КАФЕ ПАУЗА

Tag: апликации

  • Симнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, што ќе ви ја направат 2017-та уште подобра

    Симнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, што ќе ви ја направат 2017-та уште подобра

    Годишната листа за најдобрите апликации е веќе готова, па доколку сѐ уште ги немате овие на вашиот телефон, тогаш со сигурност треба да направите место за нив. Некои од нив ќе ви помогнат да се ослободите од стресот, додека пак другите ќе ви ветат подобри фотографии за Инстаграм. Погледнете кој избор на апликации треба да го направите, со цел да ја направите 2017 година подобра.rnrnСимнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, кои ќе ви ја направат наредната уште подобраrn

    1. Prisma

    rnОваа апликација (ајфон, андроид) е бесплатна и ќе ви помогне вашите фотографии да ги претворите во вистинска уметност, при што секој на Инстаграм ќе ви завидува.rnrnСимнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, кои ќе ви ја направат наредната уште подобраrn

    2. MSQRD

    rnАко сакате да си играте со филтри, не барајте ништо повеќе, затоа што тука е MSQRD (ајфон, андроид). Оваа апликација е бесплатна и ви овозможува да фотографирате со многу забавни маски и ефекти.rnrnСимнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, кои ќе ви ја направат наредната уште подобраrn

    3. Quartz

    rnСо оваа бесплатна апликација (ајфон, андроид) ќе можете да имате кратки извори за најновите вести, надополнети со емотикони и други паметни и интересни нешта.rnrnСимнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, кои ќе ви ја направат наредната уште подобраrn

    4. Vogue

    rnАко сакате да бидете во тек со најновите модни вести и трендови, тогаш оваа апликација (ајфон, андроид) е вистинската за вас. Таа е бесплатна и ќе ви овозможи да следите осум статии секој ден, кои се наменети за вас и се базираат на вашите интереси.rnrnСимнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, кои ќе ви ја направат наредната уште подобраrn

    5. Meditation studio

    rnСакате да ја започнете добро новата година? Тогаш симнете ја оваа апликација (ајфон, андроид) која чини 4 долари и ве учи како да станете повнимателни.rnrnСимнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, кои ќе ви ја направат наредната уште подобраrnrnПогледнете уште четири корисни апликации на наредната страница…rn

  • 9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзо

    9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзо

    Без разлика каков паметен телефон имате, сигурно и вам ви е познат проблемот со брзото трошење на батеријата. Бидејќи телефоните се скапи, многу е важно правилно да ги одржувате, со цел да го одложите процесот на купување нов. Погледнете кои се најчестите причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши толку брзо и во иднина обидувајте се истите да ги избегнувате.rn

    1. Светлината на екранот ви е поголема

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnАко батеријата на вашиот телефон се празни премногу брзо, тогаш можеби треба да ја намалите светлината на вашиот екран. Или изберете помала светлина или пак поставете ја опцијата за автоматско прилагодување на екранот според светлината во вашата околина. Така ќе бидете во можност непречено да ракувате со вашиот телефон, а истовремено ќе ја заштедите и батеријата. Исто така настојувајте секогаш да го исклучувате екранот кога ќе завршите со негово користење, односно, не оставајте го да свети доколку не ракувате со него.rn

    2. Вашиот телефон постојано бара Интернет мрежи

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnПристапот до отворени Интернет мрежи може да ви ја намали месечната сметка за телефон, но, постојаното барање кога сте надвор од вашиот дом или од местата каде што ја имате сочувано лозинката од мрежата, може значително да ја потроши вашата батерија. Доколку не ви е потребен Интернет во одреден момент, исклучете ја таа опција.rn

    3. Постојано имате известувања

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnИзвестувањата од многу апликации кои ги имате во вашиот телефон се уште еден виновник за трошењето на вашата батерија. Ако вашиот телефон постојано светка, вибрира или ве известува со некој звук, веќе ви е јасно зошто не успевате да ја задржите батеријата дури ниту еден ден. Изберете да добивате известувања само од оние апликации кои ви се важни, а останатите исклучете ги.rn

