КАФЕ ПАУЗА

Tag: драма

  • Три филмски препораки за убав претпразничен викенд

    Три филмски препораки за убав претпразничен викенд

    Доколку овој претпразничен викенд, немате некои планови и сакате да го поминете во домашна атмосфера, овие три филмски препораки можат да ви го пополнат времето. Секој од нив е различен, па со сигурност барем еден ќе ви се допадне.rn

    Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)

    rnТри филмски препораки за убав претпразничен викенд Жанр: биографски, криминалистика, драмаrnrnПремиера: 25 декември 2013rnrnВреметраење: 180 минутиrnrnГлавни улоги: Леонардо Дикаприо, Џона Хил, Метју Меконахи, Џон Фавро…rnrnКратка содржина: Филм базиран на животот на Џордан Белфорд, од неговото издигнување како богат брокер кој живее живот на висока нога, до неговиот пад заради вмешаност во криминал, корупција и проблеми со федералната влада.rnrnrn

  • Филм: Кон чудесното (To the Wonder)

    Филм: Кон чудесното (To the Wonder)

    Несекојдневно аудиовизулено уживање преплавено со емоции

    rnФилм: Кон чудесното (To the Wonder)Режија: Теренс МаликrnrnУлоги: Бен Афлек, Олга Куриленко, Рејчел МекАдамс, Хавиер БардемrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnЈазик: англиски, францускиrnrnПремиера: 6 март 2013rnrnЖанр: романса, драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnrnrnИма еден момент во животот кој секој посакува да му се случи. Оној кога можете да застанете и да си речете: „Сега животот ми е комплетен и можам на раат да бидам среќен/среќна“. Авторот на „Дрвото на животот“ (The Tree of Life), Теренс Малик, со овој филм ја истражува потрагата кон тој чудесен миг.rnrnФилм: Кон чудесното (To the Wonder)rnrnЗапочнува во моментите на интензивна романса меѓу Нил (Бен Афлек) и Марина (Олга Куриленко). Тој е Американец кој патува во Европа, а таа е Украинка која сама ја одгледува својата десетгодишна ќерка во Париз. По романтичните моменти низ улиците на Париз и низ ходниците на замокот Мон Сен Мишел, Нил ја кани Марина да се пресели со него во Америка, каде што тој работи како инспектор за животна средина. Таа веднаш прифаќа.rnrnФилм: Кон чудесното (To the Wonder)rnrnМарина се труди да се приспособи на новиот живот, но нејзината уметничка душа тешко наоѓа мир во просечната Оклахома. Не е задоволна од животот, па со тек на време врската меѓу неа и Нил почнува да се лади. Кога напливот од емоции помеѓу нив спласнува, спасот од кризата во врската секој ја бара на друго место: Марина во средбите со свештеникот Квинтана (Хавиер Бардем), а Нил повторно ја среќава Џејн (Рејчел МекАдамс), љубовта на неговата младост.rnrnФилм: Кон чудесното (To the Wonder)rnrnСамата приказна е доста едноставна. Тоа што филмот го прави посебен е начинот на којшто е раскажана. Тој нема класично сценарио, туку тоа е заменето со збир од поеми. Режисерот и сценарист Теренс Малик не користи дијалози меѓу главните ликови, туку нивните мисли ги пренесува преку монолози кои наликуваат на читање поезија. Ретко кога тие разговараат еден со друг, но нема момент во кој не ви е јасно што тие мислат или чувствуваат. Сместени во живописни кадри исполнети со топли бои додека во позадина одат лиричните реплики надополнети со прекрасна музика, целиот филм е поезија. Тој од почеток до крај е поплавен со љубов, страст, бес, немир, страв, копнеж…rnrnФилм: Кон чудесното (To the Wonder)rnrnТеренс Малик повторно го користи својот специфичен стил на раскажување, така што повторно нуди филм кој не е обичен и не е за сечиј вкус, кој или нема да го сфатите или ќе ве маѓепса. Потребно е внимателно да ги следите не баш честите реплики на ликовите, нивните изрази на лицето, сето тоа да го споите со нивното опкружување за да добиете вистинска слика за она што се случува. Ако успеете во тоа, „Кон чудесното“ ќе ве награди со несекојдневно аудиовизулено уживање преплавено со емоции.rnrnФилм: Кон чудесното (To the Wonder)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпривлечните и најодбивните особини кај хороскопските знаци

    Најпривлечните и најодбивните особини кај хороскопските знаци

    Секој хороскопски знак има темна и светла страна и некаде измеѓу доаѓаат до израз неговите неверојатно симпатични и тотално иритирачки особини. Кои хороскопски знаци прават драма кога не им оди сè според планот, а кои се опседнати со гушкање и нежности? Прочитајте ги најпозитивните и најнегативните особини на секој знак, кои ќе ве разнежат и изнервираат.rnrnНајпривлечните и најодбивните особини кај хороскопските знациrn

    Овен

    rnПривлечна: Една од најпосакуваните особини на овните е нивниот љубопитен,  детски и ентузијастичен поглед кон сите работи во животот.rnrnОдбивна: Овенот премногу се возбудува за сè нешто, па затоа честопати има тенденција да ги претвора малите конфликти во големи кавги.rn

    Бик

    rnПривлечна: Милите бикови ги облеваат луѓето коишто ги сакаат со различни постапки, кои ја изразуваат нивната љубов и дарежливост.rnrnОдбивна: Кога се чувствуваат малку лошо или болежливо, биковите ќе ги откажат сите планови, ќе го изгасат телефонот, ќе се јават на работа дека не доаѓаат и ќе се однесуваат како да е крај на светот.rn

    Близнаци

    rnПривлечна: Близнаците секогаш вербално ги изразуваат нивните чувства. Доколку ве сакаат, вие постојано ќе слушате за тоа и ќе се чувствувате како да имате огромен обожавател.rnrnОдбивна: Близнаците имаат тенденција да се однесуваат како да знаат премногу на темата на којашто зборувате, дури и кога реално немаат поим.rn

    Рак

    rnПривлечна: Ракот постојано сака да го поминува времето со луѓето што ги сака, особено со членовите на семејството. Како некое лојално кученце, ракот ќе ве следи низ куќата, молејќи ве за поминување квалитетно време со вас, во нежности и гушкање.rnrnОдбивна: Треба да сте среќни доколку помине еден ден, без да излезат на површина проблемите околу несигурноста на ракот. Нему му е потребна постојана утеха и поддршка.rn

    Лав

    rnПривлечна: Секој лав поседува енергична, весела и позитивна енергија која не може никој да ја придуши. Напротив неговиот весел дух е тотално заразен.rnrnОдбивна: Лавовите се најголемите плачковци. Доколку работите не се одвиваат според нивните планови, доколку не се чувствуваат ценето или ако се чувствуваат барем малку уморно, нема да престанат да зборуваат за тоа.rn

    Девица

    rnПривлечна: доколку сте блиски со девица, тогаш знаете дека една од нејзините најслатки особини, е тоа што таа секогаш ги формира своите ставови врз основа на различни мислења, увиди и интуиција.rnrnОдбивнa: Девицата е непрекинато загрижена за сè и прави малите нешта да изгледаат премногу комплицирано.rn

    Вага

    rnПривлечна: Вагата толку многу ги цени луѓето околу неа, што ќе направи сè за тие да уживаат во моментот, да им е комотно и да бидат спокојни.rnrnОдбивна: Вагите секогаш ќе ви го кажат она што сакате да го чуете и постојано ќе ги користат нивните манипулативни вештини, за да го добијат она што го сакаат.rn

    Скорпија

    rnПривлечна: Доколку на некоја нивна сакана личност некој ѝ згреши нешто, скорпијата ќе направи сѐ, ама буквално сѐ, за да ги врати работите на свое место.rnrnОдбивна: Стануваат напнати и премногу сериозни за ситници, правејќи ги малите одлуки во животот, како да станува збор за живот или смрт.rn

    Стрелец

    rnПривлечна: Стрелците имаат вроден оптимистички поглед, кој им овозможува да го гледаат светот како место полно со надеж и оптимизам.rnrnОдбивна: Тие се големи перфекционисти и сакаат да ги контролираат работите. Доколку не ги правите работите по нивно, тогаш ги правите погрешно.rn

    Јарец

    rnПривлечна: Јарците зрачат со топлина и се многу грижливи луѓе. Кога ќе бидете во нивна близина секогаш ќе чувствувате поддршка и грижа.rnrnОдбивна: Доколку немате конкретен план по кој треба да се придржувате, јарецот знае да не издржи и да збесне.rn

    Водолија

    rnПривлечна: Водолијата е секогаш спремна да ви помогне, без разлика на она што моментално се случува во нивниот живот.rnrnОдбивна: Водолиите веруваат дека тие секогаш ја имаат логичната перспектива на работите и не знаат кога да замолчат и да послушаат туѓ совет.rn

    Риби

    rnПривлечна: Рибите по природа се нежни, отворени и ранливи личности, поради што може да бидат отфрлени од општеството полно со лицемери, но тие не можат против тоа, а тоа е слатко.rnrnОдбивнa: Често ги фаќа мрза, па неретко им е потребно трипати повеќе време за разлика од друг човек, за да завршат некоја работа.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Затвореници (Prisoners)

    Филм: Затвореници (Prisoners)

    Дали е дозволено да се биде поголем ѓавол од ѓаволот во име на доброто?

    rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)Режија: Денис ВилневrnrnУлоги: Хју Џекмен, Џејк Гиленхал, Мелиса Лио, Вајола ДејвисrnrnВреметраење: 153 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 20 септември 2013rnrnЖанр: крими трилер, драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Затвореници“ е крими трилер кој драстично отскокнува по квалитетот од другите холивудски филмови кои му припаѓаат на овој жанр. Не само што располага со извонредна тензија низ буквално целото дејство, туку истражува и некои морални теми, што денес ретко може да се види.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)rnrnВоведот во кој се запознаваме со идиличниот живот на две среќни семејства е краток. Трае сè до моментот кога по заедничката вечера на денот на благодарноста ќе исчезнат Ана и Џој, двете најмали ќерки од двете семејства. Родителите почнуваат панично да ги бараат, а од нив нема никаква трага, небаре земјата ги голтнала. Уште во овој дел се чувствува колку е добар филмот. За гледачот тука веќе е лесно да се соживее со дејството преку маестрално одиграните улоги и да ја почувствува паниката на родителите која полека се претвора во тешко издржлива болка.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)rnrnТие добиваат трошка надеж кога ќе биде пронајден еден туѓинец кој во моментот на исчезнувањето на девојчињата бил паркиран со своето комбе токму пред нивната куќа. Полицијата брзо го пронаоѓа, но детективот Локи (Џејк Гиленхал) нема друг избор освен да го пушти, затоа што неговиот интелектуален развој одговара на десетгодишно дете и изгледа неверојатно дека тој можел да стори такво нешто.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)rnrnОттогаш Келер Довер (Хју Џекмен), татко на едно од девојчињата решава да ги земе работите во свои раце и сам да ја бара ќерка си. Затвореник на својата избезуменост и очај, се одлучува на потези кои не гарантираат добра завршница, но кои истовремено наметнуваат многу етички прашања. Покрај останатите квалитети, тоа е она што „Затвореници“ го прави посебен. Истражува до каде може да оди еден родител за да го спаси своето дете, колку е дозволено да биде лош при тоа и дали му е дозволено да биде поголем ѓавол од ѓаволот во име на доброто.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)rnrnОва можеби ве потсетува на „Грабната“ (Taken) во кој таткото на суперхеројски начин се справуваше со никаквиците, но не може да сте подалеку од вистината. Иако Хју Џекмен се појавува во, типична за него, мажествена улога, неговиот лик е човек од крв, месо и душа. Овој филм ја поседува типичната тензија за добрите холивудски крими трилери, но истовремено има и своја драматична страна која поставува етички прашања како што тоа обично го прават филмовите кои доаѓаат од северот на Европа. Не колебајте се, ова ќе бидат возбудливи 153 минути кои ќе ви остават силен впечаток.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филмски викенд со адвокатски драми

    Филмски викенд со адвокатски драми

    Филмовите чие дејство се одвива во судниците изгледаат како да се посебен жанр. Драмите во кои адвокатите блескаат се доста впечатливи, тензични, лесно го задржуваат вниманието, а неретко успеваат да натераат некого да се вљуби во оваа професија. Во поново време нема добри филмови од овој тип, па затоа одбравме пет кои се постари, но извонредни.rnrn

    Пукнатина (Fracture)

    rnФилмски викенд со адвокатски драмиГлавни улоги: Рајан Гослинг, Ентони Хопкинс, Розамунд ПајкrnrnПремиера: 2007rnrnВреметраење: 113 минутиrnrnКратка содржина: Рајан Гослинг игра улога на млад, надежен и амбициозен обвинител кој токму пред да се пресели во голема адвокатска фирма ќе добие навидум лесен случај за крај. Но, во судницата ќе се соочи со Тед (Ентони Хопкинс) кој ќе го однесе во правен лавиринт од кој тешко може да најде излез.rnrnrn

  • ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)

    ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)

    ТВ серија за тајна организација која ги штити обичните од исклучителните

    rnrnТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)Главни улоги: Кларк Грег, Минг-На Венг, Брет Далтон, Клои Бенет, Ијан Дикастикер, Елизабет ХенстриџrnrnЖанр: акција, драма, научна фантастикаrnrnКреатори: Мариса Танчероен, Џед Видон, Џош ВидонrnrnПремиера: 24 септември 2013rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДоколку сте фан на „Марвел“ тогаш оваа ТВ серија несомнено ќе ви стане една од најомилените. Станува збор за тим од агенти предводени од Фил Коулсон, додека пак дејството на приказната започнува неколку месеци по нападот на Њујорк кој се случи во филмот „Одмаздниците“.rnrnТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)rnrnПосле битката во Њујорк светот е целосно променет. Луѓето веќе со сигурност можат да потврдат дека не се сами во универзумот и дека постојат реални надворешни закани за опстанокот на човештвото. Токму поради тоа агентот Фил Коулсон (Кларк Грег) формира тим од извонредни агенти со цел да се борат против сите оние нешта кои не секогаш можат разумно да се објаснат. Во еден свет кој брзо станува се побизарен и поопасен, агентите од S.H.I.E.L.D (Strategic Homeland Intervention, Enforcement and Logistics Division) се подготвени да го дадат и својот живот за општото добро на луѓето.rnrnТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D) ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)rnrnЕдна од освежителните новости во оваа ТВ серија е тоа што овој тим нема типично работно место. Нивната, па ајде да ја наречеме канцеларија, се наоѓа во огромен авион и тие постојано патуваат низ светот барајќи аномалии, вонземска технологија и суперлуѓе. И покрај тоа што поголемиот дел од нив не се познавале претходно, тие многу брзо ќе се зближат и ќе прават сè што е во нивната моќ да се заштитуваат од сите оние опасности кои доколку паднат во погрешни раце можат да значат крај за човештвото какво што го познаваме.rnrnТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D) ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)rnrnКако и во секоја друга одлична ТВ серија, покрај случаите кои се обработуваат во текот на епизодите, паралелно се откриваат и делови од личните приказни на агентите. Кои се тие, како стигнале до тука и зошто одлучиле да ја одберат токму оваа работа во која секојдневно го ризикуваат својот живот. Да не заборавиме да го споменеме и Коулсон кој сите ние видовме како почина во „Одмаздниците“. Што се случи со него? Како е можно да е жив? Уште на почетокот брзо ќе ви стане јасно дека сите кријат нешто од него, но веруваме дека ќе поминат уште многу епизоди додека да дознаеме за што точно станува збор.rnrnТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D) ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)rnrn„Agents of S.H.I.E.L.D“ е исполнета со многу акција, драма и совршена доза хумор поради што нема ни да сетите кога поминало времето. Секоја епизода ќе ја гледате во еден здив, а невозможните ситуации низ кои поминуваат агентите ќе го одржуваат вашиот фокус до самиот крај. Сè на сè, одлична ТВ серија која навистина вреди да стане дел од вашето слободно време.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Џобс (jOBS)

    Филм: Џобс (jOBS)

