КАФЕ ПАУЗА

Category: Тематски хороскоп

  • Астрологијата и идеалниот летен одмор

    Астрологијата и идеалниот летен одмор

    Дозволете им на ѕвездите да бидат вашиот туристички водич, кои со малку тренинг од космосот, ќе ви го испланираат овој летен одмор. Вашиот хороскопски знак може да ви каже на каков тип одмор најмногу би уживале. Прочитајте ги советите за патување, инспирирани од зодијакот.rnrnАстрологијата и идеалниот летен одморrn

    Овен

    rnВие сте секогаш спремни за акција и авантура, така што без разлика дали ќе патувате на некоја непозната дестинација во странство или ќе си го тестирате талентот во некој нов екстремен спорт, нема да бидете среќни доколку не сте возбудени и постојано во движење. Стојте настрана од испланирани тури со туристички водич и од места на кои многупати сте биле досега, бидејќи познатиот терен и однапред проектираните денови ќе ви оневозможат да ви дојдат до израз вашата спонтаност и авантуристички дух, поради што ќе се почувствувате фрустрирано.rn

    Бик

    rnСè додека не морате премногу да се движите додека сте на одмор, вие ќе бидете среќни. Посета на места со природна убавина или уметничка природа, во комбинација со вкусен ручек на паузата, дефинитивно ќе ја разнежнат вашата биковска душа. Вашиот идеален одмор, без разлика каде и да се одлучите да го поминете, треба да вклучува што е можно помалку активност од ваша страна. Сепак, одите на одмор за да се одморите, нели?rn

    Близнаци

    rnБидејќи можеби ќе ви биде проблем сосема да го исклучите вашиот мозок од работата, испланирајте патување кое ќе вклучува некои едукативни работилници, обуки или настани на кои ќе остварите нови контакти. Ова ќе го одржи вашиот мозок стимулиран и активен, што пак, од своја страна ќе ви овозможи да бидете целосно умствено присутни во текот на вашиот одмор. Најверојатно ќе сакате и да си пишувате блог постови во врска со настанот на кој сте присуствувале, така што слободно понесете си нетбук, смарт телефонот или ајпед за да ги документирате вашите активности.rn

    Рак

    rnВизуелизирајте си патување со вашето семејство, сместени во совршен летен дом, покрај езерото (море, базен, река). Ова е вашата идеална фантазија за летен одмор: членовите од вашето семејство, позната локација и вода. Доколку пак, додека сте на одмор постојано јадете домашно приготвени јадења, вие ќе се чувствувате како да сте во рајот. Обидете се да го режирате ова сценарио најдобро што умеете и ќе си го креирате вашиот совршен летен излез.rn

    Лав

    rnВие сакате да се дружите со „фаци“, така што сакате во текот на летниот одмор да заборавите на вашето секојдневие и да уживате на луксузни места, со луѓе кои ќе можат финансиски да ги поткрепат сите ваши скапи предлози. Бидејќи вие сакате секогаш да имате „публика“ која ќе ве следи додека зборувате или демонстрирате нешто, вашата најдобра летна забава ќе вклучува поголемо друштво, па затоа испланирајте го одморот однапред, за да се осигурите дека целата екипа ќе дојде.rn

    Девица

    rnНишто не може да направи да се чувствувате подобро, од тоа да знаете дека се трудите да го направите светот околу себе, подобро место за живеење. Како земјен знак, вие обожавате да ù ги понудите вашите услуги на планетата Земја. На пример, волонтерско патување кое вклучува еколошка акција за прочистување на природата, најверојатно би бил одличен избор за вас.rn

    Вага

    rnНеколку дена поминати во ексклузивен спа-центар е вашата идеја за совршено поминат летен одмор. Доколку успеете да организирате една-две забави измеѓу спа-третманите, вашата летна фантазија ќе биде целосно комплетирана. Во најмала рака, закажете си релаксирачка масажа во салон за убавина, како дел од вашата летна забава и организирајте неколку вечери во ресторан со вашите пријатели.rn

    Скорпија

    rnКако воден знак, со интензивна, страсна природа, вие ќе ја цените скриената моќ на нуркањето под вода или експедиција во пештера. Вие обожавате да навлегувате под површината на работите и поради тоа ја цените лековитата моќ на темнината, па зошто да не си организирате летна авантура во длабочините на Земјата или некој океан?!rn

    Стрелец

    rnДалечни дестинации, пробување нови јадења, запознавање разни култури и слушање странски јазици е вашата добитна комбинација за совршен летен одмор. Поточно, вие сакате спонтани патувања, кои се исполнети со возбудливи авантури. Вам не ви смета доколку си ја извалкате облеката, така што колку поневообичаени места посетите, толку подобро ќе се чувствувате.rn

    Јарец

    rnОдмор? Каков одмор? Во ред, знаеме дека вие јарците за време на летниот одмор најверојатно би избрале повторно да работите нешто, но одвреме-навреме на секој му треба малку одмор, па дури и вам. Бидејќи го обожавате чувството кога постигнувате некаков успех, екстремното качување на карпи, може да биде вашиот најдобар избор.rn

    Водолија

    rnСè додека немате можност да се качите во вселенски брод, ќе морате да ги доживеете сите најнеобични искуства, коишто постојат на нашава планета. Исто така, најверојатно ќе уживате да бидете дел од патување, кое вклучува некоја хуманитарна акција и поголема група луѓе, со која ќе се дружите. Вие ќе бидете среќни и задоволни на вашето патување, сè додека ја имате слободата да бидете свои.rn

    Риби

    rnБидејќи имате длабока, емотивна душа, вие најверојатно најмногу ќе уживате на некое место со фантастична природа, на кое ќе можете душевно да се повлечете. Во најмала рака, отидете неколку дена на кампување, дружејќи се со природата. Со вас понесете си блокче за скицирање или музички инструмент за да си ги наполните батериите и да ја збогатите вашата креативност.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и (не)паѓањето во искушение за неверство

    Астрологијата и (не)паѓањето во искушение за неверство

    Без разлика на хороскопскиот знак, луѓето може да се одлучат да изневеруваат или да не изневеруваат. Доколку она што го сакате е моногамна љубовна врска, тогаш најдобро би било да одберете партнер кој ќе го посакува истото. Но, доколку неверството е нешто што никогаш не би му го простиле на вашиот партнер, прочитајте како ве советува астрологијата да постапувате, за да не му дозволите на тој или таа да падне во искушение.rnrnАстрологијата и (не)паѓањето во искушение за неверствоrn

    Огнени знаци

    rnОвенот, лавот и стрелецот се водат според нивната страст. За да ја одржите „жештината“ во врската со некој од овие знаци, ќе ви треба дополнителен напор. Тие обожаваат изненадувања, и покрај тоа што може да ви тврдат дека не сакаат. Исто така, тие сакаат честопати да чувствуваат покачување на адреналинот, така што секоја возбудлива и авантуристичка ситуација е добредојдена, доколку сте во врска со некој од овие знаци. Огнените знаци имаат екстремно натпреварувачки дух, а таквата нивна особина, вие можете да си ја искористете во ваша полза, така што ќе ги намамувате на предизвици. Друга стратегија за да задржите огнен знак, е да му дадете до знаење дека постојат и други луѓе во светот со кои би можеле да бидете во врска. Исто така, мало провоцирање, поттикнувајќи чувство на љубомора кај вашиот партнер, ќе направи тој/таа да ве гледа како единствен/а на светот.rn

