Во многу моменти од животот, потребна ни е поддршка и поттик за да останеме мотивирани и да се справуваме со предизвиците. Секој си има своја замисла и цел за успех и просперитет, но за исполнување на соништата, на секого му е потребна мотивација и упорност.rnrn
rnrnСепак, во сите моменти од животот не можеме да очекуваме поддршка од луѓето кои најмногу ни значат, па така треба да најдеме начини како самите да се мотивираме и да си го подигнеме моралот. Еве неколку совети, кои можете да ги примените:rnrn
1. Приклучете се кон некое здружение со исти цели како вашите
rnrn
Иако ви се чини дека сте сами на светот обидувајќи се да постигнете нешто, сепак има милиони луѓе кои со сигурност целат кон истото. Па така, доколку целта ви е да ја намалите телесната тежина, најубаво би било да се приклучите кон некој фитнес клуб. Тренерите и луѓето кои ќе ве опкружуваат во таквата средина, ќе ви овозможат да се чувствувате сигурно, а нивото на вашата самодоверба и верба во успехот, сигурно ќе се зголемат.rnrn
2. Организирајте го времето
rn
rnrnКолку и да не се чувствувате како некоја организирана личност, со оваа метода ќе можете многу брзо да се адаптирате на работите кои треба да ги сторите. Кога целите кон исполнување на вашите приоритети, многу лесно може да се случи да се дезорганизирате, па така подобро би ви било да се посветувате на добро организирање на вашето време.rn
- rn011
- Запишувајте ги вашите дневни обврски во нотес
- Поставете основни правила и строго придржувајте им се (пример: нема гледање телевизија додека не ги измијам садовите)
- Определете временски периоди за поголемите обврски (пример: учење за испити од 12 часот напладне до 20 часот навечер)
- На крајот на денот запишувајте ги работите кои сте ги исполниле и следете го вашиот напредок.
rn011
rn011
rn011
rn
rn
3. Поставете си пократки цели
rn
rnrnКога целите кон нешто, не се оптоварувајте со конечниот резултат. Секогаш пред себе поставувајте ги работите чекор по чекор, и погрижете се да ги исполнувате. Ќе ве мотивира напредокот, гледајќи се себеси како си ги остварувате замислите.rnrn
4. Прославувајте ги и малите успеси
rnrn
rnrnСекој чекор напред е голем успех, затоа вреди да се прослави. Па така, пофалете се на пријателите, купете си нешто за себе како награда или пак излезете на некоја полуксузна вечера. Не е важен начинот на прославата, важно е да си покажете дека напредувате и да се чувствувате добро поради тоа.


rn
rn
rn
rnrn
rnrnКако што Алберт Ајнштајн еднаш рекол:rnrn
rn
rn
rn
rnrn rnrn
rnrnАко имате проблем со заспивањето, не грижете се, има решение и за тоа. И да останете будни до подоцните часови од ноќта, задолжително наместете го алармот порано од вообичаено. Утрото ќе се чувствувате поуморни, но вечерта ќе можете да заспиете малку порано. Затоа заспијте кога ќе почувствувате умор, а станувајте секое утро во исто време. На тој начин, ќе го регулирате ритамот на живот.rnrn
rnrn rn
rn
rn
rn
rn
rn
Колку пати ви се случило да се најдете во ситуација некој ваш пријател однапред да донесува правилни одлуки, а при тоа немајќи повеќе информации од останатите луѓе, ниту големо животно искуство? Вашиот пријател најверојатно се водел според својата интуиција.rnrnИнтуиција е претчувство за крајниот исход на ситуациите, кои сѐ уште не завршиле. Сите од самото раѓање располагаме со одреден степен на интуиција и ако знаеме како да ја препознаеме и развиваме, може да ни користи во сите полиња од животот.rnrn
Ако претчувствувате дека нешто ќе се случи во некоја точка во иднината, значи дека имате интуиција. Во ситуациите во кои сте постапиле правилно, дури и кога не сте биле сигурни што треба да правите, поверојатно е дека одлуката сте ја донеле како резултат на вашата интуиција, а не поради тоа што сте имале среќа.rnrn
rnrnИнтензивната интуиција е дарба и оние кои се среќни да се родат со таква, со вежбање можат да ја доразвијат и да умеат да дадат одлични совети за тоа како треба да се справуваме со нерешените проблеми.rnrn
Да претпоставиме дека започнувате ваш сопствен бизнис, при што имате избор да одлучите какви ќе бидат правилата на работа во фирмата. Од некој ваш соработник имате големи очекувања и мислите дека можете да му верувате, но во вистинскиот момент некој ваш близок човек со моќни интуитивни способности ве насочува во друг правец, советувајќи дека тој колега не е вистинскиот избор за вас. На крајот и самите сознавате дека тој бил во право.
rnrnСекој од вас има слушнато дека луѓе решаваат во последен момент да не се качат во авион, бидејќи јака интуиција им кажува дека не треба да патуваат тој ден. После кратко време, се дознава дека авионот се срушил. Убавината во интуицијата е токму во тоа, можноста да ја користите како голема дарба, каде и да сте.rn
Ако настојувате да станете што е можно посвесни за природата на сите случувања околу вас, ќе развиете и посилно чувство за функционирањето на животот воопшто. На тој начин ќе го избистрите умот и ќе и помогнете на вашата интуиција да ве води до вистинските одговори кои ги барате.rnrn
Интуицијата ја носите секаде со вас и таа може да ви помогне во многу различни животни ситуации. Но, понекогаш емоциите и секојдневните работи може да ви ги засенат мислите и да не сте во можност да ја препознаете.rnrn
rnrnОд друга страна, психијатрите кои располагаат со јака интуиција можат многу почисто да проценат кои се вистинските одлуки кои треба да ги донесете во дадената ситуација, бидејќи тие не се лично инволвирани. Нивниот мозок не е исполнет со лични мисли кои ја блокираат интуицијата. Тие пред сè се професионалци, кои со години ја развивале својата интуиција, за да можат да ги уловат оние нешта, кои обичниот човек не може да ги види.rnrnrnrn
rnrnИако облеката не го прави човекот, сепак начинот на облекување влијае врз тоа како се чувствувате. Направете ја вашата појава необична и препознатлива за останатите. Ова не значи да трошите премногу пари на облека. Едноставно почнете полека и надградувајте го вашиот плакар со интересни и квалитетни парчиња. Изгледот комплетирајте го со вашиот омилен парфем, некое парче накит и интересна фризура.rn
rnrnБез разлика дали станува збор за некој ваш близок или позната личност, најдете модел на личност кому навистина се восхитувате. Ова не значи да го имитирате или да му го преземате стилот. Едноставно, фокусирајте се на квалитетите кои таа личност ги поседува и учете.rn
rnrnВежбањето и оформувањето на вашето тело може двојно да ја зајакне вашата самодовербата. Редовната физичка активност ќе ви ја зголеми енергијата и ќе направи да се чувствувате поудобно во вашето тело. Ќе бидете изненадени од тоа колку опуштени и комуникативни можете да бидете.rn
rnrnБез разлика дали тоа ќе биде музиката, некоја боречка вештина или пак везење, правењето нешто во кое уживате ќе ве направи сигурни и исполнети. Уште поважно е тоа што со напредувањето во вашето хоби, самодовербата ќе се движи во нагорна линија.rn
rnrnДржете ги грбот и рамената секогаш исправени. Главата секогаш нагоре и не дозволувајте погледот да ви паѓа надоле. Избегнувајте да ги прекрстувате рацете или постојано да ги подигате ракавите нагоре. Ваквите гестикулации прават да изгледате многу несигурно и нервозно.rn
rnrnМожеби ќе ви звучи чудно и неприродно, но овој метод е многу ефективен. Секогаш смејте се, зборувајте гласно и јасно, правете шеги и гледајте ги луѓето во очи додека зборувате со нив. Научете да не ви е грижа што мислат другите, само така навистина ќе бидете среќни.rn
rnrnКога имаме негативна перцепција за некого, обично тоа се преточува во озборувања и навреди. За да се надмине овој проблем, без разлика на се, треба да се гледаат и позитивните страни кај секого. Со самото тоа што ќе почнете да ги забележувате и истакнувате добрите страни на човекот, индиректно го изнесувате најдоброто од себе, а тоа сигурно нема да помине ненаградено.rnrn rnrn
Првата важна работа е да размислувате за вашата фотографија, да ја замислите во вашата глава пред да ја фатите. Откако ќе ја замислите комплетно фотографијата што сакате да ја направите, почнете да одите чекор по чекор за да го постигнете замисленото. Бидете трпеливи. Некогаш може да се случи да чекате неколку недели додека ја фатите совршената фотографија. Но, чекањето секако вреди.
Обидете се да користите широкоаголни леќи ако сакате да оставите впечаток со големината на она што го фотографирате. Иако можете да фотографирате пејзажи со различни леќи, перспективата ќе биде најдобра доколку користите што поширокоаголна леќа бидејќи таа ќе овозможи поголем агол на гледање.rnrn 3. Изострете ги објектите
Објектот што го фаќате мора да биде остар, прецизен. Острите детали во сликата ги привлекуваат очите на гледачите точно кон предметот. За да направите остра фотографија во услови на слаба светлина користете статив. Користете ги и ефектите на изострување достапни во додатокот Adobe Camera RAW, кој може да ви заврши одлична работа, особено последната верзија која има значителни подобрувања во однос на претходните.rnrn 4. Чиста позадина
Позадината може или да ја направи или да ја уништи вашата фотографија, затоа внимавајте што ќе изберете како подлога за вашиот предмет. Позадината треба да биде чиста, едноставна и уредна. Мислете на тоа што треба да биде во фокусот на гледачот.rnrn 5. Никогаш не може да имате премногу облаци
Искористувајте ги буцкастите облаци на сина позадина за да продуцирате драматични неба. Ваквото време е исто така совршено за да правите портрети или да фотографирате водопади и реки со ефект на замаглување во движење (motion blur).rnrn6. Зад секоја добра фотка стои сонцето
Позиционирајте се така за сонцето да ви биде одзади и сончевата светлина да паѓа врз вашиот субјект. Освен ако не се обидувате да направите уметничка фотографија од сонцето, тоа треба секогаш да биде зад вас.rnrn7. Светлосни траги
Направете добри урбани фотографии во услови на рана зора или доцна навечер со оставање светлосни траги по нив. Користете ги возилата во движење или кој било извор на подвижна светлина за да додадете интересност, расположение и драматичност во вашите фотографии.rnrnЗа да направите ваква фотографија, потребно е да ја поставите камерата на статив, да наместите долга експозиција и по можност да користите далечински управувач за да постигнете попрецизен резултат. Ваквите фотографии им се омилени на многумина.rnrn8. Силуети
Клучот за сликање силуети е во чистата и осветлена позадина. Едноставно поставете го вашиот субјект во преден план така што ќе добиете чисти и остри линии и чкрапнете.rnrn 9. Од горе до долу
Гледајте горе, потоа долу и на крајот истражете што сѐ се наоѓа помеѓу. Можат да се направат многу добри фотографии од секој агол, вклучително и од најнеочекуваниот. Некогаш се фокусираме премногу на она што е очигледно и го пропуштаме она што е толку посебно, а едноставно.rnrn 10. Апарат, а не митралез
Освен ако не се обидувате да направите акциона фотка или серија од фотографии кои прикажуваат како некој објект се менува со текот на времето, обидувајте се да правите помалку фотографии. Не пукајте цело време, очекувајќи дека ќе излезе нешто добро што подоцна ќе може да се поправи со обработка. Размислете, наместете се и прилагодете ја рамката за вашата фотографија. Кога ќе бидете подготвени, притиснете на копчето. Вака, ќе развиете подобри инстинкти и ќе зачувате многу од своето време кое инаку го трошите за да обработите стотици несовршени фотографии.rnrnФотографија: 
Наједноставно кажано, влијанието е способност да направите работите да се случуваат. Но, кои работи, за кого и за колку време? Некои луѓе влијаат со своите идеи, други со конкретни акции и дела. Од нив, некои влијаат со крупни дела, други со помалку значајни. Некои траат само еден момент, а други во текот на еден цел човечки живот.rnrn
Секоја личност преземала акција. Секоја акција имала ефект. Но, која акција е најважна и кој имал најголемо влијание?
За да влијаете на делата на другите луѓе, треба да имате пристап до нив, а тие треба да ве разбираат за да можете да имате некое ниво на авторитет врз самите нив или врз некое стручно поле кое тие го сметаат за важно.rnrnПопуларноста помага во пристапувањето. Колку сте попопуларни, толку поголем досег ќе имате, а со тоа и поголема веројатност за влијаење. Но, популарноста не го гарантира влијанието, само отвора повеќе врати. Плус е краткотрајно.rnrnАвторитетот исто така не гарантира влијание, иако оваа зависност е доста посилна. Без оглед дали е доделен или заслужен со тек на време, авторитетот има моќ да го засилува влијанието. Авторитетот дава моќ.rnrnНо, и ова е краткотрајно. Заслужениот авторитет кој се постигнува преку повторувани интеракции, трае долго колку неговата целокупност и релевантност. Доделениот авторитет, како оној кој го добиваат менаџерите на пример, често трае колку што трае именуваната позиција.rnrnВлијанието бара и досег и авторитет до различен степен. Фокусирањето на едното или на другото ќе ви даде половични резултати. На двете нешта им е потребно внимание и постојано одржување.rnrn
Гледате причина и гледате ефект. Но, она што не можете да го видите е всушност каде влијанието точно се случува. Не можете да погледнете во главата на секоја индивидуа за да сфатите дали и колку овие две работи се поврзани, бидејќи тоа се случува во некој заден канал: преку инстант пораки, директни пораки, имејл… во живо, за време на состаноците, за време на оброците…rnrnЗатоа, она што можеме да го видиме добива толку многу внимание и затоа ни е важно тоа да можеме да го измериме. Но разберете, на секоја една личност која свесно го изложува своето влијание, постојат исто толку или повеќе кои го прикриваат. Но, тешко е да се одреди кои се вистинските луѓе кои влијаат.rnrnСепак, влијанието е нешто што можеме само да го претпоставиме врз основа на она што го гледаме. Но, тоа е како да фрлите чаршав врз невидлив човек обидувајќи се да го видите она што не може да биде видено.rnrn
Ова е една одлична и ефективна техника која ќе ви помогне да ја намалите напнатоста во телото и да го намалите стресот. Преку неколку едноставни чекори помогнете си да се опуштите и да уживате во остатокот од денот.



Најпрво направете си листа на работи кои одамна сте планирале да ги направите, но никогаш не стигнувале на ред. Длабоко размислете кои работи ќе направат да се чувствувате исполнето и запишете ги. Започнете од ситни работи како на пример поправање на расклатениот стол во кујната или перење на автомобилот.rnrnДоколку пак имате заштедено некој денар, можете да си купите нешто кое одамна сте го посакувале или да отидете на викенд надвор од градот, за кој никогаш немавте време.
Пријавете се за волонтирање во некоја организација. Неколкуте часа потрошени во волонтерска работа, не само што ќе ја олесни работата на организацијата, туку и ќе ве направи задоволни од себе, знаејќи дека сте од некаква полза за општеството. Друга бенефиција е тоа што, на овој начин ќе имате прилика да остварувате секојдневни контакти со луѓе, а и да запознавате нови, со што ќе ви се зголемуваат шансите да најдете нова работа.
Без разлика на вашата возраст, читајте и учете нови работи. Сеедно дали ќе одберете да се занимавате со ново хоби или ќе се усовршувате во својата професија или во некоја нова, не заборавајте дека учењето е инвестиција, без разлика дали ќе потрошите пари или не. Учењето на функциите на некој софтвер, никогаш не е на одмет.
Немојте да спиете повеќе од 7-8 часа дневно. Тоа што имате многу време, не значи дека треба да се заседувате дома и да го поминете пола ден во кревет.
Наместо тоа, грижата за вашето тело и кондиција сфатете си ги како обврска и почнете да трчате покрај кеј или да возите велосипед. Така нема да потрошите ни еден денар, а ќе се чувствувате релаксирано, свежо и здраво, а сигурно и ќе стекнете нови познанства.
Не дозволувајте да ви биде досадно. Доколку ви се смачи од изборот на програмата на телевизија или пак едноставно, гледањето филмови поред каучот веќе не ве релаксира доволно, јавете се кај пријателите и отидете на концерт или гледајте ја онаа театарска претстава за која порано немавте време.
rn