КАФЕ ПАУЗА

Tag: интуиција

  • Тест: Изберете слика и откријте што ве очекува во ноември!

    Тест: Изберете слика и откријте што ве очекува во ноември!

    Изберете една од овие фотографии и ќе дознаете што ве очекува во ноември. Доволно е да се препуштите на интуицијата!rnrnТест: Изберете слика и откријте што ве очекува во ноември!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика 1″ active=”false”]Ноември ќе биде одлично време за стекнување нови знаења и вештини кои ќе ви го променат животот на подобро. Ќе наидете на многу можности, но треба да бидете доволно внимателни и да не ги игнорирате знаците на судбината. Тоа ќе ви помогне да сфатите што навистина сакате и на тој начин да почнете решително да се движите кон вашата цел. Не заборавајте дека деталите ќе бидат поважни во овој период од кога било досега.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика 2″ active=”false”]Се ближат настани кои ќе ви го променат погледот на светот. Овој период ќе ви се укаже можност да постигнете успех и да ги спроведете вашите смели идеи. Не плашете се да експериментирате и да ги покажете вашите таленти затоа што во ноември среќата ќе ви се насмевне и ќе биде на ваша страна.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика 3″ active=”false”]Во ноември можете да очекувате голема среќа. Овој период ќе ви биде полн со изненадувања и пријатни откритија. Ако сте внимателни, сигурно ќе ги забележите знаците испратени од судбината, а тие ќе ви покажат во која насока вреди да се движите. Верувајте ѝ на вашата интуиција бидејќи таа ќе ви помогне да се соочите со сите тешкотии и предизвици. Исто така, во вашиот живот ќе влезе нова личност која ќе ви даде поттик за напредок.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика 4″ active=”false”]Ноември ќе ви биде успешен период само доколку не дозволите да ве обземе меланхолијата. Затоа, почесто среќавајте се со пријателите, стекнувајте нови познанства и не плашете се да учествувате во дискусии. Меѓу другото, ако имате можност, патувајте. Позитивниот став ќе внесе повеќе бои во вашиот живот и ќе го поттикне вашиот напредок. На тој начин ќе ги надминете сите пречки на кои ќе наидете.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете како да ги остварите вашите цели.rnrnИзвор: atma.hr

  • Како да ја развиете вашата интуиција?

    Како да ја развиете вашата интуиција?

    Честопати ја занемаруваме интуицијата, но таа може да донесе многу реални резултати. Понекогаш, нашиот единствен проблем се состои во фактот дека не сме способни да ја послушаме бидејќи не ни се доволно развиени интуитивните вештини. Интуицијата е моќна алатка која може да нè доведе до знаењето преку непознати патишта. Во продолжение прочитајте како можете да ја развиете вашата интуиција.rnrnКако да ја развиете вашата интуиција?rn

    1. Земете ги предвид вашите верувања и ставови

    rnПозитивното размислување претставува основа за вашиот личен раст и развој. Негативните, пак, можат само да ви наштетат. Затоа, важно е навреме да се ослободите од контрапродуктивните ставови за кои можеби не сте ни свесни дека ги имате.rn

    2. Слушајте го вашето тело

    rnВашето тело е сложен и чувствителен интуитивен рецептор. Од тука произлегува дека свесноста за сензуалноста на вашето тело ја отвора интуицијата. Ова сознание ќе ви помогне и да не ги игнорирате раните предупредувачки знаци што ги испраќа вашето тело.rn

    3. Не занемарувајте ја суптилната енергија на вашето тело

    rnНие сме составени од крв и месо, но и од енергија. Во кинеската медицина таа енергија се нарекува „чи“ и се работи за витална супстанца која има значително влијание врз нашето здравје. Затоа, важно е да научиме да ја чувствуваме таа енергија во нас, да препознаеме кога е исклучена и да научиме да ја воспоставиме во рамнотежа.rn

