КАФЕ ПАУЗА

Category: Тематски хороскоп

  • Машко-женски хороскоп

    Машко-женски хороскоп

    Сте се запрашале ли некогаш зошто мажите со хорскопски знак вага се различни од жените ваги? Или зошто мажот рак и жената рак не се „правени со истиот калап“? Тоа е така, бидејќи некои хороскопски знаци значително се разликуваат во зависност од полот, додека кај други знаци и не се забележува некаква разлика.rnrnМашко-женски хороскопrnrn

    Овен

    rnОвните се активни, страсни и располагаат со силна енергија, а тие карактеристики се воочливи и кај машкиот и кај женскиот пол. Кај овните секогаш постои динамична амбиција да направат многу работи за кратко време. И кај двата пола се забележува натпреварувачки и авантуристички дух. Жените овни не се нежни и женствени, туку напротив се многу силни и енергично се движат кон патот на успехот.rnrn

    Бик

    rnБиковите, без разлика на полот, се добро познати по својата приземност, сталоженост, загриженост за иднината и посесивност. Додека мажите се големи гурмани и вистински уживаат во храната, жените бикови сакаат комфорен и убав дом. И мажите и жените бикови се тврдоглави, но за мажите е карактеристична големата жед за моќ.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се комуникативни, рамнодушни и прилично расеани. Мажите родени во знакот на близнаци уживаат во добро друштво и забава, но се непостојани во љубовните врски и тешко се приврзуваат. На сличен начин, жените близнаци се колебаат помеѓу тоа дали во секојдневието треба да се потпираат на својата интелигенција или на емоциите и инстинктот. Во љубовта, жените се претпазливи и одмерени.rn

    Рак

    rnНајголема астролошка разлика помеѓу машкиот и женскиот пол, постои кај раковите. И двата пола се емотивни и се обидуваат да се заштитат од надворешниот свет. Но со зрелоста, жените стануваат поцврсти, постабилни и се глава на семејството. Од друга страна, мажите најчесто остануваат приврзани за престилката на нивната мајка, а некои од нив остануваат засекогаш деца.rn

    Лав

    rnКај лавовите постои голема сличност меѓу различните полови, со тоа што кај мажите е поочигледна потребата да бидат во центарот на вниманието. Жените родени во знакот на лав се помалку горди од мажите и се попопустливи, но често тоа го прават половично. И мажите и жените обожуваат да бидат главни во друштвото.rn

    Девица

    rnДевиците се зборлести, неуморни и по малку ситничави. И двата пола имаат тенденција да останат стари моми или ергени, ако не внимаваат. Мажите родени во знакот на девица, исто како и мажите близнаци лутаат во љубовта и се хиперактивни, за разлика од жените, кои ја немаат таа особина.rn

    Вага

    rnОвој знак е симбол на рамнотежата. Кај вагите, веднаш после раковите, воочлива е голема разлика помеѓу мажите и жените. Господин Вага има мажествено тело, а феминистички дух, додека Госпоѓица Вага обратно, женствено тело, а силен, мажествен карактер. Тој има тенденција да биде нежен и мил, додека таа е поотворена, директна и аргументативна.rn

    Скорпија

    rnНе е тајна дека скорпиите се интензивни, емотивни, таинствени, жилави и сакаат приватност. И двата пола располагаат со голема скорписка енергија, со тоа што жените имаат поголема тенденција да бидат љубоморни, посесивни и остри во нивното однесување, кога се повредени.rn

    Стрелец

    rnСтрелците се сраствени, енергични и големи авантуристи, кои никогаш не престануваат да зборуваат. Мажите стрелци се доста силни и мажествени, а ни жените стрелци не се баш кротки и питоми. Мажите се повеќе склони кон интелектуална работа.rn

    Јарец

    rnЈарците имаат репутација на страшно вредни и работливи луѓе. Машките во однос на женските јарци се вистински душички. Жените се порамнодушни, оставаат крут впечаток и се многу амбициозни, и кога станува збор за успех во кариерата, и за својот статус во општеството.rn

    Водолија

    rnВодолиите се независни во одлучувањето, непристрасни и дефинитивно комуникативни личности. И двата пола родени во знакот на водолија имаат релаксирачки поглед кон животот и се доста тврдоглави. Машките водолии се љубители на новите технологии, а жените едноставно многу сакаат да сурфаат на интернет.rn

    Риби

    rnРибите се големи сонувачи. Многу се емотивни и не се баш одлучни. Шармот и добрите манири на мажите родени во знакот на риби, ги прави привлечни за повеќето луѓе. Тој е одличен слушател и сите се потпираат на него. Таа е покревка и поранлива и понекогаш чувствува недостаток на самодоверба. Но, тоа не ја спречува во реализација на нејзините планови.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хороскопот и молитвите

