КАФЕ ПАУЗА

Tag: апликации

  • Технологија за стари луѓе

    Технологија за стари луѓе

    Постарите луѓе најчесто пружаат отпор против современата технологија. Во „нивно време“ без неа било поубаво, па не им треба ни кога се постари. Сепак, разумен човек секогаш знае како добро да ја исползува технологијата без да си нанесе штета на самиот себе, а овие неколку апликации би можеле многу да им помогнат на оние кои веќе зачекориле во третото доба од животот.Технологија за стари луѓеrn

    Кога слабо гледаат

    rnКога слабото светло е пречка за да ги видат добро работите околу себе, тогаш апликацијата LED Reading Glasses е мудар избор. Оној кој ја има инсталирано на својот мобилен уред може со само еден клик да ги вклучи до максимум сите светла кои му се на располагање во моментот, а при тоа обезбедува подобра светлина и од батериска ламба.rn
    rn

    Кога слабо слушаат

    rnReal Clarity App е апликација за мобилен телефон која го репродуцира звукот. Така, кога некој слабо слуша потребно е само да ја активира апликацијата и да го стави мобилниот телефон на увото, па мобилниот уред ќе го повтори она што „го слушнал“.rn
    rn

    Кога не можат да се присетат

    rnВо периодот кога нервите природно попуштаат поради староста потребно е мозокот да се одржува во кондиција со соодветни вежби. Апликациите Marbles MindSpring Software и Dakim BrainFitness нудат повеќе вежби кои многу ќе им помогнат на оние кои не сакаат да се предадат пред она што им го носат годините.rn
    rn

    Кога не можат да возат

    rnЧовек со нарушено здравје седнат зад волан е голема опасност за останатите возачи и пешаците. Најдобро е тие воопшто да не возат, но за некое време тоа веќе нема да биде пречка. Сè повеќе производители на автомобили вградуваат софтвери за помош при паркирање, електронско ограничување на брзината, а за неколку години се најавуваат и првите автомобили кои самите ќе се управуваат.rn
    rn

    Сепак…

    rnИако овие апликации можат многу да го подобрат квалитетот на животот на постарите, на крајот на краиштата, кој може да тврди дека технологијата навистина го олеснува животот? Според Робин Раскин, истражувач на полето на влијанието на технологијата врз животот, можеби слабеењето на сетилата всушност претставува природна заштита на организмот против сите оние нешта кои секојдневно ги перципираме, а не ни се потребни за среќен живот. Кој знае, доколку премногу се потпреме на ваквите технолошки достигнувања ќе ја изгубиме можноста да не се заморувме со она што не можеме да го видиме и слушнеме.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите мобилни апликации за убавина

    Најдобрите мобилни апликации за убавина

    Понекогаш помислувате дека треба сè да правите сами? Да наоѓате соодветна шминка, фризура, да купувате производи за убавина и нега… но, некогаш немате ни време ни нерви за ова.rnrnМодерната технологија секојдневно ни го олеснува животот. Истото важи и кога станува збор за нашата надворешна убавина. Овие неколку апликации им помагаат на жените ширум светот да го негуваат својот изглед и да блескаат секој ден.rn
    rn

    SEPHORA + PANTONE COLOR IQ

    rnНајдобрите мобилни апликации за убавинаНаоѓањето соодветна нијанса на пудра за вашето лице не е баш едноставна работа. Толку многу нијанси и можности, а со погрешен избор ви следува пудра која не е соодветна за вашето лице, ни според текстурата, ни според типот на кожата, а ниту пак според тенот. Секоја кожа е посебна и треба да се негува на соодветен начин. Sephora + Pantone Color IQ ви помага да ја решите дилемата. Засега апликацијата е достапна само во продавниците на Сефора.rn
    rn

    INSTYLE HAIRSTYLE TRY – ON

    rnНајдобрите мобилни апликации за убавинаСекојдневно следиме примери од црвениот тепих и некогаш навистина би сакале да украдеме некој изглед од познатите. Апликацијата InStyle Hairstyle try-On ви помага да откриете како фризурата која ви се допаѓа би одговарала на вашето лице. Има стотици фризури кои може да ги пробате, а самата апликација става акцент на најновите трендови.rn
    rn

    UV SAFE TIMER

    rnНајдобрите мобилни апликации за убавинаАпликацијата UV Safe Timer e одлична помош при сончање, особено за оние кои имаат чувствителна кожа. Според тоа какво заштитно средство користите, тајмерот ќе ве извести кога е време да нанесете повторно, за да не добиете изгореници. Алармирањето е базирано на типот на вашата кожа и на УВ индексот на местото каде се наоѓате.rn
    rnrn

    LANCÔME MAKEUP

    rnНајдобрите мобилни апликации за убавинаОваа апликација ви помага да испробате различни мејкап изгледи, а дополнителна погодност е тоа што можете да мешате и комбинирате бои. Со Lancome Makeup можете лесно да откриете кога имате доволно шминка, а кога премногу.rn
    rn

    HAIRCASTER

    rnНајдобрите мобилни апликации за убавинаИако сè уште не е достапна за сите, девојките кои навистина внимаваат на секој детаљ поврзан со нивната коса и фризура со нетрпение ја очекуваат оваа апликација. Од Haircaster наутро добивате информации за тоа какво време се очекува во текот на денот, колкава ќе биде влажноста на воздухот, силата на ветрот и очекуваната температура, и како сето тоа може да влијае на вашата коса. Со други зборови, ви кажува што да направите со вашата фризура според временските услови кои се очекуваат во текот на денот.rn
    rn

    SEPHORA TO GO

    rnНајдобрите мобилни апликации за убавинаСè ви е дадено како на чинија. Sephora to Go ги истакнува најновите трендови, мејкап изгледи и козметички производи. Најновата верзија дури ви нуди и огледалце за да се гледате себеси како ја нанесувате шминката, и да се споредите со видеото прикажано како туторијал.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги блокирате барањата за игри и апликации на Фејсбук?

    Како да ги блокирате барањата за игри и апликации на Фејсбук?

    Сигурно имате барем неколку пријатели кои редовно ве нервираат со здодевните барања за разни игри и апликации на Фејсбук. За да ја избегнете непотребната нервоза и гневните статуси со кои барате да ве остават на мира, следете ги следните три едноставни чекори со кои ќе ги блокирате овие барања.Како да ги блокирате барањата за игри и апликации на Фејсбук1. На почетната страна, на левата страна во долниот дел притиснете на Apps and Games и ќе ви се отворат сите барања. Ако не го забележувате Apps and Games, притиснете на More и тоа ќе се појави.rnrn2. Со курсорот поминете над барањето и во горниот десен агол ќе се појави мал знак X. Притиснете на него.rnrn3. Сега на располагање ќе ви излезат сите опции за блокирање. Можете да ги блокирате сите барања од конкретната игра, по што веќе нема да добивате никакви барања во врска со неа (на пример Block Bubble Saga). Сепак, пријателите кои ви испратиле барање за таа игра ќе можат да испратат барање за некоја друга игра или апликација.rnrnДоколку некој пријател постојано ве бомбардира со барања за разни игри, можете да ги блокирате сите барања од него, и тоа со притискање на Ignore all requests from Име. Тој веќе нема да може да ви испраќа барања, но други пријатели кои сè уште не сте ги блокирале ќе можат да ви праќаат барања за истите игри и апликации, доколку претходно не сте ја блокирале само играта или апликацијата.Како да ги блокирате барањата за игри и апликации на Фејсбук
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Iris – таблет писи со транспарентен екран

    Iris – таблет писи со транспарентен екран

    Ова е дефинитивно ера на напредните таблети. Тие сè повеќе доаѓаат во пакувања кои се привлечно дизајнирани и со многу функции. Iris Tablet PC е таков пример. Тој има транспарентен тачпад со ОЛЕД екран. Користи безжична технологија на полнење, може да ги скенира вашите документи, да преведува текст и да ви служи како навигатор. Со помош на апликациите можете и да го планирате вашиот внатрешен простор, како и да го поделите екранот за истовремена двојна употреба. Iris - таблет писи со транспарентен екранЗа среќа, можете да си ги зачувате парите в џеб. Овој таблет е само концепт, кој со нетрпение ќе очекуваме да се појави, а дизајниран е од четворица Кинези.Iris - таблет писи со транспарентен екранIris - таблет писи со транспарентен екранIris - таблет писи со транспарентен екранIris - таблет писи со транспарентен екранIris - таблет писи со транспарентен екранIris - таблет писи со транспарентен екранIris - таблет писи со транспарентен екранrn

    rn————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поминувајќи ја границата на проширената реалност

