КАФЕ ПАУЗА

Tag: калории

  • „Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калории

    „Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калории

    Сакате да ослабете, а не знаете како да ги контролирате порциите храна? Во тоа ќе ви помогне едноставната „дланка диета“.rnrn„Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калорииrnrnКонтролирањето на големината на порциите и внесот на калории се двата најважни елементи во повеќето диети. Со т.н. „рачна“ диета нема потреба да размислувате за калориите, а порциите без проблем ќе ги држите под контрола.rnrnОваа диета се заснова на идејата за контролирање на порциите храна со помош на сопствената рака. Поточно, со помош на одредени делови од дланката. Така, препорачаната дневна количина месо, на пример, не би требало да биде поголема од големината на вашата раширена дланка.rnrnИстражувањето спроведено од Американското здружение за малигни болести покажало дека не сме вешти во менаџирањето на количината храна која ја внесуваме во организмот. На пример, просечната порција тестенини е пет пати поголема од препорачаната  количина.rnrnОтсекот за исхрана и студиите за храна на Универзитет Њујорк вината ја фрлаат на менталитетот „празна чинија“ кој ни создава погрешен однос кон храната. Луѓето од мали се учат дека мора да исчистат сѐ од чинијата пред себе, а таквото однесување подоцна преминува во навика, па во комбинација со преголемите порции доведува до натрупување вишок килограми.rnrn„Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калорииrnrnМали промени во исхраната можат да доведат до големи резултати, само мора да научите како секојдневно да ја контролирате количината на храна што ја јадете.rnrnПарче путер големо колку врвот на прстот има максимум 40 калории и тоа е сосема доволно за појадок, а ако на парчето леб намачкате полна лажичка путер, непотребно ќе внесете минимум 110 калории.rnrnМала лажичка масло има 45 калории, а голема 135 калории. Заради една лажица масло вишок на ден, во годината можете да се здебелите 6 килограми.rnrnВо продолжение дознајте колкава количина од основните и популарни намирници смеете да консумирате во текот на еден ден.rnrnНа ист начин контролирајте ги и останатите намирници од иста група и запаметете дека во јадењето свежо овошје и зеленчук не постои ограничување.rn

      rn 011

    • Месо – отворена дланка
    • rn 011

    • Риба – отворен дланка
    • rn 011

    • Јаглехидрати (тестенини, компир, ориз, леб) – затворена дланка
    • rn 011

    • Путер – врвот на прстот
    • rn 011

    • Сирење – испружен показалец и среден прст
    • rn 011

    • Мајонез, кечап и други индустриски сосови – врвот на два прсти
    • rn 011

    • Чоколадо – три испружени прсти
    • rn 011

    • Сладолед – затворена дланка
    • rn

  • Зошто да пиете кафе и чај без шеќер?

    Зошто да пиете кафе и чај без шеќер?

    Кафето и чајот се помеѓу најпопуларните пијалаци во светот. Постојат разни мислења за калоричната вредност на овие пијалаци, но според американските експерти, тие се речиси без калории. Но, проблемот е во додатоците – млеко, шеќер, а често и шлаг.rnrnЗошто да пиете кафе и чај без шеќер?rnrnЛуѓето кои ги засладуваат млекото и чајот и им додаваат млеко или шлаг, во организмот внесуваат дополнителни 69 калории. Ова го покажало истражување спроведено од американски научници.rnrnПа, кога во кафето се додава шеќер или млеко, па дури и двете, тоа станува навистина калоричен пијалак. Научниците истакнале дека според истражувањето, 68% од љубителите на кафе и 33% од љубителите на чај ги пиеле овие пијалаци со калорични додатоци.rnrnВо споредба со луѓето кои го сакаат кафето горко и без млеко, оние кои ги сакале додатоците внесувале 69 калории со секоја шолја.rnrnИако можеби овој број не изгледа голем, сепак може да предизвика дебелеење.rn

    „Нашето истражување покажа дека луѓето секојдневно внесуваат повеќе калории од потребното, а за тоа не се ни свесни“, изјавил Руопенг Анг кој го водел истражувањето.

    rnВо текот на истражувањето биле користени податоци од разни истражувања и биле опфатени 13.000 љубители на кафе и над 6.200 луѓе кои секојдневно пиеле чај. Истражувањето го опфатило период од помеѓу 2001-ва и 2012-та година.rnrnИ во двата пијалаци, калориите потекнуваат од шеќерот, особено од млечните масти. Советот на научниците и нутриционистите е да внимаваме што додаваме во кафето или чајот.rnrnДоколку сепак не можете да се откажете од млекото и шеќерот во овие пијалаци, обидете се да ги пиете поретко, односно една до две шолји дневно.rnrnДознајте и кој е најдобриот чај за вас според вашата крвна група.

