КАФЕ ПАУЗА

Category: Тематски хороскоп

  • 12 дена новогодишен секс

    12 дена новогодишен секс

    ОК. На „зимски распуст“ сте и во овој период сакате да имате повозбудлив секс, како еден вид новогодишен подарок за вас и за вашиот партнер. Еве 12 совети кои ќе го зачинат вашиот сексуален живот за време на новогодишните празници. Но запомнете, сите носиме по малку енергија од другите знаци во зодијакот, па секој од овие совети може да има ефект и во вашиот случај. Раководете се по еден од нив секој ден или применете ги сите 12 во една вечер. Заслужувате. Време е за празничен секс.rnrn12 дена новогодишен сексrnrnОвен: Пазете се од првиот знак во зодијакот. Овните се оргазмични и во тоа лесно ќе се уверите доколку се најдете во нивно друштво. Енергијата на овенот сугерира да преземете одговорност за да доживеете сопствено задоволство.rnrnБик: Воведете некое јадење во сексуалниот чин. Може да биде шлаг-пена, јагоди, чоколадо, мед или што било друго. Употребете ја вашата имагинација. Биковите управуваат со апетитот, па нивната космичка енергија вели: „Зошто да не се наполни стомакот и воедно да се задоволат и подолните предели?“rnrnБлизнаци: Овој знак сака муабетење, па нему ќе му се допадне доколку му зборувате валкано. Нема да згрешите ако на близнаците им кажувате реченици од типот: „Сакам (придавка) да ти го (глагол) на твоето (некој дел од телото)“.rnrnРак: Обидете се со нежност, нежни бакнежи, слатки шепотења, бескрајни допири… Енергијата на ракот е сензуална. Овој знак владее со стомакот и градите, па може да почнете од таму.rnrnЛав: Направете претстава. Лавот е знакот на шоу-бизнисот, а сите знаеме дека не може да има шоу без публика. Енергијата на лавот сугерира да се започне уште во диско-клубот. Фатете се за шипката или качете се на бината и почнете да работите на случајот.rnrnДевица: Дајте им масажа, по можност со среќен крај :). Истражете на интернет кои мускули треба да ги допирате и на кој начин. Нивната енергија се асоцира со здравјето и благосостојбата, и тоа во физичка смисла. Доколку научите повеќе за физиологијата, ќе бидете посамоуверени со девицата и ќе можете и самите да доживеете поголемо задоволство.rnrnВага: Вагата е знак на елеганцијата. Ќе ја возбудите со тантелена долна облека и/или чаршафи со специфични плетки. Секогаш мислете на извонредните додатоци кои ќе ја освојат вашата вага.rnrnСкорпија: Срушете ги границите на перверзиите. Енергијата на скорпиите може да биде дива и животинска. За секого е различно. Запрашајте се која е вашата граница и границата на вашиот партнер, а потоа пречекорете ја.rnrnСтрелец: Локацијата е сè за стрелецот. Извадете го надвор од креветот и однесете го во кујната, во вашиот автомобил, во лифтот, во просторијата за палта во дискотеката… секое место што ќе ви падне на памет, а притоа не би ве уапсиле.rnrnЈарец: Неговата енергија е во знакот на моќта и авторитетот. Во играта со господарот и слугата, јарецот дефинитивно е господарот. Во овој дух, преземете иницијатива и направете нешто надвор од вообичаеното. Опционално можете да вклучите црна кожа во играта.rnrnВодолија: Појдете во некоја продавница за „играчки“ и купете некои од најинтересните. Чисто за појаснување, ова се такви играчки кои не би ги отпакувале заедно со своите родители во собата. Има голем избор. Па, забавувајте се.rnrnРиби: Го знаете симболот на хороскопскиот знак риби? Размислете. Доволно е кажано.rnrn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Подароци за најдобрите пријателки според хороскопскиот знак

