КАФЕ ПАУЗА

Tag: бесплатно

  • ЕУ доделува 35 илјади бесплатни возни билети за патување низ Европа!

    ЕУ доделува 35 илјади бесплатни возни билети за патување низ Европа!

    Ако имате 18 години и сакате да ја истражувате Европа, ова може да биде среќно лето за вас, бидејќи Европската Унија подарува 35.000 бесплатни билети за воз за патување низ Европа.rnrnЕУ доделува 35 илјади бесплатни возни билети за патување низ Европа!rnrnСтанува збор за проектот наречен DiscoverEU, кој е отворен за сите оние кои на 1 јули ќе наполнат 18 години, односно за оние кои се родени помеѓу 1 јули 2004 година и 30 јуни 2005 година.rnrnДополнително, апликантот мора да биде жител на земја-членка на ЕУ или земја во програмата Еразмус, која ги вклучува нашата земја, Србија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Турција.rnrnСè што треба да направите е да се регистрирате овде до 29 март, да ги пополните податоците за вашата возраст и националност и да одговорите на пет прашања со повеќекратен избор за ЕУ.rnrnДополнително, треба да напишете и како планирате да го искористите бесплатниот билет доколку го добиете, како и дали имате намера да патувате сами или претпочитате да патувате со пријателите.rnrnОние кои ќе бидат ибрани, ќе добијат билети за воз со кои ќе можат да патуваат седум дена во месецот во периодот од 15.06.2023 до 30.09.2024 година, а ќе добијат и Европска младинска картичка, која овозможува бројни попусти за сместување, превоз, храна и културни активности.rnrnПобедниците ќе бидат избрани врз основа на одговорите во апликацијата, а доколку има повеќе пријавени отколку што има места, приоритет ќе имаат оние кои се пријавиле порано.rnrnОткако прочитавте за оваа иницијатива на Европската Унија, можеби ќе сакате да прочитате и за 4-те дестинации во Европа кои се идеални за патување со воз.rnrnИзвор: timeout.com

  • „Никон“ нуди бесплатни онлајн часови за фотографија за време на празничната сезона

    „Никон“ нуди бесплатни онлајн часови за фотографија за време на празничната сезона

    Ако сакате да ги изострите своите вештини за фотографирање на време за празниците, тогаш имате среќа! „Никон“ уште еднаш ги нуди своите часови на Nikon School Online бесплатно. Од сега до 31 декември, можете да ги гледате сите 11 нивни курсеви за фотографија само со пријавување со вашата е-пошта.rnrnИмаат многу курсеви за основите на фотографијата, како и други фокусирани на создавање видео содржина, портрети, макро фотографија, па дури и како да фотографирате деца и домашни миленици. Секој курс се предава од професионалци во индустријата и нуди практични совети, алатки и лекции што ќе ве натераат да фотографирате подобро за кратко време.rnrn„Никон“ нуди бесплатни онлајн часови за фотографија за време на празничната сезонаrnrnМoжеби ве интересира колку може да се заработи преку YouTube?

  • 15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во коишто престојувате

    15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во коишто престојувате

    Мали шишиња со шампон, крем и сапун – секогаш е убаво да зачувате спомени од интересното патување така што ќе земете неколку корисни работи од хотелот во кој сте престојувале. Има многу интересни и корисни работи што е дозволено да ги земете од хотелската соба, но сепак, не треба да претерувате. Во продолжение ќе откриете што е им е дозволено на гостите да земат од хотелот.rn

    1. Сапун, шампон, балсам

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnПредмети како мали шишиња шампон, балсам, гел за туширање и сапун се класика, па нема ништо лошо ако ги земете. Нивната големина е совршена за патување и тие може да се носат без никакви ограничувања во вашиот рачен багаж за време на летот. Исто така, дезодорансите може да се додадат во овој комплет и тие може да се земат бесплатно.rn

    2. Лосиони и кремови

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnВо хотелот може да има мали шишиња лосион за тело или крем за раце. Слободно можете да ги земете со вас, да ги чувате во вашата чанта и да ги користите кога кожата ви е сува.rn

    3. Средство за плакнење на устата, паста и четки за заби

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnДури и ако носите свои производи за орална хигиена, можете да ги земете и тие што се во хотелската соба. Четкичките за заби што ги даваат обично имаат големина соодветна за патувања, така што е убаво да ги имате кога патувате. Можеби ќе ги искористите на следното патување или ќе ги чувате во вашата чанта и ќе ги искористите во некоја ситуација кога ќе треба да го освежите здивот.rn

    4. Бричеви и кремови за бричење

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnДури и ако поседувате електричен брич, тоа не значи дека не можете да го искористите сетот за еднократна употреба што персоналот на хотелот го оставил за вас. Ако заборавите да го наполните вашиот електричен брич, тогаш сетот од хотелот ќе ви биде од помош.rn

    5. Комплет за шиење

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnКомплетите за шиење што ги има во хотелите може да ве спасат во многу ситуации. Комплетите обично се во големина совршена за носење во вашиот багаж. Ако не сте сигурни, секогаш можете да го прашате персоналот на хотелот дали ви е дозволено да го земете, а најчесто ним не им пречи тоа.rn

    6. Комплет за чистење чевли

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnОва е уште еден многу корисен сет за повеќето патници. Ако немате ваков сет, можете да побарате на рецепцијата. Повеќето хотели на своите гости им даваат сунѓер за чевли, марамче, па дури и цел комплет што може да го задржат.rn

    7. Лажица за чевли

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnВо некои хотели, дури и лажицата за чевли е вклучена во сметката. Преносливата евтина лажица за чевли можете слободно да ја земете од хотелот. Исто така, во некои хотели може да се замени бесплатно, во случај да ја скршите претходната. Ако нема лажица за чевли во вашата соба, секогаш можете да го прашате рецепционерот дали може да ви даде една.rn

    8. Чешли и четки за коса

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnВо некои хотели оставаат четки и чешли за коса за еднократна употреба во секоја соба. Откако ќе заминете, ако се користени, персоналот ги фрла. Па, можете да да ги чувате овие бесплатни предмети што ќе ви се најдат за идните патувања.rn

    9. Пенкала, моливи и папки

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnНа сопствениците на хотелите нема да им пречи ако го земете канцеларискиот материјал и папките што се во собата затоа што на нив го има лого на хотелот и тие може да послужат како добра реклама. За вас, овие производи се бесплатни и практични што значи дека сите ќе бидат среќни на крајот.rn

    10. Кафе, чај и шеќер

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnРечиси во секоја хотелска соба има ќесички чај и кафе што можете да ги земете бесплатно, а подоцна можете да уживате во нив дома, сеќавајќи се на вашата убава хотелска услуга.rn

    11. Шолји

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnПриборот за јадење што е во хотелската соба не можете да го земете со вас. Но, ако навистина сакате, можете да прашате на рецепција дали можете да ја задржите шолјата. Најчесто тоа не им пречи, а откако ќе ви биде одобрено од персоналот, ќе знаете дека не сте украле ништо.rn

    12. Флаширана вода

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnТреба да бидете сигурни дека флашираната вода не е дел од минибарот. Прво прашајте го персоналот на хотелот за тоа, па ако не е, тоа значи дека можете да ја земете бесплатно.rn

    13. Бањарки

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnВо поевтините хотели, бањарките не смеат да се земат за дома. Ако се обидете да ги земете, тоа ќе ви биде наплатено. Но, во некои поскапи хотели, бањарките се вклучени во цената на вашата соба. Некои од хотелите може да ги вметнат вашите иницијали или логото на хотелот на нив. Тоа значи дека тие се ваши и можете слободно да ги земете со себе.rn