    Хороскопот и молитвите

    Се молите во себе или на глас? Барате да ви се остварат реални работи или претерувате со желбите како да му се обраќате на Дедо Мраз? Избирате ли зборови? Преферирате културно или понеофицијално обраќање во слободен стил? Според карактерите на луѓето со одреден хороскопски знак, може да се претпостави кој од нив како му се обраќа на Бога.rnrnХороскопот и молитвитеrnrnОвен: „Преблаг Господи! Те молам помогни ми да станам трпелива личност. Веднаш!“rnrnБик: „Господе, те молам помогни ми да направам промени во својот живот, но не сѐ уште.“rnrnБлизнаци: „Еј Богу…Или можеби си Божица? Кој си ти? Што си? Каде си? Колку ве има? Не можам да сфатам!“rnrnРак: „Драг тато, знам дека не треба толку да сум зависен/а од тебе, но ти си единствениот на којшто можам да се потпрам, додека моето ќебенце е на перење.“rnrnЛав: „Здраво тате! Сигурен сум дека си многу горд што ме имаш за син/ќерка.“rnrnДевица: „Мили Боже, те молам направи го светот подобро место за живеење, и немој да ја оплескаш работава, како што ја оплеска минатиот пат.“rnrnВага: „Драг Господи, знам дека треба сам/а да си донесувам одлуки, но од друга страна, ти што мислиш?“rnrnСкорпија: „Мили Боже, помогни ми да им простам на непријателите, иако копилињата не го заслужуваат тоа.“rnrnСтрелец: „Семоќен, почитуван, сеприсутен, вечен Господи, те замолив еднаш и ќе те замолам уште милион пати. ПОМОГНИ МИ ДА ПРЕСТАНАМ ДА ПРЕУВЕЛИЧУВАМ!!!!!!!!!!!!“rnrnЈарец: „Мил Господи, дојдов за да се помолам за некои работи, ама во меѓувреме сам/а си сфатив што треба да правам. Фала во секој случај.“rnrnВодолија: „Здраво Боже! Некои велат дека си маж. Други велат дека си жена. Јас велам дека сите сме богови. Наместо да се молиме, ајде да се забавуваме!“rnrnРиби: „Небесен Господи! Се обидувам да ја претопам мојата болка и тага, во последната петина од вискито. Со мојата опиеност ја прославувам Твојата вечна слава и чест.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафето и хороскопските знаци

    Кафето и хороскопските знаци

    Љубителите на кафето преферираат истото да го консумираат преработено во одреден вид, подготвено на различен начин, сервирано во еден или друг стил. Некои од пиењето кафе прават ритуал, други го дрмаат набрзинка од сабајле за да се освестат за претстојниот ден.rnrnКафето и хороскопските знациrnrnПреференциите за видовите кафе и начинот на кој тоа е подготвено можат да зависат од хороскопските знаци. Еве во каков тип кафе уживаат луѓето со различни хороскопски знаци:rnrn[column col=”1/4″]rn

    Кафето и хороскопските знаци - овен

    rn[/column]rnrn[column col=”3/4″ last=”true”]rnrnОвен: Со својот авантуристички дух, овните постојано се во потрага по нешто возбудливо кое ќе им го забрзува пулсот и ќе им го крева адреналинот. Енергичните овни сакаат висококвалитетно кафе, со богат вкус и арома, токму какво што е африканското. Кафето од Кенија е вистинскиот избор за нив.rnrn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

    Кафето и хороскопските знаци - бик

    rn[/column]rnrn[column col=”3/4″ last=”true”]rnrnБик: Упорните бикови остануваат лојални на своето омилено кафе. Тие сакаат здраво кафе, кое не содржи хербициди, пестициди или некакво вештачко ѓубриво. Идеално според нивниот вкус би било органското кафе од Гватемела.rnrn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

    Кафето и хороскопските знаци - близнаци

    rn[/column]rnrn[column col=”3/4″ last=”true”]rnrnБлизнаци: Љубопитните близнаци се темпераментни и непостојани по природа, така што тие сакаат едно кафе оваа недела, а друго наредната. На нивната ведра и безгрижна природа одговара ретко до средно густо кафе, а би ги пробале сите видови, до последното на менито. Новото светско кафе кое потекнува од Папуа, Нова Гвинеја ќе им биде интересно на близнаците, барем неколку дена.rnrn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

    Кафето и хороскопските знаци - рак

    rn[/column]rnrn[column col=”3/4″ last=”true”]rnrnРак: Нежните и чувствителни ракови, најверојатно би избрале безкофеинско кафе, бидејќи од кофеинското би станале хиперактивни.rnrn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

    Кафето и хороскопските знаци - лав

    rn[/column]rnrn[column col=”3/4″ last=”true”]rnrnЛав: Тренди лавовите се секогаш први да пробаат и да дознаат сѐ за популарните топли напитоци базирани на еспресо. Кога станува збор за изборот на кафе, главна преокупација на лавовите е усовршувањето на нивниот кафе-крем и испробувањето на разни техники за обликување на пената.rnrn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

    Кафето и хороскопските знаци - девица

    rn[/column]rnrn[column col=”3/4″ last=”true”]rnrnДевица: Чесните и конзервативни девици ќе се држат до добро познатото колумбиско кафе, кое е проверено и традиционално.rnrn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

    Кафето и хороскопските знаци - вага

    rn[/column]rnrn[column col=”3/4″ last=”true”]rnrnВага: Секогаш тежнеејќи кон рамнотежа, вагите ќе го изберат висококвалитетното арабско кафе Мока-Јава, светски најстарата и најпозната мешавина од ½ Мока и ½ Јава. Мока-Јава е мешавина од кафе и чоколадо или кафе и сладолед, а вагите ќе уживаат во идеалниот сооднос.rnrn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

    Кафето и хороскопските знаци - скорпија

    rn[/column]rnrn[column col=”3/4″ last=”true”]rnrnСкорпија: Драматичните скорпии, познати по нивната мистериозна природа, ги кријат своите тајни мисли зад стимулативното ароматично кафе Френч Роуст. Работејќи многу часови со непрекината концентрација на стресни проекти, скорпиите заслужуваат голема кригла наполнета со фино приготвено француско кафе.rnrn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

    Кафето и хороскопските знаци - стрелец

    rn[/column]rnrn[column col=”3/4″ last=”true”]rnrnСтрелец: Овој авантуристички знак можете да го најдете удобно сместен во некоја грмушка во националниот парк Серенгети, сипувајќи си танзаниско кафе дотерано со цреши, додека со двоглед ја следи големата миграција на дивите животни.rnrn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

    Кафето и хороскопските знаци - јарец

    rn[/column]rnrn[column col=”3/4″ last=”true”]rnrnЈарец: Отмените јарци, живеејќи со висок стил и елеганција, уживаат експериментирајќи со различните кафиња ширум светот. Овој аристократски знак има потреба од највисококвалитетното кафе кое е достапно.rnrn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

    Кафето и хороскопските знаци - водолија

    rn[/column]rnrn[column col=”3/4″ last=”true”]rnrnВодолија: Оригиналните и иновативни водолии преферираат да испробуваат и да создадат нивна лична мешавина од состојки за да го создадат најубавото кафе. Тие најверојтано никогаш не пијат ист вид на кафе повеќе од еднаш. Наместо тоа, тие внимателно мешаат, сложуваат, мерат и пробуваат додека не постигнат совршенство.rnrn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn

    Кафето и хороскопските знаци - риби

    rn[/column]rnrn[column col=”3/4″ last=”true”]rnrnРиби: Кога ќе видите риба како пие кафе после вечера, веројатно е дека во него има и ликер. Рибите уживаат да си го зачинат кафето со алкохол. Тие сакаат да ги испробаат сите луксузни кафе-десерти, кои постојат на менито.rnrn[/column]rnrn[column col=”1/3″]rnrn[/column]rnrn[column col=”2/3″ last=”true”]rnrn[/column]rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и првиот коментар после секс

    Астрологијата и првиот коментар после секс

    Некои го сфаќаат сексот како нешто свето и возвишено, други на него гледаат како на добар метод за ослободување од стресот, додека трети чекаат да влезат во брак за да го искусат. Еве каков коментар може да очекувате од луѓето со различен хороскопски знак по сексуалниот чин.rnrnАстрологијата и првиот коментар после сексrnrnОвен: „Ок, ајде сега пак да имаме секс!“rnrnБик: „Гладен/а сум – подај ми ја пицата.“rnrnБлизнаци: „Си го видел/а ли далечинскиот управувач?“rnrnРак: „Кога ќе се земеме?“rnrnЛав: „Нели бев фантастичен/а?“rnrnДевица: „Морам да ги исперам чаршавите.“rnrnВага: „Ако ти се допадна тебе, тогаш ми се допаѓа и мене.“rnrnСкорпија: „Претпоставувам дека сега треба да ти ги одврзам рацете.“rnrnСтрелец: „Не ми се јавувај ти, јас ќе ти се јавам!“rnrnЈарец: „Имаш ли визит картичка?“rnrnВодолија: „Ајде сега да пробаме и без облека!“rnrnРиби: „Извини, како рече дека ти е името?“rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.