КАФЕ ПАУЗА

Tag: јакна

  • Четири комбинации со кожна облека за оваа есен

    Четири комбинации со кожна облека за оваа есен

    Од кратки здолништа и фустани, па сè до блузи и јакни, вештачката кожа преовладува во есен. Додека гледате како парчињата кожна облека се појавуваат по излозите на бутиците, еве неколку идеи за совршени комбинации со облека од вештачка кожа за секоја пригода.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

    1. Излегување со пријатели

    rnИако кожните хеланки се малку комплицирани за облекување, мора да признаеме дека им даваат супер изглед на нозете. Ова е опуштена комбинација, па одберете широка еднобојна блуза и кошула која ќе биде неколку броја поголема од вашиот точен број за да се чувствувате и изгледате опуштено. Облечете и балетанки за да се задржите до кежуал изглед, плетено капче за есенски шмек и едноставно сребрено ланче како аксесоар.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

    2. Состанок

    rnВеќе не зборуваме само за класични кожни јакни. Оваа есен тие се во различни бои и дезени и поженствени од кога и да било. Кога одите на состанок во есен женственото нека доаѓа повеќе до израз. Едноставен фустан, високи потпетици над глуждовите, свилени класични хулахопки, светкави обетки… и слободно заведувајте.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

    3. Во училиште или на факултет

    rnКежуал и тренди изглед. Одберете тесни фармерки, кожна блуза, ниски обувки, широко џемперче и подготвени сте за во школо. Како аксесоари употребете округли обетки или алки и часовник.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

    4. За забава

    rnНа забава се ослободувате од вашите грижи и проблеми, дојдени сте да се опуштите, а едноставен модел на кожен фустан целосно се вклопува во изгледот. „Зачинете“ го со впечатлив ремен и обувки во друга боја за да ја нарушат монотонијата.Четири комбинации со кожна облека за оваа есен
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?

    Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?

    Сите ние сакаме да го зачуваме новиот изглед на облеката колку што е можно подолго и затоа треба да бидеме внимателни кога треба да се исперат одредени парчиња облека. Прочитајте што нè советуваат стручњаците за перењето на специфична облека. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?rn

    Градници

    rnИдеално време за перење на градникот е после 3-4 носења. Тој не доаѓа во директен контакт со пазувите и затоа може да се носи неколку пати по ред. Сепак, потребна е пауза од 24 часа за градникот да може да ја врати својата еластичност. Ако се потите повеќе од вообичаеното, перете го градникот секој ден со нежен течен детергент. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?rn

    Фармерки

    rnСо оглед на тоа што фармерките ја губат бојата со секое перење, препорачливо е да ги исперете после четвртото или петтото носење. Обидете се да ја задржите бојата на фармерките така што ќе ги перете превртени, односно ќе ја превртите внатрешната страна нанадвор. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?rn

    Јакни и сакоа

    rnЈакната е доволно да ја облечете само 5-6 пати пред да ја ставите за перење. Но, знаејќи дека јакните и сакоата се носат над други парчиња облека и не доаѓаат во директен контакт со кожата, може да се перат и поретко. Не заборавајте повремено да ги проветрите ракавите и јаката на сакото или јакната заради прашината која се собира на овие делови. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?rn

    Пижами

    rnПижамите менувајте ги двапати почесто отколку што ја менувате постелнината, односно исперете ги после 3-4 носења. Луѓето не се свесни колку се потат и колку мртви клетки завршуваат на пижамите во текот на ноќта, па заради тоа мислат дека штом си легнуваат чисти, не треба често да ги менуваат пижамите. Посебно бидете внимателни со свилените пижами затоа што тие впиваат повеќе телесни течности во споредба со памучните пижами. Свилените пижами менувајте ги секој ден. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?rn

    Здолништа

    rnАко носите здолниште, малку е веројатно дека работите нешто „напорно“, па затоа здолништата може да ги носите неколку пати по ред пред да ги исперете. Исклучок се белите и свилените здолништа кои треба да се перат секој ден. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?rn

    Блузи и фустани

    rnЗа да го зачувате подолго новиот изглед на блузите и фустаните, бидете сигурни дека нема да употребувате големи количини на дезодоранс. Се препорачува блузите и фустаните да се исперат после 1-3 носења. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?rn

    Маици

    rnМаиците перете ги исто толку често како и долната облека, односно после секое носење. Тие се во директен контакт со кожата поради што често се изложени на впивање телесни течности и затоа треба да се перат често. За маиците важи правилото од четири часа според кое, ако маицата сте ја носеле помалку од четири часа, тогаш може повторно да ја облечете без да ја исперете. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја одржувате вашата кожна јакна?

    Како да ја одржувате вашата кожна јакна?

    Кожната јакна е дел од гардеробата за кој се исплати да одвоите пари, бидејќи сигурно ќе можете да ја носите во наредните неколку сезони. Но, за таа да изгледа секогаш како нова, важно е да ја одржувате на вистинскиот начин.rnrnКако да ја одржувате вашата кожна јакна?rnrnСекогаш можете да ја однесете кожната јакна на хемиско чистење кога ќе ви се извалка, доколку се плашите дека ако ја чистите сами ќе ја уништите. Сепак, со благ детергент за шарени алишта, можете одлично да ја исчистите и сами, за неколку минути.rn
    rn

    Како да ја исчистите?

    rn

      rn011

    • Пребришете ја површината на јакната со влажна крпа.
    • rn011

    • Потоа нежно пребришете ја со крпа на која сте нанеле мала количина течен детергент за шарени алишта.
    • rn011

    • Сапуницата којашто ќе остане, отстранете ја со влажна, а потоа и со сува крпа.
    • rn011

    • Темелно исушете ја со потполно сува крпа, која е препорачливо да биде памучна.
    • rn011

    • Ставете ја јакната на закачалка и изнесете ја надвор да се проветри.
    • rn


    rn

    Како да ја одржувате кожата?

    rnКожата е склона на напукнување, особено ако не се одржува правилно. Затоа, еднаш неделно намачкајте ја јакната со средство за нега на кожни предмети. На крпче, нанесете малку од средството и со него пребришете ја јакната. Доколку немате средство за одржување кожа, секогаш можете да се послужите со хидратантна крема која не е многу мрсна или бебешко млеко за тело.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 модни совети од Коко Шанел

    10 модни совети од Коко Шанел

    „Модата избледува, само стилот останува ист.“

    rnОва се зборови на легендарната дизајнерка Коко Шанел. Таа почина во 1971, но правилата кои ги воведе во модата и во животот воопшто, се безвремени. Таа веруваше дека убавината е во едноставноста. Тоа значи дека маиците, фармерките и хеланките кои обожаваме да ги носиме денес не може да се споредуваат со беспрекорната елеганција на стилот на Шанел кој никогаш нема да избледи.rnrn10 модни совети од Коко ШанелrnrnЕве 10 модни совети кои Коко Шанел им ги даваше на жените во текот на својот живот:rn
    rn

    „Луксузното мора да е удобно, инаку не е луксузно.“

    rnИ дневната и вечерната облека од Шанел беше направена да биде удобна за да не ги попречува движењата. Ниски потпетици, блузи без ракави под јакните, чанти со долги рачки – сите овие беа создадени за да им овозможат на жените комфор во својата облека. Комфорот на нејзините клиентки и бил најважен.rn
    rn

    „Пантолоните ги ослободуваат жените.“

    rnКоко Шанел беше првата која дизајнираше и носеше панталони во време кога жените преферираа да се мачат во корсети и долги здолништа. Нејзината храброст во прво време беше критикувана, но за кратко, една по една, жените почнаа да облекуваат пантолони на себе. Иако од денешна перспектива изгледа чудно, но Коко Шанел е онаа на која и ја должиме комоцијата при седењето и лесното движење.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Совршеното здолниште треба да ги покрива колената.“

    rnКоко Шанел ги сметаше колената на жените за грди, па затоа и одлучи да ги сокрива со облеката што ја дизајнираше. Таа направи неколку основни модели на здолништа за деловните жени кои претежно беа прави, тесни и многу елегантни.rn
    rn