    14. Влечки

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnВлечките што се наоѓаат во хотелската соба обично се за еднократна употреба. Ако ги оставите користените влечки во вашата соба, персоналот ќе ги фрли откако ќе си заминете. Значи, нема никаква штета ако ги земете со себе. Сепак, ова се однесува само на поевтините влечки за еднократна употреба. Во поскапите хотели, понекогаш користат скапи влечки што ги чистат и ги дезинфицираат откако ќе заминат гостите и нив не смеете да ги земете.rn

    15. Чадори

    rn15 бесплатни работи што можете да ги земете од хотелите во којшто престојуватеrnrnВо некои хотели, можете да добиете чадор на рецепција. Сепак, тоа не значи дека е бесплатен и дека можете да го земете за дома, но можете да разговарате со рецепционерот и да ги прашате дали можете да го земете чадорот. Понекогаш тоа не им пречи затоа што чадорите го имаат логото на хотелот на нив и може да послужат како добра реклама.rnrnПрочитајте кои 7 правила треба да ги следите кога ја напуштате хотелската соба.

  • 40-те најдобри работи во животот што не можат да се купат со пари

    40-те најдобри работи во животот што не можат да се купат со пари

    Некои животни задоволства не можат да се претворат во валути. Порано или подоцна, животот ќе ве натера да сфатите дека трчањето по пари нема смисла. Кога сте болни, колку и да имате, тие нема да ви го спасат животот. Сепак, нема ништо лошо во тоа да имате пари. Повеќето богати луѓе работат напорно за да обезбедат материјална сигурност. Но, треба да знаете до каде е границата и кога треба да запрете.rnrn40-те најдобри работи во животот што не можат да се купат со париrnrnНајдобрите работи во животот се бесплатни и затоа овие 40 работи не можат да се купат со пари:rnrn1. Лекциите што ќе ги научите од тешките искустваrnrn2. Квалитетното време што го поминувате со вашите најблискиrnrn3. Луѓето што ви кажуваат дека се горди на васrnrn4. Некој што ве слуша внимателноrnrn5. Мир во душата и откажување од огорченостаrnrn6. Преграткаrnrn7. Бакнежиrnrn8. Држење за раце со саканата личностrnrn9. Тоа што се будите здрави секое утроrnrn10. Здравјеrnrn11. Мирис на свежо косена треваrnrn12. Гледање зајдисонце или изгрејсонцеrnrn13. Слушање на брановите што удираат на бреготrnrn14. Средба со некој што го сакатеrnrn15. Гледање на ѕвездитеrnrn16. Пеење на вашата омилена песнаrnrn17. Надминување на предизвицитеrnrn18. Галење со саканата личностrnrn19. Трчањеrnrn20. Искреност кон себеrnrn21. Верба во себеrnrn22. Чувство дека припаѓате некадеrnrn23. Некој да ве утеши и вие да утешите некогоrnrn24. Танцување на вашата омилена песнаrnrn25. Живеење без каењеrnrn26. Љубопитностrnrn27. Вистински пријатели кои ве поддржуваатrnrn28. Некој што ве поттикнува да ги остварите вашите соништаrnrn29. Пронаоѓање вистинска љубовrnrn30. Хумор и смеаrnrn31. Позитивен ставrnrn32. Семејствоrnrn33. Спомениrnrn34. Добар однос со родителитеrnrn35. Љубовrnrn36. Чувство на топлина и пеперутки во стомакот кога гледате некого што го сакатеrnrn37. Исполнети ветувањаrnrn38. Ветер во косатаrnrn39. Среќата на другите луѓеrnrn40. Враќање во топлиот домrnrnОткријте кои моќни зборови привлекуваат радост и пари во животот.

