Многу често ги слушаме изразите „шесто сетило“ и „внатрешен глас“, но колку можеме да си ги препишеме на самите себе? Постои верување дека интуицијата е нешто со што се раѓаме – или ја имате или ја немате. Меѓутоа, научниците од Њу Орлеанс тврдат дека може да се работи на неа.rnrn
rnrnЕкспертите започнале истражување, со тоа што на испитаниците им давале палети со бои. Прашањето за сите учесници гласело – која е бојата на вашата тага, среќа, возбуда и слично? Тие требале да одговорат во тишина, слушајќи го внимателно внатрешниот глас, бидејќи само на овој начин можеле да допрат до себе.rnrnНа почетокот учесниците биле скептични, но потоа се изненадиле кога сфатиле дека секое нивно чувство е навистина обоено. Тие едноставно никогаш претходно не размислувале на тој начин. Врз основа на ова, истражувачите заклучиле дека доколку го слушаме внатрешниот глас, ќе знаеме како да се поставиме со животните ситуации. Па, ако сфатиме дека нашата среќа е во црвена боја, добро е да носиме црвена облека кога се чувствуваме тажно.rnrnЕкспертите велат дека добар начин за вежбање на интуицијата е и секојдневниот утрински тренинг – потсетете се на соништата кои сте ги сонувале, обидете се да се сетите на деталите во сонот и потоа споредете ги со вистинските случувања во тој ден. Со текот на времето, навистина ќе можете да ги предвидувате нештата.rnrnДали знаете дека шестото сетило има четири нивоа? Дознајте на кое ниво е вашето!
Tag: интуиција
-

Како да ја истренирате интуицијата и да ги предвидите работите кои ќе ви се случат
-

Следуваат љубовни пресврти и моќна интуиција: Планетите најмногу ќе влијаат на овие знаци
Хороскопот открива како планетите во наредниов период ќе влијаат на нашата судбина. Имајќи го тоа на ум, изгледа дека за неколку знаци, ќе настанат големи промени во љубовта. Станува збор за Јарецот, чие влијание ќе дојде од Сатурн и Плутон во Јарец, за Водолијата, чие влијание ќе дојде од Венера во Водолија и за Рибите, кои ќе бидат афектирани од Нептун и Меркур во Риби.rnrn
rnrnОвие таканаречени зимски знаци, носат тешка, забавена, јин енергија. Со нивното расположение доминира летаргија, и иако тие се полни со идеи и планови, им недостасува мотивација за да ги остварат.rnrnЗа ова делумно допринесуваат и 3-те важни астролошки настани што се случија во текот на претходната недела. Тоа се Меркур кој почна да се движи ретроградно, Младата Месечина во знакот Риби и повторното влегување на Уран во знакот Бик.rnrnМладата Месечина најверојатно почнала нови приказни, но поради Меркур во квадрат со Јупитер, изгледа дека пред нас има многу повеќе работи отколку што можеме моментално да поднесеме. Со ретроградниот Меркур најверојатно чувствувате чудно зуење во ушите, како да нуркате во длабоки води. Ништо не гледате и ништо не слушате. Ова е време кога вашите сетила ве мамат и кога мора да се потпрете на интуицијата.rnrnНо, Уран, кој на 6-ти март влезе во Бик и ќе остане таму до 2026 година, ќе се погрижи да не ни биде досадно. Тој веќе беше сместен во Бик, од мај до ноември во 2018 година, па веќе ги почувствувавме неговите мали земјотреси. Ова влијание ќе се продолжи во следните 7 години, кога ќе се редефинира односот кон парите и вредностите, а главните теми за кои ќе се зборува ќе бидат храна, земјоделие, екологија…rnrnДознајте и кои се 3-те хороскопски знаци кои оваа пролет лудо ќе се вљубат. -

