорување калории, туку и за подобрување на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Бидејќи аеробикот не ги оптоварува зглобовите, може да го прават и луѓе со остеопенија или остеопороза.rn

    6. Елиптичен тренинг – 335 калории

    rn8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањетоrnrnЕлиптичните справи за вежбање се добри за вежбање на целото тело. На овој начин ќе го обликувате и долниот и горниот дел од телото. Ваквиот вид тренинг е идеален за жените кои сакаат да се вратат во форма по бременоста.rn

    7. Бурпи – 316 калории

    rn8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањетоrnrnОва може да биде една од најдинамичните калистенични вежби – го користите сопственото тело за да вежбате, со минимална или никаква опрема. Бурпите создаваат мускулен одговор на целото тело, што ви овозможува да потрошите до 10 калории во една минута, во зависност од интензитетот.rn

    8. Ракомет – 446 калории

    rn8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањетоrnrnРакометот е меѓу оние спортови со кои се согоруваат најмногу калории бидејќи играчите се движат цело време во текот на натпреварот.rn

    Бонус: Играње со деца – 372 калории (1 час)

    rn8 вежби што согоруваат повеќе калории отколку трчањетоrnrnЕден час играње со вашите деца може да биде доволно за да потрошите голем број калории. Мајките со мали деца кои немаат време да одат во теретана можеби ќе бидат среќни кога ќе дознаат за ова.rnrnЗабелешка: Вредностите споменати погоре се сметаат за просечно согорување калории кај лице кое има околу 70 кг, изведувајќи ги споменатите вежби во времетраење од 30 минути, освен каде што е наведено поинаку.rnrnПогледнете ги овие вежби со тегови за обликување на нозете и задникот.

  • Пробајте го овој трик со кој ќе го преполовите бројот на калории во лебот

    Пробајте го овој трик со кој ќе го преполовите бројот на калории во лебот

    Ако лебот ви е омилен додаток на секој оброк, но се грижите за бројот на калории што ги внесувате, експертите советуваат да го испробате овој трик со кој едноставните јаглехидрати во него се претвораат во поздрави.rnrnПробајте го овој трик со кој ќе го преполовите бројот на калории во леботrnrnЛебот често се обвинува за зголемувањето на телесната тежина, иако во повеќето случаи тоа не е точно, особено ако јадете само неколку парчиња на ден. За најштетен се смета белиот леб, кој е исто така најпродаван вид.rnrnОд прилог со јадење и сендвичи, па сè до десерти, лебот е основа во исхраната, но во последно време се смета дека е штетен за здравјето. Ова е поткрепено со фактот дека продажбата на леб се намалила за околу 40 % во последните 30 години, според едно италијанско истражување. Денес, многумина советуваат да го избегнувате лебот поради високиот гликемиски индекс.rn

    Трик што го намалува ризикот од здебелување

    rnОткако ќе купите или ќе направите домашен леб и ќе го испечете, ставете го во замрзнувач. Исто како готвењето и ладењето, замрзнувањето го претвора скробот во отпорен скроб. Тоа значи дека вашето тело добива многу помалку калории од лебот. Всушност, отпорниот скроб ги храни вашите цревни бактерии наместо да ве прави подебели.rn

    Лебот е најдобро да се јаде за појадок

    rnНајголемиот проблем со белиот леб е што поради високиот гликемиски индекс, тој премногу брзо ослободува енергија, со што се зголемува нивото на шеќер во крвта. Ова може да придонесе за развој на дијабетес тип 2, па дури и да го забрза развојот на малигни заболувања.rnrnСепак, оние кои немаат семејна историја на дијабетес, не треба да го избегнуваат белиот леб, кој е идеален за појадок затоа што тогаш го забрзува метаболизмот.rnrnПрочитајте кои 10 трикови ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни.