КАФЕ ПАУЗА

Category: Тематски хороскоп

  • Астрологијата и стилот на облекување

    Астрологијата и стилот на облекување

    Секоја личност има различен стил на облекување, кој ја одвојува и разликува од останатите луѓе. Прочитајте што велат планетите за стилот на облекување на вашиот хороскопски знак. Астрологијата и стилот на облекувањеrn

    Овен

    rnОвните се трендсетери во модата и облекувањето. Тие имаат добар вкус и секогаш сакаат да се истакнуваат помеѓу останатите луѓе со избор на секси облека која им дава самодоверба и моќ. Родени со природно чувство за авантура, овните сакаат да експериментираат во светот на модата, со испробување различни стилови на себе. На машките овни најдобро би им прилегала комбинација од тесни пантолони со бела кошула со манжетни, која истовремено ќе им влева и поголема самодоверба. Женските припаднички на овој знак, најверојатно најмодерно би изгледале во здолниште до колена или тесни црни панотолони, во комбинација со блуза која убаво ќе прилега, во согласност со пригодата. Најчувствителен дел од телото на овните е главата, така што добро им стојат и капи, шалови и разни други модни додатоци. УбавО изгледаат во нијанси на црвено.rn

    Бик

    rnБиковите бараат удобност пред сè друго. Тие немаат тенденција нешто многу да ги следат модните трендови, но затоа сакаат да се облекуваат во скапа брендирана или дизајнирана облека. Биковите сакаат материјали кои се меки на допир, како што се свилата и мекиот памучен материјал. Дури и кога немаат некоја особена причина да изгледаат дотерано, биковите сакаат да бидат перфектно средени. Машките претставници изгледаат добро во некое модерно секси одело, во кафена или пастелна боја. Женските бикови треба да избегнуваат да носат тесни и кратки здолништа. Најубаво им прилегаат здолништа кои се аеродинамични, елегантни и изработени од некој сјаен материјал. Исто така, треба да избегнуваат да носат премногу широка облека со цел да делуваат послабо. Најчувствителен дел од телото на бикот е вратот, што значи дека нежни синџирчиња, марами, шалови, кравати убаво им прилегаат.rn

    Близнаци

    rnПоради нивната љубопитна природа, близнаците ги следат новите трендови , бидејќи брзо им досадува од старите. На нив не им е битна етикетата, ниту модниот аспект, сè додека она што го носат им стои добро и изгледа убаво. Она што ним им е најбитно во облеката, е таа да биде мека и пријатна на допир и секогаш го купуваат она што ќе им се допадне уште на првото пробување во бутикот.  Мажите сакаат целосно да ги променат традиционалните обичаи во облекувањето, па затоа секојдневно преферираат да носат памучни пантолони и маици, во кои ќе се чувствуваат „лесно“. На жените најдобро им прилегаат тесни блескави фустани со ликра. За поформални настани, можат да облечат долги, цветни, лелеави фустани. Со близнаците управуваат рацете и рамената, па сè што ќе ги истакне овие делови од телото, како алки, болеро, греачи за раце, би изгледало одлично на нив.rn

    Рак

    rnРаковите имаат тенденција да се облекуваат според нивното моментално расположение. Нив може некогаш да им се допаѓа некое парче облека, но кога ќе им се промени расположението кое во тој момент го имале, може да се смени и нивниот избор на облека и вкус. Кога се во меланхолично расположение, носат црно-бели комбинации, а кога се порасположени сакаат да носат светли бои. Машките ракови, најудобно се чувствуваат во фармерки кои не се целосно припиени за нозете, но сепак убаво ги оцртуваат облините, во комбинација со памучни поло маици. Најголемата цел која сакаат да ја постигнат женските припаднички во облекувањето, е во магичното мешање на различни материјали, како на пример свила и памук и идеално акцентирање на стилот со разни везени цртежи или апликации. Овој знак троши големи суми пари на долна облека изработена од висококвалитен материјал. Убаво им стои зелена боја. Најчувствителен дел од нивното тело се градите, така што џемпери и маици со V-отвор и подолги синџирчиња ќе изгледаат одлично на нив.rn

    Лав

    rnРодените во знакот лав живеат со стил и сакаат да носат елегантна, добро скроена облека која привлекува внимание. Лавот сака да се облекува најдобро од сите. Дури и кога нешто изгледа недостижно или финансиски недозволиво, тој ќе најде начин да стигне до него. Името на брендот и цената на облеката е она што го диктира модниот стил на лавот. Секогаш го носи она што е тренди и мора да изгледа беспрекорно во секое време. Кога е во прашање модата, удобноста не игра никаква улога во неговиот избор на облека. Машките лавови одлично изгледаат во свилена кошула и вратоврска и елегантно одело. На женските најдобро им стојат капри пантолони или пошироки пантолони до под колена кои се врзуваат на нозете, во комбинација со тесна маичка. Убаво им прилегаат динамични и „живи“ бои, како на пример златно-жолта, кои ќе ги одвојуваат од останатата толпа луѓе. Најкарактеристичен дел од нивното тело е грбот, така што на женските припаднички на овој знак им прилегаат тоалети со отворен грб и скапоцени синџирчиња околу вратот.rn

    Девица

    rnДевиците посветуваат огромно внимание на нивниот стил на облекување. Тие се најчесто минималисти и гледаат со подбив на оние тренди облеки кои не дозволуваат слобода на движење. Без разлика дали станува збор за прешироки пантолони за кои е неизбежно да се носи ремен за да останат на нозе, претесни пантолони во кои не може да се мрдне или корсети кои го оневозможуваат дишењето, девицата дефинитивно ќе ги избегне ваквите трендови. Овој знак расфрла многу пари на облекување и дефинитивно ќе ги прескокне попустите во бутиците. Преферираат да се облекуваат едноставно, класично и пристојно, нивната облека е секогаш совршено испеглана и личи како штотуку соблечена од куклата во продавница. Стилот и облекувањето, според девиците се безвремени и траат за цел живот. Најкарактеристичен дел од нивното тело е стомакот, па вообичаено скромните девици, со задоволство би носеле пократка, тесна маица за да ги истакнат нивните стомачни мускули. Убаво изгледаат во боите на природата, а во нивната минималистичка мода дозволено е носење на сосема малку накит на себе.rn

    Вага

    rnВагите имаат специфичен вкус за облекување, па типично за нив е никогаш да не се доволно задоволни од својот изглед. Трошат доста време во процесот на одлучување што да облечат или што да купат, сè додека не го одберат совршеното парче материјал. Вагата има тенденција да се носи класично, притоа додавајќи тренди елементи. Следењето на модата е нешто што и доаѓа природно на вагата, но таа тоа го прави на свој уникатен начин. Издвојува доста време за совршено да го искомпонира својот изглед од глава до петици. Убаво и прилегаат сини и темно розови нијанси, во комбинација со црна или сива боја. Изгледа добро речиси во сè, а комбинациите од елегантни и секси материјали се нејзина специјалност.rn

    Скорпија

    rnМодниот стил на скорпијата е некако измешан. Таа има тенденција да се облекува според пригодата и нема некој одреден стил. Кога оди во ноќен клуб, скорпијата може да облече некоја секси облека за да го привлече вниманието на спротивниот пол, а за на работа најверојатно би облекла одело кое ќе прави да изгледа моќно, за да изгледа доволно сериозно за работната позиција која сака да ја има. Таа го облекува она што ги задоволува нејзините потреби или она кое смета дека ќе и помогне да ја достигне целта. Кога станува збор за накитот, скорпијата или носи премногу или воопшто не носи. Стилот на облекување на овој хороскопски знак наликува на животот на актерите; таа ќе го носи оној костим кој најдобро ќе одговара на улогата која таа треба да ја одигра во текот на денот. Овие личности сакаат да ја покажат нивната страст и интензивност преку облеката што ја носат, па преферираат луксузни материјали во силни бои како црвена, црна и виолетова.rn

    Стрелец

    rnСтрелците се авантуристи по природа, кои преферираат да бидат надвор наместо дома и тоа се одразува и на нивниот стил на облекување. Најубаво се чувствуваат во удобна облека и не ги следат модните трендови. Сакаат облека која ќе им овозможува движење и ќе одговара на нивниот активен стил на живеење, па најчесто можете да ги видите во спортска облека, долги лелеави здолништа или широки пантолони. Тие ќе ја носат облеката сè додека не избледи. Стрелците обично не се баш соодветно облечени за пригодата, ама тие воопшто не се грижат за тоа што го носат, туку ги интересира дали другите луѓе ги разбираат на интелектуално ниво. Хипи стилот совршено би изгледал на стрелецот, во комбинација со некои удобни чевли за пешачење или сандали. Светлите бои им го подигаат духот, а убаво им прилегаат и темно сина, жолта и беж боја.rn

    Јарец

    rnЈарците имаат „кежуал“ стил на облекување, сè до оној момент кога сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тогаш машките јарци облекуваат одела, а женските, некои убави потпетици. Тренерките најчесто не се дел од нивната гардероба, а нивното оправдување е дека не можат да си дозволат сè да си купат. Секогаш кога има попуст низ трговските центри, јарците одат по рафтовите и бараат нешто што е практично. И покрај тоа што не ги следат трендовите, јарците одбираат да носат нешто што изгледа добро на нив и може да им помогне да напреднат во кариерата.  Јарците се во потрага по евтина, класична, безвремена облека. Наспроти нивната штедлива природа, женските јарци имаат тенденција да трошат доста пари на накит. Зелени и кафени тонови им прилегаат најдобро.rn

    Водолија

    rnПримарни продавници за водолиите се оние каде облеката е евтина. Тие можат да пронајдат уникатни парчиња облека, по цена која нема многу да го наруши нивниот буџет. Водолијата умее да ја следи модата, на свој уникатен начин. Кога е во тренд ретро стилот на облекување, водолијата наместо да се облекува согласно актуелната мода, таа буквално ќе пронајде ретро парчиња. Ткаенини во разни бои и облека која ќе ги шокира луѓето е задолжителна во плакарот на водолијата. Разновидноста го опишува нејзиниот стил на облекување. Како и да е, водолијата би сакала да поседува барем едно одело кроено по нејзина мерка, кое е многу скапо, сјајно, префинето и совршено. Најдобро изгледаат во тиркизна боја, а убаво изгледаат и во виолетово, сино, сиво, црно и вино-црвена боја.rn

    Риби

    rnРибите имаат едноставен стил на облекување, кој е одраз на нивната сензитивна и сочувствена душа. Тие не се ограничуваат во однос на последните модни трендови. За нив облеката е форма на социјална структура и доколку би можеле, тие би шетале голи. Флексибилни се во она што одбираат да го облечат и најчесто кога купуваат, тоа е од неопходни причини. Но, тоа не значи дека купуваат само колку за да имаат нешто во плакар, туку одбираат парче облека  кое навистина им се допаѓа и кое не планираат да го симнат од себе сè додека не се скине. И покрај тоа што рибите преферираат да чекорат боси, тие најчесто имаат неколку пара обувки за да внесат разновидност во својот стил. На рибите облекувањето не им е главна преокупација во животот, па можеби токму поради тоа секогаш изгледаат добро, каде и да одат. Убаво изгледаат во сино, зелено, тиркизно и кајсија боја, а нивниот најдобар стил на облекување може да биде комбинација од старовремско и модерно.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и ерогените зони

    Астрологијата и ерогените зони

    Некои астролози го поврзуваат секој хороскопски знак со одреден дел од телото, кој е најчувствителен кај секој од нив. Сакате да добиете божествен водич за „жешките точки“ на вашиот љубовен партнер? Секако дека сакате, бидејќи дознавајќи ги оние зони кои му даваат најголемо задоволство на вашиот/вашата љубен/а, може да донесе многу секси и неочекувани резултати.rnrnАстрологијата и ерогените зониrn

    Овен: глава и лице

    rnОвенот е многу чувствителен на галење на челото и слепоочниците. Тој обожава да си играте со неговата коса, да му ја чешлате или да поминувате со вашите прсти низ неа. Женските припаднички на овој хороскопски знак, уживаат во бакнежи по вратот и ушите, од партнер со остра брада. Друг предлог е нежно да ги грицкате усните на овенот. Тоа дефинитивно ќе го полуди.rn

    Бик: врат

    rnМожете да почнете со нежни допири по задниот дел на главата (кај тилот) и постепено да продолжите со бакнување по должината на вратот. Пријатно би го изненадиле доколку „случајно“ го допрете по вратот, додека се обидувате да му ја наместите јаката. Сензуалните бакнежи и нежните грицкања на неговите усни, кои ќе следуваат потоа, треба да се одвиваат бавно и по природен тек.rn

    Близнаци: раце, дланки и рамена

    rnБакнувајте ја внатрешната страна на нивните раце, потоа нежно лижете ги дланките, а на крај шмукајте ги нивните прсти. Ќе почувствувате како близнакот ќе почне да трепери и да се возбудува сè повеќе и повеќе, ако умеете умешно да ја одолговлекувате оваа предигра.rn

    Рак: гради

    rnМашките и женските припадници на знакот рак, обожаваат француски бакнежи. Градите им се најсензибилниот дел од телото, па ако нежно ги допирате и лижете по градите, верувајте дека ќе добиете „жешка“ реакција. Исто така, внимателни штипкања по градите можат да го зголемат неговото задоволство.rn

    Лав: грб

    rnМожете да го започнете „главниот настан“ во бањата. Нежно тријте му го грбот со сунѓер и вашиот лав ќе се претвори во „опасен мачор“. На највисоката точка на неговото задоволство, можете да почнете да го гребете по грбот. Исто така, имајте ги на ум и еротичните масажи со етерични масла.rn

    Девица: стомак

    rnДевиците најмногу ќе се возбудат ако ги допирате со јазикот и со вашата коса, по нивниот стомак. Потрудете се предиграта да трае подолго, а издвојте време и да и го бакнувате папокот, па ќе видите што ќе се случи.rn

    Вага: долен дел на грб и задник

    rnЛесно ќе ја препознаете вагата по нејзиниот убав задник. Во најинтимните моменти поминати со неа, нежно потчукнувајте и го задникот и лукаво потштипнувајте го. За да додадете уште повеќе возбуда, нежно допирајте ја по ’рбетниот столб со вашите брадавици.rn

    Скорпија: полови органи

    rnНе треба да сте генијалец за да ги пронајдете најчувствителните ерогени зони кај скорпијата. Галења, допири и бакнежи на гениталиите и околу нив, како и орален секс, се дефинитивно најдобрите начини да ја „збеснете“ скорпијата.rn

    Стрелец: бутови

    rnНежно удирање по внатрешната страна на бутовите и глатко допирање на областа околу гениталиите, ќе гарантира „будење“ на неговите сетила. Женските стрелци се исто така чувствителни на нежни допири по нивната коса. Овој знак ужива и во нежна масажа по неговите усни со некое топло, миризливо масло.rn

    Јарец: колена

    rnБакнувајте го зад колената за да ја разгорите неговата страст. Потоа нежно допирајте го неговото тело одозгора – надолу со вашите брадавици. Одвојте време и за бакнување на неговиот папок и бедрата.rn

    Водолија: од листовите до глуждовите

    rnСите секс пози кои овозможуваат допирање на овие делови на нејзиното тело, ќе го пролонгира нејзиното задоволство. Водолијата исто така, многу сака да се милува и гали, така што бидете нежни со неа.rn

    Риби: стапала

    rnРибата силно ќе се возбуди доколку започнете нежно да ги масирате нејзините стапала. Со врвовите на вашите прсти или со парче свила допирајте ги нејзините стапала, а потоа бакнувајте го пределот од прстите до глуждовите. Сензуално погалете го нејзиното тело со вашето стапало, за да ја полудите.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и солзите

    Астрологијата и солзите

    Дали ги гризете усните и се плашите да ги откриете емоциите пред семејството и најблиските во интензивните емоционални ситуации или јавно покажувате сè што чувствувате? Прочитајте кое однесување е типично за вашиот хороскопски знак во ваквите мигови.rnrnАстрологијата и солзитеrnrnВодните знаци скорпија, рак и риби се оној тип на луѓе на кои можете да им видите солзи во очи. Нив не им пречи да ги покажуваат пред другите луѓе, бидејќи имаат тенденција да го прават тоа што го чувствуваат и навистина им придаваат големо значење на емоциите. Тие исто така умеат да ги сфатат тажните емоции на другите луѓе, па во тој случај може да следуваат повеќе солзи. Скорпијата сака да оддава впечаток дека е приватна личност која умее ги држи своите чувства под контрола, но во суштина е исто толку сентиментална колку што се ракот и рибите. Скорпијата, всушност, кога се чувствува измамено, ги меша своите чувства на тага со доза на гневни емоции, кои прават да делува поцврсто.rnrnВоздушните знаци близнаци, вага и водолија не сакаат да се вплеткуваат во нешта кои ќе им создадат емоционална турбуленција. Тие имаат тенденција веднаш да се повлечат настрана, да ја анализираат ситуацијата, а кога ќе донесат заклучок избегнуваат да ги покажат своите емоции. Нивното повлекување од „жешките ситуации“ може да биде од голема корист понекогаш, но многу почесто љубовните партнери на овие хороскопски знаци навистина посакуваат нивниот/та љубен/а да го „спушти штитот“. За разлика од водните, воздушните знаци сметаат дека ако се препуштат на своите емоции, ќе станат непромислени и целосно ќе изгубат контрола врз своето однесување. Вагата особено сака да ја задржи нејзината појава во надворешниот свет, така што потечени очиња и мокри обравчиња едноставно не се нејзин стил.rnrnОгнените знаци овен, лав и стрелец може надворешно да оставаат впечаток како да не се грижат и не сочувствуваат со другите, но тоа е далеку од реалноста. Тие едноставно имаат свој начин на демонстрирање на емоциите. Тажната ситуација ќе ја претворат во шега, со цел да ги прикријат нивните вистински чувства. На моменти дури може да им засмета нечие јавно покажување на емоции, бидејќи тоа го уништува нивното весело и позитивно расположение. Но, кога еднаш ќе сфатат дека соочувањето со емоциите всушност ја одржува нивната виталност и енергија, огнените знаци ќе станат повеќе склони кон нивно демонстрирање.rnrnЗемјените знаци бик, девица и јарец имаат топло срце, но нив никогаш не им е удобно да покажуваат ранливост или не дај Боже да пуштат солза. Тие имаат тенденција да го одвлекуваат своето внимание од тажните емоции преку правење нешто, што било. Практичноста е нивната техника за бегање од реалните емоции. Јарецот сака да делува кул и софистицирано, бикот никогаш не сака да остава впечаток на неодлучна личност, а девицата има тенденција да ги доживува останатите како да им е потребна повеќе помош отколку на нејзе самата.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Астрологијата и релаксирањето во слободно време

    Астрологијата и релаксирањето во слободно време

    Колку навистина знаете да се релаксирате и да се препуштите на мислите кои ви говорат дека животот е убав? Дали бесцелно талкате низ секојдневието кога ќе се вратите дома од училиште, факултет или работа и на крајот од денот сфаќате дека сте проживеале уште еден напнат и заморен ден? Или можеби умеете да го пронајдете вашиот метод на „кулирање“ и да им дозволите на вашето тело и ум да ги „наполнат батериите“ за новото утре? Прочитајте што велат ѕвездите за вашиот хороскопски знак.rnrnАстрологијата и релаксирањето во слободно времеrn

    Кардинални знаци

    rnОвенот, ракот, вагата и јарецот чувствуваат вишок на енергија во себе, која сакаат да ја согорат со тоа што си задаваат цели кои сакаат да ги постигнат, па изгубеното време поминато во паузи, може да биде стресно за нив. Она што им треба, е да поминат повеќе време со нивните блиски другари и со членовите на семејството и да научат како да забават.rnrnЈарецот мора да научи да биде понежен, полн со љубов, милостив и да посвети повеќе време на своето семејство и на сите блиски луѓе воопшто.rnrnОвенот треба да го научи значењето на зборот сплотеност и да му дозволи на неговиот партнер, барем понекогаш да ги „држи конците“.rnrnНа вагата ѝ користи времето помината сама со себе, бидејќи на тој начин се заштитува од нејзино вовлекување во нешто во кое не сака да биде.rnrnРакот дефинитивно треба да потроши време на самоанализа во мирно опкружување, бидејќи тоа ќе му помогне да си ги „наполни батериите“.rnrnrn

    Променливи знаци

    rnБлизнаците, девицата, стрелецот и рибите се неуморни знаци, но после напорниот ден, тие со задоволство ќе се стават во „chill-out“ мод.rnrnНа близнаците сè што им треба, е да го одржат нивниот ентузијазам и оптимизам на високо ниво, бидејќи кога немаат што да прават, тие стануваат намуртени и меланхолични.rnrnДевицата треба да научи како да „одлета“ со мислите, наместо постојано да се грижи за плановите и за најситните детали.rnrnСтрелецот ќе има поголема корист ако помине повеќе време размислувајќи ги, а не правејќи ги работите.rnrnРибите ќе се чувствуваат поисполнето, доколку после напорниот ден прават некоја физичка активност.rnrn

    Фиксни знаци

    rnБикот, лавот, скорпијата и водолијата имаат тенденција да ги мразат промените, така што нивната промена од состојба на работење кон состојба не правење ништо кога ќе дојдат дома, ќе ги направи нерасположени барем во текот на наредните неколку часа.rnrnБикот знае да се препушти на мрзата, така што тој не би требало да има никаков проблем во „вклучувањето на копчето за релаксација“.rnrnИмањето пријатели покрај себе е секогаш најдобрата алатка за релаксација на лавот.rnrnСкорпијата треба да усвои малку од методот за уживање и релаксирање на бикот и да се почести себеси со едно сериозно опуштање на телото и умот.rnrnВодолијата треба да научи да ги игнорира сите околу себе и да се концентрира на себеси, барем неколку дена. Ќе се врати ревитализирана и освежена.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Астрологијата и страста

    Астрологијата и страста

    Што го „пали“ вашиот љубовен партнер? Без разлика дали тој/таа во сексот се поврзуваат на духовно, мистично ниво или си го закажуваат самиот акт во нивниот дневен планер, секој хороскопски знак има позитивен стил кога станува збор за ова задоволство. Откријте како да ја одведете интимноста со вашиот партнер до нови, „магични височини“, дознавајќи го влијанието на планетата која управува со неговиот хороскопски знак.rnrnАстрологијата и страстаrnrnЛавот го возбудува помислата дека го забележувате и цените како личност. Погалете го неговиот/нејзиниот грб одозгора надолу и притоа со „љубовна нота“ шепнете му/и во уво некој комплимент. Верувајте, лавот нема да остане рамнодушен на убавите зборови.rnrnТајната за поминување една незаборавна романтична вечер со вашиот рак, е да направите да се чувствува сигурно и заштитено. Спалната соба е најдоброто место во кое можете да се релаксирате и да зборувате слободно за сето она што ви лежи на душа. Бидете отворени, расположени, нежни и чувствителни за да ја разбудите страста во вашиот љубовник со хороскопски знак рак.rnrnКога станува збор за близнаците и девиците, ништо нема да ви донесе повеќе возбуда во креветот од добриот разговор базиран на обострано зборување и слушање. Одрежете жива, весела комуникација во спалната и избегнувајте сериозни теми на разговор. Чувајте го нивниот ум свеж и активен, на начин што во детали, вербално ќе им објаснувате сè што планирате да им правите во креветот.rnrnБикот и вагата се сензуални и грациозни секс партнери, кои сакаат да даваат, но го очекуваат истото од вас за возврат (тие воопшто не ценат самобендисани луѓе). Создадете пријатна атмосфера, луксузно декорирајте ја собата, прилагодете се на секоја нивна желба и ќе го добиете и вие она што ви следува.rnrnОвните сакаат физички да ја демонстрираат нивната страст и би сакале да им дадете дозвола да ја заземат главната улога во креветот и да ви ги остварат сите ваши сексуални фантазии. Следете ги. Кога ви се дава прилика да правите нешто дрско, не се повлекувајте.rnrnЈарците може на прв поглед да изгледаат конзервативно кога станува збор за сексот, но тоа го компензираат во постелата со нивниот нежен, сензуален и трпелив стил на водење љубов. Сексот со нив можеби не е спонтан, но јарците по природа се „диви“. За да биде задоволен, договарајте со него редовни термини во седмицата за водење љубов.rnrnСтрелецот има богата духовна природа и не е тајна дека има желба сексот, интимноста и водењето љубов да ги одведе до едно легендарно ниво. Бидете дарежливи со стрелецот во кревет и научете спектакуларно да го прославувате чинот на водењето љубов. Трчајте низ шумата голи, бркајќи се еден со друг, може да биде една предлог – идеја. :)rnrnЉубовникот со хороскопски знак водолија е див, понекогаш перверзен, умее добро да се забавува, а во остатокот од времето е емоционално отсутен. Со неа бидете отворени, експериментирајте и имајте волја да го пробате она што има да ви го понуди, но не и дозволувајте да го избегнува емоционално поврзување, кое прави партнерите во сексот да се чувствуваат интимно блиски и задоволни.rnrnРибите се мечтатели, кои изгледаат како да дошле на планатава од некое далечно место. Тие можат да лежат и само да гледаат во вашите очи со саати, доколку им го дозволите тоа. Па, дозволете им. Обидете да се поврзете со нив на едно мистично ниво, со тоа што ќе го одржувате контактот со нивните тажни очи, кој може да ве одведе двајцата до највисоката точка на сексуално уживање.rnrnМоже да мислите дека вашата скорпија сака да ја поседува вашата душа на начин што сексуално ќе се поврзе со вас и да ви изгледа како таа да си ги „полни батериите“  кои ја одржуваат во живот со вашата сексуална енергија. Тоа и не е далеку од вистината. Кажете и на вашата скорпија што посакувате. Бидете искрени. Верувајте, таа ќе ги претвори сите ваши сексуални мечти во реалност.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Астрологијата и справувањето со вашиот флертувачки шеф

    Астрологијата и справувањето со вашиот флертувачки шеф

    Уште една забава со вашите колеги, организирана од фирмата во која работите. Таму е и вашиот шеф/шефица, кој/а после неколку испиени чашки почнува да флертува со вас. Можете ли да го/ја одбиете, а истовремено да ја задржите вашата работна позиција и да не ја уништите шансата за напредок во фирмата? Прочитајте како реагира секој хороскопски знак во ваквите ситуации и научете како да ја избегнете драмата. Ќе ви звучи чудно, но со хороскопските знаци со вроден флертувачки дух: близнаци, овен, стрелец и водолија, најверојатно наједноставно би излегле на крај.rnrnАстрологијата и справувањето со вашиот флертувачки шефrnrnБлизнаците се комуникативни и постојано се во потрага по „плен“, така што ако можете да останете рамнодушни на нивните духовити и шармантни досетки и да избегнете да бидете „приклештени“, тие најверојатно лесно ќе преминат во друга потрага.rnrnОвенот обожава предизвици, така што нека не ве збунува и изненадува неговиот настап. Останете рамнодушни на неговото задевање и шегување со вас и ќе констатирате дека времетраењето на неговиот обид да ве освои нема да трае долго. Ако не сакате да бидете неговата освоена битка, овенот брзо ќе премине на некој/а друг/а.rnrnСтрелецот и водолијата кои седат зад директорското столче сакаат да се однесуваат пријателски настроени со вработените, така што немојте приодот кој го имаат кон вас да го протолкувате, како нивен „обид за правење грев“ со вас. Тие можеби имаат „ѓаволеста“ искра во нивните очи, но одбивањето од ваша страна не би го прифатиле лошо, сè додека умеете да го изведете на интересен начин.rnrnДевиците знаат да бидат многу наметливи, така што ако не сте спремни за високо – ризичен флерт, избегнувајте ги со сите ваши сили. Среќна околност е тоа што девицата најверојатно би флертувала со сите присутни на колегијалната забава, па вашиот ризик ќе трае сè додека таа ве има на радар. Забелешка: Ако вашата шефица е девица, не грижете се: таа не би сакала да се посрамоти пред помладите менаџери.rnrnАстрологијата и справувањето со вашиот флертувачки шефrnrnСо биковите е тешко да се излезе на крај, особено бидејќи тие се високо атрактивни, благи и попустливи шефови, кои се по малку „гладни за моќ“. Љубовното одбивање тие можат да го доживеат како знак дека тие не се главни. Директно „не“ може да ги налути, па доколку сакате да ги одбиете, откраднете се од забавата на компанијата, додека бикот не гледа.rnrnВагата слатко, љубезно и убедливо ќе направи да не можете да правите ништо друго освен да стоите и да се „топите“ на комплиментите кои таа ви ги упатува. Вагите најчесто имаат поинакви романтични надежи на ум одошто надворешно оставаат впечаток, така што ако не се „онесвестувате“ на секој нивни збор, ќе ги охрабрите да се повлечат.rnrnЈарецот има јако чувство за тоа кое е неговото хиерархиско место, така што без разлика ако тој долго гледа во вас од спротивната страна на просторијата, тој сепак не би ризикувал да го изгуби својот имиџ со тоа што би постапил детски и неразумно.rnrnВо однос на аферите на работното место, лавот е проблематичен знак бидејќи нивното его им создава потреба да бидат обожавани од сите колеги. Истото се однесува и на водните знаци рак, скорпија и риби, кои одбивањето би си го сфатиле многу лично. Овие хороскопски знаци најбезболно би се повлекле, ако им пристапите со спремен изговор: „Ако немав девојка/момче можеби би…“. Сè додека не си го земат вашиот одговор при срце, вие би успеале да ја избегнете драмата.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и вашата улога во семејните драми

    Астрологијата и вашата улога во семејните драми

    Каква е вашата реакција кога настануваат некакви проблеми и кавги во вашето семејство? Улогата која ја имате во фамилијарните драми, во голем дел е условена од карактеристиките кои ги има вашиот хороскопски знак. Прочитајте кои се вашите типични реакции во напнатите фамилијарни ситуации.rnrnАстрологијата и вашата улога во семејните драмиrnrn

    Овен

    rnАко некој член на семејството е третиран неправедно од страна на останатите, овенот веднаш ќе почне да го брани и заштитува. Гневот и лутината на овој хороскопски знак никогаш не трае долго, така што после кратко време, тој ќе ги смири сите инволвирани во кавгата.rnrn

    Бик

    rnОвој знак обично влева чувство на безбедност кога започнува да владее хаос во домот. Но, биковите сепак стануваат претерано осетливи ако ситуацијата постане премногу хистерична, бидејќи тие не ја гледаат поентата во бурното емотивно реагирање.rnrn

    Близнаци

    rnОвој знак не сака емотивни ситуации, поради што ќе настојува да ги освежи „вжештените глави“ на семејните членови преку добра комуникација, која ќе овозможи сите да почнат повторно да размислуваат и да се однесуваат нормално.rnrn

    Рак

    rnОвој знак ќе направи сè што е во неговата моќ за да ја врати слогата и единството во семејството. Тој ќе ги понуди членовите на семејството со разни закуски, за да се увери дека сите ќе бидат добро најадени пред да почнат да навлегуваат во „тешки дискусии“.rnrn

    Лав

    rnЛавот е забавувач и ќе се обиде да направи сите да се насмеат дури и во тензичните ситуации. Тие се вознемируваат само кога сметаат дека некој ги игнорира, а во тие ситуации не очекувајте некакво сочувство или разбирање од страна на лав.rnrn

    Девица

    rnВо напнатите фамилијарни ситуации девицата нервозно трчка наоколу нудејќи им на сите практични решенија и помош. Таа умее да ги разреши комплицираните ситуации благодарение на нејзиниот аналитички ум.rnrnАстрологијата и вашата улога во семејните драмиrnrn

    Вага

    rnВагата сака хармонична атмосфера, така што ќе се обиде да направи сè што е во нејзина моќ, за да ја „смири топката“. Вагите имаат исклучителна способност за внимателно слушање и можат навистина да разберат што другите сакаат.rnrn

    Скорпија

    rnКога станува збор за драматичните ситуации во семејниот дом, скорпијата ја игра улогата на заштитник, кој ги брани и им дава поддршка на оние членови од семејството, кои се најмногу нападнати и емотивно повредени во конфликтот.rnrn

    Стрелец

    rnСтрелците ги гледаат нештата од поширока перспектива, благодарение на што се полни со разбирање за своето семејство и не се вознемируваат поради некоја за нив – ситна кавга. rnrn

    Јарец

    rnОвој знак стои цврсто на земја и умее да си ги контролира емоциите. Јарците се спремни да дадат одговор на секое прашање и може да се каже дека тие најдобро можат да ја смират тензичната ситуација и да помогнат да се реши конфликтот.rnrn

    Водолија

    rnВодолиите се одлични медијатори кои не ризикуваат да се вовлекуваат себеси во заземање страни. Тие преферираат да се држат настрана од семејните кавги и само ќе потенцираат дека сите треба да бидат потолерантни додека разговараат.rnrn

    Риби

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак се несекојдневни луѓе, кои навистина умеат длабоко да сочувствуваат со емоциите на другите луѓе и е одлично да ги имате во вашата близина. Но, рибите понекогаш се затвораат и се изолираат во нивниот свет, бидејќи се плашат од напнати драматични ситуации.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и максимизирањето на вашите таленти

    Астрологијата и максимизирањето на вашите таленти

    Секој од нас има специјални таленти кои го прават различен и уникатен во однос на останатите луѓе. Но, целото тоа „патување“ додека да сфатиме кои се тие и како да го извлечеме најдоброто од нив, може да потрае подолго отколку што сме се надевале. Астрологијата може да ви помогне како да ги идентификувате квалитетите кои ги поседувате длабоко во себе и да сфатите што е она кое имате да му го понудите на светот.rnrnАстрологијата и максимизирањето на вашите талентиrn

    Овен

    rnВие сте надарени со огромна храброст, благодарение на која ги прифаќате предизвиците и авантурите кои ви се појавуваат на патот. Вашата пионерска способност за започнување нови проекти и иницирање нови идеи, ве прави легендарна личност во очите на сите оние кои добро ве познаваат.rnrnМаксимизирајте ги вашите таленти, соработувајќи со некој кој е подготвен да презема ризици исто колку и вие.rn

    Бик

    rnВие сте способни да создавате чувство на стабилност и комфор на луѓето околу вас. Знаете како да се релаксирате и да го живеете секој момент од вашиот живот.rnrnМаксимизирајте ги вашите таленти на начин што ќе внесете повеќе елан и волја во извршувањето на вашите секојдневни активности и ќе ја препознаете светоста на едноставноста.rn

    Близнаци

    rnКомуникацијата и секојдневното учење нови работи, се составен дел од вашата личност. Начинот на кој вие умеете да процесирате и споделувате информации, ви овозможува да умеете да создавате одлични тимови од луѓе, кои меѓусебно совршено си одговараат.rnrnМаксимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе ја определите целта поради која секојдневно ги акумулирате сите тие информации. Запрашајте се себеси: „Кое е подлабокото значење на односите кои ги градам со другите луѓе? “rn

    Рак

    rnВие умеете да направите да „цвета“ речиси сè што ќе наумите и сте способни да се грижите и да ги заштитите оние кои ви се најбитни во животот, сè додека е тоа изводливо.rnrnМаксимизирајте ги вашите таленти со тоа што вашата способност за помагање на другите луѓе ќе ја пренасочите кон себе, со цел да почнете да ги негувате и вашите сопствени соништа и цели.rn

    Лав

    rnВие имате вроден ентузијазам за забава и уживање во секој момент од вашиот живот. Вашиот палав дух и дарежлива природа, им го прават животот на луѓето околу вас барем малку поедноставен.rnrnМаксимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе ја зголемите вашата „публика од обожаватели“ и ќе се обидете да гледате пошироко на работите. Размислувајте како најдобро можете да ја употребите вашата дарба за повисоки цели?rn

    Девица

    rnВие имате чувство за тоа како да ги подобрите работите кои се случуваат околу вас. Благодарение на вашите високи стандарди, умеете да го кренете нивото на квалитет во работата и да ги мотивирате другите околу вас повеќе да се трудат да го дадат максимумот од себе.rnrnМаксимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе имате повеќе разбирање за сопствените и туѓите грешки, како составен дел од процесот на учење.rn

    Вага

    rnВие имате способност да создавате убави нешта и да воспоставувате рамнотежа во сè што правите, што на другите околу вас им помага да се релаксираат и да уживаат во овој свет.rnrnМаксимизирајте ги вашите таленти така што повремено ќе се запрашате себеси што сакате и што ви е потребно во животот, а потоа ќе настојувате да ги реализирате тие желби и потреби, пред да „трчате“ да ги остварувате туѓите.rn

    Скорпија

    rnВие имате емоционална визија остра како ласерски зрак, која ви овозможува да гледате под површината на нештата. Вашата способност инстинктивно да ги „прочитате“ потсвесните мотиви на другите луѓе, ви дава една уникатна и невообичаена моќ и длабочина.rnrnМаксимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе поминувате повеќе време во природа. Допирот со природата ќе ве стабилизира, ќе ви даде душевен мир и ќе ви помогне да создадете баланс во вашето постојано „патување“ од површниот, надворешен свет, кон оној подлабокиот.rn

    Стрелец

    rnВашата оптимистична и љубопитна природа ви овозможува да гледате на светот од повеќе различни перспективи. Вие сте роден ученик, кој тежнее да акумулира што е можно повеќе знаење, за новите филозофии и концепти на животот.rnrnМаксимизирајте ги вашите таленти така што ќе создадете баланс во вашата двојна улога на учител и ученик. Доколку успеете во тоа, никогаш нема да стагнирате во ниедно поле од вашиот живот и ќе бидете задоволни од сами себе.rn

    Јарец

    rnВие знаете како да ги определите вашите цели и како да ги претворите во реалност, што ве прави способни за заработување пари и овозможување финансиска стабилност на долг рок.rnrnМаксимизирајте ги вашите таленти на начин што ќе бидете емотивно подостапни за другите луѓе, ќе бидете поотворени за комуникација и без страв ќе ја покажувате вашата ранливост кога тоа го налага ситуацијата.rn

    Водолија

    rnВие инстинктивно умеете да ја видите „големата слика“ на нештата кои се случуваат околу вас. Талентирани сте да измислите нови концепти и да му понудите на светот одлични идеи, кои им помагаат на луѓето околу вас да ги подобрат нивните животи.rnrnМаксимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе си дадете себеси повеќе време за забава и насмевки. Тоа ќе ви помогне да размислувате покреативно и истовремено да градите подобра конекција со другите луѓе.rn

    Риби

    rnМоќната имагинација која ја поседувате ви создава совршени слики во вашата потсвест, кои ви создаваат одлична визија за светот околу вас. Таа особина која ја понесувате секаде со себе, не само што ги инспирира другите луѓе, туку и им влева надеж.rnrnМаксимизирајте ги вашите таленти со тоа што ќе ги претворите вашите визии во реалност, преземајќи ги неопходните чекори за да ги материјализирате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поврзете се со бившиот партнер со помош на астрологијата

    Поврзете се со бившиот партнер со помош на астрологијата

    Ве обземаат емоции за бившиот партнер и едноставно не можете никако да си помогнете. Седнувате на компјутер и почнувате да го „манијачите“ неговиот профил на социјалните мрежи и го молите Господ никогаш да не дознае за тоа. Сакате да го видите, некаде да го сретнете, да поразговарате, со надеж дека работите можат да се вратат назад какви што биле некогаш. Со многуте можности за поврзување кои денес ги нудат интернетот и социјалните мрежи и ве предизвикуваат да паднете во искушение да му/и пишете, едноставно не знаете кој начин да го одберете за да му/и пристапите.rnrnПоврзете се со бившиот партнер со помош на астрологијатаrnrnКој хороскопски знак е вашиот екс партнер? Астрологијата може да ви помогне со некои предлози и совети за тоа како да стапите во контакт со него/неа од нигде-никаде.rn