    4. Имате апликации кои работат во позадина

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnВо опциите на вашиот телефон можете да проверите кои од апликациите најмногу користат од енергијата на вашата батерија. Овде ќе ги забележите оние кои најчесто ги користите, но исто така можете да бидете изненадени од некоја друга, која работи во позадина. Проверете и исклучете го сѐ она што не ви е потребно и ќе видите колку подолго ќе трае вашата батерија.rn

    5. Премногу ги користите апликациите

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnДоколку пред крајот на денот вашата батерија секогаш е празна, тогаш време е да погледнете во вашите дневни навики. Сосема во ред е да ги користите апликациите кои ви ги нуди вашиот паметен телефон, особено затоа што тие може да бидат многу корисни во секојдневието, но, не користете ги истите без потреба. Доколку постојано ги проверувате социјалните мрежи, снимате видеа или пак играте игри, тогаш многу веројатно е дека вашата батерија ќе се испразни.rn

    6. Користите апликации кои повеќе трошат батерија

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnАко сте зависник од апликации кои користат голем број податоци, тогаш вашата батерија побргу ќе се потроши, за разлика од оние кои користат помалку. На пример, доколку се обидувате да ја сочувате батеријата, тогаш одлучете се да ги прочитате најновите вести, наместо да ги слушате, или пак интересното видео поставено на Фејсбук оставете го да го гледате кога ќе стигнете дома.rn

    7. Апликациите и податоците автоматски се синхронизираат

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnАвтоматската резервна копија на вашите фотографии или синхронизирањето на апликациите звучи како добра идеја, но ако батеријата на вашиот телефон постојано се испразнува во средина на денот, тогаш можеби подобра идеја е да го направите тоа рачно или пак кога ќе го поврзете телефонот со вашиот компјутер.rn

    8. Вашиот софтвер не е ажуриран

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnПостојат повеќе причини поради кои треба да го ажурирате вашиот оперативен систем и апликациите. Имено, ваквите ажурирања ќе ги поправат евентуалните грешки кои постојат. Најдобро е да ја користите последната достапна верзија на оперативниот систем, така што ќе имате корист од најновите подобрувања.rn

    9. Вашиот телефон има проблем со хардверот

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnДоколку ги променивте своите навики и сѐ уште имате проблеми со батеријата, тогаш можно е да имате проблеми со хардверот. Во зависност од тоа каков телефон имате, од каде сте го купиле и колку е стар, можете да побарате стручно мислење и да дознаете дали нешто не е во ред со него.

  • 7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

    7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

    Речиси секој од нас е зависен од својот смартфон. Покрај многуте други опции, смартфонот најчесто го користиме и за фотографирање. Без разлика дали сте на патување надвор од земјата или пак на кратка прошетка во природа, ќе сакате да сочувате некои моменти и пејзажи. За таа намена постојат различни апликации што може да ви помогнат при уредувањето на фотографиите, при што откако ќе ги користите, ќе бидете изненадени од резултатите. Денес ви прикажуваме седум такви апликации. Проверете ги и споделете ги вашите искуства!rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    1. Priime

    rnPriime е бесплатна апликација што нуди 100 професионални стилови, инспирирани од едни од најдобрите светски фотографи, а исто така овде се вклучени и модерни алатки. Достапна е за корисниците на iOS.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    2. VSCO

    rnVSCO е уште една бесплатна апликација за уредување фотографии што има напредна контрола на камерата. Исто така овде имате можност да креирате и профил каде што ќе ги објавувате своите фотографии и другите ќе имаат можност да ги видат. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    3. Afterlight

    rnAfterlight е апликација што чини 1 долар, но со неа ќе добиете 74 целосно прилагодливи филтри, 78 природни текстури, 15 прилагодливи алатки и 128 рамки. Плус тоа, оваа апликација совршено се вклопува со Инстаграм. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид. rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    4. Adobe Photoshop Lightroom

    rnЗа понапредна обработка на фотографиите, Adobe Photoshop Lightroom ви овозможува да бидете вешти во уредувањето и да ги споделите професионалните и квалитетни фотографии директно од вашиот смартфон или таблет. Станува збор за бесплатна апликација што има доста едноставен процес на користење. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    5. Polarr

    rnPolarr е одлична, прецизна и бесплатна апликација што се прилагодува на вашите желби. Таа ви нуди различни филтри, 3Д поддршка на допир, корекции и слично. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    6. Enlight

    rnАко сакате да додадете малку уметност на фотографиите што биле направени на отворено, тогаш треба да ја пробате Enlight. Дел од најкреативните функции на оваа апликација вклучуваат различни филтри, сликарски ефекти и трансформација на улична уметност. Вреди да се проба. Чини 4 долари и е достапна за корисниците на iOS.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    7. Snapseed

    rnАпликацијата на Гугл за уредување фотографии, Snapseed, е совршена за мали, специфични коригирања. Имате можност за ротација, сечење, контраст и многу други работи. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

  • Единствените 4 апликации за фотографии што ви се потребни на вашиот смартфон

    Единствените 4 апликации за фотографии што ви се потребни на вашиот смартфон

    Постојат 5 милијарди апликации за вашиот смартфон. ОК, можеби малку претеравме со оваа бројка, но како би можеле да го најдете најдобриот начин за да ги зачувате и овековечите вашите сеќавања доколку постои толку голем избор за апликации поврзани со фотографиите? Со цел да ви ја олесниме работата, денес ви ги издвојуваме најпотребните 4 апликации со чија помош можете да ги опфатите сите аспекти на фотографирањето, од нивната обработка, па сè до начинот за печатење…rnrnЕдинствените 4 апликации за фотографии што ви се потребни на вашиот смартфонrn

    1. За обработка: VSCO

    rnСите ние го обожаваме Инстаграм, но кога станува збор за обработување на вашите фотографии, оваа апликација е убедливо најдобра во овој момент. Откако ќе одберете фотографија од вашиот албум или ќе направите нова, вие ја уредувате, запомнувате и потоа ја објавувате директно на Инстаграм. Најдобриот дел е што не мора да имате никакво фотографско искуство со цел да направите вашите фотографии да изгледаат неверојатно.rn

    2. За интеракција: Instagram

    rnШтом го читате овој текст, сигурни сме дека и вие, исто како и нас, целосно сте опседнати со Инстаграм. Во случај да не сте на оваа социјална мрежа, време е веднаш да го сторите тоа. Инстаграм е апликација која е лесна за употреба, малку заразна, но широко распространета поради добра причина – таа ви дозволува прегледно да ги документирате сите ваши животни моменти.rn

    3. За зачувување: Google Photos

    rnКако и останатите основни Андроид апликации, така и оваа е многу едноставна за користење, а ви овозможува неверојатно голем простор (вклучувајќи и премиум опции кои лесно може секој да си ги дозволи) за зачувување на вашите најубави моменти. Таа е лесна за употреба и многу попрегледна од онаа која се користи за iOS.rn

    4. За печатење: Print Studio

    rnСе сеќавате на времето кога фотографиите требаше да се развиваат? Епа оваа апликација ви дозволува да го направите токму тоа, користејќи фотографии од вашиот албум на смартфонот или директно од Инстаграм. Таа е лесна за употреба, но и потсетува на тоа колку е одлично да се има физички доказ од големите (и помалите) моменти во нашиот живот.

  • 7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

    7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

    Па, од каде да почнеме? Има толку многу корисни апликации што се достапни и навистина е тешко да знаете што навистина ќе ви треба. Во продолжение следуваат 7-те апликации за Виндоус кои можеби сè уште ги немате откриено, а со сигурност ќе ви го олеснат секојдневниот живот.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    1. Khan Academy

    rnKhan Academy ви овозможува да научите што и да посакате и тоа бесплатно. Библиотеката на оваа апликација содржи повеќе од 6.000 видеа и покрива огромен број области како математика, биологија, хемија, физика па дури и некои општествени науки со туторијали за финансии и историја.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    2. Aerize Optimizer

    rnЗголемете го перформансот на вашиот уред со овој напреден чистач на меморија. Изграден е врз основан на докажани и тестирани техники на оптимизација и подобрувањето на перформансот на вашиот уред е гарантирано.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    3. Duolingo

    rnНаучете шпански, француски, германски, португалски, италијански, ирски, холандски, дански и англиски. Забавно и бесплатно.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    4. PicsArt