3-те хороскопски знаци што никогаш нема да ги измамите
Овие хороскопски знаци имаат многу изразена интуиција која речиси секогаш е во право. Поради ова е навистина тешко да ги измамите или да сокриете нешто од нив.rnrn
rn1. Скорпија
rnСкорпиите чувствуваат сè и знаат што точно мисли секој со само еден поглед. Тие имаат способност да препознаат што ќе се случи следно. Свесно преземаат ризици, иако нивната интуиција им кажува што навистина ќе се случи. Скорпиите сакаат возбуда и акција, па поради ова понекогаш и не ја слушаат нивната интуиција. Ова најчесто се случува кога станува збор за љубовта.rn
2. Стрелец
rnКај Стрелците интуицијата обично е сокриена сè додека тие не најдат начин да бидат во внатрешен склад со самите себе. Кога ќе се случи ова, тие почнуваат да работат на интуицијата која може навистина да се развие. Нивната интуиција е поврзана со внатрешното задоволство, па ако не го пронајдат нема да ја развијат доволно за да знаат дали следи опасност или нешто добро.rn
3. Риби
rnРибите се луѓе со изразена духовност и често им се случува да добиваат информации од нивните соништа. За Рибите навистина е важен внатрешниот мир, како и задоволството кое може да прерасне во интуиција што ќе ги води во животот. Нивното мото е „Јас чувствувам“ и навистина ја опишува нивната способност и изразена интуиција.rnrnДали знаете кои се најгорделивите хороскопски знаци?
-

3-те хороскопски знаци со изострено 6-то сетило и моќна видовитост
И покрај тоа што 5-те сетила се многу важни, секое од нив може да ви биде одземено. Прекрасното нешто кај 6-тото сетило е тоа што никој не може да ви го земе. Без разлика на состојбата на вашето тело, вашето 6-то сетило секогаш ќе биде недопрено. Тоа може да се намали со текот на времето ако се игнорира, но може и да расте ако сте доволно трпеливи. Исто така, ако сте воден знак, тогаш сметајте се за благословени. Вие сте родени со моќно 6-то сетило и затоа можете да го доживеете светот низ натприродно око.rnrn
rnРиби: Тие можат да видат делови од алтернативни универзуми
rnРибите се последниот знак во зодијакот и токму затоа ја содржат мудроста што може да дојде само со старите години. Се вели дека ако сте родени во знакот Риби, тогаш вие сте неизбежно поврзани со спиритуалната рамнина. Вашата перцепција на земјениот свет е испреплетена со слики од област што не може лесно да биде видена со голо око. Некои дури велат дека најантичките души се родени во знакот Риби, па ова може да објасни од каде потекнува мистицизмот во вас.rn
Скорпија: Тие погледнале во лицето на темнината и преживеале
rnСкорпиите по природа се наклонети кон екстремите. Не постои премногу темен пат за да ги исплаши или да ги натера да се повлечат. Од друга страна пак, не постои ни пресветол пат што тие би го нарекле премногу добар за да биде вистинит. Тие едноставно сакаат да видат и да искусат сè, без разлика дали е застрашувачко или болно. Кога Скорпиите храбро ги туркаат границите и се соочуваат со сенките што другите не сакаат ни да ги погледнат, тие секогаш се враќаат со неизмерен извор на натприродна моќ. Дури и да задржат дел од темнината низ која проаѓаат, тие ја доживуваат како моќен резултат што вреди да се има.rn
Рак: Тие гледаат право во срцата на луѓето
rnПознато е дека Раковите го познаваат вашето срце подобро и од самите вас, и дека можат да почувствуваат точно како се чувствувате додека само стојат покрај вас. Првото нешто што Раковите го бараат при запознавањето нови луѓе е нивното срце. Дури и ако се обидувате да ги закопате своите емоции длабоко во себе, каде што никој нема да може да ги најде, едноставно нема да ги скриете од Раковите. Но, и зошто би сакале да го сторите тоа? Тие не само што ќе видат во вашето срце, туку и ќе го разберат. Емпатијата и интуицијата им се пространи колку и самото небо.rnrnДознајте и кои сте 3-те хороскопски знаци со најсилна интуиција!
-