    Овен

    rnБидете директни! Овенот сака да знае што сакате од него и зошто. Ако сте искрени, овенот ќе го почувствува тоа и ќе ви возврати љубезно.rn

    Бик

    rnПокажете му кои сте (и што сте постигнале во животот од минатиот пат кога сте се виделе). Бикот не може, а да не праша за вашите успеси. Ако имате нови достигнувања во животот за кои бикот не знае, тоа ќе ве направи само посексапилни во неговите очи.rn

    Близнаци

    rnШто и да кажете – направете го тоа со стил и бидете интересни. Близнаците сакаат да се присетат на елоквентниот и досетлив другар, со кој некогаш биле во љубовна врска.rn

    Рак

    rnБидете истовремено слатки и кисели. Ракот е идеален микс од нежност и цврстина и сака да ја запамети неговата некогашна љубов како таква.rn

    Лав

    rnПотрудете се повеќе! Овој знак сака да се прикажува себеси во најдоброто можно светло, па стравувајќи да не му го повредите егото, ќе сака да знае дали доволно ви е грижа за него, и дали вреди да се вознемирува околу вашата неочекувана средба.rn

    Девица

    rnЗапомнете некој детаљ! Девиците ќе ги ценат оние мали нешта кои што сè уште ги помните од вашата врска.rnrnПоврзете се со бившиот партнер со помош на астрологијатаrn

    Вага

    rnСпомнете некој заеднички пријател. Вагите ги ценат заедничките работи што сте ги имале, совпаѓањето на вашите интереси и нештата од кои имате обострана корист.rn

    Скорпија

    rnБидете искрени! Скорпијата ќе ја почитува вашата самокритичност, хуморот на ваша сметка и храброста да ги прикажете нештата токму онакви какви што се.rn

    Стрелец

    rnИзмамете го! Овој знак сака да слушне дека „тревата е позелена кај комшијата“, па играјте ја неговата игра.rn

    Јарец

    rnПредизвикајте го! Јарец – знакот кој ја обожава потрагата, ќе сака да дознае која е вашата цел. Изнесете му ја на виделина, јасно и гласно.rn

    Водолија

    rnРечете и „Еј, се сеќаваш на мене?“ Тоа е сè што е потребно да направите. Вашиот бивш партнер има магловито сеќавање за вашата добрина, љубезност и дарежливост. Потсетете го! Бидете најдарежливата личност во универзумот.rn

    Риби

    rnСтанете дел од нивниот имагинарен свет. Овој духовен знак сака да патува во мислите на некое подобро место, како на пример во рајот, а вие треба да направите да се чувствува како да ги разбирате неговите илузии. Едноставно кажано замислете си дека вие двајца сте најсреќниот пар во светот, пред воопшто да се обидувате да стапите во контакт со рибите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и неверството

    Астрологијата и неверството

    Вашиот партнер е надвор од градот извесен период, а вам почнаа да ви се раѓаат чувства за некој/а друг/а. Како ќе постапите? Секој хороскопски знак има различен став кога станува збор за верноста и за начинот на кој се справува со искушенијата кои можат да го одведат во погрешен правец.rnrnАстрологијата и неверствотоrnrnМажите родени во знакот близнаци имаат репутација на непоправливи флертувачи, кои сакаат постојано да „скитаат“, вечно барајќи ја љубовта на својот живот, дури и ако се веќе во среќен брак. Но ова не е случај со жените близнаци, кои повеќе се водат според тоа што им го вели разумот, а не срцето.rnrnИстото важи и за овните, со тоа што припадничките на понежниот пол исто така имаат авантуристички дух и најверојатно ќе паднат во искушение ако атмосферата е доволно „жешка“.rnrnВодолиите од двата пола не ставаат толку голем акцент на апсолутната верност, бидејќи знаат дека нивната љубовна врска е базирана на пријателски однос, а не на страст. Тие сакаат да ја имаат слободата да прават што сакаат и тоа го кажуваат јасно и гласно уште на почетокот на врската.rnrnНа стрелците им е потребен љубовник кој истовремено ќе им биде и пријател, па поради тоа тие не сакаат во врската да се водат според некакви услови. Под одредени околности ним може да им се случи да изневерат и потоа да се каат што си дозволиле нивната импулсивност да им го помати здравиот разум.rnrnСкорпијата е хороскопски знак на кој му треба многу малку време за да почувствува длабока привлечност кон некоја личност. Ако таа го изневери својот партнер, постојат поголеми шанси дека ќе остане со новиот, отколку да се обидува да излезе на крај со две врски истовремено.rnrnНа лавот, вагата и девицата може да им се случи да паднат во искушение, но нив сериозно би ги загрижувало прашањето како аферата ќе влијае на нивната слика во јавноста. Таинственоста и лагата не се дел од карактерот на овие три знака, така што неверствата за нив претставуваат нешто неизводливо.rnrnРибите се нејасни и двосмислени на некој интересен и шармантен начин и тие уживаат да флертуваат и романтично да заведуваат. Но за нив се вели дека не се доволно умешни за да се вплектаат во афера од големи размери.rnrnЈарците избегнуваат да изневеруваат. Тие сакаат да се гостат со убава храна и квалитетно вино во отмени ресторани, па не би направиле нешто кое би го извалкало нивното достоинство.rnrnБиковите сакаат да си го следат патот кон нивните соништа и ним може да им се случи да паднат во искушение да изневерат, ако личноста е доволно примамлива. Но од друга страна, на нив им е многу важна сигурноста, така што не преферираат да направат нешто кое ќе го „разниша бродот“ во врската во која одбрале да бидат.rnrnРаковите лутаат најмалку од сите знаци бидејќи тие најчесто се многу предани во нивната врска и не би направиле ништо што би ја уништило истата. Нив во љубовта им е многу важно да ги одржуваат нежноста, блискоста и единството со нивниот партнер.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn