Уште една филмска адаптација на роман на Николас Спарксrnrn
Режија: Ласе ХалстремrnrnУлоги: Џулијан Хаф, Џош Духамел, Дејвид Лајонс, Коби СмалдерсrnrnВреметраење: 115 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 14 февруари 2013rnrnЖанр: драма, романса, мистеријаrnrnНаша оценка: 5/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rn„Прибежиште“ (Safe Haven) е осмата филмска адаптација на роман од пистелот Николас Спаркс. Како што веројатно сите негови книги се слични една на друга, така и овие филмови не можат да побегнат од истата судбина. Овој пат приказната ги следи Кејти (Џулијан Хаф), убавица со мистериозно минато, и Алекс (Џош Духамел), бескрајно фин самохран татко на две деца чија сопруга починала од рак.
Во филмот влегувате со бегството на Кејти од полицијата. Не е познато зошто бега, но кога ќе стигне во тивкиот Саутпорт на брегот на Северна Каролина се чини дека наоѓа малку мир. Сè уште се плаши за својата сигурност, па затоа на почетокот одбива да се зближи со локалните жители, барем додека не се спријатели со Алекс и неговите деца Лекси и Џош.
Лекси се радува на интензивирањето на пријателството меѓу татко ѝ и новата девојка, но за разлика од неа Џош не сака никој да го заземе местото на мајка му. И покрај тоа, страста меѓу Алекс и Кејти полека се разгорува, таа почнува да си го средува животот, но токму тогаш бостонската полиција по неа распишува потерница поради убиство и работите се комплицираат.
Понатамошното дејство во филмот, исто како и од почетокот, е сплет помеѓу романсата која е на повидок од една страна и мистеријата во врска со минатото на Кејти од друга. Таа мистерија е добро скриена до одредена точка во филмот и тешко е да се претпостави што точно ѝ се случувало нејзе, но по неколку клишеа наредени едно по друго тоа се губи и „Прибежиште“ може да ви стане многу предвидлив.
Дури и романсата не е многу интензивна како во други филмови на Спаркс. Не е филм кој носи напнатост, кој возбудува, туку е многу лесен за гледање и се чини дека е наменет само за фановите на неговите дела и филмовите снимани според нив. Голем дел од сцените се снимани во т.н. златен час, кога зајдисноцето дава посебен амбиент на и онака идиличното крајбрежно гратче. Ако ви е потребно бегство на едно такво филмско прибежиште без притоа многу да се заморувате, тогаш можете да се опуштите со овој филм.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Режија:
Лесно ќе го разберете тој свет од фантазијата затоа што филмот почнува со кратка лекција по физика за да знаете што ќе гледате. Тој се состои од две планети споени една со друга преку зградата на големата компанија Трансворлд, а секоја од планетите има своја гравитација која што дејствува само врз сопствените жители. На едната планета, во Горниот свет, луѓето живеат во изобилие, а оние од Долниот свет се сиромашни.
Адам (Џим Старџис) е сираче од Долниот свет кој играјќи си еден ден ќе се искачи на планина која е многу блиску до Горниот свет. Таму, но на горната страна, првпат ќе ја сретне Идн (Кирстен Данст). По неколку години на истото место ќе се вљубат еден во друг и ќе почнат тајно да се гледаат затоа што љубовта меѓу луѓе од два различни света е забранета. Ќе создадат своја сопствена вселена на местото каде што првпат се сретнале и ќе уживаат во неа. Тоа трае сè додека граничните служби не ги откријат, кога во обидот да побегнат секој на својата страна Идн ќе падне назад на Горниот свет и ќе остане да лежи неподвижно.
Адам не знае што се случува со неа. Поминуваат години, тој продолжува со животот, добива ретка можност да работи за Трансворлд, но сè уште не знае ништо за неа. Работите се менуваат кога случајно дознава дека таа работи во истата компанија, но во делот кој припаѓа на Горниот свет. Поради оживувањето на спомените добива полетност која го тера што побргу да се види со неа, но кога тоа конечно ќе се случи Идн не се сеќава на него. Од дамнешниот пад ја загубила меморијата и знае само за животот после тоа. Адам останува разочаран, но има нешто кое не му дава да седи настрана и започнува да се бори за да си ја врати назад најголемата љубов во неговиот живот.
Веќе насетувате дека приказната се врти околу стереотипот за момче од сиромашниот општествен слој и девојка од високата богата класа кои љубовта ги тера да ги прекршат општествените правила за да го најдат мирот во сопствените прегратки. И не сте далеку од вистината, иако приказната на моменти го избегнува тоа клише благодарение на тоа што тој нереален свет од фантазијата наметнува некои елементи кои ѝ даваат необичност.
Како и да е, тој многу веројатно ќе успее да ве обземе со обвивката од брилијантни визуелни ефекти кои бездруго ќе ве однесат во вселената која ја замислил режисерот и сценарист Хуан Соланас, сакале вие да ја гледате таа иста приказна и во овој филм или не. Кога таа би била пооригинална ова би бил фантастичен филм, но и вака е необична романтична драма која вреди да се погледне.
rnrn
Режија:
Хелен Мирен одлично ја толкува Алма, сопруга, пријателка и најблизок соработник на Алфред Хичкок (Ентони Хопкинс). По неговиот голем успех со филмот „Север – северозапад“ (
Таа полека ќе почне да прифаќа да соработува со својот сопруг откако ќе ѝ ги каже своите невообичаени и храбри замисли за снимањето, но филмските студија не сакаат ни да помислат на таков филм. Тие преферираат проверени варијанти, а тоа нив ќе ги остави без пари за снимање. Во потрагата по финансиски средства ќе се решат дури да ја заложат и сопствената куќа и некако ќе успеат да соберат доволно пари пред Хичкок да започне со снимање.rnrnТогаш кога веќе изгледа дека работите доаѓаат на свое место се случува уште еден заплет во филмот. Алфред и Алма ќе почнат да се сомневаат еден во друг, во нивната искреност и посветеност на бракот, што доведува до бројни недоразбирања кои многу очигледно ќе се одразат и на процесот на снимањето.
Филмот е базиран на книгата „Алфред Хичкок и создавањето на Психо“ од авторот Стивен Ребело која наводно многу прецизно ги опишува сите настани во врска со легендарниот режисер и околностите во кои го снимал овој филм. Без разлика на тоа колку режисерот Саша Џервази се водел според наводите на оваа книга или додал нешто за да драматизира повеќе, тој во секој случај успева да ни даде детална претстава за односот на Алфред Хичкок со Алма и нејзиното значење во неговиот живот.
Направил филм којшто е забавен и лесен за гледање без да прави компромис на сметка на одличната приказна и ликовите. Ентони Хопкинс лесно ќе ве освои со вообичаено брилијантната глума, ќе ве внесе во неговиот посебен однос со сопругата, а таа ќе ве внесе во нејзиниот однос со сопругот, така што поминување 98 минути со ваков филм е добро потрошено време.
rnrn
Овој лик е толку комплексен, што речиси секој кој ја чита драмата ќе си оформи своја верзија за Хамлет. Можеби тоа е резултат на тоа што оваа драма е напишана во период од Шекспировиот живот кога тој е многу зрел писател со силно познавање на човековата природа. Врз оформувањето на ликот на Хамлет, влијае култот на меланхолијата, кој се издигнува во Англија во раниот 17-ти век. Имено, тогаш се верувало дека доколку се наруши
Хамлет чувствува дека Клавдиј го презема неговото место до Гертруда. Тој сака да биде единствениот кон кого неговата мајка ќе чувствува љубов. Бракот меѓу Клавдиј и Гертруда, Хамлет го гледа како одвратна игра, го смета за инцест и за акт со кој се понижува кралството. Хамлет го мрази чичко си толку многу, што одбива да го убие за време на молитва, верувајќи дека на тој начин Клавдиј би одел во рајот.rnrnХамлетовите извртени зборови придонесуваат ликот никогаш да не е потполно јасен за своите чувства, а токму тоа му дава слобода на секој читател да оформи своја теорија за емоционалната состојба на Хамлет и причината за неговото однесување. Комплексноста на овој лик е што од една страна толку ја вреднува мајка си, а од друга страна во многу наврати со неговите зборови остава впечаток дека не ги почитува жените. Исто така, Хамлет постојано го одлага своето дејствување и премногу размислува за секоја своја постапка, но во еден момент без да размислува го следи својот инстинкт и го убива Полониј.