  • Една богата европска земја воведува бесплатен јавен превоз

    Една богата европска земја воведува бесплатен јавен превоз

    Убаво е да се биде богат и да не се размислува за тоа колку пари се трошат за намирници, за гориво или за патни трошоци… Но, богатите размислуваат и за тоа, иако ваквите планирања нив помалку ги оптеретуваат од „обичните смртници“.rnrnЕдна богата европска земја воведува бесплатен јавен превозrnrnЗамислете, живеете во една од најбогатите земји, а надлежните уште најавуваат дека се воведува и бесплатен јавен превоз низ целата држава – со трамваи, автобуси и возови, а вие само си помислувате, „Ах, колку е убав животот!“…rnrnВластите на малата, но богата европска земја Луксембург, решиле од 1-ви март 2020 година јавниот превоз за нивните жители да стане целосно бесплатен. Целта е да се намали загадувањето затоа што, според Евростат, Луксембург има најголем број автомобили по глава на жител во ЕУ, така што властите сакале да ги охрабрат граѓаните да го користат јавниот превоз колку што е можно повеќе.rnrnЛуксембург, еден од основачите на ЕУ, со тоа станува првата земја што ќе има бесплатен јавен превоз. Досега, само некои градови, како што е главниот град на Естонија, Талин или Данкирк во Франција, одлучиле да го сторат тоа.rnrnИако, многу луѓе од некои социјални категории како студентите или лицата под 20 години веќе патуваат бесплатно, многумина ќе имаат корист од овој проект бидејќи превозот дополнително и ќе се модернизира.rnrnМожеби сакате да дознаете и која европска земја беше најдобра за живеење и работа во 2019 година?rn

  • Финците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќни

    Финците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќни

    Финска, која според голем број истражувања е најсреќната држава во светот, се обидува да ја сподели нејзината среќа со сите нудејќи бесплатно летување.rnrnФинците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќниrnrnНеодамна Финската туристичка заедница ја претставила програмата „Rent a Finn“ (изнајми Финец), преку која нудат одмор во Финска, и тоа во делот од земјата којшто ви изгледа најсреќен. Сите кои ќе се одлучат да ја пробаат финската среќа, ќе поминат време со нивниот „водич за среќа“, а Финците се надеваат дека нивниот опуштен начин на живот ќе им помогне на туристите барем малку да се ослободат од стресот.rn

    „’Rent a Finn’ е кампања во која 8 обични Финци канат странци во Финска за со нив да го поделат своето искуство, бидејќи Финците сакаат да ја направат Земјата повторно среќна! Ќе ‘издаваме’ 8 обични Финци како водичи за среќа, а тие ќе им помогнат на туристите од странство одново да се поврзат со природата ова лето.“

    rnФинците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќниrnrnЕден од водичите е Еско кој е градоначалник на Рованиеми, рурален град во Лапонија. Еско изјавил дека со заинтересираните посетители сака да ги сподели убавините на финското лето, така што тие ќе имаат можност да ја посетат неговата викендичка, да берат бобинки, да се возат со брод и да играат игри.rnrnФинците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќниrnrnДруги водичи се парот Линда и Нико, кои живеат во најјужниот остров од архипелагот на Финска. Тие на туристите ќе им го покажат едноставниот островски живот, а ќе ги однесат и на едрење и кампување со нивното куче.rnrnФинците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќниrnrnПомеѓу водичите е и студентката и инструкторка по јога Катја, која живее во близина на Хелсинки. Таа сака да им помогне на туристите да ја искусат природата и во градско опкружување.rnrnСите кои сакаат да ги искористат водичите за среќа, треба да снимаат видео од 3 минути, во кое ќе се опишат себеси, својата врска со природата и зошто сакаат да ја посетат Финска. Исто така треба да се пополни и апликација на нивниот веб-сајт, а на избраните ќе им бидат покриени сите трошоци за патувањето. Доколку и вие сакате да изнајмите Финец, пополнете ја онлајн пријавата тука.rnrnДоколку имате среќа и сте добитник на патувањето, тогаш сигурно ќе сакате да ги знаете интересните факти за животот во Финска.

