КАФЕ ПАУЗА

Category: Совети

  • Како да го спречите лошиот здив?

    Како да го спречите лошиот здив?

    Лошиот здив е многу непријатен и засегнува многу луѓе низ целиот свет. Како што постојат повеќе причини кои го предизвикуваат лошиот здив, така има и разни начини како да се спречи. Со овие совети ќе си помогнете околу превенирање на лошиот здив, а во исто време ќе направите вашата усна шуплина да биде здрава во секој дел од денот.rnrn1-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mkrn

    1. Одете редовно на преглед кај вашиот забар

    rnПосетувајте го вашиот забар за редовни прегледи и чистења на забите. Тоа е најдобар начин да бидете сигурни дека одржувате добра орална хигиена.rnrn2-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mkrn

    2. Четкајте ги забите два пати во денот

    rnНајважно е да ги четкате забите правилно (горе-долу со четката, а не лево-десно како што повеќето луѓе прават).rnrn3-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mkrn

    3. Користете забен конец еднаш дневно

    rnЗадолжително е да користите забен конец еднаш дневно. Со негова помош внимателно ќе ги отстраните остатоците од храна кои се наталожиле помеѓу непцата, а со четкичка за заби не можат да се отстранат.rnrn4-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mkrn

    4. Користете течност за плакнење на усната шуплина

    rnОваа течност во никој случај не смее да биде замена за пастата за заби. Важно: ако имате расипани заби не користете течност за плакнење, бидејќи така само ќе го „замачка“ проблемот со расипаните заби, а нема да го отстрани непријатниот здив.rnrn5-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mkrn

    5. Четкајте го јазикот

    rnНајголем број бактерии се таложат на јазикот додека спиете. Четкајќи го, ќе ги отстраните.rnrn6-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mkrn

    6. Избегнувајте го тутунот

    rnТутунот е причина број еден за вашиот лош здив. Тој ја суши вашата уста и остава многу непријатен мирис. Затоа, избегнувајте ги цигарите и производите од тутун.rnrn7-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mkrn

    7. Не дозволувајте вашата уста да биде сува

    rnПијте многу вода и течности. Осум чаши на ден се доволни за човековиот организам. Под течност не се подразбираат тетрапак соковите, туку природните цедени сокови и чаевите.rnrn8-kako-da-go-sprechite-loshiot-zdiv-kafepauza.mk

  • Уживајте во животот

    Уживајте во животот

    Времето во кое живееме, развојот на светот и големите стресови кои ги носат секојдневните работи, бараат да се поседува моќ за самоконтрола и спуштање на топката, т.е. трпеливост и поголемо уживање во нештата што ги правиме на смирен и релаксиран, но сепак ефикасен начин.rnrn1-uzhivajte-vo-zhivotot-kafepauza.mkrnrnЗабавувањето на животното темпо и уживањето во секојдневните работи се основниот начин за имање позитивен став кон животот и исполнетост на секој час од денот. Следниве совети навистина можат да ви помогнат повеќе да уживате во својата кожа и во животот воопшто.rnrn

    Уживајте во секој слободен миг

    rnСекој слободен миг, направете го да ви претставува уживање на едно повисоко ниво. Ослободете го умот и избистрете ги мислите пред секоја обврска која следува.rnrnFeet warming at a fireplace with hands holding coffeern

    Понекогаш ослободете се од часовникот

    rnДозволете си еден ден во неделата да не ви биде грижа за времето. Фокусирајте се на работите што ве прават среќни, без притоа да имате строг план за секоја минута.rnrn3-uzhivajte-vo-zhivotot-kafepauza.mkrn

    Јадете разумно

    rn„Што и како јадеш, тоа и си“. Дозволете јадењето да ви претставува примарна активност, не секундарна, притоа извршувајќи некоја друга. Приготвувајте здрава и органска храна и правете пауза помеѓу секој залак.rnrn4-uzhivajte-vo-zhivotot-kafepauza.mkrn

    Фокусирајте се на приоритетитe

    rnПотрудете се вашето внимание секогаш да е насочено само кон најважните активности и задачи. Делењето на вашиот фокус за различни работи, значи помала ефективност и послаб квалитет на истите.rnrn5-uzhivajte-vo-zhivotot-kafepauza.mkrn

    Потсетете се на детските соништа

    rnНајдобра споредба за безгрижноста и безвременото се децата. Па така, потсетете се на нештата кои сте ги посакувале во далечното минато и пробајте да ги остварите денеска.rnrn6-uzhivajte-vo-zhivotot-kafepauza.mkrn

    Променете ја рутината

    rnСекоја промена може да резултира со нешто убаво и различно. Дозволете си да избегнете од секојдневното строго поставување на работите и уживајте.rnrn7-uzhivajte-vo-zhivotot-kafepauza.mkrn

    Поминувајте повеќе време надвор

    rnСвежиот воздух и сончевите зраци навистина можат да ви го променат расположението. Дозволете си барем 30 минути дневно на отворено и почувствувајте ја разликата.rnrn8-uzhivajte-vo-zhivotot-kafepauza.mk

  • Како да бидете добар цимер?

    Како да бидете добар цимер?

    Студентите кои студираат во друг град или во друга држава, најчесто го делат просторот во кој живеат со еден или со повеќе цимери. Меѓутоа, често се случува да се создаваат конфликтни ситуации помеѓу цимерите, како резултат на недостаток на почитување на правилата за живот во заедница. За да не бидете озборувани и нарекувани „ужасни“ цимери, придружувајте се до следниве совети:rn

    Бидете педантни

    rnСекогаш одржувајте го вашиот дел од собата чист и уреден. На тој начин, ако вашиот цимер секогаш растура предмети околу собата и никогаш не ги средува, ќе имате силен аргумент да се побуните.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Не ги чепкајте туѓите работи

    rnНа некои луѓе едноставно не им се допаѓа да им ја користите облеката, шминката, лаптопот или кој било предмет што е во нивна сопственост. Ако сакате нешто да позајмите, прво побарајте дозвола.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Почитувајте ја приватноста на вашиот цимер

    rnДоколку вашиот цимер спие или учи, немојте да слушате музика, немојте гласно да разговарате на телефон во истата просторија и никако немојте да каните пријатели на кафе.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Создадете правила на игра

    rnДоговорете се за сѐ што сметате дека е битно за вашето заедничко живеење, како на пример дали ќе зборувате на телефон во или надвор од собата, дали внатре може да се пуши или не итн.rn

    Согласност од цимерот за поканување на вашиот партнер

    rnПред да се договорите со вашето момче/девојка да дојде кај вас, морате прво да побарате согласност од вашиот цимер, за да избегнете конфликт. Кога сакате да поминете време насамо со партнерот, замолете го цимерот (доколку е тоа возможно) да си замине од собата 1-2 часа. Ако цимерот има разбирање за вашите потреби, секако дека и вие ќе му ја возвратите почитта во иднина.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Чистење

    rnОднапред определете дел од седмицата, кога заеднички ќе ја чистите собата и поделете ја работата. Фрлање на ѓубрето и редовно купување заеднички производи се дел од правилата. Ако се придржувате до нив, ќе ги избегнете тензиите помеѓу вас и вашиот цимер.rn

    Сепак…

    rnНе заборавајте дека секогаш ќе има нешта кои ќе ви сметаат во карактерот на вашите цимери, што е нормално и природно. Научете да живеете со туѓите недостатоци и контролирајте ја вашата вознемиреност. Доколку е невозможно да излезете на крај, пријателски поразговарајте со цимерот и посочете ги работите кои сакате да ги промени. Можеби и тој/таа има да каже нешто за работите кои му/ù сметаат кај вас. Ако повторно не ве разбере и си тера по свое, побарајте од одговорните во студентскиот дом, да ве преместат во друга соба и со друг цимер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се облекувате како Blair Waldorf?

    Како да се облекувате како Blair Waldorf?

    Автор: Д. Џ.rnrnОткако им помогнавме на момците во градењето на нивниот нов стил, овој пат подготвиме сличен водич за девојките. Ќе ве водиме низ стилот на вашата омилена девојка од „Озборувачка“ (Gossip Girl), Блер Волдорф (Blair Waldorf), која  ја игра прекрасната актерка Leighton Meester. Во серијата Блер има мајка која е моден дизајнер, па не е ни чудо што Блер поседува одличен вкус и препознатлив стил на облекување.Како да се облекувате како Blair Waldorf?Тоа што всушност го дефинира стилот на Блер е дека таа е секогаш средена, облеката која ја носи е перфектно чиста, косата и е постојано на правото место, без ниедно праменче да стрчи каде што не му е местото. Таа никогаш не би направила комбинација од парчиња кои меѓусебно не одговараат, ниту би облекла нешто растегнато со недефинирана форма.Како да се облекувате како Blair Waldorf?Доближувањето до стилот на Блер е полесно одошто секој од нас мисли. Станува збор за неколку парчиња гардероба, кои секој од нас може да ги набави, а го оцртуваат нејзиниот специфичен стил на облекување.rn.rn

    1. Фустани и мини здолништа

    rnНе е тешко да се воочи дека поголемиот дел од времето, Блер го поминува во женствени и елегантни мини здолништа и фустани, кои во студените денови од годината ги комбинира со хулахопки во интересни, густи бои и дезени.Како да се облекувате како Blair Waldorf?Како да се облекувате како Blair Waldorf?Здолништата кои ќе ги изберете нека бидат од квалитетни, тешки материјали, со едноставна кројка и интересни детали, како на пример, каиш со интересен дезен и форма.Како да се облекувате како Blair Waldorf?Блер не носи фармерки, тоа е првото нешто што треба да го промени оној кој сака својот стил да го приближи до нејзиниот.rn.rn

    2. Класични парчиња

    rnБидејќи Блер посетува приватно училиште кое налага носење униформа, многу од нејзините парчиња се така избрани за да се претопат добро во нејзината школска униформа. Тоа може да се бели кошули со женствени машни во црна боја околу јаката, класични здолништа во темно сини нијанси или црни, а понекогаш и класични, тенки вратоврски. Кошулите и блузите се секогаш закопчани до последно копче. За изгледот да биде комплетен, вие би можеле да зачините со детали во јака боја, како интересна панделка која ќе ја врзете околу главата.Како да се облекувате како Blair Waldorf? rn

    3. Јаки бои

    rnНа неколку наврати ги спомнавме деталите во јаки бои како одлика на Блер, па вреди да се одвои цел пасус за нив. Без разлика на нејзината комбинација, таа секогаш успева да вметне некое парче кое ќе отскокнува. Неважно е дали станува збор за палто во црвена боја, индиго боја чанта или пак портокалови хулахопки искомбинирани со нејзината класична училишна униформа. Таа го одржува својот изглед свеж со овие јаки бои. Нејзините омилени бои се црвена, портокалова и жолта.Како да се облекувате како Blair Waldorf?rn

    4. Женствени детали

    rnБлер е најженствена од сите девојки со кои се запознавме во серијата. Токму поради тоа, таа обожува да комбинира елегантни парчиња од тантела, еднобојни машни, панделки и набрани материјали.rnКако да се облекувате како Blair Waldorf?rn

      rn011

    • rn

      Модните додатоци на Блер

      rn

    • rn

    rn

    Панделки околу главата и венчиња

    rnБлер своите панделки ги комбинира на секакви можни начини и во сите можни видови и дезени. Сѐ што е потребно е малку имагинација која може многу да го промени вашиот изглед.Како да се облекувате како Blair Waldorf?rn

    Хулахопки

    rn

    Таа може да биде видена во сите можни бои на хулахопки кои не може да останат незабележливи, од светло црвени, до сиви, бели, кафени и познатите густи црни хулахопки.Како да се облекувате како Blair Waldorf?

    rnrn

    Фризурата на Блер

    rnБлер скоро секогаш својата средно долга, кафена коса ја носи пуштена, благо извиткана и со многу волумен. За разлика од витканите прамени на Серина кои делуваат несредено, косата на Блер е секогаш средена и беспрекорна.Како да се облекувате како Blair Waldorf?За дополнителни идеи и инспирација, погледнете ги и останатите слики во галеријата.

  • Како засекогаш да ги оставите цигарите?

    Како засекогаш да ги оставите цигарите?

    Доколку некогаш сте се обиделе да ги оставите цигарите, јасно ви е дека тоа не е воопшто лесна задача. Се чувствувате разочарано, имате вртоглавица, не можете да се концентрирате, ниту да спиете, сé ве иритира и копнеете да вовлечете уште барем еден дим. И покрај тоа што ви изгледа дека нескротливата желба за пушење цигари ќе ве надвладее колку и да се борите, верувајте дека со добар план можете да успеете да ја победите.rnrnКако засекогаш да ги оставите цигарите?rn

    Справете се со физичката зависност

    rnВо првите 24 до 48 часа од откажувањето, вашето тело се обидува да се одвикне од внесувањето никотин во организмот. Никотинските замени како што се фластерите, мастиките, носниот спреј, таблетките за лижење и инхалаторот, можат да ви помогнат да излезете на крај со вашата потреба за цигара. Препишаните лекови од доктор, bupropion и varenicline, исто така можат многу да помогнат.rn

    Бидете подготвени за вториот бран

    rnПосле првите неколку недели, намалувањето на потребата за повторно палење цигара е поврзано со секојдневните ритуали на пушење. Тоа значи дека треба да ги промените ситуациите во кои најчесто ви доаѓа желба да испушите некоја цигара. Јадете го вашиот појадок на друго место во вашиот дом, прошетајте наместо да правите кафе пауза (со цигара) и возете се по друг пат од вообичаено кога одете накај училиште, факултет или работа.rn

    Фрлете ги резервите на цигари и пепелниците

    rnЧувањето цигари во близина „за секој случај“ испраќа сигнали до вашата потсвест дека нема да успеете да престанете со пушење. Воедно, многу е поверојатно, кога настапуваат кризи да запалите цигара доколку имате при рака, отколку ако морате да oдите до продавница и да купите.rnrn2-kako-zasekogash-da-gi-ostavite-cigarite-kafepauza.mkrn

    Избегнувајте ситуации во кои постои опасност да паднете во искушение

    rnПоминувањето време на места каде што најчесто сте имале обичај да пушите цигара, ќе ви ја разбуди желбата да запалите нова. После извесен период можеби ќе можете да поднесете да седите во барови каде што се пуши или да излегувате на „пуш-пауза“ со вашите колеги-пушачи. Во меѓувреме, држете се подалеку од места кои ве потсетуваат на вашата лоша навика, која сакате да ја надминете.rn

    Свртете го вниманието на нешто друго

    rnКога потребата за барем еден дим ќе ве нападне, јавете се на пријател, излезете од собата, свртете круг во маало, медитирајте, молете се, грицкајте цевче за сок или што било друго кое ќе ви ја тргне мислата од глава. Големата потреба за цигара најчесто не трае повеќе од 10 до 15 минути и се намалува нејзиниот интензитет и зачестеноста, како што одминуваат месеците.rn

    Избегнувајте да рационализирате

    rnКога сте под стрес и мислите дека ќе потклекнете на потребата која ви се заканува, избегнувајте да се тешите со мисли како: „Ќе испушам уште само една“ или „Од утре не пушам“. Ако тоа е случај, на еден лист запишете ги сите вакви мисли и сфатете ги како трикови на вашиот мозок, кои се обидуваат да ве намамат повторно да пропушите.rnrn3-kako-zasekogash-da-gi-ostavite-cigarite-kafepauza.mkrn

    Потсетете се зошто го правите ова

    rnНапишете 5 причини зошто сакате да се откажете од пушењето, како на пример поради штетноста по здравјето, бидејќи на вашето семејство му пречи димот или затоа што секојдневно трошите пари за уште една кутија отров. Ставете си го ливчето во паричникот, залепете дупликат на фрижидерот и секаде каде што би го препрочитале, кога ќе ви надојде потребата за никотин.rn

    Помирете се со евентуалното „слизнување“

    rnАко во тој период на откажување еднаш ви се случи да не издржите и запалите цигара – не грижете се, не е трагедија. Но тоа не значи дека можете да запалите и втора и трета, па таа грешка да ви стане изговор за повторно пропушување.  Луѓето кои се откажале и никогаш повторно не пропушеле, напорно работеле на случајот. Вашата цел е да останете без никотин во вашата крв подолг период, но треба да се соочите со евентуалното „слизнување“ од правилата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совети за поттикнување на креативноста

    Совети за поттикнување на креативноста

    Чувствувате како вашата креативност опаѓа? Не се грижете. Тоа ни се случува на сите нас понекогаш. Кога немаме никакви креативни идеи и чувствуваме дека мозокот ни е исклучен, ние најчесто легнуваме да спиеме или гледаме некој филм или телевизиска серија. Бидејќи тоа не придонесува за поттикнување на креативноста, еве неколку совети кои го имаат посакуваниот ефект.

    rn

    Совети за поттикнување на креативноста

    rnrn

    Медитирајте

    rnМедитацијата, ако ја правите правилно, придонесува да се чувствувате освежено. Таа му дава позитивен правец на мозокот да се фокусира кон креативни нешта.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

    Заборавете ги проблемите

    rnПроблемите и стресот кои ги имате, застануваат на патот на вашата креативност. На лист, напишете ги сите работи кои ве мачат и потоа, листот запалете го. На друг лист напишете ги вашите цели и планови, како и времето кога сакате да ги остварите. Ова ќе ви овозможи чист ум, а вие ќе бидете повеќе креативни и со намален стрес.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

    Играјте и креирајте

    rnИграјте со креативни играчки, како лего коцки и танграм. Свирете некој инструмент. Ова ќе овозможи да размислувате апстрактно и којзнае, може ќе смислите нешто навистина големо.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

    Променете го начинот на размислување

    rnРазмислувајте како панкер или рокер. Ослободете се од секакви правила, но сепак, не правете ништо надвор од законот. Обидете се да размислувате надвор од границите и тоа дефинитивно ќе резултира со повеќе креативност.rn

    Гледајте подлабоко во цртежите на малите деца

    rnДа, така е. Кога дечињата цртаат на лист хартија, тие тоа го прават без никакви надворешни влијанија и правила. Тоа што тие го цртаат е само резултат на нивниот висок креативен набој и инспирација.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

    Запрашајте се „што ако…“

    rnСекогаш поставувајте си го ова прашање. Замислете како на луѓето пред 1000 години им кажувавте дека еден ден ќе постојат телевизори, компјутери, мобилни телефони, луѓе кои патуваат на месечината. Би помислиле дека сме лудаци. Имајте на ум дека во животот сѐ е возможно и дека во светот сѐ може да се случи.rn

    Почувствувајте како крвта ви струи низ вените

    rnНаправете си топла бања и миризлива купка. Штом ќе почне крвта да ви струи низ вените, истото ќе се случи и со креативноста.rn

    Пробајте нови јадења

    rnСигурно никогаш не сте пробале некое јадење од Корејската кујна. Пробајте да зготвите некој таков рецепт наредниот пат.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

    Направете го секојдневното, несекојдневно

    rnСте завршиле со обврските и си одите дома? Тргнете по друга уличка која исто така води кон вашиот дом. Тесни улички и широки булевари дефинитивно ја поттикнуваат креативноста.rn

    Судниот час

    rnСмртта е многу моќна мотивирачка алатка. Ако докторот му каже на неговиот пациент дека му преостануваат уште 10 години од неговиот живот, што мислите дека пациентот би направил? Тие 10 години ќе ги цени колку вредноста на дијамантите во светот. Па затоа, ако за миг би помислиле дека утре ќе ве нема, сигурно ќе направите и создадете многу креативни нешта.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вода за поздрав живот

    Вода за поздрав живот

    Водата е од суштинско значење за здравјето на човекот. Но, на прашањето колку вода треба да се пие дневно е тешко да се даде одговор. Тоа е така, бидејќи одговорот зависи од многу фактори, како на пример каде живеете, на која возраст сте, колку сте активни во текот на денот и слично.rnВода за поздрав животОпшто земено, докторите велат дека здрав возрасен маж, во просек треба да пие по околу 3 литри вода дневно, додека спротивниот пол по 2 литри. Овие бројки се пресметани според тоа колку вода треба да се надомести за онаа која секојдневно ја изнесуваме од телото. Сепак, иако водата е добра за здравјето, не треба да се претерува со нејзиното консумирање. Единствено, количината на вода која се внесува во организмот може да се зголеми на жешко време и после исцрпувачка физичка активност.rnВода за поздрав животКонсумирањето повеќе вода од потребното може да доведе до сериозни проблеми, како што се хипонатермија (прениска количина на натриум во крвта) или интоксикација (труење). Симптомите како вртоглавица, апатија (бесчувственост), дезориентираност, гадење и слично, се најчестите кои можат да се осетат по пиење преголема количина вода и воедно се многу слични на симптомите на дехидрацијата.rnВода за поздрав животСепак, треба да се напомене и дека секојдневно внесуваме течност и преку овошјето и зеленчукот, сите газирани и негазирани сокови и нормално, преку чаевите кои ги пиеме, па така понекогаш и не мораме да внесуваме многу голема количина чиста вода.

  • Како да се облекувате како Chuck Bass?

    Како да се облекувате како Chuck Bass?

    Автор: Д. Џ.rnrnЧак Бес (Chuck Bass). Доволно е кажано. Една од поголемите причини зашто „Озборувачка“ (Gossip Girl) е омилена серија на голем број девојки ширум светот. Настрана неговата природна убавина и шарм, Чак Бес го поседува оној стил кој го прави уште попрекрасен.Како да се облекувате како Chuck Bass?Стилот и облеката се нешта кои секој од нас може да ги модифицира и менува со времето. Но, доколку сакате вашиот стил да го приближите до оној на Чак Бес, склопивме неколку совети со кои ќе ви помогнеме да го направите тоа.Како да се облекувате како Chuck Bass?Кога сте Чак Бес, секојдневното никогаш не значи безгрижно. Без разлика дали го поминувате времето во некој ресторан, кафуле или низ дома, секогаш треба да изгледате беспрекорно средено и сѐ да ви биде „под конец“.rn.rn

    1. Костимот на Чак Бес

    rnЕдна од неговите три омилени работи, покрај девојките и префинетите алкохолни пијалаци, е класичниот костим. Тоа е првото нешто што секој од нас го забележува кај Чак. Додека тој своите костими ги носи на најкласичниот начин, вие можете со малку имагинација вашето класично палто да го искомбинирате со фармерки, штосна маичка и интересни чевли.Како да се облекувате како Chuck Bass?rn

    2. Слоеви, слоеви, слоеви

    rnЗа постигнување на поинтересен изглед и подобро изразување на вашиот стил и вкус, облекувајте се во слоеви.  Тоа го прави Бес. Погледнете на сликата подолу како интересно ги има искомбинирано темно црвените пантолони со темната боја на неговите сини превиткани ракави од палтото. Оваа интересна игра на јаки бои не делува нападно затоа што ја има искомбинирано со бледите бои на неговата кошула, џемпер и палто. Сѐ е толку добро склопено што во ниеден момент не делува како „премногу“.Како да се облекувате како Chuck Bass?rn

    3. Во линии

    rn

    Чак можеби е класичен, но тоа е секогаш со интересни детали кои класичното го прават да биде сé само не здодевно. Бес ги обожува своите палта, кошули и пантолони во линии. Пробајте и вие.Како да се облекувате како Chuck Bass?

    rnrn

    4. Стара Школа (Old School)

    rnМногу пати за изгледот на Чак да биде тоа што е, тој е интересно комплетиран со модните додатоци без кои не би било тоа-тоа. Погледнете како на оваа слика изгледот е воден од неговиот  интересен шешир, чевли во стилот на 40-тите години од минатиот век и палто во истиот тон.Како да се облекувате како Chuck Bass?rn

    5. Играјте си со боите

    rnСекогаш е полесно и поздодевно да се придржувате до црната, белата и другите „обични“ бои кога станува збор за дефинирање на вашиот изглед. Бидете креативни и не бидете ограничени при изборот на бои.Како да се облекувате како Chuck Bass? rn

    6. Препознатливата марама на Чак

    rnСекој кој е познат по неговиот интересен, добар стил на облекување има препознатливо парче. Кај Чак тоа е неговата марама. Кај вас тоа може да биде некоја интересна шапка, вратоврски и ред други работи од кои можете да избирате.Како да се облекувате како Chuck Bass?rn

    7. РакавициКако да се облекувате како Chuck Bass?8. Фризура во стилот на 60-титеКако да се облекувате како Chuck Bass?9. За да го комплетираме изгледот на Бес…

    rn rnrnНајбитното што го прави стилот на Чак толку препознатлив и единствен е начинот на кој тој ги носи своите парчиња. Изреката „не е важно што носиш, важно е како го носиш“ можеби станува клише, но ќе остане прво правило во светот на модата. Бидете сигурни во себе, движете се гордо и исполнети со самодоверба.Како да се облекувате како Chuck Bass?rnrn

  • Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?

    Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?

    Интервјуата за работа се еден вид натпревар. Се прашувате како токму вие да победите во „морето“ од дипломирани и магистрирани луѓе? Не губете надеж! За секого има место во овој свет. Она за кое треба да се борите е да се прикажете себеси во најдоброто можно светло, но притоа да не делувате премногу ентузијастички настроени.

    rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?Секое интервју е различно искуство, па затоа обидете се да го „прочитате“ говорот на телото и фацијалните експресии на вашиот соговорник додека зборувате. Дали тој/таа ве гледа во очи додека вие се обидувате да ѝ придадете значење на некоја ваша способност или карактерна особина? Тоа е обично добар знак. Дали тој што ви го прави интервјуто вообразено се потсмевнува, го трга погледот од вашите очи и се потпира со грбот на столот? Тоа не е добар знак.rnrnВо продолжение следуваат 5 клучни работи кои не смеете да ги занемарите во текот на интервјуто.rn.rn

    1. Страст за работата

    rnДајте му на знаење на вашиот потенцијален шеф дека со голема страст и волја ќе ги извршувате вашите работни обврски. Последното нешто кое работодавачите го сакаат, е вработен кој работи само за да преживее или за да се испроба во конкретната област.rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?rn

    2. Човечки капитал

    rnОдењето на работа не е исто што и стажирање, а тоа значи дека работодавачот не сака да слушне дека вие сте аплицирале да работите во неговата фирма затоа што сте сакале нешто да „научите“. Она што сака да го чуе, е дека вие поседувате одредени квалификации, способности и квалитети кои ќе му донесат поголема заработувачка. Сè што треба да направите, е да го убедите шефот дека компанијата ќе има голема полза од вас.rn

    3. Комуникативност

    rnКвалитет број 1 според работодавачите е вештината за ефективна комуникација на своите вработени. Способноста за јасно изразување на вашите идеи и перспективи на колегите и на надворешните соработници е од мошне големо значење за вашиот работодавач.rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?rn

    4. Брзо учење и напредување

    rnДоколку вчера сте излегле од академските клупи, невозможно е да имате големо работно искуство зад себе. Бидејќи работодавачите се по малку скептични за вработување на луѓе без искуство, вие ќе мора да го убедите вашиот потенцијален газда дека доволно би ви било одредена задача еднаш да ви биде објаснета, за потоа самостојно да се усовршувате во извршувањето на истата.rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?rn

    5. Практичност

    rnПовеќето луѓе кои штотуку дипломирале едвај чекаат да ја пронајдат првата вистинска работа и да „скокнат“ во својата позиција со полна пареа. Ентузијазмот е двигател на мотивацијата на вработените, но преголемото возбудување може лошо да биде сфатено од страна на работодавачите. Тие тоа го доживуваат како особина на младите да избрзуваат со ветување работи кои не можат да ги исполнат. На тој начин, многу е важно да го уверите вашиот потенцијален работодавач дека ќе ги исполнувате вашите работни задачи служејќи се со вашата здрава логика, реалистичност и практичност.rnrnrnrnrnrn

  • Редовни вежби на работното биро за опуштање на телото и умот

    Редовни вежби на работното биро за опуштање на телото и умот

    Веќе ни е добро познато дека седењето пред компјутер 8 часа на ден има негативни последици по здравјето на човекот. Познати ни се и некои техники за одмор, релаксација и опуштање кои можат да го направат денот попродуктивен, а умот и телото поодморени и ослободени од стрес.rnrnДобар совет во оваа насока е да излегувате надвор за време на паузите, да правите кратки вежби за медитација и да ги исклучувате нотификациите за новите имејл пораки. Помеѓу овие совети, можеби најважен е оној за редовно истегнување на телото кои можат да се прават директно од работното биро.rnrnРедовни вежби на работното биро за опуштање на телото и умотОвие вежби ќе ви одземат максимум 5 минути во текот на денот.rnrnПритоа, додека ги правите вежбите треба:rn

      rn011

    • да дишете лесно
    • rn011

    • да не потскокнувате и да не се форсирате
    • rn011

    • да не чувствувате болка
    • rn011

    • да го чувствувате истегнувањето
    • rn011

    • да се релаксирате
    • rn

    rn

    Редовни вежби на работното биро за опуштање на телото и умотИстегнувањето е добро за мускулатурата и зглобовите, но она што е уште поважно е ефектот од исклучувањето на мозокот од тековната работа и дозволување нормален проток на крвта низ телото.Редовни вежби на работното биро за опуштање на телото и умотДолготрајното седење пред компјутер може да предизвика мускулна тензија и болка. Неколку минутни истегнувања во текот на денот можат да направат многу подобро да си го чувствувате сопственото тело. Гледајте да се истегнувате спонтано во текот на денот, секогаш кога ќе почувствувате напнатост. Иако голем број вежби можат да се прават директно од столчето, без да се поместите од работното биро, практикувајте и по некоја вежба во стоечка состојба. Тоа е добро за циркулацијата.Редовни вежби на работното биро за опуштање на телото и умотАко илустрациите ви го привлекуваат вниманието, а текстот ви го зголемува ентузијазмот, силно потрудете се ова да не ве држи само во текот на денешниот ден. Доколку сте тип на човек кому не би му текнувало ова да го прави секој ден, можете да си помогнете со специјален софтвер за таа намена. Корисниците на Мек го имаат на располагање Anti-RSI, додека оние на Виндоус и Линукс можат да го користат Workrave и тоа бесплатно.