КАФЕ ПАУЗА

Tag: значење

  • Боите на вашето име: Откријте го значењето на секоја буква и што тоа кажува за вас

    Боите на вашето име: Откријте го значењето на секоја буква и што тоа кажува за вас

    Древните народи како Египќаните, Кинезите и Евреите, обрнувале големо внимание на имињата. За Египќаните тоа било многу повеќе од обичен знак за распознавање, Индусите сметале дека името е карактеристика за секоја индивидуална појава, Кинезите ги поврзувале буквите со одредени мантри, додека пак Евреите во своите записи истакнувале дека 22-те букви на хебрејската азбука отсликуваат различни состојби на свеста.rnrnБоите на вашето име: Откријте го значењето на секоја буква и што тоа кажува за васrnrnМеѓу древните Келтски народи името секогаш го одбирал друидот, а се верувало дека буквите исполнуваат одредени карактерни црти, како и дека носат среќа. Секоја буква има своја сопствена боја во однос на осцилациите, исто како што брановите имаат сопствени бранови должини. На тој начин и го обликува самиот човек, а бојата што преовладува, може дури да ги покаже и главните особини на носителот. Првата согласка во името се смета за камен темелник на карактерот, но секоја буква си има свое сопствено влијание…rnrnЦРВЕНА (А, С, Ј) – Страст, силна волја, енергија, љубов, импулсивност, виталностrnrnПОРТОКАЛОВА (Б, К, Ќ, Т, Ш) – Конструктивност, радост, сензуалностrnrnЖОЛТА (Ц, Л, У, Ч) – Интуиција, интелектуална сила, спонтаност, прилагодливостrnrnЗЕЛЕНА (Д, Л, Љ, Ѕ, М, Џ) – Склоност кон мистицизам, чест недостиг на волја, мирrnrnСИНА (Џ, Е, Н, Њ) – Полн дух, вера, надеж, верностrnrnИНДИГО (Ф, Њ, О) – ИнтеграцијаrnrnВИОЛЕТОВА (Г, Ѓ, П, В) – Желба, интелигенција, повремена изолацијаrnrnОПАЛ (Х, З) – Разбирање на живототrnrnБОРДО (И, Р, Ж) – Емпатија, сочувствување, грижа

  • Знаете ли кои историски личности се наоѓаат на популарните карти за играње?

    Знаете ли кои историски личности се наоѓаат на популарните карти за играње?

    Речиси нема ниту една личност во светот која барем еднаш во животот не играла некоја игра со карти. 52-те карти добро се познати низ целиот свет, а ликовите крал, дама и џандар речиси се универзални и секаде препознатливи. Но, дали сте знаеле дека зад нивните ликови не се кријат измислени јунаци, како производ на нечија имагинација, туку вистински историски личности?rnrnЗнаете ли кои историски личности се наоѓаат на популарните карти за играње?rnrnЗа тоа како картите дошле до Европејците, денес постојат повеќе теории, а најверојатна е онаа која вели дека тие пристигнале од Кина, Индија и Персија најверојатно во втората половина на 15-тиот век, бидејќи од тогаш почнуваат првите забрани од црквата кои ги казнувале сите оние кои се коцкале и ѝ се придружувале на оваа „ѓаволска работа“. Составот и изгледот на картите се разликувал од држава до држава. На пример, Италијанците имале 56 карти, а вообичаените 52 карти кои и денес се најмногу распространети, водат потекло од француските карти од 15-тиот век.rnrnИсторичарите сѐ уште шпекулираат дека картите со четири знаци, детелина, лист, баклава и срце, претставуваат четири средновековни слоеви на општеството. Детелината ги симболизира селаните (детелината е храна за свињи), листовите ја симболизираат аристократијата, баклавата богаташите, а срцето старешините на црквата. Некаде во ова време почнува и масовното производство на карти кога речиси целосно се заменува рачното сликање кое се практикувало дотогаш. Француските мајстори станале познати низ Европа, пред сѐ поради тоа што се усовршувале со помош на дрвени блокови и бакарни плочи, кои им овозможиле картите да ги произведат многу побргу отколку кој било друг. Токму тие почнале да им доделуваат имиња на „картите со ликови“, односно крал, дама и џандар, но идентитетот на личностите кои ги претставувале го менувале во зависност од произведувачот и неговите желби.rn