    4. Нека вашата интуиција биде вашата водилка

    rnСекој од нас поседува интуитивен глас кој содржи одговори за нашето исцелување, но не му обраќаме доволно внимание со оглед на тоа дека нашиот интелект е многу погласен. Сепак, постојат неколку начини како да допреме до него: медитација, размислување, молитва и поврзување со природата. Не занемарувајте го и секој ден поминувајте неколку минути во тишина. Набргу ќе почнете да ги препознавате знаците што ви ги испраќа вашата интуиција.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за развој на вашите интуитивни вештини, можеби ќе сакате да прочитате и како да ја истренирате интуицијата и да ги предвидите работите кои ќе ви се случат.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • На кој начин можете да ги развиете вашите интуитивни вештини?

    На кој начин можете да ги развиете вашите интуитивни вештини?

    Понекогаш, не знаеме како да ја послушаме нашата интуиција и затоа од голема важност е да ги развиеме нашите интуитивни вештини. Во продолжение прочитајте како да ги разберете вашите желби, емоции и чувства со помош на интуицијата.rnrnНа кој начин можете да ги развиете вашите интуитивни вештини?rn

    1. Анализирајте ги вашите ставови

    rnПозитивните ставови го помагаат личниот раст и развој, а негативните го попречуваат. Важно е да се ослободите од контрапродуктивните ставови што можеби и не сте ни свесни дека ги имате.rn

    2. Послушајте ги знаците што ви ги испраќа вашето тело

    rnВашето тело е сложен, чувствителен и интуитивен рецептор. Имајќи го тоа на ум, ќе ви биде полесно да се поврзете со вашата интуиција. Доволно е да не ги занемарувате раните предупредувачки знаци што ги испраќа вашето тело.rn

    3. Почувствувајте ја суптилната енергија на вашето тело

    rnНашето тело не е составено само од крв и месо туку и од посебна енергија која во кинеската медицина се нарекува „чи“. Секој дел од телото претставува посебно енергетско поле кое има значително влијание врз нашето здравје. Затоа, од големо значење е да ја препознаеме таа енергија и да научиме како да воспоставиме рамнотежа. Тоа ќе ни помогне и на патот кон нашето духовно исцелување.rn

    4. Нека интуицијата ви биде водилка

    rnСекој од нас поседува интуитивен глас кој содржи одговори за нашето исцелување. Доволно е да му посветиме само неколку минути секој ден. Освен тоа, со помош на медитацијата, тивкото размислување, молитвата и поврзувањето со природата, можеме да добиеме одговори за нашето здравје.rnrnОткако прочитавте како да ја развиете вашата интуиција, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги разликувате стравот и интуицијата.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Тест: Изберете сонце и добијте важен животен совет!

    Тест: Изберете сонце и добијте важен животен совет!

    Доволно е да ја следите вашата интуиција за да изберете една од овие слики и да откриете што ви порачува животот!rnrnТест: Изберете сонце и добијте важен животен совет!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Главниот совет во сегашниот момент е да ѝ верувате на сопствената интуиција. Моментално минувате низ тежок период кога сте принудени да направите важен избор. Луѓето околу вас ви кажуваат што да правите бидејќи мислат дека знаат што е најдобро за вас. Сепак, сфатете дека тоа може да го знаете само вие самите. Затоа, слушајте ја вашата интуиција бидејќи таа ќе ве одведе на вистинскиот пат. Послушајте го овој моќен совет бидејќи не секогаш можете да им верувате на другите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Она што животот сака да ви каже во моментот е да не се откажувате. Да, досега многупати сте се соочувале со тешки ситуации и секогаш ви се чинело дека нема да можете да се справите со нив, но на крајот сте наоѓале начин како да ги решите. Вие сте силна и решителна личност и со оглед на тоа дека сте издржале досега, знајте дека ќе бидете наградени со живот каков што отсекогаш сте посакувале. Не се откажувајте сега и не ја наведнувајте главата пред тешкотиите. Борете се докрај, затоа што само на тој начин ќе успеете.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Животот ви порачува дека токму сега треба да се откажете од потребата да контролирате сè околу вас. Таквото однесување е многу напорно и нема никаде да ве однесе. Бидете свесни дека единственото нешто што можете да го контролирате е вашата реакција на сè што се случува. Кога ќе научите да го прифатите животот онаков каков што е ќе успеете да најдете мир и убавина во вашето опкружување. На тој начин ќе живеете многу посреќно и помирно, а исто така ќе имате многу повеќе енергија да продолжите да се грижите за она што навистина е под ваша контрола.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест преку кој ќе ги откриете вашите силни и слаби страни.rnrnИзвор: atma.hr

