КАФЕ ПАУЗА

Tag: занимливости

  • 8 прекрасни градови кои почнуваат да функционираат без автомобили

    8 прекрасни градови кои почнуваат да функционираат без автомобили

    Луѓето возат автомобили повеќе од 100 години и тие се сметаат за главно превозно средство. Но за жал, тоа не е најудобниот начин на движење. На пример, во Лондон многу побрзо ќе стигнете на посакуваната дестинација ако одите со велосипед отколку со автомобил. Секоја земја има градови во кои сообраќајниот метеж е апсолутно неверојатен. Оттука многу градови почнале да создаваат пешачки зони каде што е целосно забранет автомобилскиот сообраќај. Можеби би можеле да научиме нешто од нив.rn

    1. Копенхаген, Данска

    rn8 прекрасни градови кои почнуваат да функционираат без автомобилиrnrnКопенхаген е градот со најмалку автомобили во Европа. Во 60-те години од минатиот век градските власти почнале да ги шират пешачките зони и да ги стеснува булеварите во центарот на градот. Денес Копенхаген има преку 320 километри велосипедски патеки. Исто така во план е да се изградат нови велосипедски супер патишта кои ќе водат до предградијата.rn

    2. Хамбург, Германија

    rn8 прекрасни градови кои почнуваат да функционираат без автомобилиrnrnИако автомобилите не се строго забранети во центарот, градското собрание дава сѐ од себе граѓаните да можат слободно да пешачат и наоколу да се движат со велосипеди или јавен превоз. Во следните 20 години е планирано во Хамбург да се изградат многу нови паркови, велосипедски патеки и пешачки зони. Оваа „зелена мрежа“ треба да покрива повеќе од 40% од градот.rn

    3. Мадрид, Шпанија

    rn8 прекрасни градови кои почнуваат да функционираат без автомобилиrnrnПовеќето од улиците во центарот на Мадрид се пешачки зони и секој кој ќе влезе таму со автомобил мора да плати казна од 100 долари. Единствен исклучок се прави за луѓето кои живеат во тие области. Исто така, оние кои поседуваат автомобили со најголема емисија на штетни гасови плаќаат поскап паркинг. Градското собрание има во план центарот на градот во целост да го забрани за сообраќај и улиците да ги пренамени во пешачки зони во следните 5 години. rn

    4. Париз, Франција

    rn8 прекрасни градови кои почнуваат да функционираат без автомобилиrnrnПоради значителното зголемување на загадувањето пред две години, градската управа на Париз воведе сообраќајна рестрикција на возење по принципот пар-непар во однос на регистарските таблички. Оваа мерка била успешна и загадувањето се намалило за 30%. До 2020 година, градското собрание има во план да го зголеми бројот на велосипедски патеки, а во центарот на градот се очекува да имаат пристап само возилата на електричен погон. Денес во Париз има неколку пешачки зони, и жителите од околните области немаат дозвола да се движат таму со автомобил за време на викендите.rn

    5. Хелсинки, Финска

    rn8 прекрасни градови кои почнуваат да функционираат без автомобилиrnrnВо следниве 10 години значително ќе се зголеми популацијата во Финска, но спротивно на тоа, бројот на возила ќе се намалува. Со новиот проект, автомобилскиот сообраќај ќе биде дозволен само во предградијата, а до центарот ќе се стигнува само со јавен превоз. Многу мобилни апликации беа развиени со цел жителите на Хелсинки полесно да ги најдат местата каде што можат да изнајмуваат велосипеди. Оттука потребата од автомобили во Хелсинки е сè помала.rn

    6. Ченгду, Кина

    rn8 прекрасни градови кои почнуваат да функционираат без автомобилиrnrnУлиците на ова кинеско предградие се така дизајнирани, што можете пеш да стигнете до која било локација за 15 минути. Само половина од улиците се отворени за автомобилски сообраќај, додека останатата половина е распределена за велосипедски патеки и пешачки зони.rn

    7. Богота, Колумбија

    rn8 прекрасни градови кои почнуваат да функционираат без автомобилиrnrnПешачките зони и велосипедските патеки во Богота биле направени во 50-те години од минатиот век. Денес во Богота има повеќе од 300 километри велосипедски патеки. Повеќето од улиците во центарот на градот се пешачки зони, а до таму се стигнува само со јавен превоз.rn

    8. Милано, Италија

    rn8 прекрасни градови кои почнуваат да функционираат без автомобилиrnrnГрадската власт во Милано им дава бесплатни ваучери за јавен превоз на луѓето кои намерно ги оставаат своите автомобили дома. Сите автомобили се регистрирани во специјален систем и кога тие остануваат паркирани на местото на живеење, сопственикот на картичката добива пари за билет во јавниот превоз.