    Подароци за најдобрите пријателки според хороскопскиот знак

    Би ви ја позајмила омилената чанта, би ви го дала нејзиниот автомобил кога ќе ви треба, ќе ги ислуша сите ваши грижи и проблеми и ќе излезе со вас дури и изморена за да ве направи среќна кога сите ќе ве откачат во петок вечер… Тоа е вашата најдобра пријателка со која знаете да се скарате, но за која би направиле сè што и таа би направила за вас. Па еве, како да ја изненадите со празничен подарок, а за изборот ни помага астрологијата:rnrnПодароци за најдобрите пријателки според хороскопскиот знакrnrnОвен: рачно изработен албум со слики, убави чизми, чанта или ременrnrnБик: чоколади, платени часови по пеење, некое убаво синџирче за на вратrnrnБлизнаци: блескав приврзок за клучеви, свеќи од соин восок, кул кутија за пренос на електронски уреди, гаџети, надворешни хард дискови и сл.rnrnРак: нешто од кашмир, особено чорапи и џемпери, убава чанта во некоја јака боја, некои убави декоративни елементи за во домот, на пример кристални свеќнициrnrnЛав: карти за во театар, скапа шминка која сама не би си ја купила, елегантен тефтер за водење дневник или некое „фенси“ пенкало со кое ќе може да си ги запишува своите спомениrnrnДевица: новиот роман од нејзиниот омилен автор, парфем или средства за одржување на чистотата во домотrnrnВага: претплата на списанието кое сака да го чита, убаво шише со некој пијалак кој го обажава, пешкир со нејзините иницијалиrnrnСкорпија: платен третман за ароматерапија, игра за возрасни, вечерно излегување во градrnrnСтрелец: камера, вреќа за спиење, прибор за патување, некои убави чевлиrnrnЈарец: цвеќиња, растенија или прибор за нивна грижа, филм на ди-ви-ди или вечера во омилениот ресторанrnrnВодолија: донација за добротворни цели во нејзино име, додатоци за електронската опрема која ја поседува, музичко це-де или уреди за слушање музикаrnrnРиби: производи за бањање, купончиња за платени услуги во салони за убавина и спа-центри, високи чаши на столче.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и раскинувањето пред Нова година

    Астрологијата и раскинувањето пред Нова година

    Полека се наближуваат новогодишните празници, а вие веќе имате сè испланирано. Ја одбравте облеката која ќе ја носите на 31 декември, одлучивте каде и со кого ќе ја поминете вечерта, што ќе јадете и пиете и на која музика ќе се забавувате, но сепак чувствувате некаква тегоба во стомакот. Сакате да раскинете со вашиот партнер непосредно пред празниците, но не знаете како да му кажете, бидејќи не сакате да ги повредите неговите/нејзините чувства. Еве каков е пристапот на секој хороскопски знак, кога станува збор за раскинувањето.rnrnАстрологијата и раскинувањето пред Нова ГодинаrnrnОвен, стрелец, близнаци и водолија се директни и искрени и секогаш настојуваат на својот партнер да му ја прикажат вистинската слика. За нив „влечкањето“ во врска во која магијата исчезнала, е без поента. Овенот не го држи долго лутина и го очекува истото од својот партнер. На избувливиот стрелец може да му се случи да потенцира неколку маани на неговиот партнер, кои би било подобро кога никогаш не би ги изустил, но откако лошите моменти ќе поминат, тој ќе каже и неколку охрабрувачки зборови исто така. На близнакот нема да му биде јасно од која причина настанала расправијата. Како и да е, тој секогаш „има на лагер“ неколку идни партнери за секој случај и очекува и неговиот партнер да има резерва исто така. Доколку врската не се одвива во добра насока, водолијата веднаш ќе излезе од неа, но ќе биде пресреќна ако со партнерот останат добри пријатели.rnrnЛав, вага и јарец би се грижеле за последиците од раскинувањето со партнерот во текот на предновогодишната еуфорија и за сите вечерни седенки кои би ги пропуштиле ако останат сингл, па најверојатно ќе почекаат празниците да завршат, пред да ги соопштат лошите вести.rnrnДевица и риби кога би се нашле во ваква ситуација, би се грижеле да не ги повредат чувствата на партнерот со кој некогаш биле толку блиски. Тие најверојатно нема да постапат никако и ќе го избегнуваат чинот на раскинувањето, надевајќи се дека нивниот партнер ќе го стори тоа прв.rnrnБикот не избрзува со своите заклучоци, одлуки и постапки, но од друга страна тој најчесто знае што сака, а што не. Кога еднаш ќе ја донесе одлуката за раскинување со партнерот, тој нема да се поколеба. Раскинувањата се тешки и болни за обата партнери, но бикот мора да внимава да не звучи премногу злобно кога ќе се најде во таа комплицирана емотивна ситуација.rnrnРак и скорпија не се „лесни“ кога станува збор за љубовните разделби. Тие се подготвени да ја чуваат во себе тегобата која ја чувствуваат, додека да ги стават на вага предностите и слабостите на нивната врска. Ракот се грижи од аспект дека ако раскине со партнерот, ќе треба да се појави сам во јавност. Скорпијата пак, стравува и се ужаснува од помислата дека последниот разговор со партнерот, за неа ќе преставува страшна емоционална бура.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Астрологијата и прифаќањето предизвици

    Астрологијата и прифаќањето предизвици

    Ако сте „заглавени“ со многу работни обврски во текот на оваа предновогодишна еуфорија, зошто да не се потрудите да го извлечете најдоброто од себе? Вложете повеќе труд, работете екстра часови, импресионирајте го вашиот шеф и наполнете го вашиот паричник. Но, поголемата заработувачка значи и активна употреба на вашиот разум, добра стратегија и дополнителен напор. Еве како вашиот хороскопски знак реагира на предизвиците кои ќе му се појават на патот.rnrnАстрологијата и прифаќањето предизвициrnrnЗнаците овен, рак, вага и јарец умеат да смислат паметни идеи и имаат неисцрпен извор на инспирација. Не постои речиси ништо кое овие знаци не умеат да го остварат, ако го „наместат умот“ кон реализација на некоја цел. Но, тоа мора да е нешто што трае кратко, бидејќи во спротивно ним ќе им здодее и ќе го изгубат фокусот кон работата.rnrnНеуморните и снаодливи знаци близнаци, девица и стрелец имаат фантастични методи за пронаоѓање нови начини на заработување пари. Тие ќе нацртаат неколку шеми и ќе ги закачат на ѕидот, за полесно да увидат која е вистинската која треба да ја следат. Близнаците најверојатно извесен период ќе се колебаат помеѓу 6 различни проекти, бидејќи тие преферираат да ги земаат предвид сите опции кои ги имаат.rnrnНа рибите им треба помош околу ова, бидејќи кога се оставени сами на себе тие само ќе се префрлуваат од една на друга работа, не знаејќи на што попрво да се посветат. Ним не им недостигаат идеи, туку едноставно никогаш не можат да решат за која од нив треба да се борат и да целат кон нејзина реализација.rnrnБик, лав, скорпија и водолија – ним не им недостасува упорност, издржливост и непоколебливост, но понекогаш тие се психички „заглавени“ во еднолично секојдневие и досада, па за да се мотивираат потребно им нешто што ќе ги „протресе“ и ќе им внесе разновидност и забава во животот.rnrnБик и вага, кои имаат репутација на мрзливи личности, истовремено се и многу (дури и претерано) амбициозни личности кои знаат да бидат и многу толерантни и широкогради. За да дојдат нивните квалитети до израз, овие знаци навистина треба да се „разбудат себеси“ во оние понапорни денови. Тие навистина мразат да бидат лишени од специјалните луксузи кои ним им се потребни за да се чувствуваат исполнето, па тие се спремни максимално да се вложат себеси за да си ги овозможат.rnrnАвантуристичките знаци стрелец и водолија, ќе се спремат за акција во оној момент кога ќе го „намирисаат“ предизвикот, а реализацијата секогаш ќе најдат начин да ја остварат преку забава. После краток период, ефектите ќе бидат очигледни, а токму тоа е она кое ги одржува овие знаци постојано енергични.rnrnОние кои најдобро се справуваат со предизвиците се девица, јарец и близнаци бидејќи тие едноставно знаат кога да очекуваат прилив, а кога одлив на пари. Тие од една страна ќе се замислат себеси како ја држат наградата од нивниот успех, а од друга страна ќе се посветат на практичните поединости во работата која треба да биде завршена.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и трпеливоста

