КАФЕ ПАУЗА

Tag: животен век

  • Кои навики можат да го скратат животниот век на вашиот лаптоп?

    Кои навики можат да го скратат животниот век на вашиот лаптоп?

    Кои се најчестите навики кои можат да го скратат животниот век на вашиот лаптоп? Прочитајте во продолжение!rnrnКои навики можат да го скратат животниот век на вашиот лаптоп?rn

    Држење во скут

    rnСамо затоа што се вика „лаптоп“ (lap на англиски значи скут) не значи дека треба постојано да го држите во скут. Не заборавајте дека процесорот е мозокот на компјутерот и може да прегрее пред сè како резултат на позиционирањето на лаптопот. Честопати вентилаторот се наоѓа на дното на лаптопот, каде што има мала вентилација. Но, ако тој отвор е покриен со панталони или ќебе, вашиот лаптоп може да се прегрее или внатре може да почне да се таложи прашина.rn

    Никогаш не го исклучувате

    rnЛаптопот треба да се исклучува барем на секои 2-3 дена. Лесно е да го поклопите капакот на лаптопот на крајот на вечерта, така што следното утро ќе се активира за неколку секунди, но ако го оставите постојано вклучен тоа значи дека нема да можете да ги добиете ажурирањата што ви се потребни. Затоа, исклучувајте го барем еднаш неделно.rn

    Немате антивирусен софтвер

    rnАнтивирусниот софтвер е од суштинско значење за одржување на вашиот систем, бидејќи вирусите можат да направат голема штета врз вашиот лаптоп.rn

    Истовремено чувате отворени премногу табови

    rnПремногу отворени табови може да доведат до катастрофа. Не заборавајте дека колку повеќе вашиот процесор треба да работи, толку повеќе топлина ќе генерира, што на крајот ќе го скрати неговиот животен век.rnrnОткако прочитавте за навиките кои можат  да го скратат животниот век на вашиот лаптоп, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 трикови за чистење на вашиот лаптоп и однадвор и однатре.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Која намирница може да го скрати животот за 36 минути при секое нејзино консумирање?

    Која намирница може да го скрати животот за 36 минути при секое нејзино консумирање?

    Додека лекарите постојано ја нагласуваат важноста на исхраната во превенцијата на болестите, а бројните студии јасно покажуваат дека елиминацијата на одредени прехранбени производи од менито, како и зголемувањето на внесот на други, значително го подобрува здравјето, многумина не се откажуваат од една намирница.rnrnКоја намирница може да го скрати животот за 36 моменти при секое нејзино консумирање?rnrnСпоред едно истражување, еден месен производ негативно влијае врз здравјето и постојат индиции дека дури може и да го скрати животот. Станува збор за виршли.rnrnКако што откриле научниците, секој изеден хот-дог го скратува животот на поединецот за повеќе од половина час. Студијата, која го истражувале нутритивното влијание на речиси 6.000 намирници, покажала дека секој хот-дог што го јаде човекот може да го скрати неговиот животен век за точно 36 минути.rnrnВо текот на истражувањето, експертите од Универзитетот во Мичиген ги зеле предвид сите аспекти од животниот циклус на храната, вклучувајќи го и начинот на кој таа е произведена, преработена, консумирана и складирана, како и колку е хранлив производот.rnrnСпротивно на тоа, научниците откриле дека путерот од кикирики може да го зголеми животниот век за 33 минути. Лососот, исто така, го продолжува животниот век за 16 минути.rnrnКако што е забележано во бројни студии, преработеното месо често се состои од непознати и тешко препознатливи состојки, вклучувајќи хемикалии, бои, засладувачи и конзерванси.rnrnСпоред Светската здравствена организација, водечките причини за смрт во светот се три состојби кои можат да се спречат. Тоа се срцеви заболувања, деменција и рак.rnrnОткако прочитавте која е една од најштетните намирници за човековото здравје, можеби ќе сакате да прочитате и која намирница може значително да го намали ризикот од деменција.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Најново истражување: Овие навики би можеле да го продолжат животниот век за 10 години!

    Најново истражување: Овие навики би можеле да го продолжат животниот век за 10 години!

