КАФЕ ПАУЗА

Tag: фактори

  • Кои 3 работи можат да го забрзаат биолошкото стареење?

    Кои 3 работи можат да го забрзаат биолошкото стареење?

    Во некои случаи, „биолошката возраст“ која ги одразува знаците на опаѓање на функциите на нашите клетки и ткива поврзани со возраста, не се зголемува пропорционално со нашата хронолошка возраст. Наместо тоа, ново истражување покажало дека биолошкото стареење може да се забрза за време на стресни настани, а потоа да се смени по тие настани.rnrnКои 3 работи можат да го забрзаат биолошкото стареење?rnrnПостојат мерливи биолошки маркери кои се засноваат на промените во функцијата на клетките поврзани со стареењето, а овие маркери може да се појават за време на стрес, но потоа да исчезнат за време на закрепнувањето. Научниците откриле дека врската помеѓу биолошката возраст и хронолошката возраст е донекаде флексибилна.rnrnМеѓународен тим истражувачи од универзитетите Харвард и Калифорнија идентификувале маркери на биолошко стареење кои се зголемуваат по стресни настани како што се сериозни инфекции, операции и бременост.rnrnЕпигенетските промени може да ги рефлектираат начинот на живот на пациентот и факторите на животната средина како што се недоволна неисхранетост, инфекција или стрес/траума во детството или подоцна во животот.rnrnПримероците на крв од постари пациенти со траума кои биле подложени на итна операција укажуваат на зголемување на биолошките маркери за возраст, но интересно е што тие се вратиле на основните вредности една недела по операцијата.rnrnОткако прочитавте за резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате и да откриете колку сте здрави со помош на овие 5 лесни тестови.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Кои фактори го отежнуваат процесот на носење одлуки во животот?

    Кои фактори го отежнуваат процесот на носење одлуки во животот?

    Дали некогаш се чувствувате преморени и неспособни да донесете одлуки кога пред вас се наоѓаат многу опции? Ете ги најчестите фази на кои наидувате секогаш кога имате проблем да донесете одредена одлука:rnrnКои фактори го отежнуваат процесот на носење одлуки во животот?rn

      rn 011

    • Го одолговлекувате моментот за носење одлука поради претераното размислување.
    • rn 011

    • Постојано истражувате и собирате податоци, но не успевате да постигнете никаков напредок.
    • rn 011

    • Неодлучни сте и не можете да направите избор, дури и кога ви се претставени ограничен број опции.
    • rn 011

    • Одново и одново ја анализирате ситуацијата.
    • rn 011

    • Чувствувате анксиозност бидејќи постојано се грижите дали ќе донесете погрешна одлука.
    • rn

    rnОвие фактори, пак, можат да го отежнат процесот на донесување одлуки:rn

    1. Страв од носење погрешна одлука

    rnСтравот да не се донесе најдобрата или правилната одлука може да предизвика поединците да заглават во циклус на анализа на сите достапни опции и потенцијални исходи, што доведува до неодлучност.rn

    2. Желба за перфекционизам

    rnЛуѓето кои имаат перфекционистички начин на размислување може да се борат со сиот овој процес додека се стремат да донесат совршена одлука. Ова може да доведе до прекумерна анализа на ситуацијата и неможност да се направи избор.rn

    3. Недостаток на информации

    rnКога некој чувствува дека нема доволно информации за да донесе информирана одлука, може да заглави во циклус на барање повеќе информации.rn

    4. Премногу информации

    rnСпротивно на тоа, прекумерните информации исто така може да биде фактор. Во ерата на информациите, податоците се лесно достапни, што го прави лесно истражувањето. Сепак, тоа може да придонесе и за спротивен ефект.rn

    5. Анксиозност

    rnЗа поединците кои се борат со анксиозноста може да биде особено тешко да донесуваат одлуки.rnrnОткако прочитавте за факторите кои можат да го отежнат процесот на носење одлуки, можеби ќе сакате да прочитате и за 7-те секојдневни нешта кои ги излудуваат луѓето кои тешко донесуваат одлуки.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Кои фактори се пресудни во обликувањето на нашите животи онакви какви што се?

    Кои фактори се пресудни во обликувањето на нашите животи онакви какви што се?

