КАФЕ ПАУЗА

Category: Тематски хороскоп

  • Ахиловата пета на хороскопските знаци

    Ахиловата пета на хороскопските знаци

    Секој астролошки знак има одреден дел од телото кој му е особено чувствителен и кој треба да биде третиран со поголема нега и грижа. Прочитајте што велат ѕвездите, за тоа кој дел од вашето тело заслужува посебно внимание.rnrnАхиловата пета на хороскопските знациrn

    Овен

    rnОвните се осетливи на главата, па затоа се посклони на главоболки од сите останати знаци во зодијакот. Свеж воздух и длабоко дишење се двете нешта кои секогаш му се потребни на тврдоглавиот и импулсивен овен.rn

    Бик

    rnБидејќи бикот е најосетлив на грлото, често се соочува со отекување на овој орган. Тој секогаш треба да има таблети за грло при рака, како и да се држи настрана од луѓе со настинка.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците треба да водат сметка за горниот дел од своето тело за да превенираат појава на тензични состојби. Нивната Ахилова пета е градниот кош, поточно рамената и белите дробови. Тие мора да прават редовни вежби за истегнување, а добро им годат и медитативни сесии.rn

    Рак

    rnПрипадниците на знакот рак чувствуваат најголема слабост во градите и стомакот, што ги прави осетливи на храна богата со јаглехидрати. Всушност, слатките јадења со многу шеќери можат буквално да го соборат осетливиот рак. Затоа овој знак треба да практикува балансиран режим на исхрана и редовни вежби.rn

    Лав

    rnСлабата точка на лавовите е нивното срце и ‘рбетниот столб, а тоа значи дека тие треба да избегнуваат масна храна со висок процент на холестерол, како и да ја одржуваат еластичноста на нивниот грб со редовни вежби за истегнување.rn

    Девица

    rnНајчувствителниот дел од телото на девицата е нејзиниот дигестивен систем, поради што понекогаш одреден вид храна може да ѝ прави проблем. Најдобро би се чувствувала доколку припазува што консумира, односно да држи некаква полесна диета и да јаде храна која содржи растителни влакна, за да го скроти нејзиниот темпераментен дигестивен систем.rn

    Вага

    rnСо вагата управуваат бубрезите, па затоа таа мора добро да се грижи за нејзиниот уринарен систем. Пожелно е да пие многу вода и често да јаде зеленчук кој содржи многу вода – броколи, зелка и карфиол.rn

    Скорпија

    rnНајчувствителен дел од телото на скорпијата се нејзините гениталии и долниот дел на дигестивниот систем. Претставниците на овој хороскопски знак се склони на воспаленија и покачување на телесната температура. Скорпиите треба да се држат настрана од луѓе кои можат да ги заразат со некаква бактерија и дефинитивно не треба многу често да консумираат црвено месо и алкохол.rn

    Стрелец

    rnСтрелецот е најосетлив на колковите, бутовите и црниот дроб. Со нивната голема љубов кон патување, тие треба буквално да внимаваат како чекорат, бидејќи се склони кон сопнување.rn

    Јарец

    rnНајслаба точка на јарецот му се колената и зглобовите, па затоа за родените во овој знак би било мудро да ја зголемат нивната флексибилност со таблети од рибино масло, кои ќе ги одржат нивните делови од телото за движење „подмачкани“. Исто како што јарецот (животното) стабилно се искачува по стрмни патеки, така и претставниците на овој знак треба да бидат внимателни додека чекорат.rn

    Водолија

    rnНајважно за водолијата е да го одржува циркуларниот систем во добра здравствена состојба, што е малку тешка работа за знак кој не е познат по неговата практичност. Годишен лекарски преглед и исхрана со ниско ниво на холестерол се задолжителни за родените во овој знак.rn

    Риби

    rnНајчувствителен дел од телото на рибите се стапалата и лимфниот систем. За стапалата, најважно е правилното одбирање обувки, додека пак за одржување на имунолошкиот систем, одлично би им дошла лимфна дренажа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни начини да ја покажете вашата љубов со помош на астрологијата и технологијата

    Креативни начини да ја покажете вашата љубов со помош на астрологијата и технологијата

    Ако сте во долга љубовна врска и сметате дека веќе одамна сте го освоиле срцето на вашиот партнер, тоа не значи дека сега веќе нема потреба да правите нешто со што ќе ја докажувате вашата љубов кон него/неа. Љубовта треба постојано да се докажува и покажува. Секој човек одвреме-навреме има потреба за малку внимание и убав романтичен гест, па зошто да не ги искористите новите технологии за да направите нешто што ќе биде креативно, ќе изгледа убаво и ќе му го затрепери срцето на вашиот љубен партнер?rnrnКреативни начини да ја покажете вашата љубов со помош од астрологијата и технологијатаrn

    Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец

    rnДобар начин да ги затреперите љубовните вибрации кај вашиот огнен знак, е да му испланирате некаква мала авантура. Огнените знаци сакаат да играат игри, особено кога тие се во фокусот на вниманието. Пратете го/ја во мала потрага низ дворот или паркот, праќајќи му/ѝ СМС-пораки од вашиот мобилен телефон. Можете да направите некоја интересна серија од поетични пораки кои ќе упатуваат на различни траги од предизвикот. На местото на новата трага, нека го чека мало изненадување, а дали тоа изненадување ќе биде слатко, смешно, сензуално или палаво, зависи од вас. Исто така можете да му праќате пораки со „топло-ладно“ за да знае на каде да се упати. Ѕвонете му на мобилен телефон за додатни упатства. Можеби последната трага ќе бидете вие скриени во некој дел од куќата. :)rn

    Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец

    rnОвие луѓе се толку работливи, што понекогаш навистина знаат да се занесат во работата и да не забележат колку време поминало. Затоа одвреме-навреме изненадно искрадете го партнерот од неговото работно место. Една серија фотографии испратени на неговиот мобилен телефон или преку имејл, можат да ја загреат атмосферата и да му го привлечат вниманието. На вас останува за какви слики ќе се одлучите, слатки или палави. Или зошто да не комбинација од двете? Можете да направите комбинации од слики, со нешто слатко, како местото на кое сте биле на првиот состанок или каде што сте си поминале убаво, романтичната атмосфера која сте ја спремиле за вас двајца или пак нешто провокативно кое ќе го/ја натера веднаш да ја запали колата и да долета до кај вас.rn

    Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија

    rnОдличен начин да внесете малку немир и возбуда во срцето на вашиот партнер роден во воздушен знак, е да му испратите интересна видеоснимка од вас. Ако сте музички талентирани, можете да се снимате додека емотивно изведувате некоја романтична нумера или можете да измислите некоја хумористична песничка, која ќе ја испеете специјално за него/неа. Ако пеењето не е нешто со кое би сакале да се покажете, прочитајте му/ѝ некоја убава поема, љубовно писмо или пак кратка порака во која ќе му/ѝ кажете колку го/ја обожавате. Во секој случај, обидете се да ја направите снимката што е можно пократка. Сè што е над 30 секунди може да биде претерано.rn

    Водни знаци: Рак, Скорпија, Риби

    rnОвие знаци се многу сентиментални, па затоа можете да им направите еден романтичен видеоколаж од вашите заеднички спомени (интересни фотографии од вас двајца, првите СМС и имејл-пораки кои сте си ги испратиле, интересни работи кои сте си ги кажеле некогаш и сè уште ги паметите, песни кои двајцата ги обожавате, причини зошто го/ја сакате најмногу на свет…) Ако сето тоа го средите убаво, вие ќе станете херој во очите на вашиот партнер. Како и да е, за видеоколажот ќе ви бидат потребни неколку дена, па затоа започнете со работа.

  • Астрологијата и позајмувањето пари од пријател

    Астрологијата и позајмувањето пари од пријател

    Како реагирате доколку му позајмите пари на некој ваш пријател и тој не ви ги врати до договорениот период? Можете ли да му/ѝ ги побарате назад, без да го расипете вашето пријателство?rnrnАстрологијата и позајмувањето пари од пријателrnrnОвните се многу избувливи и кажуваат сè директно во фаца, без да се плашат од последиците кои можат да настанат од тој разговор. Но, овенот не го држи долго лутина, така што тие најверојатно ќе ја избистри настанатата ситуација, побрзо од кој било друг хороскопски знак. Но, ако не му ги вратите парите воопшто, овенот ќе се оттргне од вас и ќе тргне во потрага по подобар пријател.rnrnНа бикот воопшто нема да му се допаѓа што е ставен во ситуација да си ги побара назад сопствените пари и дискретно ќе се пожали насекаде, освен кај пријателот на кој му позајмил пари. Ќе помине доста време, пред бикот да реши диво да „експлодира“. Биковите се посесивни луѓе, кои сметаат дека она што е нивно треба да е кај нив, а не кај некој друг. Тие ќе одбијат да направат компромис, ќе си ги земат парите назад и ќе си заминат.rnrnБлизнаците постојано ќе му даваат некакви забелешки на нивниот пријател кој не им ги вратил позајмените пари, а таа нивна тенденција ќе станува сè поголема како што ќе одминува времето. Близнаците не сакаат да се чувствуваат искористено и најверојатно еден ќе им се „скине жичката“ и воопшто нема да се грижат за резултатот од таквата нивна постапка.rnrnРакот ќе се чувствува повредено бидејќи нивната доверба била злоупотребена, но соочувањето со пријателот кој му должи пари, ќе му претставува проблем. Со текот на времето, ракот најверојатно ќе му прости на пријателот, бидејќи тој сака да го гледа само најдоброто во луѓето. Но, ако се чувствува измамено, може да биде безмилосен во коментарите упатени кон пријателот кој им згрешил.rnrnЛавот мрази да се понижува себеси барајќи го назад заемот кој му го дал на негов пријател. Тој очекува сите луѓе да бидат директни и отворени како него, а во спротивно многу се разочарува. Евентуално после извесен период, лавот ќе собере храброст да праша што се случило со заемот и најверојатно ќе остане во пријателски однос со таа личност, без разлика на резултатот што ќе произлезе од разговорот.rnrnДевицата потајно ќе се лути и мурти, но ќе остане верен пријател. На овој знак му е потребен голем напор за да се натера себеси да биде директен и да си го побара она што му следува. Таа постојано ќе им попушта на пријателите кои не ѝ го вратиле заемот назад и ќе ѝ бидат потребни години за конечно да избувне и да си замине од нив.rnrnВагите се многу директни. За нив договор си е договор и тие очекуваат дека ќе ги испочитувате. Тие се шармантни личности, но знаат да бидат и ситничари и не сакаат нивните пријатели да ги разочаруваат.rnrnСкорпијата ќе размислува, ќе дава саркастични коментари и ќе крои стратегија за исплата. Нејзините непопустливи напори после некое време ќе донесат резултати, но таа никогаш нема да заборави што се случило и ќе размисли дали повторно би се ставила во истата ситуација.rnrnВеселиот и оптимистичен стрелец никогаш нема да крене голема бука, бидејќи знае дека среќата секогаш ги надополнува неговите финансиски средства. Тие искрено укажуваат на грешка, но сепак повеќе ги негуваат пријателствата отколку парите.rnrnЈарците воопшто не сакаат да бидат прашувани за заем, а доколку се случи тоа и парите не им бидат вратени, сериозно ќе бидат навредени. Тие ќе смислат план за исплата и никогаш повеќе нема да му позајмат пари на тој човек, без разлика за кого станува збор.rnrnВодолијата е неопределена кога станува збор за пари и воопшто не е материјалист, па така ќе ја остави целата ситуација само да си пројде. Тие ги обожаваат нивните пријатели, целосно потпирајќи се на нив, па затоа нема да сакаат тој број да се намали.rnrnРибите мразат соочување, па затоа ќе се обидуваат да ја погледнат ситуацијата од посветлата страна и ќе чекаат работите да се решат сами од себе. Некое време ќе се лутат и ќе замеруваат што биле така изиграни, но после некое време, повторно ќе се вратат на нивниот поранешен ведар и пријателски дух.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и вашите најдобри пријатели