  • Скриената цена на бесплатните извори за учење

    Скриената цена на бесплатните извори за учење

    Секој од нас сака да добие нешто бесплатно. Денес имаме пристап до многу информации кои можеме да ги добиеме без да трошиме пари. Ова е навистина одлично, но дали тоа има и свои недостатоци? Што ако бесплатните извори за учење ве спречуваат во обидот да направите вистинска промена во вашиот живот?rnrnСкриената цена на бесплатните извори за учењеrnrnВо многу случаи, бесплатните извори навистина можат да го забават вашиот напредок. Во продолжение погледнете која е скриената цена на овие извори и зошто треба да почнете да инвестирате во курсеви, книги и информации што ви се од корист.rn

    1. Потешко е да ги цените бесплатните извори

    rnНавистина е тешко да се одреди вредноста на бесплатните нешта. Можеби на интелектуално ниво разбирате дека она што го користите е вредно, но ќе имате помалку мотивација да го завршите до крај. Нема да чувствувате потреба да го искористите максимално поради тоа што сте го добиле бесплатно. Најчесто ова води до просечни резултати и неспособност да направите промена.rnrnКога ќе ги вложите парите во квалитетен продукт, ќе го цените многу повеќе отколку бесплатниот. Бесплатните нешта не вклучуваат вложување, па потешко ви е целосно да им се посветите. Иако луѓето често го занемаруваат ова, тоа може да биде главната причина зошто не можат да ги постигнат нивните цели.rnrnКога ќе донесете одлука да купите нешто, вие му се посветувате и сте истрајни. Исто така овде е и чувството на итност, што е неопходно кога треба да ги остварите вашите соништа.rn

    2. Тешко е да го примените наученото од бесплатните извори

    rnВоглавно, бесплатните информации се без структура, недовршени и со сомнителен квалитет. За да успеете да создадете добар материјал за учење, ќе треба да потрошите многу време во собирање и организирање на информациите од разни извори. Часовите што сте ги поминале правејќи го ова, сте можеле да ги потрошите за нешто попродуктивно.rnrnПокрај тоа, недостатокот од структура ќе ви го отежни апсорбирањето на она што го читате, нема да можете да направите план, ниту да го следите вашиот напредок. Платените продукти нудат јасна структура, која пак води до подобри резултати. Поради ова, многу често инвестицијата самата ќе се исплати.rnrnИсто така, тешко е да им верувате на бесплатните информации. Тие ретко содржат референци, па не знаете дали истражувањата се точни. Доколку не им придавате голема вредност на овие информации, колку всушност можете да извлечете од нив? Поради ова, најдобро е да инвестирате во програма или продукт на којшто ќе можете да му верувате.rn

    3. Бесплатните извори прават да се чувствувате неспособно

    rnКога не сакате да инвестирате во продукти или курсеви што би ви помогнале да го подобрите квалитетот на вашиот живот, се чувствувате како да не можете да станете подобри или полошо – дека не вреди да се трудите. Успешните луѓе постојано инвестираат во себе. Тие не се плашат да ги потрошат нивните пари на семинари, книги или курсеви.rnrnИнвестирањето во себе е најдоброто нешто што можете да го направите. Па, зошто секој месец да не тргате малку пари настрана кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели? Нема потреба да трошите многу на семинари. Можете да започнете со евтини програми, или да штедите подолго за нешто поскапо. Колку повеќе се цените и инвестирате во себе, толку повеќе ќе извлечете од животот.rn

    Заклучок

    rnОва не значи дека не треба воопшто да ги користите бесплатните извори. Секогаш е добро да прочитате нешто ново или да изгледате некое едукативно видео. Но кога сакате да направите голема промена во животот, најдобро е да инвестирате, со цел да го извлечете најдоброто.rnrnДоколку сепак не сакате да трошите пари, погледнете некои од најдобрите беплатни извори за учење странски јазици.