  • Ретрограден Меркур на 14 јануари: Поврзете се со интуицијата

    Ретрограден Меркур на 14 јануари: Поврзете се со интуицијата

    Меркур владее со нашиот ум и секогаш кога е во ретроградна состојба ни дава можност да ги процениме нашите мисли, менталното здравје и нашиот фокус. Меркур е и планета на комуникацијата, така што во оваа фаза можеби ќе треба да го промениме начинот на кој комуницираме со другите, со себе и со светот околу нас.rnrnРетрограден Меркур на 14 јануари: Поврзете се со интуицијатаrnrnВообичаено Меркур се движи ретроградно три пати годишно, но понекогаш тоа се случува четири пати како на пример во 2022 година. Тоа покажува дека универзумот ни порачува да го намалиме нашето темпо, да размислиме и да го земеме предвид нашето ментално здравје.rnrnОвој прв ретрограден Меркур во 2022 година е совршено време за да ги слушнеме знаците и ритамот на универзумот. Тоа ќе ни овозможи и полесно да се поврземе со нашата потсвест и интуиција. Ова е одлично време да се фокусираме на нашите соништа бидејќи честопати тие се портал за нашата потсвест.rnrnКако што Меркур ќе се движи ретроградно низ Водолија од 14 до 27 јануари, нашиот фокус ќе биде насочен кон нашите ментални процеси. Под негово влијание ќе го преобликуваме начинот на кој размислуваме.rnrnНашите мисли се толку моќни па ова е можност да разбереме што ни зборуваат тие и како тие можеби нè спречуваат или ни помагаат да продолжиме напред. Искористете го ова време за да обратете внимание на дијалогот во вашиот ум и на она што се обидувате да го кажете. Дали вашите мисли се усогласени со мноштвото прилики или постојано сте окупирани со мисли кои ве тераат да се повлечете?rnrnРетроградното движење на планетите не е момент за одење напред туку е време за пауза и размислување. Доколку моментално не се чувствувате инспирирани или можеби сте уморни повеќе од вообичаеното, знајте дека можеби го чувствувате влијанието на ретроградната енергија.rnrnНаместо да се борите со неа, искористете ја за да се фокусирате на себе и да го пронајдете својот мир. Не мора да си вршите притисок кога станува збор за поставување на вашите цели бидејќи ќе имате можност за тоа во текот на целата година.rnrnОткако прочитавте што ќе ни донесе ретроградното движење на Меркур на 14 јануари, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните денови во јануари 2022 година.rnrnИзвор: atma.hr

  • Кој ја скршил вазната? Решете го овој тест и откријте повеќе детали за вашиот карактер

    Кој ја скршил вазната? Решете го овој тест и откријте повеќе детали за вашиот карактер