    Астрологијата и вашите најдобри пријатели

    Какви сакате да бидат вашите најдобри пријатели? Со кои најдобро ќе се журкате и ќе поминувате безброј часови заедно? Кои ќе бидат покрај вас, во моментите кога тоа ви е најпотребно? Дознајте што вели зодијакот за пријателите и карактеристиките кои ги имаат нивните хороскопски знаци.rnrnАстрологијата и вашите најдобри пријателиrn

    Овен

    rnВашиот страстен и енергичен карактер привлекува динамични и интересни пријатели, па во вашето друштво секогаш ќе има некој лав и стрелец. Ќе се чувствувате стабилни и застанати цврсто на земја, ако вклучите бик во вашата екипа, бидејќи тој може да ја урамнотежи вашата импулсивна природа и тенденцијата кон избрзани реакции. Девиците можат да ви помогнат да останете фокусирани и правилно да ја канализирате вашата креативна енергија. Ако во друштво имате јарец, кон него ќе имате најголема почит. Лавот и водолијата одлично ви одговараат за дружба и забава. Најцврста конекција можете да изградите со спротивниот хороскопски знак, милата вага. Ракот и јарецот ја делат со вас иницијативноста и спремноста за акција во секој момент, поради што исто така би можеле да ви бидат добри пријателчиња.rn

    Бик

    rnДа се биде бавен и постојан има свои предности, а тоа најдобро ќе го сфатат оние родени во хороскопските знаци девица и јарец, бидејќи ја делат вашата практична природа. Кога ви е потребен некој да ви каже поинакво мислење од вашето, близнаците ќе ви дадат доволно инспирација за да направите еден „брејнсторминг“. Вагата може да ви помогне да си ги потиснете страстите и потребата од задоволства, кога морате да останете фокусирани на некоја работа и напорно да работите кон нејзино комплетирање. Рибите можат да ви бидат екстремно лојални и верни пријатели. За вас, пријателствата не претставуваат однос „на ти го – дај ми го“, туку очекувате во што е можно повеќе ситуации да биде по ваше, поради што треба да имате пријатели кои ќе можат да ја поднесат таа ваша карактеристика. За среќа, скорпијата е доволно паметна и силна за да ја добие вашата почит, а секогаш ќе се чувствувате удобно во друштво на лав и водолија, бидејќи високо ја цените нивната упорност секогаш да ја завршуваат започнатата работа.rn

    Близнаци

    rnАко вашите пријатели не се динамични и активни, вие брзо ќе го изгубите интересот за нив. Со вагата и водолијата секогаш ќе поминувате многу време заедно, бидејќи тие ја споделуваат со вас смислата за забава и интеракција. Друга цврста врска можете да изградите со некој кој е овен во хороскоп. Вие се воодушевувате на неговата храброст и го следите секој негов чекор со радост. Ракот, може да ви даде една стабилност и здраво влијание, кое знаете дека навистина ви е потребно. Според вас, пријателствата треба да бидат флексибилни и отворени, а тоа никој нема да го разбере подобро од стрелец. Исто така, одлично ќе се согласувате и со рибите, кои умеат да бидат исто толку флексибилни и забавни колку вас.rn

    Рак

    rnВам ви се потребни пријатели кои ќе можат да ја сфатат вашата емотивност и длабочината на вашите чувства и ќе можат да излезат на крај со вашите променливи расположенија. Скорпијата и рибите, секогаш ќе бидат сочувствени со вас кога тоа најмногу ќе ви биде потребно. Обратете се кај пријател со хороскопски знак лав, за да ви помогне да научите да се наметнете и докажете себеси, кога е навистина важно тоа да го сторите. Бикот секогаш ќе ви претставува стабилна основа. Ќе уживате да станете дел од неговите омилени активности, бидејќи знаете дека секогаш можете да сметате на добра забава помината со него. Исто така, можете да имате „лесна“ комуникација и добро пријателство со луѓе со хороскопски знаци вага и овен.rn

    Лав

    rnВие сте силни, динамични и снаодливи, но сепак морате да бидете опкружени со луѓе на кои можете да им верувате. Овенот и стрелецот можат да ви бидат одлични пријатели, со кои секогаш одлично ќе се забавувате, а и со близнаците може да ви биде доста забавно. Бидејќи отсекогаш сте се восхитувале на луѓе кои имаат практичен и амбициозен поглед кон животот, ќе сакате некој јарец исто така да биде дел од вашата екипа. Во секој случај, вашите пријатели треба да бидат достојни за да ја заслужат топлината и страста од ваша страна, па можеби ќе се изненадите ако оформите цврсто пријателство со некоја водолија. Нејзината искулирана, речиси неразбирлива карактерна природа, постојано ќе ве интригира и прави љубопитни. Исто така, водолијата ќе знае точно како да ве спречи да избегате од реалноста. Други луѓе кои можат да извршат добро влијание во вашиот живот, се оние со хороскопски знаци скорпија и бик. Овие пријатели ќе можат да си ги остварат нивните ветувања и да останат услужни кон вашите потреби.rn

    Девица

    rnВие сте сигурни и доволно цврсти да се грижите сами за себе, но сепак обожавате кога имате емоционално стабилни пријатели како бикот и јарецот, кои ќе ве поддржат за сè. Сензибилноста на ракот исто така ве привлекува, дури можете да помислите дека тој е знакот на кој можете да се потпрете дека ќе се грижи за вас во оние ретки мигови кога навистина ви е потребен. Водолијата ви помага да ја видите целосната слика, додека близнаците можат да ви помогнат да ги наредите сите коцки во мозаикот, секоја на свое место. Исто така рибите ги сметате за личности кои ги прифаќаат вашите фантастични совети и кои ви ја пробудуваат имагинацијата и романтичната страна. Храбрите стрелци, а зафатените близнаци можат да ви претставуваат добри, забавни пријатели, затоа што ја споделуваат вашата способност да го смените правецот, кога имате потреба од нешто различно во животот.rn

    Вага

    rnВам не ви е тешко да најдете друштво кое ќе ја цени вашата способност да слушате и да бидете отворени, но кога ќе посакате да направите реален и рационален муабет, секогаш ќе појдете кај вашите пријатели родени во знакот на водолија и близнаци. Скорпијата ви нуди уникатна перспектива на животот, додека пак драматичната имагинација на лавот често може да ви ја разбуди уметничката страна. Сепак, за најдобар пријател најсигурен облог ви е овенот. Предизвикот за скротување на овој див ѕвер и доведувањето на неговата навидум неограничена енергија во рамнотежа, ја истакнува вашата забавна страна. Раковите и јарците со својот став дека можат сè да постигнат и направат, ви нудат фини можности за созревање и проширување на хоризонтите.rn

    Скорпија

    rnДали некогаш ќе најдете некој кој ќе ги исполнува вашите стандарди за перфекција? Најверојатно нема, но сепак уживате во друштво исполнето со инвентивни луѓе, како што се ракот и рибите. Со овие емоционално интелигентни влијанија, ја здобивате способноста да се соочите со чувствата и да делувате по нив. Јарецот може да ви помогне да ги искажете тие чувства, додека кај лавот ќе ја почитувате неговата харизма и способноста за лидерство. Кога имате потреба од некој со цврст карактер, кој ќе ве викне да излезете откако ќе заглавите со денови дома, бикот е тука за да настапи. Исто така, ќе забележите дека лавот и водолијата се одлични дипломати во ваша околина, затоа што тие се најкомфорни во обидот да се одржи имиџот на стабилност во друштвото.rn

    Стрелец

    rnВие сте типичен слободен дух и луѓето се воодушевуваат на вашата независност. Ги обожувате луѓето кои ја почитуваат слободата и кои додаваат возбуда во вашиот живот. Такви се лавот и бестрашниот овен. Девицата ви претставува одличен работен партнер, преку кој можете да ја канализирате вашата енергија во нешто продуктивно. Доколку барате некој за придружба или пак некој кој ќе го сметате за најдобар другар, важно ви е тоа да е личност која целосно ќе се посвети на другарството, но која паралелно ќе прави нешто друго во животот подалеку од вас. Близнаците, рибите и девицата се идеалните пријатели за вас.rn

    Јарец

    rnЗа вас неопходно е пријателите да ви се самоуверени, па токму затоа секогаш можете да се потпрете на земјените знаци девица и бик. Вагата исто така е одлична за вас, обезбедувајќи го потребното ниво на влијание на праведност што ви овозможува да го избегнете постанувањето деспот. Некогаш може нема да ви се допадне „мекиот“ пристап, но ќе знаете дека тоа е добро за вас. Кога ќе си дојдете дома и ќе се чувствувате празно, ќе ви биде потребен некој кој ќе ве разгалува безусловно. Воспитувачката енергија на ракот е добра за вас. Вагата и овенот се многу слични на вас, па ќе се пронајдете на истата бранова должина.rn

    Водолија

    rnВистина е, вие сте оригинални и само оние кои ќе го прифатат тоа ќе претставуваат задоволувачка придружба за вас. Знаци со кои најлесно ќе се сложувате се вагата и близнаците, затоа што ја споделувате способноста да ја „спуштите топката“ и да ги решите работите рационално. Сепак, најверојатно скорпијата ќе ја најдете како најзадоволувачки микс на влијанија кои ќе ве научат на лојалност и респект. Раковите ќе бидат од голема помош за прашањата поврзани со вашата кариера и со она што го вели срцето. Бидете сигурни дека во вашето опкружување имате луѓе кои се динамични и бесрамни, кои ве заслужуваат, како што е лавот. Со леснотија ќе се справувате со скорпијата и бикот, поради нивната способност да бидат логични, смирени и конзистентни.rn

    Риби

    rnРибите мораат да бидат внимателни при одбирањето на луѓето во нивното друштво, бидејќи тие ги апсорбираат сите влијанија, и добрите и лошите. Ракот и скорпијата изгледа се најсигурните пријатели, бидејќи ја споделуваат истата емоционална ранливост. Идеалистичкиот стрелец ќе ја разбере вашата потреба да ја користите вашата имагинација и да бидете доволно креативни за да бидете диви. Ќе му се восхитувате на авантуристичкиот јарец. Сепак на крајот на денот, ваши најблиски пријатели ќе бидат оние кои ќе ви помогнат да се справите со илузионистичката реалност, додека сè уште се восхитувате на сопствената способност да избегате од реалноста за момент. Девицата е идеална за оваа работа, но исто така можете да се спогодите и со близнаци и стрелец, кои ја споделуваат вашата способност да пронаоѓате начини за едноставно функционирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и вашето справување со староста

    Астрологијата и вашето справување со староста

    Дали сè уште ќе носите мини здолништа, модерни очила за сонце и кул облека кога ќе имате 50 години? Или прерано ќе се помирите со фактот дека сте стари и немате што да правите повеќе со себеси? Ќе бидете кул старче или досадна баба/дедо? Некои хороскопски знаци грациозно се справуваат со староста, а други бесно се борат со неа. Во која категорија спаѓате вие?rnrnАстрологијата и вашето справување со старостаrnrnЈарецот е интересен, бидејќи го живее својот живот во обратен редослед. Припадниците на овој знак, додека се деца се многу сериозни и одмерени, а како што стареат стануваат сè повесели и опуштени.rnrnВодолиите се најчесто позаостанати во однос на нивните другарчиња додека се деца. Но, како што одминуваат годините тие стануваат поексцентрични и не им е гајле што другите мислат за нивниот необичен стил на облекување. Не се изненадувајте ако видите осумдесетгодишна водолија како носи големи округли обетки како оние на Доринда, од ТВ серијата „Касандра“.rnrnОвенот и стрелецот го игнорираат одминувањето на годините. Тие живеат во моментот, мислејќи си дека утре никогаш нема да дојде. Луѓето со овие хороскопски знаци, во нивната зрела фаза, најчесто безрезервно се впуштаат во истите оние активности кои ги правеле пред 30 години. Нивната енергичност и виталност, ги одржува млади во душа во текот на целиот живот.rnrnЛавот со текот на годините станува посмирен, умерен и сериозен, па поради побавното темпо на живот, може да качи некој килограм плус со тек на време. Потајно, лавовите сакаат да бидат почитувани како мудри возрасни личности, а тоа е статус до кој овој хороскопски знак може да дојде на свој начин.rnrnБлизнаците немаат намера да го забават нивното темпо, па тие најверојатно ќе го одржуваат нивниот луд набиен распоред во текот на нивниот средовечен живот, а и понатаму.rnrnРакот со текот на годините може да се јави во две варијанти. Едната варијанта е тој никогаш вистински да не порасне, а другата варијанта е да стане личност која постојано ќе ги негува и чува луѓето околу себе. Како што стареат, раковите сакаат да бидат сметани за личности достојни за почит.rnrnНа вагата ѝ е многу важен нејзиниот изглед, па затоа ќе направи сè што е во нејзина моќ да ги намали брчките и да не качува премногу килограми. Вагите сакаат суптилно да пловат низ времето и да веруваат дека на 90 години, сè уште го живеат својот средовечен живот.rnrnБиковите сакаат добро да се хранат, така што за нив е многу веројатно дека ќе се поправат и ќе станат помалку флексибилни, како што одминуваат годините. Во умот, исто така стануваат побавни. Но, за овој знак се смета дека е многу жилав, издржлив и може многу да поднесе, па така може да тера долги години.rnrnДевицата може да стане по малку негативна со текот на годините, ако ѝ дозволи на нејзината тенденција за критикување на другите луѓе да излезе надвор од контрола. Припадниците на овој хороскопски знак, мораат да останат љубезни и мили, доколку сакаат убаво да ја проживеат нивната зрела фаза од животот.rnrnСкорпијата има тенденција да стане отмена и грандиозна како што созрева, гордеејќи се со сопствената мудрост, која несомнено ја поседува. Но, таа може да стане и премногу нефлексибилна и тврдоглава да направи некакви промени во животот, дури и ако знае дека тоа е вистинската работа која треба да ја стори.rnrnРибите ги мразат физичките знаци кои ја одбележуваат фазата на стареење, поради што можат да станат премногу загрижени, раздразливи и неспокојни. Може да се каже дека, ако помалку се нервираат, рибите подолго и ќе живеат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и одржувањето свежина во вашата врска

    Астрологијата и одржувањето свежина во вашата врска

    На љубовните врски им е потребна одредена доза возбуда и непредвидливост за да останат и понатаму интересни за партнерите кои се во неа, но честите разновидни активности, се исто така многу важни за одржување на нивната стабилност. Тоа што сте во долга врска, не значи дека љубовното секојдневие треба да ви претставува една досадна рутина. Пронајдете активности кои можете заеднички да ги правите со најбитната личност во вашиот живот, кои не само што ќе го разгорат огнот помеѓу вас двајца, туку ќе ја напреднат вашата врска. Хороскопскиот знак на вашиот партнер може да покаже во какви активности тој/таа најмногу ќе ужива.rnrnАстрологијата и одржувањето свежина во вашата врскаrn

    Воздушни знаци

    rnБлизнаците, вагата и водолијата обожаваат да комуницираат, така што ритуал кој вклучува разговарање, пишување или било што кое се состои од зборови, ќе им биде добредојдено на овие знаци. Тие сакаат постојано да бидат ментално стимулирани, бидејќи во спротивно им станува веднаш здодевно. Затоа, испланирајте некоја активност која ќе му го одржува умот активен на вашиот љубен/а.rnrnИдеи за активности: Соберете се друштво и играјте „брза географија“, „вистина или предизвик“, „каладонт“, „асоцијации“ или некоја друга интересна друштвена игра, како кога бевте тинејџери. Не заборавајте, дека воздушните знаци секогаш ќе останат деца во душа, па токму поради тоа, ваквиот тип забава секогаш ќе им биде интересен. Отидете на театарска претстава, во кино, на промоција на добра книга, посетете изложба…Купете инспиративна проза или поезија, прочитајте ја двајцата и потоа разменете ги вашите импресии и чувства кои ги побудила кај вас.rn

    Огнени знаци

    rnОвенот, лавот и стрелецот сакаат акција и движење и се чувствуваат навистина лошо кога седат и не прават ништо. И покрај тоа што огнените знаци не сакаат да прават една иста работа цело време, ако еднаш неделно резервирате време за некаков тип забава, тоа добро ќе им дојде, сè додека активноста е возбудлива и стимулативна.rnrnИдеи за активности: Скокајте банџи, учете нов јазик, возете се со скутер на вода, качувајте се по карпи, запишете се на часови по танцување кои ви се непознати на двајцата. Барем еден ден од седмицата, закажете состанок, секојпат на различна дестинација. Правете сè што ќе ви го покачи адреналинот и ќе внесе возбуда во вашите животи.rn

    Водни знаци

    rnРакот, скорпијата и рибите имаат потреба постојано да бидат поврзани со партнерот на емотивна основа, па затоа изберете активност која ќе ви даде можност да се поврзете на интимен начин. Тргнувањето на мислите од секојдневието и откривањето и копањето по емоционалната длабочина на својот партнер, им овозможува на водните знаци да се чувствуваат дека вложуваат во нивната врска. Доколку сакате вашиот партнер да се чувствува задоволно, ќе треба да ја развивате вашата имагинација, а артистичките активности ќе ви помогнат да ги отворите очите во таа смисла.rnrnИдеи за активности: Гледајте почесто филмови со вашиот партнер кои имаат голема длабочина и ќе влијаат врз развојот на вашите чувства. Одете заедно на часови по уметност (пеење, свирење инструмент, глума, цртање) каде што ќе можете да го споделите вашето креативно истражување. Споделувајте ги соништата кои ги паметите и оставиле силен впечаток врз вас.rn