  • 28 бесплатни работи кои треба да ги направите ова лето

    28 бесплатни работи кои треба да ги направите ова лето

    Постојат две работи што ги сакаме најмногу на светот: Лето и штедење пари. Можеби мислите дека не можете да се забавувате без доволно пари, но тоа е далеку од вистината. Не заборавајте дека најдобрите работи во животот се бесплатни. Во продолжение прочитајте ги следниве 28 работи кои никако не смеете да пропуштите да ги направите, а кое ќе ви го направат летото посебно и незаборавно.rnrn(1) 28 бесплатни работи кои треба да ги направите ова летоrnrn1. Ручајте во природа.rnrn2. Не престанувајте да ги слушате апсолутните летни хитови, дури и да се работи за песна од Аријана Гранде.rnrn3. Спортувајте. Или барем научете некоја нова друштвена игра за во природа.rnrn4. Нека ви се смачи од летните хитови по сите тие караоке забави во автомобилот.rnrn5. Одете во музеј. Искористете го слободното време за да научите нешто ново и корисно.rnrn6. Посетете ја најблиската река или езеро.rnrn7. Поминете време со вашето семејство и прошетајте ги најмалите членови од него во блискиот центар. Однесете ги во кино!rnrn8. Облечете ги вашите омилени бели фармерки.rnrn9. Истурете црвено вино на гореспоменатите фармерки и посакајте да го купевте потемниот пар пантолони.rnrn10. Прочитајте го оној роман со сексуална содржина кој одамна ве привлекува, но досега не сте се осмелиле да го почнете. Никој нема да ве суди на плажа!rnrn11. Потсетете се на сите оние лектири што сте ги имале како дете и бидете благодарни што не треба да пишувате за авантурите на Робинзон Крусо.rnrn12. Секое јадење приготвувајте го на скара.rnrn13. Конечно симнете ја апликацијата Снепчет.rnrn14. Организирајте вечер на друштвени игри.rnrn(2) 28 бесплатни работи кои треба да ги направите ова летоrnrn15. Потоа организирајте вечер на гледање филмови и прејадете се со пуканки.rnrn16. Потсетете се на вашиот прв летен одмор во основно училиште.rnrn17. Јадете пченка колку што можете повеќе.rnrn18. Однесувајте се како турист во вашиот роден град.rnrn19. Гледајте го зајдисонцето.rnrn20. Дремнете еднаш. Или три пати.rnrn21. Гответе работи за кои не е потребна рерна.rnrn22. Одберете нова ТВ серија и изгледајте ги сите сезони за не повеќе од два дена.rnrn23. Одете на кампување. Не е важно што тоа би било во вашата градина и што веднаш би избегале дома откако ќе ве нападнат комарците.rnrn24. Дознајте како да се заштитите од комарците за нареден пат.rnrn25. Ставете си парчиња краставици или компири на вашите очи за да ги оладите и освежите.rnrn26. Направете си домашен сладолед.rnrn27. Вежбајте јога на отворено и медитирајте.rnrn28. Дремнете си уште еднаш. Го заслуживте одморот!rnrn(3) 28 бесплатни работи кои треба да ги направите ова лето

  • Среќата со пари не се купува: 20 прекрасни работи кои се тотално бесплатни!

    Среќата со пари не се купува: 20 прекрасни работи кои се тотално бесплатни!

    Во последно време постојано слушаме за трошоците во животот, па се чини дека сега е поважно од кога било да бидеме благодарни на она што го имаме и на работите кои не чинат ништо. Можеби ви се чини дека нема многу такви нешта, но ако се завртите околу себе ќе забележете дека има многу работи кои не можете да ги купите со пари… Секој ќе ви го каже истото: „Парите го прават животот полесен, но не можат да ја купат среќата!“rnrnЗатоа е време да се посветите на работите за кои парите не ви се потребни, а ќе ви донесат многу повеќе среќа и задоволство.rnrn1-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    1. Љубезност

    rnПонудете го на некого вашето место во автобусот, придржете ја вратата, насмевнете се. Најдоброто од сè е тоа што ќе се чувствувате подеднакво задоволни, исто како и кога некој друг е љубезен кон вас.rn

    2. Членство во библиотека

    rnТоа не чини скоро ништо, а можете да ја прочитате целата библиотека, да пристапите до најголемите умови во историјата, да навлезете во светските тајни и мистерии, да ги запознаете далечните краеви…rn

