КАФЕ ПАУЗА

Tag: животен век

  • Научниците го откриле максимумот на животниот век на луѓето

    Научниците го откриле максимумот на животниот век на луѓето

    Животниот век на луѓето е значително зголемен од 19-тиот век. Но ова не мора да значи дека тој ќе продолжува да се зголемува. Во списанието Nature било објавено истражување во кое научниците го одредиле максимумот на животниот век на луѓето.rnrn(1)nauchnicite-go-otkrile-maksimuot-na-zhivotniot-vek-na-lugjeto-kafepauza.mkrn

    „Изгледа дека го достигнавме врвот“, изјавил молекуларниот биолог Јан Вијг. „Тоа е тоа. Луѓето нема да живеат подолго од 115 години.“

    rnНајголемата документирана возраст е 122 години, а ова го постигнала една жена по име Џин Луиз Калмет, која умрела во 1997 година. Пред да почине, таа се венчала со својот братучед, возела велосипед, а еднаш, кога била многу млада, го нарекла Винсент Ван Гог „грд“ додека се разминувала со него.rnrn(4)nauchnicite-go-otkrile-maksimuot-na-zhivotniot-vek-na-lugjeto-kafepauza.mkrnrnОткако навлегле во информациите за морталитетот и населението, професорот Вијг и неговите колеги утврдиле дека животниот век престанал да се зголемува околу 1980 година. Тие заклучиле дека човечкиот живот си има природна граница која медицинскиот напредок нема да може да ја продолжи.rn

    Која е биолошката причината зошто животот нема да се продолжува?

    rn(2)nauchnicite-go-otkrile-maksimuot-na-zhivotniot-vek-na-lugjeto-kafepauza.mkrnrnИстражувањето покажало дека човечкиот животен век е генетски. Научниците истакнале дека тој е поврзан со посебна генетска особина на видовите. Оние кои живеат екстремно долги животи, како Калмет, се исклучоци од стандардниот модел.rnrnДодека 115 години можеби не се новите 60, медицинските експерти сепак се обидуваат да ги спречат многуте проблеми кои влијаат на нашиот животен век.rn

    „Постои добра можност да се подобри здравјето во староста, а тоа е најважното нешто“, изјавил Вијг.

    rn(3)nauchnicite-go-otkrile-maksimuot-na-zhivotniot-vek-na-lugjeto-kafepauza.mkrnrnСоциологот Џеј Олшански разговарал за ова истражување, и дошол до слични резултати. Тој нагласил дека би требало да работиме на здравствените проблеми кои имаат влијание на морталитетот наместо да ја бараме фонтаната на младоста.rn

    „Ова истражување покажува дека тој труд нема да донесе резултати бидејќи постои граница. Но ова не значи дека е невозможно да се напредува. Напротив, постојат многу начини да се продолжи животот со намалување на ризичното однесување, како пушењето и дебелината.“

  • Невротичноста може да ви го продолжи животниот век

    Невротичноста може да ви го продолжи животниот век

    Благата напнатост може да ви се исплати, барем кога се однесува на грижата за здравјето. Невротичноста е карактерна особина што се поврзува со зголемена анксиозност, чувство на вина и нервоза, но најновите истражувања покажале дека токму таа може да ви помогне да живеете подолго.rnrnНевротичноста може да ви го продолжи животниот векrnrnИстражувањето објавено во списанието „Психолошка наука“ (Psychological Science) открило дека кај луѓето кои се невротични постоел 8% помал ризик од смрт предизвикана од кои било причини, особено рак и кардиоваскуларни болести, во споредба со оние со помала невротичност.rnrnИстражувачите ги испитувале податоците на повеќе од 300.000 луѓе во Велика Британија на возраст од 37 до 73 години. Испитаниците направиле тест за личноста што ги измерил нивните нивоа на невротичност. Освен тоа, тие одговарале на прашања поврзани со нивните секојдневни навики, а откриле и некои здравствени информации како што се индексот на телесна маса и крвниот притисок. Исто така, требале да оценат колку здрави се чувствуваат. Волонтерите во истражувањето биле надгледувани околу 6 години.rnrnПотоа, истражувачите ги споредиле добиените податоци и откриле дека високото ниво на невротичност е поврзано со повисок ризик од смрт. Тоа има логика со оглед на фактот што некои претходни истражувања покажале дека невротичноста е поврзана со негативните емоции и менталните нарушувања.rnrnМеѓутоа, кога истражувачите ги анализирале одговорите на учесниците на прашањето колку здрави се чувствуваат, дошле до поинаков заклучок. Кај испитаниците кои сметале дека имаат лошо здравје, невротичноста имала мало заштитно влијание против прерана смрт.rnrnИако не го истражиле овој податок во експериментот, истражувачите мислат дека невротичните луѓе кои веруваат дека имаат лошо здравје почесто одат на доктор како последица од претераната загриженост, што е дел од нивниот карактер.rn

