Брилијантен и шармантен сериски убиец, кој е затворен за своите злосторства, успева да создаде група на следбеници кои слепо го следат во секој чекорrnrn
Главни улоги: Кевин Бејкон, Џејмс Пјурфој, Натали Зеа, Ен Парис, Шон Ашмор, Валори КјуриrnrnЖанр: криминалистика, драма, мистеријаrnrnКреатор: Кевин ВилијамсонrnrnПремиера: 21 јануари 2013rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rnrnСпоред ФБИ, во истиот овој момент во Америка постојат околу 300 активни сериски убијци. Што мислите, што ќе се случи доколку овие личности имаат начин да стапат во контакт и да се поврзат едни со други? Што ако тие научат како да работат заедно и да се обединат? И најважното прашање во оваа ситуација би било што ако еден брилијантен сериски убиец кој е психопат успее да ги донесе на едно место и да ги направи свои следбеници? Звучи застрашувачки, нели?
Пред 8 години, шармантниот и брилијантен професор Џо Керол (Џејмс Пјурфој) бил осуден за убиството на 14 млади девојки. Денес, тој наоѓа начин како да избега од затвор и да го заврши она што го започнал. Керол е фасциниран од делата на Едгар Алан По и според Рајан Харди (Кевин Бејкон), детективот кој пред 8 години успеал да го фати, тој преку своите убиства на некој начин создава уметност и му оддава почит на овој писател.
Секој од нас сака да припаѓа некаде. Оваа желба е можеби една од нашите основни потреби, но исто така знае да биде и една од најопасните. Керол ќе најде начин како да допре до оние личности кои очајно сакаат да припаѓаат, но не можат да го пронајдат своето место во светот. Со неговата шармантност тој ќе успее да ги заведе оние кои се чувствуваат изгубено и да ги убеди во своите верувања.
Како што ќе поминува времето, доказите сè повеќе ќе укажуваат на тоа дека Керол имал помош при бегството. Но, она што навистина ќе ја изненади полицијата е откритието дека можеби станува збор за култ, група на следбеници со психопатски тенденции кои сакаат да убиваат, но не се плашат да го дадат својот живот за нивниот водач.
Оваа интензивна ТВ серија ќе ве држи на работ од вашиот стол до самиот крај на сезоната. Дејството ќе ве води напред-назад помеѓу минатото и сегашноста на сите ликови, а со тоа ќе ви овозможи и подобро сфаќање на скриените мотиви кои се наоѓаат зад секоја нивна постапка. Но, да ве предупредиме, „Следбениците“ е психолошки многу тешка серија и не секој би можел да ја гледа. Во секој случај, доколку ве интересираат несекојдневни и необични приказни во кои се навлегува длабоко во криминалниот ум, тогаш оваа серија може навистина да ве изненади.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



Наједноставното решение е да побегнат од дома и да го продолжат животот на некое друго место, далеку од родителите. Џо наоѓа прекрасно место во една шума каде што наскоро со Патрик и нивниот чуден пријател Бијаџио (Моисес Ариас) започнуваат да градат куќа. Живеат сами во шумата, сами се снаоѓаат за храна, пуштаат брада… со еден збор стануваат вистински мажи.
Нивниот обид да дојдат до независност завршува успешно. Ги живеат најубавите денови во својот живот, исполнети со слобода за која сонува секој тинејџер. Времето го поминуваат во забава и слога, но со текот на времето тие ќе бидат соочени со предизвици кои ќе бидат вистински тест за нивната зрелост и спремност да се носат со апсолутна независност.
Целото дејствие е сочинето од големата авантура на трите деца, но „Кралеви на летото“ е многу повеќе од само една авантура. Ова е филм за храброста да се посегне по слободата, за нејзиното настапување и за одговорностите и последиците кои таа ги носи со себе. Нема да ве заморува со овие пораки додека го гледате. Авантурата е доволно интересна за да се забавувате само со она што им се случува ним, а неговата вистинска смисла ќе ја сфатите дури на крајот.
Филмот спаѓа во жанровите драма и комедија, но рака на срце, овде нема класичен хумор кој многу ќе ве насмее. Еден од неговите главни адути се кадрите кои изобилуваат со топлина која во комбинација со убедливата глума на тројцата тинејџери, кај гледачите може да предизвика носталгија по некои минати времиња, кога и самите биле во некоја слична ситуација. „Кралеви на летото“ е филм кој може да ве врати во некое минато лето, пред многу години. Ако сте подготвени за таква авантура, тој многу ќе ви се допадне.
rnrn
rn
rn
Главни улоги:
Во најкратки црти, се работи за Пајпер Чепман, која добива затворска казна во времетраење од 15 месеци, за шверц на пари од дрога – криминално дело кое се случило пред повеќе од 10 години, а во кое е вмешана нејзината тогашна партнерка Алекс. Пајпер се помирува со својата судбина и се труди максимално подготвено и одговорно да ги одлежи петнаесетте месеци кои ги добила. Но… животот во затвор ти се менува уште првиот ден.rnrnТука важат сосема други правила. За еден погрешен збор може да останеш без јадење со денови, за погрешен поглед може да бидеш начекан во тоалетот, за обраќање со погрешен тон на погрешен човек може да завршиш во самица каде што слушајќи ги врискањата и завивањата преку ѕидовите од другите келии, тотално ќе изгубиш чувство за времето.
Во оваа средина ги има и типичните работи: корумпирани службеници, мажи кои ја злоупотребуваат униформата за да добијат сексуално задоволство од сексуално гладните затворенички, еден куп лезбејски активности, закани, сопки, забивања ножеви в грб…rnrnСо оглед на минатото на Пајпер (била во врска со женски партнер) и нејзината сегашна ситуација (ѝ претстои брак со нејзиниот свршеник Лери), уште на почетокот може да се очекуваат интересни пресврти во приказната. Но, тоа е сè што можете да очекувате и да насетите – изненадувања, пресврти и зинати усти на крајот на секоја епизода.
ТВ серијата е базирана на вистинска случка, а е правена според истоимената книга на Пајпер Керман која претставува мемоар за нејзините искуства од затворот. Иако има многу сличности со реалните случки, сепак екранизираната верзија има „аксесоари и шминка“ кои го надополнуваат ефектот на самата приказна.rnrnОва е серија која ги има сите квалитети на куп – солидна, несекојдневна приказна, фантастична глума, симпатична доза хумор и тамам шминка колку за да биде мерачки гледлива. Чувството пак на тензија и исчекување, многу добро се балансира со случки кои континуирано разоткриваат елементи од дејството, но истовремено воведувајќи го во нови и оставајќи нова доза неизвесност за следната епизода.
Вреди да се истакне како се избрани и изградени карактерите. Не само што глумат одлично, нивниот целокупен изглед е толку автентичен што ќе помислите дека продуцентите го правеле кастингот во вистински затвор.rnrnНасловот на серијата има врска со портокаловата униформа која ја добива секоја затвореничка додека не „созрее“ за да добие друга, но всушност се работи за паметна игра на зборови во која е содржан психолошкиот момент на „црното“ кое доаѓа подоцна.
rnrn

Во овој трет дел тие веќе неколку години се во брак, имаат и две ќерки, а Џеси се обидува да го задржи контактот со својот син од претходната сопруга. Селин несебично го поддржува во тоа, а истовремено е сконцентрирана на нејзината кариера. Гледачот тоа лесно ќе го разбере само преку нивните разговори, затоа што тука нема настани кои се редат еден по друг и сочинуваат некакво дејство. rnrnОвој филм нема класично развивање на приказна која почнува со вовед и заплет по што постепено ќе се расплетува. „Пред полноќ“ е збир на прекрасни дијалози кои ја сочинуваат неговата магија. Располага со многу малку сцени, но во сите нив има многу зборување. Се зборува за животот, за љубовта, за бракот, за кариерата…
Тоа се извонредно развиени дијалози. Веднаш го привлекуваат целото внимание на гледачот и целосно го вовлекуваат во филмот. Напишани се од режисерот и сценарист на сите три филма, Ричард Линклатер, во соработка со двајцата главни актери. Штом режисерот и главните ликови се автори на сценариото, јасно е дека меѓу Џеси и Селин има хемија и дека тие целосно се внесуваат во ликовите нудејќи исклучително добра глума, секако со по малку импровизација. Човек може да помисли дека Итан Хоук и Џули Делпи навистина се во брак и само си дискутираат пред камера за убавините и проблемите во нивниот живот. А тоа го прават толку добро што ќе посакате нивниот разговор никогаш да не престане.
Сцените се снимани во шармантниот рустичен амбиент на Пелопонез, најчесто во времето кога зајдисонцето додава топли бои на опкружувањето. Тоа му дава дополнителен романтичен амбиент на филмот, којшто веројатно би недостасувал ако сè остане само на сценариото, затоа што „Пред полноќ“ не е класична романтична драма. rnrnОвој филм не е холивудска бајка која завршува кога романсата е во полн сјај токму пред да почнат проблемите на заедничкиот живот, туку во центарот на вниманието става брачен пар со неколку години брак зад себе и со многу проблеми. Од неговите дијалози не можат да се извлечат романтични цитати како од повеќето холивудски романси затоа што љубовната врска меѓу Џеси и Селин е претставена како некоја која не е совршена и има свои мани. „Пред полноќ“ не ја прикажува љубовта како нешто што треба да биде совршено, туку како збир од добри и лоши моменти.
Сценариото и глумата го носат овој филм и заслужуваат највисока оценка. За подобро да ги разберете ви препорачуваме прво да ги изгледате претходните два дела затоа што, како што рековме, ова е филм за љубовна врска кој се развивала низ годините, па и покрај долгите деветгодишни паузи меѓу секој од деловите, тие перфектно се надоврзуваат еден на друг и сочинуваат комплетна слика за таа љубов.
rnrn
Режија:
Лукас упорно тврди дека Клара не ја зборува вистината, но малкумина му веруваат и веќе мора да се справува со сомнежот на околината. Само малку е доволно за сите да веруваат дека тој направил нешто многу лошо, па целата околина да се впушти во потера по него, како во некој лов на вештерки, и да му го руши животот дел по дел. А, Лукас колку и да се труди не може да направи многу освен немоќно да се бори и да следи како реката од последици по неговиот живот без контрола го носи во неизвесна иднина.
Мадс Микелсен фантастично ја портретира таа борба. Навистина, и дијалозите се одлични и впечатливи, но дури и кога не зборува, од неговото лице и неговите движења се читаат емоции кои совршено ја надополнуваат тишината. Тие кажуваат многу за тешкотиите низ кои минува човек кога цел свет се свртел против него. По неколку изгледани филмови со овој актер, тој веќе станува гарант дека и секој друг негов филм заслужува внимание.
Подеднакво големи пофалби за глумата мора да одат и за малата Аника Ведеркоп, која ја толкува улогата на Клара, девојчето со бујна фантазија кое нема поим што направило, не знае дека излажало ниту може да ги согледа последиците од нејзината постапка. Неверојатно е да се гледа такво мало девојче да глуми толку уверливо, од репликите па сè до манифестирањето на тиковите на лицето. Нејзиниот лик е така направен за човек да не може да ѝ се лути, поради тоа што е многу мала и не разбира што прави, но го остава гледачот да се чуди како возрасните уништуваат нечиј живот водени само од сомнеж, а без никаков доказ.
Но, тие двајцата не се единствената причина поради која „Лов“ ќе ве вовлече во себе и ќе изгубите чувство за време. Пред сè, тој плени со својот едноставен, емотивен и многу моќен приказ на сомнежот и на неговата моќ да го разора животот, притоа предизвикувајќи сочувство и фрустрација кај гледачот. Во себе нема ништо сензационално кое треба да ве шокира за да ве привлече, туку само одлично вкомпониран збир од емоции и филозофија.