  • Мрзливите викенди се полоши за вашето здравје отколку целата работна недела

    Мрзливите викенди се полоши за вашето здравје отколку целата работна недела

    Во последниве неколку години има голем број истражувања за врската помеѓу мрзливото однесување (што вклучува седење на каучот, гледање телевизија или користење компјутер по цел ден) и сериозните здравствени проблеми, како срцевите заболувања, дијабетесот, дебелеењето, како и некои типови рак.rnrnИмајќи го тоа на ум, едно ново истражување ни открива и дека седењето цел викенд на каучот може да биде полошо за вашата тежина од работењето во седечка позиција цела недела.rnrnМрзливите викенди се полоши за вашето здравје отколку целата работна неделаrnrnСпоред резултатите, луѓето во просек консумираат помалку храна и се хранат поздраво во текот на работните денови. Затоа можат да поминат со помалку активности за време на овие денови, бидејќи диетата им го овозможува ова. За време на викендите, луѓето јадат повеќе, што значи дека ова однесување бара поголема активност или помалку мрзливи активности за да се балансира влијанието на храната.rnrnЗа истражувањето биле испитани 332 возрасни личности, на возраст од 20 до 35 години и нивната неактивност во период од десет дена. Учесниците исто така ги навеле нивните активности во текот на работните денови и за време на викендот. Во прилог, тие ја мереле нивната тежина и телесни маснотии на секои три месеци во текот на една година.rnrnОд резултатите, просечното време кое го поминувале во седечка позиција, не се разликувало многу за време на викендите во споредба со работните денови. Многу од луѓето имале професии кои ги работат во седечка позиција, како канцелариската работа, но тие не надоместувале за својата неактивност за време на викендите. Ова сугерирало дека начинот на исхрана придонесува кон нездравиот живот.rnrnВажно е да се направи разлика помеѓу вистинското вежбање и помалку време поминато во седење на каучот. Дури и 20-минутното редуцирање на времето поминато на каучот во сабота и недела може да придонесе за намалување на тежината за повеќе од 2 килограми во текот на 1 година.rnrnТоа значи дека за поздрав начин на живот не мора да вежбате или да одите во теретана, туку едноставно за време на паузата помеѓу два филма или ТВ серии, прошетајте 20-тина минути низ соседството или направете неколку едноставни јога вежби за истегнување. Вашето тело ќе ви биде благодарно.

  • Љубов, секс, кариера: Кои се најдобрите години во животот?

    Љубов, секс, кариера: Кои се најдобрите години во животот?

    Едно ново научно истражување покажало дека просечниот човек е најбогат во својата 47-ма година од животот. Испитувањето кое опфатило 2.000 мажи и жени во Велика Британија, покажало дека луѓето во просек се најсреќни на 39 години, а во својата кожа се чувствуваат најубаво во 31-та година од животот, додека најголемиот напредок во кариерата го доживуваат на 38 години.rnrnЉубов, секс, кариера: кои се најдобрите години во животот?rnrnСпоред истражувањето, другите важни години во животот се во 40-тите, кога сме најзадоволни во љубовта, додека платите се највисоки во 42-та година.rnrnВкупно 23% од испитаниците рекле дека би го искористиле напредокот на технологијата за да постигнат вечен живот.rnrnОва се најважните години во животот на луѓето:rn

      rn011

    • Најздрави сме во 30-тите години.
    • rn011

    • Најбогати сме на 47 години.
    • rn011

    • Најсреќни сме на 39 години.
    • rn011

    • Најзадоволни сме со својот изглед на 31 година.
    • rn011

    • Најсреќни во кариерата сме на 38 години.
    • rn011

    • Најдобар секс имаме на 32 години.
    • rn011

    • Најзадоволни од врската сме на 40 години.
    • rn011

    • Вистинската љубов ја наоѓаме на 32 години.
    • rn011

    • Најдобро се забавуваме на 24 години.
    • rn011

    • Најголеми примања имаме на 42 години.
    • rn

  • Тивките луѓе имаат најгласни мисли: 11 ситуации кои ќе ги разберат само срамежливите личности

    Тивките луѓе имаат најгласни мисли: 11 ситуации кои ќе ги разберат само срамежливите личности

    Срамежливите луѓе зборуваат само кога се сигурни дека изговорените зборови ќе звучат поубаво од тишината. Доколку сте една од оние слатки, повлечени личности кои седат сами во аголот на собата и не кажуваат ни збор, сигурно во животот сте се соочиле со овие 11 ситуации, својствени само за срамежливите личности.rnrnТивките луѓе имаат најгласни мисли: 11 ситуации кои ќе ги разберат само срамежливите личностиrn

    1. Мразите активности како запознавањето нови луѓе

    rnВо текот на животот, најмногу сте ги мразеле првите денови на училиште, кога моравте да станете и да се претставите пред своите врсници и професори. Сите очи во тој момент се вперени во вас. Колку непријатно чувство.rn

    2. Повеќепати во вашата глава ги повторувате и анализирате речениците пред да ги изговорите

    rnСекој збор кој излегува од вашата уста, претходно сте го испробале во вашата глава. Не е важно дали зборувате со шефот, клиент, професор или пријател. Вие сметате дека подобро е зборовите да ги повторите неколку пати, отколку да се заплеткате или да кажете нешто несоодветно.rn