    Астрологијата и трпеливоста

    На секој од нас во одредени ситуации, поради очигледни или нејасни причини, ни се случува да го изгубиме трпението и да кажеме работи со кои ќе го навредиме нашиот соговорник. Знаеме дека кажаните зборови не можат да се повлечат назад и дека личноста на која сме и се обратиле нема брзо да ги заборави и да ни прости. Можеби сте биле во право за сè што сте кажале, но нервозното избувнување за сето она кое ви се собирало подолго време, не е паметно, ниту вистинско решение на вашиот проблем.rnrnАко вака се однесувате дома ќе имате неслога во семејството, потоа можеби ќе им се „истурите“ на пријателите, па на крај на вашиот шеф поради што ќе останете без работа. Некои хороскопски знаци се подобри од други, во однос на проценката кога е исклучително важно да ја „држат устата затворена“.rnrnrnrnНајбрутално искрени знаци, кои ќе ви кажат сè в лице без разлика на последиците се стрелец, водолија, овен и до извесен степен близнаци. Стрелецот и овенот се огнени знаци и тие се многу импулсивни и имаат тенденција да кажуваат работи пред да размислат на последиците.rnrnВодолијата ја цени искреноста и смета дека луѓето треба секогаш да бидат подготвени да ја чујат вистината, дури и по цена на нејзе самата. Близнаците исто така се склони да избрборат повеќе работи одошто е потребно и да се каат за тоа порано или подоцна.rnrnДевицата знае да биде многу критична и секогаш наоѓа маани во туѓите планови и постигнати резултати. Таа не е многу избувлива по природа, но нејзиното постојано барање кривец во ситуациите, може да доведе до драстични последици ако соговорникот е чувствителен.rnrnСкорпиите се внимателни и промислени, но тие знаат да бидат непријателски настроени кога се под голем притисок и имаат тенденција луто да им возвраќаат на своите соговорници, со цел да им олесни и да се чувствуваат подобро.  Можеби не звучи чувствително, но скорпиите уживаат во тоа.rnrnБикот, вагата и рибите преферираат да останат смирени и мили секогаш кога тоа е возможно и тие ќе ги задржат за себе сите „остри“ мисли кои ги имаат. Но ако доволно го иритирате бикот, тој ќе „експлодира“ и најверојатно ќе си го расипе односот со личноста со која разговара, кој ќе биде тешко да се врати на претходното ниво.rnrnrnrnЛавот нема тенденција остро да одвраќа, но затоа често се лути и мурти ако нешто го мачи. Оваа негова тактика можеби нема толку директен ефект како што има искрениот разговор и таа може да ја наруши неговата популарност кај пријателите или колегите. Лавовите едноставно треба да научат да бидат поотворени и директно, но нежно да го кажат на глас тоа што им пречи.rnrnЈарецот е свесен за својата местоположба во општеството и почитта која ја добива од другите луѓе, па тој не би си ни дозволил да го расипе тој свој статус со неколку нетактични реченици. Јарците на животот гледаат како на скалила по кои треба да се искачуваат за да стигнат поблиску до успехот, па затоа тие секогаш попрво би избрале да ја следат својата амбиција, отколку искрено да ви ја кажат вистината.rnrnРакот и рибите не сакаат „бурни“ ситуации, па затоа тие гледаат што е можно повеќе да избегнуваат конфликти. Како и на сите други луѓе, така и на овие два знака може да им се случи да бидат испровоцирани да го кажат она што им смета, но тоа го прават на суптилен начин за да не бидат премногу очигледни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Емоционалната отвореност на хороскопските знаци

