КАФЕ ПАУЗА

Tag: бесплатно

  • Фокусирајте ја вашата публика со Sketch It

    Фокусирајте ја вашата публика со Sketch It

    Денес можеме многу да си ја олесниме работата, ако ги користиме софтверските алатки кои ги имаме на располагање. Замислете си како имате онлајн презентација, им ги покажувате вашите идеи на колегите или подготвувате туторијал кој ќе се базира на слики. Нели би ви се нашло виртуелно моливче со кое ќе можете да цртате по екранот? Ние налетавме на алатка која го овозможува тоа, ни се најде, па ви ја предлагаме и вам. Се вика „Sketch It“.rnrnФокусирајте ја вашата публика со Sketch itrnrnОва мало и бесплатно парче софтвер ќе ги направи вашите презентации поинтересни за публиката и ќе го задржи нивното внимание фокусирано на она што им го покажувате. Целата работа се сведува на неколку контроли од тастатурата и влечење со моливчето преку екранот. Sketch It е различен од другите софтвери од овој тип, бидејќи овозможува цртање преку прозорците од различните апликации кои се моментално отворени, односно не ја ограничува акцијата само во рамките на еден прозор.rnrnФокусирајте ја вашата публика со Sketch itrnrnУште една одлична опција е што ви дозволува да го копирате или пренесете цртањето на друг монитор, па доколку се наоѓате пред поголема публика, присутните ќе се чудат како вашето глувче остава траги во боја врз екранот. Бојата секако можете да ја менувате, како и острината на моливчето. Останатото е на вашата креативност и способност за слободно движење на раката, онака како што тоа го замислувате во вашата глава.rnrnФокусирајте ја вашата публика со Sketch itАлатката работи во позадина и додека работите нема да ви пречи нејзиниот прозорец. Доколку сакате да смените некоја опција, само повикајте го менито со магичните „зборови“: Ctrl + Shift + Z.

  • Уредете го вашиот десктоп со бесплатни икони по ваш вкус

    Уредете го вашиот десктоп со бесплатни икони по ваш вкус

    Доколку сакате да го освежите изгледот на вашиот десктоп, „веб-сајтот FreeIconsDownload“ може да биде вистинската дестинација за таа цел. Сајтот е многу едноставен, а за користењето на неговите услуги нема потреба од регистрирање.rnУредете го вашиот десктоп со бесплатни икони по ваш вкусМногуте различни икони се достапни во повеќе формати и се компатибилни со оперативните системи Виндоус, Мекинтош и Линукс. Иконите се распоредени по сетови, а истите лесно се прелистуваат бидејќи уредно се сместени во соодветни категории.rnУредете го вашиот десктоп со бесплатни икони по ваш вкусУредете го вашиот десктоп со бесплатни икони по ваш вкусИсто така, на сајтот можете да најдете десктоп позадини и дизајнерски елементи, но и совети, туторијали и софтвери за изработка на свои икони. Ова може да биде добар начин на вашиот компјутер да му дадете уникатен и автентичен изглед.rnУредете го вашиот десктоп со бесплатни икони по ваш вкус

  • Три нови бесплатни сервиси за слушање радио на интернет

    Три нови бесплатни сервиси за слушање радио на интернет

    Уживањето во добра и квалитетна музика која навистина ве исполнува, сега е навистина лесно. Онлајн радио станиците ви овозможуваат да слушате музика во континуитет и тоа по ваша желба. Погледнете ги следните интересни сервиси, одберете и уживајте.rnrn rnrn 1. Филтер мјузик – одбери жанр, одбери станица и слушај добра музикаrnrnОдлично ново онлајн радио, кое ќе ви овозможи уживање во зависност од вашето расположение. Работи на сите оперативни системи и прелистувачи и е многу едноставен. Најважно од сѐ е тоа што е бесплатен и може да се користи без регистрација. Постои можност за регистрација, но профилот кој се креира служи само за зачувување на омилените радио станици, што и не е така лоша опција.rnrn

    filtermusic.net
    www.filtermusic.net
    rnrnСервисот работи на принципот: одбери жанр, одбери станица и слушај добра музика. За секоја понудена радио станица можете да проверите кои биле последните 10 песни кои биле пуштени, да го посетите официјалниот сајт на станицата, или да го зачувате стримот во вашиот омилен плеер. Станиците кои се на располагање се со високо квалитетен звук.rnrn2. Дрејдио – малку работа, многу музикаrnrn
    theradio.com
    www.theradio.com
    rnrnИако моментално е во бета верзија, сервисот е супер. Во пребарувачот го впишувате артистот кој ви се допаѓа или жанрот кој сакате да го слушате и вашата работа застанува тука. Сервисот автоматски ви наоѓа станица или песна, а доколку таа не ви се допадне, можете едноставно да ја прескокнете за да почне нова. Исто така, можете да одберете радио станица од листа или пак еден од 40 најпопуларни и најслушани артисти во сите жанрови. Без регистрација, без грижи, а згора на се и бесплатно, едноставно прекрасен сервис.rnrn3. Рejдиономи – +3000 интернет радио станици од секакви музички жанровиrnrnОвој сервис е нешто ново и освежително. На рејдиономи, не само што можете да слушате добри радио станици, туку можете да создадете и ваша лична радио станица, која другите ќе можат да ја чујат. Доколку сакате само да слушате музика, нема потреба да се регистрирате и да креирате профил.rnrn
    radionomy.com
    www.radionomy.com
    rnrnПрофилот ќе ви биде потребен доколку сакате да ги зачувувате вашите омилени станици или пак да создадете нова. Пребарувањето на квалитетна музика функционира многу едноставно со впишување на артист или жанр во пребарувачот.