    3. Марамчињата се ваш најдобар пријател

    rnВи се случило ли некогаш да почнат да ви се потат дланките кога зборувате со родителите на вашиот партнер или пак, кога ќе ви се обрати некој странец? Додека со вас имате марамчиња, сѐ ќе биде во ред.rn

    4. Никогаш не би го направиле првиот чекор

    rnКога седите покрај непозната личност, се молите тие да почнат да зборуваат со вас, бидејќи вие немате храброст. Вашата срамежливост е виновна за многу пријателства кои никогаш не се оствариле.rn

    5. Другите секогаш го коментираат начинот на кој зборувате

    rnГласот на срамежливите луѓе не е детски, ниту пак пискав како што го доживуваат другите. Нивниот глас всушност е полн со смиреност и мелодичност, без никаква назнака на фолирање.rn

    6. Вашите вештини често предизвикуваат општо воодушевување

    rnПоради особините кои ги опишуваат, срамежливите луѓе многу ретко дозволуваат да бидат во центарот на вниманието. Сепак, кога пред друштвото ќе покажете дел од своите можности, сите остануваат во шок.rn

    7. Вашите образи ќе заруменат и од најмалиот комплимент на ваша сметка

    rnПовлечените луѓе ретко, или поточно никогаш не се фалат пред своите колеги, пријатели и познаници. Благодарни сте како изгледате денес, но кога тоа ќе го забележи уште некој, лесно ќе измами црвенило на вашето лице.rn

    8. Луѓето со кои не сте блиски ве доживуваат како недружељубива личност

    rnЧесто ви се случува да оставите лош прв впечаток пред луѓето поради вашата срамежливост. Оваа особина често може да се протолкува како одбивна и непријатна за околината во која се наоѓате.rn

    9. Вашиот лут израз на лицето е досаден

    rnКога сте лути или изнервирани тешко ви е да го покажете тоа. Како со зборови, така и преку изрази на лицето.rn

    10. Уживате да ги слушате другите

    rnКога се наоѓате во друштво на пријателите и семејството, вие не сте тие кои зборуваат за своите искуства. Вам ви е подраго да ги сослушате другите и да покажете емпатија кон нив.rn

    11. Длабоко во душата сте навистина нежни и добри

    rnЗад срамежливоста се крие навистина нежна и смирена личност. Ваквите луѓе се пријатни кон околината, па не е чудно што во животот имаат многу доверливи пријатели.

  • 12 нешта кои веројатно ќе ги преживеете и без да ги споделите на социјалните мрежи

    12 нешта кои веројатно ќе ги преживеете и без да ги споделите на социјалните мрежи

    Без сомнение социјалните мрежи успешно навлегоа длабоко во нашите животи и ова не е ништо ново. Сите сме ги читале монолозите за тоа дека луѓето треба да ги остават телефоните бидејќи тие го уништуваат нашиот социјален живот во реалноста.rnrn12 нешта кои веројатно ќе ги преживеете без да ги споделите на социјалните мрежиrnrnИако многумина скептици се во право, социјалните мрежи не се во целост лоши. На пример, социјалните мрежи ви нудат можност да се поврзете со целиот свет и вашите мисли одеднаш да ги споделите со милиони луѓе онлајн. Секако, ова повеќе важи за славните личности кои денес ги користат социјалните мрежи да споделат некаква порака, но кога се работи за обични луѓе, како нас, нашите споделувања ретко кога имаат големо значење. Имајќи го сè ова на ум, има многу нешта кои едноставно не мора да ги споделите на социјалните мрежи, бидејќи едноставно никого не го интересираат.rnrn1. Секое ваше совршено селфи од некој настан, каде што единствен доказ за неговото постоење е само тоа што ќе го напишете во описот на фотографијата. Ако навистина сакате да споделите некакво искуство со вашите пријатели, тогаш споделете фотографија од настанот, а не од вашето лице.rnrn2. Какви било линкови кои водат до лажни извори на информации и вести, заедно со вашите гневни коментари на темата. Проверете ги вашите извори и не избрзувајте со заклучоците.rnrn3. Какво било омаловажување на личност која е пријател со другите луѓе од вашето опкружување или некако е поврзана со нив. Личноста која сте ја дискредитирале не заслужува да биде ставена на суд од тролови во виртуелниот свет.rnrn4. Што било кое мислите дека на некој начин е оправдано да го споделите, а вклучува повеќе од еден хаштаг. Многу е веројатно дека тоа нема потреба да биде споделено.rnrn5. Кој било од следниве статуси: „Кој е буден?“ „Не можам да се расонам“ „Филмот ‘Up’ е без врска“. Никому не му е грижа дали сѐ уште сте будни, дали сте толку очајно осамени што би се дружеле со секој кој ќе одговори на вашиот статус или дали сте поспани ова утро.rnrn6. Фотографии од славни личности со цитати кои ги кажале други луѓе. Ако веќе сакате да споделите нечија мисла, погрижете се дека е од соодветната личност.rnrn7. Фотографии од ручек во ресторан. Освен ако објаснувањето е граматички погрешно и полно со глупости, па така никој нема да гледа во фотографијата.rnrn8. Какво било селфи со исплазен јазик. Ако на него нема доказ дека сте пиеле нешто невообичаено, тогаш нема ништо интересно што да се види на таква фотографија.rnrn9. Какви било политички монолози. Без разлика на која страна од дебатата припаѓате.rnrn10. Селфи заедно со долго објаснување во вид на параграф, неповрзано со самата фотографија. Особено оние дека сте ја нашле среќата во себе. rnrn11. Каков било статус кој започнува со „Вообичаено не го правам ова, но…“ Ако вообичаено не го правите тоа, продолжете така, за доброто на сите.rnrn12. Што било. Буквално што било. Можете да преживеете и без споделување на вашите животи на социјалните мрежи.

