Секој временски период има свои трендови, како во модата, така и во изгледот. Во минатото, стандардите за убавина биле толку необични, па доколку жените сакале да имаат совршени резултати морале да користат навистина чудни методи. Веројатно сте слушнале за врзување на нозете и за истегнување на вратот со метални прстени. Исто така, имало и експерименти за „убавина“ кои не само што биле болни, туку биле и опасни.rnrnПогледнете кои други ритуали за убавина постоеле во минатото.rn
1. Веѓи во повеќе бои
rn
rnrnШто се однесува до човечкото лице, веѓите веројатно најмногу страдале кога станувало збор за стандардите за убавина. На пример, во античка Грција, биле модерни споените веѓи и доколку кај жената не биле споени, таа користела специјален „имплант“ направен од козјо крзно.rnrnНо, жените од средновековна Кина отишле уште подалеку. Во II и III век, тие почнале да ги прават веѓите шарени. Еден од императорите во тоа време им наредил на своите жени да имаат сино-зелени веѓи. За да одговорат на наредбата, жените ги отстранувале своите веѓи и цртале нови, користејќи скапо мастило кое се увезувало од други земји. Тоа не се правело само заради задоволство на императорот, но тоа било и негов начин да им покаже на другите луѓе колку е тој богат, бидејќи само многу богатите луѓе можеле да си го дозволат тоа мастило.rnrnНо, овој тренд не живеел многу долго и природните веѓи повторно биле популарни. Обликот варирал од долги и тенки до кратки и дебели веѓи.rn
2. „Високи“ чела
rn
rnrnНа крајот на XIV век, кралицата Исабеу од Баварија, според историчарите, го поставила трендот за високи чела и долги, тенки вратови. За да ги следат стандардите за убавина, жените ја отстранувале косата на челото и на задниот дел од главата, па дури ги отстранувале и веѓите. Исто така страдале и трепките: понекогаш ги отстранувале целосно, и тоа не само од горниот капак, туку и од долниот.rn
3. Долги нокти
rn
rnrnВо Кина, долгите нокти биле во тренд неколку векови и причината била прилично невообичаена: долгите нокти биле знак дека сопственикот не морал да работи ништо со своите раце, бидејќи можел да си дозволи да плати слуги.rnrnЗа време на Династијата Кинг која владеела во земјата скоро 3 века (do пред почеток на XX век), овој тренд го достигнал својот врв. Тоа не било многу пријатно, па затоа владетелите имале долги нокти само на прстите со прстен и малите прсти. За да го избегнат кршењето, тие носеле специјални „кутии“ изработени од благородни метали.rn
4. Бледа кожа
rn
rnrnТрендот на многу бледа кожа го достигнал својот врв во XVIII век во Англија. За да ја направат кожата што е можно побледа, жените користеле прилично необични методи како на пример суво коњско ѓубриво. Но, најопасниот метод бил со олово кое со користело за избледување на лицето. Најголеми количини на олово имало во црвената боја која се ставала на усните и образите за да се создаде контраст. Покрај тоа, жените користеле сини моливи и си исцртувале вени на лицето за да го истакнат нивното бледило.rn
5. Бели заби
rn
rnrnЛуѓето кои живееле во Грегоријанско доба не само што ја избледувале својата кожа, туку ги избелувале и забите. За да ги направат бели, тие користеле прав кој содржи сулфурна киселина. Поради тоа забите и непцата на луѓето се уништувале, но богатите луѓе оделе на заболекар и можеле да си дозволат импланти. Користеле донирани заби кои луѓето им ги давале на лекарите.rnrnПо битката кај Ватерло, забите на војниците кои починале биле користени како импланти. И покрај тоа што во втората половина на XIX век постоеле импланти направени од порцелан, некои од докторите одбивале да ги користат и ги претпочитале забите од војниците.rn
6. Светла коса
rn
rnrnБлагодарение на Петрарка и неговата муза, Лаура, која била симбол на убавината и доблеста, светлата коса во XV век станала многу популарна. За да ја осветлат косата, жените ги боеле своите локни. Но, постапката траела многу подолго отколку денес и тоа до неколку дена. Во текст напишан во XIX век било просведочено дека процесот на осветлување на косата се изведувал во 2 фази. Откако ќе се направела првата мешавина, која се состоела од неколку компоненти, ја покривале косата со листови и оставале да стои 2 дена. Потоа ја измивале таа смеса и нанесувале друга, што стоела на косата уште 4 дена.rn
7. Тенок струк
rn
rnrnПрототипите на корсетите кои се користеле за струкот да изгледа потанок, се појавиле во бронзеното доба. Но, според различни експерти, луѓето во Европа започнале да ги користат во XV или XVI век. Врвот на овој тренд бил достигнат за време на владеењето на Катерина де Медичи и во овој период корсетите го смалувале обемот на струкот и до 25 см, што предизвикувало ужасни последици врз внатрешните органи.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 16-те чудни холивудски трикови за убавина од минатото.