    „Нивната тенденција да бараат медицинска помош како резултат од нивната загриженост за здравјето може да доведе до навремена дијагноза на рак, а со тоа и до зголемување на шансите за преживување“, објасниле авторите на истражувањето.

    rnИ покрај тоа, невротичните луѓе треба да внимаваат кога станува збор за преголемиот стрес. Невротичноста со себе носи голем број ризици, како што се емоционални проблеми, зголемен ризик од појава на Алцхајмерова болест кај жените и зголемен ризик од злоупотреба на супстанции.rnrnДоколку се сметате за невротични, не грижете се, бидејќи не е сѐ така црно. Покрај продолжениот животен век, некои претходни истражувања покажале дека невротичните луѓе имаат некои здравствени придобивки од оваа карактерна особина и покажуваат поголем успех на работното место. Секогаш треба да ја гледаме светлата страна на работите, се согласувате?rnrnВо продолжение погледнете го животот на луѓето кои патат од анксиозност преку 9 секојдневни ситуации.

  • Одлични вести за сите љубители на кафе: Оваа напивка може да ви го продолжи животот!

    Одлични вести за сите љубители на кафе: Оваа напивка може да ви го продолжи животот!

    Ретки се луѓето кои можат да си го замислат утрото без кафе, а најновите истражувања докажале зошто е тоа така. Имено, кафето не само што може да ви помогне да се разбудите, туку може и да ви го продолжи животот. Станува збор за две истражувања кои откриле дека редовната консумација на кафе е поврзана со подолгиот животен век.rnrnОдлични вести за сите љубители на кафе: Оваа напивка може да ви го продолжи животот!rnrnИстражувачите го следеле животот на голем број љубители на кафе во текот на неколку години за да ги забележат ефектите што ги има оваа навика на нивното целокупно здравје, како и веројатноста да заболат од одредени болести како што се срцеви заболувања, рак и дијабетес. Биле испитани повеќе од 700.000 љубители на кафе, а особено внимание било обрнато на етничката припадност и потеклото на учесниците. Овој детаљ е многу важен ако се земе предвид фактот дека повеќето истражувања поврзани со пиењето кафе биле фокусирани на Европејците и на поединците со европско потекло. На овој начин можеме да бидеме сигурни дека позитивните ефекти на кафето не се однесуваат само на една раса или етничка група.rnrnИ двете истражувања дошле до извонредни откритија и покрај тоа што се засновале на набљудување. Научниците се обиделе да ги контролираат сите здравствени фактори што би можеле да влијаат на резултатите и вклучиле различни видови кафе за да добијат што е можно поточни и поверојатни резултати. Многумина можеби ќе ги припишат здравствените придобивки од кафето на кофеинот, но вреди да се спомене дека поединците кои консумирале безкофеинско кафе исто така имале продолжен животен век, што значи дека кофеинот можеби не е целосно заслужен за ова.rnrnПрвото истражување, кое се фокусирало на податоците од една студија што ги следела навиките за пиење кафе на повеќе од 500.000 Европејците во текот на 16 години, покажало силна поврзаност помеѓу консумацијата на кафе и намалениот ризик од смрт. Второто истражување следело повеќе од 185.000 Американци во период од 16 години и дознало дека веројатноста за смрт од срцеви болести, рак, респираторни болести, дијабетес, бубрежни заболувања и мозочен удар била значително помала кај поединците кои пиеле кафе за разлика од луѓето кои воопшто не пиеле кафе. Освен тоа, во споредба со луѓето кои не пијат кафе, учесниците кои пиеле по 2-3 шолји кафе дневно имале 18% помали шанси да умрат порано, додека оние кои пиеле по една шолја дневно имале 12% помали шанси да умрат порано во животот.rnrnОдлични вести за сите љубители на кафе: Оваа напивка може да ви го продолжи животот!rnrnИстражувањата откриле интересни податоци и во зависност од полот. Резултатите покажале дека 25% од љубителите на кафе пиеле по 3 или повеќе шолји кафе дневно и според тоа, машките љубители на кафе имале 12% помали шанси да умрат порано за разлика од мажите кои не пиеле кафе. Женските љубители на кафе, пак, имале 7% поголеми шанси за подолг животен век за разлика од жените кои не пиеле кафе. Тешко е да се одреди причината за разликата во машките и женските проценти, особено ако се земе предвид фактот дека генерално жените живеат подолго од мажите. Исто така, овие истражувања го потврдиле она што веќе било докажано во претходните студии дека редовното пиење кафе придонесува за подобрена функција на црниот дроб, подобри нивоа на шеќер во крвта и заштита од воспаленија.rnrnМногу луѓе се обидуваат да ја намалат количината на кафе што ја консумираат или целосно да се ослободат од оваа навика, но експертите сѐ уште тврдат дека љубителите на кафе не се изложени на никаков ризик од здравствени проблеми предизвикани од редовното пиење кафе. Доколку пиете помалку од 5 шолји кафе дневно, сѐ ќе биде во ред со вашето здравје.rnrnНакратко, истражувањата заклучиле дека колку повеќе кафе пиете толку помали се шансите за прерана смрт. Слободно игнорирајте ги луѓето кои не пијат кафе и уживајте во вашиот омилен пијалак без грижа на совест.rnrnПрочитајте ги и овие здравствени придобивки од кафето во споредба со чајот.