    Земјени знаци

    rnБикот, девицата и јарецот преферираат чувство на безбедност и постојаност во љубовните врски. Тие сакаат да знаат дека се на безбедно тло, па доколку ја злоупотребите нивната доверба, земјените знаци најверојатно ќе ви го возвратат ударот, употребувајќи ги вашите куршуми. За да ја одржувате стабилноста во срцето на вашиот земјен знак, вие ќе мора истото секојдневно да го негувате. Земјените знаци имаат потреба од материјален и физички доказ на вашата љубов, како и константен потсетник дека не ги земате здраво за готово.rn

    Воздушни знаци

    rnБлизнаците, вагата и водолијата се родени флертувачи, но без разлика на тоа, тие умеат да одржат со години многу пријателства со припадници од спротивниот пол  и притоа да не се заљубат во нив. Тоа е така, бидејќи тие имаат тенденција да не ја сфаќаат љубовта пресериозно, додека не им стане јасно како бел ден, дека некоја личност навистина ги „полудува“, во позитивна смисла на зборот.rnrnВоздушните знаци се интелектуалци и кога се вљубуваат, најчесто станува збор за личност која ги смее и ги тера да размислуваат. Оној момент кога ќе престанете да ги засмејувате и да ги терате да го активираат нивниот ум, тие ќе пронајдат супститут за вас, како на пример, добра книга, интересна телевизиска програма или афера со секси професор/ка. Задржете го вниманието на воздушниот знак кон вас, на начин што ќе го живеете вашето секојдневие активно. Читајте, направете измени во вашиот стил на облекување и секогаш бидете благовремено информирани за моменталните настани во градот и актуелностите од поп културата.rn

    Водни знаци

    rnРакот, скорпијата и рибите, воопшто, за да бидат во врска со некој, мораат да се почувствуваат душевно поврзани со него. Тие умеат брзо да се приврзуваат со луѓето, па затоа лесно можат да проценат со која личност се интуитивно поврзани на највисоко ниво. Понекогаш може да се случи да се заљубат во некој со кој, размислувајќи логично, никогаш не би помислиле дека можат да бидат, но во овој случај станува збор за некое поврзување на кармичко ниво (или можеби таа личност едноставно користи премногу секси парфем).rnrnЗа водните знаци љубовта е нешто мистично и затоа мислат дека е контрапродуктивно доколку премногу размислуваат на таа тема. Одржувањето на моногамијата во врската е нешто што неа ќе ја направи „света“ во очите на вашиот воден знак. Изградете ваши специјални ритуали кои честопати ќе ги практикувате, зборувајте на ваш, заеднички јазик кој само вие го разбирате, уживајте во вашата омилена заедничка храна, одржувајте си ги меѓусебните ветувања и „огнот“ во спиритуалниот секс кој го имате. Сето тоа ќе ја одржи стабилноста во вашата врска со водениот знак и верувајте, тој нема ни да помисли да ве замени со друг/а.

  • Астрологијата и летните љубовни авантури

    Астрологијата и летните љубовни авантури

    Летото е период кога се чувствува најмногу енергија како резултат на Сонцето, кое се наоѓа на највисоката позиција на небото. Во овој период, ќе му погледнете одблизу на животот и на љубовните врски.rnrnОва лето ќе се донесуваат многу одлуки на полето на љубовта. Сингл сте? – Ќе ви биде забавно кога ќе запознаете нова личност. Во врска сте? Но, врската ви е здодевна, па може да одлучите да ја прекинете. Одлуки, забава, енергија… Што ќе донесе ова лето за секој хороскопски знак?Астрологијата и летните љубовни авантуриrn

    Овен

    rnСатурн доминира во вашата љубовна ѕвезда, што ќе ви помогне да донесете конечни одлуки за љубовните врски, што ќе има долготрајни последици. Вие сте знак кој сака посветеност, затоа не губете си го времето со нестабилни партнери.rn

    Бик

    rnЈупитер во вашиот знак ве става во фокусот на вниманието и ќе ви донесе многу можности за запознавање нови луѓе. Истражувајте, а вистинската врска ќе ви ја овозможи слободата за експериментирање.rn

    Близнаци

    rnЉубовта има скриена тематика во вашиот знак, што е резултат на мистериозното влијание од Јупитер. Марс е во знакот на близнаците во периодот од 22 јуни до 4 јули, па тогаш ќе бидете самоуверени да појдете по она што го сакате во љубовта. Бидете храбри!rn

    Рак

    rnВашите пријатели се вашите волшебници кои ќе ви донесат среќа во љубовта. Затоа, ако сте сингл, оставете го вашиот пријател/ка да се стави во улога на Купидон. Вљубените ракови ќе уживаат дружејќи се повеќе време со пријателите. Фамилијарниот живот, живеењето во пар и плановите за заеднички живот ќе тргнат напред.rn

    Лав

    rnЦелосно сте посветени на работата, повеќе од кога било, со оглед на тоа дека Јупитер ви помага да напредувате на професионален план. Бидете подготвени да се носите со вашите чувства бидејќи возможни се романтични авантури на работното место. Во периодот од 29 јули до 21 август, Венера ќе се наоѓа во вашиот знак. Тогаш ќе заблескате со својот изглед, па ова е најдобар период да привлечете онаква љубов каква што заслужувате.rn

    Девица

    rnЈупитер ќе ја разбуди вашата немирна страна, што ќе ве натера да го зачините љубовниот живот. Излезете надвор од зоната на комфорот и предизвикајте се самите себе да испробувавте нови работи. Бидете лојални кон пријателите и во љубовта. Некои недоразбирања можат да резултираат со одложувања на љубовните авантури до август.rn

    Вага

    rnВлијанието на Сатурн ви помага да созреете и да донесете подобри одлуки во љубовта.rnЌе научите како да се справите со оние кои не се доволно сериозни. Имајте време за луѓето што ви се важни. Голема е шансата да се обврзете и да донесете клучна љубовна одлука.rn

    Скорпија

    rnСо темпераментниот Јупитер во вашата љубовна зона, ова ќе биде едно исполнето лето за вас. Слободните скорпии ќе добијат многу романтично внимание, додека оние кои се во врска ќе можат да ја однесат врската на следното ниво, полесно од вообичаено.rn

    Стрелец

    rnСега сте посенсзуални од кога било и сте склони кон намалување на темпото во љубовта за да можете да уживате во секој момент. Малите љубовни гестови значат многу повеќе од некакви екстравагантни подароци. Затоа, правете приземни љубовни планови.rn

    Јарец

    rnМарс ќе биде во вашата љубовна зона од 4 август, па оттогаш ќе бидете отворени за сè. Оваа планета ќе ви донесе и самодоверба, што пак ќе ви помогне да се однесувате како што се чувствувате. Возможно е да тргнете напред во љубовта. Не чекајте, преземете го првиот чекор!rn

    Водолија

    rnМеркур ќе ви помогне да остварите нови конекции и подобро да ги запознаете оние што ги сакате во месец јули. Венера ќе ви овозможи љубов во август, но треба да бидете флексибилни со оглед на ретроградното влијание, што значи дека е можно да се случуваат недоразбирања. Бидете јасни во комуникацијата.rn