    За вас подготвивме една интересна загатка. Ништо на сликата нема да ви послужи како доказ што може да ви помогне да го откриете „сторителот“. Доволно е да ѝ се препуштите на интуицијата и да изберете eдно од четирите деца кое според вас, ја скршило вазната.rnrnКој ја скршил вазната? Решете го овој тест и откријте повеќе детали за вашиот карактерrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Дете бр. 1″ active=”false”]Со тоа што го избравте ова дете вие покажувате дека сте внимателна личност по карактер и дека не ги пропуштате ниту најситните детали. Не е лесно да ве измамат затоа што секогаш внимателно ги набљудувате другите и ги забележувате промените во нивното однесување како и во говорот на телото. Одговорноста е клучната карактеристика која ве води низ животот. Сите ваши одлуки се внимателно обмислени и никогаш не брзате да донесете одлуки пред добро да размислите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Дете бр. 2″ active=”false”]Сфаќате дека грешката е направена, но не ги судите другите поради тоа. Склони сте кон тоа да ги разбирате другите и не избрзувате со предрасуди. Згора на тоа, вие сте свесни за вашите сопствени маани исто колку што сте свесни и за недостатоците на другите. Секогаш кога ќе наидете на проблем, вашата рационална и практична природа ве советува да го искористите решението кое е најлогично. На тој начин можете да ги реализирате речиси сите ваши цели во одреден момент.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Дете бр. 3″ active=”false”]Ако се одлучивте за детето под број 3 поради начинот на кој се крие зад другите деца и остава впечаток дека верува во тоа дека пресудата ќе биде на неговата страна, тогаш сте родени да бидете лидер. Се грижите за среќата на другите кои ве опкружуваат и вам ви се обраќаат секогаш кога ќе наидат на проблеми. Имате мислење за сè, харизматични сте и подготвени сте да преземете иницијатива во секакви ситуации.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Дете бр. 4″ active=”false”]Сите потези што ќе ги направите најверојатно ќе завршат со успех. Вие сте од оние кои искрено се трудат да се подобрат како личност и напорно работат за да успеат. По природа сте доверлива личност, а вашата чувствителност ви помага подобро да ги разберете другите. Луѓето околу вас знаат дека нема да ги изневерите доколку имаат потреба од вас, но и дека внимателно ќе ги ислушате доколку сакаат да ви се доверат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со оваа загатка, можеби ќе сакате да направите тест и да откриете со каква внатрешна убавина зрачи вашата душа.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Тест: Одберете слика и дознајте што ве очекува во ноември 2021

    Тест: Одберете слика и дознајте што ве очекува во ноември 2021

    Која од овие слики најмногу ви го привлече вниманието? Запрете за миг и дозволете интуицијата да ве води. Сликата што ќе ја изберете ќе ви открие што ќе ви се случи наредниот месец!rnrnТест: Одберете слика и дознајте што ве очекува во ноември 2021rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Време е да почнете да се грижите за себе, а тоа можете да го направите така што ќе почнете да водите сметка за сопственото здравје. Редовното вежбање е добро за менталното здравје бидејќи ќе ви помогне полесно да се справите со тешкотиите и брзо да се вратите во нормала, особено по напорните денови. Доколку се фокусирате повеќе кон иднината, ќе ви биде полесно да ги заборавите тажните мисли. Некоја случајна средба може да прерасне во сериозна врска во која осамените срца ќе најдат утеха.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Иако нема да наидете на пречки при постигнувањето нови цели, сепак самодовербата не е доволна. Треба да бидете упорни и вешти во прилагодување на секакви промени за да го изодите патот докрај. Не секогаш мислењето на оние околу вас е правилно, па така најдобро ќе биде да го слушате срцето при изборот на насоката во која ќе се движите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Сега е време за промена во вашиот живот. Судбината ќе ви испрати знаци што ќе ви го покажат вистинскиот пат, а вие треба само да ги следите. Се разбира, треба да бидете трпеливи и затоа треба да научите да чекате. Не занемарувајте ја интуицијата – само така ќе можете навремено да ги избегнете замките.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 4″ active=”false”]Пред вас се наоѓа патот на успехот и финансиската благосостојба. Не плашете се од грешки затоа што само така ќе се изборите за својата среќа. Поважно е самите да работите на својот личен развој, отколку да ги следите „правилата“ наметнати од околината. Среќата ќе им се насмевне на сите оние кои нема да попуштат пред тешкотиите и ќе најдат доволно сила во себе за да чекорат по избраниот пат. Таа е во рацете на секого од нас, што значи ние самите треба да дејствуваме и да не чекаме среќата да ни тропне на врата.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 5″ active=”false”]Сега е моментот да ги развиете своите скриени способности. Благодарение на новите вештини, ќе постигнете успех како на деловно така и на лично ниво и затоа е важно да ја слушате сопствената интуиција. Знаењето што ќе го стекнете ќе ве однесе до патот на среќата и благосостојбата.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 6″ active=”false”]Месецот е полн со добри вести и изненадувања. Знаците на судбината ќе ве одведат до среќата, вие само треба да ги препознаете и да му верувате на внатрешниот глас. Важно е да не ги занемарувате малите нешта бидејќи токму тие ќе ви помогнат да го најдете вистинскиот пат. Ве очекува средба со лице со кое сте изгубиле контакт.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку ви беше интересно, ви препорачуваме да го направите и овој тест за да дознаете какви настани ве очекуваат во блиска иднина.