    Биографија за легендата во иновациите и бизнисот

    rnФилм: Џобс (jOBS)Режија: Џошуа Мајкл СтернrnrnУлоги: Ештон Кучер, Дермот Малруни, Џош ГадrnrnВреметраење: 128 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 август 2013rnrnЖанр: биографија, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка:[ratings]rnrnrnrnСтив Џобс е иконата на корпоративна Америка. Тој е пример за човек кој сака да направи промени во светот, влегува во бизнисот поради тоа и успева. Згора на сѐ, после некое време некој неспособен го брка од неговата компанија, а тој по неколку години воскреснува враќајќи се на истото место, со истите идеи и страст да остави белег со своите иновации.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrnНе е спорно дека Стив Џобс беше еден од оние големи иноватори, визионери и лидери во бизнисот. Како таков и е претставен во филмот. Секогаш визијата му е на прво место, одличен преговарач е, доста ја користи интуицијата, бројките не го интересираат премногу и вечно се бунтува против оние кои сакаат „да ја доведат компанијата во ред“. Стив Џобс во „Џобс“ е лик чиј жар во работата е инспиративен за неговата околина.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrnТоа е доста нагласено, па можеби затоа на моменти филмот делува како да претерува со идеализирањето на неговиот лик и дело. Тој навистина беше харизматичен лидер, но за него е познато и тоа дека не бил секогаш фин со своите подредени. Во филмот има сцени кои се обидуваат да го доловат тоа, но се ретки и немаат некој особен интензитет кој би оставил впечаток. Авторите на филмот со неговиот лик и дело постапуваат како и со секој друг неодамна починат човек: ја сокриваат неговата темна страна и на публиката ѝ ги прикажуваат само убавите работи по кои тој ќе се памети.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrn„Џобс“ е редица на хронолошки настани кои го опфаќаат животот на главниот лик од неговите студентски денови, па сѐ до моментите кога создава историја. Придружуван со музика од седумдесеттите, сиот акцент е ставен на неговиот лик, одигран од Ештон Кучер. Малку е необично да се види Кучер во улога на сериозен и зрел човек, а и не зрачи со харизмата на вистинскиот Стив Џобс, па што поради него, што поради самото сценарио ова не е една од оние врвни биографии од типот на „Линколн“ или „Социјална мрежа“. Но во секој случај вреди да се погледне… барем додека на излезе уште некој филм посветен на Стив Џобс.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Живописен пат (Scenic Route)

    Филм: Живописен пат (Scenic Route)

    Живописниот пат низ пеколот…rnrnФилм: Живописен пат (Scenic Route)Режија: Кевин Гец, Мајкл ГецrnrnУлоги: Џош Духамел, Дени ФоглерrnrnВреметраење: 87 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 23 август 2013rnrnЖанр: драма, трилерrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnМичел и Картер (Џош Духамел и Ден Фоглер) се долгогодишни пријатели кои веќе не одржуваат интензивен контакт. Тишината меѓу себе ја прекинуваат со патување кон место кое за гледачите останува непознато, а за да стигнат дотаму не го избираат вообичаениот автопат, туку живописниот пат низ калифорниската пустина.Филм: Живописен пат (Scenic Route)Обидот за авантуристички излет надвор од нивната секојдневна рутина завршува во моментот кога се расипува автомобилот на Картер. Остануваат заглавени во жешката пустина, без храна и без вода. Тоа создава нервоза кај Мичел, која се интензивира кога Картер ќе признае дека намерно го предизвикал дефектот со отстранување на една жица за да добие време да си поразговара со стариот пријател. Подоцнежниот обид да се поправи дефектот е неуспешен така што навистина остануваат сами во пустината. Но таму, во ситуација кога можат да се потпрат само еден на друг, старите пријатели влегуваат од конфликт во конфликт кој носи неизвесен резултат.Филм: Живописен пат (Scenic Route)Ретко поминуваат други автомобили по нивниот живописен пат. Во филмот сè на сè се појавуваат вкупно седум ликови, а речиси сите дијалози се меѓу двата главни лика. Тие всушност се целиот филм. Гледањето на овој филм значи внимателно следење на одлични дијалози кои откриваат дел по дел од личноста на Мичел и Картер. Преку нив дознаваме дека ова е всушност приказна за двајца пријатели кои некогаш имале големи соништа, а денес се соочуваат со дилемите за тоа кој пат требало да го следат. Едниот од нив се откажал од можна кариера како правник со цел да стане писател, додека другиот е талентиран музичар кој игра на сигурно и се вработува во голема компанија.Филм: Живописен пат (Scenic Route)Дел од мислите кои си ги разменуваат додека се соочени со суровата пустина се преточуваат во дискусија за вредностите во животот, дел се караници поради исти или слични теми. Не е тип филм кој може да привлече широка публика и да ја забавува, туку е таков што секој ќе го доживее различно. Ако ве интересираат вакви филмови, тогаш овој со сигурност ќе ви го направи ќеифот. Не е многу долг, трае само 87 минути, а е доста интересно патување.Филм: Живописен пат (Scenic Route)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 одлични ТВ серии за жени

    3 одлични ТВ серии за жени

    За наредниве студени денови спремивме листа од 3 ТВ серии кои ќе им се допаднат на припадничките на понежниот пол. Па затоа дами, одберете ја онаа која најмногу ви фаќа око, испукајте пукани, пикнете се под ќебенце и опуштете се ова попладне.rnrn

    1. Да се биде Ерика (Being Erica)

    rn3 одлични ТВ серии за жениЖанр: драма, фантазија, комедијаrnrnПремиера: 5 јануари 2009; последна епизода: 12 декември 2011rnrnБрој на сезони: 4rnrnГлавни улоги: Ерин Карплак, Реган Пастернак, Мајкл РајлиrnrnКратка содржина: 33-годишната Ерика Стрејнџ добива неверојатна шанса да се врати назад во времето и одново да ги преживее најважните моменти од нејзиниот живот.rnrnОд првиот бакнеж, до матурската вечер и интервјуата за работа, Ерика сега има повторно шанса да ја коригира нејзината долга листа со разочарувања, со надеж дека овој пат ќе направи помудри одлуки, кои ќе ѝ помогнат да го живее животот онака како што таа отсекогаш сакала.rnrn3 одлични ТВ серии за жениrnrnЛична критика: Оваа ТВ серија има длабока, психолошка позадина, а сепак е лесна и многу забавна за гледање. Таа ќе ве натера да отпатувате назад низ вашето минато и да ги преиспитате одлуките кои сте ги правеле и начинот на кој тие влијаеле врз целиот ваш живот.rnrn

    rnrn

  • Филм: Беше еднаш едно лето (The Way Way Back)

    Филм: Беше еднаш едно лето (The Way Way Back)

    Лесно сварлив, но квалитетен филмrnrnФилм: Беше еднаш едно лето (The Way Way Back)Режија: Нет Факсон, Џим РашrnrnУлоги: Лијам Џејмс, Стив Карел, Тони Колет, Сем РоквелrnrnВреметраење: 103 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 26 јули 2013rnrnЖанр: драма, комедијаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnrn„Беше еднаш едно лето“ е еден од оние симпатични филмови од независна продукција кои не припаѓаат на групата спектакуларни блокабастери, туку кои пленат со својата едноставност и искреност во прикажувањето на секојдневните проблеми и начинот на кој луѓето се справуваат со нив. Доколку веќе сте го гледале „Малата Мис Саншајн“ (Little Miss Sunshine) овој филм може да ве потсети на него. Во центарот на приказната е сместено едно просечно американско семејство кое се соочува со свои предизвици и некако постојано е на работ да ја изгуби контролата врз нив.Филм: Беше еднаш едно лето (The Way Way Back)А во него како колатерална штета е претставен Данкан (Лијам Џејмс), 14-годишен тинејџер кој нема убав социјален живот благодарение на својата повлеченост.rn
    rn

    Трент: Данкан! На скала од 1 до 10, како би се оценил?rnrnДанкан: 6!rnrnТрент: Јас мислам дека си 3. Откако почнав да се гледам со мајка ти не те гледам многу да излегуваш, пријателе. Пробај да ја поправиш таа оценка летово во мојата куќа на плажа“.

    rnОди подграбевно, покажува недостаток на самодоверба секогаш кога има можност, тешко разговара со девојките, а со другите и не е заинтересиран да зборува. Кога со мајка му, нејзиното момче и ќерката на момчето на мајка му ќе оди на одмор во куќата покрај плажа на неговиот нов очув, кај него не се забележува некој голем мотив да го живее животот сè додека не го сретне Овен, човек кој е вработен во аква парк. Тој е ликот кој на збунетиот тинејџер ќе му даде работа, а потоа и голем елан во справувањето со проблемите.Филм: Беше еднаш едно лето (The Way Way Back)Животот на Данкан не е единствениот кој авторите го користат за да го покажат она што сакаат да го покажат. Малиот Питер, кој има страбизам на очите и неговата невротична мајка која го тера да го покрива окото, попустливата мајка на Тимоти и односот со нејзиното арогантно момче, како и уште неколку интересни ликови кои овде се додадени се делови од еден мозаик кој ја дава вистинската слика.Филм: Беше еднаш едно лето (The Way Way Back)Нека не ве залажува тоа што филмот жанровски е определен и како комедија, затоа што нема баш да ве насмее. Ваквата жанровска определба се должи само на цинизмот и суровата искреност кои на моменти за некого може да изгледаат смешно. Сценариото е неговиот најголем адут, а кадрите исполнети со сонце се уште еден фактор кој го прават привлечен за повеќето гледачи. „Беше еднаш едно лето“ е филм кој би требало да го гледате кога ќе ви се гледа нешто лесно сварливо, но во исто време со добра и квалитетна содржина.Филм: Беше еднаш едно лето (The Way Way Back)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.