    Риби

    rnОва лето треба да се изразувате себеси на секој начин, бидејќи можете да направите значителни промени во љубовта под влијание на Јупитер. Рибите што се во врска ќе се почувствуваат подготвени да ја продлабочат блискоста и довербата преку донесување практични одлуки, како на пример, заедничко користење на парите и местото на живеење.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и моминската вечер

    Астрологијата и моминската вечер

    Сакате да испланирате совршена моминска вечер за вашата најдобра другарка? Во тој случај, добро би ви дошле неколку совети од космосот, кои ќе ви помогнат да сфатите во што навистина би уживала идната невеста на нејзината последна сингл вечер.rnrnАстрологијата и моминската вечерrn

    Овен

    rnНевестата со хороскопски знак овен ќе сака моминска вечер која е забавна, енергична, но да не трае со часови. Таа сака да ја прескокне традицијата и да ги прави работите кои неа ѝ се допаѓаат, па затоа другарките треба дефинитивно да ја вклучат идната невеста во планирањето на моминската вечер.rn

    Бик

    rnНевестата родена во знакот бик ќе сака моминска вечер во која ќе бидат послужени разни видови закуски и скапо вино. Овој сензуален хороскопски знак тежнее по релаксирачка атмосфера, која ќе ѝ дозволи да го забави темпото и да ужива во моментот додека трае.rn

    Близнаци

    rnЗабавната и безгрижна невеста родена во знакот близнаци најверојатно најмногу ќе ужива во својата моминска вечер доколку на неа со другарките играат „Вистина или предизвик“, „Врти шише“ или некоја друга игра од ваков тип. „Што повеќе, толку подобро“ е социјалното мото на близнаците, така што другарките треба да ги поканат сите девојки кои таа ги знае. Таа ќе ужива озборувајќи со секоја нејзина гостинка.rn

    Рак

    rnУбава храна и присуството на женски членови од семејството ќе направи милата невеста со хороскопски знак рак да биде среќна на нејзината моминска вечер. Имајте повеќе хартиени марамчиња при рака и направете многу фотографии и видеоснимки, бидејќи оваа чувствителна девојка најверојатно ќе пролее многу солзи-радосници додека слави и таа дефинитивно ќе сака секој момент да биде документиран.rn

    Лав

    rnНевестата со хороскопски знак лав ќе сака да биде во центарот на внимание на нејзината моминска вечер. Направете проекција на фотографии или краток филм во кој таа ќе биде главната ѕвезда. „Лавицата“ ќе ужива во аплаузот и пофалните зборови од нејзините другарки.rn

    Девица

    rnНевестата родена во хороскопски знак девица ќе ужива во богато сервирана трпеза и пријатен разговор со нејзините најблиски другарки. Ваквата класична забава збогатете ја со тоа што ќе повикате козметичарка која ќе ѝ направи специјален педикир и маникир со кој вашата девица ќе биде на „седмо небо“.rn

    Вага

    rnМоминска вечер помината во софистициран спа-центар, ќе ја направи романтичната вага среќна. После прекрасното уживање во неверојатен комфор заедно со најблиските пријателки, таа одвај ќе чека да се сретне со свршеникот и да ги сподели впечатоците од денот.rn

    Скорпија

    rnНевестата-скорпија со сигурност ќе сака провокативна моминска вечер. Без разлика дали станува збор за некакви одбрани секси поклони за првата брачна ноќ, стомачен танц или пак посета на машки стриптиз-клуб, невестата ќе си помине забавно. Бидете сигурни дека нејзината енергична страна ќе избие на површина во текот на ноќта.rn

    Стрелец

    rnНевестата родена во знакот стрелец нема да сака нешто премногу девојчинско за нејзината моминска забава. Наместо тоа, овој авантуристички дух најверојатно ќе сака да ја помине ноќта во некој забавен парк или правејќи нешто екстремно. Вака поминатата ноќ ќе ѝ се допадне многу повеќе, отколку да седи, да муабети и да грицка предјадења заедно со нејзините другарки.rn

    Јарец

    rnКонзервативната и внимателна невеста, родена во знакот јарец ќе ужива доколку нејзината моминска вечер вклучува почитување на традицијата и добриот вкус. Практичната невеста, исто така, ќе сака на нејзината моминска вечер да бидат поканети и некои другарки успешни во нивната кариера, со кои ќе добие шанса малку да поразговара додека се забавува.rn

    Водолија

    rnНевестата-водолија ќе сака нешто поразлично од вообичаеното за нејзината моминска ноќ. Астролог или читач на тарот карти би можеле да бидат интересни нешта кои ќе ѝ дадат космичка перспектива на ноќта во која таа ќе ужива.rn

    Риби

    rnСпиритуалната невеста родена во знакот риби, би сакала мала церемонија или некаков ритуал на нејзината моминска вечер. Масажа на стапалата со разни креми и етерични масла ќе ѝ причини големо задоволство на рибата, бидејќи и онака најчувствителен дел од нејзиното тело се токму стапалата.

  • Магнетската привлечност кај спротивните астролошки знаци

    Магнетската привлечност кај спротивните астролошки знаци

    Љубовната хемија помеѓу двајца заљубени луѓе е возбудлива, непредвидлива, интересна, но може да биде и многу исцрпувачка за партнерите. Кои било два хороскопски знаци од зодијакот можат добро да се сложуваат, доколку се спремни да поминат преку недостатоците на својот партнер. Кај спротивните знаци пак, постои една моќна меѓусебна привлечност уште од самиот почеток, но исто така тие се соочуваат и со моќни предизвици во врската, кои доаѓаат до израз поради нивните тотално спротивставени карактери.rnrnКако што се привлекуваат плусот и минусот кај батериите, така и помеѓу знаците кои се наоѓаат на спротивните страни на хороскопското тркало, се создаваат искри кои можат да прераснат во страсна љубовна врска. Но, поминувањето многу време со некој кој има тотално различен поглед кон животот од вашиот, може да биде многу измачувачки, па после некое време батеријата во вашата врска ќе мора да биде променета. Дознајте како вие и вашиот спротивен знак во хороскопот можете да ја вратите искрата во вашата врска која ве споила на почетокот.rnrnМагнетската привлечност кај спротивните астролошки знациrn

    Овен и вага

    rnКога овен и вага се запознаваат, помеѓу нив инстантно почнува да се разгорува една страсна искра, благодарение на енергичноста и нескротливиот сексапил на овенот и нежниот шарм и суптилноста на вагата. Но, со тек на време, искрата може да се разгори во нетрпеливост помеѓу нив, бидејќи на овенот може да му досади од префинетите манири на вагата, а таа пак може да почне да се моли овенот некогаш да научи да се однесува поцивилизирано. Доколку сакате во вашата врска да продолжат да пулсираат искри на страст, наместо искри на гнев, престанете да војувате еден со друг и заедничката енергија употребете ја за да створите нешто реално – започнете бизнис, изградете куќа или едноставно заеднички згответе вечера. Кога вашите комплементарни вештини ќе ги ставите во игра, ќе се потсетите дека вие сте еден одличен пар.rn