  • Можете ли да ги разликувате стравот и интуицијата? Телото ви испраќа јасен сигнал

    Можете ли да ги разликувате стравот и интуицијата? Телото ви испраќа јасен сигнал

    Анксиозноста и интуицијата се сосема различни состојби на умот и на телото. Интуицијата потекнува од мирна и промислена состојба која не е емоционална, а вознемиреноста предизвикува нервоза. Кога ќе сфатите како навистина изгледа интуитивната состојба, веднаш ќе можете да ја забележите разликата.rnrnМожете ли да ги разликувате стравот и интуицијата? Телото ви испраќа јасен сигналrn

    Што е страв, а што интуицијата?

    rnИнтуицијата потекнува од смирена и промислена состојба која не е емоционална и затоа е објективна кон енергијата или кон пораките. Да ѝ верувате на вашата интуиција е процес на самопознавање. Анксиозниот страв е вибрирачка, небалансирана сила што ве прави нервозни, а вашето срце чука неконтролирано.rnrnМногумина ја мешаат интуицијата со стравот кога се обидуваат да добијат одговор на нешто за што веќе се под стрес. Но, кога веќе сте под стрес поради некој проблем, ќе го проектирате тој страв на сè друго околу вас.rnrnДа речеме дека не знаете дали вашиот договор за работа ќе биде обновен. Ова е многу стресна ситуација. Вашиот живот зависи од работата, работата зависи од односот што го имате со шефот, па така, вие сте оправдано исплашени. Се движите наоколу 24/7 размислувајќи дали му се допаѓате на вашиот шеф или не. Дали ќе ве задржи врз основа на вашите работни перформанси? Дали фаворизира нова личност затоа што е помлада, дури и ако е помалку квалификувана?rnrnНе можете да престанете да размислувате за тоа. Се чувствувате вознемирено и ви треба одговор или решение за повторно да се чувствувате сигурно. Потоа, во текот на таа загриженост, во главата „гледате“ некој нов што седи на вашето биро и сте сигурни дека ќе ве заменат. Отчукувањата на срцето се зголемуваат уште повеќе и целосно верувате дека сте во право.rnrnОва веројатно не е вистинска интуиција. Премногу сте се навлекле во вртлог од страв, вознемиреност и нереални проценки и ви е тешко да останете објективни.rn

    Како да разликувате што е интуиција, а што е страв?

    rnТоа го знаете од вашиот ум и од вашето тело. Знаете по емоциите што доаѓаат со тоа.rnrnПрецизната интуиција ќе изгледа вака: перете алиштата и размислувате што ќе правите за вечера. Ви доаѓа мисла дека некоја личност седи на вашето биро на работа. Можете да ја опишете до најмалите детали. Кога ја гледате таа личност, немате емоции. Таа мисла помина и вие продолжувате да перете алишта. Десет часа подоцна ви доаѓа истата мисла додека одите во аптека. Сè уште нема емоционална реакција, туку зголемена љубопитност. Тоа е интуиција. Сега можете подетално да ја опишете личноста што сте ја виделе. Ќе почнете да сфаќате која е и зошто е таму. Можеби имате право – некој седи на вашето место. Но, визијата не значи дека ќе добиете отказ.rnrnВистинската интуиција доаѓа кога не сте фокусирани на личноста или на проблемот. Тоа е копнеж.rnrnСтравот и вознемиреноста предизвикуваат опсесија, избегнување и претерување. Интуицијата доаѓа од смирена внимателност. Сето тоа е нијансирано, јасно и суптилно. Ако не сте сигурни дали можете да верувате во себе, проверете ги отчукувањата на срцето, смирете го здивот и бидете искрени. Точните интуитивни информации нема да предизвикаат поголема вознемиреност.rnrnЗа да ги слушнете и да ги цените вашите интуитивни насоки, треба да се позанимавате со потеклото на стравот и на вознемиреноста за да дојдете до вистинската интуиција.rnrnПрочитајте како да ја истренирате интуицијата и да ги предвидите работите кои ќе ви се случат.