    Поминувајќи ја границата на проширената реалност

    Возењето во сопствениот автомобил претставува парадокс. Од една страна ја имаме слободата самоиницијативно да тргнеме и застанеме каде сакаме, кога сакаме и на кој начин сакаме. Од друга страна, пак, гужвите во сообраќајот ја ограничуваат таа слобода. Зошто тогаш, нервозата, гужвите и нетрпението да не се заменат со едно ново искуство и да го направат патот од една до друга дестинација интерактивен, богат со информации, надвор од границите на реалноста каква што ја познаваме?!Поминувајќи ја границата на проширената реалностГугл веќе работи на развојот на самоуправувачки автомобили, но ако вниманието на возачот повеќе не треба да е 100% фокусирано на сообраќајот, тогаш што би правеле возачите зад воланот?!Поминувајќи ја границата на проширената реалностПроектот Аеон претставува мудро исцрпување на спојот на мобилноста и 3Д апликациите. Концепт-проектот е реализација на Микаел Харбоун и Dassault Systems кои ја освоија првата награда за најдобар дизајн и комуникација на годинешната конференција за компјутерска графика Imagina. Поминувајќи ја границата на проширената реалностАеон го инкорпорира системот за навигација и контролирањето преку интерактивен дисплеј, додека истовремено овозможува учење преку интеракција. Апликациите кои се проектираат на шофершајбната, овозможуваат доближување до одредени градбени објекти и информирање за нив замавнувајќи со прстите.Поминувајќи ја границата на проширената реалностПоминувајќи ја границата на проширената реалностАеон може да преминува од проширена во мешана, до виртуелна реалност, овозможувајќи му на корисникот да премине од информации базирани на текст, во интеграција со 3Д просторот до комплетно виртуелно искуство. Корисникот сам избира колку сака да види или доколку не сака, може да „сврти нова празна страница“ и едноставно да се опушти медитирајќи.Поминувајќи ја границата на проширената реалностАпликациите даваат можности за информирање на сè што е околу нас, но не само за околните архитектонски градби, туку и за температурите, активностите на нашите пријатели во близина и сл. Слободата се состои и во тоа што секој може да ги создава апликациите, па можностите стануваат неисцрпни.Поминувајќи ја границата на проширената реалностДодека виртуелноста стане дел од нашето секојдневие со помош на која ќе ги регулираме нашите редовни обврски, еве како Аеон планира да го промени корисничкото искуство на возачите.

    rnrn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите апликации за Google Chrome

    Најдобрите апликации за Google Chrome

    Автор: Дејан ЗафировскиrnrnПродавницата на Google Chrome (Chrome Web Store), беше за првпат претставена на Google I/O конференцијата пред околу една година или на 19 мај, 2010 година, а официјално беше стартувана на 6 декември. Со помош на оваа продавница корисниците на Google Chrome можат да преземаат апликации и екстензии за поголема продуктивност, за подобрување на нивното и онака позитивно искуство со Chrome, но и да заиграат некоја игра во слободно време. Актуелната дванаесетта верзија на Google Chrome со својата природна поддршка за HTML5 стандардот и хардверското забрзување, создава услови за креирање многу подобри и помоќни апликации. Ние избравме неколку од нив, кои нам ни оставија најголем впечаток. Читајте!Најдобрите апликации за Google Chromern

    1. Chromey Calculator

    rnИако сите ја знаеме основната апликација „Калкулатор“ од Windows, понекогаш знае да создаде проблеми барајќи ја низ менито, а со самото тоа влијае и на времето потрошено за сработување некој проект. Но, доволно е ја инсталирате екстензијата Chromey Calculator, да ја кликнете иконата до линијата за адреси и тоа е тоа. Никогаш не било полесно.rnrnОваа апликација ви овозможува да извршите разни научни, математички, па дури и конвертабилни пресметки. Ги поддржува сите типови операции, броеви, а исто така, тука се и математичките и физички константи од типот pi, e, c, h и ред други. Доколку згрешите, на помош ви доаѓа опцијата на Google – Did You Know, a во извршувањето на сите пресметки, покрај Google, задолжена е апликацијата Wolfram|Alpha. Вистинска комбинација на моќни и брзи пресметки за миг. Да не заборавиме дека можете да направите брза конверзија на мерните единици. Квалитетна екстензија која секој математичар треба да ја користи. Времето е пари, зарем не?Најдобрите апликации за Google Chromern