    Кралеви

    rnОсобено личностите кои се наоѓале на картата на кралот биле подложни на промени.rnrnЗнаете ли кои историски личности се наоѓаат на популарните карти за играње?rn

    Крал срце

    rnКарло Велики – Крал на Франките, крунисан во 800-тата година, прв цар на француското царство и прв цар во западна Европа по пропаѓањето на Западното римско царство.rnrnШарл VII Победникот – Француски крал од династијата Валоа кој владеел на средината на 15-ти век. Успеал да ја ослободи Франција од Англија за време на Стогодишната војна и да ја реформира војската во државата.rnrnШарл VI Лудиот – Интересно е тоа што во повеќето карти кралот срце е единствен кој нема мустаќи. Причината за тоа треба да се бара во начинот на производство на овие карти. Според приказната, некој помалку вешт производител лошо го изработил дрвениот калап и така го изменил првобитниот дизајн на картите. Кралот срце така ги изгубил мустаќите, а и првобитната секира му била заменета со меч. Некои во ова виделе намера овој крал да се претстави како Шарл VI Лудиот, кој немал мустаќи и кој бил ментално болен, а за кого се зборувало дека се убил прободувајќи се со мечот. Затоа, оваа карта понекогаш се нарекува и „крал самоубиец“.rn

    Крал лист

    rnДавид – Библиски крал на Израел и Јудеја. Според преданијата, бил наследник на првиот крал на Израел и оној кој ги обединил 12-те племиња на Израел.rn

    Крал баклава

    rnГај Јулие Цезар – Римски војсководец, политичар и писател.rn

    Крал детелина

    rnАлександар Велики – Македонски крал и познат освојувач кој создал царство кое се простирало од Грција до Индија.rn

    Кралица/дама

    rnИдентитетот на кралицата на картите е уште потешко да се утврди, затоа што тие не биле толку познати. Во продолжение е прикажано најпознатото толкување.rnrnЗнаете ли кои историски личности се наоѓаат на популарните карти за играње?rn

    Кралица срце

    rnЈудит – Библиска личност, убава вдовица која го искористила својот шарм и итрина да му ја отсече главата на асирскиот војсководец Холоферн.rnrnИзабел од Баварија – Жена на Карло VI и мајка на Карло VII.rn

    Кралица лист

    rnАтина – Грчка божица на мудроста.rnrnЈованка Орлеанка – Француска хероина од Стогодишната војна, изгорена на клада.rn

    Кралица баклава

    rnРахила – Библиски пророк и прва жена на пророкот Јаков, еден од трите големи еврејски патријарси, мајка на Јосиф и Венијамин.rn

    Кралица детелина

    rnАргина – Анаграм од зборот регина, што на латински јазик значи кралица, или може да означува искривен облик од името Аргеја, како што се викала митолошката принцеза од Арга.rnrnАгнес Сорел – Прва официјално призната љубовница на некој француски крал.rnrnЈунона – Кралица на боговите во римската митологија, еквивалентна на Хера.rn

    Џандари

    rnИмињата на џандарите, односно витезите, останале константни и никогаш не се промениле.rnrnЗнаете ли кои историски личности се наоѓаат на популарните карти за играње?rn

    Џандар срце

    rnЛа Ир – Соборец на Јованка Орлеанка, витез и херој на Франција.rn

    Џандар лист

    rnХолгар Дански – Лик од данската епска поезија, витез на Карло Велики кој според легендата бил киднапиран од страна на вештицата Морган ла Феј, сестра на кралот Артур.rn

    Џандар баклава

    rnХектор – Тројански јунак, син на тројанскиот крал Пријам и соперник на Ахил.rn

    Џандар детелина

    rnЈуда Макавејски – Херој на еврејскиот бунт против владеењето на Селеукида во првиот век пред новата ера.rnrnЛанселот – Друг витез од легендата за Артур, заљубен во кралицата Гиневра.rnrnПо француската револуција, била прекината практиката за печатење имиња на картите, затоа што било потребно што побргу да се прекине со монархистичките обележја. Затоа, може да се каже дека денешните кралски фигури на картите (особено кога знаеме дека повеќето од нив се произведуваат во Кина), најверојатно немаат многу заедничко со нивните оригинални модели. Сепак, приказната останува.