    3. Прошетка во природа

    rnНе само поради тоа што истражувањата покажуваат дека одморот во природа го намалува стресот и го регулира крвниот притисок, туку и го расчистува умот и дава нова перспектива на животот.rnrn2-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    4. Кокетирање

    rnНе е важно дали сте во долгогодишен брак или слободни, да шармирате можете секогаш.rn

    5. Време

    rnВремето е најважниот имот кој го поседуваме. Немојте да го потрошите залудно на луѓе и работи кои не го заслужуваат.rn

    6. Купка

    rnПонекогаш некоја сосема едноставна работа ни помага да го пребродиме денот, како сознанието дека ќе можеме во мир да одиме под туш или да лежиме во када.rnrn3-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    7. Тишина и осаменост

    rnМожете малку да се оддалечите од сè и да уживате во друштвото со самите себе.rn

    8. Старите пријатели

    rnТие ве познаваат од времето кога имавте катастрофална фризура, можат да ви се јават во 2 наутро, да ве насмеат до солзи и да ги чуваат вашите тајни.rn

    9. Новите пријатели

    rnТие не ја слушнале анегдотата за вашето паѓање од велосипед премногу пати, па така внесуваат нова возбуда и нови работи во вашиот живот.rnrn4-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    10. Краток попладневен сон

    rnАко поспиете малку во чиста постелнина додека зраците од сонцето кое заоѓа продираат низ вашиот прозорец или пак, капките дожд удираат по него, ќе се чувствувате како да се наоѓате во рајот.rn

    11. Свеста за себе

    rnСекако, требало да поминат долги години за да осознаете кои сте и за да се чувствувате добро во својата кожа. Ако сè уште не сте, сега е одлична прилика да истражите.rn

    12. Есен

    rnЕсента е магична и колку свечено да ја одбележуваме Нова година, ова годишно време е вистинскиот период за нова љубов, нови почетоци, нови одлуки…rnrn5-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    13. Простување

    rnДа признаете дека сте погрешиле, но исто така да дозволите и другите да погрешат носи олеснување кое ќе ви го разубави денот.rn

    14. Бакнување

    rnИ сè останато што доаѓа пред и по тоа.rn

    15. Самодоверба

    rnСамодовербата не произлегува од новиот пар обувки, туку однатре. Но, тоа веќе одамна го знаете.rn

    16. Семејството

    rnФакт е дека понекогаш ве излудуваат. Со некои членови се согласувате подобро, а со некои полошо, но нема поубаво чувство од тоа кога ќе се вратите од семејниот собир знаејќи дека тие безусловно ве сакаат, притоа добро познавајќи ги вашите маани и доблести.rnrn6-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    17. Разбирање

    rnДали се сеќавате на онаа сцена од „Аватар“ кога дамата во сино ќе ја стави својата рака на градите на актерот и ќе му каже „Те разбирам“. Какво е само тоа чувство!rn

    18. Заоѓањето и изгревањето на сонцето

    rnСекој ден, одново и одново, без никакви влезници и претплати можете да уживате во најубавите призори на светот.rn

    19. Чувството дека сте дале сè од себе

    rnЖивотот може да биде комплициран и тежок, но чувството на гордост и самозадоволство кога знаете дека сте го дале својот максимум е милион пати подобар од кои било надворешни манифестации на успех.rn7-srekjata-so-pari-ne-se-kupuva-19-sjajni-raboti-koi-se-totalno-besplatni-www.kafepauza.mk_rn

    20. Погледот на вашиот миленик

    rnКога ќе си дојдете дома, а неговите топли очиња и радосни движења ви го топат срцето од љубов…

  • 6 земји каде што можете да студирате на англиски, бесплатно или со мала партиципација

    6 земји каде што можете да студирате на англиски, бесплатно или со мала партиципација

    Разгледајте ги студиските програми во овие шест земји доколку размислувате за студирање во странство. Таму не се плаќаат високи партиципации, а предвид мора да ги имате само трошоците за живот.rnrn6 земји каде што можете да студирате на англиски бесплатно или со мала партиципацијаrn