    2. 3DТin

    rn3DTin е „аматерска“ алатка за сите кои се занимаваат со 3Д моделирање. Иако оваа апликација всушност води до официјалната страница за апликацијата (можете да ја зачувате и како bookmark), сепак ги искористува предностите на HTML5 стандардот и наменета е да се користи исто како и стандардните десктоп-апликации. Што значи ова? Можете да ја користите дури и кога сте офлајн, благодарение на HTML-кешингот.rnrnСо 3DTin ќе можете да создавате квалитетни 3Д модели, a потоа да ги зачувате во облак или некаде локално во PNG, SVG, OBJ или STL формат. Искористете ја моќта на WebGL и Google Chrome и моделирајте исто како што го правите тоа во Maya или Softimage. Проверете како. Да се разбереме, софтверите на Autodesk се неспоредливи со оваа апликација, но имајте на ум дека вашите првични идеи можете да ги преточите преку 3DTin, па од тука да продолжите во некој од познатите софтвери.Најдобрите апликации за Google Chromern

    3. Aviary Image Editor

    rnПовеќето знаат (барем) како изгледа интерфејсот на Photoshop. Исто така знаат дека од десната страна се наоѓа менито за Layer-и, а од левата класичните алатки, од типот Crop Image, Freeform Selection, Selection Tool и слично. А, да, горе се наоѓаат и многуте ефекти и филтри за креирање уникатна композиција. Е, па и во Aviary Image Editor менито е исто како во Photoshop, па доколку ја немате таа апликација некаде при рака или можеби е прескапа за вашиот џеб, ова е вашата алтернатива за секојдневна употреба. Полесно, здравје.Најдобрите апликации за Google Chromern

    4. Marvel Comics

    rnПознатата апликација за Android и iOS, сега е достапна и за Google Chrome. „Must Have“ апликација за љубителите на стриповите од продукцијата на Marvel. Искуството е исто како она кај паметните телефони. Кој имал – знае. Да не „тупиме“ многу, инсталирајте ја Marvel Comics, купете си некој стрип или прочитајте ги сите бесплатни и влезете во светот на иднината. Многумина ќе се согласат дека полека, но сигурно, изумира потребата за читање стрип во печатена форма, кога на интернет сè ви е на дланка. Ако повеќе милувате да читате во „hard copy“ верзија, тука е опцијата за праќање печатени верзии на вашата домашна адреса.Најдобрите апликации за Google Chromern

    5. Angry Birds

    rnНема да одолговлекуваме многу со пишување. По iPhone, Android, Maemo, webOS, Symbian^3, PlayStation 3/PSP, Windows и Mac OS X, Angry Birds сега и во Google Chrome.Само не дозволувајте лутите птици да станат вашиот лут шеф кога ќе ве види како играте во вашиот прелистувач. На крајот на краиштата, немојте да му се лутите ако почне да ве мава со кутии, стакла, камења, бомби… Сепак, тој е вашиот шеф :).Најдобрите апликации за Google ChromeДруги апликации кои ви ги препорачуваме: Super Mario Bros., Super Mario Bros. Crossover, Planetarium, Dropbox, Cycling the Alps, Magic Actions for YouTube, Official Facebook Extension, RoboForm Lite, Virtual Keyboard, Smooth Gestures, dA Message Notifier, Picnik, Pixlr Grabber – Screen capture/image grabbing, AutoCAD WS и Jolicloud.rnrnНа располагање ја имате целата продавница, а на вас останува да се послужите сами. Дури и ако излезете со цела торба производи, нема да ве пречекаат дома со прашањето: „Колку те чинеше ова?“, или „Но, зошто? Ова веќе го имавме во фрижидер!“rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користите