За разлика од Холивуд, филмската продукција на нордиските земји најчесто третира секојдневни и несензационални теми. Ова е драма која има многу посуштински пристап во третирањето на животните проблеми. Одлично изработена приказна, добро дефинирани ликови, блескава глума и кинематографија кои во пакет прават прекрасен и гледлив филм. Ова е еден од оние моќни филмови кој заработува многу номинации и награди на фестивали, а на крај можеби и номинација за Оскар, иако е доста неамерикански. Сè на сè, чиста десетка
rnrn
Главни улоги:
Сара Менинг е аутсајдер, израсната во Лондон заедно со Филекс, нејзиниот посвоен брат. Таа се враќа дома за да си го среди животот, да ја врати назад својата ќерка, да ја обнови врската со Филекс и да стави точка на нејзиното минато, лошите избори и лошите момчиња. Токму кога мисли дека го нашла лесниот начин за излез од проблемите, всушност влегува во лавиринт од нови непознати дејствија кои ни малку не се лесен пат до безгрижен живот.
Чекајќи воз на железничката станица, таа среќава жена која пред нејзините очи си го одзема животот, и што е најчудно од сè, изгледа идентично како неа. Сара е стаписана од оваа случка, но ја користи во своја полза, па ги зема нејзините лични документи и следствено, нејзиниот идентитет и нејзиниот живот.
Многумина не знаат дека таа не е полицајката Бет, но изненадувачки, некои сепак знаат дека не се работи за истата личност, а уште поголемо изненадување е тоа што Бет не е единствениот нејзин дупликат.rnrnКако се случило ова? Како е можно да има повеќе од една идентична личност? Кој ги создал? Колку ги има? Каде низ светот живеат? Колку досега се убиени…rnrnТВ серијата има интересна замисла и дејство кое е лесно да се следи. Воодушевува актерката Татјана Мазлани (Сара Менинг), која не само што глуми повеќе различни ликови кои имаат различен стил, карактер и начин на живот, туку се и од различни страни на светот и говорат со различен акцент. Нејзиниот руски е крут, британскиот англиски ѝ е стегнат, па би се запрашале кој е всушност нејзиниот мајчин јазик. Се префрла од една улога во друга умешно претопувајќи ги сите различности на карактерите во клонирани верзии од себеси.
И останатата актерска екипа фино се надополнува во реализацијата на дејството. Партнерот на Бет, детективот Арт (Кевин Ханчард), нејзиниот љубовник – харизматичниот Дилан Брус, ќеркичката Кира (Скајлер Векслер) и нејзиниот геј брат Филекс (Џордан Гаварис) ја поставуваат серијата на солидни темели, над кои се издига добра приказна и интересно дејство.
Нема посебна целна група на која би ѝ ја препорачале оваа серија. Не е тешка, но не е ни здодевна, типична за во недела попладне. Изгледајте ја првата епизода, па или ќе сакате да продолжите да ја гледате или ќе се откажете уште на половина.rnrnПрвата сезона заврши заокружувајќи 10 епизоди, а за оние кои ќе станат нејзини фанови, добрата вест е дека нова сезона ќе се спрема во 2014.
rnrn
Режија:
Почнува со сцените во кои каскадерот Лук Глентон (Рајан Гослинг) изведува разни опасни точки со мотор за еден патувачки циркус. Кога тој дознава дека Ромина (Ева Мендес) пред една година му родила син, останува во нејзиниот град со желба да направи сè што може за своето дете. Се вработува кај еден автомеханичар кој откако ќе ги забележи возачките способности на Лук му предлага заедно да ограбуваат банки, сметајќи дека со таков виртуоз на мотор никогаш нема да ги фатат. Размислувајќи што може да направи со тие пари за иднината на својот син, Лук прифаќа. Новиот „бизнис“ оди добро, сè додека по еден грабеж каскадерот не налета на полицаецот Ејвери Крос (Бредли Купер).
Ејвери Крос е млад полицаец кој сака брзо да напредува во полициската хиерархија. Неговата амбициозност ќе го впушти во бескомпромисно извршување на полициската должност, така што кога ќе стигне до Лук, прави максимум за да го запре. Тоа се моменти кои засекогаш ги менуваат нивните животи и животите на нивните идни поколенија.
