КАФЕ ПАУЗА

Tag: занимливости

  • 10 места кои не можете да ги видите на Google Maps

    10 места кои не можете да ги видите на Google Maps

    Сакате одблиску да ја видите Ајфеловата кула, но во скоро време нема да бидете во можност да отидете во Париз? Во тој случај Google Maps е одлично место за виртуелно патување ширум светот. Но, не сите интересни знаменитости се јасно видливи преку оваа платформа. Некои слики се заматени и искривени поради безбедносни причини.rnrn10 места кои не можете да ги видите на Google MapsrnrnТоа значи дека доколку сакате да прошетате низ градовите во Северна Кореја преку Google Maps, нема да можете. Исто така заматена е и кралската палата во Холандија, па дури и електричната централа во рамките на Универзитетот Корнел во Итака, Њујорк.rnrnКога Google Maps најпрво беше лансиран, сликите од Белата куќа и седиштето на американскиот конгрес во Вашингтон беа заматени, но денес веќе може јасно да се видат. Погледнете кои локации и знаменитости сѐ уште се заматени и не можеме да ги набљудуваме при виртуелната прошетка низ светот.rn

    1. Кралската палата во Холандија

    rn10 места кои не можете да ги видите на Google MapsrnrnКралската палата во Амстердам, Холандија која се нарекува „Koninklijk Paleis Amsterdam“, е една од оние места поврзани со холандското кралско семејство кои имаат заматени слики на Google Maps. Покрај палатата, не можете да ги видите ниту кралските штали и уште еден дворец кој се нарекува „Huis ten Bosch“.rn

    2. Меѓународниот аеродром Бафало Нијагара

    rn10 места кои не можете да ги видите на Google MapsrnrnМеѓународниот аеродром Бафало Нијагара е избелен во најголем дел и дури и кога ја зголемуваме сликата не можат да се видат детали.rn

    3. Националниот парк Тантауко во Чиле

    rn10 места кои не можете да ги видите на Google MapsrnrnНационалниот парк Тантауко на Google Maps може да се види само како маркер кој покажува на неговата местоположба. Приватниот природен резерват е дом на многу загрозени видови животни.rn

    4. Браната Киови во Јужна Каролина

    rn10 места кои не можете да ги видите на Google MapsrnrnРезерват на езерото Киови во Јужна Каролина кои бил изграден од луѓето исто така не може чисто да се види на Google Maps. Браната во форма на новогодишна елка е дел од една компанија за производство на електрична енергија.rn

    5. Мистериозно место во Русија

    rn10 места кои не можете да ги видите на Google MapsrnrnНикој не е сигурен зошто е заматена оваа локација која се наоѓа во сибирската тундра. Најблискиот град до ова место е Егвекинот во Русија, кој од Алјаска го дели само Беринговиот проток.rnrn

  • 6 непотребни делови на човечкото телото

    6 непотребни делови на човечкото телото

    Во првите 60 дена во мајчината утроба мажите и жените се развиваат комплетно исто. А дотогаш веќе настануваат и машките брадавици. Токму затоа и мажите имаат брадавици, иако не им се потребни. Од настанокот на човештвото, па сè до денес поминале милиони години. За време на еволуцијата на човечкиот вид низ годините, некои делови од телото станале бескорисни, иако некогаш имале корисна намена. Еве кои шест делови ги имаат сите луѓе, а веројатно не служат за ништо.rnrn6 непотребни делови на телото rn

    1. Опашна коска

    rnНа луѓето не им се потребни опашки бидејќи совршено добро балансираат со нозете. Меѓутоа повеќето цицачи имаат опашка во одреден дел од живот, дури и ако ја изгубиле до моментот на раѓање. Измеѓу првата и петтата, па сè до осмата недела после зачетокот, човечкиот ембрион во мајчината утроба изгледа како да му се развива опашка. Но, до моментот кога доаѓа на свет, опашката сраснува како завршеток на ‘рбетот.rn

    2. Машки брадавици

    rnМажите и жените во мајчината утроба се развиваат комплетно исто во првите 60 дена. После тоа кај тие со Y хромозом ќе се појави тестостерон, кој ќе го поттикне развојот на машки полов орган, наместо на женски. Но, бидејќи до тој момент брадавиците се веќе формирани, тие подоцна нема да исчезнат под влијание на машките хормони. Тоа се случува затоа што не прават никаква штета, па со самото тоа и не исчезнуваат по природен пат.rn

    3. Мускули за ежење

    rnПод секое влакно се наоѓа минијатурен мускул кој ги подига и спушта влакната. Нашите предци имале многу повеќе влакна на телото и ежењето им служело за да изгледаат поголеми и посилни, но на тој начин ја задржувале и топлината на телото. Постојат животни кои и ден денес го прават тоа кога се наоѓаат во опасност. Добар пример од секојдневието се мачките. Тоа е причината зошто се ежиме кога сме исплашени или кога ни е ладно.rnrn6 непотребни делови на телотоrn

    4. Умници

    rnЧовечката вилица со текот на времето станувала сè помала, а резултат на тоа е проблемот со умниците за кои често нема простор за правилен раст во устата. Причина е тоа што воопшто не е потребно да ни растат заби кога сме возрасни. Покрај тоа веќе не сме присилени да џвакаме тврда храна, сиров зеленчук и живо месо. Научниците се согласуваат и со тоа дека денес внимаваме на нашите заби за да ни траат што подолго, додека нашите предци брзо ги губеле, па убаво било кога во подоцнежната доба од животот ќе добиеле четири нови заби.rn

    rn

    5. Делови од ушите

    rnГрупата мускули со кои може да ги придвижуваме ушите е непотребна, освен можеби за забава на тие кои можат да ги мрдаат. Имено, овие мускули на животинскиот свет му помагаат подобро да ги слушнат звуците околу нив, но кај човекот тоа не е случај.rn

    6. Трет капак на окото

    rnНа самиот крај на окото, до носот, се наоѓа мала и тенка кожа која воопшто не треба да биде таму, бидејќи на човекот не му служи за ништо. Таа се нарекува „plica semilunaris“ или трет капак. Оваа кожа ја имаат птиците и рептилите, проѕирна е и им служи за заштита на очите од влага, а во исто време им овозможува и да гледаат околу себе.rnrn6 непотребни делови на телото

  • 12 големи грешки во бакнувањето кои можат да го уништат расположението

    12 големи грешки во бакнувањето кои можат да го уништат расположението

    Бакнежот е прекрасно искуство, момент кој ве зближува со вашиот љубовник и прави да уживате во сензуалната врска. Но, постојат неколку нешта кои можеби ги правите без да знаете дека на слаткиот бакнеж му додаваат кисел вкус. Еве неколку грешки кои би требало да ги избегнувате доколку сакате вашите бакнежи да се незаборавни.rn

    1. Лош здив

    rn(1) 12 големи грешки во бакнувањето кои можат да го уништат расположениетоrnrnМијте ги забите редовно и секогаш земете мастика или ментол бонбона пред да се бакнувате со партнерот.rn

    2. Брзање

    rn(2) 12 големи грешки во бакнувањето кои можат да го уништат расположениетоrnrnНе брзајте и бакнувајте се сензуално и полека. Кога брзате го уништувате моментот и расположението.rn

    3. Премногу јазик

    rn12 големи грешки во бакнување кои можат да го уништат расположениетоrnrnАко премногу го користите јазикот, тогаш бакнежот губи смисла и тоа може да биде иритирачки и одвратно за вашиот партнер.rn

    4. Премногу плунка

    rnБакнежот е прекрасно искуство, момент кој ќе ве зближи со вашиот љубовник, со кој ќе уживате во сензуалната врска.rnrnКога бакнежот вклучува премногу лиги и плунка, исто така може да биде непријатно за вашиот партнер.rn

    5. Премногу допирање

    rnБакнежот е прекрасно искуство, момент кој ќе ве зближи со вашиот љубовник, со кој ќе уживате во сензуалната врска.rnrnКога ќе почнете пребрзо да го допирате вашиот партнер на непристојни места, тој или таа ќе почнат да се чувствуваат непријатно.rn

    6. Бакнеж без јазик

    rnБакнежот е прекрасно искуство, момент кој ќе ве зближи со вашиот љубовник, со кој ќе уживате во сензуалната врска.rnrnПретераното користење на јазикот може да биде непријатно, но тоа не значи дека треба да заборавите на него. Нежното, заводливо користење на јазикот при бакнување може да биде навистина секси.rnrn