  • Знаете ли што точно значи секоја ѕвездичка на хотелите?

    Знаете ли што точно значи секоја ѕвездичка на хотелите?

    Дали некогаш сте размислувале за тоа што значат ѕвездичките кои се наоѓаат покрај името на хотелот? Основната разлика ја знаете сите – колку повеќе ѕвездички, толку полуксузен е хотелот. Но, сигурно не сте знаеле дека зад тие ѕвезди се кријат одредени стандарди кои хотелите треба да ги задоволат. На ниво на Европската унија требало да се воведе стандардизација за хотелите која би била прифатена во сите држави-членки. Сепак, иако е изработена, таа не е задолжителна и служи само како водич.rnrnЗнаете ли што точно значи секоја ѕвездичка на хотелот?rnrn„EHU“ (The European Hotelstar Union), се заснова на германскиот систем кој имал големо влијание на класификацијата на хотелите во Централна Европа. Со овој систем била укината минималната големина на соби за поединечни категории и бил направен каталог со критериуми кој опфаќа дури 270 елементи, од кои некои се задолжителни ако хотелот сака да добие одредена ѕвездичка. Секој од тие елементи носи одреден број поени кои се собираат и врз основа на добиената вредност се доделува ѕвездата. Се прашувате ли кои се тие услови? Погледнете во продолжение и ќе ги дознаете.rn

    Турист или 1*

    rnХотелите означени со една ѕвезда најчесто се нарекуваат буџетски хотели и се наменети за оние кои не очекуваат луксуз, ниту премногу удобен кревет. Сите соби мораат да имаат своја бања со туш кабина или када. Задолжително е секојдневно чистење на собите, а во нив треба да има маса со стол, сапун и телевизор во боја со далечински управувач. Да, добро прочитавте. Во 21 век, услов за хотелот да има една ѕвездичка е во секоја соба да има телевизор во боја. Рецепцијата во ваков хотел треба да работи барем осум часа на ден, а таму треба да постои факс и телефон за употреба. Појадокот мора да се служи во хотелот, а пијалаците треба да им бидат достапни на гостите преку целиот ден. Секако, не бесплатно.rn

    Стандард или 2*

    rnСо сето набројано во претходната категорија, за две ѕвездички не е доволно да се обезбеди појадок во хотелот, туку тоа треба да биде шведска маса. Во собите, покрај тоа што задолжително треба да има телевизор во боја, до креветите треба да има светло за читање и плакар за алишта. Во бањите, наместо сапун треба да има гел за туширање и пешкири, како и некој прибор за лична хигиена. Покрај факсот и телефонот, на рецепцијата треба да биде овозможено и плаќање со кредитни картички.rn

    Удобност или 3*

    rnСите услови кои важат за хотелите со една или две ѕвездички, се однесуваат и на хотелите со три. Но, овде правилата се построги, па така, рецепцијата освен тоа што треба да има факс, телефон и можности за плаќање со кредитна картичка, треба да работи и минимум 14 часа дневно, а телефонската врска со вработените (кои мора да зборуваат барем еден странски јазик) мора да биде достапна 24 часа. Со сето тоа, кај рецепцијата треба да има барем три гарнитури за седење и просторија за оставање на багажот.rnrnИсто така построги се правилата и за собите. Така, секоја треба да има мини бар или некој пијалак, телефон и пристап до Интернет. Иако во пониските категории греењето во бањата не е задолжително, хотелите со три ѕвездички треба да имаат некој уред за греење и фен за коса. Во собата треба да има големо огледало, како и простор за оставање на куферите. Исто така задолжителен е и мини сет за шиење, сет за чистење чевли и можност за оставање на облеката за перење и пеглање. Хотелите со три ѕвезди треба да им обезбедат на гостите дополнителна перница и прекривка и да имаат добро развиен систем на кориснички услуги.rnrnЗнаете ли што точно значи секоја ѕвездичка на хотелот?rn

    Прва класа или 4*

    rnИ овде важи сѐ како и во претходните категории, но рецепцијата треба да работи минимум 18 часа на ден. Претсобјето, покрај три гарнитури за седење, треба да има и бар. Во овие хотели треба да биде овозможен појадок во собата, а мини барот треба секогаш да биде наполнет. Освен кревет, маса со стол и плакар, собата во хотелот со четири ѕвездички треба да има и фотелја или кауч, како и мала маса. Наметка и влечки треба да има во секоја соба, а ако ги нема, треба да бидат достапни доколку се побараат. Бањата во овие хотели е малку полуксузна, со капа за туширање, козметичко огледало и разни производи за лична хигиена. Иако пониските категории не мораат да имаат ресторан, туку само трпезарија, овие хотели треба да имаат ресторан кој работи 7 дена во неделата.rn

    Луксуз или 5*

    rnВо хотелите со пет ѕвезди рецепцијата треба да биде отворена 24 часа на ден, а на сите гости треба да им биде на располагање чувар или личност задолжена за паркирање на возилата. Исто така во овие хотели треба да постојат и личности за носење на багажот до собата. Претсобјето треба да биде широко со простор за седење и бар. Секој гостин кога ќе влезе во собата треба да најде свежо цвеќе или некој друг подарок за добредојде. Во собите треба да има сеф и секако, брз Интернет. Хотелот треба да има сервис за пеглање кој ќе им ја подготви облеката на гостите во рок од 1 час.rn

    Супер луксуз или 7*

    rnНекои хотели ги задоволуваат дури и најстрогите барања, поради што се наградени со седум ѕвездички. Првиот хотел на светот кој спаѓа во оваа категорија е хотелот Бурџ ел Араб во Дубаи, кој е отворен во 1998 година и каде секоја соба има свој сопствен батлер. Тешко е да се каже какви услови треба да задоволува еден ваков хотел. Никаде не постои пишано правило дека таква категоризација официјално постои, но поради луксузот во кој гостите може да уживаат во поединечни хотели, како што е дизајнерскиот мебел, елитните пијалаци и останати задоволства за богатите, јасно е дека сепак по нешто се разликуваат од оние со пет ѕвездички.rnrnДали треба да му верувате на бројот на ѕвездички кога избирате во кој хотел ќе престојувате? Секогаш треба да бидете „со резерва“, пред сѐ поради тоа што класификацијата на хотелот во светот не е единствена, туку секоја држава сама одредува што треба да задоволува една категорија.

  • Вистинското значење на пораката за добра ноќ

    Вистинското значење на пораката за добра ноќ

    Сигурно досега сте добиле или сте пратиле порака која гласела: „Добра ноќ љубов. Убаво да спиеш“. Станува збор за неколку прости зборови. Но, овие едноставни зборови имаат многу длабоко и силно значење. На тој начин ѝ покажувате на саканата личност дека таа е последниот човек со кого сакате да разговарате дента. Ѝ давате до знаење дека таа е последната личност на која помислувате пред да потонете во длабок сон.rnrnВистинското значење на пораката за добра ноќrnrnКога не можете да бидете еден до друг, овие неколку зборови кажуваат дека би сакале да бидете заедно. Се превртувате во креветот и си замислувате дека тој или таа се покрај вас, со нетрпение чекајќи го моментот кога повторно ќе се соедините во една целина.rnrnСи замислувате иднина кога нема да морате да си кажете збогум, туку ќе можете во живо да си посакате добра ноќ и добро утро. Сепак, додека не дојде тој ден, пораката може да послужи како компензација. Пораката претставува комплимент што може да разубави нечиј ден.rnrnПораката е показател кој вели дека не можете да си легнете на мира, без да си посакате „Добра ноќ“. Таа е потсетник дека си припаѓате еден на друг и дека вашето срце чука само за саканиот или саканата. Тоа е повеќе од порака за добра ноќ. Тоа е дело што покажува колку си значите.rnrnЛесно е да се заборави на малите нешта кога сте презафатени со сите тие обврски наметнати од напорното секојдневие. Стресот нѐ принудува да заборавиме на нашите сакани и да ги земаме здраво за готово. Токму затоа пораката на крајот од долгиот ден има толкаво значење. Го поништува целиот стрес и сите работи кои тргнале наопаку. Успева да извлече насмевка од нашето лице, бидејќи нѐ потсетува дека некој мисли на нас.rnrnПораката е избор што го правиме секој ден. И покрај сите грешки во љубовта од минатото, вие сте успеале да се најдете еден со друг и сте одбрале да бидете заедно.rnrnПораката за добра ноќ го вели следново: „Те одбирам тебе денес, повторно ќе те одберам утре и ќе продолжам да те одбирам секој нареден ден“.rnrnВо продолжение прочитајте и зошто треба да го поминете животот со оној кој ви праќа пораки за добро утро.