    rnКреативноста е повеќе од еден обичен филтер за фотографии. Оваа апликација ќе ве обезбеди со сите алатки потребни да ги уредувате фотографиите, фото колажите, да создавате дигитални цртежи и да комуницирате со други креативни луѓе кои решиле да се придружат на мисијата да го разубават светот. 250 милиони луѓе веќе ја имаат симнато оваа бесплатна апликација за моќно уредување на сликите и фото монтажите, благодарение на стотици алатки и ефекти кои можете да ги најдете само во професионални програми како Фотошоп. Оваа апликација ќе ве инспирира да создавате убави фотографии секогаш и секаде. Претворете ги вашите фотографии во уметнички дела и дозволете му на светот да ги открие!rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    5. Seven – 7 Minute Workout Challenge

    rnНе ви треба никаква опрема за вежбање, само неколку слободни минути на ден. Апликацијата се состои од забавни достигнувања и награди за да останете мотивирани. Ќе ви треба само столче, ѕид и вашата сопствена тежина. 7-минутната вежба се базира на научни студии и е дизајнирана на тој начин за да ја извлече максималната придобивка од редовното вежбање за најкраток можен период.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    6. WiFi Analyzer

    rnОваа апликација ќе ви помогне да ги идентификувате проблемите со Интернет мрежата и да го најдете најдоброто место за вашиот рутер со тоа што ќе го претвори вашиот уред во вистински аналитичар на безжичната мрежа.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    7. Sticky Notes 8

    rnСо оваа апликација можете да пишувате белешки и да ги погледнувате набрзина на вашиот смартфон, таблет или компјутер. Можете да закачувате белешки на почетниот екран, да пребарувате белешки и да додавате слики.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

  • Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

    Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

    Не се сите луѓе во светот доволно богати за да го доживеат извонредното искуство кое ви го нудат скапите уреди, како Oculus Rift или HTC Vive. Проблемот е што виртуелната реалност не е само за љубителите на видео игри и програмерите. Забавните и интересни искуства во виртуелната реалност се многу подостапни отколку што мислат многу луѓе, а сѐ што ви треба е смартфон и неколку бесплатни апликации.rnrnНајдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалностrnrnНајевтиниот (и на најлесниот) начин да почувствувате како изгледа виртуелната реалност е преку Google Cardboard (кој можете да го најдете за помалку од 12 евра). И покрај тоа што не е најдобриот уред на пазарот, сепак е многу едноставен за користење и ќе ви овозможи можност да се запознаете со виртуелната реалност и способностите кои таа ги поседува. Токму затоа и составивме листа од најдобрите бесплатни апликации кои ќе ви дозволат целосно да ја искусите оваа технологија.rn

    Google Cardboard

    rnНајдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалностrnrnОва е веројатно најлогичното место за почеток. Оваа апликација ви дава основни лекции за виртуелната реалност. Потоа можете да го завртите светот со помош на Google Earth, да откриете некои племенски маски, да гледате Јутјуб видео на огромен екран и да уживате во некои анимации. Ова е одлично место за почетници и токму затоа вреди да ја имате оваа апликација на вашиот телефон, особено доколку сакате да се запознаете со концептот и содржините на виртуелната реалност.rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Андроид.rn

    Sisters

    rnНајдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалностrnrnХорор сценаријата секогаш одлично функционираат во виртуелната реалност. И ако мислите дека хорор филмовите се страшни, замислете го истото искуство без луксузот од периферен поглед или можноста да го тргнете погледот настрана. „Sisters“ е мало, забавно виртуелно искуство, кое вклучува светла, страшни кукли, застрашувачки звуци и многу страшни моменти.rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Андроид и iOS.rn

    Star Wars VR – Jakku Spy

    rnНајдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалностrnrn„Силата се буди“ беше одличен филм. Без разлика дали сте го гледале или сѐ уште се подготвувате за последното продолжение од серијалот, оваа апликација ви нуди интересно мало искуство, кое ќе ве направи агент на отпорот на напуштената планета Јаку. Визуелното опкружување и звуците се на високо ниво, па секој фан на „Војна на ѕвездите“ мора да го испроба.rnrnПреземете ја апликацијата тука.rn

