КАФЕ ПАУЗА

Tag: јакна

  • Капути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезона

    Капути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезона

    Како што наближуваат есенските денови, сè повеќе размислуваме за неизбежните палта и капути. Нивната главна улога е да нè топлат, но тие се и едни од главните парчиња облека што го одредуваат нашиот стил. Без разлика дали претпочитате класичен или шик стил, секому од вас му е потребна солидна колекција од капути и јакни. Не грижете се, ние сме тука да ви помогнеме да се подготвите за студените зимски денови и ноќи така што ќе ви откриеме кои капути ќе бидат во тренд оваа зима.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrn

    Кожни јакни

    rnКожните јакни се секогаш добар избор затоа што им стојат добро на сите. Чоколадните нијанси се најпопуларни оваа сезона, иако нема да погрешите доколку се одлучите и за класична, црна кожна јакна.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrn

    Јакни со принтови

    rnНеобичен пресврт кога станува збор за традиционалните зимски јакни. Додека полека се ослободуваме од ограничувањата поради пандемијата, очекуваме да ги гледаме ваквите дезени во што поголем број.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrn

    Блејзери

    rnВо светот на модата овие парчиња облека отсекогаш заземале значајно место, а стилистите препорачуваат кремасти нијанси за есенските и зимските месеци.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrn

    Палта од вештачко крзно

    rnВештачкото крзно е идеално за есенската и зимската сезона. Ваквите крзнени палта не само што се лесни за одржување, туку и секогаш се во тренд.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrn

    Мантил

    rnОвој капут е секогаш во мода. Без разлика дали ќе се одлучите за класичната кафеава или црна нијанса, нема да погрешите затоа што совршено добро им прилега на сите.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrn

    Пуф-јакни

    rnПопуларни неколку сезони по ред, овие јакни лесно се вклопуваат со секое парче облека и обувки.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrnrnДоколку ви се допадна нашиот избор, ви препорачуваме да прочитате и кои 5 модели на чизми се хит оваа есен според модните стилисти.

  • Зошто не треба да седите зад воланот во зимска јакна или палто?

    Зошто не треба да седите зад воланот во зимска јакна или палто?

    Холандскиот автомобилски клуб „ANWB“ ги повика возачите и патниците да ги соблечат своите дебели јакни и палта додека се во своите автомобили. Во спротивно, тие ризикуваат да се здобијат со сериозни повреди во случај на несреќа.rnrnЗошто не треба да седите зад воланот во зимска јакна или палто?rnrnПредупредувањето доаѓа откако „ADAC“ ги објави резултатите од своето истражувањето.rn

    „Дебелото палто не само што ве ограничува во возењето, туку претставува и друг сериозен ризик. Ова го покажаа најновите тестови на несреќа. Симулирана е ситуација во сообраќајот во која возрасна и детска кукла во зимска облека биле врзани со сигурносен појас во автомобил“, објаснува Маркус ван Тол од „ANWB“.

    rn

    Тешки повреди

    rn

    „Поради зимската облека, има простор помеѓу појасот и телото, така што појасот го сече стомакот длабоко во моментот на сопирање или удар. Ова може да предизвика повреди на меките ткива, како што се цревата, црниот дроб и слезината или да доведе до внатрешно крварење“, додава Маркус ван Тол.

    rnПоради тоа, ризикот за повреда на органите е помал ако појасот се наоѓа поблиску до телото.rn

    „Препорачуваме да ја соблечете јакната или да ја облечете преку појасот. Исто така, децата треба да бидат врзани на овој начин. Ако ви е ладно, секогаш можете да го засилите греењето“, заклучуваат холандските експерти.

    rnПогледнете ги овие трикови за автомобилот што ќе го направат секое возење попријатно.

  • Нов тренд кој конечно ја турна моторџиската кожна јакна во сенка

    Нов тренд кој конечно ја турна моторџиската кожна јакна во сенка

    Моторџиската кожна јакна е едно од омилените парчиња облека на секоја девојка, но сега изгледа дека има силна конкуренција. До мината есен, таа беше најчесто гледаниот модел на улиците, но сега сè почесто гледаме малку поинаков модел. Станува збор за малку поширок и поедноставен модел кој ги освои трендсетерките и љубителките на модата.rnrn

    rnrnЗборуваме за кожното сако! Овој удобен и топол модел ќе ја освои есента годинава и без сомнение ќе го гледате насекаде околу вас кога време ќе залади. Кожното сако било актуелно во 90-тите години, и со воодушевување се пречека оваа сезона. Кожното сако лесно се вклопува во лежерни варијанти, но и во елегантни и формални. Тоа навистина изгледа шик.rnrn

    rnrnНајдобро оди со фармерки, панталони, фустани, здолништа… на кратко, тоа оди со сè! Дефинитивно е парче облека во кое треба да се инвестира. Па, ако ве заинтересиравме, инспирирајте се од фотографиите на овие три девојки кои успешно го комбинирале, притоа привлекувајќи ги сите погледи кон нив!rnrn

    rnrnПогледнете ги и овие 3 есенски парчиња облека што никогаш не излегуваат од мода.

  • 8 начини да ја носите кожната јакна како вистинска Њујорчанка

    8 начини да ја носите кожната јакна како вистинска Њујорчанка

    Никој не може да ја носи кожната јакна толку добро како Њујорчанките. Можеби Французинките се наоѓаат на првото место за најстилизирани жени во светот, но Њујорчанките се веднаш зад нив, на високото второ место. Овие девојки се поразлични, оригинални, а нивни улични модни комбинации истовремено и нè восхитуваат и нè воодушевуваат. Токму затоа, денес позајмуваме неколку трикови од нив, поточно неколку есенски модни комбинации кои во себе вклучуваат кожна јакна. Секако, знаете дека кожната јакна е задолжително парче за оваа есен, а еве како можете да ја комбинирате со останатите есенски парчиња облека.rnrn1-8-sjajni-nachini-kako-da-ja-nosite-kozhnata-jakna-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    1. Со целосно црни модни комбинации

    rnКожната јакна и црното од глава до пети се една од оние комбинации кои се вечни и секогаш занимливи и инспиративни. Патики, рамни обувки или високи потпетици – изборот е ваш, а доколку сакате рок стил, ваквиот начин за стилизирање на кожната јакна треба да стане ваша мантра.rnrn2-8-sjajni-nachini-kako-da-ja-nosite-kozhnata-jakna-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    2. Со свилено здолниште и високи потпетици

    rnАко сакате да го споите женственото и „опасното“, тогаш носете ја кожната јакна со лесни, свилени здолништа или фустани кои изгледаат како ноќница. Целиот изглед „зачинете“ го со високи потпетици. Ако оваа модна комбинација не направи да се почувствувате како вистинска заводничка со која нема шега, тогаш не знаеме која друга би можело.rnrn3-8-sjajni-nachini-kako-da-ja-nosite-kozhnata-jakna-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    3. Со цветно здолниште и сандали на платформа

    rnУште една романтична, а сепак бунтовничка варијанта е спојот на кожна јакна и лелеаво здолниште со цветен дезен. За да ја зголемите бунтовничката страна, задолжително изберете платформи. Со ваквата комбинација, одлично ќе одговара посилна шминка. Откако ќе се подготвите, време е да ги освоите улиците во градот.rnrn4-8-sjajni-nachini-kako-da-ja-nosite-kozhnata-jakna-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    4. Со панталони со принт и бела кошула

    rnДоколку сакате нешто покласично и „примерно“ за секојдневни прилики, тогаш едноставната комбинација од панталони со принт и класична бела кошула, „освежете“ ја со кожна јакна во моторџиски стил. Одберете и некои впечатливи аксесоари и заблескајте во оригинално издание, дури и во канцеларијата.rnrn5-8-sjajni-nachini-kako-da-ja-nosite-kozhnata-jakna-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    5. Со миди здолниште и блуза со натпис

    rnМиди плисираните здолништа се доста популарни, а доколку ги комбинирате со машка блуза со натпис, ќе добиете кул модна комбинација која е одлична за некои секојдневни прилики. Секако, кожната јакна е задолжителна во овој случај.rnrn6-8-sjajni-nachini-kako-da-ja-nosite-kozhnata-jakna-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    6. Со макси фустан со принт и чизми до глуждови