rnrnД-р Грегори Ериксон, од државниот универзитет во Флорида, направил 10 годишно истражување со кое ја мерел јачината на вилицата на 23 видови на крокодили. Најсилен бил морскиот крокодил. Најголемите влекачи растеле со должина до 7 метри и маса до 2 тони, па така силата на вилицата може да варира. Понекогаш крокодилите напаѓале чамци гризејќи ги.rn
rnrnАмериканските алигатори живеат во дивината во југоисточниот дел на САД, претежно во Флорида и Луизијана, каде живеат во реки, езера и мочуришта. Просечниот машки алигатор е долг 3,5 до 4,5 метри и може да тежи до 450 кг. Овие влекачи се доволно големи за да го нападнат човекот, но тие претпочитаат да јадат риби и желки.rn
rnrnЗа разлика од сите други големи мачки, јагуарот е вешт пливач, лови риби и желки и може да пукне оклоп од желка или армадило. Тие, исто така, се добри и во лов на копно, па ги користат своите моќни вилици за да ловат елени и крави.rn
rnrnМногу луѓе го замислуваат нилскиот коњ како фин шакал. Реално, тоа се едни од најопасните животни во Африка и можат да бидат прилично агресивни, со нивната вилица можат да убијат лав или крокодил. Нилскиот коњ може да гризне лубеница со иста леснотија како кога човекот гризнува зрно грозје.rn
rnrnГорилите не јадат само меки банани, тие кршат и ореви и џвакаат тврди кори. За среќа на повеќето соседи на горилата, овие животни се вегетеријанци. Но, за да ја заштитат нивната група, тие не само што ги користат шепите, туку ги користат и нивните моќни вилици кои можат да гризнат скоро сè.rn
rnrnМеѓу мечките, гризли мечката е позната по агресивното однесување и силата. Нејзината тежина може да достигне до 680 кг. и се верува дека е способна да урне лос со еден удар со шепата. Научниците изјавиле дека нивната вилица е доволно силна за да уништи топка за куглање.rn
rnrnТежината на хиените може да достигне 60 кг. Иако хиените се сметаат за чистачи на остатоци, зоолозите процениле дека во 50% од случаите овие животни се хранат и со жртви кои тие ги убиле. Хиените се способни да се движат и до 60 км на час (просечна брзина на градски автобус). Моќната вилица и острите заби им овозможуваат да го уловат скоро секое животно – антилопа, бивол, па дури и мала жирафа.rn
rnrnБенгалските тигри живеат на Индиски потконтинент. Меѓу сите мачки, овој предатор имал најдолги заби, од 7,5 до 10 см. Тие се моќни ловци кои патуваат безброј километри за да најдат биволи, елени, свињи и други големи животни. Гладен тигар може да изеде до 27 кг месо во една ноќ, тврдат зоолозите.rn
rnrnЛавот е шампион во раст меѓу сите големи мачки. Иако тие се социјални суштества и ловат во групи, со моќните нозе и силната вилица овие предатори можат самостојно да убијат прилично големи животни.rnrnМожеби сакате да ги погледнете и овие 
rnrnИнтересна студија била спроведена од научници од Данска. Тие од 2001 до 2013 година набљудувале 187 пара близнаци. На крајот, забележале дека близнакот кој изгледал помладо, имал подолг животен век.rn
rnrnНаучниците сугерираат дека жените генерално живеат подолго од мажите од 6 до 8 години. Ова можеби произлегува како резултат на биолошката предност на жените, но и поради разликите во однесувањето помеѓу мажите и жените.rn
rnrnНекои истражувачи донеле заклучок дека доколку добиете дете по 33-годишна возраст, можеби ќе живеете подолго. Тие го поврзуваат тоа со репродуктивниот систем на жената. Доколку тој старее бавно, побавно ќе старее и остатокот од телото.rn
rnrnЕдна студија открива дека дебелината може да го направи вашиот животен век пократок. Научниците, исто така, велат дека нормалниот индекс на телесна маса е помеѓу 18,5 и 25. Ова е препорачаниот број кој може да ве одржи поздрави. Индексот на прекумерна тежина е помеѓу 25 и 30, додека пак обезноста има индекс помеѓу 30 и 35.rn