  • 10 интимни гестови кои за мажите понекогаш немаат никакво значење

    10 интимни гестови кои за мажите понекогаш немаат никакво значење

    Сигурно ви се случило да запознаете некој дечко кој се однесувал совршено и правел еден куп романтични гестови, за на крајот да исчезне како ништо да не се случило. Тоа е така затоа што мажите честопати едно мислат, а друго прават. Некои момци без никаков проблем можат еден ден да ви симнуваат ѕвезди, а утредента да ве треснат со нив по глава. Прочитајте кои 10 интимни гестови понекогаш за момците немаат никакво значење…rnrn10 интимни гестови кои за мажите понекогаш немаат никакво значењеrnrn1. Сте имале сексуален однос. Бидете внимателни, бидејќи тој можеби го сака само вашето тело и ништо друго. Не ве сака како девојка, ниту, пак, планира врска со вас. Нема никакви намери да оствари емоционална поврзаност. Тој едноставно сака само да си ги задоволи своите сексуални потреби.rnrn2. Цела вечер ви праќа пораки. Сте останале будни до ниедно време за да разговарате за најситните детали од вашиот живот. Тоа не значи дека ќе започнете врска. Можеби му било здодевно и немал попаметна работа. Можеби зборувал со повеќе девојки истовремено. Можеби истите разговори ги правел и со нив.rnrn3. Се држите за рака. Доколку ве држи за рака кога сте излезени во јавност пред сите ваши пријатели, веројатноста е дека тој навистина сака да биде со вас. Но, ако ве држи за рака само кога сте сами дома, тоа нема толку големо значење колку што си мислите. Можеби нема никакво значење.rnrn4. Се гушкате. Некои мажи сакаат да се гушкаат бидејќи чувството е пријатно и најчесто води кон секс. Не им е толку гајле за која девојка се работи и не мора да значи дека сакаат врска со неа.rnrn5. Орално ве задоволува. Постојат многу мажи кои не сакаат да им овозможуваат орален секс на девојките и вие толку многу сте свикнале да бидете тие што орално задоволуваат, што ви паѓа чудно кога некој ќе посака да го направи тоа за вас. Некои мажи се џентлемени. И покрај тоа што ве гледа како девојка за една вечер, сепак ќе се потруди да ви пружи максимално задоволство.rnrn10 интимни гестови кои за мажите понекогаш немаат никакво значењеrnrn6. Зборува за неговото минато. Вашите пријатели знаат сѐ за вашите детски симпатии и срамни моменти, се согласувате? Според тоа, доколку ви зборува за неговото минато, не значи дека сака врска со вас. Можеби ве гледа само како пријателка, што и не е толку лошо.rnrn7. Флертува. На некои момци им се допаѓа една единствена девојка и флертуваат само со неа. Некои, пак, флертуваат со секоја девојка што ќе ја видат без разлика дали се навистина заинтересирани или не. Зависи од мажот. Неговото флертување може да значи сѐ или пак воопшто ништо.rnrn8. Секогаш ја плаќа сметката. Некои момци ќе ве однесат на вечера со надеж дека ќе спијат со вас или дека ќе станете пријатели со бенефиции. За нив тоа е обично дружење.rnrn9. Се бакнувате. Дури и ако првиот бакнеж бил неверојатен, не значи дека ќе има втор. Тоа не значи дека вие се бакнувате лошо или дека сте му досадиле. Не значи дека сте непривлечни или неуспешни. Едноставно се случува.rnrn10. Ви кажува колку му се допаѓате. Можеби ви го вели ова само за да ве залаже. Неговите намери можеби не се толку чесни колку што изгледаат. Постои можност навистина да му се допаѓате, но тоа не значи дека тој е подготвен за сериозна врска.

  • Сонувавте како ви паѓаат забите? Тоа има важно значење за вашиот живот!

    Сонувавте како ви паѓаат забите? Тоа има важно значење за вашиот живот!

    Повеќето луѓе имаат сонувано како им паѓаат или им се кршат забите. Но, знаевте ли дека ова може да означува нешто многу важно што се случува во вашиот живот? Постојат неколку објаснувања зошто ги имате овие соништа, а кои ќе ви помогнат подобро да разберете што се случува во вашиот ум. rnrnСонувавте како ви паѓа заб? Тоа има важно значење за вашиот живот!rnrnНајголемото значење што се крие зад нив е дека вие не се грижите доволно за себе и свесни сте за тоа. Кога забите ви се скршени и опаднати, тоа ја намалува способноста нормално да јадете и да зборувате. Вашиот ум може да ви кажува дека треба да почнете да се грижите за себе, без разлика дали тоа ќе биде ментално или физички, со цел да ја исчистите совеста.rnrnОвие соништа исто така може да потекнуваат од вашиот страв од стареење. Ако сте имале какви било важни промени што ви се случиле неодамна, во овие моменти може да размислувате за вашиот живот во целина. Ако идејата дека стареете ве прави нервозни, тоа се задржува во вашиот ум кога заспивате, што е и причината за ваквото сонување. Ова исто така може да значи и дека ви е потребно да бидете негувани. Дури и да не го согледувате ова, доколку немате некој во животот што ќе се грижи за вас, вие може да копнеете за тоа. Овие соништа покажуваат дека ви треба некој на кој ќе можете да сметате и да се потпрете.rnrnКако што можете да видите, постојат неколку начини на кои може да ги толкувате овие соништа. Најдоброто нешто што треба да го направите е да погледнете на вашиот живот и да видите дали некое од овие објаснувања се однесува на вашата ситуација. Откако ќе го промените она што ве загрижува, повеќе нема да се соочувате со нив.

  • Протолкувајте ги пораките од духовните водачи: Значењето на броевите околу вас

    Протолкувајте ги пораките од духовните водачи: Значењето на броевите околу вас

    Нумерологијата и синхронизираните броеви како што се 222, 333, 444, 1234 и 11 11 се знаци што нашите духовни водачи ги користат со цел да нè насочат кон вистинскиот пат. Овие знаци ни говорат дали делуваме правилно и каков треба да биде нашиот следен чекор. Тие кажуваат и многу за карактерот, животните цели, мотивацијата, како и за талентот на луѓето. Експертите во нумерологијата ги користат броевите за да си помогнат себеси да донесат одлука кога инвестираат, се венчаат, патуваат, го менуваат работното место или пак, се преселуваат.rnrnПротолкувајте ги пораките од духовните водачи: Значењето на броевите околу васrn

    Значење на броевите

    rnРазлични броеви дефинираат различни карактеристики. Тие можат да се менуваат во текот на целиот живот, во зависност од фазите низ кои поминуваме. Па, доколку во последно време кога размислувате на прашање што ве мачи забележувате одредени броеви околу вас и едноставно чувствувате како да сте некако поврзани со нив, тогаш погледнете ја следнава листа со значења која можеби ќе ви помогне конечно да го откриете одговорот по кој трагате.rn

    Број 0

    rnНеограниченост, единство, бескрајност, вистина, чистина, љубов, алфа и омега, можности, вистинска причина, Божји ден, извор, простор, свест, космичко јајце, Бог.rn

    Број 1

    rnПочеток, новитет, сосредоточена концентрација, тежнеење кон остварување цели, акција, независност, оригиналност, храброст, изум, лидер, самодоверба, амбиција, пионер, волја, свесен ум, позитивност.rn

    Број 2

    rnДвојно, поларитет, избор, бременост, соработка, услуга, хармонија, поддршка, чекање, дипломација, трпение, видовитост, интуиција, прилагодување, емпатија, партнерство, посредник, споредба, помагање, собирање, репродукција, баланс на спротивностите, потсвесна меморија, позитивност и негативност.rn

    Број 3

    rnТројство, сојуз помеѓу божественото и човечкото, манифестација, позитивност, негативност и неутралност, експресија, фантазија, креативност, оптимизам, ентузијазам, изразување, шарм, хумор, забава, привлечност, пријателство,rn

    Број 4

    rnПрактичност, уредност, трпение, логичност, внимателност, верност, градење, упорност, скромност, одговорност, сила, планирање, материјална креативност, рамнотежа.rn

    Број 5

    rnАвантура, промена, слобода, истражување, разновидност, сензуалност, неповрзаност, љубопитност, искуство, периодичност, трагање по знаење, учител, патување, фантазија, невиност, разиграност.rn

    Број 6

    rnСовпаѓање, убавина, негување, љубов, брак, семејство, одговорност, разбирање, сочувство, исцелување, емпатија, перфекционизам, ред, должност, удобност услуга.rn

    Број 7

    rnФилозофија, мудрост, трагање по мудрост, резервираност, изум, стоицизам, рамнодушност, длабок мислител, интроспекција, духовност, вера, егзотично, необично, скриено, потрага по совршенство, етерично, енигма.rn

    Број 8

    rnПостигнување, обилност, извршување, чистина, самодисциплина, моќ, успех, авторитет, психологија, интензитет, надзор, услуга, раскош.rn

    Број 9

    rnКрај, добронамерно, сочувствување, романса, несебичност, великодушност, љубов, мудрост, идеалист, уметност, духовно исцелување, мечтаење.

  • Симболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно време

    Симболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно време

    Самото спомнување на есента веднаш нѐ асоцира на удобна облека, вкусна храна, топли чаеви и магична атмосфера, но симболичните значења на есента се многу подлабоки отколку што мислите. Древните култури, науката и астрологијата го поврзуваат ова годишно време со многу аспекти од човечкиот живот. Несомнено е дека есента е најдоброто време за самоанализа, подигнување на свеста и збогатување на мудроста. За да можете да го разберете ова подобро, прочитајте ги следните симболични значења на најволшебното годишно време…rnrnСимболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно времеrn

    Промена

    rnГрчкиот филозоф Хераклит еднаш рекол „Единствената константа е промената“. Есента нѐ потсетува дека нашите тела, умови и опкружувања секогаш се развиваат. Таа ја истакнува непостојаноста на животот и потенцира колку е важно да се биде присутен во сегашноста. На тој начин, ќе можеме да го спасиме она што го имаме пред да исчезне.rn

    Мистерија

    rnБлагодарение на променливата природа на животот, секој ден е исполнет со нови мистерии. Сувиот есенски воздух и промената на лисјата ја отсликуваат таа мистериозност. Само тогаш кога ќе ги прифатиме тие мистерии, ќе можеме да го живееме животот со полни гради. Во секој случај, утешително е да се знае дека сите се наоѓаме во истиот брод и пловиме по истото мистериозно море.rn

    Зачувување

    rnЕсента ја претставува животната заштита и неопходните потреби. Во текот на овој период, животните се подготвуваат за зимата со тоа што складираат храна и градат удобни и топли засолништа. Земјоделците ја заштитуваат есенската жетва и чуваат големи резерви на житни растенија. Исто така, сите ние обично се повлекуваме во домот и се фокусираме на тоа да создадеме безбеден и удобен дом. На некој начин, есента ни нуди можност одново да се поврземе со самите себе и да го зачуваме нашето сигурно засолниште.rn

    Заштита

    rnКако што летото се трансформира во есента, така ние почнуваме да се штитиме себеси со тоа што носиме повеќе слоеви облека од подебел материјал. Исто така, се фокусираме на нашето здравје и се обидуваме да го подобриме имунитетот преку здрави навики и исхрана. Есента ја подигнува свеста на луѓето за самите себе и за нивното опкружување.rnrnСимболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно времеrn

    Удобност

    rnЕсента исто така се поврзува и со удобноста. Ова годишно време ја нуди вистинската можност да пронајдете комфор кој ќе ве заштити од ниските температури. Создадете си удобно катче и откријте што е тоа што прави да се чувствувате згрижено и безбедно.rn

