Нормално е вашата продуктивност да опаѓа кога работниот ден се ближи кон крајот, но ако ова го забележите дури и во најдобриот период од денот, тогаш сигурно ви влијаеле многу други фактори врз кои за жал, понекогаш не можете да дејствувате. Погледнете кои нешта најчесто се виновни за вашата непродуктивност на работното место.rnrn
rn
1. Работите повеќе работи истовремено
rnРетки се луѓето кои можат да работат повеќе работи истовремено. Додека едната работа е сосема нормална рутина, другата работа може да ја „убие“ вашата продуктивност и да постигнете лоши резултати. Затоа, најдобро е со вас да имате планер каде што ќе ги запишувате сите обврски и задолжително ќе правите паузи помеѓу нив.rn
2. Ја одложувате својата најважна обврска
rnСигурно ви се случило неколкупати да знаете дека мора да завршите некоја важна работа, но намерно ја одложувате, а потоа се наоѓате во ситуација каде што не сте концентрирани и мотивирани. Токму ова може многу да влијае на вашата продуктивност на работното место, па затоа најдобро е да ги завршувате најважните обврски први. И секако, издвојте време за одмор, со цел да се освежите со нова енергија.rn
3. Премногу состаноци
rnПремногу состаноци во текот на еден ден може многу да ја намали продуктивноста, бидејќи по некое време чувствувате како ништо да не постигнувате, а дополнително се заморувате. Затоа, ако тоа е можно, обидете се да ги намалите состаноците во текот на денот, бидејќи тие се наменети за само кога е потребно да се донесе некоја важна одлука.rnrn
rn
4. Социјални мрежи
rnСе претпоставува дека со појавата на социјалните мрежи, продуктивноста на луѓето на работното место значително се намалила. Доколку, вашата работа не се состои од работа на социјални мрежи, водите сметка за да го намалите времето поминато таму, бидејќи често ќе ви се случува да дојде крајот на вашето работно време, а вие ништо да не сте завршиле.rn
5. Бучни колеги
rnБучавата на работното место која доаѓа од другите канцеларии, а ја произведуваат колегите со нивните гласни разговори, претставува еден од најнегативните фактори кои влијаат врз намалување на продуктивноста. Затоа, пронајдете начин како да ја неутрализирате или потполно да ја изолирате.



rn

rn

rnrnСпоред професорот Тод Кашдан, автор на книгата „Curious? Discover the Missing Ingredient to a Fulfilling Life“, тајната на исполнетиот живот, која со векови се обидувале да ја најдат голем број филозофи, повеќе не е мистерија. Тој истакнува 6 клучни фактори кои се потребни за еден човек да биде среќен.rn
rn
Општо земено, докторите велат дека здрав возрасен маж, во просек треба да пие по околу 3 литри вода дневно, додека спротивниот пол по 2 литри. Овие бројки се пресметани според тоа колку вода треба да се надомести за онаа која секојдневно ја изнесуваме од телото. Сепак, иако водата е добра за здравјето, не треба да се претерува со нејзиното консумирање. Единствено, количината на вода која се внесува во организмот може да се зголеми на жешко време и после исцрпувачка физичка активност.rn
Консумирањето повеќе вода од потребното може да доведе до сериозни проблеми, како што се хипонатермија (прениска количина на натриум во крвта) или интоксикација (труење). Симптомите како вртоглавица, апатија (бесчувственост), дезориентираност, гадење и слично, се најчестите кои можат да се осетат по пиење преголема количина вода и воедно се многу слични на симптомите на дехидрацијата.rn
Сепак, треба да се напомене и дека секојдневно внесуваме течност и преку овошјето и зеленчукот, сите газирани и негазирани сокови и нормално, преку чаевите кои ги пиеме, па така понекогаш и не мораме да внесуваме многу голема количина чиста вода.