КАФЕ ПАУЗА

Tag: калории

  • Намирници што треба да ги јадете ако вчера сте јаделе нездрава и калорична храна

    Намирници што треба да ги јадете ако вчера сте јаделе нездрава и калорична храна

    Подуеноста, бавното варење и другите проблеми со варењето на храната се јавуваат како резултат на лоша исхрана, но постојат намирници што може да ја поправат штетата. Брзиот начин на живот придонесува да немате време за здрави оброци, но овие неколку намирници може да ги поништат ефектите од нездравите намирници.rnrnНамирници што треба да ги јадете ако вчера сте јаделе нездрава и калорична храна rn

    Чиа семе

    rnСо само две лажички чиа семе, ќе му обезбедите на вашето тело доволно растителни влакна што ќе влијаат на варењето на храната, а поради антиоксидантите што ги содржи, чиа семето ќе ги отстрани токсините од телото.rn

    Супа од месо

    rnБез разлика дали готвите пилешко, телешко или риба во вода, таа ќе биде богата со хранливи материи, а бидејќи е лесно сварлива, веднаш ќе му ги обезбеди потребните хранливи материи на организмот.rn

    Морски алги

    rnМорските алги се богати со витамин Б12 и ќе ја отстранат подуеноста. Покрај тоа, тие се богати со калциум, фосфор, магнезиум, железо и калиум и се добри за целокупното здравје.rn

    Сок од алое вера

    rnСокот од алое вера е одличен за чистење на цревата, а исто така го намалува воспалението и ги штити цревата. Овој сок ја зголемува количината на добри бактерии во цревата и со тоа помага при варењето на храната.rn

    Чај од глуварче

    rnСо пиење чај од глуварче ќе ги елиминирате подуеноста и насобраната вода во телото, а со подготовка на чај од корен од глуварче, ќе го зачувате здравјето на желудникот, но може и да изгубите тежина.rn

    Ореви

    rnКонсумирањето ореви ќе ги реши проблемите поврзани со чувствителниот стомак, но и со подуеноста.rnrnПрочитајте кои намирници го исфрлаат вишокот течности од телото и го намалуваат крвниот притисок.

  • Колку газирана вода е премногу и дали може да ја замени обичната вода?

    Колку газирана вода е премногу и дали може да ја замени обичната вода?

    Љубителите на газираната вода велат дека им помага при варењето на храната, па дури и го задоволува нивниот глад. Експертите советуваат да се пие природна негазирана вода, но има многу луѓе кои не можат да живеат без шише газирана вода во куќата.rnrnКолку газирана вода е премногу и дали може да ја замени обичната вода? rnrnНо, колку е здрава, всушност, оваа втора опција?rnrnДодека газираните сокови од половина литар можат да имаат до 600 калории, а нивната содржина на шеќер е поголема од просечното чоколадо, обичната газирана вода нема калориска вредност. Треба да се внимава на оние со вкус – ако водата содржи додадени вкусови, шеќер или лимонска киселина, не е здрава како природната. Нутриционист споделува дека постои одредена загриженост во врска со верувањето дека газираните пијалоци можат да носат проблеми со забите, но се чини дека овој ефект е позастапен кај газираните пијалаци засладени со шеќер.rnrnАко сте загрижени, откако ќе се напиете газирана вода исплакнете ја устата со обична вода. Студија од 2001 година открива дека газираната вода навистина предизвикува повеќе проблеми на забот отколку негазираната вода, но нивото на оштетување е сè уште ниско и скоро не постои во споредба со другите газирани безалкохолни пијалоци.rnrnДруга студија, од 2007 година, открила дека газираната вода со вкус ги има истите штетни материи како и сокот од портокал кој го купуваме. Ако сте забележале дека прекумерното пиење газирана вода предизвикува подуеност, не заборавајте да ја намалите количината. Пијте чаша со оброк, но оставете вашиот примарен извор на хидратација да биде обичната вода.rnrnПрочитајте зошто е добро да јадете мешунки?

  • Како да знаете колку благо е премногу благо?

    Како да знаете колку благо е премногу благо?

    Дури и ако сте на диета, понекогаш нема да можете да одолеете да посегнете по грицки или по колачи и да се наградите малку. Но, повеќето луѓе јадат премногу слатка храна. Дали некогаш сте прочитале на декларациите на ваквите производи што пишува за големината на препорачаната дневна порција? Ако не сте прочитале, можеби ќе бидете изненадени.rnrnКако да знаете колку благо е премногу благо?rnrnСпоред новото истражување на компанијата „PoundToy“, големината на препорачаните порции се разликува од она што луѓето се навикнати да го јадат, што значи дека повеќето луѓе се прејадуваат со грицки.rnrnЕве што велат експертите за препорачаните дневни порции на некои од вашите омилени закуски:rn

    1. Чоколадо

    rnВо пакувањето од 200 грама млечно чоколадо пишува дека препорачаната порција е 47,5 грама, што значи дека можете да јадете околу една петтина од чоколадото или во предот: може да скршите околу пет коцки.rnrnАко сте љубител на мали чоколадни бонбони, како што се „Smarties“, треба да знаете дека препорачаната дневна количина изнесува 15 до 17 бонбони.rn

    2. Чипс

    rnПрепорачаната доза за чипс во кутија, како што е брендот „Pringles“, е од 13 до 15 листови чипс.rnrnВо големо пакување од 175 грама, има шест порции, што значи дека треба да имате по малку за секој ден во текот на целата недела. Ако купите помало пакување од 55 грама, препорачаната дневна порција чипс е околу 30 грама, така што имате барем 1,5 порции во тоа пакување.rn

    3. Газирани и слатки пијалаци

    rnГазираните пијалаци се полни со шеќер и со калории, па затоа навистина треба да бидете внимателни, а препорачаната дневна количина е 250 милилитри. Сепак, не се препорачува да пиете газирани пијалаци секој ден.rn

    4. Бонбони

    rnМногумина не можат да им одолеат на гумените бонбони, но бидете внимателни. Дури и мало пакување од 100 грама содржи околу 350 калории, а дозволената порција е само 78 калории.rnrnЗначи, препорачаната порција гумени бонбони е само 5 бонбони. Но, повеќето луѓе веројатно не знаат како да прекинат да ги јадат.rn

    5. Житарки

    rnЖитарките, како што е овесната каша, се одличен избор за здрав појадок, но само ако се држите до препорачаната доза. Една порција содржи 30-40 грама, што значи дека едно стандардно пакување од 750 грама содржи околу 20 порции.rnrnЗа појадок, доволно се околу 30 грама или околу 3 лажици житарки.rnrnСе разбира, овие мерки не се препорачуваат ако ја консумирате оваа храна секој ден. Препорачаната доза зависи и од тоа колку калории сте внесле за време на главните оброци, па затоа во некои случаи е подобро да ги прескокнете слатките и грицките. Но, ако посегнете по нив, имајте на ум дека сите горенаведени мерки завршуваат како вишок килограми и мрснотии во телото.rnrnПрочитајте како да пресметате колку чаши вода треба да пиете секој ден.

  • Со овие вежби ќе изгубите најмногу калории

    Со овие вежби ќе изгубите најмногу калории

    Безброј пати е кажано дека слабеењето во никој случај не треба да биде главната причина за започнување со вежбање. Сепак, ако е можно само да се мотивирате, нема ништо лошо во тоа, затоа што многу брзо ќе дојдете до посакуваниот изглед, а ќе почуствувате и други придобивки.rnrnКако што кажавме, вежбањето е активност што му е потребна на секој, без оглед на бројот на килограми или изгледот. И покрај ова, знаеме дека разликата видлива за окото е најдобрата мотивација. Ова се кардио вежби кои можат да бидат доста тешки ако сте почетник, но многу брзо е можно да го фатите ритамот и да ги изведувате скоро сите. Кардио вежбите ги активираат сите мускули на телото, ја подобруваат циркулацијата и општата состојба на телото и се одличен „издувен вентил“ по напорниот работен ден. Споменатиот вид вежби можете да ги практикувате во спортски сали, но и во удобноста на вашиот дом, како и на отворено. Затоа ви предлагаме да го изберете местото што најмногу ви одговара и едноставно да започнете. Она што ви гарантираме е дека многу брзо ќе видите и чувствувате подобрување, по што ќе се запрашате зошто претходно не сте го вклучиле вежбањето во вашето секојдневие!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=CBWQGb4LyAM&feature=emb_titlernrnМожеби ќе сакате да ги пробате овие 6 вежби за подобрување на сексот и на сексуалниот живот.