    Дали некогаш сте размислувале за 4-те фактори кои имаат моќ да ги обликуваат нашите животи онакви какви што се? Во продолжение прочитајте за кои фактори станува збор.rnrnКои фактори се пресудни во обликувањето на нашите животи онакви какви што се? rn

    Гени

    rnВлијанието на гените за тоа што сме такви какви што сме е неоспорно во научните кругови. Се смета дека тие сочинуваат околу 50% од нашиот развој како личност. Освен тоа, од нив зависат многу физички атрибути како боја на кожа, коса и очи, висина како и подложност на одредени болести. Дури и особините на личноста како интровертност, екстровертност и темперамент се тесно поврзани со нив.rn

    Воспитување

    rnДоколку влијанието на гените изнесува 50% другите 50% се отсликани преку нашата непосредна околина. Неодамнешни истражувања покажале дека 20 до 50% од разликите во детскиот раст и развој се должи на влијанието на родителите. Вредностите и ставовите кои ги имаме за себе, за нашите односи со другите, образованието, религијата, политиката итн., потекнуваат од нашето воспитување. Подоцна, како што созреваме и ги развиваме вештините за критичко размислување, полесно одлучуваме дали ќе ги задржиме тие вредности или ќе ги отфрлиме.rn

    Технологија

    rnПрисуството на технологијата во секојдневниот живот е неоспорен факт за нејзиното големо влијание врз општеството. Со други зборови, денес технологијата е таа што ги контролира нашите животи во толкава мера што влијае врз секој аспект од нашиот развој, без разлика дали е когнитивен, емотивен, општествен, образовен или политички.rn

    Неочекувани настани

    rnОва е нешто за кое честопати мислиме дека нема големо влијание врз нашиот развој. Сепак, дел од научниците тврдат дека неочекуваните настани можат да бидат помоќни дури и од факторите на околината. Да претпоставиме дека нашиот живот наликува на астероид кој доколку не биде применета некаква сила, ќе продолжи да се движи низ вселената по истиот пат како и досега сè додека не умреме. Токму неочекуваните настани можат да предизвикаат промена на траекторијата на астероидот. Тие можат да бидат позитивни (на пример, средба со идниот брачен другар, добивање неочекувана понуда за работа) или негативни (тешка болест, сообраќајна несреќа) и имаат моќ да го обликуваат вашето „јас“ на сосема неочекуван начин.rnrnОткако прочитавте за 4-те фактори кои влијаат врз нашите животи, можеби ќе сакате да прочитате и кои правила ќе ви помогнат во најтешките животни ситуации.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто некои луѓе можат да ја кренат едната веѓа и да го лижат сопствениот лакт, а други не?

    Зошто некои луѓе можат да ја кренат едната веѓа и да го лижат сопствениот лакт, а други не?

    Некои од овие работи може да се научат со вежбање, а некои се предодредени со вродени фактори. Секој од нас имал другар во основно училиште кој можеше целосно да го сврти очното јаболко, да ги мрда ушите или да направи чуден облик на јазикот. Некои од овие „таленти“ се навистина ретки, додека некои можат да се научат.rnrnЗошто некои луѓе можат да ја кренат едната веѓа и да го лижат сопствениот лакт, а други не? rn

    Движење на ушите

    rnСпособноста на една личност да ги движи ушите може да се наследи, но може да се научи и со вежбање. Се проценува дека 10-20% од населението ја има оваа способност.rn

    Вртење на јазикот

    rnМногумина велат дека луѓето кои знаат да го извртуваат јазикот на различни начини се бакнуваат најдобро. Тоа би значело дека 60% од луѓето се бакнуваат одлично. Тоа е процентот на оние што можат да го направат ова. Сепак, можноста да се направи „детелина“ со јазикот е вродена.rn

    Кревање на едната веѓа

    rnВистина е дека повеќето луѓе можат да кренат само една веѓа. Дури и оние кои мислат дека не можат, ќе успеат во тоа ако вежбаат.rn

    Лижење на сопствениот лакт

    rnОва е една од најинтересните способности. Сепак, факт е дека е многу ретка и зависи од повеќе телесни фактори.rnrnПогледнете кои 3 квалитети откриваат дека имате уникатен талент.

  • Зошто се гледате себеси поинаку од тоа што ве гледаат другите?

    Зошто се гледате себеси поинаку од тоа што ве гледаат другите?