    10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користите

    Веб-апликациите порано важеа за слаби копии од некои популарни софтвери, кои секојдневно многу се користат. На нив се гледаше како на непрактични алатки, поради ограниченоста на нивните функции.  Нивното развивање, денес ги направи моќни алтернативи на комерцијалните десктоп апликации со кои можете успешно да си ја завршите својата работа.rn10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеДесктоп програмите си имаат свои предности, но користејќи ги онлајн сервисите можете целосно да ги искористите придобивките од т.н. Cloud Computing (интернет базирано споделување на ресурси, податоци и софтвер кои се чуваат на компјутери и други уреди поврзани во глобалната мрежа,а се пристапуваат по волја на корисникот).  При користењето на повеќето веб-апликации, потребни ви се само прелистувач и конекција за пристап кон вашата онлајн база.  Исто така, притоа зачувувате време кое сте го губеле за инсталација и тестирање.rnrnЕве неколку предлози за одлични веб базирани алтернативни апликации, кои можат многу да ви помогнат.rnrn1. SliderocketrnЗамена за Microsoft PowerPointrn10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеПотполно функционална апликација која ќе ви овозможи да направите, обработите или споделите презентација. Ги нуди повеќето опции кои се достапни во Microsoft Power Point, но и некои додатни.rnrn2. AcrobatrnЗамена за Microsoft Office и  Adobe Acrobatrn10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеAcrobat.com е пакет од веб апликации на Adobe, кој може да го замени целиот Microsoft Office.  Апликациите Buzzword, Tables, и Presentation се всушност замени за Word, Excel, и PowerPoint. Исто така, пакетот нуди можност да отворате PDF документи, можност за онлајн средби и соработка помеѓу корисниците.  Сите услуги се бесплатни (со некои ограничувања), но корисниците можат да и да се претплатат за да добијат поголем број функции.rnrn3. AviaryrnЗамена за Adobe Photoshop, Illustrator, Soundboothrn10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеМоќен пакет на алатки кој ќе ви овозможи да уредувате слики, вектори, па дури и аудио. Посетете го сајтот и погледнете го големиот избор на сервиси кои ги нуди.rnrn4. JayCut rnЗамена за софтвери за обработка на видеоrn10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеМногу лесен и корисен онлајн видео едитор. Функциите на кои ќе наидете, се идентични како во повеќето софтвери за обработка на видео, а конечниот производ ќе можете да го преземете или да го прикачите директно на Јутјуб. Во бесплатниот пакет ќе можете да експортирате до 20 видеа месечно и ќе ви биде достапен онлајн простор од 2 гигабајти.rnrn5. WobZiprnЗамена за софтвери за декомпресирањеrn10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеWobZip е одлична онлајн алатка за декомпресирање на датотеки.  Сервисот подржува многу различни формати за компресирани документи, а секој од фајловите подлежи на скенирање од вируси преку антивирусот BitDefender.rnrn6. ZamzarrnЗамена за софтвери за конвертирање на фајловиrn10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеОтсега навистина ќе немате проблеми со никаков формат на некој фајл.  Наместо да инсталирате безброј софтвери за конвертирање на вашите документи, слики, видео и аудио материјали, појдете на Zamzar и преполовете си ја работата.rnrn7. TokBoxrnЗамена за софтвери за видео разговориrn10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеВеб-апликација која ви овозможува да разговарате и со 20 луѓе наеднаш. Сѐ што треба е да се регистрирате и веднаш можете да почнете со муабетење. Апликацијата е бесплатна, но за некои додатни бенефиции можете и да се претплатите.rnrn8. ESET Online Virus Scanner rnЗамена за антивирусrn10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеОва не значи дека нема да ви биде потребен антивирус на вашиот компјутер. Направен e од креаторите на NOD32, а ви овозможува комплетно скенирање на вашиот компјутер преку прелистувачот. Скенирањето може да потрае некое време, а по него сомнителните датотеки ќе бидат ставени во карантин.rnrn9. BitLetrnЗамена за торент клиентиrn10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеКога немате пристап до некој клиент за торенти на вашиот компјутер, оваа апликација навистина ќе ви биде одлична солуција. Прикачете торент фајл од компјутерот или пак внесете ја адресата на торентот директно на BitLet и дозволете тој да се погрижи за останатото.rnrn10.  iCloudrnЗамена за оперативен системrn10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеiCloud е онлајн оперативен систем кој ќе ви овозможи пристап до стотици вградени апликации. Со бесплатниот модел, добивате 3 гигабајти онлајн простор, а доколку ви е потребен поголем, секогаш ќе можете да се претплатите.