КАФЕ ПАУЗА

Tag: интуиција

  • 7 лесни начини за донесување тешки одлуки

    7 лесни начини за донесување тешки одлуки

    Дали некогаш посакувате да постоеше лесен начин за донесување тешки одлуки? Постојат некои работи кои можете да ги направите за полесно да донесете некоја одлука. Донесувањето одлуки е тежок процес и за да не се покаете и да не згрешите повторно, прочитајте ги следните совети, кои веројатно ќе ви помогнат.rnrn7 лесни начини за донесување тешки одлукиrn

    1. Одредете ги позитивните и негативните страни

    rnДонесувањето на една одлука со себе носи свои позитивни и негативни страни, затоа добро размислете и предвидете што би се случило доколку се одлучите за една од нив. На лист хартија направете листа од позитивните и негативни аспекти и така ќе добите појасна слика за она што е најдобро за вас. Можеби во себе веќе знаете што сакате, но кога ќе го видите тоа напишано, ќе најдете оправдување за постапката и конечно ќе успеете да се решите.rn

    2. Побарајте совет од пријател

    rnНема ништо лошо во тоа да побарате совет од некој близок пријател кога се обидувате да донесете тешка одлука. Но, внимавајте да не се потпрете единствено на тоа што тој/таа го мисли. Земете ги предвид нивните видувања, сите факти, вашиот личен став и одлучете се. На пример, доколку размислувате дали да се преселите на некое ново место, разговарајте со пријател да видите што тој мисли за тоа, но знајте дека тие секогаш ќе сакаат да останете каде што сте, бидејќи така ќе бидат поблиску до вас. Значи, сепак на крајот, одлуката е само ваша.rn

    3. Разгледајте ги сите можни опции

    rnБидете информирани и разгледајте ги сите можни опции пред да донесете одлука. Доколку размислувате за нов потег во кариерата, или пак не можете да се одлучите каде да одите на одмор, истражувањето на интернет може да се покаже многу корисно. Ќе се инспирирате и веднаш ќе се одлучите што да направите.rn

    4. Ризикувајте

    rnНе е препорачливо ова да го правите при донесување на важни, животни одлуки, но е корисно за решавање на некои секојдневни, ситни дилеми. Доколку некогаш ви се смачи од многу размислување, едноставно препуштете се на ризикот и надевајте се на најдоброто.rn

    Посетувајте онлајн-форуми

    rnОнлајн-форумите се одлично место да побарате помош при донесување на некоја одлука. Не мора секогаш да коментирате за вашиот проблем, бидејќи огромни се шансите некој веќе да се соочил со тоа и само да ги разгледате дадените совети и да ги примените во вашата ситуација. Ова најмногу помага во донесување одлуки за интимни врски, пријателства, но и при изборот на соодветен факултет.rn

    Верувајте ѝ на интуицијата

    rnМногу луѓе ќе ви кажат да го следите срцето, кога станува збор за љубовта, и ова можеби е точно, но кога станува збор за некои попрактични одлуки, вашата интуиција веќе знае која опција е најдобра. Доколку не сте сигурни што ви кажува, фрлајте паричка. Ако бидете разочарани од исходот, тогаш честитки, бидејќи веќе знаете што сакате и што треба да направите.rn

    Направете пауза

    rnДоколку размислувате и се грижите за некоја одлука долго време, за момент заборавете на тоа и оддалечете се. На тој начин, подоцна ќе успеете да донесете пообјективна одлука, без да се чувствувате стресно или вознемирено. Исто како кога пишувате есеј, кратката пауза ви помага да се освежите, почисто да размислувате, а со тоа и полесно да донесете одлука.rnrnСе надеваме дека ќе ги примените овие совети и дека ќе ви помогнат полесно да донесувате одлуки во иднина.

  • Фасцинантни ефекти од хакирање на вашиот мозок

    Фасцинантни ефекти од хакирање на вашиот мозок

    Мозочното хакирање е многу едноставно. Се замислувате себеси далеку во иднината, како живеете во друга држава, или пак како сте друга личност. Целта е да имате чувство на одделување, на некој начин, на оттргнување од себеси.Психолошко дистанцирање - Фасцинантни ефекти на мозочно хакерствоВаквото замислување ве става во апстрактна или во психолошки далечна состојба на вашиот ум, која има различни видови влијанија на вашата перцепција за светот. Погледнете ги наредниве неколку примери за да можете подобро да разберете за што станува збор.rn
    rn

    1. Потешките предизвици ќе ви изгледаат полесно

    rnКога ќе налетате на потешка задача, зголемувањето на психолошката оддалеченост од неа ќе направи да ја чувствувате како полесна:rn
    rn

    „Активирањето на апстрактното размислување го намалува чувството на тежина. Физичката манипулација на оддалеченоста од задачата го создава истиот ефект. Учесниците забележале дека задачата е многу полесна кога тие се дистанцирале себеси од неа така што се навалувале наназад на нивните столици.“ (Томас & Тсаи, 2011)

    rnНо, психолошкото дистанцирање помага исто како и физичката оддалеченост.rn
    rn

    2. Вашата способност за себе-анализа ќе се подобри

    rnКога нештата нема да се одвиваат според вашиот план и кога се обидувате да сфатите каде грешите, психолошката оддалеченост може да ви биде од голема помош:rn
    rn

    „…Насочувањето на луѓето да ги анализираат своите чувства од себе-оддалечена перспектива, додека се опкружени со негативни автобиографски искуства, во споредба со нормалното размислување (во прво лице), краткорочно ги води кон доживување помалку емоционални и психолошки реакции и истовремено, со тек на време, ги ублажува негативните последици од размислувањето.“ (Ајдук & Крос, 2010)

    rn

    3. Ќе станете полесно убедливи

    rnКога се двоумите, на пример, дали да купите нешто или не, психолошката оддалеченост може значително да ви помогне со решителноста.rn
    rn

