Интелигентен менаџер на книжарница ги користи своите таленти за да ја натера жената од неговите соништа да се заљуби во него
rn
Главни улоги: Пен Беџли, Елизабет Лејл, Шеј МичелrnrnЖанр: драма, криминал, романсаrnrnКреатори: Грег Берланти, Сера ГемблrnrnПремиера: 9 септември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=cKOhno0IMpA&t=1srnrnЏо (Пен Беџли) е навидум сосема обично момче што работи во книжарница. Тој има неверојатна љубов кон книгите, но и големо знаење за нив. Токму затоа и кога ќе ја запознае Гвеневир Бек (Елизабет Лејл), тој веднаш ќе знае дека таа е вистинската девојка за него. Но, Џо не е типичен фраер кој лесно флертува со девојките, и многу добро го знае тоа. Затоа мора да биде тактичен доколку сака да ја освои Бек. Тој веднаш ќе почне да ја истражува на социјалните мрежи, каде што ќе дознае многу за нејзиниот живот, вклучувајќи ја и нејзината адреса на живеење.rnrn
rnrnЏо брзо ќе ја дознае нејзината дневна рутина, како и сите оние нешта во коишто таа ужива. Ќе дознае што сака и точно што треба да направи за да ја освои. Но, тогаш ќе здогледа и една голема пречка – Бенџи (Лу Тејлор Пучи), момчето со кое Бек е во еден вид „комплицирана“ врска. Тој знае дека ќе мора да го тргне Бенџи од нејзиниот живот доколку сака да има шанса кај неа. Притоа мора да биде и внимателен, бидејќи сè зависи од тоа како ќе изигра. Во прашање е неговата вистинска љубов.rnrn
rnrnКако што времето ќе поминува, така тој сè повеќе ќе се зближува со Бек, но и сè повеќе ќе дознава дека Бенџи не е единствената пречка на патот до нивната среќа. Пич (Шеј Мичел), најдобрата пријателка на Бек исто така може да биде голема закана. Според Џо, таа е вистински психопат што целосно го контролира животот на Бек. Додајте го на ова и професорот од факултетот каде што Бек студира, како и целото нејзино опкружување и нештата не изгледаат баш добро. Затоа Џо мора да биде совршеното момче за Бек – нема друг начин како тој да ја задржи оваа неверојатна девојка покрај себе. Или пак, можеби има?rnrn
rnrnКако што веќе спомнав, Џо е навидум сосема обично момче што работи во книжарница. Но, под маската што ја носи секојдневно, се крие опасен човек со многу проблеми. Тој би направил сè, буквално сè, за љубовта на својот живот! Но, дали тоа би било доволно? И дали таа е навистина вредна за него? Ќе треба да ја погледнете самите оваа ТВ серија за да ги добиете одговорите на овие прашања! Или можеби веќе сте ја изгледале? Во тој случај, споделете го вашето мислење со нас во коментарите подолу…rnrn


Главни улоги:
rnrnВо оваа ТВ серија, го следиме животот на 16-годишниот Отис (Аса Батерфилд), којшто израснал во дом на двајца сексуални психотерапевти. Неговите родители се сега разведени, а тој живее со мајка му, Џин (Гилијан Андерсон) која слободно може да се каже дека не чувствува ниту трошка срам во однос на темата секс. Нејзината работа е да им помогне на паровите со сексуалните проблеми, и лесно и отворено разговара со сите. Таа исто така е отворена и за својот сексуален живот, кој после разводот, е прилично активен и разновиден.rnrn
rnrnКако што веќе спомнав, Отис пораснал во средина каде што отворено се разговарало за сексуалноста на луѓето. Токму затоа, иако има само 16 години и сè уште немал секс, тој е длабоко запознаен со комплексноста на сексуалните врски и има знаење коешто една девојка од неговото училиште, Мејв (Еми Меки), ќе го претвори во вистински бизнис. Таа ќе се договори со Отис да му наоѓа клиенти меѓу нивните соученици, а тој да им помага да се справат со своите сексуални проблеми. Помагајќи им на другите, тој исто така им помага и на гледачите да откријат нешто повеќе за сексуалните динамики во адолесценцијата (па и во повозрасните години) и да почнат подетално да работат и на своите проблеми.rnrn

Главни улоги:
rnrnПрвата епизода веднаш нè запознава со робинката Џулај (Тамара Лоранс), која е интелигента, жестока и силна жена. Со текот на годините, таа научила како умешно да се справува со својата господарка, Керолајн (Хејли Атвел), чија монструозност може да се забележи уште во првата секунда штом ја здогледате. Но, нештата набрзо ќе се променат откако робовите во куќата ќе почнат да слушаат гласини дека кралот на Англија е донесе крај на робовладетелството.rnrn
rnrnНа кратко, оваа мини ТВ серија е исполнета со многу емоции и обработува тешки теми што сè уште имаат големо влијание на човештвото. Но, ако сакате да погледнете како изгледал животот во тоа време и со што морале да се справуваат робовите, тогаш оваа приказна без сомнение ќе ви ги отвори очите и ќе ве потресе. Имајќи го ова на ум, бидете спремни за непријатни сцени и за неколку солзи од вашите очи…rnrn

Главни улоги:
rnrnДејството се одвива во период од 24 часа, на 25-от роденден на Бет Винтерс – денот кога таа ќе реши да му се придржи на шармантниот Лијам Ворд и да избега од нејзиниот ограничен живот, и од тешката и комплексна врска со нејзиниот очув, протестантскиот сопственик на земјиштето, Били. Оваа серија е климаксот на декади поминати во болка – моќна и впечатлива драма што следи жена во обид да ја контролира својата судбина и да ги надмине сите потешкотии што ги уништуваат и фамилиите, и нациите.rnrn

Главни улоги:
rnrn
rnrnОваа ТВ серија е комбинација од мелодрама, фантазија и окултен хорор. Тоа значи и дека не е за сечие срце. Да, главниот лик има 16 години, но тоа воопшто не ја прави приказна за помладите. Баш напротив. Подгответе се за безрезервно обожување на ѓаволот, играње со умот на смртниците, и многу, многу крвави убиства, проследени со рецитирање антички магии и одлични специјални ефекти. Сабрина е сместена во универзумот на Арчи, па ако ја гледате ТВ серијата Риверјдел, ќе забележите и многу суптилни поврзаност помеѓу двете.rnrn
rnrn
rnrnА сега, да преминеме на главното – приказната. Сабрина (Кирнан Шипка) е половина вештерка, половина човек. Татко ѝ бил вештер, додека пак, мајка ѝ обичен смртник. По нивната смрт, сестрите на татко ѝ, кои исто така се вештерки, ја примиле во својот дом и ја одгледале. Дејството ја следи Сабрина, која го очекува својот 16-ти роденден, кога треба да се случи нејзиното темно крштевање, односно кога таа треба официјално да стане дел од Црквата на ноќта и да се придружи на моќниот круг вештерки што го обожуваат ѓаволот. Но, за да го направи ова, Сабрина мора да се откаже од целата поврзаност со нејзиниот смртен живот, што воопшто не е лесно за неа. Но, можеби ќе успее да најде начин и да стане дел од двата света?rnrn
rnrn

Режија:
rnrnТоа што најмногу воодушевува кај овој филм е неверојатниот перформанс на Лејди Гага. На моменти ќе ви делува како таа да е родена за оваа улога и како цел живот да се подготвувала само за овој филм. Од друга страна пак, сите знаеме дека нема улога што Бредли Купер не може да ја одигра. Тој исто така одлично се снаоѓа во неговата задача и ни претставува лик што едноставно не можете да не го засакате. Заедно, тие имаат магична хемија, правејќи го целиот филм многу повеќе од само уште една холивудска приказна за љубовта и музиката на големото платно.rnrn


Главни улоги:
rnrnОвој пат, го следиме животот на нови три сестри – Мел (Мелони Дијаз), Меги (Сара Џефри) и Мејси (Маделајн Менток) кои по загубата на својата мајка ќе сфатат дека реалноста е многу поинаква одошто мислеле. Тие живееле сосема нормален тинејџерски живот пред будењето на нивните моќи, кои мора брзо да научат како да ги користат доколку сакаат да преживеат.rnrn
rnrnПокрај овие три девојки, мора да се спомне и Хери Гринвуд (Руперт Еванс), кој додава интересна и хумористична страна на најчесто застрашувачките сцени. Тој е нивниот советник и заштитник, оној што ќе им помогне полесно да го направат преминот кон новиот, мистериозен свет. Тој исто така ќе им ја даде и познатата Книгата на сенките, која ќе ги води во идните авантури.rnrn
rnrnПа, ако сте расположени за носталгично патување во вашето детство, но со нови и свежи ликови, и малку помодерна верзија на познатата приказна, тогаш оваа ТВ серија може да биде совршеното викенд бегство за вас. Дури и да не сте ја гледале оригиналната серија, а сте љубители на фантазијата, ќе уживате во „Волшебнички“!
Главни улоги:
rnrn„Kidding“ е на некој начин трагикомедија, или можеби уште подобро би се опишала со новиот, и сè попопуларен жанр – драмедија (комбинација од драма и комедија). Во оваа ТВ серија, сè се врти околу смртта, но и околу други големи животни и љубовни разочарувања, како неверства, лаги, измами, напуштања и загуби. Па, ако сакате да го гледате брилијантниот перформанс на Џим Кери, кој ни носи нешто сосема ново и свежо на малите екрани, а истовремено и сте по малку опседнати со смртта, тогаш оваа приказна е идеална за вас.
Главни улоги:
rnrnЏун набрзо ќе дознае дека татко ѝ ја чувал под строг режим поради фактот дека таа поседува натприродни моќи – истите моќи што и нејзината мајка ги поседувала, односно дарбата (или проклетството) да може да се трансформира во друга личност. Всушност, не ни можам да кажам дека станува збор за натприродни моќи, бидејќи како што објаснуваат во самата серија, сè е до генетиката. Способноста за трансформација се пренесува преку редок скандинавски ген од страна на мајката, најчесто скокајќи една генерација. Токму тоа ја прави Џун многу ретка…rnrn
rnrnОчекувајте 4 бавни епизоди во коишто нема да разбирате буквално ништо од тоа што се случува. Но, кога тие ќе завршат, следните 4 ќе ви докажат дека вредело тоа што сте почекале и без сомнение ќе бидете задоволни од наградата што ќе ја добиете.
Главни улоги:
rnrnТоа што е можеби малку предвидливо и веќе видено е фактот што ова необично патување ќе им даде некаков вид „моќи“ на патниците. Иако не можеме да знаеме на каде ќе тргне овој момент од само една епизода, сепак веднаш се забележува дека акцентот ќе биде токму на ова. Од друга страна пак, интересно е и истражувањето на тоа што предизвикало да се случи овој скок во времето и во игра се буквално сите идеи што ќе ви паднат напамет, вклучувајќи ја и божествената сила. Останува да почекаме и да видиме дали оваа приказна ќе го достигне својот целосен потенцијал.