rnrnМаснотиите околу стомакот, дури и кај луѓе кои немаат прекумерна тежина, би можеле да бидат причина за срцеви заболувања кои влијаат на тоа колку долго ќе живеете. Оваа сугестија е дадена од истражувачи кои следеле пациенти од 2000 до 2016 година. Според нив, маснотиите околу стомакот се поопасни од дебелината. Тие забележале дека мускулите се како метаболички магацин и помагаат да се намали нивото на шеќер во крвта.rn
rnrnВреметраењето на сонот е важно според некои истражувања. Спиењето помалку од 5-7 часа во текот на ноќта може да го намали вашиот животен век за 12%. Експертите препорачуваат различно траење на сонот за секоја возрасна група:rn
rnrnОва не е 100% докажано, но сепак, некои студии забележале дека луѓето кои почесто ја користат десната рака имаат тенденција да живеат подолго.rn
rnrnИнтересно е, но постои научни студии кои велат дека високите жени имаат поголема веројатност да доживеат 90 годишна возраст. Но, висината на мажите не е поврзана со долговечноста. За мажите, вежбањето подолго од 60 минути на ден е клуч за здрав и подолг живот.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 

rn
rn
rn
rnМожеби сакате да ги погледнете и фотографиите од 
rn
rn
rn
rn
rnrn
rnrnМожеби сакате да 
rnrnОколу 1482 година заминал во Милано, на дворот на Лудовик Сфорца каде останал до 1499 година. Тој исто така основал свое ателје со неговите студенти. Во Милано ја насликал „Тајната вечера“, која поради употребата на непроверени пигменти, започнала да се оштетува веднаш штом била создадена. Сфорца му нарачал огромна скулптура со коњаници, на која работел со години. Меѓутоа, Сфорца завојувал со Французите и целиот материјал за коњаниците бил потрошен за муниција. Леонардо се вратил во Фиренца во 1500 година и ѝ се придружил на службата на синот на папата Александар Боргија, како воен инженер и градежник.rnrnПродолжете да ја читате оваа неверојатна сторија на 
rnrnРечиси секој има сосетка кој постојано готви нешто и во сите станови се чувствува мирисот на нејзините супи и пржениот компир. Покрај тоа, таа преферира и кромид и риба.rn
rnrnДали ви е познат звукот како соседите да фрлаат нешто тешко на подот или како да тркалаат метална топка на подот? Овој звук се појавува како резултат на прераспределување на внатрешниот товар на зградата и температурната разлика во арматурата која се загрева во текот на денот и се лади ноќе.rn
rnrnДоколку имате сосед кој сака да ги споделува звуците на неговата омилена музика со целиот свет, единствено што ви останува е да се надевате дека вашите музички вкусови ќе се совпаднат. Како по правило, овој вид на сосед започнува да се фали со моќта на неговите децибели кога почнува да паѓа мрак, а понекогаш му се придружуваат и неговите пријатели кои се љубители на музиката.rn
rnrnЗа да го слушнете овој вид на сосед, не треба да живеет во стан со тенки ѕидови бидејќи гласноста на неговото кивање ја надминува гласноста од музиката на соседот кој сака да се забавува. Тој, исто така, кашла, го користи тоалетот и се тушира „гласно“. Остатокот од времето тој е скоро невидлив и нечуен.rn
rnrnОбично таа е шеф на станарите, кој секогаш собира пари за јавни потреби. Таа секогаш ги откачува знаците во лифтот, ги одлепува објавите во влезот и внимава на моралот на станарите. Секогаш кога се среќавате, тој веднаш започнува со своите поплаки и „брилијантни“ препораки.rn
rnrnОва е сосед кој сака кученца кои лаат, мачиња кои „мјаукаат“ и какви било други суштества кои трчаат низ неговиот стан. Сите станари можеби ја споделуваат оваа љубов со животните, но не им се допаѓа мирисот кој доаѓа од неговиот стан.rn