    Бик и скорпија

    rnОваа љубовна комбинација е „жешка“ уште на самиот почеток на врската. Кога лекомислениот, сензуален бик ќе се судри со неодоливата страст на скорпијата, кај овие партнери еруптира нескротлива сексуална желба. Но, со тек на време на бикот може да му досади од напнатоста на скорпијата, а таа пак може да смета дека бикот е честопати опуштен повеќе отколку што треба. Можеби ќе звучи иронично, но за да ја одржите искрата во вашата врска, вие треба да излезете од спалната соба и да поминете попладне дружејќи се со пријателите или да отидете на концерт, на журка или на кое било место каде ќе бидете опкружени со многу луѓе. Социјализирањето ќе ви помогне да внесете свежина во вашата врска и ќе ви создаде чувство на сексуална жед еден за друг, во ситуација во која ќе можете само да се гледате.rn

    Близнаци и стрелец

    rnВо моментот кога интелектуалниот, ведар близнак ќе се запознае со мудриот, филозофски настроен стрелец, помеѓу нив веднаш се создава магична привлечност и меѓусебна почит. Но, вашите тотално спротивни погледи кон животот, можат да ве одведат до фрустрирачки чувства. Близнакот ќе почне да се нервира од ставот на стрелецот „Јас знам сè“, а него пак може да почне да го иритира постојаното брборење и желбата за озборување на близнакот. За да не се случуваат вакви напнати ситуации, обидете се да ја пренасочите вашата тензија во романтични прошетки во царството на природата и имагинацијата. Отидете заедно на пливање, на егзотичен остров, на планинарење или едноставно поминете попладне заеднички уживајќи во добра музика, гледајќи интересен филм или разгледувајќи уметнички дела на некоја изложба. Ослободувањето на вашите мисли од секојдневните обврски, може да ја врати страста во вашата врска и да ви даде нови, возбудливи теми на муабет.rn

    Рак и јарец

    rnКога емотивниот рак, на кој му е потребен стабилен љубовен живот, ќе се запознае со сериозниот, силен и тивок јарец, инстантно се создава обострана привлечност. Оваа е од оние класични љубовни врски, во која ракот е нежниот партнер, кој секогаш дава поддршка и утеха, а јарецот е посилниот партнер, кој го носи лебот во куќата. Но, со тек на време ракот може да се почувствува игнорирано од страна на јарецот, а тој од своја страна, може да смета дека ракот понекогаш е премногу наметлив. За да спречите да се оладат односите во вашата врска, вие двајца треба да запомните дека не сте само партнери, туку и љубовници. Следете го примерот на љубовните парови во старите филмови и излезете од куќата (ако имате деца оставете ги кај бабата и дедото) и почестете се со еден вистински старомоден љубовен состанок. Отидете во ексклузивен ресторан, напијте се шампањско, разменете си романтични подароци, а кога ќе се вратите дома, облечете ја најпровокативната долна облека што ја имате и лизнете се под чаршавите.rn

    Лав и водолија

    rnПомеѓу овие двајца партнери експлодира сексуална привлечност, во истиот момент кога самоуверениот лав, кој се однесува како крал/кралица ќе се запознае со непристојната водолија. Фактот што водолијата одбива да се „поклонува“ пред лавот, него го возбудува и фасцинира. Таа пак, му се восхитува на способноста на лавот, да ја „маѓепса“ секоја просторија во која ќе влезе со неговиот неодолив шарм и харизма. Како и да е, со тек на време, на водолијата може да ù здодее од непоправливата потреба на лавот за внимание, а тој може да се мурти доколку водолијата не го почитува вообичаеното социјално однесување. Кога ќе решите да ја закопате секирата во мед, одвлечете се еден со друг до спалната соба. Заеднички поминатото време, подалеку од гужви и уживањето во физичката страна на вашата врска е најсигурниот начин да го најдете вашиот заеднички јазик и да ја вратите сексуалната енергија.rn

    Девица и риби

    rnДевицата е пред сè организирана и практична личност, а рибата го живее животот вешто одбегнувајќи ги секојдневните рутини кои и ја ограничуваат слободата. Кога претставници на овие два знака стапуваат во љубовна врска, тие се возбудени и стимулирани од можноста меѓусебно да си помогнат да станат подобри личности. Така, дисциплинираната девица може да и помогне на рибата организирано да си ги завршува обврските, а таа пак може да и покаже на девицата како да се релаксира и да почне повеќе да го живее животот. Со тек на време, девицата може да почне да ја иритира непостојаноста на рибата, а на неа може да почне да и пречи тенденцијата на девицата кон преголемо критикување и контролирање.rnrnКлучот за повторно враќање на страста во вашата врска, е во редовното менување на амбиентот во вашата врска. Тоа ќе го постигнете доколку практикувате патување во некоја земја која ја немате посетено, заедно се запишете на курс по странски јазик или доколку едноставно отидете во некој нов ресторан надвор од градот. На девицата добро ќе и дојде било каква промена во рутинското секојдневие, а рибата ќе ја цени способноста на девицата одлично да го испланира патувањето, да се сети да резервира маса во ресторанот или да „впие“ голем број нови зборови на курсот по странски јазик.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и љубовните врски на далечина

    Астрологијата и љубовните врски на далечина

    Предизвикувачка, тешка за одржување, однапред осудена на пропаст… Доколку сте во љубовна врска на далечина, до сега сигурно сте ги слушнале сите можни негативни коментари во врска со тоа. Она што не сте го слушнале, е дека ваквите љубовни врски имаат исто толку шанси за успех, колку и оние во кои партнерите живеат во истата населба. Исто како и во сите други љубовни врски, така и врската на далечина си бара постоење доверба помеѓу партнерите, добра комуникација и многу вложен труд за нејзино правилно насочување. Можете да ги употребите моќите кои ги поседува вашиот хороскопски знак за да се справите со предизвиците кои ги поставува пред вас љубовната врска, која сакате да ја одржувате на илјадници километри од вашиот партнер.

    rn

    Астрологијата и љубовните врски на далечина

    rnrn

    Овен

    rnВие обожавате предизвици, така што најверојатно веднаш ќе се „загреете“ за идејата да имате врска на далечина. Но, дали ќе бидете истрајни во вложувањето напори за да ја одржите, е друг муабет. Доколку вашата цел е да ја одржувате таа љубов и покрај тоа што километри ве разделуваат од вашиот сакан/а, внимавајте да не го изгубите фокусот кон неа, поради следното возбудливо нешто кое ќе се појави во вашиот живот.rn

    Бик

    rnВашата јака страна во секоја љубовна врска која ја имате, е способноста да ја одржувате романтиката во живот. Вие сте надарени со талент да го задоволувате вашиот партнер со сензуални задоволства во кои и двајцата уживате. Кога нема да бидете блиску еден до друг, одржувајте го жарот во врската, така што ќе му праќате на вашиот партнер изненадувања кои ќе му бидат од големо значење, како на пример ароматизирана свеќа, која двајцата ве асоцира на романтики.rn

    Близнаци

    rnБла, бла, бла… комуницирањето на големи далечини вам ви е наједноставната работа, бидејќи сте многу зборлести по природа. Но, внимавајте на кој начин го поминувате времето зборувајќи на телефон или преку Скајп. Наместо да го арчите времето со вашите досетки и брборење за сè и сешто, информирајте го вашиот партнер за битните настани кои ви се случиле во животот и зборувајте му отворено за вашите најдлабоки чувства. Најдобриот начин да ја изградите довербата во вашата врска, е да бидете искрени.rn