    „Обожавајте ги кратките црни фустани.“

    rnТаа ги претстави кратките црни фустани во 1926. Сакаше да креира фустан кој ќе биде идеален и за преку ден и за навечер, ќе биде секси и прилагодлив и ќе изгледа различно со разни додатоци. Ако пред Шанел, црната беше бојата на тагувањето, по неа стана боја на класичното и стилското. Таа им понуди на дамите модел на елеганција кој тие со благодарност го прифатија.rn
    rn

    „Совршениот костим треба да биде комбинација од женствени и мажествени елементи.“

    rnВо раните ’20, многу популарен стана изгледот на машкуданка со кратка фризура, машка силуета и сјај во очите. Коко Шанел ја земаше облеката од нејзините момчиња и лесно ја адаптираше на нејзината фигура. Таа експериментираше со сè, од џемпери до волнени капути. Таа исто така имаше слабост на пругасти елечиња во морнарски стил кои ги комбинираше со многу бисери.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Јакните треба да се меки.“

    rnВо 1925 Коко ја дизајнираше првата мека јакна која целосно се припиваше на фигурата на жената, додека истовремено не ги попречуваше движењата. Ова беше сосема нов пристап во правењето јакни бидејќи дотогаш тие беа крути и неудобни. Коко им ја понуди на жените деликатна свила, високо поставените отвори за рацете и тесните ракави. Ова ја правеше фигурата извонредна.rn
    rn

    „Колку повеќе додатоци, толку подобро.“

    rnКоко Шанел обожаваше додатоци. И носеше многу. Таа можеше да искомбинира бижутерија со скап накит. Никој не можеше да ја види Коко без низа бисери, рубини или смарагди и полускапоцени камења  и брошови, беретки или капи кои сакаше да ги носи многу блиску до нејзините веѓи.rn
    rn

    „Стилските чевли може да се во две бои.“

    rnШанел ја обожаваше црно-белата комбинација, па нејзините познати црно-бели сандали не беа изненадување. Таа веруваше дека ваквите чевли ги прават жените посекси, а нивните стапала помали.rn
    rn

    „Чантата со рачка која се префрла преку рамото е најдобра бидејќи ги остава рацете слободни.“

    rnЦрното полно чантиче со рачка од синџирче кое беше креирано од Шанел за да го надополни нејзиниот изглед на деловна жена, сега се смета за едно од најкласичните и најмодерни модели на чанти.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Парфемот е исто толку важен колку и облеката.“

    rnЖена која не носи парфем нема иднина, вели Шанел. Исто така, според неа, жената мора да носи парфем секогаш кога сака да биде бакната. Во 1922 Шанел извади парфем кој полуди милиони мажи и жени. Коко остана верна на своите принципи и за мирисот употреби квадратно „машко“ шишенце.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водич: облекувајте се во слоеви

    Водич: облекувајте се во слоеви

    Облекувањето во слоеви е во мода, не само заради интересниот изглед, туку и заради практичноста – овозможува брзо и лесно прилагодување на разликите во температурите надвор и во загреаните простории. Доколку сакате да избегнете изглед на торба, а истовремено да не смрзнувате, прочитајте ги следните неколку совети за облекување во слоеви, конкретно во зимскиот период кој следува.rnrn

    За жени:

    rnrn

    1. Шал за дополнителен слој топлина

    rnБојата на шалот треба да е свежа и да не создава ефект на ширење. Дополнете со долг светкав фустан, плетено дезенирано капче и долга надуена јакна.rnrnВодич: облекувајте се во слоевиrnrn

    2. Комбинација од тексас јакна и зимска јакна од шушкавец

    rnДолниот слој нека биде од тексас или некој друг сличен материјал, а изгледот ќе го докомплетирате со памучна блуза во пруги и долги плетени ракавици со украсни токи.rnrnВодич: облекувајте се во слоевиrnrn

    3. Елече со крзно под класичен мантил

    rnНа овој начин може да создадете ефект на крзнена јака. Ваквиот изглед ќе биде комплетен со класична кошула и еднобојно капче од кашмир.rnrnВодич: облекувајте се во слоевиrnrn

    4. Не занемарувајте го она што можете да го направите со вашиот изглед од половината надолу

    rnЗимските грејачи за нозе, дебелите чорапи и обувките исполнети со крзно кои можат да се носат превртени, ќе ви овозможат да носите мини здолништа и во овој период од годината, додека истовремено ќе прават да се чувствувате удобно и топличко. Нозете ќе ги загреете со хеланки, а за нагоре можете да искомбинирате тантелено фустанче со широк краток џемпер.rnrnВодич: облекувајте се во слоевиrnrn

    5. Долг џемпер под куса есенска јакна

    rnНекои луѓе се премногу приврзани за своите есенски парчиња, па не сакаат да се откажат од нив во студените зимски денови. За да не смрзнете, облечете долг плетен џемпер под кратката есенска јакна која ќе ја закопчате сосема до горе. Направете баланс со шал во различна боја, препорачливо во пругаста варијанта,  кој може да го искомбинирате со фармерки или пантолони во некоја од тие бои. Класична цилиндрична шапка и ракавици од комбинација од волна и кожа одлично ќе се вклопат во ваквиот изглед.rnrnВодич: облекувајте се во слоевиrnrn

    За мажи:

    rnrn

    1. Најпрво облечете ја најлесната облека

    rnТоа се маици и кошули кои треба да претставуваат основа за она што ќе го облечете одозгора. На овој начин, секогаш ќе бидете во можност да се расоблечете во топли простории и притоа да изгледате пристојно и дотерано. Освен ако не живеете на Антарктикот, треба да бидете во можност да ја соблечете широката спортска јакна или дебелиот волнен џемпер. Секако, не треба да смрзнувате, но прекумерната облека може да доведе до потење, а тоа не е добро ни за вас, ни за тие околу вас.rnrnВодич: облекувајте се во слоевиrn

    2. Ставете нешто одозгора

    rnВториот слој може да биде што било. Дајте му шанса на џемперот со V отвор за кој бевте скептични и комбинирајте го со бела кошула одоздола. Додадете спортско палто врз џемперот за да постигнете класичен изглед.rnrnЏемперче со копчиња врз бела маица е посоодветна опција за поопуштен изглед, додека за вечерно излегување, изберете кошула со некаков шаблонизиран дезен.rnrnВодич: облекувајте се во слоеви

    rnrn

    3. Додатоци

    rnКога веќе се опуштивте со овој начин на облекување во слоеви, размислувајте за додатоци. Ставете вратоврска на кошулата која ја комбиниравте со џемперот на закопчување или замотајте шал околу вратот доколку ја избравте комбинацијата од маица и џемпер со V отвор. Ремените, капите и чевлите можат исто така да бидат важни додатоци на вашиот изглед.rnrnВодич: облекувајте се во слоевиrn

    4. Треба да ви биде удобно

    rnrnОва чувство лесно ќе го постигнете ако се облекувате во слоеви. Но, запомнете, лесните материјали се за летните денови, за зимскиот период носете кашмир, волна и тешки плетени облеки.rnrnВодич: облекувајте се во слоевиrnrn

    5. Додадете боја

    rnНе плашете се да додадете некоја впечатлива боја на вашиот комплетен изглед. Не посегнувајте веднаш по црното. Додадете убава сина боја на комбинацијата со бела кошула, изберете дезенирана кошула под сивиот џемпер на закопчување или ставете вратоврска во жива боја на облеките со затворени бои. Имате голема палета на располагање. Ваше е да го направите вистинскиот избор со вистинската комбинација. Секако, не треба ни да се претера.rnrnВодич: облекувајте се во слоеви
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

    Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

    Автор: Д.Џ.

    rn

    Трудејќи се да ги следиме моменталните трендови, понекогаш забораваме дека сите парчиња што ни се потребни за формирање на одлична комбинација, се веќе во нашиот гардеробер.  Станува збор за парчиња кои никогаш не излегуваат од мода, лесни се за комбинирање со секој стил и големи се шансите веќе да ги поседувате.Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

    rnrn

    1. Кожната јакна

    rn

    Кожните јакни беа многу модерни минатата есен, така што шансите веќе да поседувате една се многу големи.  Тие не беа модерни само минатата година, кожните јакни никогаш не излегле од мода. Без разлика дали станува збор за кафена, црна, тесна, широка, куса или долга, вистинска кожа или еко-кожа, овие јакни засекогаш ќе бидат модерни и парче кое секој од нас треба да го поседува. Тие и додаваат дополнителен шмек на која било комбинација што ќе ја направите. Облеки кои можете да ги носите и оваа есенНе се плашете да експериментирате, тие одат одлично во комбинација со секакви пантолони и фармерки, но во последно време, во светот на модата тие се комбинираат и со женствени мини-здолништа и фустани во различни дезени.Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

    rnrn

    2. Џемперчиња на закопчување

    rn

    Станува збор за џемперчињата кои ова лето ги комбиниравме со нашите омилени фустанчиња за вечерните излегувања. Тоа се истите оние кои одлично одговараат во комбинација со бели, но и не само со бели кошули, со класични маички и со ред други работи. Тоа се всушност џемперчињата кои се супер-лесни за комбинирање и одлично одговараат за секоја пригода. Тие можат да изгледаат класично, женствено, спортски, но најбитно од сѐ, тие се лесни за комбинирање и можат да ве загреат во овие есенски денови.  Бидете интересни и неограничени во изборот на бојата и дезените, тие изгледаат одлично во сива, темно сина, црвена, окер и многу други бои. Кога станува збор за различните дезени, тие изгледаат несекојдневно во пругасти дезени во сите бои.Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

    rnrn

    3. Хулахопки

    rn

    Има толку многу работи што ги прават хулахопките одлично парче за секоја есен. Без разлика дали се еднобојни, шарени или наједноставни црни хулахопки, тие се одлични за да додадат нов момент во вашата комбинација, да ве одвојат од околината и се разбира да ги покажат и истакнат вашите нозе, а притоа да не ви е студено.  Само со менување на хулахопките, вашата комбинација може да изгледа секогаш различна! Искомбинирајте ги со вашите омилени летни куси пантолони, мини-здолниште или фустан и изгледајте женствено и зaгреано.Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

    rnrn

    4. Чизми

    rn

    Парчето кое сите нас најмногу не асоцира на есен. Тие се толку класично и практично парче што е невозможно некогаш да излезат од мода. Изборот на чизмите што ќе ги носите зависи од вашиот личен стил и вкус, повеќе отколку од моменталната мода и тренд. Искомбинирајте ги со интересни хулахопки или чорапи до над колена за вечерно излегување или пак со фармерки за дневна комбинација во која ќе изгледате интересно, згреано и заштитено од есенските дождови.Облеки кои можете да ги носите и оваа есенОблеки кои можете да ги носите и оваа есен

    rnrn

    5. Марами и шалови

    rn

    Иако можеби е непотребно да се нагласува носењето на шалови и марами во студените денови од годината, сепак треба да им се посвети и нив малку внимание.  Никогаш не заборавајте да искомбинирате еднобојна марама, плетен шал или свилена марама во цветни дезени. Чудно е колку можат визуелно да го променат вашиот изглед и да ја разиграат вашата еднобојна комбинација, покрај вршењето на нивната примарна функција – штитењето од студот. Откако ќе се навикнете на комбинирање на шал/марама, нема да можете да престанете!Облеки кои можете да ги носите и оваа есен