    Емоционалната отвореност на хороскопските знаци

    Дали вашиот партнер има тешкотија во искажувањето на чувствата или отворено ви го кажува тоа што го мисли? Некои хороскопски знаци е лесно да ги наговорите да ви се отворат, а за други ќе ви биде потребна кристална топка за да ги одгатнете нивните мисли.rnrnrnrnРаковите и вагите имаат феминистичка природа и тие се секогаш спремни мирно да разговараат со вас и да ги разберат вашите емоции. Тие умеат навистина да се соживеат со вашите чувства и ќе ви го покажат тоа. Грижата и споделувањето емоции е нивна карактеристика.rnrnСкорпијата обожава интензивни, страствени разговори од срце, па не би било невообичаено таа да го подбуцнува нејзиниот партнер да навлегува подлабоко во искажувањето на емоциите, отколку што тој би сакал. Кога ќе размислите подобро тоа и не е така лоша работа нели? Скорпиите се навистина исклучителни типови на луѓе.rnrnГордите и самоуверени лавови немаат никаков проблем во искажувањето на нивните чувства, барем не на почетокот од врската. Лавот попрво би зборувал за она што тој го мисли и чувствува, отколку да се обидува да сфати кои работи е неопходно да се споделуваат помеѓу партнерите во врската. За да го задржите фокусот на лавот кон љубовната врска која ја имате со него, потребно е да го храните неговото его и да му дозволите да биде во центарот на вниманието.rnrnРибата на почетокот од врската е многу нежна, заводлива и поетична во изразувањето на нејзините чувства. Но со текот на времето, таа може да стане нејасна и двосмислена за партнерот, а тоа се случува секогаш кога е принудена да донесе некаква одлука. Ако сте во врска со риби, ви препорачуваме да го научите текстот на неколку омилени песни на вашиот партнер и додека разговарате со него, да му ги цитирате оние стихови во кои верувате дека тој најмногу ќе се пронајде во моментот. На тој начин можеби ќе добиете зрак надеж дека сте успеале да допрете до срцето на рибата.rnrnДевицата, бикот и јарецот не можат сосема да ја разберат поентата на длабоките емотивни моменти, бидејќи по природа се практични и сакаат да уживаат. Но дури и девиците кои се „гладни“ за работа, може да ги наговорите да разговараат со вас доколку успеете да ги доведете до искушение. Дури и да се случи тоа, нема гаранција дека ќе разберете како тие навистина се чувствуваат – особено не биковите.rnrnБлизнаците, стрелците и овните можат да разговараат буквално на секоја можна тема, сè додека не ја допирате нивната чувствителна и ранлива страна. Копнежите и емоциите, овие знаци преферираат да си ги задржат за себе.rnrnСигурно не сте започнале љубовна врска со водолија затоа што таа е многу емотивна личност. Баш напротив, водолијата ве привлече со нејзината незаинтересираност, самостојност, љубопитност и бистар ум. Тоа е можеби знак кој е најтешко да го запознаете кога станува збор за емоциите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и сексуалната предигра

    Астрологијата и сексуалната предигра

    Се обидувате да ги „загреете“ страстите помеѓу вас и вашиот партнер за обострано да уживате во претстојната ноќ? Астрологијата и овој пат ќе ви помогне да сфатите што е тоа кое вас двајца ве возбудува и ќе ви обезбеди незаборавно сексуално доживување под чаршавите?rnrnАстрологијата и сексуалната предиграrn

    Земјени знаци: Бик, Девица и Јарец

    rnДел од предиграта на овие знаци се вкусна храна и квалитетно вино. Тие обожаваат масажа, прегратки, допири и еден куп нежности. Земјените знаци се страсни и сензуални типови луѓе, кои брзо ќе се возбудат и ќе се препуштат на милувањата под чаршавите, но само доколку сите нивни сетила, се комплетно задоволени.rnrnСовет: Доколку вашиот партнер е земјен знак, ви советуваме да го нагостите со гурманска храна, добра музика, пријатен мирис и безброј нежни допири. Ако и понатаму се двоумите дали вашиот партнер е подготвен да ја помине вечерта со вас и „да оди до крај“, пробајте со масажа на стапала, притоа употребувајќи лосион со свежа арома или масло.rn

    Огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец

    rnСтраст, возбуда и опасни, авантуристички доживувања ги „палат“ огнените знаци. Овие личности посакуваат креативност и спонтаност во спалната соба и сакаат да испробуваат нови секс-пози и да експериментираат со повеќе различни партнери. Искусни и по малку диви, огнените знаци ценат кога личноста со која се во кревет, ќе ја покаже својата „дива страна“.rnrnСовет: Доколку се спремате да излезете на состанок со некој огнен знак, изберете некоја невообичаена локација и облечете се во примамлива секси облека. Изненадете ги со некоја интересна играчка или некој специјален подарок. Заземањето улоги или некои други авантуристички сексуални игри, дефинитивно ќе го возбудат вашиот партнер, кој е огнен астролошки знак.rn