    Баланс

    rnДолжината на денот и ноќта е иста за време на есенската рамноденица. Како последица од тоа, древните култури отсекогаш го поврзувале тој ден со воспоставувањето рамнотежа. Освен тоа, сонцето влегува во Вага која е знак на балансот. Есента ни нуди можност да постигнеме хармонија со Земјата и да воспоставиме внатрешна рамнотежа.rn

    Ослободување

    rnТемпературите се снижуваат во ритамот на паѓањето на лисјата што ја отсликува убавината на ослободувањето. Ова годишно време ја претставува смртта, но на привлечен и фасцинантен начин. Смртта не мора да означува нешто морничаво и ужасно. Наместо тоа, концептот на смртта можеме да го поврземе со нашето внатрешно его и потреба од алчност и гордост. Идејата на ослободувањето од нештата исто така ја потенцира привремената природа на сѐ што нѐ опкружува.

  • Доколку сонувате како летате, тоа значи нешто прекрасно!

    Доколку сонувате како летате, тоа значи нешто прекрасно!

    Ако некогаш сте сонувале како летате, тоа е прекрасно. Соништата каде што летате најчесто укажуваат на позитивни работи што следуваат во вашиот живот. Можеби веќе сте забележале, но кога ќе се разбудите од ваквиот сон, вие се чувствувате ослободени од каков било притисок или стрес. Ќе се чувствувате како ништо да не може да ве запре и како иднината да ви нуди многу одлични можности за вас. rnrnДоколку сонувате како летате, тоа значи нешто прекрасно!rnrnОвие соништа може да ви се случат по некој лош период во вашиот живот. Тие исто така може да ги покажуваат и вашите големи достигнувања. Ако неодамна сте имале напредок во кариерата, личниот живот или пак со партнерот, летањето во сон може да биде симбол за тоа. Тогаш се чувствувате сигурни во себе и тоа се одразува кога се одморате.rnrnЗначи, ако сте искусиле сон каде што летате, немате потреба да се грижите. Тоа е прекрасно!

  • Какво значење има бројот на лајкови на вашите Фејсбук објави?

    Какво значење има бројот на лајкови на вашите Фејсбук објави?

    Колку лајкови собираат вашите објави на Фејсбук? Сигурно сте забележале дека на некои објави имате повеќе од 100, а некои добиваат одвај по 1 лајк. Дали сте се запрашале зошто е тоа така? По извршената кратка анализа следуваат следниве статистички податоци кои ја откриваат вистината зад бројот на лајковите на секоја објава.rnrnКакво значење има бројот на лајкови на вашите Фејсбук објави?rnrn0 лајкови – Немате пријатели.rnrn1 лајк – Многу си ги сакате вашите објави.rnrn2 лајкови – Вие и мајка ви ги сакате вашите објави.rnrn2 до 5 лајкови – Се обидувате да изгледате паметно со тоа што објавувате вести и коментирате нешто од типот: „Ова го има само кај нас…“ или „Мојата чудесна земја Македонија“.rnrn5 до 10 лајкови – Објавувате некој смешен статус.rnrn10 до 15 лајкови – Објавувате смешна реченица украдена од некој комичар.rnrn15 до 20 лајкови – Објавувате нејасно спиритуално размислување кое покажува колку сте во допир со себеси.rnrn20 до 25 лајкови – Објавувате политички потковано мислење.rnrn25 до 50 лајкови – Објавувате селфи.rnrnКакво значење има бројот на лајкови на вашите Фејсбук објави?rnrn50 до 75 лајкови – Објавувате селфи со убава позадина во природа.rnrn100 до 200 лајкови – Објавувате селфи во сала за вежбање.rnrn200 до 300 лајкови – Сте посвоиле куче.rnrn300 до 350 лајкови – Кучето умрело.rnrn350 до 400 лајкови – Сте добиле свршенички прстен и сте кажале „Да“.rnrn400 до 450 лајкови – Сте дипломирале.rnrn500 до 1.000 лајкови – Вие сте професорка во средно училиште.rnrnНад 1.000 лајкови – Вие сте најпопуларната средношколка со извадок од некоја популарна песна во описот на сликата.rnrnНад 10.000 лајкови – Разголените фотографии се секогаш добредојдени.