    Не секој изгледа исто во реалниот живот како што изгледа на фотографиите, а луѓето што комуницирале само онлајн со некоја личност пред првиот состанок најмногу се соочиле со оваа вистина. Всушност, многу луѓето го споделуваат своето искуство за запознавање на сосема поинаква личност од она што го покажува на својот профил. Ова често нема никаква врска со фотошоп, туку со други фактори кои влијаат на начинот на кој мислиме дека изгледаме и на тоа како нè гледаат другите. Во продолжение прочитајте зошто изгледате поинаку во очите на другите луѓе.rn

    1. Огледалото не го покажува вашиот вистински одраз

    rnЗошто се гледате себеси поинаку од тоа што ве гледаат другите?rnrnКога ќе се погледнете во огледало, кого гледате? Не ја гледате личноста што ја гледаат другите луѓе бидејќи вашиот одраз во огледалото е обратен од вашиот мозок. Ако ја подигнете левата рака, лицето во огледалото ја крева десната рака. Од начинот на кој имате патец на косата до начинот на кој се смееме, вашите лица не се симетрични. Сликата што ја гледате како ве гледа од огледалото не е лицето што му го покажувате на светот – лево и десно се обратни.rn

    2. Филтрите за фотографии а аглите можат да го претстават вашиот изглед поинаку

    rnЗошто се гледате себеси поинаку од тоа што ве гледаат другите?rnrnИскусните фотографи велат дека фотоапаратот честопати го нарушува изгледот и може да го смени или на подобро или на полошо (како кога правите селфи). Човечкиот мозок работи како Фотошоп. Нашите очи (со помош на нашиот мозок) автоматски се приспособуваат на темнината и на осветленоста.rnrnНо, фотоапаратите не се толку фасцинантни затоа што можат да се приспособат за да се фокусираат на осветлувањето или на сенките, но никогаш и на двете одеднаш. Ова е причината зошто фотоапаратот никогаш нема да може да го „види“ вашиот вистински изглед и да го рефлектира онака како што тоа го прават очите на другите луѓе.rnrnЗошто се гледате себеси поинаку од тоа што ве гледаат другите?rnrnНашите очи ги „пресекуваат“ непотребните детали додека гледаме некоја личност во реалноста и затоа луѓето околу нас нè гледаат на подетален начин, додека нашата слика на фотографијата се менува со деталите што се наоѓаат на фотографијата. Токму поради овие детали вашите слики може да изгледаат неубаво, дури и ако сте убави во реалниот живот.rn

    3. Зависи и од тоа како другите луѓе се гледаат себеси

    rnЗошто се гледате себеси поинаку од тоа што ве гледаат другите?rnrnЕдно неодамнешно истражување откри дека непривлечните луѓе ја преценуваат својата привлечност кога ќе се споредат со странци. Од друга страна, пак, привлечните луѓе обично не се свесни за својот физички шарм и го потценуваат.rnrnДруг факт е дека привлечните луѓе се споредуваат со други привлечни луѓе, а непривлечните луѓе ја црпат својата самодоверба од непривлечни луѓе. Тоа значи луѓето околу вас може да влијаат на вашата визија за вас самите поради начинот на кој го споредувате вашиот изглед со нивниот.rn

    4. Се споредувате себеси неправедно

    rnЗошто се гледате себеси поинаку од тоа што ве гледаат другите?rnrnИ покрај тоа што споредувањето може да биде природен нагон, во некои случаи тоа предизвикува зголемување на самодовербата и на мотивацијата, а во други воопшто не ви помага. Споредувањето со себе значи дека се борите со несигурности кои можат да ви дадат поинаква слика за вашиот изглед или живот.rn

    5. Стравот може да ја замагли вашата перцепција

    rnЗошто се гледате себеси поинаку од тоа што ве гледаат другите?rnrnСтравот може да ја засили перцепцијата. Анксиозноста може да ги потенцира вашите несигурности и да ги зголеми, така што ќе изгледате како да барате закани за вашиот изглед. На пример, ако се плашите дека почнуваат да ви се појавуваат брчки дури и ако сте млади, веројатно ќе ги забележите кога ќе се погледнете во огледало.rn

    6. Промените во вашиот животен стил може да влијаат на начинот на кој се гледате себеси

    rnЗошто се гледате себеси поинаку од тоа што ве гледаат другите?rnrnПромените во расположението, недостатокот на сон, нерамнотежата на хормони, лошата исхрана и други ментални и физички промени или услови може да влијаат на вашата перцепција за себе. На пример, кога се чувствувате уморни, веројатно не се насмевнувате и ова значи дека ви недостасува страст. Бидејќи луѓето се како огледала и го рефлектираат она што го покажувате, нема да бидете препознаени како што се гледате себеси.rnrnПрочитајте кои детали во вашиот изглед може да откријат сè за вас.