Јасно е дека Хамлет го режира своето лудило, шетајќи и зборувајќи сам со себе, но која е неговата вистинска цел? Неговото божемско лудило е мотив за неговата љубена Офелија навистина да го загуби разумот, посегнувајќи по својот живот, што меѓу другото, ја прави оваа драма и љубовна трагедија.rnrnОваа Шекспирова трагедија е вистински сплет на убиство, одмазда и сексуална желба. Како и другите дела на Шекспир, и оваа драма е одраз на тогашната состојба во Англија, само што Шекспир секогаш поставува други земји како место на случување (во случајов се работи за Данска). Со „Хамлет“, Шекспир дава одраз на негативностите во општеството, како братоубиството, лицемерието и желбата за власт.rn
Главни улоги:
Во овој град сите пеат, пишуваат и продуцираат музика. Музиката е главната тема на која протагонистите разговараат и главната причина поради која понекогаш се караат, но често стануваат среќни.
Паралелно се прикажуваат животните приказни на уште неколку ликови кои го движат дејството. Скарлет (Клер Боуен) е атрактивна скромна девојка која се преселила во Нешвил за да биде со нејзиното момче Ејвери (Џонатан Џексон) кого бескрајно го сака. Тој пак се обидува да успее со неговиот бенд, кој иако има редовни вечерни свирки, тежнее да се пробие на голема врата и да потпише за голема издавачка куќа. За жал, наспроти безрезервната, дури глупава љубов на Скарлет кон Ејвери, тој се чини повеќе го сака успехот во музиката, отколку неа. Но, таа го има колегата од кафулето Ганер (Сем Паладио), со кого пак случајно ќе почне да твори музика и на тој начин, да се пробива на својот пат кон успехот.
Во серијата ги гледаме и животите на семејството на Рејна, две деца и сопруг, кој пак со поддршката на нејзиниот татко (кого таа не го сака баш многу) се кандидира за градоначалник на претстојните избори. Семејството на нејзината неомилена колешка Џулиет пак, се состои само од нејзината мајка која е зависник од дрога и веројатно главна причина што Џулиет е таква каква што е – секогаш весела на сцената, но тажна, скршена и осамена кога никому не треба да му прикаже широка насмевка.
Ако се мислите дали да почнете да ја гледате серијата и веднаш ве одбиваат зборовите „кантри“ и „мјузикл“, еве обид да ве премислиме. Дефинитивно треба да сакате музика за да можете да ја гледате серијава, но кој не сака музика?! Исто така, и покрај тоа што „Нешвил“ изгледа како обид за промоција на кантри музиката, тука всушност има и многу добри стихови и мелодии кои не само што ќе ви го разложат срцето на парчиња кои искрат, туку и ќе ве натераат да ги побарате песните на Јутјуб и да ги слушате одново и одново. За среќа, саундтракот е достапен за слушање, а ние правиме селекција на две песни, кои дефинитивно облеваат со морници и однадвор и однатре.rn
Режија:
Тоа што најпрво паѓа во очи е фактот што и двата главни лика имаат проблеми со психичкото здравје. Пет (Бредли Купер), кој има биполарно нарушување, речиси до смрт го претепал љубовникот на сопругата и затоа поминал 8 месеци во болница за ментални болести. Излегува оттаму само благодарение на снаодливоста на својата мајка, по што се враќа да живее кај родителите. Набргу ќе оди на вечера кај пријатели каде што ќе ја сретне Тифани (Џенифер Лоренс), млада вдовица која се обвинува себеси за смртта на својот сопруг. Таа веднаш ќе пројави интерес за Пет, но тој не е заинтересиран да се гледа со неа.rnrn
Пет е полн со некаков ирационален оптимизам за животот, сметајќи дека сопствената волја му е доволна за да си ги врати назад сопругата, работата и целиот претходен живот. Не може веднаш да го постигне тоа затоа што судот му наредил да не ѝ се доближува на неговата сопруга, и тоа на нејзино барање. И покрај тоа, тој упорно се спрема за големиот момент кога сè ќе се врати на свое место. Секој ден тренира за да ја импресионира сопругата, чита многу книги и оди на психијатар каде што учи да ги контролира емоциите. Обидите некако да дојде во контакт со сопругата нема да престанат, а надежта дополнително ќе му ја подгрее Тифани. Таа ќе му ја вети својата помош, но зад тоа се кријат мотиви кои само таа ги знае.