  • 6 вежби за подобрување на сексот и на сексуалниот живот

    6 вежби за подобрување на сексот и на сексуалниот живот

    Иако сексот може да се смета како вежба, експертите се согласуваат дека не е најефикасен за намалување на килограмите и за согорување на маснотиите. Едно истражување покажа дека мажите согоруваат 4,2 калории во една минута за време на сексот, а жените согоруваат 3,1 калорија во минута. Со оглед на тоа што просечното времетраење на сексот е помалку од 20 минути, овие бројки не се баш најдобри. Иако сексот не е толку ефикасен кога станува збор за губење на тежината, вежбањето може да биде многу ефикасно за подобрување на вашиот сексуален живот и за придобивките што ги имате од него.rnrn6 вежби за подобрување на сексот и на сексуалниот животrn

    На кои делови од телото треба да обрнете внимание?

    rnИако вежбањето има корисен ефект врз човечкото тело и врз сексуалниот живот, истражувањата велат дека треба да се фокусирате на одредени делови од телото, односно на карличните мускули. Едно истражување докажа дека дури и по породувањето, по само осум недели правење вежби за карличните мускули и за карлицата, се забележува зголемување на ефективноста на сексот. Со оглед на сите овие информации, експертите решија да создадат серија вежби со кои ќе го подобрите вашиот сексуален живот и ќе ги вратите силата и виталноста.rnrnПогледнете кои вежби треба да ги правите за подобрување на сексот и на сексуалниот живот.rn

    Планк (20 секунди)

    rn6 вежби за подобрување на сексот и на сексуалниот животrn

    Мост (15 повторувања)

    rn6 вежби за подобрување на сексот и на сексуалниот животrn

    Клекни-стани во скок (10-15 повторувања)

    rn6 вежби за подобрување на сексот и на сексуалниот животrn

    Кегелови вежби за карлица (10 повторувања со задржување од 5 до 10 секунди)

    rn6 вежби за подобрување на сексот и на сексуалниот животrn

    Склекови (10-15 повторувања)

    rn6 вежби за подобрување на сексот и на сексуалниот животrn

    Поза гулаб (по 1 минута од секоја страна)

    rn6 вежби за подобрување на сексот и на сексуалниот животrnrnПогледнете ги овие 5 индиски вежби за ослободување од масните наслаги на стомакот што даваат најдобар резултат.

  • 5 причини зошто вашето смуди не е најздраво

    5 причини зошто вашето смуди не е најздраво

    Дури и зеленото смуди, за кое многумина веруваат дека е најздравата опција, може да содржи несакани калории, шеќер и масти. Тоа што вашето смуди содржи многу овошје и зеленчук не значи дека има малку калории и дека е добро за вас. Ако не избирате внимантелно што ќе ставите во него, вашиот омилен пијалак може да биде виновникот за несаканите калории. Сепак, тоа е многу поздрава алтернатива на класичните сокови.rnrn5 причини зошто вашето смуди не е најздравоrnrnИсто така, смудито може да биде здрав појадок доколку содржи избалансирани хранливи материи вклучувајќи протеини, јаглени хидрати и здрави масти. Ако не внесувате доволно зеленчук во вашиот организам, смудито е одличен начин да вклучите повеќе зеленчук во вашата исхрана. Тоа ќе му обезбеди на вашето тело голема количина на витамини А и К, влакна и други хранливи материи.rnrnСепак, смудито може да биде главниот виновник што не можете да ги намалите килограмите, а еве зошто е тоа така:rn

    1. Вашата чаша за смуди е преголема

    rnПроблемот со овие пијалаци е што тие може да содржат многу поголеми количини овошје и зеленчук без да бидете свесни за тоа, односно внесувате многу повеќе отколку што би јаделе ако се во нивната природна форма. Исто така, на тој начин ќе внесете многу повеќе јаглени хидрати, шеќери и калории.rn

    2. Вашето смуди содржи премногу состојки

    rnОреви, авокадо, кокосово масло, јогурт – ова се состојки што драматично го зголемуваат внесот на калории, па можете полесно да ја зголемите телесната тежина отколку да ја намалите.rn

    3. Претерувате со засладувачите

    rnАко го сакате смудито поради неговиот сладок и неодолив вкус, веројатно претерувате со засладувањето. Не е важно дали користите шеќер, мед или јаворов сируп, преголемото внесување на вакви производи ќе резултира со зголемување на телесната тежина.rn

    4. Не јадете со лажица

    rnНа овој начин ќе забавите и нема да го испиете смудито со брзина на светлина. Освен тоа, кога ја џвакате храната, вашето тело лачи хормони што го зголемуваат чувството на ситост.rn

    5. Пиете смуди во погрешно време

    rnНајдобро е да уживате во смудито по вежбањето или во тој период од денот кога сте најактивни.rnrnПрочитајте како да го започнете денот со здраво смуди од авокадо и ф’стаци.

  • Обожувате тестенини? Со овој трик драстично намалете ги калориите

    Обожувате тестенини? Со овој трик драстично намалете ги калориите

    Повеќето калории во вашата дневната исхрана доаѓаат од јаглехидратите, а со овој трик драстично ќе ги намалите калориите што доаѓаат од вашите омилени тестенини и тоа може да ви помогне при слабеењето.rnrnОбожувате тестенини? Со овој трик драстично намалете ги калориитеrnrnТестенините, колку и да се вкусни, сами по себе содржат скроб што не е особено добар за нас. Значи, 100 грама тестенини содржат околу 390 калории, а најголемиот дел од нив е скроб, кој во нашето тело се претвора во шеќер, односно се складира во облик на маснотии.rnrnСепак, научниците имаат добри вести за сите љубители на тестенини – постои начин како да се намали бројот на калории во нив. Сè што треба да направите е да не ги јадете веднаш по готвењето, туку да почекате да се изладат и повторно да ги загреете. Откритието всушност било случајно направено во телевизиски експеримент.rnrnВо него на испитаниците им било давано да јадат тестенини, а потоа им го мереле нивото на шеќер во крвта на секои 15 минути. Оние кои изеле свежозготвени тестенини, имале дури двојно повисоко ниво на шеќер во крвта од оние кои изеле иста количина тестенини, кои прво биле изладени, а потоа повторно биле стоплени.rnrnПо повторното загревање, скробот во тестенини се однесува повеќе како оној во гравот, бананите или овесот – велат истражувачите. Со други зборови, загреаните остатоци од храна за ручек или вечера, барем што се однесува до тестенините, се поздрава опција. Поточно, ова го намалува ризикот од дијабетес, како и од дебелеење.rnrnМожеби сакате да дознаете и за персонализираната исхрана: Здравје, по ваша мерка!rn

  • 12 начини на кои може да го избегнете вишокот килограми за време на празниците

    12 начини на кои може да го избегнете вишокот килограми за време на празниците

    Не мора да им одолевате на вашите омилени специјалитети!rnrnСамо запомнете неколку едноставни правила кои ќе ви помогнат да избегнете прејадување и прекумерна телесна тежина.rnrn12 начини на кои може да го избегнете вишокот килограми за време на празницитеrnrnЕве 12 начини како да не се здебелите овој Божиќ…rn

    1. Ограничете го бројот на состојките

    rnГарантираме дека храната воопшто нема да изгуби на вкус ако ја ограничите количината на калории. Доволно се мали промени: на пример, кога подготвувате колачи додадете 1/3 помалку шеќер од вообичаеното; кога готвите, користете свежи билки наместо сол и печете го месото во фолија, без маснотии. Рибите не треба да пливаат во маснотии, а во салатите додадете масло со помалку калории. Додајте зачински билки при готвењето затоа што тие ќе го забрзаат метаболизмот.rn

    2. Одете на празнично пазарување со список

    rnБлагодарение на ова, со поголема веројатност ќе ги купите само производите што ви се потребни и нема да бидете фасцинирани од сите божиќни колачиња и нездравите грицки во супермаркетите. Со правењето список, можете да ги избегнете не само непотребни килограми – туку и дополнителни трошоци.rn

    3. Не ја пробувајте храната додека готвите

    rnПонекогаш тоа е вистински предизвик, но вреди да се воздржите. Пробајте ги веќе подготвените оброци, но не јадете ги додека готвите. Ако мирисот или изгледот го зголемува вашиот апетит, земете здрава закуска – ореви или овошје.rn

    4. Не гладувајте на Бадник

    rnЧекајќи го Бадник или божиќната вечера, не изгладнувајте се. Ако постите цел ден, нема да знаете колку ви е доста за време на вечерата. Поради ова, ќе изедете двојно повеќе од нормалното. Ова не значи дека треба да имате богат ручек пред Бадник – но треба да изедете ужинка или лесен оброк во текот на денот.rn

    5. Не правете резерви од храна за една недела

    rnКога подготвуваме божиќни оброци, обично претеруваме. Сепак, вреди да се запамети дека премногу богатата трпеза значи дека ќе изедете повеќе тешки оброци – не само за време на празниците, туку и по нив. Колку пати сте го дојале она што останува од Нова година? Совет: По празниците, не дојадувајте ги божиќните јадења и не чувајте го она што ќе остане во фрижидер. Подгреаното месо и салатите што траат неколку дена не се ниту вкусни ниту здрави. Наместо тоа, подгответе помалку храна и внимателно испланирајте ги оброците.rn

    6. Пред да започнете со гозбата испијте чаша вода

    rnЕдноставен трик што ќе ве направи помалку гладни за време на вечерата. Чаша вода не само што ќе го намали вашиот апетит, туку ќе го забрза и вашиот метаболизам. Пијте многу вода, особено ако пиете и алкохол.rnrnПродолжете да читате на следната страница...rn

  • Уживајте без грижа на совест: Ужинки кои имаат помалку од 100 калории

    Уживајте без грижа на совест: Ужинки кои имаат помалку од 100 калории

    Кога започнувате со држење диета, најголем проблем е да се издржи оној период меѓу оброците кога се јавува чувството на глад. Во тие моменти е тешко да ѝ се одолее на храната и да се остане доследен, меѓутоа со овие нискокалорични грицки, целиот процес станува многу полесен.rnrnУживајте без грижа на совест: Ужинки кои имаат помалку од 100 калорииrnrnДобрата вест е дека доколку сте на пат кон постигнување на подобра фигура на телото, не мора во целост да се откажете од меѓуоброците кои ги сакате. Треба само паметно да ги бирате и оние кои имаат многу калории да ги замените со поздрави варијанти.rnrnНутриционистката Тери Ен Нанс верува дека губењето килограми и понатаму е можно ако одберете нискокалорична храна која ќе ја јадете помеѓу оброците.rn

    „Кога имате ужинки меѓу оброците, обезбедувате постојан проток на енергија што може да ја намали ненадејната потреба за јадење која пак, може да доведе до тоа да направите лош избор“, вели таа.

    rn

      rn 011

    • Чаша јогурт
    • rn 011

    • Мала кесичка пуканки
    • rn 011

    • Едно Јаболко
    • rn 011

    • Едно варено јајце
    • rn 011

    • Житна плочка
    • rn 011

    • 5 гумени бонбони
    • rn 011

    • 2 тенки парчиња мисиркино месо
    • rn

    rn

    „Трудете се секогаш при рака да имате некои од овие грицки, за да не посегнувате по некои нездрави варијанти. Најдобар избор е храната која е богата со протеини, бидејќи токму тие го даваат чувството на ситост во текот на денот и помагаат при градењето на мускулите.“

    rnДоколку броењето калории не е за вас, погледнете ја оваа „дланка диета“ со која можете брзо да ослабете без да броите калории.

  • Колку килограми треба да изгубите во еден месец, а притоа да не го нарушите здравјето?

    Колку килограми треба да изгубите во еден месец, а притоа да не го нарушите здравјето?

    Сите барем еднаш во животот се нашле во ситуација кога сакале набрзина да изгубат вишок килограми. Но, борбата со килограмите навистина знае да биде исцрпувачка и тешка. Па, колку килограми смеат да се изгубат за месец дена, а притоа здравјето да не се наруши? Одговорот на ова прашање го имаат експертите за храна.rnrnrnrnАко се придржувате до одреден план на исхрана во месец дена можете да очекувате разумно губење од 3 и половина до 4 и половина килограми. Губењето пола килограм масти е еднакво на 3.500 калории што значи дека ако сакате да изгубите килограми во една недела мора да го смалите внесувањето на 1.000 калории дневно.rnrnНе е лошо да запишувате што сте изеле во текот на денот за да знаете колку калории сте внеле. Запишувањето на секој залак изгледа заморно, но докажано делува. Консумирањето 1.000 калории дневно може да звучи застрашувачки многу, но ако размислите колку леб, печиво и колачи јадете во текот на денот ќе ви стане јасно дека бројката и не е така голема.rnrnЕве неколку примери како личност од 68 килограми може да изгуби околу 1.000 калории само со вежбање.rn

      rn 011

    • Трчање на лента, 20 минути – 299 калории
    • rn 011

    • Вежбање на Орбитрек, 30 минути – 179 калории
    • rn 011

    • Градно пливање, 30 минути – 189 калории
    • rn 011

    • Кикбокс, 30 минути – 357 калории
    • rn

    rnНајдобриот совет што можете да го добиете е „да јадете помалку, а повеќе да се движите“. Диетите што ветуваат повеќе од 9 килограми месечно се штетни за здравјето бидејќи ќе мора да вежбате повеќе од она што е оптимално за вас и ќе јадете помалку од препорачаната количина.rnrnАмериканска академија за прехрана и диететика препорачува жените никогаш да не јадат помалку од 1.200 калории, а мажите помалку од 1.800.rnrnДознајте и кои точки да ги масирате на телото за да се ослободите од вишокот килограми.