  • Девојката побарала од момчето да се ослободи од неговото куче, па тој објавил оглас…

    Девојката побарала од момчето да се ослободи од неговото куче, па тој објавил оглас…

    Не сакаат сите животни. Постојат луѓе кои не можат да живеат без своите миленици, но исто така има многумина и кои едноставно не можат да го делат својот дом со животни. Таква судбина со својата девојка имал и Гецен. Откако четири години биле во врска, тој решил дека е време да почнат да живеат заедно, но никогаш не можел ни да замисли дека таа толку ќе го замрази неговото куче, Моли. Неговата девојка дури му поставила и ултиматум, да се ослободи од кучето најбрзо што може, без разлика колку разделбата ќе биде болна и за двајцата. Откако добро размислил, Гецен пуштил оглас во локалниот весник.rnrnДевојката побарала од момчето да се ослободи од неговото куче, а тој објавил огласrnrn[message_box title=”За сите добри луѓе кои сакаат кучиња:” color=”yellow”]rnrnМојата девојка не го сака моето куче, Моли. Затоа за неа морам да најдам нов дом. Таа е од чиста раса, од добро потекло и поминавме 4 години заедно. Сака да си игра, но не е добро дресирана. Таа има долги влакна, па бара поголема грижа од вообичаено, особено кога се во прашање нејзините нокти. Но, обожава кога се грижите за неа. Не спие многу, но прави многу врева во текот на ноќта. Наместо тоа, спие додека јас сум на работа. Јаде само квалитетна и скапа храна. Никогаш не ве поздравува после долгиот ден на работа и никогаш нема да ве сака безусловно.rnrnПа, ако некој е заинтересиран за мојата 36-годишна, себична, злобна и лакома девојка, нека дојде и нека ја земе. Јас и моето куче сакаме да се исели што е можно побрзо. Итно!rnrn[/message_box]rnrnНеколку дена по поставувањето на огласот, Гецен го обновил огласот: Неговата девојка се вратила кај претходните сопственици (нејзините родители), а тој и Моли сега бараат друга партнерка.

  • Неверојатни вистински приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предавате

    Неверојатни вистински приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предавате

    Често се случува проблемите, сосема ненајавено, да влетаат во нашите животи и да ги направат црно-бели или некогаш дури и многу полоши. За некои од нас тоа може да биде само фаза од животот, додека за други може да значи комплетна животна промена. Прочитајте ги овие приказни за обични луѓе кои морале да се соочат со непријатни настани, но успеале да ги надминат со големо достоинство. Денес, тие се инспирација за останатите дека едноставно ништо не може да ве спречи на вашиот пат во животот.rn

    1. Ник Вујичиќ

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnОвој човек живее без раце и нозе и има неверојатен дух и желба за живот. Уште повеќе, тој е доказ дека во секоја ситуација можете да најдете причина да бидете среќни. Ник игра голф, сурфа, патува низ светот, држи мотивациски говори, а од неодамна стана и татко по втор пат. Кога децата на улица го прашуваат што му се случило, тој самоуверено одговара „Од цигарите!“rn

    2. Бил Портер

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnКога имате цел и уште поважно, желба да ја остварите, болестите нема да претставуваат пречка за тоа. Иако Бил Портер боледува од церебрална парализа, отсекогаш сакал да работи во продажба. Тој ја исполнил својата желба, а од неодамна стана и еден од најуспешните продавачи во Америка. Филмот „Од врата до врата“ е посветен на неговиот дух и треба да го гледаат сите оние кои мислат дека нешто ги спречува да ја остварат својата кариера од соништата.rn

    3. Евгениј Смирнов

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnНема ништо полошо за танчар, од тоа да ја изгуби способноста за танцување. Што може да прави професионален танчар кога ќе ја изгуби ногата во сообраќајна несреќа? Ќе продолжи да танцува! Токму тоа го направи и рускиот шампион во танцување, Евегениј Смирнов и покрај фактот дека повторно морал да учи како да танцува. Неговите перформанси во шоуто за танцување биле одличен пример, не само за човечкиот дух, туку и за фактот дека можете да танцувате и без една нога.rn

    4. Олесија Владикина

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnОваа шармантна и прекрасна девојка, иако има само 20 години, поминала низ многу страдања. Во несреќа во Тајланд таа ги изгубила левата рака и уште пострашно, и нејзината најдобра пријателка. Овој момент го променил нејзиниот живот, но таа не се предала. По несреќата, таа двапати учествувала на Параолимписките игри, освојувајќи златен медал, притоа поставувајќи светски рекорд. Таа одбила да носи протеза и сѐ што прави, прави со една рака.rn

    5. Силвестер Сталоне

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnДали мислите дека треба да изгледате совршено за да станете добар актер? Секако дека не, а Силвестер Сталоне е одличен пример за тоа. Како резултат на траума при раѓање, долниот дел од левата страна на лицето му е парализиран, а неговата уста е малку искривена, а исто така парализиран е и дел од неговиот јазик.rn

    6. Андреа Бочели

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnСлепилото му ја одзема способноста на човекот да го гледа светот, но не и да го чувствува. Можеби токму ова му помогнало на Италијанецот Андреа Бочели, да споделува фасцинантна и инспиративна енергија со публиката преку неговите песни. Тој исто така е и татко на три деца и ужива во животот велејќи дека иако е лишен од можноста да го види светот со своите очи, тој сепак го гледа со неговото срце.rn

    7. Медлин Стјуарт

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnКога имате сон, дури и хендикепот не може да ве спречи да го остварите. Медлин Стјуарт, родена со Даунов синдром, отсекогаш имала желба да стане модел. И успеала во тоа! Секако, за тоа било потребно време. Девојката почнала да спортува и изгубила 20 килограми, а потоа долго време се обидувала да влезе во модна агенција, а тие не биле премногу заинтересирани за личност со Даунов синдром. Но, Медлин ја остварила својата цел. Таа потпишала вреден договор со брендот „Manifesta“ и сега рекламира спортска опрема за жени.rn

    8. Викторија Дувал

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnСпортистот секогаш останува спортист. 20-годишната американска тенисерка Викторија Дувал, која преживеала Хоџкинсонов лимфом, го докажува тоа. Таа продолжила да тренира и веќе имаше одличен настап на еден од четирите Гренд Слем турнири. Но, се чини дека Викторија веќе ја извојува најголемата победа во својот живот.rn

    9. Шантел Браун Јанг

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnУбавината на овој модел е навистина невообичаена. Кога била малечка, Шантел дознала дека има недостаток на пигментација на кожата, која се нарекува витилиго. Но со одличното тело и прекрасните црти на лицетo, таа одлучила својот недостаток да го претвори во нејзина предност. Како резултат на тоа, таа денес е познат модел.rn

    10. Ксенија Безуглова

    rn10 неверојатни приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предаватеrnrnОваа мајка на две деца победи на изборот на убавина за жените во количка. Таа е активист за човекови права, која сака да ја направи средината попријатна за луѓето кои се движат со количка. Таа е личност која ужива во животот и сѐ уште има многу планови за промена на светот.

  • 12 одлични актери со неконвенционален изглед кои едноставно ги обожаваме

    12 одлични актери со неконвенционален изглед кои едноставно ги обожаваме

    Постојат луѓе во светот кои претставуваат исклучок од секое правило кое можете да го замислите. На овие мажи, природата им подарила изглед кој отстапува од стандардната машка убавина, а од некоја причина ги наградила со шарм и талент за глумење. rn

    1. Дени Трехо

    rn12 одлични актери со неконвенционален изглед кои жените ги обожаваатrnrnТрехо најчесто игра карактери кои се негативци или антихерои. Но, тој изгледа навистина лежерно со тетоважите, моторите и мачетата. Вистината е дека и во приватниот живот води бунтовнички животен стил.rn

    2. Бенедикт Камбербач

    rn12 одлични актери со неконвенционален изглед кои жените ги обожаваатrnrnВитканата кафеава коса, големите очи, долгото лице и шармантната насмевка му дозволуваат на Бенедикт да ја игра буквално секоја улога која може да се замисли и да го привлече вниманието на секого.rn

    3. Хавиер Бардем

    rn12 одлични актери со неконвенционален изглед кои жените ги обожаваатrnrnСо неговото шпанско потекло, Хавиер е вистински заводник. Тој го привлекува вниманието на сите и покрај неговиот груб изглед. Понекогаш изгледа како брутален тип, а во други случаи тој е заводник, но во реалноста е семеен човек и татко на две деца.rn

    4. Серж Генсбург

    rn12 одлични актери со неконвенционален изглед кои жените ги обожаваатrnrn4 бракови, безброј љубовници и голем број фанови… Веројатно поради скриената харизма со која ги освојува сите жени.rn

    5. Мик Џегер

    rn12 одлични актери со неконвенционален изглед кои жените ги обожаваатrnrnПоради невообичаената појава и чудните движења, Џегер испушта специјална аура која ги маѓепсува луѓето околу него.rn

    6. Адриен Броди

    rn12 одлични актери со неконвенционален изглед кои жените ги обожаваатrnrnБроди често го нарекуваат актер интелектуалец. Некои од критичарите го сметаат за чуден и арогантен, но тие се помалку од оние кои се восхитуваат на неговите актерските таленти.rnrn

  • 9-те типови личности кои го менуваат светот и нивните силни страни

    9-те типови личности кои го менуваат светот и нивните силни страни

    Овие 9 карактеристични типови личности го прават човештвото специјално, не само поради интеракцијата меѓу нив, туку и поради својата внатрешност. Синхроницитетот ги поврзува заедно во убав систем кој прави сè да функционира како што треба. Ниеден човек не може да се претстави само со една од овие личности, туку најчесто е мешавина од неколку. Станува збор за начин на размислување кое се фокусира на среќните моменти, без да бидеме свесни дека секое делче од сложувалката е интегрален дел од духовната еволуција на човештвото. Сѐ се менува толку брзо и секој од овие сегменти има важна улога во формирањето на човечката свест.rnrnДевет типови на личности кои го менуваат светотrn

    1. Иницијатори

    rnБез оглед на иницијативата, ова се личностите кои го движат светот напред. Тие го симболизираат принципот на почеток и иницијација низ чистота на причината. Тоа е енергијата која ги започнува сите дејствија и нè води во нови правци. Без нив, многу работи ќе останеа ненаправени, бидејќи кога никој друг не би сакал да ги направи. Тие истапуваат и се истакнуваат со својата храброст, оригиналност и решителност.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Креатори и водечка сила на свеста и големите движења.
    • rn011

    • Не гледаат крај на нивните патувања и цели во животот.
    • rn011

    • Најмоќните иницијатори се оние кои веруваат дека е подобро да служиш отколку да владееш.
    • rn011

    • Секогаш се напред и им го покажуваат патот на другите.
    • rn011

    • Веруваат во своите способности да го разликуваат доброто од злото.
    • rn011

    • Најчесто се ментално посилни од останатите луѓе.
    • rn011

    • Живеат онака како што тие мислат дека треба и ништо не може да им застане на патот.
    • rn011

    • Генерално се оптимистични луѓе кои поседуваат голема внатрешна сила и често се инспирација за другите.
    • rn011

    • Самите себеси се мотивираат и се желни за напредок.
    • rn011

    • Поседуваат лидерски способности кои привлекуваат многу следачи.
    • rn

    rn

    2. Исцелители

    rnБидејќи Иницијаторите често се повредуваат себеси, во нивните константни обиди да одат напред, Исцелителите се неопходни да го вратат балансот во нивното физичко здравје. Во овој тип луѓе доминира женствената енергија, но има и многу мажи со силна исцелителна енергија. Тие го симболизираат принципот на соединување со другиот, помеѓу позитивното и негативното, машкото и женското, денот и ноќта, црното и белото, јин и јан. Тие ги соединуваат сродните умови и идеали. За исцелителите животот мора да има значење. Тие имаат најсилна интуиција од сите типови личности.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Вешти медијатори кои покажуваат високо ниво на сочувство и емпатија.
    • rn011

    • Нивната интуиција е на највисоко ниво споредена со другите типови личности.
    • rn011

    • Тие се вечни оптимисти дека светот ќе стане подобро место за живеење и дека сите ќе живеат во мир и хармонија.
    • rn011

    • Добро соработуваат со другите со цел да постигнат хармонија во нивните животи.
    • rn011

    • Избегнуваат конфликти и расправии и наместо тоа ја гледаат поголемата слика.
    • rn011

    • Секогаш се обидуваат да се несебични и фокусирани на правењето добри дела.
    • rn011

    • Се грижат сите да го искористат целиот свој потенцијал.
    • rn011

    • Сакаат да бидат прифатени онакви какви што се и настојуваат да најдат работа која ќе им овозможи да се искажат во вистинско светло.
    • rn011

    • Го помагаат својот личен напредок и напредокот на другите.
    • rn011

    • Се грижат децата да растат во топла и пријатна средина, дури и на сметка на нивниот личен комфор.
    • rn

    rn

    3. Катализатори

    rnКатализаторите на светот имаат единствена дарба со голема креативност постојано да ги менуваат луѓето и околностите. Тие се посредници на планетата кои им овозможуваат на другите да ја искористат својата енергија. Кога Иницијаторите и Исцелителите се немоќни, тие бараат помош од Катализаторите на квантно ниво. Никој од нив не може да разбере што прават за другите, но кога Иницијаторите и Исцелителите ќе се здружат, тие често имаат потреба од синтезата на Катализаторот за да ја искористат ефективно целата енергија.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Имаат карактеристики на возвишен водич.
    • rn011

    • Можат да им помогнат на сите да најдат мир, чистина и љубов во себе.
    • rn011

    • Способни се да се справуваат со животните падови и подеми и не очајуваат долго кога доживуваат неуспех.
    • rn011

    • Повеќето се надарени музичари, писатели, танчари и јавни оратори.
    • rn011

    • Имаат широки размислувања.
    • rn011

    • Се одликуваат со ентузијазам, младоликост и живост.
    • rn011

    • Одлично комуницираат и често брилијантно владеат со јазикот.
    • rn011

    • Чувствуваат потреба да инспирираат и да го разубават светот со нивните природни можности.
    • rn011

    • Охрабруваат повеќе отколку што обесхрабруваат и секогаш наоѓаат решенија наместо проблеми.
    • rn

    rn

    4. Заштитници

    rnПред да постои каква било технологија, постоела Геја, односно мајката Земја според грчката митологија. Повеќето модерни луѓе ја изгубиле врската со Геја. Заштитниците не се свесни дека можат да играат со светлината, но знаат дека се поврзани со свеста на Геја. Тие ги гушкаат дрвјата, се грижат за животната средина, одгледуваат градини, комуницираат со животни и искрено ја сакаат природата. Некои ја игнорираат нивната диетална потреба за енергија и наместо тоа ги жртвуваат своите потреби за нивната вистина и љубов кон Геја. Тие ја сакаат Земјата и Мајката природа онаква каква што е и со сето тоа што го обезбедува за нас и таа страст не ги напушта до крајот на животот.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Работат макотрпно и можат да бидат многу упорни.
    • rn011

    • Наоѓаат големо задоволство во достигнувањата кои ги постигнале со физичка работа, посебно кога се работи за обработка на земјата и повеќе се радуваат на резултатите отколку на финансиската награда или јавното признание.
    • rn011

    • Веруваат во самоконтролата и имаат зацртани цели, но тоа се едноставни и скромни цели.
    • rn011

    • Не сакаат да создаваат неволји, но ги ценат моралните убедувања и не отстапуваат кога се убедени дека го прават вистинското нешто.
    • rn011

    • Обврската на подолг рок за нив е приоритет бидејќи тие се лојални и совесни.
    • rn011

    • Амбициозни се и ориентирани кон кариерата.
    • rn011

    • Градат сигурни основи за себе и други, и се грижат сите да бидат безбедни и сигурни.
    • rn

    rn

    5. Менувачи на играта

    rnМенувачите на играта имаат најголем број стари души од сите типови личности. Тие се екстремни индивидуалци и во душата и во умот. Имаат многу интереси и се мултиталентирани. Тие се атрактивни, независни, слободоумни и брзо се движат низ животот. Тие често се сексуални суштества. Одбиваат забрани и одговорности, додека често се одликуваат со нестабилност и непредвидливост. Го одвлекуваат нашето внимание кон чудата на животот и нѐ повикуваат да го цениме хаосот околу нас. Па зошто тие ја менуваат „играта“? Бидејќи одат наоколу и шират сочувствителни акции вклучувајќи ги сите други.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Го практикуваат принципот на многустраност, прогресија и страст и ја симболизираат потребата од промени, разновидност и нов раст.
    • rn011

    • Пренесуваат и шират информации како никој друг.
    • rn011

    • Тие се прагматични и опортунисти и можат да бидат многу, многу убедливи.
    • rn011

    • Најчесто се интелектуалци, сестрани и имагинативни.
    • rn011

    • Големата флексибилност им овозможува да запрат со нешто што прават и да продолжат во сосема друга насока.
    • rn011

    • Не се држат до ништо кое создава монотонија во нивните животи и се гадат од рутина и досадни, монотони професии.
    • rn011

    • Имаат способност да се адаптираат и да се менуваат бидејќи имаат слободен дух, со чувство за авантури.
    • rn011

    • Крајно љубопитни индивидуалци кои сметаат дека искуството е најдобро школо во животот.
    • rn

    rn

    6. Негуватели

    rnНегувателот ја претставува хармонијата, балансот, искреноста, љубовта и вистината. Тие се сметаат за најхармонични од сите типови личности. Секогаш имаат силен импулс за креирање хармонична и мирна средина. Го осветлуваат нашиот пат во областите кои бараат спиритуален и духовен баланс. Тие нè учат како да управуваме со сочувството и свесно во секоја ситуација да избираме опростување. Тие се мајки на светот. Тие знаат да се жртвуваат, да се грижат, да помагаат, да ги штитат и учат другите. Ниедно семејство или општество не може да функционира без моќта на Негувателот, која ги држи на сигурно.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Ја симболизираат одговорноста и услугата, кои ги постигнуваат преку љубовта, негата и заштитата.
    • rn011

    • Поседуваат вродена внатрешна желба да донесат хармонија, мир, правда и вистина во животот.
    • rn011

    • Најголемата радост во животот ја црпат од грижата за сите и овие луѓе се чувствуваат најкорисно кога ги поправаат нештата.
    • rn011

    • Ќе се борат за своите идеали и принципи во корист на другите.
    • rn011

    • Имаат силни верувања и ставови за она што го чувствуваат како вистина.
    • rn011

    • Во врска тие љубат, нудат поддршка, утеха и бараат стабилни и балансирани партнери.
    • rn011

    • Тие се одлични домаќини за сите и знаат како да внесат љубов, баланс и убавина на сите семејни пригоди и општествени собири.
    • rn

    rn

    7. Истражувачи

    rnТие резонираат со вибрациите и енергиите од колективната свест, вербата и духовноста. Тие се занимаваат со езотеричните и научните аспекти на реалноста. Фокусирани се на активирањето на имагинацијата и вклучувањето на резултатите во нашите животи преку употребата на свесни мисли и спознанија. Тие во себе носат нешто што може да се нарече магична вибрација, со основни разбирања на фундаменталните закони на универзумот. Тие се таинствени, мистериозни, интуитивни и интроспективни. Тие се визионери и мислители и секогаш се обидуваат да ги најдат основните, скриени вистини.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Тие се едни од најголемите мислители и често големи визионери.
    • rn011

    • Ја сакаат природната убавина и цутат кога се наоѓаат во природно опкружување, далеку од цивилизацијата.
    • rn011

    • Имаат неверојатна способност да ги лекуваат луѓето на спиритуални, емоционални и духовни нивоа.
    • rn011

    • Имаат способност интуитивно да ги разберат потребите на другите.
    • rn011

    • Бараат многу од другите, но и од себеси, затоа што имаат многу високи стандарди.
    • rn011

    • Вљубени се во убавината на природата, цвеќињата, растенијата, океаните, морињата и езерата.
    • rn011

    • Не се задоволуваат сè додека не најдат врска помеѓу познатото и непознатото.
    • rn011

    • Знаењето и мудроста се нивна цел и нивната интелигенција води до тоа да најдат многу извори на информации.
    • rn

    rn

    8. Стабилизатори

    rnТие се најмалку сфатените типови личности. Кога Стабилизаторот на кармата ќе тропне на вашата врата, можете да бидете сигурни дека ќе го жнеете она што сте го посеале. Тие се практични, реални и интелигентни. Покажуваат вибрации од авторитет и лична моќ, самодоверба, способности за извршување, внатрешна сила, професионализам, менаџирање, материјална слобода, успех, добро расудување, пари. Тие ја знаат разликата помеѓу природната и вештачката духовност и се чувствуваат покомотно во царството на материјалните факти кои можат да се допрат. Тие се фокусираат на резултатите, често во форма на пари, а сепак не се грижат многу за парите како средство за задоволување на потребите. Стабилизаторите не се алчни и парите ги гледаат само како алатка, а не како краен резултат.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Сигурни се и задоволни од себеси.
    • rn011

    • Знаат што сакаат од животот и знаат како да ги остварат своите цели.
    • rn011

    • Решителни и со силна волја.
    • rn011

    • Никогаш нема да ги предадат своите верувања и принципи.
    • rn011

    • Најчесто нивна главна цел е да научат да манипулираат со пари и моќ, без да се корумпираат во текот на процесот.
    • rn011

    • Поседуваат природни лидерски квалитети, долгорочни визии и во текот на животот можат да се стекнат со многу моќ, престиж и богатство.
    • rn011

    • Имаат огромен потенцијал за да ги подобрат животите на илјадници други луѓе, на практични начини, што е дел од нивните способности за стабилизирање.
    • rn011

    • Доверливи се и независни и не бараат милост од никого.
    • rn011

    • Поддржуваат сè што носи убавина, правда, значење и профит во светот.
    • rn

    rn

    9. Финализатори

    rnТие се поврзани со универзалната љубов, вечноста и вербата. Поседуваат мудрост и одговорност и нивната крајна цел е да му служат на човештвото. Тие се справуваат со интелектуалната моќ, инвентивноста, влијанието врз ситуациите и нештата. Тие ни помагаат да ги препознаеме нашите внатрешни атрибути и да ги искористиме овие способности во светот, за да направиме позитивна разлика. Оваа вибрација му служи на светот и го прави подобро место за живот. Тие работат без мотив. Нивна цел е подобар живот за сите. Тие имаат заштитничка енергија и голема моќ и љубов во нивната душа. Интуитивно, Финализаторите ги разбираат врските помеѓу целото човештво.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Сочувствителност, несебичност и великодушност.
    • rn011

    • Мудрост, интуиција и идеализам.
    • rn011

    • Тие се милосрдни, добротворни, алтруистички настроени.
    • rn011

    • Имаат големо разбирање за угнетените и неразбраните.
    • rn011

    • Ги делат аспирациите и идеалите на понапредните души.
    • rn011

    • Тие се мечтатели кои се чувствуваат како дома во царството на уметноста, медицината, религијата, драмата, филозофијата и метафизиката.
    • rn011

    • Исцелители се и учители, кои секогаш работат за доброто на другите.
    • rn011

    • Бараат решение од инспиративниот и креативен свет.
    • rn011

    • Се грижат за сите, но мора да научат да зборуваат гласно кога тие самите имаат потреба од помош, љубов и поддршка.
    • rn

  • Овие животни без сомнение се виновни за направената беља, но мора да им простите

    Овие животни без сомнение се виновни за направената беља, но мора да им простите

    Ако им верувате на овие животни, тие би нашле начин да докажат дека се апсолутно невини. Некој друг дошол, скршил, отворил, изел и растурил сѐ наоколу и потоа ги обвинил нив. А покрај тоа, колку долго можете да останете лути, гледајќи во тие големи, тажни очи? Погледнете ги следниве фотографии од животни фатени на дело по направената беља. После ова ќе научите како да простите и заборавите.rnrn

    Ваше височество, несреќа беше!
    Ваше височество, несреќа беше!
    rnrn