Ова е филм кој ги опсервира причините и последиците од настаните во еден подолг временски период, дава добар преглед врз нив и пренесува своја порака. Почетокот не е премногу забавен затоа што е малку бавен и може да не ви е јасно за што се работи во филмот. Тој полека ве воведува во проблематиката, така што треба малку трпение додека се внесете во него. Но, со почетокот на вториот сегмент од приказната добивате јасна слика за она што се случува и веќе оттука целосно ќе уживате во неговата непредвидливост.>
Целата приказна е добро склопена и одлично изрежирана, дури делува многу реално, како да не се случува на филм. Покрај режисерот, и актерите имаат голема заслуга за тоа. Рајан Гослинг е импресивен во глумењето на мрачниот и енигматичен Лук Глентон, многу потсетувајќи на неговиот лик во „
Сè на сè, „Местото зад боровата шума“ е извонреден филм. Тој е еден од подобрите што се појавија во последните неколку месеци и вреди да се погледне. Ако сте расположени да посветите повеќе од два часа на не баш лесен, но доста гледлив филм, ова е добар избор.
rnrn
Режија:
rnrnНемаат доволно пари за скапите журки на Флорида, но откако Кенди, Брит и Коти ќе ограбат фаст фуд ресторан тие веќе не се проблем. Веќе во следниот момент се на плажите во Флорида, а тоа за нив е екстаза. Илјадници добро градени момци на убавите плажи, уште толку згодни полуголи и голи девојки, алкохол во шишиња и буриња без дно, дрога, музика, танцување… забави какви што претходно виделе само на телевизија.rnrn
rnrnСе забавуваат како никогаш порано, сè додека не бидат приведени во полициска рација. Нема да останат долго во притвор, затоа што локалниот рапер и гангстер Алиен им ја плаќа кауцијата и ги вади оттаму. Познанството со гангстерот на девојките им отвора уште повеќе можности за дива забава, но само ако се спремни да одат доволно далеку во потрагата по авантура која ќе ја паметат целиот свој живот.rnrn
rnrnТокму последното прашање е суштината на филмот. Иако започнува со сцени од диви забави на кои секој би сакал да присуствува, а низ сите 94 минути прекрасни девојки во бикини или топлес ви шетаат по екранот, ќе останете многу разочарани ако мислите дека овој филм е прослава на спринг брејк културата, а вие сте сакале баш тоа да гледате.rnrnТој се бави со темната страна на искуствата кои индустријата ги опишува како „забави кои се најдобри на светот и никаде на друго место нема такви, а ако не дојдете овде никогаш нема да доживеете ништо слично и ќе пропуштите нешто многу битно во животот поради кое ќе жалите засекогаш“. Главните ликови се девојки кои доаѓаат од мало и за нив здодевно место, кои на ЕмТиВи, Фешн ТиВи и сличните телевизии гледаат дека постојат скапи места и забави „кои секој мора да ги доживее“, почнуваат песимистички да гледаат на својот живот, паѓаат во очај и бараат брз излез.rnrn
rnrnНасловните слики ги тераат гледачите да го гледаат филмот од погрешни причини. Навистина, изобилува со голотија и со екстатични сцени, но во еден момент ќе ве тера да сакате да сте таму, а во следниот ќе се прашувате зошто овие девојки толку очајно посакуваат да го живеат тој живописен сон со сиот свој интензитет. Филмот тоа го постигнува преку својата бавност, специфичниот начин на раскажување на случувањата, одличните изведби на актерите и музиката на Бритни Спирс.rnrn
rnrn„Девојки на распуст“ не е лесен летен филм и има малку акција. Не го пуштајте ако сакате да гледате некој таков, затоа што може да го замразите. Но пожелно е да го погледнете во секоја друга пригода, затоа што ќе ве натера на размислување за секојдневна тема која малкумина ја сфаќаат како проблем.rnrn
rnrnrn