    Рак

    rnВие можеби ќе се расправате за тоа дека партнерот е тој којшто секојпат треба да дојде да ве посети онаму каде што сте вие, но редно време е да бидете фер. Поделете го по пола стресот предизвикан од патувањето со авион со вашиот партнер, така што ќе понудите алтернативни локации за средба. Кога ќе се пакувате, одолејте му на вашиот нагон да го понесете со вас секое можно предметче кое ви создава чувство на удобност и домашна атмосфера.  Наместо тоа, охрабрете го вашиот партнер да инкорпорира нешто во неговиот дом, што вие ќе му го предложите.rn

    Лав

    rnКога разговарањето преку телефон, чет или имејл пораки се најчестите начини на кои комуницирате со вашиот партнер, не можете да се потпрете на вашата харизматична насмевка и шарм, како што можете во интеракциите лице в лице. Одбирајте ги вашите зборови внимателно, за да не се случи вашиот партнер погрешно да го интерпретира тонот на вашиот глас. Исто така, гледајте да ги одложувате потешките разговори за деновите кога ќе можете да се видите во живо.rnrnАстрологијата и љубовните врски на далечинаrn

    Девица

    rnВие обожавате да планирате, па затоа искористете ги вашите организациски способности за да креирате долгорочен план за вашата љубовна врска. Зборувајте со вашиот партнер за иднината и договорете се колку време ќе живеете оддалечени. Дискутирајте за тоа дали постои можност едниот од вас да се пресели кај другиот и доколку постигнете компромис, поставете краен рок до кога тоа мора да се случи. Прегледувајте ги вашите планови одвреме-навреме и имајте флексибилен однос со вашиот љубен/а.rn

    Вага

    rnДајте му на вашиот партнер на знаење кои се вашите очекувања од врската и колку сте спремни да вложите во неа. Ако тој или таа има различни идеи од вашите, употребете ја вашата способност за преговарање и обидете се да постигнете компромис кој ќе ви одговара на двајцата. Преземањето иницијатива и отворениот пристап, се одлични начини на создавање чувство на блискост во вашата врска.rn

    Скорпија

    rnНа сите парови кои функционираат на далечина најмногу им недостига физичката интимност која другите парови си ја зимаат здраво за готово. Очигледно е дека не можете секојдневно да ги победите илјадниците километри за да го бакнете вашиот љубовен партнер, но затоа можете да ја свртите веб-камерата кон вас. Употребете го жешкиот шарм кој го поседувате, за да го послужите вашиот љубовник со секси сајберстриптиз.rn

    Стрелец

    rnНастојувајте да пронајдете заеднички интереси помеѓу вас и вашиот партнер, па макар и со сила. Учете го истиот странски јазик кој го учи вашето најмило и вежбајте го во конверзација и преку праќање пораки на интернет. Како награда за вложениот труд, планирајте го вашиот заеднички одмор, на кој ќе можете да ги искористите вашите новостекнати јазични способности и да тестирате колку течно го зборувате јазикот. Заедничките интереси се одлични за зацврстувањето на вашата врска.rn

    Јарец

    rnНахранете ја вашата носталгична страна, така што ќе планирате настани кои ќе бидат базирани на убавите моменти кои сте ги поминале со вашиот партнер. Повторно посетување на романтичните места со вашиот партнер, секогаш „ги полни батериите“ на врската. Кога вашето злато ќе си дојде дома на посета, направете албум со фотографии од тие места и опис на романтичниот момент, кој ќе ве прошета низ убавите спомени секогаш кога ќе посакате да се присетите на нив. И се разбира, не заборавајте да направите две копии од албумот, за секој од вас да си понесе по еден дома кога ќе морате повторно да се разделите.rn

    Водолија

    rnВие всушност можеби ќе ја цените оддалеченоста помеѓу вас и вашиот партнер, бидејќи таа ќе ви дозволи да си ја одржувате индивидуалноста, која понекогаш може да исчезне поради тоа што партнерите поминуваат премногу време заедно. Во секој случај, внимавајте да не се оддалечите и емоционално од вашиот партнер.rn

    Риби

    rnВие сакате да ја искористите секоја прилика да избегате од реалноста за да можете да си ја регенерирате вашата креативна енергија. Поканете го вашиот партнер да ви се придружи во играњето некоја научно-фантастична видео игра преку интернет. Кога ќе бидете во можност да се видите во живо, создадете сцена како од фантазиите, за да продолжите да ја играте вашата имагинативна игра во реалноста. Тоа може да внесе нова искра во вашиот љубовен живот.rnrn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и барањето прочка од партнерот