  • 10 морничави тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријат

    10 морничави тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријат

    Некои луѓе повеќе се плашат од тоа што го знаат, отколку од тоа што не го знаат. Но сепак, кога човек е свесен за одредени работи, стравот понекогаш исчезнува. Многумина уживаат во летањето и се препуштаат целосно на машинеријата која ќе ги вивне кон небото и на луѓето кои управуваат со неа. Ако и вие сте едни од овие луѓе, тогаш погледнете ги следниве 10 тајни кои стјуардесите и пилотите нема да ви ги откријат кога се подготвувате за полетување.rnrn10 тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријатrnrn1. Дали сте знаеле дека од моментот кога маските се појавуваат над вашите глави, имате кислород за само 15 минути? Тоа време е доволно за пилотот да го спушти авионот на висина каде ќе можете нормално да дишете, па оттука нема причина за паника.rnrn2. Дали знаете која е вистинската причина зошто се гаснат светлата во текот на ноќното слетување? Тоа е за да ви се прилагодат очите на мракот во случај нешто да тргне наопаку.rnrn3. Сте чуле ли некогаш дека во текот на летот во авионот удираат грмотевици, без вие да го забележите тоа?rnrn4. Интересен е фактот дека тоалетите во авион можат да се отклучат и од надвор. Ако мислите дека сте заклучени, реалноста е дека во секој момент може некој да влезе.rnrn5. Дали знаете дека пилотите секогаш носат дополнителна храна, во случај храната во авионот да е затруена?rnrn10 тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријатrnrn6. Ако се случи некаква несреќа, повеќето од комерцијалните авиони можат да летаат само со еден мотор.rnrn7. Сѐ уште нема точно објаснување зошто мобилните телефони и компјутерите секогаш мора да ни бидат исклучени.rnrn8. Авионот може да лета уште кратко време и откако ќе откажат двата мотори. Затоа полетувањето и слетувањето се најкритичните делови од летот.rnrn9. Водата во авионите нема посебен квалитет. Некои од авионите се прилично стари, дури и по 50 години, а тоа значи дека толку се стари и резервоарите за вода кои скоро и да не се чистат.rnrn10. Иако во авионите пушењето е забрането, сепак во тоалетите може да се најдат пепелници. Објаснувањето е дека ако некој го прекрши правилото и падне во искушение да запали цигара во тоалетот, тогаш мора да има сигурно место каде што ќе ја изгасне цигарата.

  • Легендарни факти за серијата „Како ја запознав мајка ви“

    Легендарни факти за серијата „Како ја запознав мајка ви“

    Популарната ТВ серија „Како ја запознав мајка ви“ доаѓа при својот крај. Сѐ уште е неизвесно дали по крајот на осмата сезона, ќе продолжи да се снима или пак конечно ќе дознаеме која е мајката на децата на Тед. Без разлика на сѐ, серијата ќе биде запаметена како една од најгледаните и најинтересните, иако и таа одвреме-навреме си имаше свои падови. Досега сте имале прилика да прочитате интересни занимливости поврзани со оваа серија, но вреди да се прочитаат и овие легендарни факти.rnrnЛегендарни факти за серијата „Како ја запознав мајка ви“rnrn1. Најгледана епизода е „Pineapple Incident“ од првата сезона со 12,5 милиони гледачи на премиерата во САД, додека најмалку гледана е епизодата „Landmarks“ од шестата сезона со околу 6,5 милиони гледачи.rnrn2. Телевизискиот канал „Lifetime“ за прикажување на серијата плаќа по 750.000 американски долари по епизода.rnrn3. Нил Патрик Харис (Барни) заработува 210.000 американски долари по епизода, додека останатите главни ликови по 120.000 американски долари.rnrn4. Во серијата Лили, Тед и Маршал се на иста возраст, но во реалноста Алисон Хениган (38) и Џош Реднер (38) се 5 години постари од Џејсон Сигал (33).rnrn5. Книгите поврзани со шоуто, како „The Bro Code“ и „The Playbook“, се вистински издадени.rnrn6. Барни е навистина креатор на „The Bro Code“. Според пребарувањата на Гугл, пред 2008 година фразата не ни постоела.rnrn7. Околу 20 веб-сајтови кои се спомнуваат во шоуто, навистина се направени. Помеѓу нив се и познатите www.notafathersday.com, slapcountdown.org и puzzlesthebar.com.rnrn8. Во шоуто се направени вкупно 13 „Interventions“ (помагање на пријател).rnrn9. Барни ја носи легендарната вратоврска со патки 11 епизоди.rnrn10. Коби Смолдерс, актерката која ја игра улогата на Робин, е навистина Канаѓанка.rnrn11. Сите познати фрази на Барни ги има во првата епизода.rn

      rn011

    • „Have you met Ted?“
    • rn011

    • „What up!“
    • rn011

    • „Wait for it“
    • rn011

    • „Suit up!“
    • rn

    rn12. Во шоуто Барни има костум за секоја пригода, па дури и во вид на пижами за спиење. Само во 12 прилики во сите сезони, тој не носи костум.rnrn13. За време на сите сезони Тед излегува со околу 29 девојки кои не се мајката на неговите деца.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Традицијата на прославувањето Нова година

    Традицијата на прославувањето Нова година

    Прочитајте ги следниве новогодишни занимливости и дознајте го значењето на многубројните традиции кои се практикуваат во овој период ширум светот. Занимливости поврзани со Нова година rn

      rn011

    • Првата прослава на Нова година се случила пред 4.000 години во древниот Вавилон, кога првата млада месечина по пролетната рамноденица ја одбележала годината.
    • rn011

    • Во 46 година п.н.е. Јулиј Цезар го создал календарот според кој годината започнува со 1 јануари. Овој месец бил наречен така во чест на Јанус, богот на почетоците.
    • rn011

    • Кога во 1907 година огнометот бил забранет, по три години од првата новогодишна прослава на Тајмс Сквер, властите на плоштадот пуштиле огромна топка направена од дрво и железо за да го означат крајот на старата и почетокот на новата година.
    • rn011

    • Бакнувањето точно на полноќ има долга традиција. Според англискиот и германскиот фолклор, годината ќе ни зависи од тоа која ќе биде првата личност што ќе ја сретнеме во новата година. Но, ова суеверие не се однесува само на оние кои не се во врска. Се верува дека и паровите кои нема да се бакнат точно на полноќ нема да имаат убава иднина заедно.
    • rn011

    • Најчестиот избор на пијалак за Нова година е шампањот. За таа цел, секоја година во областа Шампањ во Франција се произведуваат околу 300 милиони шишиња со ова пенливо вино. Сепак, пенливите пијалаци потекнуваат од 17 век, кога била измислена тапата која ги задржувала ферментираните гасови.
    • rn

    rnЗанимливости поврзани со Нова година rn

      rn011

    • Раширено е верувањето дека бенедиктискиот монах Дом Перињон го измислил шампањот, но ваквото верување не е точно. Но, легендарниот свештеник сепак имал клучен придонес во развојот и производството на пијалаците.
    • rn011

    • Карактеристични за новогодишните и божиќните празници се и слатките. Во Мексико и Грција се подготвуваат специјални новогодишни торти во кои се крие мала награда. Оној кој ќе го добие парчето со наградата се верува дека ќе го следи среќа целата година.
    • rn011

    • Во Шведска и Норвешка се практикува слична традиција со тоа што се сокрива бадем во сутлијаш. Во Италија новогодишните слатки се прават со мед затоа што се верува дека така годината ќе биде блага. Крофните кои имаат кружна форма се карактеристични за Полска и Унгарија.
    • rn011

    • Шпанците за Нова година јадат 12 зрна грозје точно на полноќ, за годината да им биде плодна. Оваа традиција настанала во 1909 година, како резултат на суфицитот на грозје, а подоцна се проширила и во Португалија, Венецуела, Куба, Мексико, Еквадор и Перу.
    • rn011

    • Уште една новогодишна традиција поврзана со храната се практикува во Јужна Америка каде што луѓето јадат зелка, кељ и слични зелјести растенија затоа што зелените листови од овие растенија ги симболизираат банкнотите. Освен зелјести растенија, често се консумираат и мешунки кои ги означуваат монетите. Заради тоа, во Бразил првиот оброк во новата година се состои од леќа или ориз.
    • rn

    rnЗанимливости поврзани со Нова година rn

      rn011

    • Во земјите од Јужна и Средна Америка оние кои се во потрага по љубов носат црвена долна облека, а оние кои се во потрага по пари носат жолта. На Филипините луѓето носат долна облека со точки за новогодишната ноќ.
    • rn011

    • Не секој ја прославува Нова година на 1 јануари. Кинеската Нова година започнува со првиот ден од лунарниот календар, на крајот од јануари или на почетокот од февруари. Во тој период вообичаено за секое семејство е темелно да се исчисти домот за да се избрка лошата судбина, да се јадат традиционални специјалитети со ориз и вечерта да се заврши со пукање петарди.
    • rn011

    • Многумина веруваат дека ако скршат нешто за време на најлудата ноќ, тоа навестува кршење и на некое пријателство или љубовна врска. Наместо тоа, многу луѓе ширум светот за Нова година пукаат петарди и слични пиротехнички средства затоа што веруваат дека така ќе ги исплашат лошите духови и ќе обезбедат нов почеток.
    • rn

    rnЗанимливости поврзани со Нова година
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни роденденски занимливости

    Неверојатни роденденски занимливости

    Дали знаете колку тежи најголемата роденденска торта која некогаш била направена?rnrnНеверојатни роденденски занимливостиrn

      rn011

    • Најмногу родендени има во август. Околу 9% од светската популација слави роденден во август. Веднаш по него следуваат јули и септември.
    • rn011

    • Секоја година во САД се испраќаат околу 2 милијарди роденденски честитки, односно 58% од вкупниот број на испратени честитки.
    • rn011

    • Најголемата роденденска торта била направена во 1989 година, по повод 100-годишнината од постоењето на градот Форт Пејн во Алабама. Тортата била тешка околу 58.167 килограми.
    • rn011

    • Најскапиот извод на родени е изводот на Пол Макартни, кој беше продаден на аукција во март, 1997 година, за сума од 84.146 американски долари.
    • rn011

    • Најпознатиот препев на песната „Среќен роденден“ беше интерпретиран од страна на Мерлин Монро, кога таа на 19 мај 1962 година во Медисон Сквер Гарден на претседателот Џон Кенеди му ја испеа песната „Среќен роденден, господине претседателе“ (“Happy Birthday, Mr. President”).
    • rn

    rnНеверојатни роденденски занимливостиrn

      rn011

    • Најскапата роденденска забава ја организирал Султанот од Брунеи да го прослави својот 50-ти роденден на 13 јули 1996 година. Забавата чинела 27,2 милиони долари, а во цената биле вклучени и три концерти на Мајкл Џексон за кои биле потрошени 16 милиони од вкупниот износ.
    • rn011

    • Вилијам Шекспир починал на 23 април 1616 година, на неговиот 52-ри роденден.
    • rn011

    • Првиот премиер на Индија, Џавахар Лал Нехру, е роден на 14 ноември. Овој ден се празнува како Ден на децата во Индија во спомен на љубовта на Нехру кон децата.
    • rn011

    • Најпознатиот дневник, „Дневникот на Ана Франк“, всушност бил подарок за нејзиниот 13-ти роденден.
    • rn

    rnНеверојатни роденденски занимливостиrn

      rn011

    • Од еден до друг роденден поминуваат 31.536.000 секунди.
    • rn011

    • Во периодот помеѓу два родендена косата расте за 12 см, а ноктите за 4 см.
    • rn011

    • Срцето чука 72–80 пати во минута, односно 42.075.900 пати од последниот до следниот роденден. Истовремено, срцето пумпа околу 280 литри крв секој час или 2.688.000 литри за една година.
    • rn011

    • За една минута човекот прави околу 30 вдишувања, што значи дека од вашиот последен роденден сте направиле околу 15.768.000 вдишувања.
    • rn011

    • Од роденден до роденден сонуваме просечно по 1.460 соништа.
    • rn

    rnНеверојатни роденденски занимливостиrn

      rn011

    • Од вашиот последен роденден, светската популација се зголемила за 76.570.430 луѓе, што значи дека додека го читате ова, се раѓаат просечно по 5 бебиња.
    • rn011

    • За време помеѓу 2 родендена, во светот се случуваат околу 50.000 земјотреси.
    • rn011

    • Времето кое минува од вашиот претходен до вашиот следен роденден е всушност времето кое ѝ е потребно на Земјата да го заврши своето патување околу Сонцето.
    • rn

    rnНеверојатни роденденски занимливостиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите плажи од списанието „Sports Illustrated“

    Најпознатите плажи од списанието „Sports Illustrated“

    Секоја година во февруари излегува нов број на модното списание специјализирано за костими за капење, „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Фотографиите се прават на најегзотичните места ширум светот, а ова се плажите кои се нашле на насловните страници. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Шарк Беј, Австралија

    rnШарк Беј е прекрасна плажа која се наоѓа северно од Перт. Црвените песочни дини, тиркизната вода и делфините привлекуваат илјадници туристи годишно. Во 1985 година, „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ ја донесе Полина Поришкова во Шарк Беј, каде што младиот модел позираше за нејзината втора насловна страна. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Мауи

    rnМауи е вториот најголем хавајски остров познат белите песочни плажи и кристално сината вода. На Мауи можете да уживате во неповторливата глетка на изгрејсонцето преку вулканската карпа Халеакала. Овој остров беше одлично место за насловната фотографија од ланскиот број на Sports „Illustrated Swimsuit Issue“, кога позираше рускиот модел Ирина Шеик. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Домениканска Република

    rnДомениканската Република претставува прекрасна мешавина од шпанска, африканска и локална култура, храна и историја. Таа го дели островот Хиспаниола заедно со Хаити. Прекрасните доменикански плажи може да ги видите во „Sports Illustrated Swimsuit Issueод 1987 година, кога на насловната страна се најде популарната Ел Макферсон. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Фангнга Беј, Тајланд

    rnЗаливот Фангнга се смета за национално богатство на Тајланд, поради што тајландската влада сака Обединетите Нации да го прогласат ова место за светско културно наследство. Во далечната 1988 година, Ел Макферсон се појави уште еднаш на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, овој пат позирајќи на карпестото крајбрежје во близина на Пукет. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Сејшелите

    rnРомантичните Сејшели сместени во Индискиот Океан претставуваат одлично луксузно засолниште за љубителите на нуркањето и риболовот. Овие острови имаат тропска температура во текот на целата година, а во 1979 година песочните плажи на Сејшелите се најдоа на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ заедно со моделот Кристи Бринкли. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Ланзароте, Шпанија

    rnВо 1992 година Шпанија беше во центарот на вниманието на светската јавност, не само заради Олимписките игри кои се одржаа таа година во Барселона, туку и заради вулканскиот остров Ланзароте, познат по плажите Плаја Бланка и Пуерто дел Кармен, кој заедно со американскиот модел Кети Ајленд се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Јамајка

    rnЗемјата на реки и потоци, како што уште се нарекува Јамајка, во 1983 година ја красеше насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Американскиот модел Шерил Тигс беше фотографирана под водопадите на реката Дан, во близина на гратчето Очо Риос. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Кенија

    rnВо 1982 година, американскиот модел Керол Алт, се најде на насловната на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, позирајќи на зајдисонце, на коралниот крајбрежје на Кенија, облечена во црвен костим за капење. И додека синооката убавица беше во преден план, во позадина се протегаше Индискиот Океан по кој пловеа белите едрилици. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Јужна Африка

    rnНајвпечатливите места во Јужна Африка, пустината Калахари, африканските резервати и полуостровот Кејп, се места кои не само што се привлечни за туристите, туку и за „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Во 1996 година, американската манекенка Тајра Бенкс, облечена во бикини со леопардски принт, беше фотографирана токму на овие места кои подоцна се најдоа на насловните страници. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Бахамите

    rnВодата околу Бахамските Острови е толку бистра што можете да гледате на длабочина до 70 метри. Заради тоа, Бахамите се најпосакувана дестинација за нуркање и пливање. Во 2005 година, Бахамите беа најпосакувана дестинација и за „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, па затоа се најдоа на насловната страна, заедно со американскиот модел Каролин Марфи. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Козумел, Мексико

    rnВо далечната 1964 година, на насловната страна на првиот број на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ се појави германката Бабет Марч која, облечена во скромни бели бикини, позираше на островот Козумел, кој се наоѓа источно од мексиканскиот полуостров Јукатан. Тогаш Козумел беше ново и сè уште неоткриено место, а денес неговите гребени се заштитени заради ретките видови на риби кои егзистираат тука. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Бора Бора

    rnБора Бора е синоним за рајски остров со бели песочни плажи и кристална сина вода. Тропскиот амбиент кој е карактеристичен за Бора Бора, во 1986 година придонесе овој остров да се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, кога на бескрајните песочни плажи се најде Ел Макферсон. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Малдиви

    rnМалдивите беа одбраната дестинација која се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1998 година, кога Хајди Клум беше во фокусот на насловната фотографија. Пријатните температури во текот на целата година и недопрената природа ги прават овие корални острови и денес едни од најубавите места на земјата. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Аруба

    rnПалм Бич, Игл Бич и Бејби Бич се најжешките точки на карипскиот остров Аруба, објавени на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1984 година. Полина Поришкова уште еднаш се фотографираше за ова списание, но овој пат позираше на островот Аруба кој некогаш беше холандска колонија. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Барбадос

    rnНекогашна британска колонија, а денес веќе независна држава, островот Барбадос е идеален за оние кои ги сакаат топлото време, мирната вода и песочните плажи, од кои најпознати се плажите Браунис и Брендонс, лоцирани околу главниот град на Барбадос. Во 2003 година, чешкиот модел Петра Немцова позираше на Барбадос за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Сент Џон, Американски Девствени Острови

    rnДве третини од островот Сент Џон отпаѓа на националниот парк, што прави овој остров да биде беспрекорен. Плажите се мирни, песочни и се протегаат долж целиот северен брег. Во 2008 година, на овој остров, американскиот модел Мариса Милер беше фотографирана за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Бермудите

    rnБританската традиција оставила голем печат врз културата на Бермудските Острови. Попладневниот чај и голфот се само дел од многуте атракции кои ги нудат Бермудите. Дел од шармот на овие острови е и ограниченото возење кое се сведува само на велосипеди и скутери. Можеби тоа ја привлече и Даниела Пестова која се фотографираше на Бермудите за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ од 1995 година. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Тунис

    rnИако северниот дел на Африка е политички доста нестабилен и небезбеден за патување, тимот на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ одлучи во 2001 година мексиканскиот модел Елза Бенитез да биде фотографирана на медитеранското крајбрежје во Тунис, за насловната страна на списанието. Тунис е посакувана туристичка дестинација заради посебната мешавина од берберска, арапска, римска и феникиска култура и заради прекрасните крајбрежни плажи. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Канкун, Мексико

    rnМексиканската ривиера на Маите се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1975 година, кога моделот Шерил Тигс повторно беше одбрана да биде во фокусот на насловната фотографија, овој пат позирајќи на плажите во Канкун. Освен заради рајските плажи, Канкун е привлечен за туристите и заради многубројните спортови на вода, рушевините од храмовите на Маите и луксузните одморалишта. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustrated
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти за филмовите

    Интересни факти за филмовите

    Дали знаевте зошто сериите уште се нарекуваат „сапуници“ и кој е најгледаниот сериски филм? Интересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Во оригиналната верзија, чевличката на Пепелашка не била направена од стакло, туку од крзно.
    • rn011

    • Мапет шоуто било забрането во Саудиска Арабија затоа што еден од ликовите бил свиња.
    • rn011

    • Во серијата „Симпсонови“, Хомер, Марџ, Лиса и Маги ги добиле имињата според мајката, таткото и двете сестри на творецот на оваа серија.
    • rn011

    • Душко Долгоушко за првпат се појавил во 1935 година. Тогаш се викал Среќниот Зајак.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Дизниленд за првпат бил отворен во 1955 година.
    • rn011

    • Во периодот помеѓу 1931 и 1969 година, Волт Дизни освоил 35 Оскари.
    • rn011

    • Првиот долгометражен цртан филм кој излегол од студиото на Дизни бил „Снежана и седумте џуџиња“ (1937 година).
    • rn011

    • Мики Маус во Италија е познат како Тополино.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Бендот „Дјуран Дјуран“ го добил своето име според астронаутот во филмот на Џејн Фонда од 1968 година, „Барбарела“.
    • rn011

    • Песната „Среќен роденден“ била првата песна изведена во вселената од страна на екипажот на Аполо 9, на 8 март 1969 година.
    • rn011

    • Мајката на актерката Мелани Грифит, Типи Хендрен, се прослави играјќи ја главната улога во филмот на Алфред Хичкок, „Птици“.
    • rn011

    • Во филмот на Хичкок, „Психо“, наместо крв бил користен чоколаден сируп. Фамозната сцена со тушот трае 45 секунди, а била снимана 7 дена.
    • rn011

    • Најчестата историска личност портретирана во филмовите е ликот на Наполеон Бонапарта, за кој се снимени 194 филма. По него следуваат Исус Христос со 152 и Абрахам Линколн со 137 филма.
    • rn011

    • Најдолгиот говор за доделувањето на Оскарите траел 5 минути и 30 секунди. Го држел Грир Гарсон за филмот од 1942 „Госпоѓа Минивер“.
    • rn011

    • Првата холивудска актерка која добила 1 милион долари за една слика била Елизабет Тејлор за сликата на Клеопатра.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Сериите познати како „сапунски опери“ или „сапуници“ биле наречени така затоа што биле наменети за рекламирање сапун во вид на прашок.
    • rn011

    • Најпопуларната телевизиска серија е „Чувари на плажата“.
    • rn011

    • Првобитно, Кортни Кокс била предвидена да го глуми ликот на Рејчел во серијата „Пријатели“, но откако го прочитала сценариото, таа сама побарала да ја глуми Моника.
    • rn011

    • Освен „Пријатели“, други можни наслови за оваа серија биле „Пријатели како нас“, „Шест како еден“ и „Преку ходникот“.
    • rn011

    • Пред да започне снимањето на „Пријатели“, било предвидено централниот настан да биде љубовта меѓу Џои и Моника.
    • rn011

    • Гантер, келнерот од кафулето Central Perk, немал име сè до средината на втората сезона.
    • rn011

    • Најавната шпица во која актерите танцуваат во фонтаната била снимена во 4 часот наутро.
    • rn011

    • Последната епизода на „Пријатели“ била снимена на 6 мај 2004 година.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Првиот филмски бакнеж се случил помеѓу Меј Ирвин и Џон Ројс во 1896 година, во филмот „Вдовицата Џоунс“.
    • rn011

    • Кинг Конг“ е единствениот филм кој добил продолжение истата година (1933), кога првпат се нашол на репертоарот на светските кино-сали. Продолжението на „Кинг Конг“ се вика „Синот на Конг“.
    • rn011

    • Филмот „Убава жена“ е снимен според операта „Травијата“ во која проститутка се вљубува во богат човек.
    • rn011

    • Во филмот „Убиј го Бил“, Ума Турман носи жолт костум ист како оној на Брус Ли во филмот „Игра на смртта“.
    • rn011

    • За потребите на „Убиј го Бил“ биле потрошени 65.000 долари за мечеви.
    • rn011

    • Сценариото на овој филм било пишувано 6 години, пред да биде поделено на два дела.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни музички занимливости

    Интересни музички занимливости

    Уште со самото појавување, MTV имаше големо влијание врз музичката индустрија и поп-културата. Но дали знаевте кога започнал да се емитува овој музички канал?rnrnИнтересни музички занимливостиrn

      rn011

    • Елвис Присли за првпат се појавил на телевизија во 1956 година, во шоуто на браќата Дорси, каде што ги испеал песните Blue Suede Shoes и Heartbreak Hotel.
    • rn011

    • Битлси за првпат се нашле на врвот на британската топ листа на 11 октомври 1962 година со песната Love me do.
    • rn011

    • Иако одамна се разделија, секоја година Битлси продаваат повеќе албуми од Ролинг Стоунс.
    • rn011

    • Музичката телевизија MTV започнала да се емитува на 1 август 1956 година, точно на пладне. Соодветно на тоа, првиот спот кој се емитувал на MTV бил спотот за песната Video killed the radio star.
    • rn011

    • Песната Billie Jean на Мајкл Џексон бил првиот спот направен за црн пејач кој се емитувал на MTV.
    • rn

    rnИнтересни музички занимливостиrn

      rn011

    • Научно е докажано дека слушањето музика ја подобрува работата на дигестивниот систем.
    • rn011

    • Најголемата диско топка има дијаметар од 2,4 метри и тежи 137,89 килограми.
    • rn011

    • Заедничко за Џими Хендрикс, Џенис Џоплин и Џим Морисон е тоа што сите тројца починале на 27 години.
    • rn011

    • Првото доделување на Греми наградите било одржано во 1959 година. За песна на годината била прогласена песната Volare на Доменико Модуњо.
    • rn011

    • Натали Кол, ќерката на Нет Кинг Кол, била првата црна изведувачка која освоила Греми награда во категоријата „Најдобар дебитант“.
    • rn

    rnИнтересни музички занимливостиrn

      rn011

    • Пред да почне да се занимава со музика, Елвис Костело работел како компјутерски оператор во фабрика за козметика.
    • rn011

    • Зад прекарот на раперот LL Cool J се наоѓа „Ladies Love Cool James“.
    • rn011

    • Во 1984 година, Арета Френклин била тужена затоа што го прекршила договорот така што не настапила на отворањето на Бродвеј. Причината била стравот од летање.
    • rn011

    • Гордон Самнер го добил прекарот Стинг (убод од оса) според жолто-црните дресови кои ги носел.
    • rn011

    • На 4-годишна возраст, Моцарт за половина час учел по една цела партитура.
    • rn

    rnИнтересни музички занимливостиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.