    „Резултатите од две експериментални студии ни покажуваат дека потрошувачите кои се двоумат, многу полесно можат да се одлучат кога им влијаат пораки со психолошки далечна ориентација, која ја потенцира иднината или се однесува на некоја далечна личност…“ (Ненков, 2012)

    rn

    4. Ќе стекнете поголема емоционална самоконтрола

    rnПсихолошкото дистанцирање ни овозможува и емоционална оддалеченост:rn
    rn

    „…Негативните сцени имаат тенденција да бидат попозитивни и помалку емоционално предизвикувачки доколку замислувате дека се оддалечувате од себе, или пак спротивното, кога замислувате дека се доближувате однадвор – навнатре, односно кон себе.“ (Дејвис и колегите, 2011)

    rnАко сте премногу емоционална личност, психолошката оддалеченост може да биде корисна техника за контрола на вашите емоции:rn
    rn

    „Надополнувањето на вообичаеното гледиште на одредена личност со психолошко оддалечување води кон подобро емоционално контролирање. Но, сепак индивидуите кои се склони кон избегнување проблеми (природно оддалечување од нивните искуства) подобро е доколку се обидат со обратната постапка – психолошко задлабочување, додека пак оние кои се склони кон анксиозно решавање на проблемите (природно задлабочување во нивните искуства) можат да имаат бенефит од психолошото дистанцирање.“ (Вонг и колегите, 2012)

    rn

    5. Ќе станете поверни на себеси

    rnПсихолошкото дистанцирање може да ве направи помалку подложни на социјално влијание.rn
    rn

    „…Помошта доаѓа од оддалечувањето, со што постојано се рефлектираат основните вредности и идеали на личноста, кои често се споделуваат во кругот на важни врски или групи.“ (Леџервуд и колегите, 2010)

    rnСо други зборови, кога размислуваме апстрактно или со психолошка оддалеченост ние сме поискрени со себе.rn
    rn

    6. Ќе станете попристојни

    rnЛуѓето имаат тенденција да бидат попристојни кога размислуваат апстрактно.rn
    rn

    „Осум студии покажаа дека пристојноста е поврзана со високо ниво на конструктивна, временска или просторна оддалечност.“ (Стефан и колегите, 2010)

    rn

    7. Ќе ја зголемите својата креативност

    rnПробајте да ја замислите својата задача како нешто многу далечно – истражувањата покажале дека ова може да ви биде од голема помош доколку имате потреба од креативни решенија.rn
    rn

    „Луѓето честопати прават паузи додека работат на нешто за малку да го одморат својот мозок, но психолошкото дистанцирање и во овој случај може да биде од помош. Учесниците од една студија кои требало да размислуваат за својата задача како за нешто многу далечно, решиле двапати поголем број проблеми од оние кои не ја употребувале оваа техника.“ (Џија и колегите, 2009)

    rn

    8. Ќе поттикнете мудри мисли во себе

    rnДа се биде мудар, значи да се гледа „поголемата слика“. Апстрактното размислување и психолошкото дистанцирање можат да ви помогнат со тоа.rn
    rn

    „Два експеримента покажале дека посочувајќи им на луѓето да размислуваат за нивните лични значајни проблеми од дистанцирана перспектива, го подобрува нивното мудро резонирање, ставовите како и однесувањето.“ (Крос и Гросман, 2011)

    rn

    9. Сепак, пазете се од илузијата на објаснувачката длабочина

    rnНе сите ефекти од апстрактното размислување се позитивни. Една од опасностите на апстрактното размислување е фактот што тие нè наведуваат да мислиме дека одредено нешто го разбираме подобро отколку што навистина е. Ова се нарекува „илузија на објаснувачка длабочина“.rn
    rn

    „Многу луѓе отприлика знаат дека земјотресот се појавува поради судир на две геолошки плочи, кои релативно се движат една кон друга, но сепак многу малку знаат за самиот механизам кој ги поттикнува овие судири. Без разлика на тоа, луѓето веруваат дека длабоко ги разбираат овие концепти и потоа доколку некој детално им го објасни целиот концепт, тие се изненадени од нивната површност.“ (Алтер и колегите, 2010)

    rnПоради тоа,rn
    rn

    „И покрај тоа што здраворазумската мудрост сугерира дека ние често не ја гледаме шумата како дрвја, понекогаш тоа што повеќе загрижува е фактот дека ние не успеваме да ги видиме дрвјата како шума.“ (Алтер и колегите, 2010)


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Затоа што секој крај е почеток…

    Затоа што секој крај е почеток…

    Автор: Катерина НеделкоскаrnrnrnЗнаеш што е работата со последните средби? Тоа што ретко кога знаеш дека се последни. Најчесто, не ни претпоставуваш. Имам јас јака интуиција, скоро секогаш знам кога се ближи крајот. Колку е благослов, уште повеќе е клетва… Тажно е што верувам во бесконечност. На себе носам ланче со приврзок знак за бесконечност, а не верувам дури ни во подобро утре. Верувам дека сè има свој крај. Кога не би имало крај, зошто воопшто би започнало?! Некои работи беа судени да се завршат тогаш. Таа зима, во таа иста соба, меѓу тие четири ѕида каде што пред многу години бев најсреќниот атом во вселената. Не повеќе.rnrnЗатоа што секој крај е почеток...rnrnНешто ми кажуваше дека таа вечер е последна, додека чувствував како срцето ми се празни од љубовта без која порано не бев способна да дишам. Вдиши, издиши, вдиши, издиши… Празнина.rnrnИ најголемата сила на светот ослабна и исчезна.rnrnТокму тоа му требаше на светот, уште една просечна емоција, небаре малку има!rnrnНе можам да живеам просечен живот, не можам да заспивам и да се будам со стравот дека тоа што го живеам сега е најдоброто што може да биде, кога знам дека не е. Не живеам скромно, одбивам да чувствувам скромно! Сакам љубов која ќе ме буди во сред ноќ само за да ме потсети дека реалноста ми е милион пати подобра од кој било сон. Адреналин и среќа до тој степен што ти доаѓа да се расплачеш кога ќе помислиш што имаш покрај себе! Верувам дека нема помоќно чувство од она дека некому вистински припаѓаш.rnrnДа не знаев тогаш дека таа ноќ е последна, да не ставев крај во точно определениот момент, немаше да бидам каде што сега сум. Среќна, своја, негова…rnrnКрајот има специфичен мирис и вкус, но не секој ја има привилегијата да го почувствува кога е најпотребно…rnrnТој крај беше почеток на сè што следеше, и конечно почна да важи она старо добро познато правило: краевите најчесто се ништо друго освен огромни почетоци, зависно од тоа колку си спремен да дадеш.

  • 50 брзи начини да станете личноста која ќе ја сакате

    50 брзи начини да станете личноста која ќе ја сакате

    Времето и вниманието кои си ги посветуваме себеси покажуваат колку си се сакаме и си се воодушевуваме на она што сме. За да се сакаме себеси, прво треба да се поставиме себеси на врвот од листата со приоритети. Еве неколку идеи за тоа:rnrn50 брзи начини да станете личноста која ќе ја сакатеrnrn1. Елиминирај ги сите искази кои почнуваат со „треба“ и „би требало“.rnrn2. Уживај во паузите.rnrn3. Соочувај се директно со твоите стравови.rnrn4. Биди личност на која другите можат да сметаат.rnrn5. Биди одговорен/а кон себеси.rnrn6. Биди комплетно искрен/а.rnrn7. Ставај ги твоите потреби на прво место.rnrn8. Забележувај ги убавите работи околу себе.rnrn9. Нека твојот ум биде отворен за промени.rnrn10. Поставувај остварливи цели.rnrn11. Прави ги работите со темпото кое тебе ти одговара.rnrn12. Цени ја својата индивидуалност.rnrn13. Биди отворен/а за неограничени можности.rnrn14. Забележувај го хуморот во секојдневните нешта.rnrn15. Прифати ги своите недостатоци.rnrn16. Наградувај се себеси.rnrn17. Биди флексибилен/а.rnrn18. Биди благ/а кон себеси.rnrn19. Прифати дека постои можност да не си во право.rnrn20. Смеј се и без посебна причина.rnrn21. Биди трпелив/а.rnrn22. Уживај во природата.rnrn23. Појди на масажа.rnrn24. Честитај си на самиот/а себеси за секој твој успех.rnrn25. Знај се себеси.rnrn26. Цени ја состојбата во која се наоѓаш денес.rnrn27. Комуницирај со сопствените чувства.rnrn28. Дај си простор.rnrn29. Научи да се опушташ.rnrn30. Научи да се смируваш.rnrn31. Слушај музика.rnrn32. Почесто кажувај „не“.rnrn33. Искусувај нови нешта.rnrn34. Прави кратки паузи во текот на денот.rnrn35. Дружи се со позитивни и среќни луѓе.rnrn36. Планирај си време за лична забава.rnrn37. Биди беспрекорно дотеран/а – облекувај се за успех.rnrn38. Искористувај ја максимално секоја прилика.rnrn39. Полни си ги батериите.rnrn40. Не расправај се.rnrn41. Балансирај го начинот на исхрана.rnrn42. Спиј здраво.rnrn43. Чувствувај и изразувај благодарност.rnrn44. Развиј ја својата интуиција.rnrn45. Прифати го својот физички изглед.rnrn46. Кажувај убави работи за себе.rnrn47. Престани да се критикуваш.rnrn48. Биди храбар/а.rnrn49. Биди кул.rnrn50. Почнувај од почеток секој нов ден.rnrn+1* Наместо да коментираш на овој пост, искористи го времето за себе.rn

  • 10 нешта кои би требало да можете да ги кажете пред да умрете

    10 нешта кои би требало да можете да ги кажете пред да умрете

    Животот е убав, исполнет, волшебен, но дава онолку колку што сме подготвени да земеме и остава трага зависно од интензитетот со кој сме подготвени да даваме. За мнооооогу години од сега, кога ќе го земате последниот здив, гледајте да бидете во состојба да си ги кажете овие 10 нешта искрено во себе. А, на секоја од нив, работете во текот на животот.rnrn10 нешта кои би требало да можете да ги кажете пред да умретеrn

    1. „Го следев срцето и мојата интуиција.“

    rnОва е твој живот, и тоа краток. Не прифаќај туѓи, погрешни одлуки. Не дозволувај други да те ставаат в кафез. Пробувај сè што сакаш да пробаш. Оди каде што сакаш да одиш. Следи ја својата интуиција.rnrnКако што рече Стив Џобс:rn
    rn

    „Твоето време е ограничено. Затоа, не троши го живеејќи нечиј туѓ живот. Не дозволувај шумови од туѓите размислувања да го надвикаат твојот внатрешен глас, срце и интуиција. Тие, на некој начин, знаат што навистина сакаш да постанеш. Сè друго е секундарно.“

    rn

    2. „Го кажав она што имав потреба да го кажам.“

    rnНе воздржувај се под притисок на мислењето на средината за она што е прифатливо или неприфатливо. Секако, не можеш туку-така да пцуеш кога ќе ти текне или да се однесуваш недолично, но секогаш кажувај го она што имаш потреба да го кажеш. Тоа можеби ќе биде единствената таква прилика што ќе ја добиеш.rnrnНе цензурирај се себеси. Зборувај ја вистината! Твојата вистина…rn

    3. „Го направив она што сакав да го направам.“

    rnСекое утро си соочен/а со два избори: да го истуркаш денот, без притоа да знаеш што ќе се случи и едноставно да реагираш на ситуациите во моментот кога ќе се случуваат или пак, да го поминеш денот давајќи му насока на својот живот, донесувајќи сопствени одлуки, градејќи ја својата судбина.rnrnНајголемата дарба што ја имаат некои посебни луѓе во однос на просечните, се состои во нивната способност да преземат акција за да направат физички нешто што ќе ги одведе од точката во која се наоѓаат до точката каде што сакаат да бидат. Ова не е лесно, но на крајот, многу повеќе ќе се исплати маката од самодисциплината која си морал/а да си ја поставиш за да го направиш она што треба, одошто да страдаш поради каење и разочарување од неисполнување на своите соништа.rnrn

    4. „Направив разлика во светот.“

    rnОд  животот го добиваш она што ќе го внесеш во него. Кога влијаеш позитивно врз некој, всушност си влијаеш позитивно и на самиот себеси. Направи нешто големо за некој друг, нешто што ќе им помага на луѓето и ќе ги прави среќни.rnrnВака можеш да го смениш светот, можеби не целиот, но светот на личноста што стои до тебе.rnrn

    5. „Знам што е вистинска љубов.“

    rnДа најдеш животен сопатник или пријател не значи дека треба да се трансформираш во некоја совршена слика од себеси која мислиш дека нив би им се допаднала. Треба да бидеш она што си и потоа да најдеш некој што тоа ќе го цени. Врските треба да се избираат внимателно и мудро.rnrnПодобро е да си сам/а отколку во лошо друштво. Ако нешто треба да се случи, ќе се случи во вистинското време, со вистинската личност и поради вистинската причина.rnrnТруди се да станеш најдобрата личност што е можно, а кога ќе бидеш спремен/а, универзумот ќе го почувствува тоа и ќе ти овозможи да доживееш вистинска љубов, сосема неочекувано.rnrn

    6. „Јас сум среќен/а и благодарен/а.“

    rnМалку е потребно за среќа. Сè е во тебе, во начинот на кој размислуваш, како се перципираш себеси и сè околу тебе. Тоа го правиш свесно и по навика. Внимателно избери ја леќата низ која ќе гледаш на животот. Мора да избереш да бидеш среќен/а.rnrnГолем удел во среќата има благодарноста. Треба да бидеме благодарни за она што го имаме.rnrnКако што еднаш убаво кажа Мик Џегер:rn
    rn

    „Не можеш секогаш да го добиеш она што го сакаш, но ако понекогаш се обидуваш, може да го добиеш она што всушност ти треба.“

    rnПогледни наоколу. Цени ги нештата што ги имаш во моментот. Многумина не се толку среќни.rnrn

    7. „Горд/а сум на самиот/а себе.“

    rnТи си самиот на себеси најдобар пријател, но и најдобар критичар. Без разлика на мислењата на другите, на крајот на денот, единствено твојата рефлексија во огледалото те гледа тебе во очи. Како гледаш на оваа личност е она што го одредува твоето добро чувство на долгорочен план.rnrnГордеењето со самиот себе е поврзано со силната самодоверба. Луѓето кои се горди на себе имаат страст во животот, се чувствуваат задоволни и се добар пример за останатите. За ова треба да погледнеш однапред во личноста која сакаш да станеш и максимално да се потрудиш да пораснеш како индивидуа.rnrnГордеењето со себе не значи фалење. Тоа е како да си тивко свесен/а дека вредиш многу. Не значи ниту дека си совршен/а, бидејќи никој не е, но кога знаеш дека вредиш, знаеш дека заслужуваш да бидеш сакан/а и прифатен/а од средината.rnrnЗабележувај ги сопствените успеси и слави ги. Тоа ќе ти ја зголеми самодовербата. Забележувај ги и сите позитивни особини, сите квалитети кои ги поседуваш, а кога ќе забележиш некоја негативна, не депримирај се, туку само работи на тоа да ја поправиш.rnrn

    8. „Станав најдобрата верзија од самиот/а себе.“

    rnАко се обидуваш да бидеш некој друг, веројатно нема далеку да стигнеш. Правејќи го тоа, ѝ го трошиш времето на личноста којашто си ти. Силата, успехот и задоволството доаѓаат од чувството на удобност во сопствената кожа.rnrnЏуди Гарланд вели:rn
    rn

    „Секогаш биди првокласна верзија од самиот себе, наместо второкласна верзија од некој друг.“

    rnНе постои живот во туѓи чевли. Единствените чевли кои можеш да ги носиш се твоите. Запомни дека во секој момент, единствената личност со која вистински се натпреваруваш си ти самиот/а. Се натпреваруваш да бидеш најдобар/а што можеш.rnrn

    9. „Им простив на сите што ми згрешиле.“

    rnСите сме биле повредени од некого во животот: некој лошо се однесувал со нас, ни ја изневерил довербата, ни го скршил срцето. Оваа болка е нормална, но ако ја оставиме да трае, може да си направиме проблеми. Не само што ќе бидеме несреќни, туку може да си ги уништиме врските, да го изгубиме фокусот на работа, да станеме затворени за нови нешта и нови луѓе. Се заробуваме во круг од гнев и болка и ја пропуштаме приликата да уживаме во убавината на животот додека тој се одвива.rnrnЖалењето е џабе потрошена среќа. Простувањето значи ослободување на затвореникот од ќелијата во која затвореникот всушност си бил/а ти.rnrn

    10. „Не се каам за ништо.“

    rnОва е кулминација на сето претходно. Следи си го срцето! Биди искрен/а кон самиот/а себеси! Кажувај го она што сакаш да го кажеш! Биди добар/а со другите! Понуди ја твојата помош кога си во можност! Сакај ги оние кои заслужуваат! Цени го она што го имаш! Смеј се! Слави ги твоите мали победи! Учи од сопствените грешки. Простувај! И… откажи се од нештата кои не можеш да ги промениш!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Какви се машките и женските ракови под површината?

    Какви се машките и женските ракови под површината?

    Какви се жените родени во знакот рак?

    rnЖенските ракови се познати по нивниот силен мајчински инстинкт, заштитничка природа и тенденција кон честа нерасположеност. Тие се секогаш инспирирани да им помагаат на другите и да одат до крај за да ги заштитат оние кои ги сметаат за „свои луѓе“.rnrnКакви се машките и женските ракови под површинатаrn

    Еве неколку особини кои можете да ги сретнете кај жена, чиј астролошки знак е рак:

    rn

      rn011

    • Однадвор цврсти, но однатре меки. Ова значи дека мајчинската страна на раковите, е добро истренирана. Тие можат ефикасно да ги воспитаат и дисциплинираат нивните деца, но истовремено и да им покажат голема љубов и нежност.
    • rn011

    • Неверојатно лојални, женските ракови се најчесто и одлични сопруги. Тие се чувствуваат одговорни за заштитата на нивното семејство.
    • rn011

    • Но, овој знак секако има и неколку мани. Повеќето ракови, имаат комплекс на помала вредност, како и тенденција да реагираат прекумерно на не толку важни работи. Исто така, тие имаат тенденција лесно да се навредуваат и да си ја „трескаат главата од земја“ поради тоа. Понекогаш е тешко да ги дешифрирате овие жени. Тие имаат тенденција да живеат во минатото или во нивниот имагинарен свет.
    • rn011

    • Ако сте жена-рак, вие сте дипломат и мирољубец. Не сакате конфронтации, но доколку треба да одбраните пријател, вие дефинитивно ќе го направите тоа, без многу двоумење.
    • rn011

    • Карактерните особини кај овие жени варираат од срамежливост до желба да бидат во центарот на вниманието. Тие може да бидат чувствителни, љубезни, романтични, да имаат уметничка душа, но знаат да бидат и ексцентрични, надуени, самобендисани и наметливи.
    • rn

    rnДа се биде рак, е одлично кога работите се тргнати кон нагорна линија. Опколени со позитивна енергија, жените родени во овој знак се фантастични лидери, уметници, инспиративни говорници и одлични пријатели.rnrnКакви се машките и женските ракови под површинатаrn

      rn011

    • Нивните емоции интензивно „пливаат“ под цврстата надворешност. Нивната „женска интуиција“ е многу силна, па поради тоа тие многу се „потпираат“ на неа во донесувањето одлуки.
    • rn011

    • Кога се најлошо расположени, женските ракови се познати по нивната намуртеност. Поради нивната голема варијација во расположението, тие секогаш ги разбираат чувствата на нивните пријатели.
    • rn011

    • Ако сте жена со хороскопски знак рак, вие најверојатно почесто ја користите фразата „Јас чувствувам“, отколку „Јас мислам“, „Јас верувам“, „Те слушам“. Ова е резултат на влијанието на Месечината врз вашиот карактер. Жените-ракови имаат тенденција да размислуваат со нивното срце, наместо со нивната глава, но ова не претставува негативна карактеристика во сите случаи.
    • rn011

    • Раковите ги интересира фантазијата, мистеријата и магијата на животот. Тие сакаат да го осознаат непознатото.
    • rn011

    • Жените ракови имаат интерес за одгледување растенија, чување животни и грижење за други луѓе. Може да се чувствуваат среќно доколку се занимаваат со градинарство, готвење, волонтирање во животински засолништа и покажување разни видови љубезност и грижа за други луѓе.
    • rn011

    • Домот на ракот му е важен онолку колку што им е гнездото на птиците. Тие сакаат да имаат место во кое навечер ќе се вратат, после ден поминат во надворешниот свет. Тие не се антисоцијални, но сакаат да имаат некое место, гнездо, засолниште, кое ќе можат да го наречат нивен дом, кој има нежен, смирувачки ефект врз нив. Тие преферираат да седат дома, отколку да „скитаат“ низ градските улици.
    • rn

    rn

    Какви се мажите родени во знакот рак?

    rnКарактеристиките на машките ракови, се во главно исти со оние на женските припаднички, но тие може да ги манифестираат на различен начин. Мажите со хороскопски знак рак, го ценат фамилијарниот живот повеќе од сè друго и сакаат да ги разгалуваат оние што ги љубат. Таа особина ги прави големи заштитници на семејството. Доколку сте во потрага по емотивен маж, тогаш ракот можеби е токму она што ви треба. Машките ракови само мораат да запомнат дека разбирањето на туѓите чувства не претставува знак на слабост во нивниот карактер, туку доблест. Типичните машки ракови, се нежни индивидуалци, кои им даваат поддршка на луѓето кои ги сакаат, бидејќи сакаат тие околу него да бидат среќни и задоволни. Но, останатите луѓе мораат да внимаваат на мрачното расположение кое знае понекогаш да ги опфати раковите. Овие луѓе се многу емотивни, но умеат добро да го прикријат тоа и да се заштитат од суровиот свет.rnrnКакви се машките и женските ракови под површинатаrn

    Еве неколку особини кои можете да ги сретнете кај маж, чиј астролошки знак е рак:

    rn

      rn011

    • Лојалноста е јака карактеристика и кај машките ракови.
    • rn011

    • Силната желба за живеење стабилен, урамнотежен семеен живот, е исто така нивна прекрасна особина.
    • rn011

    • Адаптибилноста е уште еден плус во карактерот на машките ракови и покрај тоа што тие преферираат самите да донесуваат одлуки. Таа нивна особина може да се спореди со леснотијата со која водата веднаш го зазема обликот на садот во кој ја всипувате. Но, имајте на ум дека водата може да биде и штетна, на пример може да ја еродира земјата. Машките ракови се доволно силни сами да си ги создаваат промените во животот, но истовремено се способни да се прилагодат на надворешните сили.
    • rn011

    • Овие мажи секогаш внимателно ќе ве слушаат што им зборувате, а типично за нив е тоа што умеат да ви дадат и одличен совет.
    • rn011

    • Раковите се интуитивни и восприемчиви за чувствата на другите. Тоа, колку што е добро за другите луѓе, толку е лошо за самите ракови, бидејќи нивното расположение може да ескалира од една до друга крајност, поради тоа што премногу силно ги чувствуваат туѓите чувства.
    • rn011

    • Мажите родени во овој знак се отворени и најчесто можат да се поврзат и зближат со сите типови луѓе, и покрај тоа што не се најдружељубивите луѓе во зодијакот.
    • rn011

    • Големата чувствителност е друг белег во карактерот на овие луѓе. Таа нивна особина можат најдобро да ја изразат преку колекционирање на нивните спомени во форма на албум со фотографии, споменар или чување стари предмети.
    • rn011

    • Мажите родени во знакот рак секогаш сакаат да им пружат поддршка на другите луѓе, особено кога станува збор за членовите на нивното семејство и пријателите.
    • rn

    rnКакви се машките и женските ракови под површинатаrn

      rn011

    • Самобендисаноста може да биде голема мана во карактерот на машките ракови, бидејќи тие имаат тенденција премногу да се фокусираат на нивниот мал, затворен свет. Ќе морате да се борите доколку сакате да го привлечете нивното внимание, но доколку успеете во тоа, на крајот трудот ќе ви се исплати.
    • rn011

    • Карактерот на повеќето ракови претставува еден збир од контрадикторности. Машките припадници не се исклучок. Тие се фини, добродушни и нежни, но преокупирани сами со себе. Тие се флексибилни кон потребите на другите, но баш и не се некои љубители на промени. Тие се лојални и посветени луѓе, но се премногу склони на промени во расположението, поради што нивните пријатели и членовите на семејството, понекогаш се прашуваат што овој маж навистина мисли за нив.
    • rn011

    • Машките ракови, исто како и женските, ги привлекуваат креативните професии како пишување, музика, уметност, готвење и сл. Тоа е резултат на нивниот карактер, кој е интересен спој на интуиција, инспирација и посветеност на работите кои ги сакаат.
    • rn011

    • Иако машките ракови имаат креативна имагинација, тоа не значи дека нивниот мозок не е ориентиран кон бизнис. Успехот во кариерата кој тие имаат потенцијал да го постигнат, е делумно резултат на нивната настојчивост, интуитивна природа и на нивната способност да комуницираат со другите луѓе. Тие знаат што нивните клиенти сакаат или им треба, уште пред и самите да се свесни за тоа. Најверојатно клучот за нивната среќа во кариерата е пронаоѓање работна позиција која претставува спој од креативност и бизнис клима.
    • rn011

    • Безбедноста е особено важна за машките ракови, па поради тоа тие секогаш ќе наоѓаат начин да си ги „полнат батериите“, за да имаат енергија да успеат на финансиско поле. Тие ја разбираат потребата од пари, за да можат да се чувствуваат комотно во сопствената кожа и притоа да можат да бидат способни да се грижат за луѓето околу нив.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и интуицијата

    Астрологијата и интуицијата

    Вие можеби веќе поседувате моќни интуитивни способности за кои не сте свесни и сè што ви е потребно, е да го идентификувате вашиот најдобар пат кон успех и среќа во животот. Дури и ако не верувате во постоењето интуиција, можеби ќе се изненадите кога ќе откриете дека таа ви отвора нови можности за пронаоѓање извори на инспирација, начини на преземање иницијатива, ќе ве научи како да бидете инвентивни, ќе ве натера да се борите за подобра иднина, ќе ја зголеми вашата креативност, ќе ви овозможи да ги читате работите кои се кријат „меѓу редови“, па дури и да ги игнорирате оние работи кои би сакале да не постојат во вашиот живот.rnrnАстрологијата и интуицијатаrnrnСпоред психологот Карл Густав Јунг, сите луѓе го разбираат светот преку емоциите и интуицијата. Интуицијата се базира на претчувствата и вклучува сигнали од потсвеста. Јунг верувал дека секоја личност има дарба за интуиција.rn

    Огнени знаци

    rn

    Овен

    rnИнтуицијата може да биде вашиот најголем извор на информации и поттик за борбеност. Вие имате потенцијал да прераснете во самостојна личност, која истовремено ќе се грижи за нејзиното семејство и ќе се вклопи во секое социјално опкружување. Природно интуитивни, вие можете длабоко да ја разберете вашата и психичката состојба на луѓето околу вас.rnrnВие секогаш имате некоја нова идеја на ум: да прочитате книга, да започнете да работите на нов проект, да фатите нов правец во животот или едноставно целосно да го отворите вашето срце и ум за примање нови информации. Со употреба на вашето тело на различни начини, вие ќе научите повеќе за себеси и ќе ги проширите вашите хоризонти. Вашата медитација може да вклучува визуелизација на пупка роза, како се отвора на сончева светлина и ја открива нејзината фантастична боја и дизајн. Ништо нема да ве чини да се обидете, нели?rn

    Лав

    rnКога вашата интуиција е силна, вашиот процес на донесување одлуки мора да биде рационален, за да бидете способни да ја земете предвид новата информација. Рационалното насочување на вашата интуиција не значи правење голема промена во вашиот живот. Доколку направите мала промена во вашиот ментален фокус, ќе можете да апсорбирате значајни информации и да развиете емоции кои ќе ве одведат до успеси. За да ви оди добро во учењето, кариерата и во разните креативни проекти на кои работите, треба да направите мала промена во начинот на размислување, која ќе ви донесе спектакуларни резултати.rnrnВашата интуиција може да ви предизвика мала ментална или телесна неудобност. Употребете ја таа неудобност како мерка за вашиот степен на прецизност. Размислете дали сте насочени кон реализација на вистинската цел – таквите мисли би требало да ве релаксираат. Дали сте под стрес? – Тоа ви покажува дека правите мала промена во вашата психичка состојба, која може да ви биде од одлична полза.rn

    Стрелец

    rnПродлабочете ги вашите лични вредности со помош на интуицијата. Вие сте свесни дека некои од вашите верувања не се секогаш во согласност со вашето чувство за она што е исправно, а што не и тоа ве спречува да направите прогрес во кариерата, љубовта или во духовниот раст. Треба да сфатите дека вашите стари емоционални навики ќе исчезнат во оној момент кога ќе му кажете „чао“ на вашето минато.rnrnОбрнувајте внимание на луѓето кои ги запознавате, но немојте да им ги кажувате сите детали од вашиот живот. Тие не мораат да знаат сè, а вие можеби ќе се предомислите во врска со нив. Внимателниот пристап не може да ви штети, а истовремено ќе ве заштити од недоразбирања. Вашата интуиција ви ги кажува желбите на луѓето околу вас.rn

    Земјени знаци

    rn

    Бик

    rnДозволете ѝ на вашата интуиција да ги избере дестинациите до кои сакате да отпатувате бидејќи одморањето на некое патување е вашиот начин на медитација. Вашиот љубовен живот и кариерата исто така можат да извлечат корист од вашата интуиција. Однесувајте се понезависно и истовремено обрнувајте повеќе внимание на луѓето околу вас (првиот впечаток може да биде погрешен). Интересни идеи редовно „скокаат“ во вашиот ум, а вашиот начин на резонирање обично ги опфаќа сите сегменти.rnrnАко имате некоја повреда или болест, ќе оздравите многу побрзо доколку се фокусирате на потребите на вашето тело. Интуицијата може да ве одведе до вистинскиот доктор или до најдобрата терапија. Обидете се да си замислите како сте комплетно здрави и тенденциозно насочете се кон забрзување на процесот на вашето оздравување.rn

    Девица

    rnИнтуицијата ви помага да станете посвесни за светот околу вас. Понекогаш длабоката интуиција произлегува од самите вас, благодарение на познатиот глас во вашата потсвест или замислувајќи слики кои ви помагаат успешно да завршите некоја задача. Понекогаш дури и замислување на местото кое сакате да го посетите ви овозможува да стигнете до него. Слушајте го вашиот внатрешен глас и поврзете го со сето она што го гледате пред вашите очи. Љубовта ќе ви биде блескава и здрава, доколку ја внесете вашата психичка интелигенција во врската. Комуницирањето за она што го чувствувате длабоко во вашето срце, е еден од најдобрите начини за да му докажете на вашиот партнер дека му верувате.rn

    Јарец

    rnДругите луѓе ви нудат онолку можности колку што можете максимум да поднесете. Главното прашање е која од овие шанси да ја искористите? Вашата интуиција ви ја прикажува иднината на секоја можност која стои пред вас. Таа ваша способност е речиси исто, како да држите кристална топка во рацете, која ви покажува како ќе завршат работите. Вам исто така ви е лесно да направите мало практично истражување кое ќе ги поддржи вашите одлуки.rnrnИнтуицијата ви помага да ги материјализирате вашите идеи, кои некогаш ви изгледале недостижни. Вашиот љубовен партнер може да ви постане и бизнис партнер, барем во процесот на планирање. Додека разговарате за можностите, вие двајца можете да дојдете до многу подобри одлуки, отколку кога би ги носеле сами.rn

    Воздушни знаци

    rn

    Близнаци

    rnЗборувајте со некој за она што интуитивно го перципирате и веднаш ќе го смените вашиот начин на размислување бидејќи вие имате многу променлива природа. Но, пред да „скокнете“ во автомобилот со неколку скапи работи во вашата торба, проверете што ви кажува вашата интуиција. Дали таму каде што сте се упатиле ве чека работа? Дали ќе пронајдете друштво кое ќе ви одговара? Дали љубовта е дел од таа слика? Со други зборови што се крие зад вашиот интуитивен импулс?rnrnБидејќи вашата интуиција е многу моќна, вие мора да поработите на обрнување подлабоко внимание на нештата околу вас. Не дозволувајте навидум оригинални, но крајно непрактични идеи, да ве дефокусираат од сериозно посветување на вашата работа. Работете на вашата рамнотежа. Бидете присутни во светот на сензациите, само кога тоа го бара од вас самата ситуација.rn

    Вага

    rnВнесете хармонија и баланс во вашиот живот по пат на интуиција. Прво, употребете ги вашиот интелект и интуиција за донесување на клучните одлуки во вашиот живот. Оваа комбинација на ментален процес, произведува подлабок и поточен преглед на секој ваш проблем. Второ, не донесувајте избрзани одлуки. Наместо тоа слушнете што ви кажува вашата интуиција, на начин што ќе ги тестирате резултатите кои може да произлезат од неа, пред да се обврзете на нешто што не сакате. Трето, најдобро ќе ја забележувате вашата интуиција, доколку го стимулирате вашиот ум со нешто. Менталната вежба е добра за вас.rnrnИнтуицијата може да ве одведе до некоја волонтерска работа во вашето соседство или работа во религиозна институција. Вашиот добар резон ви овозможува лесно да се вклопите во група луѓе кои размислуваат слично како вас.rn

    Водолија

    rnВашата интуиција сè повеќе се зајакнува како што вложувате напори да оставите некаков белег на овој свет. Социјалните реформи може да бидат една од вашите цели, но во оној момент кога ќе го доведете вашиот финансиски живот во ред.rnrnМоже да искусите вознемирување додека спиете или при друга телесна состојба, додека ја развивате вашата интуиција. Запомнете дека не морате да ја следите секоја ваша идеја. Вашето тело ви сигнализира кога треба да се концентрирате на нешто, а кога не.rnrnПешачењето или некои други физички активности, можат да ви помогнат да ја поврзете вашата интуиција со практичниот свет. Медитирајте со пешачење. Контактот со реалноста е многу важен за да ги разбирате работите кои се случуваат околу вас и да го пронајдете вашето највисоко ниво на удобност во сопствената кожа, додека искусувате промени во вашиот живот.rn

    Водни знаци

    rn

    Рак

    rnВие обично се вклучувате во активностите на другите луѓе. Точно знаете што следува без многу да размислувате за тоа. Ако имате некои грижи поврзани со вашето здравје, задолжително споделете го со вашиот доктор она што ви го кажува вашата интуиција. Вашите интуитивни сигнали можат да ви помогнат да добиете многу поуспешни третмани. Научете ги основите на хипнозата и телепатијата.rnrnИнтуитивните импулси може да ве одведат до одговорот уште пред да го поставите прашањето. Учењето нешто ново, може да ви овозможи да ги разберете вашите интуитивни способности. Научете кој дел од интуицијата произлегува од вашата здрава логика, а кој од вашите емоции. Ова разграничување ќе ве направи посамоуверени во однос на донесувањето одлуки.rn

    Скорпија

    rnЗа вас, промените се сè во животот. Патувајте на места кои ги сакате, научете да медитирате и истражувајте ги нештата кои ве интересираат. Со секој ваш ментален развој, забележувајте каде ве води вашата интуиција.rnrnВашиот потенцијал самостојно да ги лекувате вашите рани е голем, бидејќи вие умеете истовремено ментално, физички и спиритуално да се сосредоточите. Употребете ја медитацијата за да ја максимизирате вашата моќ на физичко и психичко оздравување. Вашиот внатрешен фокус, ви овозможува да ја употребите исцелителната моќ за решавање на секој проблем. Хипнозата е уште една моќна исцелитена алатка, која може да ви помогне при решавањето на некој физички или емоционален проблем и да ви овозможи да си создадете одлични алтернативи.rn

    Риби

    rnВашата интуиција ви го покажува крајот на стариот круг и почетокот на новиот. Тоа не значи дека треба да се борите против минатото, туку дека вам не ви е проблем да ги напуштите старите навики и начини на однесување. Со напуштање на минатото ќе ја откриете длабочината на љубовта во вашите врски, големата вредност на материјалните нешта кои ги поседувате и задоволството да го гледате светот низ светла призма.rnrnИнтуицијата ви помага да ги видите идните резултати од вашите сегашни активности. Со знаење на мал дел од иднината, сте посамоуверени да го оставите минатото зад себе. Понекогаш можеби ќе се чувствувате неуморно и енергично, а за развој на таквото чувство, можете да допринесете со јадење редовни и здрави оброци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 знаци дека треба да најдете друга работа

    4 знаци дека треба да најдете друга работа

    Без разлика дали сте моментално вработени, барате работа или утре одите на интервју за работа, прочитајте на што треба да внимавате кога сте во работното опкружување.rn

    1. Ви поставуваат чудни прашања

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnВнимавајте на прашањата кои имаат за цел да откријат интимни делови од вашиот живот. Која е вашата сексуална определба, кое ви е омилено кафуле, дали некогаш сте се сликале за фотосесија во списание и сл. се прашања кои не треба да се очекуваат од идниот работодавец (освен ако прашањата се директно поврзани со местото за работа за кое аплицирате). Дури и прашањата да не ви се чинат лични, верувајте дека тие се премногу интимни за да ви ги поставува работодавецот за време на интервјуто за работа или после некое време од работењето во неговата компанија.rn

    Еден вработен бил викнат во канцеларијата на неговиот работодавец каде бил прашан: „Дали се навредуваш кога некој упатува пцости спрема тебе?“ Вработениот одговорил: „Не, понекогаш и јас пцујам. Не е тоа ништо“. Потоа, кога разговорот продолжил, вработениот сфатил дека секоја реченица на работодавецот била со пцости. Ги употребувал дури и во деловната комуникација преку е-mail. Вработениот се почувствувал навреден и дал отказ.

    rn

    2. Никој не изгледа среќно во компанијата

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnКога одите на разговор за работа, погледнете ги луѓето кои работат во компанијата. Ако се насмеани, среќни, позитивни и весели, тоа е добар знак. Тоа значи дека ја сакаат работата која ја работат и дека условите во кои работат се одлични. Но, ако човекот кој ќе ве пречека на рецепција не ви се насмевне, тоа е знак дека во компанијата работите не се баш како што треба. Едноставно, набљудувајте го однесувањето на оној кој ве интервјуира. Ако тој му „зборува на носот“, постојано проверува електронска пошта, одговара на телефонските повици кои ги добива во текот на разговорот, тоа е знак дека тој нема доволно почит спрема вас и вашата работна позиција за која аплицирате.rn

    3. Вашата работна позиција нема звање

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnЗа време на интервјуто за работа, оној кој ве интервјуира размислува едно, а вие друго. Вас ви е важно да ве примат на работа, а на другиот му е важно да пополни место во компанијата. За време на интервјуто, покажете интерес и прашувајте прашања за тоа што точно е вашата работа и кое е звањето кое ќе го имате. Ако на почеток не го знаете вашето звање, потоа е потешко истото да го добиете. Дајте му до знаење на работодавецот дека вам ви значи која позиција ќе ја имате во неговата компанија.rn

    4. Верувајте му на внатрешното чувство

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnЗборуваме за интуиција – чувството кое ви кажува што да направите. Понекогаш, дури и сè да ви изгледа убаво и совршено, внатрешниот глас е посилен и не треба да се занемарува. Послушајте се самите себе кога нешто „не ви штима“. Ако чувствувате дека нешто не е во ред, тоа веројатно е така. Затоа, верувајте во самите себе.

  • Како да ја следите вашата интуиција?

    Како да ја следите вашата интуиција?

    Како да ја следите вашата интуиција?Колку пати ви се случило да се најдете во ситуација некој ваш пријател однапред да донесува правилни одлуки, а при тоа немајќи повеќе информации од останатите луѓе, ниту големо животно искуство? Вашиот пријател најверојатно се водел според својата интуиција.rnrnИнтуиција е претчувство за крајниот исход на ситуациите, кои сѐ уште не завршиле. Сите од самото раѓање располагаме со одреден степен на интуиција и ако знаеме како да ја препознаеме и развиваме, може да ни користи во сите полиња од животот.rn
    rn

    Како да знаете дека сте интуитивни?

    rnКако да ја следите вашата интуиција?Ако претчувствувате дека нешто ќе се случи во некоја точка во иднината, значи дека имате интуиција. Во ситуациите во кои сте постапиле правилно, дури и кога не сте биле сигурни што треба да правите, поверојатно е дека одлуката сте ја донеле како резултат на вашата интуиција, а не поради тоа што сте имале среќа.rnrn(3)  Kako da ja sledite vashata intuicijarnrnИнтензивната интуиција е дарба и оние кои се среќни да се родат со таква, со вежбање можат да ја доразвијат и да умеат да дадат одлични совети за тоа како треба да се справуваме со нерешените проблеми.rn
    rn

    Зошто интуицијата е толку значајна?

    rnКако да ја следите вашата интуиција?Да претпоставиме дека започнувате ваш сопствен бизнис, при што имате избор да одлучите какви ќе бидат правилата на работа во фирмата. Од некој ваш соработник имате големи очекувања и мислите дека можете да му верувате, но во вистинскиот момент некој ваш близок човек со моќни интуитивни способности ве насочува во друг правец, советувајќи дека тој колега не е вистинскиот избор за вас. На крајот и самите сознавате дека тој бил во право.(5) Како да ја следите вашата интуиција?rnrnСекој од вас има слушнато дека луѓе решаваат во последен момент да не се качат во авион, бидејќи јака интуиција им кажува дека не треба да патуваат тој ден. После кратко време, се дознава дека авионот се срушил. Убавината во интуицијата е токму во тоа, можноста да ја користите како голема дарба, каде и да сте.rn

    Како да ја развивате сопствената интуиција?

    rnКако да ја следите вашата интуиција?Ако настојувате да станете што е можно посвесни за природата на сите случувања околу вас, ќе развиете и посилно чувство за функционирањето на животот воопшто. На тој начин ќе го избистрите умот и ќе и помогнете на вашата интуиција да ве води до вистинските одговори кои ги барате.rn
    rn

    Која е разликата помеѓу вашата и интуицијата на психијатрите?

    rnКако да ја следите вашата интуиција?Интуицијата ја носите секаде со вас и таа може да ви помогне во многу различни животни ситуации. Но, понекогаш емоциите и секојдневните работи може да ви ги засенат мислите и да не сте во можност да ја препознаете.rnrnКако да ја следите вашата интуиција?rnrnОд друга страна, психијатрите кои располагаат со јака интуиција можат многу почисто да проценат кои се вистинските одлуки кои треба да ги донесете во дадената ситуација, бидејќи тие не се лично инволвирани. Нивниот мозок не е исполнет со лични мисли кои ја блокираат интуицијата. Тие пред сè се професионалци, кои со години ја развивале својата интуиција, за да можат да ги уловат оние нешта, кои обичниот човек не може да ги види.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn