КАФЕ ПАУЗА

Category: Совети

  • Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    Никогаш не се знае во каква несреќна околност можете да се најдете. Бидејќи вашиот живот или животите на други луѓе може да зависи од вашата способност за снаоѓање во критични ситуации, битно е да бидете подготвени. Еве неколку совети за преживување во тешки околности:rnrnrn

    Како да постапите ако ве касне змија?

    rn

    И покрај тоа што сите сме виделе на филм како актерите наводно го вшмукуваат отровот и го плукаат, вие не се обидувајте да го правите тоа. На тој начин само ќе вшмукате повеќе отров. Повеќето убоди од змија не се фатални, па затоа не треба да паничите. Стравот ќе предизвика побрзи отчукувања на срцето, кои пак ќе го рашират отровот низ телото. Исчистете ја раната, како што тоа го правите за секоја друга рана. Потоа врзете врвка некаде помеѓу убодот и срцето, за да го спречите брзото ширењето на отровот. Веднаш побарајте медицинска помош, а доколку сте во шума и не можете да најдете доктор, излезете на пат и стопирајте возило.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    rnrn

    Што ако ајкула се обидува да ве нападне?

    rn

    Обидете се да останете мирни за да не ве забележи ајкулата. Доколку сметате дека ќе ве нападне, удрете ја со тупаница или со некој силен предмет во очите или по шкргите. Ајкулите не сакаат да напаѓаат плен кој што возвраќа на ударот, па затоа најверојатно ќе отплива. Како и да е, за да го избегнете овој проблем, најдобро би било да не одите сами во длабокото, да не пливате во самрак или навечер, немојте да носите светли костими за капење и воопшто немојте да влегувате во вода доколку имате отворена рана.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    rnrn

    Како да се спасите ако ве брка мечка?

    rn

    Немојте да и вртите грб на мечка или да се обидувате да и избегате, бидејќи таа ќе мисли дека сте плен кој треба да го брка. Не постои начин да бидете побрзи од мечка. И да се качите на дрво, таа ќе дојде по вас, од каде што ќе немате излез. Најдобра солуција ви е да легнете на земја и да глумите мртви. Мечката најверојатно ќе дојде да ве провери, можеби дури и ќе ве мава со канџите. Ако имате среќа, мечката ќе изгуби интерес и ќе ве остави.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    rnrn

    Што да правите ако автомобилот ви тоне во вода, а вие сте во него?

    rn

    Прво и основно што треба да го направите е да ги отворите прозорците од автомобилот. Целта е водата да навлезе внатре, за да биде притисокот еднаков и внатре во автомобилот и надвор од него. Потоа ќе можете да ги отворите и вратите и излезете од автомобилот најбрзо што можете. Доколку пак, не можете да ги отворите прозорците, пробајте да ги скршите. Ако и тоа не ви успее, почекајте додека се наполни автомобилот со вода. Кога нивото на водата ќе стигне до вашата глава, притисокот ќе се изедначи. Задржете го воздухот, отворете ја вратата и отпливајте.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    rnrn

    Што ако ве фати молскавично време?

    rn

    Она што не треба да правите е да седите на отворени места, под дрво или под јарбол, во подземно засолниште или на непокриени трибини. Немојте да се приближувате до метални огради или до вода. Исто така, подобро е да седите во поголема зграда, отколку во помала. Додека сте внатре, немојте да допирате ништо што спроведува струја, како рамки на прозорци, тушеви, цевки или олуци. Немојте да користите телефон, телевизор и компјутер. Ако во моментот сте во автомобил, затворете ги прозорците и обидете се да не допирате ништо што спроведува електрицитет.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

    rnrn

    Што ако јазикот ви е залепен на замрзнат метален столб?

    rn

    Ова не е опасно по живот, но сепак е болно и засрамувачки. Најдобар совет би било воопшто да не го лепите јазикот на замрзнат столб . Но, ако сепак решите да постапите така, не се обидувајте набрзина да го одлепите, бидејќи можете да откинете парче. Наместо тоа, ставете ги рацете (кои би требало да ви се во ракавици) на металниот столб за да го стоплите. Ако доволно се загрее, ќе можете полека да го одлепите јазикот. Ако имате топла вода во близина, полијте го јазикот за да се одлепи, но никако немојте да експериментирате со плунка или со ладна вода, бидејќи тие ќе се замрзнат и ќе ја отежнат ситуацијата.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

  • Како да ги зацврстите вашите пријателства?

    Како да ги зацврстите вашите пријателства?

    Зборувајте помалку, слушајте повеќе

    rn

    Повеќето од нас уживаат додека зборуваат за себеси. Без разлика дали темата на разговорот се успесите кои сме ги постигнале или маките низ кои сме поминале, мора да внимаваме да не ја преминеме границата, бидејќи тие околу нас ќе се презаситат од нашиот егоизам.Како да ги зацврстите вашите пријателства?Некои луѓе едноставно не се свесни колку доминираат во разговорот. Ако сте расположени да чуете што другите имаат да ви кажат, ќе ја освоите почитта од вашите пријатели. Доколку забележите дека во разговорите со другите луѓе секогаш зборувате за себеси, сетете се на советот од грчкиот филозоф Епиктектус:rn
    rnrn

    „Природата ни дала еден јазик и две уши, за да можеме да слушаме двојно повеќе отколку што зборуваме.“

    rn

    Што е поважно, да бидете секогаш во право или да ја одржувате хармонијата?

    rnКако да ги зацврстите вашите пријателства?Повеќето проблеми во односите со другите луѓе, настануваат како резултат на нашата гордост. Немојте да инсистирате да го имате секогаш последниот збор, туку обидете се да се повлечете, пред  разговорот да прерасне во нешто кое на никој нема да му се допадне. Запомнете дека здравите врски не се базираат врз победувањето во безначајни аргументи.rn
    rn

    Избегнувајте да озборувате

    rnДоколку вистински го цените вашето пријателство со некоја личност, нема да уживате коментирајќи ги недостатоците или неуспесите на истата, бидејќи кога  – тогаш таа ќе разбере за тоа. Дури и никогаш да не дознае, ризикувате да си ги ослабите односите со сите ваши пријатели, кога тие ќе дознаат дека сакате да озборувате. Тоа е така, бидејќи несвесно немаме доверба во луѓе кои имаат репутација на озборувачи. Инстиктивно имаме доверба и ги почитуваме оние, кои ја немаат потребата да критикуваат други.Како да ги зацврстите вашите пријателства?rnrn

    Опростувајте

    rnПрочката не е клише, туку многу моќен и значаен фактор за градењето здрави односи. Вистинското проштавање значи дека треба да го заборавите лошото искуство кое сте го имале со личноста, а не денес да и опростите, а после неколку недели повторно да ја критикувате за истата работа. Помислете колку би биле среќни кога вам би ви биле опростени и заборавени грешките кои сте ги направиле.Како да ги зацврстите вашите пријателства?rnrn

    Имајте искрен мотив и научете да молчите

    rnАко гледате каква корист можете да извлечете од пријателствата, правите огромна грешка. Доколку пријателите ви требаат секогаш кога барате нешто од нив, тогаш бидете сигурни дека и тие ќе имаат слични или можеби и поголеми барања од вас. Еден ден, кога навистина ќе ви бидат потребни, тие ќе „исчезнат“.Како да ги зацврстите вашите пријателства?Искрените пријателства треба да се базираат на заедничка поддршка и добра волја, а не на некаква лична полза. Исто така, кога сметате дека вашиот пријател има лоша идеја, која нема да му успее, немојте веднаш да се расправате и да го напаѓате. Молчете и дозволете самиот да си донесе заклучок. Можете да му ја понудите вашата помош или поддршка, но тотално е неисправно секогаш да се чувствувате одговорни за туѓите постапки и одлуки. На крајот на краиштата, не можете вие да го живеете нивниот живот место нив.rn
    rnrn

    Единство и хумор – клуч за вистинско пријателство

    rn

    Најдобриот рецепт за градење цврст однос со вашите пријатели е создавање на чувство на единство. Кога ќе научите да функционирате како еден, во вашите односи нема да постојат негативни чувства, како што се љубомора и несигурност. Плус, ако се чувствувате вистински поврзани, нема да имате срце да направите нешто кое ќе ги повреди вашите пријатели.Како да ги зацврстите вашите пријателства?Многу е важно да научите да се забавувате и смеете. Доколку забележите дека некој ваш близок не е во добро расположение, кажете неколку шеги на ваша сметка, кои знаете дека ќе го насмеат. Хуморот е и најдобар лек за надминување на напнатите ситуации.rn
    rnrn

    „Вистински пријател е оној кој останува во вашиот живот, кога сите останати си одат“ – Волтер Винчел.


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 7 едноставни начини да кажете „не“

    7 едноставни начини да кажете „не“

    Дали ви е непријатно да кажете „не“ кога некој ќе побара нешто од вас? Дали секогаш се трудите да бидете љубезни со сите и покрај тоа што на тој начин си наштетувате себеси? – Не сте единствени. Причината поради која не сакате да кажете „не“ лежи во тоа што сакате да им помагате на другите, не сакате да бидете некултурни и дрски, сакате да сте во добри односи со сите, да избегнете конфликт или можеби стравувате дека ако вие не излезете во пресрет, никој нема да биде со вас, кога вам ќе ви биде потребна поддршка.rnrn0-7-ednostavni-nacini-da-kazete-ne-kafepauza-200x300rnrnВерувајте, ништо не е така црно-бело. На крајот на краиштата, последиците од вашето одбивање ќе зависат од начинот на кој сте рекле „не“, а не фактот дека некого сте одбиле. Стравот да одбиете да направите нешто е во вашата глава, а во реалноста луѓето ќе ве разберат, ако умеете да се изразите на вистинскиот начин.rnrnДоколку не сте сигурни како треба да постапите, одберете некоја од следниве техники која најмногу одговара на вашата ситуација:rnrn7 едноставни начини да кажете „Не“ 1. „Немам време да се посветам на тоа што го бараш од мене, бидејќи имам други приоритети во моментов, како што се …“. Ако сте навистина зафатени и немате време да го направите тоа што го бараат од вас, со оваа реченица личноста ќе сфати дека вашиот распоред е преполн и ќе мора да се повлече.rnrn2. „Сега не е вистинскиот момент за тоа, зафатен/а сум со нешто. Може да се чуеме друг ден?“ Понекогаш не сте во можност да трчате наоколу помагајќи им на сите, бидејќи имате некоја друга битна работа да завршите. Со оваа техника, она што го бараат од вас ќе го ставите на пауза и ќе го одложите за некој друг момент, кога вам ќе ви одговара.rnrn3. „Навистина би сакал/а, но…“ Употребете ја оваа реченица кога нечија идеја ви се допаѓа, но поради различни потреби и приоритети не сакате да ја прифатите. Ова е културен начин да одбиете и нема ништо лошо во тоа..7 едноставни начини да кажете „Не“rnrn4. „Да размислам, па ќе ти одговорам на прашањето“. Ако се наоѓате во ситуација во која некој ви предлага нешто што ви звучи одлично, но не сакате да се истрчате да кажете „да“ пред да размислите, употребете ја оваа техника. Ако личноста е искрена во врска со предлогот, ќе има желба да ве почека додека се одлучите.rnrn5. „Тоа не е во согласност со моите сегашни потреби, но ќе те имам на ум за во иднина“. Ако некој сака со вас да се договори за нешто што тотално не одговара на вашите потреби, тогаш јасно кажете му го тоа. Во спротивно, дискусијата може да трае подолго отколку што би сакале. Со тоа што и кажувате на личноста дека ќе ја имате предвид идејата за во иднина, сигнализирате дека сте отворени за други ситуации.rnrn6. „Верувам дека јас не сум вистинска личност која може да ти помогне. Зошто не ја/го прашаш …?“ Доколку вие немате начин да му помогнете некому, дајте му на знаење дека се обратил на погрешна личност. Ако познавате некој кој би можел да му помогне, посочете ја таа особа.rnrn7. „Не, не можам“. Ова е најлесниот и најдиректниот начин да кажете „не“. Постојат многу бариери во нашиот мозок кои не спречуваат да ги одбиваме туѓите барања, но тие воопшто не се реални. Не размислувајте многу како да одбиете, туку едноставно сторете го тоа! Ќе бидете изненадени кога реакцијата од спротивната страна нема да биде ни половина лоша, од таа што сте си ја замислувале.rn rn7 едноставни начини да кажете „Не“Научете како да кажете „не“ на работи кои не одговараат на вашите потреби и кога еднаш ќе го направите тоа, ќе сфатите всушност колку било лесно. На тој начин ќе добиете повеќе време за себе, за вашата работа и за нештата кои ви се најбитни.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.