Тренирање на интуицијата за подобро донесување одлуки
Интуицијата може да се опише како малиот глас кој го слушате во вашата глава. Обидете се да се сетите на нешто што сте го направиле без размислување. Во тој момент делувала вашата интуиција. Проблемот е што таа може да ви биде или пријател или непријател кога станува збор за донесувањето одлуки. За да го избегнете второто, погледнете како да ја тренирате вашата интуиција.rnrn
rnПроширете го кругот на пријатели
rnЛуѓето настојуваат да се чувствуваат безбедно до оние кои имаат исти верувања и мислења како нив. Но важен чекор во тренирањето на интуицијата е излегувањето од вашата удобна зона. Дружете се со луѓе кои се спротивставуваат на вашите верувања. Ова ќе ви даде нова перспектива.rn
Размислувајте надвор од кутијата
rnОвој начин на размислување е популарен кај успешните луѓе. Потребно е да научите работи за разни теми, а потоа да ја најдете нивната поврзаност. Со ова ќе ја зајакнете вашата интуиција и ќе донесувате правилни одлуки.rn
Следете го тренирањето во дневник
rnДневниците се одличен начин да го следите вашиот напредок. Едноставно запишете колку пати дневно сте ја слушале вашата интуиција и кој бил резултатот. Секој неуспех значи дека треба да поработите на себе.rn
Најдете добри учители
rnУчителите треба да имаат навистина изразена интуиција. Обично ова се мудри луѓе кои учеле од бројните грешки во текот на животот. Овие луѓе не забораваат да слушаат. Ќе сфатите дека учителот може да ви помогне за многу краток период.rn
Проширете го знаењето
rnКолку помалку знаете, толку потешко ќе се справите со интуицијата. Искусете нови нешта и почувствувајте како се менува вашиот мозок. Читајте книги за да го проширите знаењето и да го подобрите начинот на размислување.rn
Развијте добри навики
rnГледајте на интуицијата како на нешто што постојано се подобрува. Најдобриот начин да го постигнете ова се добрите навики. Според истражувањата, потребни се 21 ден за да создадете нова навика, а ова најчесто зависи од нејзината комплексност. Работењето на вашата волја исто така е клучно за успехот. Запомнете да ги извршувате обврските во исто време и место за да ја зајакнете навиката.rnrnИнтуицијата може да биде одлична алатка. Таа може да управува со вашиот успех во текот на животот. Одвојте време за да ја подобрите и ќе постигнете многу.rnrnПогледнете ги и знаците дека вашата интуиција се обидува да ви каже нешто.
-

Шестото сетило има 4 нивоа: Дознајте на кое ниво е вашето!
Шестото сетило се дели на 4 нивоа од кои првото предупредува на разни опасности во околината. Второто ниво е социјално, третото е креативно, а најреткото, четвртото ниво, се однесува на вашата животна смисла. Направете го следниов тест од 20 прашања и дознајте до кое ниво се развила вашата интуиција…rnrn
rnrn1. Повеќе сте спонтани одошто организирани:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn2. Одлучувате врз основа на вашите чувства кои се покажуваат како добри:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn3. Кога запознавате нови луѓе, стекнувате точен позитивен или негативен впечаток:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn4. Врз основа на интуицијата успешно сте вложувале пари и сте добивале:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn5. Знаете која е вашата животна смисла и мисија на светов:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn6. Зажалувате секогаш кога ќе игнорирате некое силно внатрешно чувство:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn7. Секогаш се потпирате на интуицијата кога одлучувате за кариерата:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn8. Креативни сте, а одличните идеи секогаш успешно ги реализирате:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn9. Се чувствувате загрижено/возбудено пред да се случи нешто лошо/добро:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn10. Креативните идеи ви доаѓаат од нигде никаде и ви имаат донесено голем успех:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn
rnrn11. Иако сѐ уште не го знаете тоа, можете да почувствувате дека член од семејството или вашиот партнер страда:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn12. Пријателите честопати ве опишуваат како креативни и оригинални:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn13. Одлучувате врз основа на чувствата, иако тоа е спротивно на советите што ви ги дале саканите:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn14. Веднаш препознавате дали некој ве лаже или ја кажува вистината:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn15. Сте имале претчувство дека ќе се случи нешто лошо и тоа подоцна навистина се остварило:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn16. Кога не знаете што да правите, чекате, бидејќи знаете дека ќе добиете одговор:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn17. Чувствувате поврзаност со луѓе кои не ги познавате или со места каде што не сте биле:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn18. Чувствителни сте и многу често ги „преземате“ туѓите чувства, сакале или не:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn19. Сте имале претчувство кое ве спасило од опасност:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) Честоrnrn20. Кога ќе се изгубите, го наоѓате вистинскиот пат со помош на интуицијата:rnrnа) Никогашrnrnб) Понекогашrnrnв) ЧестоrnrnБодување: Никогаш = 1 бод, понекогаш = 2 бода, често = 3 бодаrnПрво ниво (20-30 бодови)
rnИнтуицијата не ви е доволно развиена. Најчесто ве предупредува на екстремни ситуации, како на пример, кога животот ви е во опасност или кога ќе ве преплават чувства на страв пред некое патување. Но, не ги слушате внатрешните чувства, поради што многу често зажалувате. Имате сѐ уште време да ја развиете вашата интуиција.rn
Второ ниво (30-40 бодови)
rnЧувствителни сте и интуицијата ви служи првенствено за да им помагате на другите. Многу често ги завршувате речениците на вашите блиски луѓе, претчувствувате ако се во опасност, но ја занемарувате интуицијата во другите животни области. Ако сакате да имате поголема корист од неа, морате да работите на неа и да вежбате.rn
Трето ниво (40-50 бодови)
rnЖивеете во согласност со вашите чувства и светот околу вас, што е одлично. Вашето интуитивно знаење ви помогнало не само вам туку и на сите околу вас. Со помош на интуицијата ги подобрувате врските, но и кариерата, бидејќи ви помага да ги решите проблемите, снаодливи сте и многу брзо реагирате.rn
Четврто ниво (50-60 бодови)
rnИнтуицијата ви е толку развиена што знаете дека никогаш не смеете да се сомневате во вашиот внатрешен глас. Токму затоа секогаш го слушате и многу сте успешни поради тоа. Знаете дека тоа што го правите моментално има цел, а со тоа придонесувате на општеството. Вашата интуиција постојано ве турка напред за да ги остварите вашите планови.rnrnСакате да дознаете дали сте претерано чувствителни? Направете го и следниов тест за интуиција.
-

Не можете да ги излажете: Хороскопски знаци кои одлично ги читаат другите луѓе
Овие хороскопски знаци едноставно чувствуваат дека ќе се случи нешто, а со текот на времето развиваат толку силна интуиција што може да ја користат како шесто сетило. Дали и вие спаѓате во оваа група?rnrn
rn1. Рак
rnКај Раковите интуицијата како да е надоврзана со нивните емоции. Па тие често го следат својот внатрешен глас. Раковите не само што добро ја препознаваат емоционалната состојба на луѓето околу нив, туку го прават ова и за луѓе кои прв пат ги сретнуваат. Интуицијата е можеби главната причина за тоа што луѓето сакаат да разговараат со Раковите. Тие се свесни дека Ракот може да ги разбере нивните чувства без многу објаснување.rn
2. Риби
rnИнтуитивните луѓе обично се многу креативни, а Рибите се едни од најкреативните знаци. Понекогаш инспирацијата ја добиваат од тој интуитивен дел кој го следат без многу размислување. Овој знак е неверојатно чувствителен и знае кога нешто ќе се случи, дури и ако нема никаков знак за тоа.rn
3. Скорпија
rnСкорпиите се многу интуитивни, особено кога станува збор за другите луѓе. Тие веднаш препознаваат лага и без разлика колку се обидувате да сокриете нешто, Скорпиите ќе го откријат. Тие се многу свесни за себе и точно знаат што прават и што размислуваат, но и со која причина. Речиси е невозможно да излажете Скорпија. Тие толку добро ги проценуваат луѓето околу нив, што другите мислат дека читаат мисли.rn
4. Девица
rnОвој знак е неверојатен набљудувач, а од овде потекнува и нивната интуиција. Девиците не пропуштаат ништо. Тие ги забележуваат и најситните детали, особено оние кои другите ги сметаат за неважни. Проблемот кај нив е што не ги прифаќаат работите онакви какви што се и често анализираат. За нив сè претставува некоја загатка и имаат силна желба да откријат што се случува под површината.rn
5. Вага
rnВагите се многу чувствителни и свесни за сè што е внатре во нив и надвор од нив. Благодарение на нивната интуиција, тие ги знаат сите потенцијални опасности, но ова не е причина да бидат негативни. Тие имаат способност да го видат доброто во секоја лоша ситуација. Во моментите кои на сите им се чинат безнадежни, Вагите успеваат да најдат нешто позитивно. Тие не ги гледаат работите само како црно и бело и знаат дека ништо во животот не е едноставно.rn
6. Близнаци
rnБлизнаците се најдруштвениот знак и знаат како да ги смират луѓето околу нив и да ги натераат да разговараат. Тие знаат што ќе им каже соговорникот, па често може да ги завршат туѓите реченици. Близнаците се сестрани и нивната интуиција им помага да се прилагодат на секоја ситуација. Можеби поради интуицијата, или можеби поради нешто друго, но Близнаците имаат многу живописни соништа. Дали добиваат пораки преку овие соништа? Само тие го знаат одговорот на тоа.rnrnБез разлика дали спаѓате во оваа група, вашата интуиција понекогаш се обидува да ви каже нешто важно. Овие знаци ќе ви помогнат да ги откриете тие моменти.
-