    rnСакате да се чувствувате како во „џунглата“ во Њујорк? Тогаш совршен избор за вас е долг фустан со животински принт кој ќе го „смирите“ со кожна јакна и омилените чизми до глуждови. И ова може да биде одлична рок комбинација за бунтовничките со причина.rnrn7-8-sjajni-nachini-kako-da-ja-nosite-kozhnata-jakna-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    7. Со тесни фармерки и чизми во иста боја

    rnТесните фармерки и кожната јакна се љубов која ќе трае засекогаш, а ако избирате кожна јакна во некоја впечатлива боја, секогаш можете да направите одлична модна комбинација така што ќе облечете и чизми во истата боја. Монохроматскиот стил е прифатлив, дури и кога боите кои ги користите не се црна, бела или крем.rnrn8-8-sjajni-nachini-kako-da-ja-nosite-kozhnata-jakna-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    8. Со тесни фармерки и оксфордки

    rnИли, носете ја класичната кожна јакна и оксфордки, за „момчешки“, но стилски ефект.rnrn9-8-sjajni-nachini-kako-da-ja-nosite-kozhnata-jakna-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rnrnКако што кажавме, Њујорчанките се наоѓаат помеѓу најстилизираните луѓе во светот, па погледнете уште неколку совети како да се облекувате како Њујорчанка.

  • Планирате да купите нова кожна јакна? Еве што сѐ треба да знаете пред да го направите тоа!

    Планирате да купите нова кожна јакна? Еве што сѐ треба да знаете пред да го направите тоа!

    Ни доаѓа есента, а со неа и менувањето на гардеробата, односно се враќаат некои парчиња облека кои најмногу сакаме да ги носиме и поради кои го сакаме ова годишно време. Помеѓу првите, а можеби и најмногу сакано и користено парче облека е кожната јакна која ниту една личност со стил на ја избегнува, па токму поради тоа секогаш треба да ја изберете внимателно и паметно. Ако се одлучивте за шопинг по нова кожна јакна, некои од овие работи мора да ги знаете.rnrn1-planirate-da-kupite-nova-kozhna-jakna-eve-shto-sѐ-treba-da-znaete-pred-da-ja-kupite-www.kafepauza.mk_rn

    1. Изберете го вистинскиот крој

    rnКога избирате кожна јакна за себе, тогаш е важно да ја пронајдете онаа која најмногу ќе ви одговара, токму затоа што ќе ја носите во сите доби од денот и ноќта, но и во сите прилики. Ако ви е потребна за променливиот период, тогаш изберете јакна со памучна или тенка постава, додека пак ако сакате да ја користите и во текот на зимата тогаш нејзината постава треба да биде од волна или некој друг топол материјал. Сѐ зависи од тоа колку често ќе ја носите и со што ќе ја комбинирате, но нека ја следи линијата на вашето тело, бидејќи така одлично ќе ја следи и секоја ваша модна комбинација.rnrn2-planirate-da-kupite-nova-kozhna-jakna-eve-shto-sѐ-treba-da-znaete-pred-da-ja-kupite-www.kafepauza.mk_rn

    2. Боја

    rnСекако, најкласичен и најсигурен избор се јакните во црна и темно кафеава боја. Нив можете да ги носите секогаш и секаде, односно да ги комбинирате со сите парчиња облека. Меѓутоа, постојат кожни јакни и во други бои, како што се на пример крем, розова, црвена, зелена… Ако сакате да си играте со вашите модни комбинации и ако модата за вас е една игра која знаете како да ја играте, тогаш изберете кожна јакна во некоја необична боја. Запомнете дека не мора секогаш да изберете класичен стил.rnrn3-planirate-da-kupite-nova-kozhna-jakna-eve-shto-sѐ-treba-da-znaete-pred-da-ja-kupite-www.kafepauza.mk_rn

    3. Кожната јакна одговара на сѐ

    rnИ кога се вели сѐ, се мисли на апсолутно сѐ. Можете да ја комбинирате со други парчиња облека, со најразлични материјали, спортски, елегантни, но и сосема свечени модни комбинации. Со рамни обувки, високи потпетици, патики, таа секогаш ќе изгледа одлично, што всушност допринесе таа да биде една од најомилените и најважните парчиња облека во нашите гардеробери.rnrn4-planirate-da-kupite-nova-kozhna-jakna-eve-shto-sѐ-treba-da-znaete-pred-da-ja-kupite-www.kafepauza.mk_rn