    Астрологијата и барањето прочка од партнерот

    Имавте страшна кавга со вашиот партнер? Ја кажавте најлошата работа, во најлошиот момент и сега сте соочени со ситуација во која морате да изберете дали ќе ја поправите штетата или ќе дозволите во вашата врска да завладее лоша карма. Дали знаете искрено да побарате прочка? На тоа прашање одговор ќе ви даде астрологијата.rnrnАстрологијата и барањето прочка од партнеротrnrnСтрелецот е непоправливо груб, нетактичен и суров и најчесто прекасно сфаќа дека неговите импулсивни реакции и зборови кои не се на место, погодиле некоја многу сензитивна точка кај неговиот љубовен партнер. Во секој случај, стрелците не се злобни по природа и (доколку сфатат навремено) ќе се обидат да се оддолжат за нивните непромислени реакции.rnrnОвенот има тенденција инстантно да заборава што кажал во моментот на бес и не може да сфати зошто некој би требало да биде загрижен за нешто што се случувало пред еден час, а камо ли за нешто од минатата недела. Претставниците на овој хороскопски знак мораат да научат да сочувствуваат со оние луѓе кои имаат поинаков темперамент од нивниот.rnrnБлизнаците знаат да бидат тотално безобѕирни во однос на чувствата на другите, а нивните коментари во момент на кавга можат да бидат многу ладнокрвни. Исто како и овните, близнаците не можат да сфатат зошто треба да се крева толкава врева околу нешто, поради што не чувствуваат дека имаат за што да се извинат. Луѓето родени во оној хороскопски знак мораат да научат повеќе да се потпираат на она што им го кажува срцето, а помалку на разумот и само тогаш ќе бидат способни да сфатат каде е проблемот.rnrnВодолијата знае да стане непредвидливо директна во кавга и тврдоглаво одбива да признае дека нејзините зборови се тотално нечувствителни. Таа исто така, знае да тера инает и сака буквално да провоцира само за да ја види реакцијата на партнерот. Извинувањето не е нивна јака страна, освен доколку тоа не го побарате од нив на некој кул пријателски начин.rnrnНа скорпијата во принцип не и е забавно да предизвикува ситуации кои создаваат проблеми. Но, таа сака партнерот да и ги почитува мислите и чувствата, така што типично за неа е да каже по некој зајадлив коментар, кој е всушност одмазда за некоја претходна препирка во врската. Повеќето скорпии извинувањето го доживуваат како самопонижување. Тие треба да научат да забораваат на лошите работи кои се случиле во врската, да се разведрат фокусирајќи се на убавите и да продолжат понатаму со животот.rnrnДевицата знае честопати да биде претерано пребирлива и не може секогаш да сфати дека нејзините „добри“ забелешки, за личноста од спротивната страна можат да звучат како најлоши критики. Наспроти нивната „бодликава“ надворешност, девиците имаат добро срце, благодарение на што тие набрзо ги исправаат грешките кои ги направиле.rnrnВагата мрази ситуации во кои владее непријатна атмосфера. И покрај тоа што таа знае да биде премногу аналитична, критична и огорчена во однос на негативните карактерни особини на нејзиниот љубовен партнер, таа сепак е желна кратко после расправијата да ги „излекува“ повредените чувства на партнерот.rnrnРакот толку многу не може да поднесе чувствата да му бидат повредени, што има тенденција да се воздржува од изразување на неговите размислувања, бидејќи се плаши да не испровоцира контранапад. Кога раковите сепак се решаваат да ги искажат нивните замерки во однесувањето на нивниот партнер, тие набрзо после муабетот ќе направат сè што е во нивна моќ за да ја вратат хармонијата и спокојот во врската.rnrnРибите имаат тенденција да бидат изненадувачки брутални во нивните замерки кон партнерот, кога нивниот потиснат гнев ќе излезе на површина. Кога хаосот ќе помине и ќе си ја „оладат“ главата, рибите ќе бидат толку стаписани од нивната постапка, што ќе трчаат кон партнерот со букети и чоколада в рака, за да бараат прочка од него.rnrnБикот вообичаено е сталожен и спокоен, но знае да постане екстремно избувлив кога ќе се вознемири. Тој не сака да каже „извини“, бидејќи смета дека таквата постапка го става во подредена положба, но затоа неговите постапки ќе зборуваат погласно од зборовите, па наместо „извини“ бикот ќе ви понуди прегратка и бакнеж.rnrnАко избие љубовна кавга, јарецот веднаш ќе „исчезне“ од просторија и ќе отиде да работи нешто друго. Но, јарецот ја обожава безбедноста која ја создава пријателскиот дух во љубовната врска, па затоа порано или подоцна ќе се врати назад за да ги измрмори вистинските зборови, се разбира, доколку не му оставите алтернатива.rnrnЛавот во ваквите ситуации секогаш се обидува да ја префрли вината на другиот, притоа правејќи коментарите кои ги кажува со цел да го засрами партнерот, да звучат оправдано. Лавот не знае баш да ја преземе одговорноста за сопствените грешки, па би било добро доколку неговиот партнер го познава доволно добро, за да сфати дека ќе му биде потребно подолго време за да признае дека погрешил.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и интуицијата

    Астрологијата и интуицијата

    Вие можеби веќе поседувате моќни интуитивни способности за кои не сте свесни и сè што ви е потребно, е да го идентификувате вашиот најдобар пат кон успех и среќа во животот. Дури и ако не верувате во постоењето интуиција, можеби ќе се изненадите кога ќе откриете дека таа ви отвора нови можности за пронаоѓање извори на инспирација, начини на преземање иницијатива, ќе ве научи како да бидете инвентивни, ќе ве натера да се борите за подобра иднина, ќе ја зголеми вашата креативност, ќе ви овозможи да ги читате работите кои се кријат „меѓу редови“, па дури и да ги игнорирате оние работи кои би сакале да не постојат во вашиот живот.rnrnАстрологијата и интуицијатаrnrnСпоред психологот Карл Густав Јунг, сите луѓе го разбираат светот преку емоциите и интуицијата. Интуицијата се базира на претчувствата и вклучува сигнали од потсвеста. Јунг верувал дека секоја личност има дарба за интуиција.rn

    Огнени знаци

    rn

    Овен

    rnИнтуицијата може да биде вашиот најголем извор на информации и поттик за борбеност. Вие имате потенцијал да прераснете во самостојна личност, која истовремено ќе се грижи за нејзиното семејство и ќе се вклопи во секое социјално опкружување. Природно интуитивни, вие можете длабоко да ја разберете вашата и психичката состојба на луѓето околу вас.rnrnВие секогаш имате некоја нова идеја на ум: да прочитате книга, да започнете да работите на нов проект, да фатите нов правец во животот или едноставно целосно да го отворите вашето срце и ум за примање нови информации. Со употреба на вашето тело на различни начини, вие ќе научите повеќе за себеси и ќе ги проширите вашите хоризонти. Вашата медитација може да вклучува визуелизација на пупка роза, како се отвора на сончева светлина и ја открива нејзината фантастична боја и дизајн. Ништо нема да ве чини да се обидете, нели?rn

    Лав

    rnКога вашата интуиција е силна, вашиот процес на донесување одлуки мора да биде рационален, за да бидете способни да ја земете предвид новата информација. Рационалното насочување на вашата интуиција не значи правење голема промена во вашиот живот. Доколку направите мала промена во вашиот ментален фокус, ќе можете да апсорбирате значајни информации и да развиете емоции кои ќе ве одведат до успеси. За да ви оди добро во учењето, кариерата и во разните креативни проекти на кои работите, треба да направите мала промена во начинот на размислување, која ќе ви донесе спектакуларни резултати.rnrnВашата интуиција може да ви предизвика мала ментална или телесна неудобност. Употребете ја таа неудобност како мерка за вашиот степен на прецизност. Размислете дали сте насочени кон реализација на вистинската цел – таквите мисли би требало да ве релаксираат. Дали сте под стрес? – Тоа ви покажува дека правите мала промена во вашата психичка состојба, која може да ви биде од одлична полза.rn

    Стрелец

    rnПродлабочете ги вашите лични вредности со помош на интуицијата. Вие сте свесни дека некои од вашите верувања не се секогаш во согласност со вашето чувство за она што е исправно, а што не и тоа ве спречува да направите прогрес во кариерата, љубовта или во духовниот раст. Треба да сфатите дека вашите стари емоционални навики ќе исчезнат во оној момент кога ќе му кажете „чао“ на вашето минато.rnrnОбрнувајте внимание на луѓето кои ги запознавате, но немојте да им ги кажувате сите детали од вашиот живот. Тие не мораат да знаат сè, а вие можеби ќе се предомислите во врска со нив. Внимателниот пристап не може да ви штети, а истовремено ќе ве заштити од недоразбирања. Вашата интуиција ви ги кажува желбите на луѓето околу вас.rn

    Земјени знаци

    rn

    Бик

    rnДозволете ѝ на вашата интуиција да ги избере дестинациите до кои сакате да отпатувате бидејќи одморањето на некое патување е вашиот начин на медитација. Вашиот љубовен живот и кариерата исто така можат да извлечат корист од вашата интуиција. Однесувајте се понезависно и истовремено обрнувајте повеќе внимание на луѓето околу вас (првиот впечаток може да биде погрешен). Интересни идеи редовно „скокаат“ во вашиот ум, а вашиот начин на резонирање обично ги опфаќа сите сегменти.rnrnАко имате некоја повреда или болест, ќе оздравите многу побрзо доколку се фокусирате на потребите на вашето тело. Интуицијата може да ве одведе до вистинскиот доктор или до најдобрата терапија. Обидете се да си замислите како сте комплетно здрави и тенденциозно насочете се кон забрзување на процесот на вашето оздравување.rn

    Девица

    rnИнтуицијата ви помага да станете посвесни за светот околу вас. Понекогаш длабоката интуиција произлегува од самите вас, благодарение на познатиот глас во вашата потсвест или замислувајќи слики кои ви помагаат успешно да завршите некоја задача. Понекогаш дури и замислување на местото кое сакате да го посетите ви овозможува да стигнете до него. Слушајте го вашиот внатрешен глас и поврзете го со сето она што го гледате пред вашите очи. Љубовта ќе ви биде блескава и здрава, доколку ја внесете вашата психичка интелигенција во врската. Комуницирањето за она што го чувствувате длабоко во вашето срце, е еден од најдобрите начини за да му докажете на вашиот партнер дека му верувате.rn

    Јарец

    rnДругите луѓе ви нудат онолку можности колку што можете максимум да поднесете. Главното прашање е која од овие шанси да ја искористите? Вашата интуиција ви ја прикажува иднината на секоја можност која стои пред вас. Таа ваша способност е речиси исто, како да држите кристална топка во рацете, која ви покажува како ќе завршат работите. Вам исто така ви е лесно да направите мало практично истражување кое ќе ги поддржи вашите одлуки.rnrnИнтуицијата ви помага да ги материјализирате вашите идеи, кои некогаш ви изгледале недостижни. Вашиот љубовен партнер може да ви постане и бизнис партнер, барем во процесот на планирање. Додека разговарате за можностите, вие двајца можете да дојдете до многу подобри одлуки, отколку кога би ги носеле сами.rn

    Воздушни знаци

    rn

    Близнаци

    rnЗборувајте со некој за она што интуитивно го перципирате и веднаш ќе го смените вашиот начин на размислување бидејќи вие имате многу променлива природа. Но, пред да „скокнете“ во автомобилот со неколку скапи работи во вашата торба, проверете што ви кажува вашата интуиција. Дали таму каде што сте се упатиле ве чека работа? Дали ќе пронајдете друштво кое ќе ви одговара? Дали љубовта е дел од таа слика? Со други зборови што се крие зад вашиот интуитивен импулс?rnrnБидејќи вашата интуиција е многу моќна, вие мора да поработите на обрнување подлабоко внимание на нештата околу вас. Не дозволувајте навидум оригинални, но крајно непрактични идеи, да ве дефокусираат од сериозно посветување на вашата работа. Работете на вашата рамнотежа. Бидете присутни во светот на сензациите, само кога тоа го бара од вас самата ситуација.rn

    Вага

    rnВнесете хармонија и баланс во вашиот живот по пат на интуиција. Прво, употребете ги вашиот интелект и интуиција за донесување на клучните одлуки во вашиот живот. Оваа комбинација на ментален процес, произведува подлабок и поточен преглед на секој ваш проблем. Второ, не донесувајте избрзани одлуки. Наместо тоа слушнете што ви кажува вашата интуиција, на начин што ќе ги тестирате резултатите кои може да произлезат од неа, пред да се обврзете на нешто што не сакате. Трето, најдобро ќе ја забележувате вашата интуиција, доколку го стимулирате вашиот ум со нешто. Менталната вежба е добра за вас.rnrnИнтуицијата може да ве одведе до некоја волонтерска работа во вашето соседство или работа во религиозна институција. Вашиот добар резон ви овозможува лесно да се вклопите во група луѓе кои размислуваат слично како вас.rn

    Водолија

    rnВашата интуиција сè повеќе се зајакнува како што вложувате напори да оставите некаков белег на овој свет. Социјалните реформи може да бидат една од вашите цели, но во оној момент кога ќе го доведете вашиот финансиски живот во ред.rnrnМоже да искусите вознемирување додека спиете или при друга телесна состојба, додека ја развивате вашата интуиција. Запомнете дека не морате да ја следите секоја ваша идеја. Вашето тело ви сигнализира кога треба да се концентрирате на нешто, а кога не.rnrnПешачењето или некои други физички активности, можат да ви помогнат да ја поврзете вашата интуиција со практичниот свет. Медитирајте со пешачење. Контактот со реалноста е многу важен за да ги разбирате работите кои се случуваат околу вас и да го пронајдете вашето највисоко ниво на удобност во сопствената кожа, додека искусувате промени во вашиот живот.rn

    Водни знаци

    rn

    Рак

    rnВие обично се вклучувате во активностите на другите луѓе. Точно знаете што следува без многу да размислувате за тоа. Ако имате некои грижи поврзани со вашето здравје, задолжително споделете го со вашиот доктор она што ви го кажува вашата интуиција. Вашите интуитивни сигнали можат да ви помогнат да добиете многу поуспешни третмани. Научете ги основите на хипнозата и телепатијата.rnrnИнтуитивните импулси може да ве одведат до одговорот уште пред да го поставите прашањето. Учењето нешто ново, може да ви овозможи да ги разберете вашите интуитивни способности. Научете кој дел од интуицијата произлегува од вашата здрава логика, а кој од вашите емоции. Ова разграничување ќе ве направи посамоуверени во однос на донесувањето одлуки.rn

    Скорпија

    rnЗа вас, промените се сè во животот. Патувајте на места кои ги сакате, научете да медитирате и истражувајте ги нештата кои ве интересираат. Со секој ваш ментален развој, забележувајте каде ве води вашата интуиција.rnrnВашиот потенцијал самостојно да ги лекувате вашите рани е голем, бидејќи вие умеете истовремено ментално, физички и спиритуално да се сосредоточите. Употребете ја медитацијата за да ја максимизирате вашата моќ на физичко и психичко оздравување. Вашиот внатрешен фокус, ви овозможува да ја употребите исцелителната моќ за решавање на секој проблем. Хипнозата е уште една моќна исцелитена алатка, која може да ви помогне при решавањето на некој физички или емоционален проблем и да ви овозможи да си создадете одлични алтернативи.rn

    Риби

    rnВашата интуиција ви го покажува крајот на стариот круг и почетокот на новиот. Тоа не значи дека треба да се борите против минатото, туку дека вам не ви е проблем да ги напуштите старите навики и начини на однесување. Со напуштање на минатото ќе ја откриете длабочината на љубовта во вашите врски, големата вредност на материјалните нешта кои ги поседувате и задоволството да го гледате светот низ светла призма.rnrnИнтуицијата ви помага да ги видите идните резултати од вашите сегашни активности. Со знаење на мал дел од иднината, сте посамоуверени да го оставите минатото зад себе. Понекогаш можеби ќе се чувствувате неуморно и енергично, а за развој на таквото чувство, можете да допринесете со јадење редовни и здрави оброци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и влијанието врз другите луѓе

    Астрологијата и влијанието врз другите луѓе

    Дали умеете да им дадете доволно поддршка, разбирање и поттик на вашите најблиски и им давате на знаење дека сте секогаш тука за нив? Влијанието кое го остварувате врз другите луѓе, зависи од вашиот хороскопски знак.

    rn

    Астрологијата и влијанието врз другите луѓе

    rn

    Водните знаци (Рак, Скорпија и Риби) се исцелителите во зодијакот, бидејќи се способни да создадат повеќе хармонија и мир во нивното опкружување, отколку што чувствуваат во самите себе. Тие се најчесто претерано сентиментални личности, но имаат навистина голема вештина да направат другите луѓе да се чувствуваат подобро. Тие едноставно знаат кога треба да покажат топлина, љубов и разбирање, а кога треба да се повлечат настрана.

