Некои луѓе ширум светот наместо да играат игри на мобилните телефони, уживаат во спектакуларниот поглед што го имаат од нивниот тоалет. Овие среќници почнале да ги објавуваат прекрасните сценографии од удобноста на нивните тоалети кои навистина ќе ве воодушеват. Од цветните, хипи тоалети во планините, па сè до ексклузивните порцелански „тронови“ во седиштето на Комерцбанк во Германија, ви ги претставуваме невообичаените и импресивни погледи и пејзажи од тоалетите ширум светот.rnrnМидвеј, Јутаrnrn
Доколку имате визба или подрум кои се мрачни бидејќи едноставно се опколени само со ѕид, тогаш можеби е време да направите мала промена во дизајнот – особено ако често ги користите овие простории. Во продолжение ви прикажуваме едноставен начин како да го осветлите овој темен простор со помош на лажен прозорец.rnrnЌе ви биде потребна рамка со големина 60х120 сантиметри, прекриена со акрил, малку скроб од пченкарно брашно, две ЛЕД светилки и завеса. Пченкарното брашно се нанесува на пластиката за да ја распрснува светлината, евтиниот пластичен калап е искористен да оддава впечаток на рамка од прозорец, додека завесите даваат чувство на пријатност.rn
Дали би погодиле дека ова е прозорец во визба?
rnrn
Потребни ви се две ЛЕД светилки
rnrn
Една рамка со акрилна прекривка која ќе служи како лажен прозорец
rnrn
Скробот од пченкарното брашно се нанесува за распрснување на светлината низ пластиката
rnrn
Завесата дава пријатна атмосфера
rnrn
И за крај, пластичните калапи даваат впечаток дека се работи за прозорец
Сите знаеме за познатите светски атракции како Колосеумот во Рим, Кинескиот Ѕид или Таџ Махал. Но постојат и други, грандиозни, антички градби за кои не слушнале ниту најстрасните авантуристи. Во продолжение погледнете ги резултатите од истражувањето на веб-сајтот „Quora“ во кое тие побарале од читателите да наведат некое помалку познато архитектонско чудо во светот.rn
Големата џамија во Џене, Мали
rnrnrnГолемата џамија во Џене е стара повеќе од 100 години и претставува најголемата градба во светот изработена од глинени тули. Во 1988 година беше вклучена на листата на Светски наследства на УНЕСКО, како дел од стариот град Џене. Во моментов џамијата е затворена за туристи. Се претпоставува дека вакви мерки се преземени во 1996 година, откако во џамијата имало фотосесија за модното списание Вог.rn
Чанд Баори, Индија
rnrnrnЧанд Баори, лоциран во малото индиско село Абанери, претставува едно од најстари и најдлабоки простории со скалила во светот. Џиновската структура претставува превртена пирамида, која под земја се спушта 30 метри. Има 3 ѕидови на кои има 3.500 тесни скали, наместени во совршена симетрија, кои водат до мало, зеленикаво езеро. Научниците сѐ уште не можат точно да откријат дали оваа градба била изградена помеѓу деветтиот и единаесеттиот век или 600 години пред нашата ера.rn
Палатата на Парламентот, Романија
rnrnrnЕдно од најпознатите обележја во Букурешт било изградено во времето на Социјалистичка Романија. Оваа палата се смета за најголемата и најскапата административна зграда во светот. Ова неокласично чудо има 12 ката (и 8 дополнителни ката под земја) и 3.100 соби, со вкупна површина од 330.000 метри квадратни.rn
Стариот мост, Босна и Херцеговина
rnrnrnПешачкиот мост над реката Неретва во Мостар, е модерна копија на стариот мост кој бил уништен во воениот конфликт во 1993 година. Стариот мост станал дел од листата на Светски наследства на УНЕСКО во 2005. Скоковите од мостот во ладните води на Неретва претставуваат традиционална забава за туристи.rn
Тврдината Кумбалгар, Индија
rnrnrnТврдината Кумбалгар е опкружена со ѕид, кој во старите времиња бил познат како „Чувар на Смртта“ или „Окото на Мевар“. Ѕидот се протега на 36 километри, а на некои места достигнува висина и до 8 метри. За изградба на оваа тврдина биле потребни сто години, од петнаесеттиот до шеснаесеттиот век. И покрај многуте војни, Големиот Ѕид од Индија никогаш не бил значително оштетен или предаден на непријателите.rn