    Воздушни знаци: Близнаци, Вага и Водолија

    rnОвие остроумни и интелигентни личности ќе се возбудат во оној момент кога нивниот ум ќе биде стимулиран. Со добар разговор, разменување интересни идеи и кажување досетки, ќе го одведете вашиот воздушен знак во кревет побрзо отколку што сте очекувале. Бидејќи бакнежите, милувањата и гушкањата не се дел од нивниот заводнички репертоар, пробајте да ги освоите со одбрани интелигентни реченици.rnrnСовет: Ако вашиот партнер припаѓа во астролошката категорија воздушни знаци, неколку часа пред да излезете на состанок со него, испратете му секси СМС-порака или имејл, бидејќи тој неверојатно многу ужива во сексот преку телефон. Пронајдете некои еротски приказни и книги и испратете им ги на вашиот партнер, пред да се видите, за да му ги „подгреете“ страстите.rn

    Водни знаци: Рак, Скорпија и Риби

    rnРомантичните и чувствителни водени знаци, сакаат прво да се почувствуваат емотивно поврзани со партнерот, пред да се поврзат на други начини. Ним им е потребно да мислат дека нивниот партнер можеби е нивната животна судбина или дека нивната врска има некаква цел и води кон нешто или пак да осетат обострана магнетска сексуална привлечност, пред да се „претопат“ во прегратките на својот партнер. Целосно ги вклучуваат нивните емоции во секоја ситуација, па ако не сте доволно внимателни со нив во своите постапки, тие ќе се премислат во врска со вас и ќе го вратат односот кој го градите, за неколку чекори наназад.rnrnСовет: Магнетизирајте го вашиот партнер кој спаѓа во категоријата водни знаци, со долготраен, непрекинат контакт со очи, бидејќи тој ќе го „прочита“ она што го чувствувате за него преку вашиот поглед. Кога им се обраќате на овие знаци кажете малку, но одбрани зборови кои ќе имаат подлабоко значење за нив. Водните знаци ценат нежна, но истовремено длабока и страсна ноќ под чаршафите и еден куп бакнежи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мотивирајте ги колегите со помош на астрологијата

    Мотивирајте ги колегите со помош на астрологијата

    Дали вашата канцеларија ја делите со некој депримиран, нерасположен колега? Таквите луѓе не само што се повлекуваат во себе и се постојано намуртени, туку прават и вие да се чувствувате виновно ако сте весели и добро расположени во текот на работните часови. После неколку часа најверојатно и вие ќе се „заразите“ од таа негативна енергија која ја шири вашиот колега или колешка. Се прашувате како да го решите овој проблем? Дознајте го неговиот/нејзиниот хороскопски знак и научете како да го/ја вратите во оптимистичниот свет.rnrnМотивирајте ги колегите со помош на астрологијатаrnrnОние кај кои дефинитивно ќе има напредок од внесување малку позитивна енергија и ентузијазам на работното место, се луѓето родени во хороскопските знаци рак и бик. Ракот е пречувствителен, па поради тоа многу е можно нешто да има погрешно сфатено и да се чувствува повредено или пак да мисли дека не е доволно ценет. На бикот му е потребна редовна добра комуникација, бидејќи во спротивно се чувствува депресивно. За да ги расположите овие два знака на работното место, дајте им поддршка, гушнете ги или донесете им екстра колаче од кујната и тие инстантно ќе се разведрат.rnrnАко вашиот колега чиј хороскопски знак е близнаци понекогаш изгледа напнато, не тревожете се – можеби едноставно не му е денот. Во случајов е позитивно тоа што близнаците имаат променливо расположение, па најверојатно ќе се развеселат во текот на денот. Сличен е случајот и со водолиите. Кога ќе слушнат некоја интересна информација, веднаш се враќаат во форма. Ако успеат да го активираат својот натпреварувачки дух, водолиите забораваат на меланхоличното расположение.rnrnСкорпијата можете многу лесно да ја расположите доколку и откриете некој тајна. Скорпиите уживаат кога другите луѓе им се доверуваат и им ги откриваат емоциите. Исто така, „сочен“ трач воопшто не би им пречел.rnrnОгнените знаци овен, стрелец, лав и вага имаат тенденција да гледаат на светлата страна на животот, па најверојатно не би ви претставувало проблем да работите со нив. Лавот може да стане нерасположен ако го прекорите и искарате. За да ја вратите неговата ведра насмевка, поделете му некој комплимент и често кажувајте му пофални зборови. Чувството на возвишеност претставува најголем мотив за лавот.rnrnЛуѓето родени во знакот риби се многу длабоки личности, па ако ги видите замислени, тие најверојатно се загрижени за маките на други луѓе. Рибите како да имаат некоја замислена антена која ги детектира емоциите на сите луѓе околу нив и се обидува да најде начин да им помогне. Рибите сакаат нежни разговори и совети кои ќе им помогнат да ги решат сите проблеми во светот.rnrnДевицата и јарецот најверојатно ќе забележите дека премногу работат, па ако сакате да ги разведрите ќе мора да ги наговорите или натерате да сфатат дека покрај тоа што мора да се работи, мора да останува време и за живеење на животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и парите