    Roller Coaster VR

    rnНајдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалностrnrnОва e суштинско виртуелно искуство. Иако ќе ве направи да се чувствувате помалку несигурно, тоа е само дел од она што би го доживеале ако вистински се возите на луда железница. Оваа апликација е забавно возење среде тропско опкружување, а секако е многу поевтина варијанта отколку реалното возење на ролеркостер.rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Андроид и iOS.rn

    Insidious VR

    rnНајдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалностrnrnУште една хорор виртуелна реалност. Всушност страшната содржина е ефективен начин да се покаже како виртуелната реалност ги мами нашите емоции. Оваа апликација користи визуелни знаци и ги плаши сите луѓе кои ја пробале. Ова е уште една апликација за која задолжително ви се потребни слушалки.rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Андроид и iOS.rn

    Discovery VR

    rnНајдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалностrnrnЕден од најфасцинантните аспекти на виртуелната реалност е можноста за истражување. Discovery, телевизискиот канал кој ги продуцира најдобрите документарни филмови во светот, почна да креира содржини за виртуелна реалност, со цел да ги искористи новите технологии. Апликацијата ви нуди извонредна можност да пливате со ајкули, да преживувате во шума и многу други неверојатни искуства.rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Андроид и iOS.rn

    VRSE

    rnНајдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалностrnrnVRSE e компанија која раскажува приказни преку медиумот на виртуелната реалност. Компанијата користи свои алатки и своја продукциска куќа за создавање на виртуелни филмови во многу жанрови, вклучувајќи и хорор, анимирани, документарни и многу други. „Еволуцијата на стихот“ и „Кататоничен“ се двата најдобри виртуелни филмови достапни за симнување.rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Андроид и iOS.rn

    Glitcher VR

    rnНајдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалностrnrnИма само неколку апликации за виртуелна реалност кои ја користат камерата од телефонот за да ги распоредат по слоеви нештата во светот околу вас, но една од најдобрите дефинитивно е Glitcher. Таа ви овозможува да поставите 9 различни филтри на влезот на камерата, вклучувајќи селекција на бои, детекција на рабови и многу други. Најимпресивна функција е гласовната контрола. Со зборување може да задавате команди како менување на филтрите, снимање видео, фотографирање и активирање на ламба.rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Андроид.rn

    Cardboard Crossy VR

    rnНајдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалностrnrnНајпопуларната игра за префрлање на улица (која е адаптација на популарната „frogger“) сега е можно да се игра во виртуелна реалност. Со користење на магнетниот управувач скокате и се обидувате да ги избегнете автомобилите, возовите и камионите. Можеби не е најдобро стилизираната игра во виртуелниот свет, но дефинитивно е забавна.rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Андроид и iOS.

  • Ова се најдобрите мобилни апликации за 2015 година

    Ова се најдобрите мобилни апликации за 2015 година

    Во продолжение погледнете ги петте најдобри апликации за Андроид и iOS. Поголемиот број од нив се бесплатни, а за некои сепак ќе мора да издвоите по некој долар за да ги имате.rnrn(3)-ova-se-najdobrite-mobilni-aplikacii-za-2015-godina-kafepauza.mkrnrnГодината што измина донесе многу добри апликации за нашите паметни телефони. Андроид и iOS сѐ уште се најпопуларни оперативни системи, па ви ги претставуваме десетте најдобри апликации кои ја обележаа 2015 година.rn

    НАЈДОБРИ АНДРОИД АПЛИКАЦИИ:

    rn

    TouchPal Emoji Keyboard

    rn(2)-ova-se-najdobrite-mobilni-aplikacii-za-2015-godina-kafepauza.mkrnrnСе работи за тастатура која ви овозможува многу брзо и лесно да пишувате повеќе од 800 емотикони. Досега оваа апликација е инсталирана повеќе од 50 милиони пати. Можете бесплатно да ја преземете тука.rn

    Colorfy

    rnrn rnОваа апликација е всушност виртуелна боенка. Одберете цртеж од многуте понудени и почнете да боите, а целиот процес е навистина релаксирачки. Colorfy можете бесплатно да ја преземете тука.rn

    Twitch

    rnrn rnTwitch е познат сервис за стримање видео игри, кој од неодамна доби и своја апликација. Отсега е возможно да следите стримање на вашите омилени играчи и преку мобилниот телефон, а секако има уште многу интересни опции. Апликацијата може да ја преземете тука.rn

    Dubsmash

    rnrn rnDubsmash беше прилично популарна апликација во изминатата 2015 година. Таа служи за креирање смешни видеа во кои корисниците одбираат омилени песни или скечеви од познати филмови и серии, а потоа прават гримаси и отвораат уста обидувајќи се да ги емитираат. Dubsmash може бесплатно да се преземе тука.rn

    Microsoft Word

    rnrn rnПрочуениот Word оваа година официјално излезе и за Андроид. Оваа апликација се одликува со брзо, лесно и едноставно уредување или пишување нови текстуални документи, кои потоа можат да се споделат со други уреди. Преземете го бесплатно тука.rn

    КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА IOS СИТУАЦИЈАТА Е РАЗЛИЧНА:

    rn

    Instagram

    rnrnrnInstagram стана составен дел од алатките на секој љубител на фотографијата и фотографирањето. Оваа апликација нуди мноштво филтри за уредување фотографии, кои потоа може да се споделат со повеќе од 400 милиони активни корисници на оваа социјална мрежа. Можете бесплатно да ја преземете тука.rn

    Workflow

    rnrn rnПрвата апликација на оваа листа која не е бесплатна. Workflow чини 2,99 долари и таа овозможува вашиот ајфон или ајдеп да извршуваат одредени нешта автоматски. Така на пример возможно е вашиот телефон да повика такси пред следниот состанок внесен во вашиот календар, да испрати нова слика на Твитер и многу други работи кои можат да ви паднат на памет. Ако имате желба да потрошите неколку долари, Workflow можете да ја најдете тука.rn

    Robinhood

    rnrn rnОваа апликација е наменета за брокери кои тргуваат со акции. Таа ветува дека нема да земе провизија при тргувањето со нив. Едноставна е за користење, а поради убавиот дизајн доби и награда од Apple. Преземете ја тука.rn

    Enlight

    rnrnEnlight е уште една во низата апликации за уредување фотографии, која нуди многу филтри, теми, ефекти и алатки за разубавување, но чини 3,99 долари. Апликацијата може да ја најдете тука.rn

    Periscope

    rn(1)-ova-se-najdobrite-mobilni-aplikacii-za-2015-godina-kafepauza.mkrnrnPeriscope е апликација наменета за стримање видео во живо. Доволно е само да ја вклучите апликацијата и со само еден клик стримањето ќе започне автоматски, а вашите следачи на Твитер и Periscope ќе добијат известување дека сте почнале со емитувањето. Можно е да го зачувате видеото и да го гледате подоцна, додека секое видео објавено на оваа апликација се брише после 24 часа. Апликацијата може да ја најдете тука.

  • Апликации кои ќе ви го олеснат семејниот живот

    Апликации кои ќе ви го олеснат семејниот живот

    Во семејството никогаш не е лесно да внимавате на сѐ, но доколку во вашиот џеб имате смартфон тогаш имате и ваш личен асистент. Во продолжение ви претставуваме неколку апликации кои ќе ви бидат од помош и кои значително ќе ви го олеснат секојдневието.rnrn(2)-aplikacii-koi-kje-vi-go-olesnat-semejniot-zhivot-kafepauza.mkrn

    1. Bring

    rnБрзајќи од работа сте влегле во продавница и сте купиле неколку продукти кои прво ви дошло на памет дека ви се потребни, но и вашиот сопруг се сетил на истите, па сега имате неколку векни леб, но немате млеко. Инсталирајте ја апликацијата Bring – паметна и едноставна шопинг листа која лесно можат да ја користат и децата. Доволно е да ги изберете симболите на производите кои треба да ги купите, а кога шопингот ќе биде завршен повторно кликнете на сликите и апликацијата ќе ги извести останатите членови на семејството што сѐ сте купиле. Bring може бесплатно да ја спуштите за Aндроид и за iOS.rn

    2. DogSync

    rnАко чувате куче, оваа апликација ќе ви биде добредојдена. Со нејзина помош полесно ќе можете да ги распределите љубовта и вниманието кои му се потребни на вашето куче за тоа да биде среќно и задоволно. Кога ќе извршите некоја обврска поврзана со кучето, штиклирајте го тоа во апликацијата и сите останати ќе бидат известени. Исто така со DogSync ќе можете и да следите кој од семејството најмногу се грижи за домашните миленици. Таа е достапна за Андроид и за iOS, а чини еден, односно два долари во зависност од платформата.rnrn(1)-aplikacii-koi-kje-vi-go-olesnat-semejniot-zhivot-kafepauza.mkrn

    3. Sleepwalker’s Journey

    rnИако повеќето родители сметаат дека видеоигрите се лоши за децата, понекогаш треба да потклекнат пред предизвикот и заедно со своите деца да изиграат некоја убава игра како што е оваа. Moonboya e одвеан од месечината надвор од својот кревет и сега чекори низ соништата. Потребна му е помош да се врати во својот кревет, па вие треба да му помогнете да помине низ различни препреки, решавајќи загатки во светот на имагинацијата, бидејќи во играта вие ги создавате соништата. Оваа апликација исто така е достапна за Андроид и за iOS.rn

    4. Cozi

    rnОвој календар е идеален бидејќи сите од семејството секогаш ќе знаат точно што треба да направат. На едно место, покрај термините со обврски, се наоѓа и заедничката шопинг листа, но има уште многу корисни алатки поврзани со вашето семејство. Апликацијата може да ја преземете тука.rnrn(0)-aplikacii-koi-kje-vi-go-olesnat-semejniot-zhivot-kafepauza.mkrn

    5. Tweekaboo

    rnСите кои сакаат да чуваат спомени од мали или големи настани во нивните животи, ќе го обожуваат овој убаво дизајниран дигитален споменар. Наместо пишување во шарени тетратки и бележници, ставајте слики, белешки или видеа на Tweekaboo. Содржината може да ја споделите на социјалните мрежи, а може да додавате и нови фотографии од Дропбокс или Инстаграм. Оваа апликација е достапна за Андроид и за iOS.

  • Секси е да се биде паметен: 9 апликации кои ќе го раздрмаат вашиот мозок

    Секси е да се биде паметен: 9 апликации кои ќе го раздрмаат вашиот мозок

    Тренирањето на мозокот никогаш не било полесно и подостапно одошто е денес. Благодарение на интернетот и постојаните иновации во полето на технологијата кои еволуираат, сѐ ни е достапно на допир. Затоа, фаќајте се за смартфонот и спуштете некоја од овие апликации која ќе ви го истренира мозокот.rn

    1. Lumоsity

    rnЦена: Бесплатна (ограничен пристап), надградување за 12 долари месечноrnДостапна на: iOS и Androidrnrn1-seksi-e-da-se-bide-pameten-9-aplikacii-koi-kje-go-razdrmaat-vashiot-mozok-kafepauza.mkrnrnОва е популарна апликација која во една сесија дава по три игри од одредена категорија, во зависност од она на што би сакале да работите – меморија, внимание, решавање проблеми, брзина или флексибилност на размислување.rnrnСите игри се со временско ограничување. Творците на оваа апликација тврдат дека барем една сесија дневно може значајно да ви ги подобри менталните вештини и менталните способности. Исто така, корисниците можат да го следат нивниот напредок и да го споредуваат нивниот перформанс со други корисници.rn

    2. Personal Zen

    rnЦена: БесплатнаrnДостапна на: iOSrnrn2-seksi-e-da-se-bide-pameten-9-aplikacii-koi-kje-go-razdrmaat-vashiot-mozok-kafepauza.mkrnrnВелат дека мирниот мозок е силен мозок. Personal Zen е апликација која ќе ви помогне да постигнете зен состојба без разлика на проблемите со кои се соочувате. Оваа апликација била создадена од страна на истражувачи од Градскиот универзитет во Њујорк и колеџот Хантер.rnrnНејзините творци велат дека оваа игра го намалува нивото на анксиозност така што го тренира корисникот повеќе да се фокусира на позитивните нешта во животот, а помалку на негативните. Важно да се напомене е дека оваа апликација е одлична за користење пред стресен настан или барем 10 минути дневно за комплетна релаксација.rn

    3. Happify

    rnЦена: БесплатнаrnДостапна на: iOS и Андроидrnrn3-seksi-e-da-se-bide-pameten-9-aplikacii-koi-kje-go-razdrmaat-vashiot-mozok-kafepauza.mkrnrnHappify го тренира мозокот да биде среќен така што му помага да се справи со негативните мисли и да ви овозможи посреќен и поисполнет живот. Овде се вклучени квизови, анкети и дневник за благодарност. Уште поважно, апликацијата стана позната по активната и позитивна заедница која ги поддржува меѓусебните цели така што ги учи корисниците на животни лекции кои го променуваат животот за сите да бидат инспирирани и мотивирани да продолжат да се смеат секој ден без разлика на негативните случки околу нив.rnrn

  • 5 апликации кои ќе ги разубават вашите фотографии

    5 апликации кои ќе ги разубават вашите фотографии

    Доколку сте се прашувале зошто некои луѓе имаат толку прекрасни фотографии кои ги објавуваат на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, треба да знаете дека тие поминуваат многу време во нивна обработка. Покрај добрата камера, вам исто така ви е потребна и соодветна апликација која ќе ги трансформира вашите фотографии во мали совршенства. Погледнете ги следниве 5 кои можат да ви помогнат во оваа цел…rnrn5 апликации кои ќе ги разубават вашите фотографииrn

    1. VSCO Cam

    rnКорисниците на iOS и Андроид се вистински среќници бидејќи оваа апликација е наменета токму за нив. Со нејзина помош вие ќе заборавите на досадните и еднолични Инстаграм филтри и ќе имате многу голем избор за целосна трансформација на вашите фотографии. Големиот број филтри ви овозможува да си играте со силината на светлината, контрастот, големината, сенките… Со оглед на тоа што оваа апликација е малку напредна, на почетокот ќе ви биде тешко да се снајдете, но сигурни сме дека брзо ќе владеете со неа.rn

    2. Snapseed

    rnИ оваа апликација е наменета за корисниците на iOS и Андроид. За разлика од претходната, Snapseed е многу едноставна за користење и нема да ви треба многу време ја сфатите. Штом направите фотографии, треба да ја отворите преку неа и потоа на екранот ќе добиете мени со различни можности за обработка. Тие јасно се разликуваат, па веднаш ќе забележите дека ќе можете да ја кратите фотографијата, да си играте со контрастот како и да користите различни филтри. Кога ќе ја одберете посакуваната опција, со едноставно повлекување на прстот кон десно или лево го зголемувате или смалувате ефектот кои сте го одбрале.rn

    3. Pixlr

    rnОваа апликација покрај тоа што можете да ја користите на iOS и Андроид, вие исто така можете да ја користите и на вашиот компјутер. Таа е одлична за корисниците кои сакаат брзо и едноставно да ги обработат фотографиите, особено кога станува збор за отстранување грешки или линии. Ако вашата камера прави малку заматени фотографии, тие исто така можат да бидат обработени во оваа апликација. Вие лесно можете да ги коригирате недостатоците како заматеност, сенки или пресилен ефект на блицот.rn

    4. Repix

    rnRepix е одлична апликација која овозможува многу начини за обработка кои ќе ги доведат вашите фотографии до совршенство. Корисниците кои ја ценат естетиката и сакаат кристално јасни фотографии без сомнение ќе се воодушеват од многубројните можности кои ги поседува таа. Меѓу другото, вие на располагање имате и интересни филтри кои ќе ви овозможат да ги претворите вашите фотографии во постер или да направите ефект на лажен блиц. Доколку сакате експерименти, оваа апликација е совршена за вас. Таа е достапна за корисниците на iOS и Андроид.rn

    5. Litely

    rnRepix и Litely се многу слични апликации, кои имаат многу разлики, но прв поглед оваа апликација е многу поедноставна за употреба. Таа исто така овозможува и со едноставно повлекување на прстот да ги видите крајните резултати во споредба со оригиналната фотографија и на тој начин ви овозможува да забележите дали е неопходно да примените уште некоја можност за уредување. Таа е достапна само за корисниците на iOS.