Послушајте си ја интуицијата и одберете една мандала! Таа ќе ви ја открие моќта на вашиот карактер
Мандалите се кругови што будистите ги користат за да го претстават универзумот. Несомнено е дека тие во себе кријат многу тајни и непознати моќи. Освен тоа, мандалите можат да ви помогнат да дознаете нешто повеќе за вашиот карактер. Разбудете ја вашата интуиција и одберете една мандала, а потоа прочитајте ги резултатите…rnrn
rn1. Вие сте великодушни и морални
rnВашата великодушност е првиот квалитет што другите го забележуваат кај вас. Кога сакате да направите некого среќен, воопшто не се штедите. Вие сте многу дарежливи и во љубовта, а кога ќе се вљубите, целосно му се посветувате на партнерот, без страв дека ќе бидете повредени. Но, не заборавајте дека постојат луѓе кои сакаат да ги искористат вашите добри намери.rn
2. Вие сте лојални и искрени
rnНикогаш не би ги изневериле блиските луѓе и очекувате од нив и тие да ви бидат исто толку лојални. Верувате дека секој човек е одговорен за своите постапки и не го толерирате лошото однесување. Благодарение на вашата добронамерност и вроден шарм, лесно стекнувате нови пријатели.rn
3. Вие сте креативни
rnВие сте интроверти кои сакаат да набљудуваат и да размислуваат за светот околу себе. Имате неверојатна фантазија и сакате да копате длабоко по вашите мисли и да бегате од реалноста. За жал, тоа создава јаз помеѓу вас и другите луѓе кои честопати ве сметаат за чудни. Користете ја вашата фантазија и изразувајте се на креативен начин.rn
4. Вашата интуиција е извонредна
rnСекогаш можете да ѝ верувате на интуицијата. Исто така, вашите соништа се невообичаено точни и можете да предвидите настани што не се однесуваат само на вас туку и на вашите најблиски. Доколку сакате да ја подобрите оваа страна на вашиот карактер, треба да поминувате повеќе време сами, без разлика дали другите можат да го разберат вашето однесување.rn
5. Вие сте независни и храбри
rnВерувате дека кога некој навистина посакува нешто, тоа може и да го постигне со помош на своите способности. Ретко се откажувате од вашите цели и спаѓате во малиот број луѓе кои можат да кажат за себе дека ги оствариле своите соништа. Во љубовта честопати сте многу доминантни и не сакате да ја изгубите вашата независност и слобода.rnrnДоколку ви се допадна овој тест, обидете се повторно да ја изберете вашата мандала и откријте интересни информации за вас.rnrn