    4. Детали

    rnКога сме веќе кај класичниот стил, веќе долго време едноставните модели на кожни јакни не се наоѓаат помеѓу најбараните парчиња облека, туку девојките се одучуваат за оние модели со различни патенти, нитни и други додатоци кои главно се во сребрена или златна боја. Токму таков модел изберете и вие, бидејќи ќе биде одличен детаљ на секоја ваша модна комбинација.rnrn5-planirate-da-kupite-nova-kozhna-jakna-eve-shto-sѐ-treba-da-znaete-pred-da-ja-kupite-www.kafepauza.mk_rn

    5. Вистинска или „лажна“ кожа?

    rnЕдно од најчестите прашања кога се во прашање кожата и крзното е тоа дали да се избере лажен или вистински материјал? Ова е одлука која треба да ја донесете врз основа на вашите убедувања и вашата финансиска состојба. Имајте на ум и дека често можете да пронајдете јакни од некои материјали кои се со доста добар квалитет и многу личат на вистинска кожа. Меѓутоа, ако покрај одличниот изглед квалитетот ја „игра“ поважната улога, тогаш би требало да избирате парчиња облека од вистинска кожа.rnrn6-planirate-da-kupite-nova-kozhna-jakna-eve-shto-sѐ-treba-da-znaete-pred-da-ja-kupite-www.kafepauza.mk_rnrnОткако ќе ја пронајдете и купите совршената јакна за вас, погледнете како да ја одржувате вашата кожна јакна.

  • Јакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?

    Јакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?

    Јакната е парче облека кое е потребно во повеќето годишни времиња. Речиси секој има повеќе јакни во својот плакар: Потенка за пролетните и есенските денови, модерна, дебела зимска, елегантна и слично. Но, дали сте помислувале некогаш во својот плакар да внесете јакна од „човечко месо“?rnrnЈакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?rnrnВсушност, станува збор за вештачко човечко месо, затоа што пред сѐ тоа би било нелегално, но оваа јакна изгледа доволно реално за сепак да биде ужасна и да ве вознемири. Имено, таа е направена од рачно шиен латекс и силикон, а доколку сакате да ја имате врз себе, треба да одвоите 1.200 долари!rnrnЈакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?rnrnТаа е опишана како неверојатна јакна која со сигурност ќе ве одвои од толпата и ќе ве направи поразлични од другите. Но, не само тоа, туку сигурно доколку излезете облечени со неа, вие ќе се соочите со многу чудни погледи. За целата ситуација уште повеќе да вознемирува, Кајла Арена објаснува дека создавањето на јакната е инспирација од серискиот убиец Ед Геинс кој околу неговата куќа правел објекти со остатоците од неговите жртви.rnrnЈакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?rnrnПокрај јакната од „човечка кожа“, Кајла во својата колекција ја додава и оваа бизарна чанта.rnrnЈакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?rnrnА исто така и овие чизми.rnrnЈакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?rnrnШто мислите вие за јакната и додатоците? Би ги носеле ли на себе?

  • 10 важни совети за правилно перење во машина за алишта и сушење на зимската јакна

    10 важни совети за правилно перење во машина за алишта и сушење на зимската јакна

    Купувањето зимска јакна не е евтина инвестиција, па затоа сите ние внимателно постапуваме при нејзиното перење. Главно се препорачува да ја носиме на хемиско чистење, но понекогаш сме присилени да ја испереме дома, во машината за перење алишта. Многумина при перењето и сушењето на ова парче облека искусиле големи проблеми кои знаеле да резултираат со згрутчени пердуви во внатрешноста на јакната поради кои таа го изгубила својот првобитен облик. За да не ја уништите вашата омилена зимска јакна, тогаш прочитајте ги советите кои ги споделуваме со вас.rnrn1-10-vazhni-soveti-za-pravilno-perenje-vo-mashina-za-alishta-i-sushenje-na-zimskata-jaknarn

    Перење

    rn1. Немојте да перете повеќе јакни одеднаш. Зимната јакна во текот на перењето ќе се надуе и ќе заземе поголем простор во машината, па затоа внимавајте да не ја пренатрупате и перете само една јакна.rnrn2. Немојте да користите класичен детергент. Задолжително перете ја јакната со пердуви со течен детергент за чувствителна облека или пак, со специјализиран детергент за овој тип облека.rnrn3. Пред перењето во машината ставете топчиња. Силиконски или пак тениски – изберете сами и никако немојте да заборавите на нив, бидејќи тие ќе го спречат згрутчувањето на пердувите во текот на перењето. Немојте да се плашите ако јакната од машината излезе непрепознатлива, бидејќи со правилното сушење ќе ја вратите во првобитната состојба.rnrn4. Перете ги овие јакни на програмата за чувствителна облека. Секоја машина има поразлични програми, но за перењето на јакните со пердуви секогаш избирајте ги оние за чувствителна облека во кои температурата на водата не преминува преку 30 или 40 Целзиусови степени.rnrn5. Не перете ја премногу и избегнувајте ја центрифугата. Јакните од пердуви не мора да ги перете повеќе од еднаш или максимално два пати годишно, а кога ќе ги перете немојте да користите центрифуга.rnrn2-10-vazhni-soveti-za-pravilno-perenje-vo-mashina-za-alishta-i-sushenje-na-zimskata-jaknarn

    Сушење

    rn1. Ако се одлучите да ја сушите на воздух, тогаш почекајте ветровит ден. Перењето на јакната испланирајте го однапред и задолжително проверете ја временската прогноза доколку планирате да ја суштите на воздух. Односно, пожелно е времето да биде ветровито, бидејќи токму ветрот ќе помогне за побрзо и полесно сушење на јакната.rnrn2. Редовно протресувајте ја јакната во текот на сушењето. Можете да ја ставите на жица или пак на сталажа за сушење алишта, но задолжително протресувајте ја од горната и долна страна за да ги распоредите пердувите. Фатете ја за јаката или горниот дел и протресете ја, а потоа за долниот и повторете ја постапката.rnrn3. Обрнете внимание на згрутчените пердуви. На јакната од пердуви ѝ е потребно доста време да се исуши, понекогаш и од 2 до 3 дена ако ја сушите во текот на влажно и студено време и без помош на ветар. Сè додека имате проблеми со „кршењето“ и растресувањето на згрутчените пердуви, тоа значи дека јакната однатре е влажна, па поради тоа пердувите не се одвојуваат. Јакната на изглед и на допир може да изгледа потполно суво, но грутките се знак дека однатре сè уште не е исушена.rnrn4. Бидете внимателни со машината за сушење. Ако ја ставите јакната во машина за сушење, секогаш правете го тоа на најниската температура, никогаш на висока. Брзото сушење на висока температура ќе го исуши само надворешниот дел, а однатре ќе ја остави влажна. Во машината за сушење задолжително ставете силиконски или тениски топчиња исто како и кај перењето.rnrn5. Центрифугата е последното решение за собраните пердуви. Перењето и сушењето на јакната со пердуви во домашни услови секогаш е ризично и мора да знаете дека секогаш постои можност да се оштети. Токму поради тоа не се препорачува користење на центрифуга во текот на перењето. Меѓутоа, кога во целост ќе ја исушите јакната, но не сте задоволни со конечниот изглед и начинот на кои пердувите се распределиле, јакната можете да ја ставите на програмата за сува центрифуга со најслаба брзина. Тоа може да ви помогне во целост да ги растресете пердувите, но тоа секогаш нека биде последното решение.

  • 5 видови јакни што одговараат на сечија градба

    5 видови јакни што одговараат на сечија градба

    Од една страна не ја сакаме есента, но сепак не можеме да негираме дека истовремено и ѝ се радуваме, бидејќи оваа годишна доба со себе носи толку нови трендови, убави бои и слоевито облекување кое нам ни нуди безброј совршени, тренди комбинации. Тоа е единствената причина зошто ги бараме поладните денови – за повторно да ги носиме нашите омилени јакни, сакоа и капути! А еве кои 5 модели ќе бидат задолжителни во наредниот период. И да, сигурно ќе ви одговараат, бидејќи одговараат на сечија градба.rnrn0-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_rn

    1. Модерно сако

    rnМодерното сако, со женствен крој ќе ѝ одговара на секоја девојка, без оглед на тоа како е таа градена. Тие се одличен избор како за работните комбинации, така и за оние лежерните кога ќе посакате да ги направите атрактивни и урбани. Значи, можете да ги носете секогаш и секаде и да изгледате апсолутно стилизирано.rnrn2-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_ 3-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_rn

    2. Преголем капут

    rnДоколку ги сакате лежерните, удобни комбинации тогаш можете да го надополните вашиот изглед со преголеми јакна, сако или капут. Во нив ќе изгледате доста атрактивно и модерно, а освен тоа ќе се чувствувате удобно, топло и пријатно. Значи, совршено за есен! Затоа и ние гласаме за овој модел.rnrnProcessed with VSCO with e3 presetrnrn5-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_rn

    3. Јакна со рамен крој

    rnУште еден модел на јакна или капут кој ќе ви одговара без оглед на тоа како сте градени е онаа со рамен крој. Таа е одлична за сите модерни „камуфлажи“, бидејќи лесно се вклопува како со формалниот стил, така и со лежерниот. Со овој модел ќе можете лесно да си играте и да експериментирате.rnrn7-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_ 6-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_rn

    4. Струкирано сако

    rnДоколку сакате да го нагласите вашиот струк, а притоа и понатаму да изгледате стилизирано, тогаш направете го тоа со помош на струкираното сако. Тоа ќе направи да изгледате женствено, но сепак професионално и угледно, совршено дури и за сериозните работни комбинации. А за оние лежерни прилики заедно со сакото понесете и впечатлив накит и уживајте во ултра модерната комбинација.rnrn8-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_rn

    5. Капут со А крој

    rnНа крај, занимлив избор за занимливите есенски денови е капутот и сакото со А крој. Подолг, со краеви кои благо се шират, создава одличен избор за секоја професионална девојка со стил и став! Зар не се сјајни? Во нив со сигурност ќе изгледате занесно и моќно!rnrn9-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_rnrn

  • Модни совети: Како да ги комбинирате кожните парчиња облека оваа пролет?

    Модни совети: Како да ги комбинирате кожните парчиња облека оваа пролет?

    Секоја година, периодот од крајот на зимата до раната пролет е најдобар за конечно да направите големо средување во вашиот гардеробер и да ја замените облеката од дебел материјал за онаа вистинската пролетна, од провидни тенки материјали и весели бои. Меѓутоа, еден посебен материјал се издвојува во текот на сите сезони, а тоа е дефинитивно кожата. Секое дневно парче од кожа може добро да се искористи и да се носи во текот на зимата и раната пролет. Затоа секоја облека која сте ја носеле досега од кожа, немојте да ја пакувате за „зимски сон“, бидејќи одлично ќе ви послужи за комбинирање со облеката од пролетни тенки материјали.rnrn1-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rnrnКожните парчиња секогаш добро доаѓаат во оние пролетни денови кога температурата се намалува, па така кожната јакна само ќе ја префрлите врз белата, памучна блуза и ќе добиете нешто модерно и корисно. Оваа комбинација е секогаш во тренд, а кожата плус како материјал и грее. Па, каде ќе пронајдете нешто подобро од тоа да ги носите кожните парчиња и во текот на пролетта?rnrn2-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rnrnЕве неколку примери како да ги комбинирате:rnrnДобрата кожна јакна е една од главните парчиња во гардероберот на секоја жена, бидејќи нејзината употреба е повеќе од значајна за секоја ваша модна комбинација. Во пролет комбинирајте ја со тенки материјали и тренди облека како што се пантолоните со кратки и широки ногавици. Бидејќи кожната јакна и овој модел на пантолони се доволно ефективни парчиња облека, посакувано е да облечете некоја секојдневна блуза, а обувките секогаш можат да бидат впечатливи.rnrn3--modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rnrnКожната јакна навистина може да се носи буквално со сè, па затоа не мислете се дали да ја облечете со фустан од чипка, ниту пак со долг летен фустан од провиден материјал. Оваа комбинација е еднакво совршена исто како да ја споите кожната јакна со обични фармерки. Уште поинтересно е доколку фустанот е од разлетан материјали со интересни дизајни. Со ова комбинација можете да облечете балетанки или пак, плитки патики.rnrn4-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку сте практикувале кожниот шорц да го носите исклучиво во зима со дебели хулахопки, сега е вистинско време да пробате нешто ново и интересно, а тоа е кожниот шорц да го облечете на гола нога и со блуза. Овој модел слободно можете да го носите и во пролет, бидејќи без оглед на тоа што ја сметате кожата повеќе како зимски материјал, тоа не е правило и тој одлично се комбинира со останатите пролетни аутфити. Во зависност од тоа што повеќе сакате, можете да изберете и рамни обувки, балетанки или уште подобро кратки чизми до зглоб кој ќе дадат додатен шик на вашиот изглед.rnrn5-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rnrnБлузата од кожа може да ви звучи претерано и мислите дека во неа би ви било претопло во пролетните денови, но кога ќе погледнете како фантастично изгледа овој модел, можеби ќе треба да размислите двапати. Со оглед на тоа дека е без ракави, оваа блуза е многу пријатна за носење во секојдневните прилики, а и материјалот од кожа сам по себе е природен, па така ова може да биде само добитна комбинација.rnrn6-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку не сте љубител на дневните парчиња од кожа, тогаш размислете да облечете сако кое е украсено со детали од овој материјал. Така ќе го споите модерното со она што ѝ пријае на вашата кожа. Овие модели секогаш привлекуваат внимание, па набавете едно за вас во најбрзо време.rnrn7-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rnrnОсобено интересно станува кога избирате да носите парчиња од кожа во боја. Овие парчиња се идеални за во пролет, бидејќи силните и весели бои ве радуваат и даваат занимлива нота на вашиот изглед. Без разлика дали е кожна јакна во портокалова боја или сина, кожна чанта, сè доаѓа во обѕир и бидете сигурни дека тоа е вистинскиот избор за вас.rnrn8-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

  • 5 модни комбинации со чизми над колена

    5 модни комбинации со чизми над колена

    Кратки, со средна должина, долги, над колена… Има толку многу модели на чизми и секој е совршен на свој начин. Девојките обично избираат кои модели ќе ги носат во зависност од нивната телесна градба, па така владее мислењето дека кратките чизми не стојат добро на девојките со кратки нозе, а дека долгите чизми ги издолжуваат. Сепак, овие мислења често се соборуваат бидејќи сѐ зависи од моделот и начинот на комбинирање.rnrn5 модни комбинации со чизми над коленаrnrnАко ви се допаѓаат чизмите над колена, еве неколку предлози како да ги носите.rn

    1. Со туника

    rn5 модни комбинации со чизми над коленаrnrnТуниките одлично изгледаат во комбинација со чизмите над колена поради нивната совршена должина. Можете да додадете и пар хеланки или хулахопки со интересен дизајн и ќе имате подготвен финален изглед. На пример, можете да се облечете во црно, да ставите чизми над колена во друга боја и да дополните со долг капут или јакна. Ова е одлична идеја за професионален, а модерен изглед на работното место.rn

    2. Со кожна јакна

    rn5 модни комбинации со чизми над коленаrnrnКожната јакна и чизмите над колена се едни од најдобрите комбинации. Во зависност од остатокот на облеката, можете да изгледате свечено и секси или модерно и опуштено.rn

    3. Со фармерки

    rn5 модни комбинации со чизми над коленаrnrnЧизмите над колена добро стојат и со фармерките. Нозете изгледаат визуелно подолги, а целиот изглед никогаш не излегува од мода. Додадете во оваа безвременска комбинација и некоја едноставна кошула, шешир или интересна торба и ќе бидете вистинска дама.rn

    4. Со фустан

    rn5 модни комбинации со чизми над коленаrnrnЗа едноставна дневна варијанта одлучете се за вашиот омилен пар чизми над колена во комбинација со минималистички фустан. За да го направите вашиот изглед повпечатлив додадете и поексцентричен моден додаток.rn

    5. Со здолниште

    rn5 модни комбинации со чизми над коленаrnrnАко не знаете што да облечете за прошетка или кафе со пријателите, секогаш е добра идеја да комбинирате чизми над колена и мини здолниште. Додадете еднобојна ролка, јакна и очила за сонце и ќе добиете изглед кој е во тренд и што е уште поважно, изглед во кој ќе се чувствувате удобно.