    Астрологијата и парите

    Дали често се грижите за вашата финансиска состојба? Ќе бидете богати или сиромашни? Ќе живеете скромно или луксузно? Еве што кажуваат планетите за тоа како се чувствувате во врска со парите.rnrnАстрологијата и паритеrnrnГрижите околу парите и сигурноста се проблем на земјените знаци (бик, девица, јарец) и делумно на Водолијата. Јарецот почнува да ја пресметува својата пензија уште од денот кога ќе заврши факултет. Тој постојано живее во страв дека нема да има доволно пари за наредната календарска година.rnrnАстрологијата и паритеrnrnНа бикот му е многу важна финансиската стабилност и затоа повремено си трга пари во касичка, за да биде сигурен дека секогаш ќе може да си ги дозволи егзистенцијалните потреби. Понекогаш бикот остава впечаток на недарежлива личност, меѓутоа тоа е така кога го преовладува тој прикриен страв дека ќе остане сиромав.rnrnАстрологијата и паритеrnrnДевицата има тенденција да се грижи за сè, па парите се само еден сегмент околу кој таа има чувство на сомнеж и неизвесност. Наспроти нивната добра репутација дека се многу уредни и педантни личности, девиците во суштина се многу хаотични кога станува збор за парите. И покрај нивната неснаодливост со пари, во финансиски кризи стануваат многу снаодливи. Можеби никогаш не се премногу оптимистични, но имаат некакви специјални моќи.rnrnАстрологијата и паритеrnrnВодолијата врз која многу силно влијание има Сатурн е екстремно приврзана кон она што е нејзино. Неа не ѝ се допаѓа идејата да нема богатство или статус во општеството, па затоа таа попрво би избрала да акумулира што е можно повеќе пари, отколку да живее од денес за утре. Водолијата пак, со доминантно влијание од Уран, го прави токму спротивното – не се грижи за тоа што ќе дојде утре.rnrnАстрологијата и паритеrnrnОвенот и стрелецот се прилично слични кога станува збор за пари. Живеат среќно и задоволно сè додека нивните основни потреби се задоволени, бидејќи тие се цврсто уверени дека заштитната мрежа ќе се појави во моментот кога евентуално би „паднале“ на финансиски план. Благодарение на влијанието на Јупитер, стрелецот е непоправлив оптимист, кој едноставно знае дека одвреме-навреме може да си дозволи мала пауза од работата, а притоа да има доволно пари за да ги преживее наредните неколку недели.rnrnАстрологијата и паритеrnrnРибите, кои го делат влијанието на Јупитер со стрелецот, исто така ја имаат таа среќна жичка и коцкарски инстинкт, дека со помош од универзумот, сé ќе стане подобро еден ден.rnrnАстрологијата и паритеrnrnЛавот е огнен знак, но има недостаток од таа моќна самодоверба која ја имаат останатите знаци од неговата категорија, овен и стрелец. Тој верува дека заслужува да биде богат и дека парите се негово право стекнато со раѓање, а така најчесто и излегува.rnrnАстрологијата и паритеrnrnБлизнаците имаат тенденција да бидат и оптимисти и песимисти, како резултат на нивната двојна природа. Еден ден се во добро расположение, нареден се депресивни. Но, тие имаат интуиција за пари и генерално го претчувствуваат правецот кон кој треба да се упатат за да стигнат до богатство.rnrnАстрологијата и паритеrnrnРакот и скорпијата ја делат несигурноста околу парите со бикот. Како резултат на тоа, тие сакаат да чуваат парични резерви, со цел да се чувствуваат стабилно. Тие во ниту еден момент не би си дозволиле себеси да останат куси со пари, бидејќи им е од голема важност никогаш да не останат сиромашни.rnrnАстрологијата и паритеrnrnВагата го цени она што парите можат да го купат и верува дека небото ќе ѝ помогне да ги има, мислејќи дека го заслужува тоа задоволство. Таа секогаш ќе најде начин да ги плати сметките на време. Едниот начин да ѝ бидат сметките чисти, е ако има доволно пари во банка, а другиот е ако има финансиски стабилен партнер.rnrnАстрологијата и паритеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак

    Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак

    Нели би било одлично доколку секој од нас би знаел што точно го возбудува оној во кого сме лудо заљубени? На тој начин, голем број недоразбирања и фрустрации би се замениле со совршена комуникација, прекрасно љубовно искуство и одличен секс. Сè што треба да знаете за да бидете среќни во љубовната врска, е што на вашиот партнер му се допаѓа, а што не. Следува кратка анализа на хороскопските знаци, класифицирани во четирите астролошки елементи: оган, земја, воздух, вода.rn

    Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак

    rn

    Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец

    rnДоколку сакате да однесете во кревет некој од нив, немате никаква причина за грижа. Направете план сочинет од список на сексуални желби, а тој/таа ќе биде среќен/а да се потчини на секоја од нив. Тие носат во себе голема страст и ќе сакаат да ги испробаат сите можни секс пози, а вие доколку сакате да има и втор пат, ќе морате да ги задоволите сите нивни барања. Немојте да се однесувате авторитетно или премногу емотивно со некој од огнените знаци, бидејќи ним не им се допаѓа тоа. Наместо тоа задоволете ги на сите можни физички начини и на крајот искрено кажете им дека ви е време за спиење. Не би штетело доколку им кажете дека имаат божествено тело.rn

    Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец

    rnОднадвор земјените знаци изгледаат како да им е грижа за сè освен за секс, но доколку имате прилика да завршите во кревет со некој од нив, ќе бидете изненадени од моќта која ја имаат во физичкиот свет. Ако еднаш се заплеткате со земјен знак, никогаш нема да сакате да го оставите, бидејќи тие се најсексуалните знаци во зодијакот. За нив сексот претставува природна ствар, која постои откако постои човештвото. Бидете природни и релаксирани за да доведете некој земјен знак до лудило. Охрабрете ги самите себеси да си изразат голема почит за работите кои најдобро умеат да ги прават, а тие за возврат ќе ве направат комплетно задоволен љубовник.rn

    Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија

    rnВоздушните знаци го користат умот за да го пронајдат своето сексуално задоволство, па за да однесете некој од нив во кревет потребен ви е голем ментален напор. Можеби ова ви звучи како тешка задача, но доколку еднаш успеете да им го освоите срцето, тие како камелеон ќе се приспособат на секоја ваша желба без грам напор. За овие знаци страста претставува интелектуален стимуланс, а сексуалните интеракции се ствар на договор помеѓу партнерите. Дознајте кој е нивниот омилен сексуален амбиент и побарајте го нивното мислење за различни теми, но немојте премногу да се возбудувате во врска со нивните предлози. Едноставно останете рационални и одржувајте го нивниот ум активен и наскоро ќе дознаете дека интелектуалните стимуланси навистина ги „палат“ воздушните знаци.rn

    Водни знаци: Рак, Скорпија, Риби

    rnВодените знаци се најенигматичните знаци во зодијакот, кои умеат да ви го овозможат најдлабокото сексуално задоволство кое никогаш не сте го ни сонувале. Меѓутоа за да го заслужите тој третман, потребно е прво емотивно да се поврзете со нив, комплетно да ги разберете и да изградите однос базиран на доверба и блискост. Ако вие сте таа личност која ќе успее да го разбере и поддржи водниот знак на милион начини, тој за воврат ќе ви ги прошири сексуалните хоризонти, при што ќе искусите кралски задоволства и искуство за кое не сте верувале дека е возможно. За да заведете некој од овие знаци, однесете го покрај вода: во езеро, река или во када полна со топла вода и миризлива купка, за да направите да се чувствува релаксирано и љубено. Исто така, не штедете на романтика.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.