  • Проверете ја вашата интуиција: Која е мајката на сликата?

    Проверете ја вашата интуиција: Која е мајката на сликата?

    Дали имате добра интуиција? Дали имате супермоќ да ги читате мислите на другите? Можете ли да претпоставите нешто за некоја личност што ќе ја сретнете само врз основа на нејзиниот изглед? Некои луѓе можат. Експертите за говор на телото можат да добијат многу информации од начинот на држење на телото, гестикулациите и мимиките што ги прават луѓето. Но, дури и да немате исклучителни вештини, сепак можете да процените многу врз основа на вашето лично внатрешно чувство. Па, ајде да видиме колку е силно вашето шесто сетило! Ова е едноставен тест кој ќе ви покаже колку сте добри во читање на луѓето.rnrnПроверете ја вашата интуиција: Која е мајката на сликата?rnrnЗагатките како оваа можат да ви ги подобрат интуицијата и креативноста. Интуицијата од своја страна е значајна во комуникацијата и помага при донесување важни одлуки.rnrnДобро погледнете ја сликата и обидете се да одговорите која е мајката.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Спремни сте да го дознаете одговорот?” active=”false”]rnrnМајката е жената од лево. Иако двете жени делуваат слично, нивните положби на седење се различни. Жената од лево е благо наведната нанапред кон детето, нејзините нозе се малку свртени кон него, па дури и изразот на нејзиното лице упатува дека таа е постојано спремна да реагира, додека истовремено е смирена и опуштена.rnrnОд друга страна, и момчето го оддава точниот одговор. Имено, тоа е свртено кон мајка му, што е многу вообичаено за децата додека играат некаде – сакаат да ја имаат својата мајка „на око“. Тоа ги прави да се чувствуваат безбедно и заштитено.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[message_box title=”Направете го и овој тест: Одберете ја девојката што мислите дека е најатрактивна и дознајте што кажува тоа за вас.” color=”yellow”]rnrn[/message_box]

  • 10 нешта што интуитивните личности ги прават често, а останатите тешко ги разбираат

    10 нешта што интуитивните личности ги прават често, а останатите тешко ги разбираат

    Интуитивните луѓе секогаш повеќе се интересираат за она што не е кажано или земено предвид отколку за она што е. Тие повеќе ја вреднуваат теоријата и истражувањето на можностите отколку реалноста на светот околу нив. Ова однесување има тенденција да „боде очи“. Сите интуитивни личности можат да се потсетат на ситуациите во кои околината била многу збунета од нивните размислувања и однесувања. Погледнете ги 10-те најнеобични однесувања на интуитивните луѓе…rnrn10 нешта што ги прават интуитивните личности, а останатите тешко ги разбираатrn

    1. Имаат стимулативни расправии

    rnОвие луѓе не го сфаќаат во целост проблемот сè додека не го прегледаат од сите можни агли. Тие не се расправаат поради тоа што сакат да бидат тешки или непристојни туку затоа што мора да ја тестираат вредноста на темата така што детално ќе ја проучат. На тој начин сакаат да видат дали во нивното размислување ќе се појават „дупки“, а некогаш и најдобро учат низ процесот на расправање.rn