Џамијата Шеик Лутфула, Иран
rnrnrnОва архитектонското ремек-дело на сафавидската иранска архитектура, било изградено помеѓу 1602 и 1619 година. Џамијата е елегантна, но крајно невообичаена градба од неколку причини. Оваа џамија нема минариња ниту двор, веројатно поради фактот што не била наменета да биде отворена за јавноста, туку да служи како место за молење на жените од харемот.rn
Тврдината Деравар, Пакистан
rnrnrnМонументалната, квадратна структура во Деравар била изградена во 1733 година. Тврдината се состои од 40 бедеми, кои никнуваат од пакистанската пустина. Вкупниот обем на ѕидовите изнесува 1.500 метри, а високи се 30 метри. Дури и многу од локалните жители не знаат за нејзиното постоење.rnrnВо продолжение погледнете повеќе фотографии од овие неверојатни места ширум светот…rnrn
Пивото е прекрасно. Тоа е еден од најубавите дарови на животот и навистина исклучителна материја. Нема ништо подобро од тоа да се вратите дома после напорниот ден и да се напиете ладно пиво. После првата вкусна голтка, животот веднаш станува поубав.rnrnrnrnМожете многу да кажете за луѓето врз основа на пијалакот кој го преферираат, бидејќи тоа е рефлексија на нивниот пристап кон животот. А за оние чиј омилен пијалак е пивото може да се каже дека се скромни луѓе кои уживаат во животот. Тие не брзаат никаде и сакаат да го вкусат секој момент од ова лудо патување наречено живот. Тие не пијат само да се опијат, туку затоа што всушност им се допаѓа вкусот на пивото. Тие имаат карактер и ги ценат малите нешта.rnrnЛуѓето што уживаат во пивото се едноставни, опуштени, чувствителни и многу е помала веројатноста дека ќе се опијат и ќе ви ја уништат вечерта. Но тоа не значи дека не сакаат да се забавуваат. Пијачите на пиво само ја разбираат важноста на балансирањето.rnrnПоради овие причини луѓето кои го пијат овој пијалак се одлични партнери за вас. Ако сѐ уште не сте убедени, еве шест легитимни причини зошто да одберете партнер кој пие пиво.rn
1. Тие ќе живеат долго
rnrnrnПивото е вкусно и хранливо. Ако се консумира одговорно, тогаш можете да имате многу здравствени придобивки. Пивото изобилува со антиоксиданси и содржи повеќе селен, витамин Б, фосфор и ниацин од виното. Ова е доказ дека пивото е добро за вашето срце. Група италијански истражувачи ги испитувале навиките на пиење на преку 200.000 луѓе и откриле дека тие кои пијат пиво во ограничени количини имаат за 31 процент помали шанси за срцеви заболувања од останатите. Пивото исто така го јакне имуниот систем, ги зацврстува коските, го подобрува видот и го спречува создавањето камен во бубрезите.rn
2. Никогаш нема да ви биде досадно покрај нив
rnrnrnНајдоброто нешто кај овој пијалак е што има преку 400 видови и можете да одберете какво пиво ќе пиете во зависност од расположението. Со преку 10.000 пивари во светот, може да кажеме дека живееме во златната ера на пивото.rnrnЛуѓето што пијат пиво ги ценат различностите и секогаш се отворени да пробаат нови нешта во животот. Кога тие влегуваат во бар кој служи пиво кое досега не го вкусиле, тогаш дефинитивно ќе сакаат да го пробаат. Ако имате партнер кој ужива во пивото, неговиот отворен ум ќе го направи вашето заедничко време интересно и забавно.rn
3. Тие можат да одат насекаде низ светот и да се чувствуваат удобно
rnrnrnПијачите на пиво се одлични сопатници, бидејќи не пребираат многу и уживаат во секој момент од патувањата. Тие не се претенциозни и ги сакаат луѓето. Патувањето заедно е веројатно најубавиот дел од врската, а дефинитивно е позабавно и поопуштено ако патувате со личност која ужива во пивото.rn
4. Тие се борци за еднаквост
rnrnrnПивото често се смета како пијалак на „работниците“, но ова е секако погрешно. Вистината е дека пивото има посилна врска со жените. Најстариот податок за производство на пиво доаѓа од антички Египет, каде што тоа првенствено било произведувано и продавано од жени. Всушност, постоел дури и закон кој на мажите им забранувал да произведуваат и продаваат пиво.rnrnВо античко Перу, производството на пиво била исклучително важна задача, резервирана за жените од благородничко потекло или задача за најубавите жени. Или поинаку кажано, ако во тоа време сте произведувале пиво, ве сметале за припадник на највисокото општество. Античките Сумери дури имале и божица на пивото наречена Нинкаси. Векови подоцна, во колонијална Америка, жените биле сопственици на таверни и произведувачи на пиво. Производството на овој алкохолен пијалак било една од нивните стандардни дневни задачи.rnrnЖените имаат врска со пивото која се протега илјадници години, а тие биле и први кои почнале да го консумираат во поголеми количини. Ако некој маж е голем пијач на пиво, тогаш треба да треба да им се заблагодари на жените за придонесот во развојот и вкусот на пивото. Историски гледано, пивото е најфеминистички пијалак. Што значи дека пиењето пиво ја промовира еднаквоста меѓу половите.rn
5. Тие се паметни
rnrnrnЉубовната врска со интелигентни луѓе е исклучително важна. Таа е секогаш интересна и можете да бидете сигурни дека ќе има за што да зборувате. И можеби случајно, пивото е поврзано со зголемување на когнитивните функции, поради тоа што содржи ксантохумол. Па ако сакате да се напиете неколку пива, тоа истовремено значи и дека сте сезнајко.rn
6. Најчесто уживаат во храната
rnrnrnПивото и храната се исклучително совршен пар. Пивото е пијалак кој оди со секоја храна и колку повеќе го пиете, толку погладни станувате. Ако имате партнер кој пие пиво, голема е веројатноста дека тој сака и храна. Исто така, големи се шансите дека тој сака и да готви храна по негов вкус со која често ќе ве изненадува.rnrnАко пак не знае или не сака да готви, тогаш сигурно ги знае сите места во градот каде што може да јадете вкусна и обилна храна. Пијачите на пиво дефинитивно се луѓето кои сакате да бидат покрај вас кога сте гладни.rnrnПивото, храната и љубовта го движат светот. Најдете партнер кој пие пиво и уживајте заедно во вкусната храна.
Вискито најпрво се користело како медицинска супстанца, позната како „вода за виталност“, но набрзо ја стекнало својата популарност и станало еден од најбараните пијалаци во светот. Првото виски било дестилирано во 15-от век во Шкотска, а набрзо потоа се распространило ширум светот и денес е пијалак во кој уживаат многу луѓе. Во основно училиште сите сме учеле за штетноста на алкохолот, но консумирањето виски во умерени количини може навистина позитивно да влијае на вашето здравје и пред сè расположение. А пијачите на виски тоа го знаат најдобро, па во продолжение прочитајте за нивните позитивни карактеристики и придобивките од дружбата со нив. rnrnrnrn1. Вискито е пијалак за релаксација. Не е пијалак за луѓе кои сакаат внимание, тој не изгледа посебно, искрено дури и не изгледа убаво. Токму затоа луѓето што пијат виски се посреќни луѓе. Тие одбираат да се такви бидејќи тоа им се допаѓа, а не затоа што изгледа добро од страна. Нема да сретнете вистински пијач на виски кој изгледа нервозно и загрижено.rnrn2. Не се плашат од малку болка. Доброто виски може да ве „изгори“ додека се лизга низ вашето грло, но дефинитивно вреди. Сѐ што е вредно да се направи, мора да боли, а пијачите на виски знаат дека е подобро да биде претопло или преладно, отколку да биде здодевно.rnrn3. Тие се релативно здрави.Луѓето најчесто го пијат вискито чисто или со диетален газиран сок. За разлика од другите алкохолни пијалаци, пијачите на виски не внесуваат дополнителни калории и шеќери. Поради ова, мамурлакот после пиењето виски е поблаг, па затоа и можете слободно да уживате во денот после бурната ноќ. Исто така, пиењето виски го намалува ризикот од рак, деменција, инфаркт и срцеви заболувања.rnrn4. Знаат да ги ценат малите нешта. Вискито е едноставен пијалак. Луѓето кои знаат да ги вреднуваат малите, едноставни нешта, секогаш се посреќни.rnrn5. Знаат да внесат забава во секојдневниот живот.За разлика од текилата или елегантните коктели, во вискито можете да уживате после работа или да го пиете за време на вечерата. Вискито е пијалак за луѓето кои сакаат да уживаат во денот и да се опуштат, без постојано да мора да присуствуваат на луди забави.rnrn6. Тие се безвременски.Вискито е вистински безвременски пијалак, а не само вкус кој ќе го заборавите после една недела. Тоа е нешто кое го одбирате кога ќе созреете доволно за да признаете дека постарите луѓе биле во право. Тоа е истата зрелост која ќе ве спаси од непотребната драма во преостанатиот дел од животот.rnrn7. Тие уживаат во природата. Вискито неофицијално е официјален алкохолен пијалак во дрвените викендички насекаде низ светот. Дали некогаш сте виделе несреќен човек седнат пред каминот во својата куќичка во шумата? Секако дека не.rn
Најчесто, најтешката одлука што треба да ја донесете е дали ќе спиете на грб или на стомак. Но, како спијат народите ширум светот? Интересно е што се открило дека чинот на спиење е силно поврзан со културата, традицијата и навиките на тие народи. Прочитајте за следниве 6 изненадувачки навики на спиење кои се практикуваат ширум светот.rn
1. Јапонија: Дневна дремка за напредок во кариерата
rnrnrnЈапонците културната традиција за дремење на работното место ја нарекуваат инемури, што во превод значи „да спиете додека сте присутни“. Оваа практика не е табу тема и всушност покажува дека личноста е уморна од напорната работа. Една причина за ова може да биде тоа што Јапонците спијат најмалку од сите народи во светот, односно само 6 часа и 22 минути во просек.rnrnДневните дремки можат да го подобрат квалитетот на вашата работа. Истражувањата покажуваат дека дремката ве прави покреативни и повеќе фокусирани.rn
2. Велика Британија: Без пижами
rnrnrnПовеќе од една третина од Британците спијат голи. Оваа пракса носи многу придобивки, како подобра регулација на температурата на телото и секако подобро поврзување со вашиот партнер.rn
3. Австралија: Спиење во група
rnrnrnЕден научник од Универзитетот во Сиднеј вели дека спиењето во група е „културна привилегија“ во заедниците на Абориџините. Луѓето секогаш спијат во друштво на други луѓе. Креветите или душеците се наместени во редови и колони, така што треба да ги штитат ранливите категории, како децата и старите луѓе. Што значи тие спијат во средината, додека посилните возрасни луѓе спијат на краевите. Мирот што произлегува од чувството на заштита и сплотеност е многу важен за добро да се наспиете.rn
4. Мексико: Спиење во лулка
rnrnrnЛулките често се користат во Мексико, а оваа навика потекнува од колонијалните времиња. Многу луѓе ги преферираат лулките пред креветите, но не постои вистински доказ дека спиењето во лулка е подобро.rn
5. Боцвана и Заир: Без распоред
rnrnrnАнтропологот Керол Вортман вели дека во модерните племиња кои се занимаваат со лов, како што се племето Кунг во Боцвана или Ефе во Заир, спиењето е флуидна состојба. Луѓето од овие племиња спијат кога чувствуваат дека имаат потреба од спиење. Во текот на денот, попладне или навечер, сè зависи од потребите на нивното тело, а не од однапред одредениот период во денот како што се случува со луѓето од поголемиот дел од светот. rnrnСпецијалистите за лекови за спиење велат дека кога спиете само кога сте уморни, вие подобро се одморате и ја избегнувате анксиозноста од спиењето.rn
6. Индонезија: Спиење од страв
rnrnrnЗабележано е дека луѓето од Индонезија често доживуваат нешто кое се нарекува „спиење од страв“. Во стресни ситуации тие инстантно паѓаат во тежок сон, а оваа практика научниците ја сметаат за културолошка придобивка. Индонезијците веруваат дека спиењето го намалува или целосно го ослободува телото од стравот.rnrnОд горните примери можеме да заклучиме дека спиењето не е само биолошка потреба. Тоа е длабоко вкоренето во нашите култури, животен стил и навики. Ако ништо друго, земете пример од овие методи и спијте како што сакате и толку долго колку што ви е потребно за да се наспиете.
Постои научна дисциплина која се занимава со проучување на отпечатоците од прстите и која се нарекува дерматоглифика. Таа ни помага полесно да ги разбереме обрасците на нашите отпечатоци и начинот на кој тие се поврзани со нашата личност и однесување. Овие интересни откритија, преку различен пристап, ќе ви помогнат да научите нешто ново за себе.rn
Јамки
rnrnrnЈамките се највообичаениот образец кај Европејците. Овој дизајн на отпечатоците од прстите одговара на смирени и балансирани карактери. Луѓето со вакви отпечатоци вообичаено се сочувствителни и се обидуваат да им помогнат на другите луѓе. Иако се внимателни, вредни и одговорни, тие ретко преземаат иницијатива.rnrnГлавниот извор на информации и чувства за овие луѓе е интеракцијата со другите. Тие се емотивно предвидливи и имаат големо срце. Вообичаено се во одлична здравствена состојба, иако како деца веројатно биле често болни. По правило, луѓето со ваков образец имаат сангвиничен темперамент. Ја презираат работата за која немаат интерес. Ако имате јамки на сите прсти, тогаш имате голема имагинација и вие сте сонувачи.rn
Криви линии
rnrnrnЛуѓето со ваков образец на прстите се енергични и самоуверени. Нивната самодоверба може да се забележи во нивната појава, држење и движења. Понекогаш таа се граничи со тврдоглавост и скоро никогаш не можете да ги натерате да го променат своето мислење. Секоја одлука што ја носат, за нив е конечна.rnrnОвие луѓе вообичаено имаат проблеми со прилагодувањето на нова средина и со слушањето на туѓото мислење. Тие го формираат своето мислење од практични примери, но често преферираат да ги користат другите луѓе за остварување на своите цели. Луѓето со криви линии на своите отпечатоци најчесто имаат колеричен темперамент. Тие ја ценат уметноста и музиката и имаат изразен и уметнички говор на телото.rn
Вртлози
rnrnrnЛуѓето со вртлози на отпечатоците од прстите се избувливи, но искрени и широкогради. Тие поседуваат природни таленти, брзо учат и се подготвени да го анализираат своето опкружување. Често почнуваат повеќе работи одеднаш и се откажуваат на половина пат, откако ќе го изгубат интересот. Овие луѓе имаа нестабилен карактер, непредвидливи се и ги кријат своите вистински чувства и мисли. Се стремат кон осаменост. Често се незадоволни од себе и се сомневаат во сѐ и во секого. Нивниот извор на импресии се наоѓа длабоко во нив, додека информациите најчесто ги собираат преку читање.rnrnНивниот темперамент е флегматичен. Говорат безизразно, тивко и бавно. Ако луѓето имаат вртлози на показалецот од двете раце, тогаш тие се родени мислители. Ги привлекуваат програмирањето, правните науки и истражувањата. Луѓето со ваков образец имаат сестран и комплексен карактер и често не се свесни за своите можности.
Различните чкртаници кои несвесно ги цртаме додека сме на состанок или додека зборуваме на телефон можат да откријат многу за нашата личност и мотивите кои се кријат зад нашите постапки. Кога чкртаме по листот, пенкалото е водено од нашата потсвест, која ги крие нашите мисли и тајни и презема контрола врз нашето однесување. Прочитајте кое е вистинското значење на тие цртежи кои секојдневно ги цртаме насекаде.rnrnrn
Фигури на луѓе
rnАко цртате мали луѓе, веројатно се чувствувате несигурно и беспомошно или се обидувате да избегате од вашите одговорности. Цртањето обични човечки фигури со линии, значи дека сте емоционално нестабилни и чувствувате потреба да се изолирате себеси од другите луѓе.rn
Очи
rnЦртежите на очи ја претставуваат внатрешната состојба на личноста која ги црта. Големите очи укажуваат на екстровертна личност, очите кои зјапаат искажуваат чувство дека некој ве набљудува, а затворените очи се знак за одбивање да погледнете длабоко во себе.rn
Вашиот потпис
rnЧкртаниците од вашиот потпис се егоцентрични и арогантни. Чкртањето на вашиот потпис често, без размислување, во текот на некој разговор или додека се обидувате да решите некој проблем, го открива вашиот егоцентричен карактер.rn
Прстени и кругови
rnКружните форми, кои се пресекуваат меѓусебно, ја претставуваат вашата потреба да најдете единство. „Се чувствувам отфрлен од овој свет“ е пораката која ја пренесуваат овие чкртаници. Ако несвесно цртате кругови, ова веројатно значи дека имате потреба од пријател и внимание.rn
Животни
rnВидот на животното кое го цртате зборува многу за вашите моментални емоции. Тигар или волк го открива скриениот, потиснат гнев. Ако се работи за лисица, веројатно сакате да направите нешто подло. Ако цртате верверици, тоа значи дека имате потреба од грижа и заштита. Лавови вообичаено цртаат луѓе кои се чувствуваат супериорно во однос на другите. Ако постојано цртате исто животно, тоа значи дека се споредувате несвесно со него и се обидувате да го имитирате неговиот карактер.rnrnrn
Спирални, кружни форми и бранови
rnВоопшто не ви е грижа за проблемите на другите луѓе. Веројатно доживувате некаква емоционална криза и премногу се грижите за нештата во вашиот круг на делување. Треба да го контролирате вашето однесување и да ги избегнувате испадите на гнев кон другите.rn
Квадрати, дијаманти и останати геометриски фигури
rnИмате јасно дефинирани цели и верувања и ретко го чувате вашето мислење само за себе. Вие сте тврдоглава и настојчива личност. Вообичаено сте премногу претпазливи и внимателни.rn
Стрелки
rnСтрелките симболизираат вектор, односно вашиот правец во животот. Ако стрелките покажуваат нагоре, вие сте личност која ги сака луѓето, ако покажуваат надолу вие сте фокусирани на себе. Ако стрелките се насочени налево тогаш сте заглавени во минатото, а ако покажуваат кон десно тогаш гледате во иднината.rn
Ѕвезди
rnСакате да бидете во центарот на вниманието. Кога влегувате во некоја соба, сакате сите да гледаат во вас и да ги вртат главите каде и да одите, но ако ѕвездите кои ги цртате имаат многу краци, тоа може да биде знак дека страдате од депресија.rn
Цвеќиња, сонце, облаци
rnЦртањето убави цвеќиња и сонце додека зборувате на телефон значи дека сте задоволни како се одвиваат нештата во моментот и веројатно фантазирате за убавите нешта кои ве очекуваат во иднина. Овие цртежи го откриваат вашиот позитивен став и фактот дека сте во добро расположение.rnrnrn
Крстови
rnОва значи дека се чувствувате виновно или се обвинувате себеси за некоја грешка.rn
Мали куќи и кутии
rnСиметричните форми ја откриваат вашата љубов кон редот и вашата потреба од добро смислени планови и пресметани нешта. Знаете точно што сакате, вашите животни цели се дефинирани и не се откажувате од нив без разлика на сѐ.rn
Испреплетени дезени
rnВаш приоритет број еден е да ги задржите мирот и хармонијата во вашиот живот, а исто така сакате да го средите вашиот живот и да формирате семејство.
Нашиот мозок е способен да направи навистина неверојатни нешта, иако многу од неговите можности сè уште остануваат мистерија. Денес научниците откриваат сѐ повеќе и повеќе тајни за неговото функционирање, па дури откриле начини како да го „излажеме“ со цел да извлечеме нешто повеќе од него. Овие начини работат одлично и можат да бидат многу корисни во секојдневниот живот. Прочитајте неколку од овие остроумни трикови.rn
1. Музиката го зајакнува имунолошкиот систем
rnrnrnПред многу години, едно истражување покажало дека музиката го намалува нивото на хормонот за стрес – кортизол. Но, уште поизненадувачки е што таа има способности за исцелување. Нашето тело е тесно поврзано и зависно од хемиските реакции во мозокот. Пример, кога ја слушаме нашата омилена музика, ни се намалува нивото на стрес, па оттаму нашето тело произведува повеќе антитела за борба против болестите.rn
2. Мора да се смеете за да се расположите
rnrnrnЈавна тајна е тоа дека нашиот израз на лицето влијае врз нашето расположение, но не и обратно. Ако среќни заминете на прошетка, но поради силното сонце морате да мижуркате и да го кривите лицето, тогаш можете и да почувствувате тага. Истото важи и за обратната ситуација. Ако не сте во добро расположение, обидете се да држите молив со вашите заби. Тоа ќе ги активира мускулите кои нормално се активираат при смеење и ова ќе го излаже вашиот мозок кој ќе направи да се чувствувате среќно.rn
3. Гестикулацијата ѝ помага на меморијата
rnrnrnПсихолозите од Универзитетот во Манчестер тврдат дека активното гестикулирање помага при меморирањето и репродуцирањето на информациите. Многу често гестикулациите се поврзани со она што личноста го зборува во моментот. Секако, овие сличности се многу релативни, но и покрај тоа дефинитивно функционира.rn
4. Ушите различно ги доживуваат звуците
rnrnrnМитот за десната и левата мозочна хемисфера беше разоткриен многу одамна. Во секој случај, оваа теорија објаснува како ги толкуваме звуците. Нашето десно уво подобро ги перципира звуците од говорот, додека нашето лево уво е почувствително на звуците од музиката. Поради тоа, кога некој говори свртете се кон него со десната страна, а кога ќе слушнете мелодија свртете се кон изворот со левата страна.rn
5. Место за паметење
rnrnrnОва е само уште еден начин како полесно да ги меморирате информациите. Во вашата глава треба да создадете слика од кое било место каде што ќе чувате различни нешта кои се поврзани со вас. Трикот е во тоа што вашиот мозок не се фокусира на зборот, туку му назначува некоја светла слика. Мозокот многу полесно ќе може да ја препознае оваа слика, отколку кој било факт или број.rn
6. Ганцфелдов ефект
rnrnrnГанцфелдовиот ефект или ефектот на „комплетно поле“, оригинално бил измислен за истражување на способностите на видовитите луѓе. Во Ганцфелдовиот експеримент, личноста има преполовени пинг-понг топчиња на очите, носи слушалки низ кои се емитува бел шум и пред лицето има извор на светлина. Поради долгиот период на изложеност на хомогена боја и поле на звук, се испраќа информација до мозокот да почне да ги игнорира боите и шумот и ова предизвикува целосна изолација. Научниците велат дека оваа состојба води до откривање на психичките способности на личноста.rn
7. Намалете ја болката со користење на двоглед
rnrnrnНаучниците од Универзитетот Оксфорд преку експеримент докажале дека чувството на болка може да се намали ако повредениот дел од вашето тело го гледате низ двоглед свртен наопаку. Повредата станува помала и поради тоа вашиот мозок автоматски ја намалува болката.
Сигурно како деца сте уживале во решавањето загатки во детските списанија. Повеќето од вас и денес со голем ентузијазам го прифаќаат предизвикот да ги откријат решенијата на заплетканите, логични проблеми. Токму затоа и ви претставуваме колекција од 12 загатки кои ќе ве натераат да размислувате „надвор од линиите“ за да го најдете одговорот. Со среќа!rnrnrn