  • 7-те најчести фактори што можат да предизвикаат неплодност

    7-те најчести фактори што можат да предизвикаат неплодност

    Доколку сте донеле одлука да станете родител, но обидувањето трае подолго од планираното, нормално е да се наоѓате сред емоционална бура. Вознемирувачката комбинација од гнев, фрустрација и разочарување потекнува од чувството на ранливост и неможноста да ја контролирате ситуацијата.rnrn7-те најчести фактори што можат да предизвикаат неплодностrnrnНаучени сме дека ако доволно се трудиме, можеме да постигнеме што било. Но, ова не важи и за бременоста. Иако постојат многубројни причини поради кои жената не може да остане бремена, секоја од нив има своја приказна и различна ситуација. Некои од причините можат да бидат медицински, а некои еколошки, но добрите вести се што во поголемиот дел од случаите, проблемот може да се реши. Доколку се обидувате да останете бремени повеќе од една година но безуспешно, причините можат да бидат некои од следниве.rn

    1. Ендометриоза

    rnМенструалните грчеви сами по себе нема да влијаат на плодноста. Меѓутоа интензивните грчеви можат да бидат знак за ендометриоза, која пак може да предизвика неплодност. Најчестиот симптом на ова нарушување кое настанува кога ткивото на матката расте и ги зафаќа околните органи, е болната менструација. Другите симптоми се хронична болка во карлицата и неудобност за време на секс. Од 10% од жените кои страдаат од ова нарушување, речиси половина имаат проблеми и со плодноста.rn

    2. Ановулација

    rnАновулацијата или отсуството на овулација исто така предизвикува неплодност. Постојат неколку причини за појавата на ановулација, вклучувајќи ги синдромот на полицистични јајници, дебелина, оштетување на ендокрините жлезди и претерано вежбање. Откривањето на причината за ановулацијата е клучно за нејзино третирање.rn

    3. Миом на матката

    rnМиомите на матката, познати и како бенигни тумори, можат да предизвикаат неплодност. Миомите во внатрешноста на матката можат да му пречат на процесот на зачнување. Овој проблем може да се реши со хируршка процедура позната како хистероскопија.rn

    4. Оштетување на јајцеводите

    rnИ јајцеводите можат да бидат одговорни за вашата неплодност. Нивното оштетување, делумно или целосно блокирање, како и лузните на нив можат да бидат предизвикани од разни нешта. Некои од нив се сексуално преносливите болести, особено кламидијата.rn

    5. Вашиот партнер

    rnНе треба да го занемарите и вашиот партнер. Мажите се виновни за неплодноста во 30% до 40% од случаите. Пред да подлегнете на каков било третман за плодност, потребно е да се прегледа и вашиот партнер.rn

    6. Чад од цигари

    rnПокрај медицинските состојби, постојат многубројни фактори од опкружувањето што ја намалуваат плодноста. Чадот од цигарите е ваш главен непријател кога сакате да останете бремени бидејќи не само што ја намалува плодноста, туку може да предизвика и компликации во текот на бременоста.rn

    7. Стрес

    rnУште еден многу важен фактор од опкружувањето е стресот. Иако неговото мало количество ви овозможува да функционирате сосема нормално, хроничниот стрес може да предизвика хормонални промени кои влијаат на речиси целиот организам. Во некои случаи стресот може да предизвика прекинување на овулацијата, со што се менува менструалниот циклус, или целосно престанува.rnrnПогледнете и кои се 8-те работи за неплодноста за коишто никој не зборува.

  • Не е бракот за секого: 3 фактори кои влијаат дали ќе се омажите/ожените или не

    Не е бракот за секого: 3 фактори кои влијаат дали ќе се омажите/ожените или не

    Дали некогаш сте ја чуле изреката дека не сите луѓе се добри за брак и сте помислиле дека тоа не е вистина, бидејќи порано или подоцна, сите го наоѓаат својот идеален пар? Имено, едно истражување објавено во списанието „Social Science Research“ покажало дека веројатноста да стапите во брак зависи исклучиво од 3 фактори: физичка привлечност, карактерна привлечност и грижа за врската.rnrnrnrnРезултатот добиен од истражувањето што се темели на овие 3 карактеристики покажува дали ќе ви биде поставено прашањето на кое одговорот е „да“. Студијата била спроведена на неверојатни 9.000 испитаници, а научниците ги оценувале со оценки од 1 до 5. Колку повисока била оценката на тестирањето, толку поголеми биле шансите таа личност да стапи во брак.rnrnИако сите 3 карактеристики се клучни за развивање ваков однос, сепак истражувањето покажало дека тие можат меѓусебно да се надополнуваат. На пример, физичкиот изглед може да се замени со висок степен на интелигенција и духовитост.rnrnИстражувањата се одлични начини да се турнеме себеси во вистинската насока, но на крајот од краиштата, важно е тоа што вие го мислите. Па, ако сметате дека сакате да бидете во брак, не дозволувајте никому да ве спречи да го направите тоа. Од друга страна пак, ако не сакате да бидете во брачна врска, тогаш едноставно не правете го тоа. Секогаш одбирајте го она што вам најмногу ви се допаѓа и живејте го животот на ваш начин.rnrnПогледнете ги и овие 3 прашања кои треба да му ги поставувате на партнерот секој ден за да имате среќен брак.

  • Дали 7 часа спиење се доволно и што е најважното нешто за квалитетен сон?

    Дали 7 часа спиење се доволно и што е најважното нешто за квалитетен сон?

    Можеби сте забележале дека сте личност којашто може да функционира само со 9, па дури и со 9 и пол часа сон. Или пак, можеби сте од оние ретките на кои доволно им се 5-6 часа спиење навечер. Генералното препорачано време за спиење е помеѓу 7 и 9 часа. Но, дали разликата помеѓу луѓето е навистина толку голема? Дали 7 часа сон е некаков магичен број?rnrnДали 7 часа спиење се доволно и што е најважното нешто за квалитетен сон?rnrnСпоред експертот за спиење, доктор Мајкл Бриус, потребното количество спиење кај секого се разликува до некој степен.rn

    „Потребите за спиење на секој се различни. Оваа разлика може да настане поради нивото на активност, болест, некоја здравствена состојба и слично.“

    rnНо, Бриус смета дека она што е можеби уште поважно од количеството спиење во ноќта, е колку циклуси на спиење поминувате секоја ноќ.rnrnСпоред Националната фондација за спиење, циклусот на спиење се однесува на шема од 5 фази. РЕМ фазата е најважна за учење и функционирање на меморијата и во оваа фаза најверојатно ќе почнете да сонувате. Фондацијата смета дека во просек возрасните имаат 5 до 6 РЕМ фази во една вечер, а секој циклус трае по еден и пол час. Па, доктор Бреус препорачува да поминете барем 5 циклуси на спиење во една вечер, односно околу 7 и пол часови.rnrnКористејќи го основниот модел по којшто функционираат циклусите за спиење, самите можете да направите распоред на спиење во зависност од тоа кога треба да станете следното утро. Оттаму ќе можете да го пронајдете идеалното време за легнување.rnrnДоктор Бриус смета дека наоѓањето на идеалното време за легнување значително ви ги зголемува шансите да ги добиете потребните квалитет и квантитет од спиењето.rn

    „Можеби не сте сигурни кога треба да си легнете, но сигурно знаете кога треба да станете. Поради ова, повеќето луѓе имаат она што јас го нарекувам социјално одредено време на будење. Постои некоја надворешна обврзаност која ни диктира кога да се разбудиме и да го започнеме денот. Повеќето од нас немаат време на будење што е целосно во наша контрола.“

    rnВремето на легнување од друга страна, нуди повеќе слобода. Па, кога ќе треба да го одредете идеалното време за легнување, започнете со времето на будење. Бидејќи просечниот циклус е околу 90 минути, тоа значи дека ќе броите 7 и пол часа назад од времето кога треба да станете.rnrnСе разбира, и ова не е метод без недостатоци. Потребното количество спиење може многу да се разликува од една до друга личност, во зависност од телото и животниот стил.rnrnСепак, ако сакате да експериментирате со времето на легнување и да видите како тоа ќе влијае на вашата енергија, штом ќе го одредите времето на легнување обидете се да се држите до него барем една недела.rn

    „Целта е природно да се разбудите 5 до 10 минути пред вашиот аларм. Ако се разбудите прерано, легнувајте си малку подоцна.“

    rnКога пробувате нови времиња на легнување, доктор Бриус советува дека е најдобро да правите поместувања од 15 минути. Ако првото време ви било 22 часот, следниот пат нека биде во 22:15.rnrnДознајте и колку часови спиење ви се потребни според вашата возраст.

  • Внимавајте: Ова се три клучни фактори кои го забрзуваат стареењето на кожата

    Внимавајте: Ова се три клучни фактори кои го забрзуваат стареењето на кожата

    Некаде околу 25-тата година, првите знаци на општо стареење на кожата стануваат видливи. Како што старееме, процесите во кожата забавуваат и структурата слабее. Супстанците кои ја прават кожата затегната и мазна започнуваат да исчезнуваат. Причината за тоа е комбинација на внатрешните процеси на стареење и надворешните влијанија. Најочигледен прв знак на стареење се фините линии и брчки, кои се продлабочуваат како што времето одминува. Ви откриваме 3 клучни фактори кои го забрзуваат процесот на стареење и како истите да ги спречите.rnrn2-vnimavajte-ova-se-tri-kluchni-faktori-koi-go-zabrzuvaat-stareenjeto-na-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    1. Изложување на сончеви зраци

    rnАко кожата е незаштитена на сонцето, УВ зраците може да допринесат за појава на брчки. Продолженото, постојано изложување го оштетува колагенот и доведува до помала еластичност, односно слабеење на структурата на кожата. Изложувањето на сончевите зраци го забрзува стареењето на кожата повеќе од сите други надворешни фактори.rn

    2. Пушење

    rnЕден од најголемите причинители за оксидативен стрес е пушењето, кое ги ослободува слободните радикали во телото, притоа оштетувајќи ја структурата на кожата и допринесувајќи за развој на знаци на општо стареење кои вклучуваат и брчки. Дополнително, никотинот и хемикалиите од цигарите го оштетуваат колагенот и еластинот во кожата. Ова влијае на силата и еластичноста и може да предизвика брчки.rn

    3. Сува кожа

    rnЧест знак за стареење е сувоста на кожата која е условена од годините. Како последица од опаѓање на функцијата на кожата, зрелата кожа станува значително посува и погруба, а може да се јави и чешање. Ова се случува заради намалената количина на хијалуронска киселина и може да води до создавање длабоки брчки.rnrnДоколку ги забележавте првите знаци на стареење и опуштање на кожата, тогаш дознајте како природно да ја затегнете вашата кожа на лицето.

  • 8-те најголеми откритија за среќата од 2017-та година

    8-те најголеми откритија за среќата од 2017-та година

    Не постои формула за среќа. Но сепак научниците продолжуваат да истражуваат за тоа кои аспекти од нашите животи може да имаат влијание на неа, вклучувајќи ги социјалните мрежи, физичката активност, па дури и држењето на телото. Погледнете ги 8-те најинтересни работи кои ги научивме минатата година за тоа кои фактори влијаат на нашата среќа и го намалуваат ризикот од стрес и депресија.rn

    1. Како споделувањето ги прави децата посреќни?

    rn(1)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnЕдно истражување од Кина покажало дека споделувањето може да ги направи децата посреќни, но само ако го прават тоа бидејќи сакаат. Истражувањето набљудувало групи од 3-годишни и 5-годишни деца кои или биле натерани да споделат нешто, или пак го правеле тоа по своја волја. Според изразите на нивните лица, истражувачите заклучиле дека децата се посреќни кога споделуваат нешто по своја волја.rn

    2. Медитацијата го намалува стресот

    rn(2)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnВо едно истражување, група луѓе со анксиозност практикувале свесна медитација. Резултатите покажале намалено ниво на хормоните за стрес во стресни ситуации во споредба со реакцијата на нивните тела пред да медитираат. Од друга страна, друга група луѓе слушала предавање за справување со стрес и не покажала речиси никакво подобрување. Свесната медитација им помага на луѓето да се фокусираат на сегашниот момент, но и да ги прифатат тешките мисли и чувства.rn

    3. Вежбањето го подобрува расположението

    rn(3)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnДури и малата физичка активност може да ги намали симптомите на депресија. Истражувањето ги анализирало информациите од речиси 34.000 возрасни Норвежани кои биле прашувани за нивните навики за вежбање, како и за нивните симптоми на депресија. Испитаниците биле следени 11 години. Резултатите покажале дека луѓето кои не вежбале на почетокот на истражувањето имале 44% поголеми шанси да развијат депресија, за разлика од оние кои вежбале 1 до 2 часа неделно. Научниците тврдат дека ако сите испитаници вежбале барем 1 час неделно, 12% од случаите на депресија би биле спречени.rn

    4. Најсреќна држава е Хаваи

    rn(4)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnДали преселувањето на Хаваите ќе ве направи посреќна личност? Изгледа дека тамошните жители знаат нешто повеќе за среќата бидејќи оваа држава многу често се смета за најсреќна. Во 2016-та година жителите пополнувале анкета за нивното здравје и среќа, а резултатите биле објавени во февруари, 2017-та година. Со овие резултати, Хаваи се наоѓа на врвот веќе 6-ти пат. Прашањата кои ги одговарале испитаниците биле за нивното здравје, нивното чувство за припадност, социјалните врски, финансиската состојба и вклученоста во заедница.rn

    5. Апликацијата Тиндер може да ви ја повреди самодовербата

    rn(5)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnОнлајн состанувањето станува сè попопуларно, но овој процес може да има влијание на вашето ментално здравје. Во едно истражување биле анализирани информациите на повеќе од 800 студенти кои ја користеле апликацијата Тиндер. Истражувањето покажало дека корисниците многу почесто чувствувале негативни чувства, како притисок да изгледаат на одреден начин, или пак биле лошо расположени. Научниците препорачале дека ова не значи дека не треба да користите апликации за онлајн состанување, туку не треба да зависите од нив или да барате признание од нив.rn

    6. За подобро расположение, седете исправено

    rn(6)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnИстражување од Нов Зеланд покажало дека седењето исправено може да ви го подобри расположението, барем на краток период. Во истражувањето учествувале 61 испитаник кои имале симптоми на депресија. Околу половина од нив добиле совети за тоа како да го подобрат држењето на телото, а на нивните грбови биле залепени спортски ленти кои би требало да им помогнат во тоа. Другата половина не добила никакви инструкции, а лентите биле залепени без некој редослед. Според прашалникот кој го пополниле испитаниците, се покажало дека луѓето кои седеле исправено се чувствувале многу подобро и посилно за разлика од другите. Сепак, потребно е дополнително истражување кое ќе покаже дали правилното држење на телото може навистина да им помогне на луѓето кои страдаат од депресија.rn

    7. Проблемите со спиење влијаат на ризикот од депресија

    rn(7)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnПроблемите со спиење често се симптом за некои ментални нарушувања, како на пример депресија и анксиозност. Но едно неодамнешно истражување покажало дека проблемите со спиење може да предизвикаат некои од овие нарушувања. Покрај тоа, резултатите покажале дека подобрувањето на спиењето може да ги намали симптомите на депресија и анксиозност. Во истражувањето учествувале 3.700 студенти од Велика Британија кои имале несоница. На почетокот од 10-неделното истражување испитаниците одговарале прашања за нивното спиење и нивното ментално здравје, а потоа добивале третман за несоница. Се покажало дека оние кои добивале третман покажале намалено ниво на депресија и анксиозност за разлика од другите.rn

    8. Претераното користење Фејсбук има лошо влијание на менталното здравје

    rn(8)8-te-najgolemi-otkritija-za-srekjata-od-2017-ta-godina-kafepauza.mkrnrnМногумина на шега кажуваат дека претеруваат со користењето на оваа социјална мрежа. Но дали тоа навистина има влијание на менталното здравје? Според едно неодамнешно истражување, одговорот е ДА. Истражувањето во кое учествувале 5.200 луѓе покажало дека зголемената активност на Фејсбук е поврзана со лошото здравје. На пример, луѓето кои изјавиле дека почесто „лајкувале“ објави на Фејсбук и кои често пишувале статуси имале полошо ментално здравје. Иако е можно луѓето со влошено ментално здравје да бараат надеж во социјалната мрежа, резултатите имале смисла дури и кога се зело предвид менталното здравје на испитаниците на почетокот на истражувањето, како и бројот на нивните „реални“ пријатели. Сепак, потребно е да се направат уште истражувања, а додека да се добијат конкретни резултати, експертите препорачуваат умерено користење на социјалните мрежи.rnrnПогледнете ја оваа неверојатна вежба која ќе ви даде храброст да го промените вашиот живот.