    Словенија

    rnШколувањето на словенските државни универзитети е бесплатно за македонските студенти. Дополнителна олеснителна околност е што трошоците за живот се далеку пониски отколку во западноевропските држави, па затоа и нивните студиски програми се далеку подостапни. Словенечкиот јазик, исто како и македонскиот, спаѓа во групата на јужнословенски јазици и затоа лесно и брзо се учи, но ако сепак сакате да студирате на англиски, сите универзитети ја нудат таа можност за одредени програми.rn

    Германија

    rnГерманија располага со бројни одлични универзитети, а голем дел од нив нудат и студирање на англиски јазик. Иако за мнозинството од вкупниот број на студиски програми бараат добри познавања на германскиот јазик, има и такви кои целосно се изведуваат на англиски и првенствено се наменети за странски студенти. За најголем дел од нив не е потребно ниту плаќање на партиципација.rnrnВисокото образование за домашните студенти и за оние кои доаѓаат од другите земји на ЕУ секогаш е бесплатно, а студиските програми на англиски јазик се делат на такви за кои се плаќа школарина и на такви за кои не се плаќа. Германските универзитети нудат бесплатни програми од областа на техничките науки, медицината, бизнисот итн. Секако, студентот сам си ги покрива трошоците за живот, кои варираат зависно од неговите навики и стандардот во местото на студирање и живеење, но во просек изнесуваат околу 800 евра месечно.rn

    Франција

    rnМнозинството од француските универзитети бараат минимум Б2 ниво за познавање на францускиот јазик, но сè побројни се студиските програми каде што единствен услов во поглед на јазикот е доброто познавање на англискиот јазик. Државните универзитети се драстично поевтини во споредба со приватните. Се плаќа партиципација, но таа е доста мала. Годишниот износ е понизок дури и од нашите факултети: 189 евра за додипломски, 261 евра за мастер и 396 евра за докторски студии. Тоа се цени што се одредени со закон и важат и за домашните и за странските студенти. На тоа треба да додадете уште околу 800 евра месечно за трошоци за живот.rnrn6 земји каде што можете да студирате на англиски бесплатно или со мала партиципацијаrn

    Финска

    rnОбразованието во Финска е целосно бесплатно, а голем дел од програмите се изведуваат на англиски јазик. Без разлика за тоа дали сакате студирате технички, природни или општествени науки, не се плаќа никаква партиципација. Тоа важи и за домашни и за странски студенти, барем до 2016 година кога финската влада повторно ќе ја разгледува можноста за враќање на школарината за странски студенти.rnrnДоколку не добие стипендија, студентот треба самиот да си ги покрие трошоците за живот. Неопходно е пред аплицирањето за виза да се обезбедат 560 евра за секој месец, односно 6.720 евра за цела година. По завршувањето на студиите, секој студент кој дипломирал на фински универзитет има право да побара продолжување на дозволата за престој за шест месеци со цел да најде работа. Ако успее во тоа, дозволата за престој му се продолжува по основ на вработување.rn

    Норвешка

    rnНиту норвешките универзитети не наплаќаат за студирање на нивните државни универзитети, а при тоа даваат можност да се студира на англиски јазик. Потенцијалните студенти треба предвид да ги имаат и високите трошоци за живот во оваа богата нордиска земја. При аплицирањето за виза неопходно е да се достави доказ дека на сметката имате 10.500 евра за годината за која аплицирате.rn

    Бразил

    rnБразил се обидува да стане атрактивна земја за странски студенти и затоа веќе нуди мастер студиски програми на англиски јазик. На државните универзитети никој не плаќа партиципација, а ниту на приватните најчесто таа не е повисока од неколку стотини евра годишно. Сепак, најголем дел од програмите се на португалски. Универзитетот во Сао Пауло, нивниот најдобро рангиран универзитет, се издвојува со програмите за студирање на англиски во областа на стоматологијата, земјоделските науки, алтернативните извори на енергија и лингвистиката. Трошоците за живот се движат слично како во западноевропските земји.