-

Кои се 3-те хороскопски знаци со најсилна интуиција?
Интуицијата е нешто што многумина од нас го чувствуваат, но не можат да го разберат. Сите ја имаме оваа моќ, но само малкумина можат да го разберат тоа „знаење“. Многу често ја игнорираме нашата интуиција и се сомневаме во неа. Може да се случи и да мислиме дека чувствуваме интуиција, а всушност да станува збор за нешто друго. Можеби е тешко да ја идентификуваме нашата интуиција, но хороскопските знаци имаат решение за ова.rnrn
rnrnНашиот хороскопски знак има неколку индикатори кои ја дефинираат интуицијата. Ова најчесто е поради поврзаноста помеѓу Плутон, 12-тото поле и Нептун. Моќта на интуицијата, ако правилно ја користиме, може да ни помогне да ги донесеме правилните одлуки, но потребен е разбуден ум за да стигнеме до неа. Овие хороскопски знаци имаат најдобра интуиција.rn1. Риби
rnЗа духовните Риби секогаш важи размислувањето: „Чувствувам, значи постојам“. Интуитивните Риби можат да ги предвидат работите во нивните соништа. Исто така можат да го пронајдат вистинското значење на некои настани кои другите ги игнорираат. Внатрешниот мир им е од голема важност на Рибите и ако не го пронајдат може да почнат да прават штета. Но ако Рибите успеат да го задржат својот фокус, можат да доживеат вистинско просветлување. Што и да прават, тие се водени од својата интуиција.rn
2. Скорпија
rnСкорпиите можат да погледнат низ секого. Лесно можат да сфатат што мислат другите за нив. Тие длабоко ги искусуваат сите работи и знаат што ќе се случи. Но, нивната љубов кон опасноста ги тера да ја игнорираат интуицијата и да преземаат ризици, особено кога станува збор за романтични врски.rn
3. Стрелец
rnСтрелците имаат сè што ѝ е потребно на една личност да биде интуитивна. Но, за да ја применат оваа интуиција, Стрелците треба да се концентрираат на нивната внатрешност и да бидат духовни. Треба да работат на нивниот потенцијал, а ако го направат ова правилно, ќе се спасат од непријатни ситуации. Стрелците можат да ги идентификуваат добрите и лошите ситуации, но луѓето со овој знак многу често го игнорираат ова. Потребен им е внатрешен мир за да го интерпретираат светот.rnrnДознајте и зошто треба да ѝ верувате на вашата интуиција.
-

5 знаци дека вашата интуиција се обидува да ви каже нешто многу важно
Интуицијата е нешто прекрасно. Тоа е нашиот внатрешен водич, гласот во главата што ни кажува дали треба или не треба да направиме нешто. Во текот на животот, нашата интуиција нѐ води и ни помага да донесеме правилни одлуки. Ние добиваме знаци од универзумот преку нашата интуиција. Некои луѓе имаат посилна интуиција за разлика од останатите. Но, не треба да се разочарувате доколку вашата интуиција не е толку силна колку што би сакале да биде. Можете да ја зајакнете доколку ја слушате внимателно. Прочитајте ги следниве 5 знаци кои ќе ви покажат дали вашата интуиција се обидува да ви каже нешто…rnrn
rn1. Се чувствувате самоуверено и покрај тоа што сте донеле неразумна одлука
rnАко треба да направите нешто, вашата интуиција ќе ви го каже тоа. Доколку се чувствувате самоуверено додека преземате некој голем ризик, тоа можеби ќе биде најдобрата одлука што некогаш сте ја донеле. Интуицијата не е поврзана само со негативни нешта.rn
2. Нешто ви е сомнително
rnСе чувствувате непријатно во врска со некоја ситуација. Ова се случува многу често. Кога ќе се случи вакво нешто, верувајте ѝ на вашата интуиција и извлечете се од таа ситуација.rn
3. Неодлучни сте
rnЕдноставно не можете да донесете одлука. Тоа е така затоа што сте внатрешно растргнати. Едно од нештата сигурно ви делува подобро од другото и тоа е опцијата што треба да ја одберете. За време на неодлучноста, интуицијата се обидува да разговара со нас, но ние не ја слушаме.rn
4. Вашите мисли одат во одредена насока
rnВе привлекува нешто интересно. Вашите мисли одново и одново одат во таа насока колку и да се трудите да ги одвлечете на друго место. Доколку размислувате за нешто поголемиот дел од време, најверојатно треба да се обидете.rn
5. Мислите дека чувството никогаш нема да заврши
rnТоа чувство нема едноставно да исчезне. Ќе се чувствувате така, додека не забележите дека вашата интуиција се обидува да ви каже нешто. Слушајте ја вашата интуиција.rnrnНашата интуиција има задача да се погрижи за нашата сигурност. Таа може и ќе ве одведе далеку во животот, ако ѝ дозволите. Не го игнорирајте вашиот внатрешен глас, тој само се обидува да го извлече најдоброто од вас.rnrnПрочитајте ги и следниве 8 силни знаци дека сте изгубиле контакт со вашата интуиција.