  • Научно докажано: Нашиот мозок има вродена предиспозиција да помага на другите

    Научно докажано: Нашиот мозок има вродена предиспозиција да помага на другите

    Во последните неколку години, научниците ги проучувале добрите дела и нивното влијание на човечкиот организам. Резултатите од повеќе истражувања докажале дека алтруизмот, односно желбата за несебично помагање на луѓето, влијае на нашето здравје, па дури и на животниот век.rnrnНаучно докажано: Нашиот мозок има вродена предиспозиција да помага на другитеrnrnЧовечката природа отсекогаш ги привлекувала филозофите, а со помош на современата технологија и научен напредок, конечно почнавме да ја одгатнуваме оваа мистерија. Во почетните фази од истражувањето, научниците успеале да откријат дека нашиот мозок има вродена предиспозиција да им помага на другите.rnrnСо помош на скенирање на мозокот, научниците забележале дека размислувањето за туѓите проблеми ги активира истите делови од мозокот што се активираат кога размислуваме за сопствените проблеми, додека, пак, сочувствувањето ги активира деловите одговорни за чувството на задоволство.rnrnЏефри Шлос, еволуциски биолог на универзитетот Вестмаунт во Калифорнија, изјавил дека изреката „Подобро е да се дава отколку да се добива“ не е само морално клише, туку содржи голема вистина во себе.rn

    „Сите луѓе не можат да бидат богати и славни, но сите можат да добри.“ – Конфучиј

