По сплет на околности, Дад се наоѓа на вратата на Ложата 49, каде што членовите се постари, и се служи евтино пиво и чудни алхемиски филозофии
rn
Главни улоги: Вајат Расел, Брент Џенингс, Соња КасидиrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnКреатор: Џим ГавинrnrnПремиера: 6 август 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 50 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=zefUMaa5W7wrnrnСтанува збор за комбинација од комедија и драма, односно за сè попопуларниот жанр драмедија каде што го следиме животот на еден млад човек по смртта на неговиот татко. Шон Дадли (Вајат Расел), попознат како Дад, обидувајќи се да најде значење во животот, неочекувано или пак, можеби судбински, станува дел од ложа откако случајно ќе наиде на неа и ќе се зближи со еден од офицерите – Ерни (Брент Џенингс). Со оглед на тоа што младиот Дад не работи ништо по затворањето на бизнисот на татко му и го има целото време на светот за тоа што сака да го прави, тој целосно се посветува на својата нова група пријатели која се сочинува од постари членови.rnrn
rnrnДад, на кратко, е еден од оние карактери во кои лесно можете да се заљубите, дури и ако повремено ве нервира со своите будалести размислувања и делувања. Вие можете многу свои однесувања да препознаете кај него, па затоа и брзо ќе се поврзете. Исто така подгответе се за луда емоционална железница, затоа што оваа ТВ серија е целосно насочена кон соочување со животните разочарувања и наоѓање начин истите да се надминат – нешто што Ложата 49 му помага на Дад да го направи, а преку тоа ви ја овозможува истата помош и на вас.rnrn
rnrnСо неколку зборови, оваа ТВ серија е забавна, повремено темна, и многу уникатна, па затоа сме и сигурни дека навистина ќе ви се допадне. Дури и да не станете нејзини најголеми фанови, мора да признаете дека вреди да се погледне токму поради различноста.

Главни улоги:
rnrnНо, за разлика од настаните во „Црно огледало“, во оваа ТВ серија корисниците користат виртуелен свет за средбата со своите сакани. Со оглед на тоа што не се обврзани со правилата на физиката и логиката, ова алтернативно искуство им овозможува голема слобода во однос на визуелните и психолошките истражувања.rnrn
Главни улоги:
rnrnИ покрај тоа што секоја епизода има своја тема, заедно тие се како прекрасна симфонија што предизвикува неизмерно задоволство кај својата публика. На кратко, оваа ТВ серија е еден од најдобрите избори за гледање во моментов. Од глумењето, пишувањето, режисерството, па дури и самото снимање, ништо друго во моментов не го достигнува нејзиниот квалитет. Ретко имаме можност да сведочиме на вакво дело, па затоа и дефинитивно не смееме да го пропуштиме кога ќе се случи!rnrn

Главни улоги:
rnrnПриказната започнува со настанот кога малиот Сег-Ел ќе гледа како неговиот дедо е обвинет за предавство и како умира за своите верувања. Години подоцна, кога неговото семејство веќе нема никаков ранг, привилегија и статус, Сег-Ел се обидува најдобро што може да го пронајде своето место во главниот град на Криптон – Кендор Сити. Планетата има цела низа на проблеми што и може да се очекува од дисфункционално општество, но тоа што целосно ќе го промени животот на нашиот млад јунак е заканата од Брејнијак – суштество што го гледа Криптон како свој оброк.rnrn
rnrnИако и оваа ТВ серија, како и сите останати во овој жанр, имаат неколку предвидливи и веќе видени развивања на настани, начинот на кој се раскажува приказната е многу впечатливо – вие ќе бидете забавувани и внесени во неа до самиот крај на секоја епизода. И најдобро од сè, едвај ќе ја чекате следната за да дознаете што ќе се случи понатаму – ова секогаш е добар знак. Па, ако сакате да „поживеете“ на Криптон и да ја дознаете историјата на народот на Супермен, тогаш ова е можеби еден од најзабавните начини да го сторите тоа.
Главни улоги:
rnrnТој можеби никогаш не би ни помислил да работи со полицијата, но по сплет на околности, откако неговата најголема тајна ќе биде разоткриена и репутацијата целосно уништена, нема да има друг избор. Камерон е убеден дека некој мистериозен илузионист работи против него, како и дека истиот илузионист си игра и со полицијата. Тој ќе успее да ги убеди и детективите во истото, па ќе ги здружи своите сили со полицијата.rnrn
rnrnИзмама е многу лесна серија, одлична за одморање на мозокот во попладневните часови од денот. Таа исто така изобилува со многу илузија и трикови, нешто што навистина ќе им се допадне на љубителите на магијата. Од друга страна пак, главниот актер, Џек Катмор-Скот, е како создаден за својата улога, па покрај тоа што ќе уживате во самата приказна, ќе обожавате да ги гледате и неговите интересни перформанси зад малите екрани.rnrn

Главни улоги:
rnrnСтела Абот е целосно излечена. Таа повеќе не умира. И во истиот момент кога ќе им ја соопшти веста на најблиските, таа сфаќа дека нештата не биле совршени. Нејзините родители имаат проблеми, сестра ѝ е заглавена на ужасна работа, брат ѝ се однесува како уште да е дете, а Вес… тој пак, воопшто не е личноста што Стела ја знае. Сите тие ги криеле лошите страни од нивните животи, како и нивните вистински желби и потреба, за да ја одржуваат нејзината среќа на највисоко ниво бидејќи докторите им кажале дека така има најмногу шанси да го победи ракот. Но, бидејќи сега е здрава, сите проблеми излегуваат на површина, па Стела мора одново да ги запознае своите најблиски. И не само тоа, туку таа мора да научи и како да живее во вистинскиот свет – оној што е полн со предизвици, препреки и разочарувања. Стела е осудена на живот!rnrn

Режија:
rnrnОд друга страна пак, иако станува збор за сериозна тема намената за возрасни, приказната делува многу тинејџерска, особено во погледите кон сексот. Како портрет на БДСМ врска, сите три филма делуваат меко, разлигавено и површно, па со оглед на тоа што публиката која е заинтересирана за вакви теми бара подетално истражување на динамиките помеѓу доминаторот и подредениот, тие се досадуваат и се осврнуваат кон други филмски наслови. Да не почнам да зборувам и за нагласувањето на фактот дека апетитите на Кристијан се создадени по пат на психолошка траума во минатото. Во реалноста, скоро сите љубители на БДСМ се сосема нормални индивидуи што функционираат како и сите останати во општеството, без траума од минатото.rnrn
rnrnСепак, тоа што треба да се пофали во овие филмови е истражувањето на согласноста во сексуалниот живот на еден пар. Многу повеќе внимание се обрнува на разговорите помеѓу Анастасија и Кристијан кога преговараат за границите, како и за она што е во ред и она што не е во ред, како во спалната, така и надвор од неа, во однос на самите сексуални сцени. Тие постојано разговараат, учејќи за своите граници. На тој начин си овозможуваат здрав сексуален живот – нешто од што можат да научат многу парови што имаат проблеми со границите.rnrn
rnrnПа, дали вреди да се погледне овој дел? Секако. Особено ако веќе сте ги гледале претходните два дела…
Главни улоги:
rnrnГрег и Одри го гледаат своето семејство како експеримент, но иако вложиле многу љубов во своите деца и се обиделе да ги воспитаат најдобро што можат, сепак секое од нив има длабоки проблеми, најпрво поврзани со своето потекло и бојата на кожата, а потоа и со секојдневниот живот во реалноста што тие самите ја изградиле. На пример, Ешли понекогаш делува како да се досадува во својот живот со сопруг и ќерка, и постојано се бори со својот идентитет како црна жена во Америка. Дјук има неверојатно силна потреба да ги држи нештата под контрола, но со тоа само ги маскира своите пороци. Рамон е отворен хомосексуалец, а Кристен пак, смета дека белата кожа ја прави помалку интересна од сестра ѝ и браќата, па не ја ни забележува привилегијата што доаѓа со неа.rnrn
rnrnИмајќи го ова на ум, ни Грег ни Одри не се совршени. Тие се борат со своите демони секојдневно, додека истовремено се обидуваат колку што можат повеќе да им го олеснат животот на своите деца. „Тука и сега“ има темна атмосфера, обработувајќи сериозни теми како депресијата, стравот, стареењето… Комплексните ликови само ја збогатуваат приказната, правејќи ја толку реална што секој од вас ќе препознае барем еден од нив и во луѓето околу вас. Па ако и вие самите се борите со овие проблеми или пак, познавате некој што минува низ нив, тогаш оваа ТВ серија може да ви даде малку поинаква перспектива и можност да ги погледнете нештата од друга страна.rnrn
rnrn 
Главни улоги:
rnrnЏејмс е 17-годишен средношколец кој се сомнева дека е психопат. Тој како мал дури и ја потопил раката во жежок зејтин, за да се натера да почувствува нешто, а од неодамна е опседнат со смртта, па убива мали животни. Алиса е нова во неговото училиште, и изгледа навистина кул со својот опуштен стил и погрдните зборови што ги користи повеќе од оние секојдневните. Таа веднаш ќе му пристапи, сакајќи да се зближи со него, мислејќи дури и дека има шанса да го засака. Тој, од друга страна пак, размислувајќи за дали е време конечно да премине на убивање луѓе, ќе ја прифати нејзината покана токму од таа причина – за да ја убие.rnrn
rnrnПо сплет на околности, тие бегаат од своите според нив ужасни домови, и тргнуваат на непланирана авантура. Џејмс го гледа тоа како шанса да ја убие некаде во дивината, а Алиса како можност да се оттргне од семејството што постојано ја повредува. Но, некаде по патот, тие се зближуваат, и работите меѓу нив почнуваат да се менуваат. И верувале или не, но ќе сретнат многу полоши луѓе од самите нив, а и ќе дознаат многу нешта за себе, кои се кријат под маската што ја носат пред светот, а се под влијание на нивните застрашувачки искуства како деца.