Покрај двајцата главни протагонисти, филмот изобилува и со многу други ликови. Сите тие се преправаат дека живеат совршен живот, а всушност се дават во емоционални проблеми. Неверојатно суеверниот татко на Пет (Роберт Де Ниро) или пријателите кои не уживаат во бракот изгледаат како да се уфрлени во приказната за да се направи паралела со Пет и Тифани и да ја доловат хипокризијата со која околината им приоѓа на нивните проблеми.
Во тоа придонесува и брилијантното сценарио. Моќните дијалози ќе почнат да го освојуваат вашето внимание уште од првата сцена. Одлично се пренесени преку извонредната глума за која Бредли Купер, Роберт Де Ниро и Џенифер Лоренс добија номинации за Оскар за нивните улоги, а последната успеа и да го добие покрај останатиот куп награди.rnrn
„Прирачник за оптимисти“ (Silver Linings Playbook) ја заслужува сета врева која се крева околу него. Ја прикажува љубовта како совршена состојба на која не ѝ се потребни совршени луѓе според општо прифатените стандарди за да биде таква и сигурно ќе ве остави со позитивно расположение откако ќе заврши. Кога само ваквите филмови би се нарекувале романтични комедии, овој жанр не би имал углед на некој кој цели на женската публика и служи за привремено лечење на нивните рани или за градење илузии. „Прирачник за оптимисти“ е филм кој одлично обработува секојдневни човечки теми и затоа вреди да се изгледа.
rnrnrn
Главни улоги
Сега е ’84 година, Кери не е самостојна, успешна и секси девојка, но уште тогаш се труди да ја најде смислата на животот. Таа е млада неискусна тинејџерка, која живее со нејзиниот татко и помала сестра која е во своите проблематични години, а нејзината мајка неодамна ја изгубила битката со ракот. 
Бидејќи отсекогаш го сакала Њујорк, татко ѝ и средува да стажира во една правна фирма, поради што има прилика подобро да се запознае со гламурозниот ноќен живот на овој град. После училишните часови се дружи со нејзините две најдобри другарки Џил и Меги и другарот Брендан. Вниманието ѝ го привлекува новиот секси ученик во нејзиното училиште Себастијан, кој е лесно забележлив помеѓу жените со својата појава.
Доколку не очекувате нешто слично на хит серијата, но сепак сакате да го почувствувате добро познатиот шарм на Кери Бредшо на млади години, тогаш дефинитивно треба да ја гледате оваа серија. 19-годишната глумица Ана Софија Роб, која е избрана да биде Кери Бредшо, е слатка, шармантна, паметна девојка, со виткана руса коса и сивкасто сини очи, која брзо ќе ви ги освои симпатиите.
Таа не личи физички на Сара Џесика Паркер, а и карактерот ѝ е многу помек. Освен што серијата е генерално различна од „Сексот и градот“ на прв поглед, сепак таа е многу интересна, дејството е брзо и неочекувано, а љубовта, сексот и гламурозниот живот на њујорчаните, тек допрва Кери треба да ги искусува. Наместо колумна за секс, во текот на епизодите повторно ќе ве следи наративниот глас на Кери од нејзиниот личен дневник, кој е исто толку интелигентен, забавен, прониклив, но се разбира поневин од оној на возрасната Бредшо.
Со серијава ќе се присетите на старите симпатични домашни телефони со долга виткана жица, на вокменот на кој се слушаше квалитетна музика и за момент ќе заборавите на мобилните телефони и виртуелните пријатели на Фејсбук. Може само да се замери дека како гледачи, на моменти може да заборавите дека станува збор за крајот на минатиот век, а не за модерново време, особено во првите неколку епизоди, но сепак серијата само што почна да се снима, а секоја наредна е поинтересна и поквалитетна од претходната.
rn
rn
rn
rnrn
Режија:
Во воведот во таа авантура еден писател се среќава со Пи Пател затоа што слушнал дека има да му раскаже извонредна приказна според која може да напише книга. Пи ќе му вети дека ќе му ја раскаже, но и дека на крај ќе го убеди да верува во Бог. Почнувајќи од детството и адолесценцијата, кога практикувал три религии одеднаш во желба подобро да го запознае Бог, стигнува до кулминацијата кога останува сам на сред Пацификот во еден чамец заедно со тигар.
Неговото семејство поради финансиски проблеми ќе мора да ја затвори зоолошката градина што ја поседува и да се пресели во Канада. Со себе ќе ги понесат животните од зоолошката затоа што таму можат да ги продадат поскапо, но нема да стигнат до ветената земја откако бродот со кој патуваат ќе потоне поради бура. Пи е единствениот човек кој ќе преживее благодарение на чамецот за спасување, а во него друштво ќе му прават зебра, орангутан, хиена и тигар. За кратко време животните ќе се испоубијат меѓу себе и ќе останат само Пи и тигарот. Нему не му останува ништо друго освен да си направи мал сплав врзан за чамецот каде што ќе ги смести залихите од храна и вода за пиење и ќе биде безбеден.
Предизвикот со кој главниот јунак понатаму се соочува на сред океан е психолошката војна помеѓу него и тигарот за тоа кој ќе има повеќе храброст и надеж за да преживее подолго. Во таа битка една во друга се прелеваат две паралелни приказни со истата драма и истите ликови: едната е буквално таква каква што ја гледате на екранот, а во другата животните се алегорија на човечки карактери. Самите одбирате во која од нив ќе верувате.rnrn
Овој избор го правите дури на крајот. Тоа не го прави филмот тежок за следење и лесно ќе го разберете. Не е комплициран, доста јасно ги пренесува пораките, а особено ќе им се допадне на љубителите на литературата. Темите што ги обработува се слични на оние од делата на Херман Хесе и Пауло Коелјо, така што нивните фанови не би требало да се двоумат дали да ја изгледаат екранизацијата на „Животот на Пи“.rnrn
Дополнителен мотив мора да бидат и техничките карактеристики на овој филм. Собра неколку Оскари, меѓу кои за најдобра режија, за кинематографија и визуелни ефекти. Оној последниот е резултат на живописните кадри кои се плод на најдобрите филмски визуелни ефекти кои светот ги видел досега. Едноставно, „Животот на Пи“ допира до сите сетила до кои може да допре еден филм, особено ако го гледате во 3Д. Ќе треба да почекаме некое време пред да се појави некое слично вакво остварување.