    rnВо секојдневниот живот, многу луѓе одбираат да издвојат дел од слободното време за да им помагаат на другите, без разлика дали се работи за грижа на стари лица, негување напуштени животни, човечки животи или решавање туѓи проблеми. Секој ден имаме прилика да сведочиме на голем број добри дела.rnrnНо, што е тоа што нѐ тера несебично да им помагаме на другите луѓе и да се впуштаме во херојски подвизи за да спасиме нечиј живот, без да мислиме на сопствениот? Истражувањата покажале дека добрите дела ни помагаат и самите да се чувствуваме подобро, но тоа не е сѐ.rnrnВаквото однесување има влијание на нас и од физички аспект. Сѐ повеќе научници тврдат дека правењето добри дела позитивно влијае на нашето здравје, а некои истражувања откриле дека алтруизмот ни помага да живееме подолго.rnrnНаучно докажано: Нашиот мозок има вродена предиспозиција да помага на другитеrnrnВрската помеѓу алтруизмот и стресот е откриена сосема случајно во 1956 година, кога еден тим од истражувачи од универзитетот Корнел спровел истражување на 427 мажени жени со деца. Тие очекувале дека жените со повеќе деца ќе бидат под поголем стрес и поради тоа ќе имаат пократок животен век. Истражувачите многу се изненадиле кога откриле дека бројот на децата, образованието, класната припадност и работата не влијаеле на животниот век. Истото истражување, кое траело 30 години, сосема случајно открило дека 52% од жените кои никогаш не волонтирале се разболеле од некоја тешка болест, за разлика од 32% од жените кои редовно волонтирале.rnrnОва откритие ги заинтересирало научниците, па тие спровеле уште неколку студии. Тие дознале дека редовното правење добри дела го намалува ризикот од прерана смрт за 44%, што значи дека алтруизмот има подобар ефект од редовното вежбање.rnrnМногу истражувања покажале дека алтруизмот значително го намалува нивото на стрес, кој е главниот причинител на голем број болести. Кај испитаниците кои гледале видео во кое се прикажувале добри дела бил забележан привремен пораст на некои хемикалии што го подобруваат имунитетот. Кај жените кои соседите ги сметале за добри личности затоа што им помагале на другите било забележано зголемено ниво на окситоцин, хормон кој ни помага да се чувствуваме добро. Кога алтруистите им помагаат на луѓето, нивото на окситоцин расте, што значи дека стресот се намалува.rn

    „Најдобриот дел од животот на човекот се оние безимени, незапаметени дела на добрина и љубов.“ – Вилијам Водсворт

    rnОд сето ова може да се заклучи дека алтруистичните емоции предизвикуваат физиолишки реакции во телото на тој начин што го зголемуваат нивото на хормонот окситоцин, го намалуваат нивото на стрес и го подобруваат имунитетот. Алтрузимот предизвикува слична реакција на онаа што ја предизвикува и вистинската љубов. Не двоумете се дали да помогнете некому, бидејќи на тој начин ќе си помогнете и себеси.rnrnНо, вреди да се погледнат овие откритија и од друг аспект. Во продолжение прочитајте зошто добрината не се исплати.

  • Кога ја добивте вашата прва менструација? Одговорот крие факти кои би требало да ги знаете!

    Кога ја добивте вашата прва менструација? Одговорот крие факти кои би требало да ги знаете!

    Едно прилично интересно истражување спроведено во Сан Диего покажало на кој начин менструацијата е поврзана со животниот век на жените.rnrn1-koga-ja-dobivte-vashata-prva-menstruacija-odgovorot-krie-fakti-koi-bi-trebalo-da-gi-znaete-www.kafepauza.mk_rnrnЕкспертите ги проучувале резултатите на 16.000 жени во менопауза и нивните резултати биле објавени во списанието „Menopause“. Тие откриле дека меѓу испитаниците кои својата прва менструација ја добиле на 12 или повеќе години и кои влегле во менопауза на 50 или повеќе години, имале поголеми шанси да доживеат 90 години.rn

    „Откривме дека жените кои добиле менструација подоцна, имаат помалку здравствени проблеми, како што се хронични болести на срцето, како и жените кои влегуваат во менопауза подоцна, често се со одлично здравје “, изјавил авторот на студијата, Аладин Шадиаб.

    rnПомеѓу жените кои подоцна добиле менструација и подоцна влегле во менопауза, исто така имало помалку пушачи, како и оние кои имале дијабетес.rnrnАвторите на студијата истакнуваат дека се потребни дополнителни истражувања за точно да се одреди зошто постои таа поврзаност, но и од досегашните истражувања е јасно дека здравите навики и здравата менструација значат долг и здрав живот.

  • Овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго бидејќи воопшто не се нервираат

    Овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго бидејќи воопшто не се нервираат

    Љубителите на хороскопот досега имаат направено голем број истражувања за да дознаат кои знаци ќе имаат долг и здрав живот. Ако сметате дека хороскопот и здравјето не се воопшто поврзани, размислете уште еднаш! Токму нашиот карактер и односот што го имаме со другите и себеси може да влијае на нивото на стрес кој пак, значително може да го скрати животниот век. Па, кои се тие хороскопски знаци кои не се нервираат воопшто, поради што и живеат подолго од останатите?rnrnКои хороскопски знаци живеат најдолго поради тоа што воопшто не се нервираат?rn

    Рак

    rnНа прво место е смирениот Рак. Според многубројните истражувања, најдолго живеат луѓето родени токму во овој знак, благодарение на нивната природа која некои би ја нарекле себична, а некои внимателна. Раковите добро се грижат за себе и своето здравје и секогаш се ставаат себеси на прво место. Важно им е што јадат, што пијат и дали добро се наспале. Тие се грижат за нивното семејство и сакаат да бидат здрави за да бидат што подолго тука за нивните деца.rn

    Девица

    rnПо Раковите, доаѓаат Девиците кои се храбри, остри и не дозволуваат никој да си игра со нив. Девиците се уредни и грижливи. Исто како и Раковите, тие се грижат за своето здравје и поголема е веројатноста дека тие им предизвикуваат стрес на луѓето околу нив, отколку што тие самите се под стрес.rn

    Овен

    rnНа трето место се наоѓаат Овните кои имаат некои слични особини со Девицата, но кај нив преовладува огромната волја за живот и желбата да си угодуваат самите себеси. Доколку забележат дека некој ги нервира и цело време им се спротивставува, тие ќе му покажат каде му е местото и без размислување ќе го отфрлат од нивниот живот. На тој начин се ослободуваат од токсичните луѓе кои им предизвикуваат стрес, а ги задржуваат оние вистинските.rnrnПотоа следуваат Јарците (во Кореја најголем број од луѓето кои го доживеале 100-тиот роденден се припадници токму на овој знак), а според статистиката доста долго живеат и Скорпиите и Стрелците, но само затоа што роденденот им се паѓа на крајот од годината. Водолиите и Вагите исто така се сметаат за долговечни, поради нивната флегматична природа.rnrnСпоред сето ова, без разлика дали верувате во хороскоп или не, ако сакате да го продолжите вашиот животен век, почнете да се грижите за вашето здравје и не дозволувајте туѓото мислење да ве вознемирува и да ви предизвикува стрес.

  • 20 причини зошто жените живеат подолго од мажите

    20 причини зошто жените живеат подолго од мажите

    Иако науката се обидува да најде логични објаснувања за пократкиот животен век на мажите во однос на оној на жените, овие 20 фотографии на некој начин ја поддржуваат ваквата статистичка слика. rnrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи кои секојдневно ни го скратуваат животот

    Работи кои секојдневно ни го скратуваат животот

    Колку и да се грижиме за нашето здравје, сепак постојат некои работи за кои не ни помислуваме дека можат да бидат фатални по нашата здравствена состојба. Ова не значи дека треба да најдете начин во целост да ги исфрлите од вашиот живот, но доколку секоја од овие работи е премногу присутна во вашето секојдневие тогаш треба да преземете нешто.rnrnРаботи кои секојдневно ни го скратуваат животот rn

    1. Тешко пронаоѓате љубов

    rnДоколку имате тешкотии да најдете партнер, тоа може да ве мачи и да ви го скрати животот за неколку месеци. Но, доколку подолг период сте сами, тоа може тотално да ве уништи. Истражувањата покажале дека луѓето кои никогаш нема да се венчаат, го зголемуваат ризикот за смрт за 32%.rn

    2. Седите неколку часа дневно

    rnДоколку седите по повеќе од три часа дневно можете да изгубите две години од животот. Едно истражување направено во Австралија покажало дека дури ни редовното вежбање не може да ги намали негативните ефекти од седењето.rnrnРаботи кои секојдневно ни го скратуваат животот rn

    3. Занемарување на пријателите

    rnЛуѓето со послаб социјален живот имаат поголема стапка на смртност, а долгогодишната осаменост може да биде лоша за здравјето исто колку секојдневно пушење на 15 цигари. Од друга страна е докажано дека постарите лица кои имаат голем број пријатели, за 22% ги зголемуваат своите шанси да живеат подолго. Друштвените врски позитивно влијаат на здравјето на мозокот.rn

    4. Вегетирање пред телевизор

    rnСамо два часа дневно пред телевизор може да доведе до предвремена смрт, срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Според некои истражувања секој час поминат пред телевизор по навршувањето на 25 години, го скратува животот за 21,8 минути.rn

    5. Јадете премногу нездрава храна

    rnБрзата храна, белиот леб, црвеното месо, сувомесните производи и многу други продукти, кога се јадат во преголема количина ни го скратуваат животниот век за околу 20%.rnrnРаботи кои секојдневно ни го скратуваат животот rn

    6. Не можете да најдете работа

    rnНевработеноста може да го зголеми ризикот од предвремена смрт, судејќи според едно канадско истражување кое траело 40 години и во кое учествувале околу 20 милиони луѓе од 15 земји. Уште едно истражување покажало дека кај белите жени најчести фактори поврзани со прерана смрт се пушењето и невработеноста. Докажано е и дека постарите лица кои ја губат својата работа за време на рецесијата, губат три години од својот живот поради оваа промена во животот.rn

    7. Долго патување до работа

    rnДоколку долго патувате до работното место, го зголемувате нивото на стрес, ги добивате истите негативни ефекти како кај седењето, ги намалувате и шансите да учествувате во здрави активности.rnrnНајголем ризик имаат жените кои до работното место патуваат 50 или повеќе километри. Едно шведско истражување го поврзува долгото патување до работното место со зголемување на тежината, несоница и со високата стапка на разводи.rn

    8. Сексуална неактивност

    rnЕдно истражување направено на мажи покажало дека неможноста за редовно доживување на оргазам потенцијално може да ја зголеми смртноста за 50% во однос на оние кои редовно имаат сексуални односи. Ова е случај кога се одземаат факторите како пушење цигари, старост и социјалниот статус. Од друга страна, оргазмите се поврзани со голем број здравствени придобивки.rn

    9. Лош однос со колегите на работа

    rnНедостаток на поддршка од страна на колегите може да биде силен показател за ризик од предвремена смртност, тврди едно истражување направено од Универзитетот во Тел Авив.rnrnРаботи кои секојдневно ни го скратуваат животот rn

    10. Премалку или премногу спиење

    rnИстражувањата покажале дека животниот век се скратува доколку спиете помалку од пет часа или повеќе од девет часа дневно. Хроничниот недостаток на сон е поврзан со кардиоваскуларни болести, дијабетес, некои врсти рак, деменција, когнитивни проблеми, дебелина и прерана смрт.rnrnСпоред голем број истражувања, на човекот му се потребни 8 часа сон за да функционира нормално, но според некои други сè што е повеќе од 7 часа дневно е премногу и штетно.rn

    11. Се плашите од смртта или не сакате да живеете онолку колку што треба

    rnБолен парадокс е тоа што стравот од смрт го скратува животниот век. Едно поново истражување во кое учествувале пациенти кои боледуваат од рак, покажало дека животниот век кај оние кои се плашеле од смртта се намалувал.rnrnКај оние луѓе кои не боледуваат од смртоносна болест, интензивниот страв од смртта го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести за три до пет пати. Благиот страв има позитивно влијание, бидејќи го тера човекот да ја зголеми физичката активност и му ја зголемува желбата за здрав живот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во кои држави животниот век трае најдолго?

    Во кои држави животниот век трае најдолго?

    Пред кусо време, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) го објави најновиот извештај, истакнувајќи ги бројките за животниот век во земјите членки на организацијата, а во листата дополнително влегоа и неколку други високо развиени држави. Ова се државите во кои животниот век трае најдолго.rnrnВо кои држави животниот век трае најдолго? rn

    10. Норвешка

    rnПросечен животен век: 81,4 годиниrnrnБруто домашен производ по жител: 61.060 американски долариrnrnТрошоци за здравство по жител: 5.669 американски долариrnrnПроцент на возрасни лица со добро здравје: 73,3%rn

    9. Израел

    rnПросечен животен век: 81,8 годиниrnrnБруто домашен производ по жител: 28.959 американски долариrnrnТрошоци за здравство по жител: 2.239 американски долариrnrnПроцент на возрасни лица со добро здравје: 81,5%rn

