Луѓето кои ги среќаваат своите партнери на апликации за запознавање, често имаат посилни долгорочни цели во врската и се посветени на партнерот, покажува новото истражување.rnrnАнализирајќи ги податоците од истражувањето од 2018 година, истражувачите од Швајцарскиот универзитет во Женева (УНИГЕ) проучиле примерок од 3.235 возрасни лица од Швајцарија кои биле во врска и го запознале својот партнер во текот на изминатите 10 години. Истражувањето открило дека паровите кои се запознале преку апликации за запознавање се помотивирани да живеат заедно отколку другите.rnrn
rnrnИстражувањата не покажуваат дали крајната намера на овие парови е да живеат заедно подолго или пократок период, но бидејќи бракот е сè уште институција во Швајцарија, повеќето двојки сметаат дека живеењето заедно пред брак е како форма на зависност.rnrnЖените кои ги запознале своите партнери на овој начин, исто така, споменале дека сакаат и планираат да имаат дете во блиска иднина, велат истражувачите, истакнувајќи дека овој случај е почест кај луѓето кои се среќаваат преку апликации отколку на кој било друг начин. Истражувачите откриле дека овие парови се исто толку задоволни од квалитетот на врската и квалитетот на нивниот живот, како и оние кои се запознале во други околности.rnrnИсто така, апликациите можат да ги олеснат врските на далечина бидејќи корисниците можат многу лесно да се поврзат.rnrnЗнаејќи дека исполнувањето на апликациите веројатно станало уште попопуларно за време на периодот на пандемија и социјално дистанцирање, податоците ни кажуваат дека ефектот на технологијата не е толку лош за луѓето, како што претходно се сметаше. Наспроти популарното верување дека апликациите за средби ги охрабруваат самите средби, додека ја занемаруваат емоционалната страна, истражувањето покажа дека посветеноста и приврзаноста се подеднакво важни како и самиот чин на излегување.rnrnМожеби ќе сакате да прочитате и за овие 8 психолошки причини зошто некој ви изгледа попривлечно.
Tag: апликации
-

Истражување: Паровите кои се среќаваат преку апликации за запознавање имаат поголем мотив за заеднички живот од другите
-

Неколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате
Во овие бурни денови кога е речиси невозможно да се негираат стравот и вознемиреноста, треба да се најде начин да се остане смирен.rnrnРеалноста е неизвесна и прилично застрашувачка и деновиве сме сведоци на целосно разорни настани. Со цел да ги свртиме мислите и вниманието од сите новости што ги читате во моментов, избравме неколку апликации кои нудат методи за релаксација. Затоа, одвојте неколку минути и посветете се на вашиот ум и на внатрешниот мир.rn
Inscape
rnОваа апликација е создадена како продолжение на идејата за студио за медитација во Њујорк, кое користи различни методи за да ги доведе своите членови во состојба на релаксација. Следејќи го истиот принцип, тие дизајнираа апликација во рамките на која можете да најдете водичи преку медитација, сесии за спиење, начини за намалување на стресот, па дури и музички плејлисти за релаксација.rnrn
rnSmiling Mind
rnOваа апликација e развиена од психолози и едукатори и нуди широк спектар на програми за сите возрасти. Ако се чувствувате загрижени за коронавирусот или вашите деца се чувствуваат под стрес поради нарушувања во нивниот секојдневен нормален живот, ова е апликација што ќе има решенија за целото семејство.rnrn
rnInside Timer
rnОваа апликација ви овозможува пристап до над 30 000 сесии за секој вид емоции. Исто така, тaa нуди релаксирачки песни, детски оддел и терапевтски разговори, како што се oд индискиот јоги Садгуру и психотерапевтот Ентони Де Мел. Многу познати личности, исто така, ги споделуваат своите искуства.rnrn
rnMy Life
rnСекој пат кога ќе стартувате апликација, таа ве поканува да кажете како се чувствувате. Пополнувате едно истражување брзо што ве води кон избор на медитации приспособени на вашите потреби тој ден.rnrn
rnrnПрочитајте и за овие 5 апликации кои ќе ви помогнат да спиете подобро. -

Апликации што ќе ви помогнат во грижата за растенијата
Растенијата, оранжериите и малите природни оази веќе го зазедоа Инстаграм, така што беше прашање на време кога ќе добијат своја апликација. Поради пандемијата на коронавирусот, многу брендови и компании решија да го пренесат своето знаење на дигиталните платформи. Соодветно на тоа, креирани се бесплатни апликации за растенија што ќе ви помогнат да ги одржувате или да дознаете нешто што не сте го знаеле претходно. Иако апликациите никогаш нема да можат да го заменат човекот кога станува збор за растенијата, тие можат да бидат навистина корисни и да го подобрат квалитетот на животот на вашите растенија.rnrn
rn1. Plant Care reminder – plant watering
rnКолку пати страдале растенијата затоа што заборавате да ги наводнувате? Оваа апликација редовно ќе ве потсетува кога треба да ги наводнувате растенијата, кога да ги прскате и како да се грижите за нив во кое било време од годината.rn
2. Leafsnap
rnАко не сте сигурни кое растение го добивте како подарок, „Leafsnap“ ќе ви помогне да го идентификувате. Ова е одлична апликација за почетници, па откако ќе го добиете името на растението што го поседувате, ќе ги добиете и потребните информации како да се грижите за тоа растение.rn
3. Florish
rnБидејќи светлината што ја добива растението во вашиот стан е една од клучните работи кога станува збор за одржување на растението во живот, постои апликација што ќе го измери нивото на светлина на местото што сте го намениле за вашето растение. Откако ќе измерите сè што ви треба, во оваа апликацијата ќе најдете и основни информации за секое растение.rnrnПогледнете кои 3 песни треба да им ги пуштате на вашите растенија за да растат побрзо.
-

5 апликации кои ќе ви помогнат да спиете подобро
На секој му се има случено да не може да спие цела ноќ. Полошо е кога телото е исцрпено, но умот едноставно не може да се исклучи. Можеби отсекогаш сте имале проблеми со спиењето или можеби тоа е поради моменталната состојба во светот, но како и да е, спиењето е многу важно за здравјето и тој проблем треба да се реши. За среќа, постојат многу апликации кои можат да му помогнат на умот да се опушти и да промовираат здрави навики.rnrn
rn1. Calm
rnОваа апликација ќе ви помогне да ја намалите вознемиреноста и да се чувствувате посреќно фокусирајќи се на медитација, правилно дишење и релаксација. Апликацијата вклучува програми за дишење, сцени во природа и многу повеќе.rn
2. Headspace
rnИдеална за секој кој сака да научи да медитира и даго намали стресот, оваа апликација е полна со вежби за дишење и совети за релаксирање.rn
3. Sleep Cycle
rnОваа апликација го следи и анализира сонот. Можете да го изберете времето за будење, а апликацијата нежно ќе ве разбуди, така што ќе се чувствувате одморено и ќе бидете подготвени да го започнете денот.rnrn
rn4. Noisli
rnОваа апликација создава совршени звуци за релаксирање или работа. Ги користи придобивките од звуците од околината за да ја подобри вашата концентрација и да ве смири.rn
5. Pzizz
rnОваа апликација им помага на корисниците да го смират умот, да заспијат брзо и кога ќе се разбудат да се чувствуваат свежо. Можете да ја наместите штоперицата според тоа колку сакате да спиете, па додека спиете ќе слушате релаксирачка сесија.rnrnПогледнете ги овие 6 апликации слични на Инстаграм што можете да ги користите доколку не сакате да бидете многу друштвени.
-

Шест апликации слични на Инстаграм што можете да ги користите доколку не сакате да бидете толку друштвени
Инстаграм има многу одлични одлики што го прават интересен за користење. Освен можноста да објавувате слики и видеа, апликацијата ви овозможува и приватно да комуницирате со другите корисници, да споделувате приказни од вашиот ден и да истражувате различни профили. Инстаграм претставува место каде што можете да ги видите ажурирањата во врска со животот на луѓето, да погледнете убави места за патување или да се восхитувате на нечиј моден вкус. Најмногу од сè, можете да се инспирирате од идеите на другите луѓе, како и да се изразите себеси.rnrn
rnrnДодека можноста да се поврзете со милиони луѓе на Инстаграм може да звучи како сон за некои корисници, за други тоа може да биде неприфатливо. Понекогаш, само сакате да се опуштите и да побарате инспирација, без да се чувствувате присилени да проверите колку лајкови има вашата објава или колку коментари имаат пријателите на своите фотографии. Во тој случај, има многу апликации како Инстаграм што не се толку друштвени.rn1. Pinterest
rnИако Pinterest е прилично популарна апликација, со своите 291 милион корисници е многу помала од Инстаграм кој го користат 1 милијарда корисници. Но, Pinterest е одлична опција ако сакате да споделувате креативни објави и идеи без сите оние социјални интеракции коишто се карактеристични за Инстаграм. Иако луѓето можат да коментираат на објавите на Pinterest, а сега и да испраќаат приватни пораки до другите корисници, апликацијата повеќе се фокусира на содржината, отколку на поединецот што ја создава. Плус, ви дава можност да се движите низ еден куп забавни, инспиративни слики без премногу детали за личните животи на корисниците.rn
2. Flickr
rnАко главната причина што го сакате Инстаграм е можноста да споделувате фотографии, Flickr e можеби најдобрата алтернатива за вас. Апликацијата ви овозможува да уредувате фотографии и потоа да ги споделите со гео-ознака од вашата локација на сличен начин како на Инстаграм. Сè уште можете да испраќате пораки и да коментирате на профилите на другите луѓе, но апликацијата промовира пронаоѓање инспирација и не е само профил за лични фотографии. Според упатствата на страницата, не можете да промовирате комерцијална содржина. Значи, ако спонзорираните реклами беа причина зошто не го користите Инстаграм, овде за тоа не мора да се грижите.rn
3. VSCO
rnВеројатно сте слушнале дека инфлуенсерите на Инстаграм го споменуваат VSCO и дека ја користат оваа апликација за уредување на своите слики. Но, и покрај оваа популарност, VSCO е одлична апликација за споделување фотографии без притисоците што ги прават платформите на останатите социјални медиуми. Додека апликацијата има огромна разновидност на уникатни филтри и на алатки за уредување на вашите фотографии, не им дозволува на корисниците да лајкнуваат или да коментираат на фотографиите на другите луѓе. Апликацијата го задржува фокусот на фотографијата, што ја прави одличен избор за оние кои сакаат Инстаграм без искуство на социјална мрежа.rn
4. Retrica
rnАко се сеќавате на нешто од 2012 до 2014 година, тогаш мора да се сеќавате на Retrica. Па, можеби е време да ја вратиме назад. Retrica е апликација која ви овозможува да објавувате слики и видеа на вашиот профил. Исто така, ви овозможува забавни филтри за играње (повеќе од понудите на Инстаграм), па дури и ви овозможува да креирате и да споделувате GIF-ови, нешто што Инстаграм сè уште го нема понудено. Плус, со само околу 50.000 посетители месечно, ќе пронајдете мала испреплетена заедница со која ќе можете да споделувате фотографии и од која ќе црпите инспирација.rn
5. We Heart It
rnWe Heart It е страница што е слична на Инстаграм, како и на други креативни страници за споделување фотографии, како што е Pinterest. Исто така, достапна во форма на апликација, создава простор каде што можете да споделувате не само слики и видеа, туку и статии и инспиративни цитати. Постои полето Discover (Откријте) слично на полето Explore (Истражете) на Инстаграм, каде што корисниците можат да видат кои слики и канали се во тренд. Плус, што е тоа што навистина ja издвојува од Инстаграм? Не можете да коментирате ништо. Ова значи дека можете слободно да објавувате што сакате, без да чувствувате притисок од коментарите што би можеле да ги напишат вашите пријатели или пак, некои непознати личности.rn
6. Imgur
rnАко се чувствувате непријатно од Инстаграм поради тоа колку е потенцијално сериозен (Инстаграм може да биде многу личен за некои луѓе), Imgur може да биде вашата следна најдобра апликација. Иако апликацијата ви овозможува да споделувате фотографии и видеа (долги до 60 секунди) на ист начин како на Инстаграм, Imgur нуди поедноставно и помалку лично искуство за корисниците. Плус, ако навистина сакате мемиња и GIF-ови, со оваа апликација можете многу да се забавувате.rnrnСамо затоа што Инстаграм e можеби премногу за вашите лични желби, не значи дека треба да пропуштите да се забавувате и да не споделувате и да не објавувате слики, да не пронајдете инспиративни коментари или да не откриете нови работи.rnrnПогледнете ги и овие нови интересни апликации за љубителите на уметноста.
-

Имате телефон со Андроид? Овие апликации треба веднаш да ги избришете!