    Одредена храна може значително да го продолжи животниот век, покажале резултатите од едно истражување спроведено во Скандинавија. Студијата на група норвешки истражувачи од Универзитетот во Берген, сугерира дека одредена храна може значително да влијае на должината на животот. Спротивно на тоа, прекумерното внесување на рафинирани шеќери, масти и преработена храна може да доведе до долгорочни здравствени проблеми.rnrnНајново истражување: Овие навики би можеле да го продолжат животниот век за 10 години!rnrnЗа да го спроведат ова истражување, научниците ги користеле резултатите од годишната анализа на причините за појава на болести во Кина, Европа и САД според која се проценува дека неухранетоста е одговорна за повеќе од 11 милиони предвремени смртни случаи секоја година. Тие потоа ја споредиле оваа бројка со други анализи, земајќи го предвид ефектот на различната храна врз нашиот организам. Така, тие успеале да одредат специфичен режим на исхрана кој може да го продолжи животниот век:rn

      rn 011

    • Исхраната треба да биде богата со овошје и зеленчук.
    • rn 011

    • Не занемарувајте ги грашокот, леќата, сојата.
    • rn 011

    • Треба да бидат застапени и пченката, овесот и пченицата.
    • rn 011

    • Исхраната треба да вклучува и јаткасти плодови, како што се бадеми, ф’стаци и ореви.
    • rn 011

    • Ограничете ја потрошувачката на црвено месо и преработени производи.
    • rn

    rnСпоред научниците, консумирањето на околу 2000 грама мешунки годишно и намалувањето на внесот на прекумерно солени или слатки производи би можеле да го продолжат животниот век за две години.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и како научниците откриле дека чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Дали е родена личноста која може да живее до 150 години?

    Дали е родена личноста која може да живее до 150 години?

    Долго време се веруваше дека стареењето настанува поради акумулација на ДНК мутации, кои постепено го попречуваат нормалното функционирање на клетките, ткивата и органите. Во јануари, истражувачите од Харвард објавија дека го запреле стареењето кај лабораториските глувци со менување на епигеномот, збир на молекули што ја вклучува и исклучува ДНК на начини специфични за различни ткива.rnrnДали е родена личноста која може да живее до 150 години?rnrnБидејќи епигеномот полесно се менува од самата ДНК, ова откритие ја зголемува можноста дека телото во иднина некако ќе може да се „ресетира“ за да се бори против болести како што се Алцхајмерова болест, дијабетес, кардиоваскуларни болести и рак.rnrnВеб-сајтот The Harvard Gazette објави разговор со професорот по генетика Дејвид Синклер и неговиот колега Џе-Хјун Јанг за заедничката работа и нејзините импликации врз човековото здравје и животниот век.rnrnСинклер смета дека личноста која ќе доживее 150 години веќе е родена, а со следните зборови објасни како дошол до овој заклучок:rn

    „Во текот на последните 20 години, откриени се неколку молекули за кои се смета дека го намалуваат процесот на стареење, барем кај животните. Токму поради тоа сметам дека веќе е роден некој што може да доживее 150 години. Во овој труд покажуваме дека е можно да се ресетира староста на телото за дури 50 проценти“.

    rnТој исто така забележа дека веќе во една постара статија објавена во научното списание Nature 2020 открил дека овие молекули можеле да им го вратат видот на старите глувци, кои делумно или целосно го изгубиле, а сега вели дека со истата технологија „можно е да се забави стареењето и на други ткива“.rnrnНа прашањето дали „епигеномот во основа се молекулите кои ѝ кажуваат на ДНК што да прави?“, Синклер даде потврден одговор. Тој исто така додаде дека веќе постојат лекови кои го запираат стареењето кај глувците и мајмуните и ги лекуваат од слепило и дека верува дека наскоро ќе биде можно да се применат и на луѓето.rn

    „Причината за стареење на секое ткиво е универзална кај сите, од квасецот до луѓето, а болестите како срцеви заболувања, дијабетес и Алцхајмеровата болест се симптомите на стареење. Ако можеме да го забавиме или смениме процесот на стареење, тоа би бил радикално нов начин за лекување на овие болести. Истиот третман за срцеви заболувања може да ги излечи и Алцхајмеровата болест и дијабетесот и да направи да изгледате помлади“, ја изрази Синклер својата оптимистичка визија на крајот од интервјуто.

    rnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто жителите на Крит и Сардинија имаат најдолг животен век.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rsrnrn 

  • Дали знаевте дека грозјето може да го продолжи животниот век?

    Дали знаевте дека грозјето може да го продолжи животниот век?

    Неодамнешни истражувања покажале дека грозјето влијае позитивно врз здравјето и животниот век. Сепак, консумацијата на грозје не е доволна да се искоренат лошите навики во исхраната и таа не може да ги компензира ефектите на исхраната богата со масти. Така, нутриционистите препорачуваат здрава и урамнотежена исхрана богата со хранливи материи.rnrnДали знаевте дека грозјето може да го продолжи животниот век? rnrnИстражувањата покажале дека секојдневното консумирање околу 2 чаши грозје може значително да го намали ризикот од заболувањето наречено замастен црн дроб. Станува збор за заболување кое доколку не се третира навремено може да доведе до цироза па дури и до рак на црниот дроб.rn

    Грозјето ја подобрува функцијата на микробиомот

    rnЗдравиот микробиом на цревата е важен за целокупното здравје и влијае врз функцијата на виталните органи, вклучувајќи го и мозокот. Истражувањата покажале дека грозјето има големо влијание врз микробиомот кај глувците. Сепак, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди истиот ефект и кај луѓето.rn

    Грозјето не може целосно да ги компензира лошите навики во исхраната

    rnГенерално, експертите не препорачуваат исхрана богата со масти, дури и ако грозјето може да неутрализира некои од нејзините негативни ефекти. Иако грозјето содржи антиоксиданси кои имаат антиинфламаторно дејство, сепак тие не се во состојба да ја неутрализираат целосно високата содржина на масти присутна во современиот начин на исхрана.rnrnСо други зборови, експертите препорачуваат здрава и урамнотежена исхрана, како, на пример, медитеранската, која е богата со риба, хранливи материи и здрави масти кои, од друга страна, го намалуваат ризикот од хронични болести.rnrnОткако прочитавте како грозјето може да влијае врз нашето целокупно здравје, можеби ќе сакате да прочитате и како да го прочистите организмот со помош на црно грозје.rnrnИзвор: healthline.com

  • Научниците откриле која храна го скратува животниот век

    Научниците откриле која храна го скратува животниот век

    Здравата и урамнотежената исхрана е предуслов за добро физичко и ментално здравје. Доколку сакате да бидете поздрави, а со тоа и подолго да живеете прочитајте која храна треба што повеќе да ја избегнувате.rnrnrnrnМногу добро е познато дека преработената храна не е здрава, а едно ново истражување објавено во списанието ЈАМА (Internal Medicine), ја поврзало со скратување на животниот век.rnrnЗа потребите на истражувањето кое траело осум години, научниците ги следеле навиките за исхрана и здравје кај повеќе од 44 илјади Французи чијашто просечна возраст на почетокот на истражувањето била 58 години.rnrnОколу 29% од внесените калории на испитаниците сочинувале преработена храна, како инстант тестенини, супи, енергетски плочки и пијалаци, пржени крилца од ресторани за брза храна…rnrnВо текот на студијата починале 602 испитаници, најчесто како последица на рак или кардиоваскуларни болести.rnrnИако не е возможно да се докаже дека причината за нивната смрт е неурамнотежена исхрана, докажана е поврзаност на лошата исхрана со сите заболувања.rnrnПрочитајте ги и овие 8 знаци кои укажуваат на долг и здрав живот.

  • Истражување: Менопаузата можеби влијае врз животниот век на жените

    Истражување: Менопаузата можеби влијае врз животниот век на жените

    Според податоците од 16.000 жени собирани во текот на 21 година, постои поврзаност помеѓу траењето на репродуктивниот период на жената и очекуваниот животен век.rnrnИстражување: Менопаузата можеби влијае врз животниот век на женитеrnrnСпоред резултатите, жените кои првата менструацијата ја добиле после 12-тата година, а во менопауза влегле после 50-тата, имале поголеми шанси да доживеат 90 години. Научниците истакнале дека просечната возраст на која жената влегува во менопауза е 51 година, односно во зависност од разните фактори, тоа е периодот помеѓу 40-тите и 50-тите години од животот.rnrnКај оваа група жени биле забележани многу помалку кардиоваскуларни проблеми, а во третата животна доба влегле витални и со добро здравје, нешто што би ја објаснило нивната долговечност.rnrnНаучниците исто така истакнале дека жените со подолг живот не пушеле, а пушењето може да влијае на предвременото започнување нам менопаузата. Исто така кај овие жени немало знаци за развој на дијабетес тип 2. Кај жените пушачи, менопаузата може да настапи една до две години порано за разлика од жените кои не пушат.rnrnДруго истражување во кое учествувале 124.000 жени покажало дека касната појава на менопаузата, односно после 55-тата година, го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2 за 12%. Кај жените кои влегле во менопауза помеѓу 46-тата и 55-тата година, опасноста била многу помала.rnrnОпшто гледано, возраста на којашто жената ќе влезе во менопауза е индивидуална и на ова влијаат многу фактори, а еден од најважните е начинот на живот. Имено, здравата исхрана, хигиената и квалитетот на животот го забавуваат почетокот на менопаузата.rnrnАмериканските научници истакнале дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди на кој начин генетиката, околината и начинот на живот ја објаснуваат поврзаноста на плодниот период на жената и нејзиниот животен век.rnrnПогледнете и како можете да ја спречите предвремената менопауза.

  • Неколку причини зошто жените живеат подолго од мажите

    Неколку причини зошто жените живеат подолго од мажите

    Знаевте ли дека просечниот животен век на луѓето се зголемува? Момчињата кои се родени денес, во просек ќе живеат 70 години, а девојчињата 74. Но што ја предизвикува оваа разлика? Светската здравствена организација сакала да го дознае ова, па бил направен попис за причина за смрт кај половите.rnrnНеколку причини зошто жените живеат подолго од мажитеrnrnОд 44 причини за смрт, 33 имаат поголемо влијание врз животниот век на мажите отколку на жените. За ова воглавно се одговорни здравствени причини кои се различни кај половите. Најголема разлика помеѓу мажите и жените се појавила во следниве ситуации:rnrnБолести на срцето: Имаат поголемо влијание кај мажите за 0,84 животни години.rnrnНесреќни на работното место:Имаат поголемо влијание кај мажите за 0,47 животни години.rnrnРак на белите дробови: Има поголемо влијание кај мажите за 0,4 животни години.rn

    Посилен имунитет поради Х хромозомите

    rnПредноста што ја имаат жените е и генетиката. Таканаречените Х хормони го зајакнуваат имунитетот кај девојчињата, па тие имаат поголеми шанси да го преживеат раниот период од детството. Ова го потврдила и статистиката – во 2017-та година, ризикот од смрт кај момчињата помали од 5 години бил 11% повисок за разлика од девојчињата.rnrnОднесувањето на мажите исто така има влијание врз животниот век. Според Светската здравствена организација, мажите од богатите држави пијат 4 до 5 пати повеќе алкохол од жените. Покрај тоа, болестите кај многу мажи се сметаат за слабост, па за разлика од жените, тие подоцна бараат лекарска помош или совет.rn

    Влијанието на работата врз животниот век

    rnМажите имаат два пати поголеми шанси да настрадаат во несреќа на работното место за разлика од жените. Причината е што мажите почесто работат на опасни места како градилишта.rnrnОд Организацијата ги споредиле и податоците за самоубиство. Веројатноста дека мажот ќе си го одземе животот е дури 75% поголема за разлика од жените. Покрај тоа, мажите се 4 пати почесто убивани.rn

    Во сиромашните држави, разликите се помали

    rnИнтересно е што разликите во животниот век помеѓу половите се помали во сиромашните држави. За ова има две причини – во земјите во развој, многу луѓе умираат од инфективни болести кои подеднакво ги погодуваат и мажите и жените. Исто така, ризикот од смрт за време на бременост или породување е многу поголем во неразвиените држави – една во 40 жени умира. Во развиените земји, умира една жена во 3.300.rnrnЗнаевте ли дека жените живеат подолго доколку се опкружени со природа и зеленило?

  • Истражувањата откриваат: Алкохолот го продолжува животот!

    Истражувањата откриваат: Алкохолот го продолжува животот!

    Што треба да направите за да живеете повеќе од 90 години? Да се храните здраво? Да вежбате редовно: Најверојатно, но ќе ви треба и малку вино. Барем така велат истражувањата спроведени на Универзитетот во Калифорнија кои ги испитувале 90-годишниците во САД од 2003 година.rnrnИстражувањата откриваат: Алкохолот го продолжува животот!rnrnИстражувачите ги анализирале дневните навики на 1.700 луѓе на возраст над 90 години и откриле дека кај оние кои консумирале околу 2 чаши пиво или вино дневно постоеле 18% помали шанси дека ќе доживеат предвремена смрт.rnrnНо, зошто е тоа така? Причината не е баш јасна. Според авторот на истражувањето, доктор Клаудија Кавас, умереното пиење алкохол го продолжува животниот век. Кои сме ние за да се сомневаме во нејзините зборови?rnrnДа наздравиме во име на овие откритија!rnrnДоколку сте љубители на алкохолните пијалаци, сигурно ќе ви се допадне и откритието дека алкохолот може да ви помогне да научите нов јазик.

  • Тајната на најздравиот народ во светот: Децата немаат алергии, а возрасните не знаат што е тоа рак!

    Тајната на најздравиот народ во светот: Децата немаат алергии, а возрасните не знаат што е тоа рак!

    Дали сте знаеле дека Амишите имаат неверојатен просечен животен век од 85 години, без никаква помош од современата медицина и технологија? Истражувачите се заинтересирале и решиле да испитаат на што се должи ова.rnrnТајната на најздравиот народ во светот: Децата немаат алергии, а возрасните не знаат што е тоа рак!rnrnНаучниците откриле дека повеќето луѓе од Амишката заедница имаат мутиран ген против стареење кој им овозможува да живеат 10 пати подолго од просечниот човек. Имено, поединците кои имаат една копија од генот СЕРПИНА1 можат да имаат 10 пати подолг животен век од останатите луѓе од нивната заедница.rnrnАмишите се екстремно традиционални христијани кои живеат отсечени од модерниот свет. Истражувањето било спроведено со Амишите од стариот одред во Индијана. Станува збор за заедница која ги одбегнува „замките“ на современото општество, како што се електричната струја, автомобилите и лековите.rnrnПознато е дека Амишите се многу здрави. Децата речиси воопшто немаат алергии, а во повеќегодишно испитување на Амишките деца, научниците сретнале само 3 случаја на аутизам. Во нивните села, болестите на современата цивилизација, како што се срцевите заболувања, ракот и дијабетесот, се многу ретки.rn

    „Тие воопшто не користат напредна медицина, па затоа фактот што носителите на овој ген имаат просечен животен век од 85 години е навистина неверојатен“, изјавил докторот Даглас Воан, кардиоваскуларен специјалист на Универзитетот Нортвестерн.

    rnБиле испитани 177 луѓе од кои 43 биле носители на мутираниот ген. Навистина било тешко да се пронајде една мутација кај поединците, па така ова претставувало вистински предизвик за научниците.rnrnОваа мутација кај поединците предизвикува подолги теломери, структури што се наоѓаат на краевите од секој хромозом и ги чуваат од оштетување во текот на стареењето. Доктор Воан објаснил дека во светот каде што живееме, шансите за ваква мутација се 1 во 70.000. Токму затоа, научниците биле изненадени кога откриле дека во Амишката заедница шансите се 1 во 4.rn

    „Колку што се пократки теломерите толку пократок е и животниот век. Тоа што Амишите живеат во затворени заедници им овозможува да ја сочуваат мутацијата на генот СЕРПИНА1“, објаснил доктор Воан.

    rnСигурно ќе се согласите дека ова откритие претставува одлична основа за идните истражувања поврзани со продолжувањето на животниот век!rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за животот на овие луѓе, погледнете го овој традиционален лек на Амишите.