    8. Шведска

    rnПросечен животен век: 81,9 годиниrnrnБруто домашен производ по жител: 41.461 американски долариrnrnТрошоци за здравство по жител: 3.925 американски долариrnrnПроцент на возрасни лица со добро здравје: 79,9%rn

    7. Австралија

    rnПросечен животен век: 82 годиниrnrnБруто домашен производ по жител: 44.201 американски долариrnrnТрошоци за здравство по жител: 3.800 американски долариrnrnПроцент на возрасни лица со добро здравје: 85,4%rn

    6. Франција

    rnПросечен животен век: 82,2 годиниrnrnБруто домашен производ по жител: 35.395 американски долариrnrnТрошоци за здравство по жител: 4.118 американски долариrnrnПроцент на возрасни лица со добро здравје: 67,6%rn

    5. Шпанија

    rnПросечен животен век: 82,4 годиниrnrnБруто домашен производ по жител: 33.045 американски долариrnrnТрошоци за здравство по жител: 3.072 американски долариrnrnПроцент на возрасни лица со добро здравје: 75,3%rn

    4. Исланд

    rnПросечен животен век: 82,4 годиниrnrnБруто домашен производ по жител: 36.611 американски долариrnrnТрошоци за здравство по жител: 3.305 американски долариrnrnПроцент на возрасни лица со добро здравје: 77,8%rn

    3. Јапонија

    rnПросечен животен век: 82,7 годиниrnrnБруто домашен производ по жител: 33.843 американски долариrnrnТрошоци за здравство по жител: 3.213 американски долариrnrnПроцент на возрасни лица со добро здравје: 30%rn

    2. Италија

    rnПросечен животен век: 82,7 годиниrnrnБруто домашен производ по жител: 32.648 американски долариrnrnТрошоци за здравство по жител: 3.012 американски долариrnrnПроцент на возрасни лица со добро здравје: 64.7%rn

    1. Швајцарија

    rnПросечен животен век: 82,8 годиниrnrnБруто домашен производ по жител: 51.227 американски долариrnrnТрошоци за здравство по жител: 5.643 американски долариrnrnПроцент на возрасни лица со добро здравје: 81.3%rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку високо може да скокне мачка?

    Колку високо може да скокне мачка?

    Мачките, заедно со кучињата се најчуваните домашни миленичиња. Се верува дека мачките кои денеска ги чуваме се потомци на дивите африкански мачки. Не може да се утврди кога точно мачките почнале да живеат во близина на луѓето и да стануваат питоми, но се верува дека тоа се случило помеѓу 8 000 и 3 500 година пред нашата ера. Постојат многу видови домашни мачки, а секоја е специфична на свој начин. Ова се неколку опши фати за овие слатки миленичиња.rnrnКолку високо може да скокне мачка?rnrnМачките имаат по пет прсти на предните шепи, а на задните по четири.rnrnТие не можат да си гледаат под носот, па токму затоа некогаш не можат да ја видат храната под нив.rnrnМачките можат да скокнат во висина, седум пати колку што се долги.rnrnБремени се од 58 до 65 дена.rnrnКога се добро чувани, мачките можат да живеат и до 20 години. Просечен животен век на една мачка е 14 години.rnrnКолку високо може да скокне мачка?rnrnНе можат да вкусат благо.rnrnМачките мораат да имаат масти во исхраната, бидејќи самите не ги произведуваат.rnrnДоколку вашиот мачор е црно-портокалов, тогаш тој е стерилен.rnrnВо древен Египет убивањето мачка се казнувало со смрт.rnrnМачката може да помине 5 часа од денот лижејќи се.rnrnКолку високо може да скокне мачка?rnrnВо просек тие имаат по 24 мустаќи.rnrnСреќна мачка се движи со опашот исправен нагоре.rnrnСкоро 10% од коските на мачката се наоѓаат во опашката, со која впрочем таа одржува баланс.rnrnЧоколадото за готвење е многу опасно по здравјето на мачките.rnrnНаучно е докажано дека галењето мачка може да ви го намали крвниот притисок.rnrnКолку високо може да скокне мачка?rnrnМачка може да почне да се пари кога е на возраст од 5 до 9 месеци.rnrnМачор може да почне да се пари кога е на возраст од 7 до 10 месеци.rnrnМалите мачиња остануваат со мајката сè до деветтата недела.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.