  • Колку калории трошите за време на шопинг?

    Колку калории трошите за време на шопинг?

    Километрите што ги минувате за време на вашите модни излети не треба да бидат занемарени. Од денес слободно фалете се како да сте истрчале цел маратон. Имено, сигурно ќе се изненадите доколку почнете да ги броите километрите што сте ги поминале додека сте шетале по продавници и трговски центри.rnrnКолку калории трошите додека купувате?rnrnСпоред резултатите од едно британско истражување, жените во текот на само една година изодуваат дури 330 километри додека се во шопинг. Научниците потврдиле дека и жените кои се најголеми противници на теретаните и вежбањето, во просек одат 8 километри, два пати неделно, за време на вообичаените шопинг излети. Овде спаѓа и секојдневното одење во продавница по намирници.rnrnСо други зборови, со купувањето годишно трошите неверојатни 14.884 калории. Односно, без одење во теретана, трошите дури 67 чоколади, а токму пешачењето е најдобрата вежба бидејќи го одржува здравјето на срцето, го забрзува согорувањето на мастите и го поттикнува трошењето на калории.rnrnЖените кои учествувале во истражувањето носеле бројач на чекори за време на нивното рутинско купување. И испитаничките биле шокирани од резултатите.rn

    „Никогаш не ми текнало дека за време на шопинг вежбам! Сега гледам дека има вистина во тоа. Одење од продавница до продавница, истегнување кога сакам да фатам нешто од горните полици и на крај, зајакнување на мускулите кога сè треба да однесам дома“, изјавила една од нив.

    rnСепак, немојте да претерувате бидејќи овој „спорт“ може да биде навистина скап.rnrnПогледнете и колку калории на час трошите со различни активности.

  • Истражување: Кога телото троши најмногу калории?

    Истражување: Кога телото троши најмногу калории?

    Според едно ново истражување, попладневната дремка или спиењето рано навечер троши многу повеќе калории отколку ноќното спиење.rnrnИстражување: Кога телото троши најмногу калории?rnrnИстражувањето покажало дека одморањето доцна попладне или рано навечер му помага на телото да согори 10% повеќе калории, за разлика од утринските часови.rnrnОд друга страна пак, оние кои работат ноќни смени и имаат лоши животни навики, како малку спиење, се посклони кон дебелеење за разлика од луѓето кои спијат редовно и квалитетно.rnrnИстражувачите проучувале 7 испитаници во рок од еден месец. Испитаниците се наоѓале во лабораторија без прозорци и часовници, така што се забележувале промените во метаболизмот без влијанието на навиките за исхрана и активноста. На испитаниците им бил забранет пристап до Интернет и употреба на телефони, а секоја вечер оделе на спиење 4 часа подоцна од претходната.rnrnНаучниците сметаат дека причината за оваа појава е пониската телесна температура за време на ноќното спиење.rnrnПогледнете и колку калории на час трошите со различни активности.

  • Непријатели на вашата линија: 5 пијалаци кои со сигурност ќе ве здебелат

    Непријатели на вашата линија: 5 пијалаци кои со сигурност ќе ве здебелат

    Сите знаете дека треба да ги избегнувате газираните пијалаци, кои не само што се нездрави, туку и се полни со шеќер, а знаеме како тоа лошо влијае на килограмите. Проблемот кај пијалаците лежи во тоа што не сме свесни за нивната количина на калории. Некако течноста секогаш изгледа помалку опасно од големиот хамбургер и порција помфрит. Газираните пијалаци треба да ги избегнувате или да ги пиете само во некои посебни прилики, а кога станува збор за алкохолните пијалаци докажано е дека негативно влијаат врз нашата линија. Но, ќе се изненадите дека и некои други пијалаци кои со задоволство ги консумираме се сѐ само не здрави. Секако, никој не вели дека треба целосно да ги избегнувате, но добро е да бидете свесни што сѐ внесувате во вашето тело преку таа една чаша.rnrn1-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_rn

    1. Посебни видови кафе

    rnВо последните години кафето нуди многу повеќе опции од добро познатите со топло или ладно млеко, а за тоа можеме да им се заблагодариме на големите кафетерии како Старбакс чии менија често изгледаат неверојатно. Поголемиот дел од нивните рецепти се високо калорични кафиња кои со сигурност ќе ви донесат несакани вишок килограми. Но, не нудат само тие калорично кафе. На пример, леденото кафе кое можете да го купите на полиците во супермаркетите, може да содржи над 24 грама шеќер по порција, а разновидни фрапучина дури и до 500 калории по шолја. Вратете се на почетоците и избирајте класично црно кафе кое нема да го загрози вашето дневно внесување на калории, особено ако во него не ставате шеќер и млеко.rnrn2-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_rn

    2. Овошни сокови

    rnБез разлика дали пиете свежо исцеден сок или оној од тетрапак, овошните сокови не се најдобриот сојузник на вашата диета. Верувале или не, често одредени куповни сокови содржат повеќе калории отколку вашиот омилен газиран пијалак. Но, ова не значи дека треба да престанете да консумирате овошје, бидејќи тоа е неопходно за вашето здравје. Секогаш избирајте свежо цеден сок, а во него никогаш немојте да додавате дополнителен шеќер и задржете се на една чаша.rnrn3-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_rn

    3. Млеко

    rnФакт – млекото во кафето и утринските овесна каша или житарици никого нема да здебелат. Но, млекото како пијалак ќе го направи тоа. Всушност, на млекото треба да гледате како прехранбена намирница, а не како на пијалак кој ќе ве освежи и ќе ви ја изгаси жедта. На пример, една чаша млеко од 200 милилитри содржи 130 калории (ако е во прашање млеко со 3,5% млечна маст) или 97 калории (млеко со 1,5% млечна маст) и 10 грама шеќер.rnrn4-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_rn

    4. Леден чај

    rnСте го замениле омилениот овошен сок со леден чај бидејќи, како што велат производителите, содржи малку калории? Немојте да верувате на сите тие реклами и да паднете на куповните варијанти на овој освежителен пијалак. Во поголем дел од случаите ледениот чај е вистинска калориска бомба. Направете си сами свој освежувачки леден чај, без страв за тоа колку шеќер содржи во себе.rnrn5-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_rn

    5. Готово смуди

    rnСмудито е совршен избор за појадок или ужина која толку добро се вклопува со брзиот начин на живот. Често заради таа брзина воопшто не стигате да приготвите домашно смуди туку се одлучувате да купите од најблиската продавница. Но, бидете внимателни, тие се збогатени со засладувачи што ја зголемува количината на калории во едно шише. Секако преферирајте сами да си приготвувате смуди, но ако сте во брзање, изберете ги оние кои се приготвуваат во специјализирани смуди барови.rnrn6-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_rnrnПијалаците може да ви помогнат да се ослободите од непотребните килограми, па погледнете кои пијалаци ќе ви помогнат да се збогувате со непосакуваната тежина.

  • 12 намирници кои не дебелеат и можете да ги јадете во огромни количини

    12 намирници кои не дебелеат и можете да ги јадете во огромни количини

    На сите ни е познато дека не постои храна без калории, но американската нутриционистка д-р Лиса Јанг открива 12 намирници кои можете да ги јадете во големи количини, а притоа да не се здебелите. Ова листа ја сочинуваат овошје и зеленчук без скроб. Всушност, станува збор за овошје и зеленчук кои имаат многу вода, кои се многу здрави, содржат хранливи влакна кои даваат чувство на ситост и имаат многу малку калории. Иако не изобилуваат со многу протеини, тие се полни со витамини, антиоксиданси и голем број други хранливи материи кои се добри за здравјето. Д-р Јанг вели дека после секојдневното консумирање на овие 12 намирници вашиот организам ќе ви биде благодарен, а вие ќе бидете исклучително задоволни со вашата линија.rnrn1-12-namirnici-koi-ne-debeleat-i-mozhete-da-gi-jadete-vo-ogromni-kolichini-www.kafepauza.mk_rn