rnrn
Режија:
rnrnЧарли (Логан Лерман) е средношколец во прва година кој нема ниту еден пријател. Тој воопшто нема со кого да разговара вон своето семејство. Тргнува на училиште со намера да стекне пријатели и нив ќе ги најде во матурантите Сем (Ема Вотсон) и Патрик (Езра Милер). Кога ќе добијат слика за неговото секојдневие, тие ќе направат сè за да го воведат во убавините на средношколскиот живот, но токму кога ќе помислите дека уште еднаш ќе гледате како аутсајдерот станува ѕвезда, филмот се претвора во преубава емотивна приказна за искреното пријателство и љубовта.rnrn
rnrnИако Чарли немал пријатели и девојки, тој не е обичен неснаодлив средношколец. Тој е само срамежлив, воедно многу интелигентен и добро разбира што се случува околу него. Како што ќе се продлабочува неговото пријателство со Сем и Патрик, кои исто така поминуваат низ свои драми, така слој по слој ќе излегува на површина она што довело до нивните денешни проблеми. Преку нивните животи, авторот на книгата по која е направено сценариото и режисер на овој филм Стивен Чбоски ќе испреплете теми како губењето на првата љубов, конфузијата околу смислата на животот, губењето на најдобриот пријател, менталните болести, проблемите поради хомосексуалноста, сексуалното злоставување итн.rnrn
rnrnСепак овој филм воопшто не е мрачен. Иако обработува вакви тешки теми на доста реален начин, неговото гледање предизвикува убаво чувство кај гледачот, а често изнудува и насмевка. Во тоа особено се истакнува Патрик, одлично одигран од Езра Милер. Кога и да се појави во сцената успева да го освои просторот со својата елоквентност и реплики со извонредно дозиран хумор. Чарли, Сем и Патрик се премногу интересни деца за овој филм да биде тажен. Нивните дијалози секогаш се интересни, забавни и многу мудри.rnrn
rnrnВи го препорачуваме „Привилегијата да се биде срамежлив“ за моментите кога ќе сакате да гледате филм кој ќе направи да се чувствувате добро. Навистина, понекогаш е истовремено тажен и смешен, но и покрај тежината на некои теми, сепак влева оптимизам. Ова е неверојатно шармантна приказна за емоционалните тешкотии од тинејџерските години, исполнета со мудрост каква што ретко се појавува и затоа би сакале да ја изгледате.rnrn
rnrn
Режија:
rnrnДејството започнува две години пред почетокот на Граѓанската војна во САД и конечното укинување на ропството. Д-р Кинг Шулц (Криштоф Валц), ловец на глави и поранешен забар од Германија, ќе го откупи робот Џанго (Џејми Фокс) од своите сопственици. Потребен му е, затоа што знае како изгледаат криминалците кои тој треба да ги изведе пред правдата, живи или мртви. За возврат, откако ќе ја исполни својата цел, Шулц ќе му ја даде слободата и ќе му плати за секој од убиените. Џанго, сакајќи со парите да ја откупи слободата на својата жена (Кери Вашингтон), веднаш се согласува. Но, во текот на операцијата Шулц во него ќе препознае стрелачки талент и понудата ќе ја прошири на третина од својата заработка и голема помош во потрагата по жена му, ако му помага уште оваа зима. Разузданиот поранешен роб ќе прифати и со својот нов пријател ќе тргне низ Америка во поход кон својата слобода, слободата на својата сакана и одмазда кон оние што нему и нејзе им нанеле зло.rnrn
rn
rnrnДодека ги следите на нивниот пат, многу пати ќе помислите дека знаете што ќе се случи следно, но токму тогаш следува изненадувачки пресврт кој ќе ве држи силно заинтересирани до самиот крај. Патувањето е исполнето и со неверојатно многу насилство. Тарантино е многу критикуван поради неговото сликовито прикажување, но тој со право се вади со фактот дека периодот во кој се одвива дејството, бруталноста била секојдневна работа и одбива да се преправа дека луѓето од типот на Келвин Кенди (Леонардо ДиКаприо) биле фини.rnrn
rnrnНеговите ликови многу придонесуваат за бруталниот амбиент кој тој одлично го гради.rnrn
rnrnШтом седнете да ја гледате потрагата по слобода на Џанго, веднаш ќе влезете во неговиот свет. Без оглед на тоа дали сте фан на филмовите на Тарантино или не, приказната за разузданиот роб може толку лесно да ве обземе, што кога ќе заврши ќе се чудите кога поминале речиси три часа. Ако сакате толку долга филмска забава, тогаш „Џанго разузданиот“ (Django Unchained) е филм кој не смеете да го пропуштите.rnrn
rnrn