    rnЗемјените знаци (Бик, Девица, Јарец) секогаш создаваат чувство на сигурност и безбедност и најчесто се способни да понудат практични решенија во деликатните ситуации или во најмала рака, умеат да си најдат некаква разонода кога се соочени со нерешлив проблем. Земјените знаци се ориентирани кон реалните нешта во животот и поради тоа се многу продуктивни личности, способни да произведат видливи резултати.rnrnВоздушните знаци (Близнаци, Вага и Водолија) се јаки на зборови, но не баш со емоции. Тие преферираат да стојат настрана од емоционалните ситуации и да го анализираат животот, но тоа нивно однесување може да му стане здодевно на нивниот партнер, кога нему му е потребна поддршка и разбирање. Воздушните знаци не дозволуваат емоциите да ги надвладеат. Тие сметаат дека секоја емоција може да биде логички објаснета и разрешена. Не се сигурни во што веруваат, бидејќи нивните желби и гледишта се менуваат, како што се менува времето.rnrnОгнените знаци (Овен, Лав и Стрелец) шират чувство на морал и етика во нивното опкружување, но не се толку сочувствени со другите луѓе. Нивната самоувереност, променливост и страст, можат да имаат различен ефект врз другите луѓе. Тие се духовно дарежливи личности, кои сакаат да остваруваат влијание врз другите. Огнените знаци се создавачите на енергија во зодијакот, кои сакаат да им помогнат да луѓето околу нив целосно да го искористат нивниот потенцијал.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и среќата во животот

    Астрологијата и среќата во животот

    Некои велат дека среќата е нешто со кое треба да си роден, други велат дека среќата мора сам да си ја создадеш. Трети пак, велат дека ќе бидете среќни само доколку силно верувате во тоа. Од помош во патот кон откривање на вистинскиот одговор може да ви биде и астрологијата, која ви открива кои активности може да ви овозможат среќата да тропне на вашата врата.rnrnАстрологијата и среќата во живототrn

    Овен: работете на случајот

    rnВашиот пријател според хороскопскиот знак, Томас Џеферсон, рекол: „Јас многу верувам во среќа и видов дека колку повредно работам, толку повеќе ја имам“. Овните се чувствуваат најсреќно додека работат нешто, вложувајќи ги своите напори до максимум, со цел да постигнат некаков успех. Ако постојано ја вложувате вашата енергија во креирање на животот кој сакате да го живеете, вие ја зголемувате веројатноста среќата да ви се насмевне.rn

    Бик: следете го вашиот рецепт

    rnВие сте биле досега среќни и тоа не е случајност. Запомнете ги чекорите кои еднаш ве одвеле до среќните периоди во вашиот живот и повторно следете го нивниот редослед. Доколку ја повторувате вашата среќна комбинација од активности, не само што ќе го добиете посакуваниот резултат од неа, туку таа и ќе се вкорени во вас.rn

    Близнаци: создадете повеќе пријателства

    rnВашата способност за градење пријателски однос со луѓето кои ги запознавате во животот, е природно вградена во вас, па зошто да не ја искористите во полза на вашата среќа и задоволство?! Вашите одлични комуникациски способности ви овозможуваат лесно да се конектирате со луѓето, а секоја личност со која ќе се запознаете претставува шанса да го збогатите вашиот дух на еден или на друг начин. Како што ќе расте вашата друштвена мрежа, така ќе растат и вашите можности.rn

    Рак: создадете ритуал

    rnВашиот душевен мир можете го зголемувате со создавање ритуали. Креирањето серија однесувања кои ќе ги следите, ќе ве одведе онаму каде што постојат среќните случајности. Вие сте од оној тип луѓе, кои веруваат дека одреден предмет ви носи среќа, па без разлика дали вашиот е пенкало, детска четка за заби или приврзок, значењето и вербата која вие ја внесувате во тој предмет, е она што прави тој да ви носи среќа.rn

    Лав: замислувајте си среќни разговори

    rnВам ви е лесно да го препознаете фантастичното во луѓето и околностите, така што сè што треба да направите за да се чувствувате среќни, е да си го повторите на глас тоа што веќе го мислите. Вашиот оптимистичен поглед кон животот, прави сите луѓе околу вас да се чувствуваат подобро. Колку повеќе ја подобрувате атмосферата со вашата позитивна енергија секаде каде што чекорите, толку повеќе среќа ќе привлечете во вашиот живот.rn

    Девица: дајте си малку време

    rnЗамислете си ја следнава ситуација: Момче си ја скршило ногата. Неговото семејство помислило дека тоа е резултат на лоша среќа, но една недела подоцна, токму скршената нога го спасила од регрутирање за војна. Како што поминува времето, така ни се менува перцепцијата за она што е среќа, а што не. Така и вие треба да прифатите дека во животот не е сè така црно-бело и дека понекогаш околностите кои дефинитивно изгледаат како несреќни, излегува дека се создавачи на најсреќните моменти во вашиот живот.rn

    Вага: ширете ја вашата добра карма

    rn„Сè се враќа, сè се плаќа“ – рекле старите. Така и вие, доколку денес вашата добра карма му донесе среќа на некој друг, можеби утре ќе ви дојде редот вам да добиете некаква среќа од универзумот.rn

    Скорпија: верувајте им на инстинктите

    rnВие имате силно интуиција за луѓето и околностите околу вас. Постојат информации кои едноставно ги знаете, а не знаете од каде. Вашите внатрешни импулси се многу силни и ако ги следите ќе ве одведат на вистинското место. Најсреќните луѓе токму тоа и го прават – го следат своето срце.rn

    Стрелец: побарајте совет

    rnНајбрзиот и најлесниот начин да стигнете онаму каде што сакате да бидете, е да побарате совет од некој друг. Вие зрачите со младешки дух и ентузијазам, па доколку и дозволите на некоја „постара душа“ да ви даде добар совет во врска со нешто – вие ќе бидете незапирлива сила.rn

    Јарец: пронајдете си го својот ментор

    rnВие сте природно комептитивни, па понекогаш заборавате дека не секој сака да се натпреварува со вас. Всушност, токму онаа личност која мислите дека е во подобра позиција од вас, која вие упорно се трудите да ја окупирате, можеби ќе има желба да ви помогне и да ви се најде за нешто. Вие ги зголемувате вашите шанси да бидете среќни, на начин што ќе побарате помош од некој друг.rn

    Водолија: замислете си сончева иднина

    rnСпособноста да си ја претставите низ слики иднината во вашата глава, е вашата суперсила. Кога си проектирате во мислите успешен крај за вас, вашите најблиски и светот воопшто, најчесто истата таа ваша среќна верзија за иднината, испаѓа токму онака како што сте рекле дека ќе биде.rn

    Риби: дружете се со весели луѓе

    rnВие имате една навистина интересна способност да ги апсорбирате вибрациите кои ги шират луѓето околу вас, а кога сте во близина на среќни луѓе, и вие постанувате среќна личност. Вие во суштина и не треба да правите нешто особено за да бидете среќни. Едноставно бидете секогаш во близина на луѓе кои се задоволни од нивниот живот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.