    Земјени знаци

    rnБикот, девицата и јарецот се практични знаци и сакаат да видат корисни резултати добиени од нивниот вложен напор. Тие попрво би правеле со вас нешто што е корисно, отколку премногу забавно. Обидете се со некои активности, кои ќе бидат интересни, но истовремено ќе овозможат да постигнете некаква цел.rnrnИдеи за активности: Вклучете се во волонтерска еколошка акција заедно. Заседете цвеќиња во дворот и разубавувајте ја вашата градина. Обојте ги ѕидовите во друга боја и преуредете го мебелот. Бидејќи земјените знаци се познати по трошењето пари и слабоста кон храната, смислете интересен распоред кој ќе морате да го почитувате за да остварите некаква цел. На пример: „Ако редовно ја посетуваме салата за вежбање цело лето, ќе се почестиме со нова облека, која тогаш ќе ни стои многу подобро отколку сега“.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и вашиот стил на забава

    Астрологијата и вашиот стил на забава

    Секој од нас има различна идеја за тоа што претставува забава. Обидете се да ги искористите сите прилики кои ви ги пружа животот за интересно пополнување на слободното време и притоа научете кој е вашиот личен стил на забавување. Прочитајте ги астролошките описи и дознајте кои типови собиранки ви одговараат, а кои да ги избегнувате.rnrnАстрологијата и вашиот стил на забаваrn

    Земјени знаци

    rnБикот, девицата и јарецот, кога организираат журка за пријателите, сакаат да понудат голем избор на јадења, прекрасно опкружување и опуштена, лежерна атмосфера. Тие ќе бидат задоволни ако сè изгледа беспрекорно добро, храната има идеален мирис и вкус, музиката е добра и гостите се чувствуваат одлично. Земјените знаци најдобро се забавуваат кога се чувствуваат релаксирано и удобно. Поради тоа, тие се чувствуваат најубаво кога се опкружени со луѓе кои не мораат да ги импресионираат или на кои треба да им се докажуваат себеси на некој начин.rnrnСовети за декорирање: Употребувајте земјени елементи додека го украсувате просторот наменет за вашата журка. Декорирајте со убави камења, кристали, земјени садови и сè што дава земјен акцент.rnrnСтил на забавување: сензуално уживањеrn

    Воздушни знаци

    rnБлизнаците, вагата и водолијата најмногу се забавуваат кога се наоѓаат во средина која го разбудува нивниот интелект и која е исполнета со интересни луѓе од кои можат да научат и чујат нешто ново. На нив им се допаѓаат забави кои ментално ги стимулираат, па затоа сакаат да поканат луѓе кои карактерно ќе се надополнуваат едни со други или кои ќе имаат различни гледишта од кои ќе се родат некои нови идеи и перспективи. Забавите на кои е поважно како сте облечени, отколку каква личност сте во душа, за нив се досадни, па затоа најубаво си поминуваат кога се впуштаат во брзи и духовити вербални размени кои го будат и предизвикуваат умот.rnrnСовети за декорирање: Употребувајте елементи кои потсетуваат на воздух (слики од птици во лет, лесни ткаенини кои ќе се веат од ветерот).rnrnСтил на забавување: интелектуален коктелrn

    Огнени знаци

    rnОвенот, лавот и стрелецот сакаат добра забава, акција и малку драма кога прославуваат нешто. Бидејќи сакаат луксуз, секогаш им е важно да имаат понуда од најдобри освежувачки пијалаци, а гостите кои се поканите на забавата треба да знаат вистински да го живеат животот и да знаат да си поминат убаво. Поважно им е забавата да помине во смеење и уживање, отколку во муабетење за сериозни теми, па затоа и избегнуваат прослави организирани од работното место и слично.rnrnСовети за декорирање: Користете елементи на оган (запалете огниште на плажа, употребувајте црвена боја и служете лути работи).rnrnСтил на забавување: темпераментна забаваrn

    Водни знаци

    rnНа ракот, скорпијата и рибите им е важно на забавата да почувствуваат емоционална конекција со луѓето кои се дојдени, па затоа преферираат мали, интимни собиранки, наместо огромни гужви. Тие имаат нежен и спиритуален стил на забавување и обожаваат да прават ритуали и поводи за забава кои за нив имаат некакво значење. Бидејќи се мили и грижливи луѓе, важно им е гостите да бидат добро најадени и напиени и да се чувствуваат удобно на нивната журка. Тие сакат поголемиот дел од храната да ја приготват сами и наместо да служат разни видови предјадења, тие ќе послужат неколку поголеми чинии, за да се осигураат дека ќе има доволно за секој.rnrnСовети за декорирање: Употребете некои водни елементи за вашата журка: декорирајте со мали украсни фонтани, пронајдете цеде со звуци од жуборкањето на океан, масата декорирајте ја со пластични украсни рипки и морски ѕвезди.rnrnСтил на забавување: спиритуален

  • Астрологијата и времето потрошено за себе

    Астрологијата и времето потрошено за себе

    Кога се заљубуваме, честопати забораваме кои се нашите потреби како поединци, бидејќи премногу мислиме на чувствата и желбите на нашиот партнер. Меѓутоа независноста не треба да се занемарува и игнорира бидејќи таа не е неважна. Напротив, негувањето на вашата внатрешна конекција со себеси, е клучот за градење позитивни и здрави врски со другите луѓе, вклучително и врската која ја градите со вашиот партнер. Бидејќи секој хороскопски знак има различни потреби, прочитајте што велат ѕвездите за тоа како вие треба да го потрошите времето кое сте си го резервирале за себеси.rnrnАстрологијата и времето потрошено за себеrn

    Овен

    rnВие тежнеете да се чувствувате комплетно слободни и ако немате доволно простор за да лутате низ животот, постанувате намуртени и нерасположени. Вашите индивидуални активности треба да вклучуваат елементи на ризик и авантура, бидејќи во спротивно ќе ви стане здодевно. Уживајте во вашата независност, додека си ги тестирате вашите способности во некој нов спорт или некој смел, авантуристички потег.rn