    2. Ја планираат иднината

    rnТие речиси и да живеат во иднината – сакаат да проучуваат кои опции ќе им се појават, кои цели да си ги постават, како ќе изгледа нивниот живот за дваесет години… Невозможно е да се испланира секој детаљ од животот, па нивниот план е подложен на одново прилагодување. За интуитивните екстроверти, прилагодувањето се случува секојдневно. За интуитивните интроверти прилагодувањето се случува според потребите, но редовно.rn

    3. Правилата за нив се предлози

    rnТие не се бунтовни поради тоа, туку се бунтуваат и анализираат зошто постои правило пред да одлучат дали ќе го следат или не. Овие луѓе го мразат однесувањето што е произволно, па доколку сметаат дека правилото е застарено не им е проблем да го отфрлат и да ги прават работите на свој начин.rn

    4. Анализираат сè

    rnЗа нив не е доволно само да разберат како одредено прашање се однесува на нив – тие мора да ги сфатат глобалните импликации на тој проблем или да создадат темелна теорија која поврзува сè заедно. Тие сакаат да го знаат секое објаснување за секој опиплив проблем.rn

    5. Не веруваат во авторитети

    rnТие веруваат во компетентност повеќе отколку во квалификации и сакаат да донесат сопствен суд за тоа колку се способни другите. Интуитивните личности се многу свесни за човечката склоност да дава предност на она што е соодветно и не можат да веруваат во нешто само затоа што долго постои.rn

    6. Бараат различности

    rnТие се природно навлечени кон невообичаени и неконвенционални работи. Целиот свој живот го поминуваат обидувајќи се да го состават сеопфатниот светоглед, што значи дека настојуваат да ги разберат различностите колку што е можно повеќе. Овие луѓе постојано се во потрага по нови очила низ кои ќе можат да го видат светот.rn

    7. Имаат чудни интересирања

    rnБидејќи тоа што не го знаат секогаш им е поинтересно од тоа што го знаат, овие луѓе ќе се занимаваат со погодување теми или создавање теории. Многу интуитивните личности уживаат во истражувањето на теориите на заговор и други такви „неосновани“ методи на расудување, бидејќи уживаат во аспектот ментална гимнастика, поврзувајќи на прв поглед неповрзани работи.rn

    8. Селективно се дружат

    rnИнтуитивните личности што се екстровертни се сметаат за најинтровертни типови од сите останати екстроверти. Додека интуитивните што се интровертни можат да бидат интровертни по природа, но доколку ги ставите заедно во соба овие два типа, разговорот ќе тече со часови.rnrnИнтуитивно доминантните типови често се исцрпуваат кога се ангажирани во физичко опкружување, но тие се бескрајно енергични кога се вклучени во квалитетен разговор. Тие се сметаат за „селективно социјални“ – повеќе би биле сами отколку со луѓе со кои не можат да се поврзат, но кога се во друштво на интуитивни истомисленици, нивната социјална страна блеснува.rn

    9. Имаат алтернативна животна насока

    rnТие се природно привлечени од чудни, проактивни и неконвенционални работи. Можат да бидат склони кон приклучување кон нетрадиционални структури на однесување или експериментираат со изборите за начин на живеење кој отскокнува од социјалните норми.rnrnБидејќи овие луѓе имаат пристап објаснет како „зошто да не“ во нивните животи честопати се бунтуваат. Не се работи за тоа дека сè сакаат да прават поинаку туку дека животниот стил им го одржува нивниот начин на размислување, а нивниот ум е многу чудно подрачје.rn

    10. Склони се кон жестоки тврдења дури и кога не се согласуваат со нив

    rnАко постои сигурен начин да им влезете под кожа, тогаш тоа е преку настојување дека нешто во основа е црно или бело. Тие брзо ја преземаат улогата на застапник во секоја ситуација во која гледаат дека спротивната страна формира мислење без да биде разгледано алтернативното гледиште. Тие се склони кон жестоки тврдења со кои дури не се согласуваат, само за да докажат дека прашањето е посложено отколку што се претпоставува.rnrnДознајте и како да ја истренирате интуицијата за да ги предвидите работите што ќе ви се случат.