rnrnСе чини дека имаат најмалку 10 деца кои играат со екстремно тешки играчки и никогаш не спијат. За време на викендите, утрото е периодот на нивните најинтензивни активности, па сите станари разбираат дека малите деца се вистинска среќа и затоа се обидуваат да се скријат од нивните звуци под ќебето.rn
rnrnЖена со тешка судбина која бара љубов и комуникација. Нејзе постојано ѝ е потребна „машка сила“ за да може да пренесе кревет или да исецка големо парче месо. Кога ќе се завршат сите тешки задачи, таа повторно ќе се појави да позајми шеќер.rn
rnrn„Радио Милева“ е нејзиното средно име. Таа шири вести побрзо од жолтиот печат и социјалните медиуми. Таа знае сè за сите. Ако ја сретнете наутро, може да се случи да задоцните на работа.rn
rnrnПоправките во неговиот стан никогаш не завршуваат и лицето кое му ја позајмило или му ја продало бормашина на овој сосед ќе биде редовно проколнувано. Другите соседи се секогаш навистина заинтересирани да дознаат зошто овој сосед треба да избуши нешто толку итно за време на викендот наутро. Дупчењето, соседот го прави на 2 начина: безмилосно и нежно. Во првиот случај тој буши постојано со часови, во вториот, тој повремено прави паузи, изгледа за да не ги вознемири премногу соседите.rn
rnrnСоседот чија санитарна инсталација постојано има проблем, и секогаш овој факт е усклучително неочекуван за него. После сите извинувања, тој им обезбедува на соседите под него уште едно протекување.rn
rnrnПостојано нешто не е во ред за овој сосед. Според нив, оние што се во нивната околина премногу гласно се смеат, готват и ги трескаат вратите. Штом ви падне парче хартија или го вклучите телевизорот тивко, тие веднаш почнуваат да го удираат радијаторот за да го покажат своето незадоволство.rn
rnrnОвие луѓе не се срамат да се справуваат со нивните проблеми јавно. Сите станари се свесни за нивната семејна драма. Тие се караат гласно, но исто така и се помируваат гласно. На почеток, тоа иритира, но подоцна може да започнете да ги следите нивните заплети, па дури и да поддржувате некој од нив.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnДозволете да ви ги претставиме
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОва не било прв пат Аквариумот во Џорџија и Атланта хуманитарно да соработуваат. Аквариумот бил посетен и од 2 кученца пред извесен период. Тие исто така уживале во нивниот пречек, како што може да се види на фотографиите. И на рибите не им пречеле необичните посетители!rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnКако што би можеле да претпоставите, здружението за спасување животни се соочува со хаос хаос, бидејќи многу животни се нашле на улица. Светла страна е што Немо, Дори, Гупи, Баблс и Мерлин се згрижени. Овој невин начин за публицитет сигурно ќе помогне многу животни да бидат спасени, а по карантинот Аквариумот да добие и многу посетители.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnhttps://youtu.be/e15Tv1QJGpornrnhttps://youtu.be/s49nfxStZXYrnrnМожеби сакате да ги 
rnrnКога Ахил имал околу 1 година тој започнал да ја повторува утринската рутина на Стефани. Тој ја следел и седнувал до мијалникот гледајќи ја. Потоа, еден ден ја посетиле нејзините сестри и сите ги ставиле своите четки за заби во држачот. Очигледно било дека Ахил чекал можност да има своја четка за заби, па така почнал и да ги мие забите.rnrnСтефани била пресереќна. Најпрво била шокирана од тоа што ја користел четката за заби на нејзината сестра, но тогаш сфатила колку е тој паметен кога сам научил да го прави тоа. Тој бил многу интелигентен!rn