    Бик

    rnНегувањето на вашите сетила, може да ве подмлади и да ви помогне да уживате во времето поминато сами со себе. Поминувањето повеќе време во природа, исто така ќе ви помогне да се поврзете со сопственото „јас“. Потрошете пари на добра масажа, спа-третмани или искачете се на планина и ќе се потсетите себеси, што значи да се чувствувате прекрасно во сопствената кожа.rn

    Близнаци

    rnИ покрај тоа што вие сте многу социјализирана и комуникативна личност, понекогаш сакате да поминувате време и сами, но само доколку тоа време, вклучува некаква ментална активност. Вие уживате кога ќе се тргнете настрана од светот и ќе прочитате нова книга, ќе решите тежок крстозбор или ќе научите нешто ново.rn

    Рак

    rnДа бидете сами, не ви звучи воопшто страшно. Вам ви е секако потребно време подалеку од луѓето во вашиот живот, за да ѝ дадете доволно простор на вашата имагинација да работи. Особено уживате кога имате време да ја апсорбирате исцелителната моќ на водата. Направете си топла бања и капнете неколку капки етерично масло за релаксација или посетете некоја минерална бања и вклучете ја фантазијата да ви работи.rn

    Лав

    rnВам ви е тешко да бидете сами некаде каде што ќе немате публика која ќе го следи вашиот „перформанс“, но и тоа може да се случи. Вие уживате во креативно поминатото време. Без разлика дали преферирате уметност, музика, глума или пишување, вклучете ја вашата страст и изразете се себеси преку вашиот омилен медиум.rn

    Девица

    rnКако хороскопски знак кој се воздржува од многу нешта во животот, вие уживате да поминувате време насамо. Кога сте сами, вие ја цените приликата што ви се пружила да ги процесирате екстерните искуства кои сте ги искусиле во вашиот живот и да ги конектирате со вашето внатрешно „јас“. Повлечете се некаде во природа, на чист воздух, каде ќе можете да ги разрешите вашите дилеми.rn

    Вага

    rnПоради вашата фокусираност кон љубовните врски, може да ви биде тешко да се повлечете во сопствените мисли извесен период. Но, ако ја одберете вистинската активност за вас, веднаш ќе ги почувствувате бенефициите од независноста. Јогата или медитацијата можат да ви помогнат да си создадете внатрешен мир и да си ја пронајдете рамнотежата, по која толку многу копнеете.rn

    Скорпија

    rnРазвивањето на длабочината на вашата душа вам ви е битна задача во животот, така што немате никаков проблем да си свикувате редовни состаноци сами со себе. Ослободете ги чувствата и спомените кои прават да се чувствувате заглавени во времето. Водењето дневник или нешто слично, ќе ви помогне да се ослободите од багажот од минатото и ќе ви ја врати енергијата и еланот.rn

    Стрелец

    rnВие сакате соло авантури и потребно ви е само да одберете насока и да се упатите натаму. Доколку физичкото патување не ви е доволно, тога препуштете се на менталното. Прочитајте некоја книга, која ќе ви даде нова перспектива во животот и која ќе ги освежи вашите односи со другите луѓе.rn

    Јарец

    rnКако знак кој често се поврзува со осаменоста, вие можете да поминувате многу долго време сами со себе. Па затоа, додека размислувате планирајте ја иднината со вашиот идеален љубовен партнер.  Исто така, за вас е важно понекогаш да се ослободите од работните обврски и да се поврзете со вашето внатрешно„ јас“.rn

    Водолија

    rnВашиот знак е често поврзан со слободата, па токму затоа вие и немате некој проблем да поминувате малку повеќе време, посветено само за вас, кое е надвор од вашите планови. Времето потрошете го размислувајќи за иднината и оставете го вашиот креативен ум да талка.rn

    Риби

    rnБидејќи вие често се однесувате како да сте емоционален сунѓер за другите, за вас е многу важно да поминете некое време сами. Духовното повлекување или медитацијата ќе ви помогнат да ги наполните вашите батерии.

  • Идеалниот град според хороскопскиот знак

    Идеалниот град според хороскопскиот знак

    Без разлика дали сте во потрага по добра дестинација за одмор или размислувате за преселба во друга држава, прочитајте на кои урбани места, астрологијата вели дека со сигурност максимално ќе уживате. Некои тропски места е жалосно да не ги посетите барем еднаш во текот на животот, други се прекрасни за живеење, а трети нудат неверојатни прилики за забавување и веселба. Погледнете кое место ви одговара најмногу на вашиот карактер.rnrnИдеалниот град според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnСекогаш ќе има нешто ново и возбудливо за истражување во Сиднеј, Австралија за вас. Овој град располага со екстремни, авантуристички спортови како парасејлинг, сурфање на ветер со едрилица и лудо возење со скутер на вода, кои дефинитивно ќе го раздвижат адреналинот низ вашите вени. Ако сте желни за малку нуркање под вода, можете да го посетите и Големиот корален гребен, кој не е многу далеку од Сиднеј и да уживате во чувството на возбуда и страст.rn

    Бик

    rnЗа правилно да го негувате вашиот вкус за сензуално уживање, упатете се накај Франција, најдоброто место за храна во светот. И покрај тоа што посетата на Париз, ви е дефинитивно „играње на сигурна карта“, можеби ќе уживате и во Лион, третиот најголем град во Франција. Како надополнување на извонредните ресторанчиња во кои има прекрасна храна, ќе имате можност и да пазарите во повеќе од 40 маркети и да ги пробате најсвежите продукти во регионот.rn

    Близнаци

    rnЗа да ја задоволите вашата незаситна потреба од добар хумор и забава, посетете го Чикаго. Веќе половина век, градот успева да ги насмее до солзи посетителите на комичните шоуа и неверојатните стенд-ап изведби на најдобрите американски комичари.rn

    Рак

    rnАмстердам е најсовршеното дискретно и мирно место, за вас и вашето семејство. Со неговите кривулести канали, улици прилагодени за велосипедисти и раскошни зелени предели, вие ќе се чувствувате како дома. Релаксирачка тура по каналите, ќе ја расположи целата семејна екипа, особено навечер, кога рефлексијата од градот во водата, создава „хипнотизирачки“ ефект.rn

    Лав

    rnДоколку сакате максимално да си ја наполните душата, посетете го Токио, каде можете да се изнапеете од срце, во некој од најпознатите караоке-барови. Замолете некој од вашите пријатели да ги сними најлудите моменти со видеокамера, за кога ќе се вратите дома, да составите една ваша лична дигитална приказна, со која ќе се пофалите на семејството и блиските.rn

    Девица

    rnПодобрете го вашето здравје во прекрасниот град Будимпешта, Унгарија. Таму можете да изберете некој од дузината спа-центри и да уживате во бањите кои се полнат со вода од подземни топли минерални извори. Некои од нив нудат фитнес-програми, во комбинација со фантастични третмани за лекување на болки во кој било дел од вашето тело. Градот е исто така познат по доброто вино, кое доколку го консумирате во умерени количини, е исто така многу здраво.rn

    Вага

    rnНаполнете си ги батериите со егзотичната уметност во Бали, во средината на месец јуни, кога целиот остров го празнува Фестивалот на уметноста на Бали. Лоциран во малиот град Денпасар, едномесечниот спектакл на традиционална музика и игра, е проследен со непрестаен перформанс и публика од целиот свет.rn

    Скорпија

    rnСамо една локација ќе ги исполните вашите соништа – Рио де Женеиро, најсексапилниот град на светот. Доколку појдете за време на карневалот во февруари, ќе можете да се приклучите на една од веселите самба-паради. Ако тоа не е за вас, опуштете се на некоја од песочните плажи, во кој било период од годината и набљудувајте ги прекрасните тела кои „парадираат“ околу вас.rn

    Стрелец

    rnКоцкарот во вас најверојатно размислува за Лас Вегас, но тоа е толку клише, нели?! Макао, Кина го зема приматот на најголем центар за коцкање во светот. Патувањето ќе вреди за секој денар што ќе го потрошите, а во спомен ќе ви останат бизарните сценски настапи и будалштините кои ќе ги видите таму.rn

    Јарец

    rnБидејќи вие сте вредна личност, која работи напорно за да заработи пари, посетете го Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, кој е еден од најбогатите градови во светот. Таму, просечниот граѓанин вреди повеќе од 15 милиони американски долари. Запознајте се со некој од нив и појдете на луд шопинг во Дубаи, кој се наоѓа во близина.rn

    Водолија

    rnГрадот кој вие сакате да го посетите, треба да е либерален и политички коректен, па токму затоа Портланд, Орегон е идеалното место за вас. Овој среден по големина град, е одлично место за живеење и дружење и воедно е водечки во САД во рециклирање, користење алтернативни горива, велосипедски патеки, урбани зелени предели и што ли уште не.rn

    Риби

    rnВие имате две опции. Првата опција ви е Хонолулу, Хаваи, местото кое преку целата година ви нуди незаборавно пливање, нуркање, сурфање на ветер со едрилица и тотално уживање. Доколку пак, само сакате да си ги „наполните батериите“, појдете во Седона, Аризона, кој ја претставува „Мека на новото време“, а таму ќе им се воодушевувате на фантастичните пејзажи и неверојатните црвени карпи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и трошењето пари

    Астрологијата и трошењето пари

    Како би реагирале доколку добиете премија на лото, ви тргне работата во вашиот приватен бизнис или ако чуете дека некоја далечна тетка ви оставила солидно наследство? Како воопшто се однесувате во ситуациите кога да речеме, шефот решава да ви даде бонус од стотина евра или баба ви ве почести некоја илјадарка за роденден? Веднаш ќе почнете да трошите или ќе тргнете поголем дел од парите за „црни денови“? Прочитајте што вели астрологијата за вашиот хороскопски знак и неговата алчност или штедливост.rnrnАстрологијата и трошењето париrnrnОгнените знаци овен, лав и стрелец сакаат максимално да го живеат моментот и бидејќи тие длабоко веруваат дека Господ повторно ќе ги награди еден ден, не ни помислуваат на опцијата штедење. Авантуристи во душа, стрелците и овните најверојатно со парите би испланирале некое егзотично патување или можеби ќе почнат да тренираат некој скап спорт. Лавот можеби ќе одлучи да организира забава или ќе си купи скапа дизајнерска облека, а можеби и автомобил каков што отсекогаш посакувал. Огнените знаци се дефинитивно најмалку скромните знаци во зодијакот, а лавовите особено треба да бидат внимателни со парите и да избегнуваат лоши инвестиции.rnrnНа земјените знаци бик, девица и јарец им е многу важна финансиската сигурност, поради што тие се доста внимателни со парите и нивните навики за трошење. Бикот и јарецот сакаат да имаат тргнато некој денар на страна за „црни денови“. Девицата пак, би си купила нешто практично кое ќе ù послужи во нејзиниот дом или канцеларија. Јарецот ќе се почести себеси со некој квалитетен подарок, со кој ќе ги импресионира неговите пријатели и колеги. Бикот најверојатно би се наградил себеси со некој убав обилен оброк или вкусен десерт.rnrnВоздушните знаци близнаци, вага и водолија немаат баш некој осет за трошење пари, особено вагата и водолијата. Вагата несомнено ќе отиде на голем шопинг, а потоа ќе организира екстравагантна забава. Близнаците можеби би отишле со парите некаде на патување или сериозно ќе си го преуредат нивниот дом во центар за забава. Водолијата најверојатно би си купила некој најсовремен технолошки гаџет и би си уплатила летен одмор на најубавото место на светот.rnrnВодните знаци рак, скорпија и риби се заштитнички настроени кон парите. Ракот наместо за себе, би купил подароци за членовите од неговото семејство и евентуално ќе организира забава за да ги почести најблиските пријатели. Остатокот од парите ќе го сочува за во иднина. Скорпијата најверојатно нема да дозволи никој да разбере дека таа дошла до некои пари. Рибата ќе си го подигне моралот со нов автомобил или ќе го збогати нејзиниот гардеробер со неколку нови парчиња облека, но остатокот со сигурност ќе го тргне на страна и ќе го чува за некоја друга крупна цел.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.