    1. Кељ

    rnСодржи многу малку калории. Една порција, околу 150 грама сиров кељ содржи само 33 калории, но има скоро 3 грама протеини и околу 2,5 грама хранливи влакна кои ќе ве заштитат. Содржи и омега-3 масти, кои најчесто се наоѓаат во рибата. Кељот е богат со витамини и фолна киселина.rn

    2. Целер (стебло)

    rnСкоро 95% од стеблото на целерот е вода, а богато е и со калиум, фолна киселина, влакна и витамин К. Една порција содржи 6 калории. Најдобро е да го консумирате стебленцето сирово, а треба да имате на ум и дека после пет до седум дена чување во фрижидер тој губи многу антиоксиданси.rn

    3. Боровинки

    rnУште од претходно се познати по богатството од антиоксиданси. Содржат повеќе од кое било друго овошје. Една лажичка содржи само 85 калории.rn

    4. Краставица

    rnОва овошје е составено од вода. Има многу малку калории, а најдобро е да се консумира со кора, бидејќи таа е богата со хранливи влакна и витамин А, односно бета каротин, што е одлично за видот.rnrn2-12-namirnici-koi-ne-debeleat-i-mozhete-da-gi-jadete-vo-ogromni-kolichini-www.kafepauza.mk_rn

    5. Домат

    rnНајпознат е по големата количина ликопен, кој придонесува за намалување на холестеролот и крвниот притисок, а црвените пигменти од доматот се силен антиоксиданс кој го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Најдобро е да го консумирате свеж, но здрав е и во преработен облик. Полн е со витамин А, Ц и Б2, содржи хранливи влакна, фолна киселина и калиум.rn

    6. Грејпфрут

    rnГрејпфрутот ги топи мастите и е одличен за губење килограми. Се смета за диетална намирница. Полн е со хранливи влакна, па дава долго време чувство на ситост, односно го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Во една половина од оваа овошка има само 50 калории. Витаминот Ц од грејпфрутот го намалува ризикот од бројни здравствени проблеми. Го намалува холестеролот, го подобрува варењето, штити од рак и срцеви заболувања. Тој е идеална храна за трудниците.rn

    7. Брокула

    rnДоста хранлив зеленчук кој се јаде сирово или зготвено на пареа. Содржи сулфорафан, кој делува антиканцерогено така што во цревата ја зголемува концентрацијата на некои корисни ензими. Заедно со витамините А, Ц, Е и К во една порција брокула која е лесно зготвена на пареа има само 20% од дневната количина хранливи влакна кои му се потребни на организмот. Во неа има само 31 калорија.rn

    8. Диња

    rnДињата е полна со бета каротин, изобилува со витамин А кој помага за здравјето на очите и добриот вид. Едно парче од ова овошје го збогатува организмот со калиум, но и со потребната дневна количина на витамините А и Ц. 90% од дињата е вода, а една порција содржи само 55 калории.rnrn3-12-namirnici-koi-ne-debeleat-i-mozhete-da-gi-jadete-vo-ogromni-kolichini-www.kafepauza.mk_rn

    9. Карфиол

    rnДоста хранлив, карфиолот е полн со антиоксиданси, односно кверцетин, фитохемикалии кои изобилуваат со антиоксиданси. Карфиолот помага во борбата против хроничните болести и е одличен извор на фолна киселина, хранливи влакна, витамини Ц и К. Една порција содржи 25 калории.rn

    10. Капини

    rnИсто како и останатите бобинки, така и капините се полни со витамин Ц и биофлавноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси и го спречуваат создавањето на слободните радикали. Ја зголемуваат апсорпцијата на витаминот Ц и помагаат при зачувувањето на колагенот, што е добро за кожата. Во една порција има само 62 калории.rn

    11. Портокал

    rnКога ќе се спомне ова овошје, сите ние најпрво помислуваме на витаминот Ц, но портокалот има уште многу други корисни состојки. Покрај витаминот Ц, тој е богат со витамините Б1, Б6 (фолна киселина) и А, како и со калиум, калциум и хранливи влакна. Спаѓа помеѓу најсилните борци против ракот и содржи дури 58 познати антиканцерогени состојки, повеќе од која било друга храна. Портокалот со средна големина содржи околу 80 калории.rn

    12. Јагоди

    rnВо една порција јагоди има повеќе витамин Ц отколку во еден портокал. Доволна е една порција од 150 грама за да се задоволи дневната доза на витамин Ц. Полни се со полифенол, еден вид антиоксиданс. Содржат калиум и хранливи влакна, богати се со вода (дури 90%), сиромашни со шеќер (10%) и целулоза. Тие се едно од најмоќните калорични овошја – само 35 калории на 100 грама.rnrn4-12-namirnici-koi-ne-debeleat-i-mozhete-da-gi-jadete-vo-ogromni-kolichini-www.kafepauza.mk_rnrnСекако, освен регулирањето на исхраната, важна е и физичката активност, а ние ви ги препорачуваме овие 9 забавни спортови со кои ќе потрошите најголем број калории. Бидете подготвени да им кажете збогум на килограмите!

  • 5 релаксирачки начини да согорите калории

    5 релаксирачки начини да согорите калории

    Добра вест за сите оние што немаат време за вежбање или се премногу мрзливи за да го прават тоа! Постојат одлични начини на кои можете да согорите калории без воопшто да влезете во теретана. Всушност, некои од овие активности се толку релаксирачки што можат дури и да ве успијат (едната е од нив е токму тоа – заспивање!). Прочитајте во продолжение за што станува збор.rn

    1. Направете си пенлива бања

    rn(1) 5-relaksirachki-nachini-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mkrnrnСлободно вклучете ја топлата вода во бањата и наполнете ја кадата до врв. Една неодамнешна студија од Универзитетот Лонгбороу во Англија ни покажува дека едночасовната бања во вода со 40 степени Целзиусови може да ви помогне да согорите и до 130 калории!rn

    2. Шетајте го кучето

    rn(2) 5-relaksirachki-nachini-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mkrnrnДа, вие редовно излегувате по 10-тина минути со него, но овој пат дозволете си малку повеќе време за шетање и брзо ќе забележите дека панталоните подобро ви стојат. Со подолгото и побрзото истражување на маалото со вашето крзнено пријателче, вие можете да согорите и до 225 калории за 1 час.rn

    3. Закажете масажа

    rn(3) 5-relaksirachki-nachini-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mkrnrnОва можеби е најдобрата активност на оваа листа. Сѐ што треба да направите е да се испружите и опуштите бидејќи едночасовната масажа може да ви помогне да согорите и до 67 калории! И покрај тоа што ова не е доволно за да го купите тесниот фустан што веќе некое време го гледате, сепак е подобар избор од трчањето на подвижна лента!rn

    4. Одвојте време за дремка

    rn(4) 5-relaksirachki-nachini-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mkrnrnЕве една кратка лекција по биологија: Вашето тело користи зачувана енергија (односно калории) за сѐ што прави. Започнувајќи од дишењето, па сѐ до варење на ручекот и спиењето, калориите се горат во секоја минута од денот со цел да можете да функционирате. Имајќи го тоа на ум, едночасовната дремка може да ви помогне да согорите дополнителни 68 калории! А замислете само што може да направи квалитетниот 8-часовен сон.rn

    5. Смејте се со пријателите

    rn(5) 5-relaksirachki-nachini-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mkrnrnСите ние знаеме дека е многу лесно да ги откажете плановите со пријателите по долгиот ден на работа, но освен тоа што тие се одличен начин да се ослободите од стресот, една студија од Универзитетот Вандербилт открила дека доволно е од срце да се смеете со вашите најблиски 10 до 15 минути и вие ќе согорите до 40 калории! Замислете колку ќе се зголеми оваа бројка за цел час!rnrnПрочитајте ги и овие 5 необични активности кои согоруваат ист број калории како и трчањето!

  • 5 необични активности кои согоруваат ист број калории како и трчањето

    5 необични активности кои согоруваат ист број калории како и трчањето

    Постојат многу работи и активности кои наводно гарантираат позитивно влијание на слабеењето, но сѐ што звучи премногу добро за да биде вистинито всушност и навистина е премногу добро за да биде вистинито. Сепак, кога науката ќе ги вмеша своите прсти, па ќе докаже дека нешто навистина е вистинито, тогаш тоа е сосема друга приказна. Подгответе се да се изненадите, но и да се воодушевите со ултра лесните начини со кои ќе согорите голем број калории правејќи скоро ништо!rnrnWoman running on the beach at sunsetrn

    1. Дали знаевте дека тапкањето со нозете во место согорува 350 калории дневно?

    rnДали ви е позната онаа ситуација кога нервозно тапкате, чукате со стапалото по подот или со прстите по масата, нервирајќи ги колегите околу себе? Па, немојте да престанете да го правите тоа! Истражувањата покажаа дека на овој начин дневно можете да согорите и до 350 калории што е секако подобро од мирното седење, зар не? Оваа „акција“ е всушност микро кардио тренинг кој на подолго време и тоа како може да допринесе да ослабете.rn

    2. Дали знаете дека пиењето зелен чај согорува 180 калории дневно?

    rnЗелениот чај многупати е спомнуван како моќно средство за согорување на масните наслаги и забрзување на метаболизмот, па ова најверојатно не треба да ве чуди. Едноставно, зелениот чај е чудотворен! Сепак, за навистина да забележите некој ефект, би требало подолго време да пиете поголеми количини зелен чај дневно, а научниците се согласиле дека околу 8 шолји дневно е доволно за да забележите напредок во слабеењето.rn

    3. Дали знаевте дека со потењето согорувате од 200 до 600 калории за половина час?

    rnОва е навистина импресивно! Значи, половина час седење во сауна и вие ќе согорите доста калории и тоа седејќи. Освен тоа што буквално ќе се истопите, исто така, ќе се ослободите од штетните материи, па вашата кожа ќе стане мека, сјајна и мазна. Доколку не сакате сауна, можете да искористите термо ќебе, да се замотате во него како бурито, да седите и да се потите, но и да се ослободите од вишокот течности во организмот.rnrn2-5-neobichni-raboti-koi-sogoruvaat-ist-broj-na-kalorii-kako-i-trchanjeto-www.kafepauza.mk_rn

    4. Дали сте знаеле дека со чистењето на домот согорувате 100 калории на час?

    rnАктивностите изберете ги сами: вшмукување, бришење на подот, чистење на бањата… Не само тоа што вашиот дом ќе блеска, туку и ќе ја исфрлите целата негативна енергија, ќе се чувствувате подобро, но и ќе согорите калории. Што се однесува за нас, ние веднаш започнуваме да чистиме.rn

    5. Дали знаевте дека топлата купка согорува 140 калории на час?

    rnТопла, ама баш топла. Лежите и согорувате калории исто како да одите на прошетка. Сјајно, зар не? Инаку, истражувањата се извршени на две групи испитаници. Едната група возела велосипед за време од еден час, а другата група  уживала во топла купка за истото време. Секако, велосипедистите согореле повеќе калории, но и капачите не поминале лошо. Тие согореле 140 калории, исто како да биле на лесна прошетка со траење од половина час. А уживањето во купката е поголемо, зар не?rnrn3-5-neobichni-raboti-koi-sogoruvaat-ist-broj-na-kalorii-kako-i-trchanjeto-www.kafepauza.mk_

  • Науката открива: Топлата бања согорува исто толку калории колку и вежбањето во теретана

    Науката открива: Топлата бања согорува исто толку калории колку и вежбањето во теретана

    Соблечете ги вашите патики и подгответе си топла бања! Сигурни сме дека најновите откритија многу ќе им се допаднат на сите луѓе кои ја мразат лентата за трчање. Доколку сакате да ги потрошите калориите што сте ги внеле преку оној вкусен хамбургер, уживањето во топла бања звучи многу подобро од потењето во теретана, се согласувате?rnrn(1) Науката открива: Топлата бања согорува исто толку калории колку и вежбањето во теретанаrnrnПред да престанете со читање, бидејќи сето ова ви звучи предобро за да биде вистинито, одвојте уште некоја минута за да дознаете што вели науката на оваа тема. Штом науката има вмешано прсти, значи мора да има барем малку вистина во ова тврдење!rnrnСпоред докторот Стив Фолкнер, истражувач од универзитетот Лоубороу, топлата бања има сличен ефект како оној на вежбањето. Освен тоа, таа помага во спречувањето на дијабетес тип 2. Тој нагласил дека топлите бањи отсекогаш биле познати како методи на релаксација, но неодамна научниците откриле како ова „пасивно загревање“ може да ви го подобри здравјето и да ги согори калориите.rnrnВо истражувањето учествувале 14 испитаници и секој од нив поминал еден час во топла купка од 40 степени Целзиусови. Потоа, истите луѓе еден час возеле велосипед, а доктор Фолкнер и неговиот тим ги испитувале согорените калории и нивото на шеќерот во крвта. Секој тест бил специјално направен за да ја покачи телесната температура за еден степен со цел истражувачите да видат колку калории ќе бидат согорени.rnrnТие откриле дека сепак возењето велосипед согорило повеќе калории, но топлата бања согорила исто толку калории колку и 30-минутното пешачење. Доктор Фолкнер исто така нагласил дека нивоата на шеќерот во крвта биле слични и во двата случаи, но нивото на шеќерот во крвта по јадење бил 10% понизок кога испитаниците поминале еден час во топла бања за разлика од тоа кога вежбале.rnrnОсвен тоа, вежбањето има антиинфламаторни карактеристики што му помагаат на телото да се бори со различни болести, но и пасивното загревање го има истиот ефект кога станува збор за воспаленија.rnrnИако можеби не треба целосно да се откажете од вежбањето, слободно додадете и по некоја топла бања во вашиот распоред за да постигнете уште поголеми резултати.rnrnЗа да си овозможите максимално уживање, дознајте како да ја претворите вашата бања во спа-центар.

  • Не ја пропуштате вечерата? Еве што се случува со вашето тело доколку јадете после 19 часот

    Не ја пропуштате вечерата? Еве што се случува со вашето тело доколку јадете после 19 часот

    Сигурно сте ја слушнале изреката „појадувај како крал, ручај како принц, а вечерај како сиромав“, што значи дека појадокот би требало да ви биде најбогат, да ручате умерено, а вечерата да ви биде најмалиот оброк во денот. Постои страв и верување дека сѐ она што го јадете навечер ќе ве здебели и дека токму тие калории ќе се претворат во сало. Се прашувате дали ќе се здебелите ако јадете после 19 часот? Одговорот е не.rnrnНе ја пропуштате вечерата? Еве што се случува со вашето тело доколку јадете после 19 часотrnrnКога некој ќе ви каже дека е на диета, најчесто ви вели дека својот последен оброк мора да го изеде пред 18 или 19 часот, затоа што ако јаде подоцна може да се здебели. Па дури и многу спортисти живеат во страв дека сѐ што ќе изедат доцна навечер ќе се претвори во масти и во сало, затоа што храната нема да успее да се разгради додека спијат. Некои навистина губат по неколку килограми откако ќе одлучат да не јадат пред спиење, а таквиот резултат е затоа што тие едноставно јадат помалку. Од друга страна, многумина несвесно ги надополнуваат калориите кои нема да ги внесат вечерта, така што јадат повеќе преку ден, па не успеваат да направат никаква промена.rnrnАко јадете навечер или непосредно неколку часови пред спиењето, нема да се здебелите, таа храна нема автоматски да се претвори во масти и да создаде нови масни наслаги. Масните наслаги настануваат кога јадете вкупно повеќе калории отколку што трошите, а не е важно во кое време од денот ќе ги внесете. Вашиот метаболизам работи и ја разградува храната и во текот на ноќта, а она што сте го изеле пред спиење ќе ве здебели единствено ако тоа е вишок.rnrnНе ја пропуштате вечерата? Еве што се случува со вашето тело доколку јадете после 19 часотrnrnЗначи, важна е вкупната количина храна која ја јадете, а ако сакате да ги изгубите вишокот килограми, мора да внимавате да внесувате помалку калории отколку што трошите, при што не е важно кога ќе јадете. Ако вежбате во вечерните часови, дури пожелно е да имате оброк после тренирањето, кога на телото му се потребни нутриенти за адаптација по физичката активност, па затоа тогаш слободно можете да јадете некој оброк кој метаболизмот добро ќе го разгради и искористи.rnrnИсто така истражувањата покажуваат дека големите оброци секогаш помагаат полесно да ја поминете диетата, да чувствувате помалку глад и болка, како и да имате поквалитетен сон. Внимавајте на вкупната количина која ја јадете во текот на денот, а ако ви одговара, слободно консумирајте поголем оброк и навечер, без да стравувате дека ќе се здебелите.