Без разлика дали користите Самсунг, Хуавеи или нешто друго, оперативниот систем Андроид е апсолутно неизбежен. Колку и да сме задоволни (или незадоволни) со него, постојат апликации кои можеби ги имате на телефонот, а се штетни.rnrn
rnrnВсушност, експертите од компанијата за безбедност на Интернет ЕСЕТ тврдат дека пронашле 42 сомнителни апликации кои содржат т.н. адвер – софтвер кој автоматски ви прикажува реклами, дури и кога апликацијата е затворена.rnrnЕСЕТ објавија листа од апликациите кои содржат адвери и кои се препорачува веднаш да ги избришете доколку ги имате:rn- rn 011
- Smart Gallery
- SaveInsta
- Mini lite for Facebook
- Free Video Downloader
- Free Social Video Downloader
- Water Drink Reminder
- Smart Notes for You
- DU Recorder
- Tank classic
- Heroes Jump
- Solucionario
- Ringtone Maker
- Video downloader
- Ringtone Maker Pro
- Basketball Perfect Shot
- HikeTop+
- MP4 video downloader
- Flat Music Player
- Free Top Video Downloader
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnЗа разлика од нив, постојат апликации кои се навистина корисни, како овие со кои ќе се чувствувате попаметно.
-

Мобилни апликации со кои ќе се чувствувате попаметно
На Интернет најчесто комуницираме и добиваме информации, а сѐ почесто, го користиме и за учење. Сепак, секогаш постои некоја корисна апликација за која што не сме слушнале, а би ни користела во секојдневието. Еве десет такви кои ќе направат да се чувствувате попаметно.rnrn
rn1. Today in history
rnОваа бесплатна апликација може да биде вашиот нов сојузник кога станува збор за познавањето историски факти. Овде може да пребарувате низ настани во историјата кои се случиле на истиот ден.rnrnПреземете ја апликацијата: iOSrn
2. Ted
rnГоворите „Тед“ го освоија светот како алатка за учење теми за кои не сме размислувале претходно. Мобилната апликација овозможува полесно следење на најновите и најпопуларните видеа, но и нивно преземање и зачувување.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn
3. Dailyart
rnАпликацијата е наменета за оние кои имаат знаење од областа на уметноста, но и за оние кои немаат никакво предзнаење, но сакаат да го променат тоа. Алатката секој ден покажува различно уметничко дело заедно со информациите поврзани за него.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn
4. Lumosity
rnОваа апликација нуди тестови кои ја вежбаат вашата когнитивна активност. Таа, исто така, ги користи резултатите од вашите тестови за да ви понуди уникатна програма за вежбање на мозокот преку игри.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn
5. Vocabulary.com
rnОваа заразна апликација има дефиниции и факти поврзани со зборовите во англискиот јазик. Тука ќе пронајдете и игри со зборови.rnrnПреземете ја апликацијата: iOSrn
6. NASA
rnАпликацијата на американската вселенска агенција НАСА нуди над 17.000 фотографии, но и видеа и новости поврзани со нејзините мисии во вселената и на Земјата. Со неа можете и да го следите движењето на Меѓународната вселенска станица, како и да добивате известувања кога станицата се наоѓа над вас.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn
7. Geobee challenge
rnОваа апликација на „Нешнал Џиографик“ нуди географски игри за ученици. Дали мислите дека ја познавате географијата подобро од еден ученик? Проверете.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn
8. Daily random facts
rnСо оваа апликација секојдневно ќе добивате интересни факти од различни теми, меѓу кои и историјата, науката, спортот, животните и друго.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn
9. Theskimm
rnДоколку сакате да сте во тек со новостите, но немате време да ги читате сите вести, оваа апликација ќе ви помогне во тоа. Алатката објавува вести кои се читаат за само пет минути, а можете и да слушате аудио епизоди за најважните вести во текот на денот.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn
10. Inaturalist
rnНаправете фотографија од кое било растение или животно и оваа апликација ќе ви го каже видот. Апликацијата има и други алатки со кои може да ги истражувате живите видови околу вас.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, AndroidrnrnДоколку барате уште нови начини кои ќе ви помогнат да го зголемите своето знаење, погледнете ги и овие интересни апликации за љубителите на уметноста.
-

3 астролошки апликации од кои може да научите за вашата натална карта, а ќе ве изненадат со точноста
Сакате астрологија и сте голем фан на хороскопот? Ако сте одлучиле целосно да се посветите на проучување на Зодијакот, во кој хороскопски знак патува месечината и слично тогаш сигурни сме дека овие апликации се вистински погодок за вас. Пред да ги симнете имајте предвид дека треба да ви се познати точното време, датум и локација на вашето раѓање бидејќи наталната карта се изработува прецизно со помош на овие податоци.rnrn
rn1. TimePassages
rnОваа апликација нуди инстант астролошка анализа на вашата натална карта – карактеризирајќи визуелна карта со интерпретација и листа од астролошки аспекти и алатка за дневен хороскоп којшто го толкува вашиот индивидуален датум на раѓање заедно со моменталните астролошки преминувања што се случуваат во моментот.rnrnНе станува збор за нешто што го гледате секојдневно, хороскопот е типично повеќезначен бидејќи ви се потребни точното време, датум и локација на раѓање за прецизна проценка.rnrnНегативната страна е дека има мала цена – доколку ја купите со неограничени карактеристики за еднократна цена ќе имате опција да правите астроанализи на членовите од вашето семејство, пријателите и романтичниот партнер со цел да проверите дали сте компатибилни.rn
2. Co-Star Personalized Astrology
rnХороскопот во оваа апликација е лесен за користење споредено со претходната апликација. Оваа е помодерна и корисна за генерациите родени во 80-тите и 90-тите поради многубројни причини.rnrnЗа почетниците, визуелните интерпретации се полесни за разбирање и ажурирањата на хороскопот имаат интересни секции како на пример Моќ, Притисок и Неволја. Ова им овозможува на корисниците да разберат што би можеле да очекуваат од некои предизвици. Некои луѓе не се запознаени со астролошка фразеологија, а да не зборуваме за значењето на спојувањата. Поради тоа се препорачува оваа апликација што е корисна за сите што се почетници кога е во прашање астрологијата.rn
3. AstroWorx Astrology
rnАко сте љубител на хороскопот мора да ја имате оваа апликација. Оваа е малку покомплицирана од „TimePassages“, но не е ниту блиску до „Co-Star“. Картите се разнобојни – секоја боја се однесува на засебен астролошки елемент и карактеристиките се одлични. За цена од 9.99 американски долари корисниците може да употребуваат различни домашни системи, да комбинираат натални карти со компаративни извештаи, па дури и да го прочитаат нивното соларно враќање. Не се двоумете дали да ја симнете ако сте загрижени за терминологијата и нивото на читливост. Ако не сте сигурни што значи нешто ќе можете да го пребарате онлајн. Нема да зажалите доколку ја симнете.rnrnПогледнете ги и овие интересни апликации за љубителите на уметноста.
-

Нови интересни апликации за љубителите на уметноста
Најчесто смартфоните ги користиме за апликации за социјални мрежи и за проверување на електронската пошта. Некои луѓе кои се грижат за нивното здравје, користат и апликации со кои ги бројат нивните калории или нивните чекори. Доколку истото важи и за вас, можеби ќе сакате да внесете малку креативна енергија во вашиот смартфон и да искористите нешто повеќе од опциите што ви ги нуди.rnrnОд интересни апликации за цртање, до социјални мрежи за уметници, овие апликации ќе ви помогнат да ги споделите вашите уметнички дела, доколку ги имате, да откриете нови имиња во уметноста, но и да научите нешто ново.rn
1. Google Arts & Culture
rn
rnrnИако оваа апликација се наоѓа на пазарот уште од 2016-та година, стана позната дури неодамна. Најверојатно причината е што во апликацијата е додадена функција со која историјата на уметноста може да се поврзе со сегашноста, како на пример со „уметничко селфи“. Ова доближување до сегашноста ја зголеми популарноста на апликацијата и во последно време, таа е една од најбараните уметнички апликации.rnrnСо помош на вештачката интелигенција и програмата за препознавање лица, апликацијата може да го поврзе вашето лице со ваш „двојник“ од историјата на уметноста. Исто така, апликацијата ви нуди можност за виртуелна посета на галерии, каде што можете да видите дела за кои ретко би имале можност да ги видете во живо. Апликацијата има навистина интересен пристап, голем број уметнички дела и многу интересни приказни од уметноста.rnrnАпликацијата е достапна бесплатно за Android и за iOS.rn2. Just a Line
rn
rnrnЗамислете си да можете да направите огромен цртеж во воздухот само со вашите прсти, а потоа да се движите низ него, околу него или да го почувствувате во просторот. Овој сон кој може да звучи како магија, станува реалност со апликацијата Just a Line. Апликацијата користи проширена реалност која ви овозможува да правите едноставни линии на телефонот кои изгледаат како да се појавуваат пред вас. Можете да го снимате и да го споделите вашиот процес на творење, да пробате како би изгледало нешто во просторот, а можете да играте и „икс-нула“ во воздухот со вашите пријатели. Навистина забавно, зарем не?rnrnАпликацијата е достапна бесплатно за Android и за iOS.rn3. Procreate Pocket
rn
rnrnОва е најдобрата апликација од Apple App Store за 2018-та година и е неверојатно популарна апликација за дигитална уметност, особено во светот на уметниците, што кажува многу за нејзиниот квалитет. Апликацијата ви овозможува неверојатно реално искуство на сликање и можност за создавање ремек-дела на вашиот телефон или ајпад. Со 135 различни четки и опциите за ефект на текстура на масло, фреска или водени бои, оваа апликација дефинитивно е број еден за сите оние кои сакаат да експериментираат или кои имаат потреба да направат квалитетна скица во движење. Апликацијата овозможува лесно менување на четките, огромна палета бои, но и симулирање на интензитетот на потезите – колку посилно притиснете на екранот, толку е линијата подебела, исто како и на хартија.rnrnАпликацијата е достапна за iOS по цена од 4,40 евра.rn4. Daisie
rn
rnrnОваа апликација се наоѓа на пазарот од август, 2018-та година и веќе е доста популарна. Покрај тоа што е корисна, коосновачот на апликацијата е познатата Мејси Вилијамс, која ја знаеме како Арја Старк од „Игра на тронови“. Младата актерка, заедно со филмскиот продуцент Дом Сентри, сакала да ја реализира нејзината идеја за мрежа која ќе им помогне на младите креативни луѓе, инспирирани од креативните индустрии како филм, музика и уметност, да се поврзат и да ја лансираат нивната кариера. Апликацијата им овозможува на корисниците да направат свој профил и на него да ги додаваат нивните проекти. Исто така, таа се фокусира на поврзување на истомисленици и идни соработници. Профилот на корисникот расте и напредува со растењето на конекциите. Една од најважните карактеристики на апликација е опцијата Question Time која им овозможува на корисниците да им поставуваат прашања на лидерите во индустријата, да побараат совет од нив или сугестија. Иако засега е достапна само за iOS, во подготовка е и верзија за Android.rnrnАпликацијата е достапна бесплатно за iOS.rnrnПробајте ги и овие одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни. -

8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатура
Компјутерите и телефоните станаа неизбежна алатка во професионалниот и личниот живот. Па, користењето пенкало и хартија денес не е толку често. Иако постои овој „старомоден“ метод на пишување, технологијата напредува без намера да запре, па пишувањето на тастатура е навистина важна вештина.rnrn
rnrnБрзото пишување може да промени многу. Иако не изгледа значајно што ќе заштедите неколку минути пишувајќи долг мејл, минута по минута, тие почнуваат да се собираат, и сето ова резултира со фрустрација. Па, зошто да не научите да пишувате побрзо? Овие игри и апликации ќе ви помогнат во тоа.rnЗА ПОЧЕТНИЦИ
rn
1. Speed Typing Online
rn
rnrnОва е онлајн игра што ви овозможува да нурнете во креативните зборови од познати книги, басни и песни. По крајот на секој текст, се појавува страница што ви покажува колку зборови во минута сте напишале, колку сте биле прецизни и колку грешки сте направиле.rn2. Typing Trainer
rn
rnrnИ ова е онлајн платформа наменета за почетници кои сакаат лекции со посебни чекори. Оние кои не се навикнати на тастатура можат да имаат проблем со учење на положбата на буквите. Овој веб-сајт нуди лекции за ова кои ќе ви помогнат да научите да пишувате без воопшто да гледате во тастатурата.rn3. TapTyping
rn
rnrnПостои разлика во пишувањето на физичка тастатура и на тастатура на смартфон. Бидејќи смартфоните се употребуваат сè повеќе, станува поважно да знаете да пишувате брзо на смартфон отколку на компјутер. Оваа апликација ви овозможува да го научите токму тоа. Можете и да се натпреварувате со други „пишувачи“ и да ги тестирате вашите способности со напредни лекции.rnЗА ПИСАТЕЛИ И ПРОГРАМЕРИ
rn
4. The Most Dangerous Writing App
rn
rnrnОвој веб-сајт ги присилува вашите прсти да пишуваат брзо колку и вашите идеи. Ако престанете со пишување подолго од 5 секунди, сè што сте напишале ќе почне полека да исчезнува. Сесиите траат од 3 до 20 минути и можат да бидат од 75 до 1.667 зборови.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn