КАФЕ ПАУЗА

Tag: занимливости

  • Факти за играчките кои не сте ги знаеле

    Факти за играчките кои не сте ги знаеле

    Дали знаевте дека вртењето хулахоп било забрането во Јапонија и во Индонезија затоа што делувало премногу провокативно?rnrnФакти за играчките кои не сте ги знаелеrn

      rn011

    • Зборот „играчка“ (toy) потекнува од староанглискиот збор „tool“ што значи „алатка“.
    • rn011

    • Куклите се сметаат за најстарите играчки во светот.
    • rn011

    • Јојото се смета за втора најстара играчка во светот.
    • rn011

    • Зборот „јојо“ потекнува од филипинскиот израз што значи „дојди, дојди“.
    • rn011

    • Во 1985 година, астронаутот Дејвид Григс бил емитуван во живо како си игра со јојо во вселенското летало.
    • rn011

    • Во 16 век, јојото се сметало за оружје.
    • rn

    rnФакти за играчките кои не сте ги знаелеrn

      rn011

    • Компанијата „Лего“ е најголем светски производител на коцки. Оваа компанија произведува 306 милиони коцки годишно.
    • rn011

    • Зборот „лего“ потекнува од данскиот израз „leg godt“ што значи „играј добро“.
    • rn

    rnФакти за играчките кои не сте ги знаелеrn

      rn011

    • Целосното име на куклата Барби е Барбара Робертс, според името на ќерката на креаторот на оваа кукла.
    • rn011

    • Првата барбика била произведена во 1959 година и чинела 3 долари.
    • rn011

    • Денес, секоја секунда се продаваат по две барбики.
    • rn011

    • Ако Барби беше вистинска, нејзините пропорции ќе беа 90-45-90.
    • rn

    rnФакти за играчките кои не сте ги знаелеrn

      rn011

    • Пластелинот прво бил наменет за чистење на тапетите.
    • rn011

    • На почетокот, тој бил само во една боја – бела.
    • rn011

    • Состојките на пластелинот и денес се тајна.
    • rn

    rnФакти за играчките кои не сте ги знаелеrn

      rn011

    • Играта „Дама“ може да се сретне на античките египетски гробници.
    • rn011

    • Најстарата коцка е исто така пронајдена во египетска гробница.
    • rn011

    • Според стандардите, картите треба да се измешаат 7 пати пред да почне играта.
    • rn011

    • Рекордот во играње монопол под вода е 1.080 часа.
    • rn011

    • Браќата Паркер го отфрлиле монополот, цитирајќи 52 недостатоци на играта.
    • rn011

    • Стандардниот монопол вклучува 15.140 долари во една игра.
    • rn

    rnФакти за играчките кои не сте ги знаелеrn

      rn011

    • Хулахопот е измислен во Австралија.
    • rn011

    • На почетокот, тој претставувал „прстен за вежбање“ направен од бамбус кој се користел на часовите по физичко.
    • rn011

    • Британските доктори тврделе дека хулахопот е виновен за зголемениот број повреди на грбот, вратот и стомакот.
    • rn011

    • Во Индонезија хулахопот бил забранет затоа што предизвикувал страст.
    • rn011

    • Во Јапонија било забрането вртењето хулахоп на јавни места.
    • rn011

    • Во Советскиот Сојуз хулахопот бил „симбол на празната американската култура“.
    • rn011

    • Рекорди во вртење хулахоп: најдолгото вртење хулахоп траело 4 часа, при што биле направени повеќе од 18.000 вртежи; најмногу вртени хулахопи истовремено – 14, биле свртени од 11-годишно дете.
    • rn

    rn

    Факти за играчките кои не сте ги знаеле

    rnrn

      rn011

    • Ѕвездата на Мапет шоу, жабата Кермит, е леворака.
    • rn011

    • Во 1968 година, играчката која била репродукција на најновиот модел на Шевролет во тоа време, се нашла во продавниците уште пред вистинскиот автомобил да биде пуштен во продажба.
    • rn011

    • Хемискиот инженер Нил Толотсон случајно создал балон од латекс, додека се обидувал да направи течна гума.
    • rn011

    • Првата аркадна видео игра „Pong“ беше претставена во 1972 година.
    • rn011

    • Најголемиот дистрибутер на играчки во светот е Мекдоналдс.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нумерологија: кој е вашиот животен број?

    Нумерологија: кој е вашиот животен број?

    Нумерологијата е наука за броевите и нивното влијание врз личните карактеристики, мотивацијата, талентот и животната цел. Нудејќи увид во сите аспекти на личноста, нумерологијата може да даде објаснување зошто сме склони да правиме одредени работи.rnrnИнтересни факти за нумерологијатаrn

      rn011

    • Низ времето, цивилизациите (Кинезите, Евреите, Египќаните, Маите и други) користеле системи од броеви за да ги разберат животните мистерии. Системот на броеви кој ние го знаеме денес е Западниот систем, именуван според грчкиот филозоф и математичар, Питагора.
    • rn011

    • Според нумерологијата, секој број има уникатни вибрации поврзани со позитивните и негативните карактеристики на личноста. Едноставно кажано, броевите имаат свои особини. Додека секој број од 1 до 9 има одделни својства, заедно овие броеви можат да откријат каква енергија поседува личноста.
    • rn011

    • Нумерологијата ги истражува нумеричките модели како што се појавуваат во сите области на животот на една личност, вклучително и бројот на адресата и телефонскиот број, но личната шема се базира првенствено на датата на раѓање и буквите од името.
    • rn011

    • Животниот број се смета за еден од најважните броеви во нумеролошката табла. Тој се формира од датата на раѓање и укажува на можностите, предизвиците и лекциите со кои личноста ќе се сретне во текот на животот. Овој број, исто така, покажува како личноста реагира на различни животни ситуации.
    • rn011

    • Вториот најважен број, веднаш по животниот, е судбинскиот број. Овој број е составен од буквите во името и ги покажува силните и слабите страни на личноста, како и животната цел.
    • rn

    rnИнтересни факти за нумерологијатаrnrnЗа да го пресметате животниот број, соберете ги сите цифри од датата на раѓање, така што на крај ќе добиете двоцифрен број, чии цифри повторно ќе треба да ги соберете сè додека не добиете едноцифрен број. Потоа прочитајте што значи вашиот животен број.rnrnБројот 1 е лидер, одлучен, независен и агресивен. Овој број е примарната сила на универзумот. Ги надминува пречките и прави работите да се случуваат. Јасен и самоуверен, бројот 1 не го избегнува соочувањето, но останува тврдоглав и арогантен.rnrnБројот 2 е нежен, внимателен и чувствителен. Се смета за мировник. Софистициран е, голем уметник, духовит и со смисла за ритам и музика. Овој број е најинтуитивен од сите. Премногу е емотивен, заради што може да стане и зависен, но затоа е и најпосветен број.rnrnБројот 3 е друштвен, харизматичен, оптимист и авантурист. Има голема потреба за самоизразување. Поседува магнетизам кој ги привлекува другите и затоа сака да биде во центарот на вниманието. Овој број трага по подлабоки врски и сака да го дознае значењето на животот.rnrnБројот 4 е силен, стручен и истраен. Најпрактичен е од сите броеви. Поседува висок степен на самодисциплина и контрола, и е познат како работникот меѓу броевите. Конвенционален и ограничен, бројот 4 може да биде цврст и непоколеблив, со силни морални убедувања.rnrnБројот 5 е паметен и прогресивен. Познат е како голем интелектуалец кој бара различност. Ја цени сопствената слобода и не се плаши да преземе ризици. Промената е константна за непредвидливиот и таинствен број 5.rnrnБројот 6 се поврзува со негувањето, исцелувањето, заштитата и наставата. Тој е бројот-чувар, познат уште како мајчински број. Има силно чувство на мир и правда. Бројот 6 е единствениот број кој секогаш е во хармонија со сите други броеви.rnrnБројот 7 е поврзан со спиритуалноста и е познат како бројот кој постојано е во потрага. Интроспективен е и укажува на голем мислител кој не се занимава со материјалните работи. Интуицијата и имагинацијата се неговите најмоќни карактеристики.rnrnБројот 8 е авторитетен, ориентиран кон бизнисот и успехот. Има потенцијал да биде доста просперитетен. Реалист е и поседува моќ за добро расудување. Кога се работи за пари, бројот 8 може да биде многу дарежлив, но и многу алчен и незадоволен.rnrnБројот 9 има голема самосвест и е многу симпатичен. Најголем хуманитарец е меѓу броевите. Толерантен е и нема предрасуди. Верува во човечкиот род и сочувствителен е кон сите. Бројот 9 е интуитивен, суптилен и по малку мистериозен.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Занимливости поврзани со близнаците

    Занимливости поврзани со близнаците

    Во последниве 10 години бројот на родени близнаци во светот значително се зголеми, а за тоа многу придонесе вештачкото оплодување, мајчинството во подоцнежните години, како и хормонските додатоци во исхраната. Еве неколку интересни занимливости поврзани со близнаците.Занимливости поврзани со близнацитеrn

      rn011

    • Секоја 85-та трудница носи близнаци.
    • rn011

    • Бременостите кои започнуваат како близнаци, само во 23% од случаите завршуваат со раѓање на две деца, бидејќи во поголемиот број случаи, едниот ембрион не опстанува до крај.
    • rn011

    • Еднојајчаните близнаци се буквално како одраз во огледало. Отпечатоците на прстите им се помалку слични, но многу често им изгледаат спротивно, баш како одразот во огледало.
    • rn011

    • Повеќе близнаци се раѓаат во руралните средини, за разлика од урбаните. Стручњаците веруваат дека за тоа придонесува чистиот воздух и околината, бидејќи докажано е дека загадувањето лошо влијае на зачнувањето и на исходот на бременоста.
    • rn011

    • Статистиката покажува дека мајката која е потешка и повисока од просечната жена, има поголеми шанси да роди две бебиња.
    • rn011

    • Во светот се раѓаат повеќе машки близнаци отколку женски, но затоа женските близнаци доминираат кога станува број за тројки.
    • rn011

    • Дури 22% од близнаците, почесто се служат со лева, отколку со десна рака.
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто треба да ја посетите Кина?

    Зошто треба да ја посетите Кина?

    Кина е поделена на 22 провинции, 5 автономни региони, 4 директно контролирани општини и 2 посебни региона. Сите овие места заедно ја сочинуваат целокупната убавина и автентичност на Кина, заради што треба да ја посетите.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?rnrnЗабранетиот град се наоѓа во центарот на главниот град, Пекинг. За да се изгради овој град, потребни биле 14 години (1406 – 1420). Забранетиот град бил наменет за династиите Минг и Чинг. За време на овие династии, во Забранетиот град живееле 24 цареви.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?rnrnНајпознатата асоцијација за Кина, Големиот кинески ѕид, бил граден повеќе од два века, од страна на неколку династии. Намената на Кинескиот ѕид била да ги заштити земјоделските региони на Кинеската империја од нападите на номадските сточари од северните степи.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?rnrnНајголем дел од светските оризови полиња се наоѓаат во Кина. Биле изградени во вид на тераси, за време на династијата Минг. Најдолгото оризово поле се наоѓа во провинцијата Гуанџи, од кое најнискиот дел е на 380, а највисокиот на 880 метри надморска височина.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?rnrnВо југоисточниот дел на Кина се наоѓа провинцијата Хунан, позната по карактеристичните шуми. Дури 80% од територијата на Хунан отпаѓаат на планини и ридови.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?rnrnСекоја година во градот Харбин во Кина се одржува Фестивалот на скулптури од снег и мраз. Освен скулптури, на овој фестивал се изложени и масивни градби изработени од блокови од мраз, земени од реката Сонгхуа, која се наоѓа во близина на Харбин.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?rnrnКинеската Нова година, или празникот на пролетта, е најважниот празник кај Кинезите. Познат е уште како Лунарна Нова година. Прославата започнува на првиот ден од првиот лунарен месец според кинескиот календар и трае 15 дена.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?rnrnКина изобилува со пустини, но и со прекрасни плажи. Најголемата пустина во Кина е пустината Гоби, која постојано се шири и моментално е петтата најголема пустина во светот. Во текот на летото, јужните ветрови се топли и суви, со што се создава идеална клима во крајбрежните области во близина на екваторот.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?rnrnДенес Кина има десетици градови со над еден милион жители. Мешавината од старата автентична и модерната урбана архитектура, многубројните манифестации и природната убавина ја прават оваа земја една од најпривлечните светски дестинации.rnrnЗошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?Зошто треба да ја посетите Кина?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти за храната

    Интересни факти за храната

    Дали знаевте дека во XIII век Македонците биле првите христијани кои ја започнале традицијата на вапсање јајца за Велигден?rnrnИнтересни факти за хранатаrn

      rn011

    • Јадењето лимони го продолжува животот.
    • rn011

    • Постојат ПЕЗ бонбони со вкус на кафе.
    • rn011

    • Морското оревче е исклучително отровно ако се вбризгува интравенозно.
    • rn011

    • Гулашот, еден вид  супа од говедско месо, за првпат бил подготвен во Унгарија во IX век.
    • rn011

    • Националното шкотско јадење Haggis се состои од срцето, црниот дроб, белите дробови и тенкото црево на теле или овца, сварени во стомакот на животното, при што се додава овесна каша.
    • rn011

    • Дали знаевте дека постојат 5 вкусови на желе кои се повлечени од продажба затоа што не биле доволно комерцијални? Станува збор за желе со вкус на целер, кафе, кока кола, јаболко и чоколадо.
    • rn011

    • Брокулата има најдобри антиканцерогени својства.
    • rn

    rnИнтересни факти за хранатаrn

      rn011

    • Половина портокал дневно ги намалува шансите за срцев удар за 50%.
    • rn011

    • Освен портокалот, еден оброк со риба неделно исто така ги намалува шансите за срцев удар за 50%.
    • rn011

    • Печурките немаат хлорофил, па затоа не им треба сонце за да растат. Некои од најраните комерцијални фарми за печурки биле поставени во пештерите во Франција за време на владеењето на кралот Луј XIV (1638-1715).
    • rn011

    • Најстарата пронајдена мастика за џвакање во светот е стара 9.000 години.
    • rn011

    • Најмногу месо и месни производи се конзумираат во Аргентина.
    • rn011

    • Корнетот за сладолед бил измислен во 1904 година.
    • rn

    rnИнтересни факти за хранатаrn

      rn011

    • Персијците се први кои започнале да ги бојадисуваат јајцата, уште во 3000-те години п.н.е., со тоа прославувајќи го доаѓањето на пролетта.
    • rn011

    • Обичајот за вапсање јајца го донеле Крстоносците кои се враќале од Блискиот Исток.
    • rn011

    • Во XIII век, Македонците биле првите христијани кои ја започнале традицијата на вапсање јајца за Велигден.
    • rn

    rnИнтересни факти за хранатаrn

      rn011

    • Првиот оброк на Месечината беше печена мисирка, која ја изедоа Нил Армстронг и Баз Олдрин.
    • rn011

    • Чоколадото Сникерс е најпопуларно во Америка.
    • rn011

    • Древната цивилизација на Инките го мерела времето според тоа колку време е потребно да се свари компир.
    • rn011

    • Јаболките зреат откако ќе бидат обрани.
    • rn011

    • Кикириките се најголем извор на енергетска вредност.
    • rn011

    • Половина од светското население јаде ориз секој ден.
    • rn

    rnИнтересни факти за хранатаrn

      rn011

    • Жителите на Алјаска јадат двојно повеќе сладолед по глава на жител во споредба со останатото население.
    • rn011

    • Освен состојките наведени во содржината, во лебот се додаваат уште 27 други хемикалии.
    • rn011

    • Мирисот на кафето е најпрепознатливиот мирис во цел свет.
    • rn011

    • Потребни се 4 тони свежо грозје за да се добие 1 тон суво грозје.
    • rn011

    • Лебот на парчиња за првпат почна да се продава во 1930 година.
    • rn

    rnИнтересни факти за хранатаrn

      rn011

    • Секоја секунда се продаваат 13 кутии со желе бонбони.
    • rn011

    • За време на Златната треска во Алјаска (1897-1898), компирите биле вредни колку златото.
    • rn011

    • Најскапиот зачин на светот е шафранот.
    • rn011

    • Слаткиот компир потекнува од Андите, а во Велика Британија бил донесен во 1586 година.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Историјата на кондомот

    Историјата на кондомот

    Кондомот е најчесто употребувано заштитно средство кое се користи при сексуален однос. Познато е дека штити од несакана бременост и полово преносливи болести, но колку е познато неговото настанување?Историјата на кондомотrn

      rn011

    • Во периодот помеѓу 13.000 и 10.000 години п.н.е. за прв пат е забележана употребата на кондомот, и тоа на една слика во француската пештера Grotte des Combarrelles.
    • rn011

    • 1.000 години п.н.е. Египќаните носеле таканаречени „ленени обвивки“. Сè уште не е докажано дали тие обвивки служеле како заштита или биле дел од обреден ритуал.
    • rn011

    • Веќе во периодот помеѓу 1300 и 1500 година од нашата ера, започнале да се користат посебен вид кондоми кои ја покривале само главата на пенисот. Овие кондоми ги користеле само членовите на повисоките класи за да се заштитат од несакана бременост.
    • rn011

    • Во 16 век, Габриел Фалопиус открил дека „ленените обвивки“ штитат од француската болест De Morbo Gallico, која била слична на сифилисот.
    • rn011

    • Во 1605 година, католичкиот теолог Леонардус Лесиус го објавил делото „De iustitia et iure“ во кое ги осудил кондомите како неморални.
    • rn011

    • Во 1666 година, Англиската комисија за следење на наталитетот за прв пат го употребила зборот „кондом“ .
    • rn011

    • Кон крајот на 17 век, холандските трговци им го претставиле на Јапонците првиот кондом изработен од фина кожа.Историјата на кондомот
    • rn011

    • Во 18 век, потеклото на зборот „кондом“ сè уште било непознато. Се претпоставува дека постоел извесен доктор со име Кондом, кој го снабдувал кралот Чарлс Втори со обвивки од животинско потекло. Од друга страна, зборот „кондом“ во латинскиот јазик означува „приклучник“ или „кутија“.
    • rn011

    • Во 1708 година, војводата Џон Кемпбел побарал од Парламентот кондомите да станат илегални. Барањето било одбиено.
    • rn011

    • Во 1717 година, англискиот физичар Даниел Тарнер го изразил своето незадоволство од кондомот, така што објавувал аргументи против неговата употреба. Тарнер сметал дека кондомот не штител доволно од сифилис и ги охрабрувал мажите да не користат кондом затоа што тој им го скратувал задоволството.Историјата на кондомот
    • rn011

    • Околу 1774 година, во дневниците на Џакомо Казанова, квалитетот на кондомот бил најважен. Пред употреба, Казанова ги дувал кондомите за да утврди дали имаат дупки.
    • rn011

    • Во 1840 година, во британските весници се појавиле првите реклами за кондоми. Истата година, во сиромашните квартови во Англија и Америка биле поделени упатства за употреба на кондоми.
    • rn011

    • Во 1844 година, компаниите Goodyear и Hancock започнале со масовно производство на кондоми од вулканизирана гума, која истовремено била поцврст и поеластичен материјал.
    • rn011

    • Во 1855 година, бил произведен првиот кондом од гума.
    • rn011

    • Во 1861 година, во Америка за прв пат била објавена реклама за кондоми, во весникот Њујорк Тајмс.Историјата на кондомот
    • rn011

    • Во 1873 година, во обид да се озакони моралот, бил усвоен Законот на моралистот Комсток. Со тоа на поштата ѝ било дозволено да конфискува кондоми продадени преку пошта.
    • rn011

    • Во 1880 година, бил произведен првиот латекс кондом, но не бил наменет за употреба од страна на пошироката јавност.
    • rn011

    • Во 1889 година, во Ирска било забрането рекламирањето на кондоми. Производството и употребата на кондоми во Ирска биле илегални сè до 1970 година. Кон крајот на оваа година, зборот „гумичка“ станал еуфемизам за кондом ширум светот.
    • rn011

    • Во 1890 година, Јулиј Шмид, сопственик на истоимената компанија, бил уапсен во својот дом од страна на викторијанскиот моралист Ентони Комсток, затоа што поседувал повеќе од 700 кондоми во својот дом.
    • rn011

    • Во текот на 1890-тите години, бројот на полово пренослови болести во Америка вртоглаво се зголемил. Според Законот на Комсток, причини за тоа биле Граѓанската војна и избегнувањето на употреба на заштита. Подоцна, кондомот бил познат како „машки штит“ . Феминистките побарале со средствата за контрола на раѓањето да раководат жените, а ги негирале методите што ги користеле мажите, како што бил кондомот.
    • rn011

    • Кон крајот на 1890-тите години, за прв пат и официјално било воведено сексуалното образование. Главна тема биле венеричните болести и начинот на кој тие се пренесуваат. Целта на сексуалното образование била да се активира апстиненцијата од секс, како единствен начин на одбегнување на полово преносливите болести.
    • rn011

    • На почетокот на 20-от век, во Америка била забранета употребата на кондоми. За време на Првата светска војна, ова резултирало со најголема стапка на полово преносливи болести – дури 70%. Затоа пак, веќе за време на Втората светска војна, Владата била таа која ги промовирала кондомите и нивната употреба.Историјата на кондомот
    • rn011

    • За време на Првата светска војна, преку експерименти било докажано дека кондомите го намалуваат ризикот од полово преносливи болести.
    • rn011

    • Во 1918 година, Американскиот суд ја поништил пресудата против Маргарет Сангер, со образложение дека кондомите може легално да се рекламираат и да се продаваат заради превенција од болести.
    • rn011

    • Во 1920 година, кондомите биле рекламирани заедно со цигарите. Англиската црква ги осудила сите „неприродни“ значења на концептуалното избегнување. Подоцна, била приозведена подобрена верзија на кондомите од марката „Тројан“.
    • rn011

    • Во текот на 1930-тите години, британскиот еуфемизам за кондом бил „нешто мало за викендот“. Фред Килиан ја патентирал првата линија на автоматски произведени кондоми.
    • rn011

    • Точно во 1930 година, Англиската црква ги санкционирала средствата за контрола на раѓањето, само за брачните парови.
    • rn011

    • Во 1931 година, кондомите биле задолжителни за секој член на американста војска. Федералниот совет на црквите во Америка почнал да ги следи стапките на Англиската црква. Како одговор на тоа, Римската католичка црква ги забранила сите средства за контрацепција.
    • rn011

    • Во 1932 година, лондонската компанија за гума била прва во Европа која започнала со масовно производство на латекс кондоми. Тоа била познатата марка „Дурекс“.
    • rn011

    • Во 1935 година, биохемичарите тестирале 2.000 кондома, така што ги полнеле со воздух и вода. Дури 60% од кондомите протекувале.
    • rn011

    • Најпосле, во 1937 година, донесена е одлука секој кондом посебно да се тестира пред да биде спакуван.
    • rn011

    • Во 1938 година, во Америка, во повеќе од 300 гинеколошко – акушерски болници кондомите им биле разделувани на сиромашните жени.
    • rn011

    • Во периодот од 1955 до 1965 година, најупотребувано контрацепциско средство бил кондомот.
    • rn011

    • Во 1957 година, „Дурекс“ го претстави првиот лубрикантен кондом.Историјата на кондомот
    • rn011

    • Во првата половина на шеесетите години од 20-от век, Јапонците најмногу го употребувале кондомот, сметано по глава на жител, во споредба со сите останати нации. За време на сексуалната револуција, употребата на кондоми значително се намалила и многу млади практикувале слободна љубов, без употреба на кондом.
    • rn011

    • Во 1965 година, Врховниот суд на Америка укинал еден од законите на Комсток. Судот сметал дека е противзаконски да се одбие пристапот до контрацепциски средства затоа што тоа е право на сопствен избор.
    • rn011

    • Кон крајот на 1960-ите години, квалитетот на секој кондом е загарантиран според светските стандарди.
    • rn011

    • Во 1979 година, започнале да се прикажуваат реклами за кондоми и на ТВ каналите.
    • rn011

    • Во 1981 година, во весникот Њујорк тајмс била објавена првата сторија за случај на заразен со СИДА. Претседателот Роналд Реган продолжил со сексуалното образование според кое, апстиненцијата е единствениот начин за заштита од полово преносливи болести.
    • rn011

    • Во 1983 година, започнале да се делат едукативни материјали по домовите. Поштата ги доставила сите материјали до Врховниот суд и се повикала на Законот според кој, се забранувало доставување на несакани рекламни материјали за контрацепција. Врховниот суд во Америка ја оценил оваа постапка на Поштата како насилно спречување на слободниот говор.
    • rn011

    • Подоцна, во периодот помеѓу 1980-та и 1990-та година, бил идентификуван ХИВ – вирусот, а специјалистите потврдиле дека освен апститненција, латекс кондомот претставува одлична заштита од овој вирус.
    • rn011

    • Започнувајќи од 1990 година, постепено почнале да се појавуваат различни видови кондоми, како што се кондомите во боја, ребрастите кондоми, кондомите со вкус, како и првиот полиуретански кондом.
    • rn011

    • Во 1994 година, рекламите за кондоми од застрашувачки станале хумористични.
    • rn011

    • Во 1997 година, „Дурекс“ била првата марка на кондоми која имала официјална интернет страница.
    • rn011

    • Во 2009 година, Ansell Healthcare, производителот на „Лајфстајл“ кондомите, го презентирал кондомот X2 премачкан со лубрикант за подобрување на ерекцијата.
    • rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 факти за моливите

    12 факти за моливите

    Автор: Бојана МандевскаrnrnМоливот е прибор за пишување, односно тоа е долгнавесто стапче графит обложено со дрво. Најчесто бојата на дрвото на моливот е жолта. Некои со растењето и заминувањето од училишните клупи ги оставија зад себе и заборавија дека во најраните години се натпреварувале чие моливче е поубаво и пошарено. Ова се неколку интересни факти поврзани со нив.12 факти за моливите 1. Со типичен молив може да се повлече линија долга 35 милји или да се напишат 45.000 зборови. rnrn2. Просечен молив може да биде наострен 17 пати.rnrn3. Од едно 14-годишно дрво „Pinus caribaea“ може да се произведат 2.500 моливи. rnrn4. Повеќе од 14 милијарди моливи се произведуваат во светот секоја година. Тоа е доволно за да се заокружи целиот свет 62 пати.rnrn5. Две милијарди моливи се произведуваат во САД секоја година.rnrn6. Моливите всушност не содржат олово, сивата материја е направена од глина и графит.12 факти за моливите7. Познатите писатели Ернест Хемингвеј и Џон Стајнбек користеле моливи при пишувањето на нивните книги. rnrn8. Моливите немале гумички на нив до пред 100 години, бидејќи наставниците мислеле дека тоа ќе ги охрабри децата да прават грешки. rnrn9. Најголемиот молив во светот е изработен во Њујорк. Неговата должина е 76 метри и чини 20.000 американски долари. Денес се наоѓа во музејот во Сент Луис. rnrn10. Еден од најстарите сочувани моливи е пронајден на покривот на една стара германска куќа и датира од 17 век. Тој молив сега е дел од приватната збирка на „Faber-Castell rnrn11. Најмалиот молив во светот е долг 17,5 милиметри, 5 милиметри тенок и содржи 3 милиметри дебел графит. Направен е од страна на „Faber-Castell“ во ограничена серија од 50 парчиња кои се дадени како Божиќни подароци на селектирана група клиенти.12 факти за моливите12.Graf von Faber-Castell Perfect Pencil“ (лимитирано издание) е најскапиот молив на светот. Моливот е направен од бело злато и дијаманти.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти за виолината

    Интересни факти за виолината

    Автор: Горана КоневскаrnrnКолку и да е мало или големо вашето познавање околу музиката и музичките инструменти, претпоставуваме дека има некои интересни податоци на кои не сте ни помислиле. Веруваме дека ќе ви биде забавно да ги прочитате овие факти посветени на виолината.rnrnИнтересни факти за виолинатаrnrn1. Со еден час свирење на виолина музичарот троши околу 170 калории.rnrn2. Современата виолина е направена од 70 различни парчиња дрво.rnrn3. Современата виолина е направена за првпат пред нешто помалку од  500 години од Андреа Амати (дизајнирана е отприлика во 1555 година).rnrn4. Најскапата виолина била продадена на аукција по цена од  $3.544.000. Станува збор за виолина „Страдивариус“.rnrn5. Најмалата виолина е долга 37 милиметри.rnrn6. Виолинистите користат поголем дел од мозокот, а имаат и посилна конекција помеѓу двете страни на мозокот, за разлика од оние кои не свират виолина.rnrn7. Рекордот во брзина на свирење на виолина е поставен во делото „Бумбаровиот лет“. Целото дело било отсвирено за 1 минута и 6,56 секунди, или поточно биле свирени 13 ноти во една секунда.rnrn8. Некои видови гудала се направени од влакна од коњска опашка.rnrn9. Виолината е најбројниот инструмент во еден оркестар.rnrn10. Виолината е еден од ретките инструменти каде левата рака е позиционирана во неприродна положба за телото.rnrn11. Виолината е најпопуларен инструмент кај децата.rnrn12. Овој инструмент бил сметан за инструмент на ниските социјални слоеви. Со употребата на виолина во операта „Орфеј“ на Клаудио Монтеверди, а и со создавањето на ансамбл од 24 виолини во дворот на кралот на Франција Луј Осми, овој инструмент започнува да го достигнува својот престиж.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти и занимливости за серијата „ИМЗ: Мајами“

    Факти и занимливости за серијата „ИМЗ: Мајами“

    Серијата „Истрага на местото на злосторството: Мајами“ (CSI: Miami) започна да се снима во 2002 година, а сега се работи на нејзината 10 сезона. Во просек е гледана од околу 15 милиони гледачи само во САД, а за нејзиниот успех говори и долгата листа на награди и номинации. Екипата е составена од глумците Дејвид Карузо, Емили Проктер, Адам Родригез, Канди Александер, Џонатан Того, Рекс Лин и Ева Лару. Досега се снимени 220 епизоди, кои траат по 43 минути.Факти и занимливости за серијата „ИМЗ: Мајами“ (CSI: Miami)1. Многу често во серијата се приведува некој осомничен поради тоа што некој пиштол ќе се поврзе со него, преку серискиот број или преку отпечатоци од прстите. Смешно е тоа што сојузната држава Флорида нема никаков закон според кој се води регистрација на огнени оружја.rnrn2. Иако сцените од серијата кои се направени од високо и на кои се гледа градот се снимени токму во Мајами, Флорида, сепак оние кои се одвиваат на плажи, се снимани на плажата Менхетен која се наоѓа во едно предградие на Лос Анџелес.rnrn3. Ѕвездата на „ИМЗ: Лас Вегас“, Вилијам Петерсен, добил понуда да биде режисер на шоуто. Сепак, тој ја одбил понудата.rnrn4. Во серијата најчесто се употребува храна за да се симулираат повреди (како на пример кожа од печено пиле за изгореници).rnrn5. Улогата на Хорацио Кејн најпрво му била понудена на Дон Џонсон.rnrn6. Иако градот Мајами е населен од 35% кубанско население, сепак, во серијата Адам Родригез (Ерик Делко) е единствениот глумец со такво потекло.rnrn7. Иако поголемиот дел од техниките и технологијата која се употребува при истрагите во серијата се вистински, сепак продуцентите признаваат дека погрешно е претставено времето кое е потребно за да се добијат резултатите од нешто. Во серијата сè може да се добие за неколку часа, додека во реалноста понекогаш треба да се чека од неколку дена до цела недела.rnrn8. Емили Проктер (Кали Дукејн) во сите епизоди досега има носено различен кармин.rnrn9. Дејвид Карузо (Хорацио) во вистинскиот живот обожава јахти и цигари.rnrn10. Адам Родригез пред да стане глумец, бил брокер. Како мал сакал да стане професионален бејзбол играч, сè додека не се здобил со сериозна повреда додека бил во средно училиште.rnrn11. Џонатан Того (Рајан Волф) во средно училиште имал свој панк бенд, а работел и како шанкер во Њујорк.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    http://en.wikipedia.org/wiki/David_Caruso
  • Факти и занимливости за бендот Металика

    Факти и занимливости за бендот Металика

    По повод 30 години од постоењето на најпознатиот и најуспешниот метал бенд во светот, денеска ќе можете да прочитате неколку интересни факти поврзани со нив. Моментално бендот се состои од четворица членови Џејмс Хетфилд, Ларс Улрих, Кирк Хамет, Роберт Трухиљо, од кои само првите двајца се од самите почетоци. За овие 30 години бендот има постигнато огромни успеси и заслужено се наоѓа на врвот на листата на најуспешни изведувачи на сите времиња.

    rnФакти и занимливости за бендот Металикаrnrn1. Во октомври, 1981 година, Џејмс Хетфилд се јавил на оглас оставен од Ларс Улрих на кого му требале луѓе со кои ќе може да состави метал бенд. Така започнала оваа убава приказна.rnrn2. Досега во бендот свиреле 8 луѓе.rnrn3. За 30 години имаат отсвирено 1.724 концерти. Во просек над 57 во година.rnrn4. Во 60 земји низ светот имаат направено концерти.rnrn5. Нивниот албум насловен како „Metalica“ или познат како „The Black Album“ е продаден во 15,62 милиони копии.rnrn6. Најдолгата песна на Металика е „Suicide and Redemption” која трае 9:56 минути.rnrn7. Најкратка песна е „Мotorbreath“ која трае 3:08 минути.rnrn8. Бројот на продадени албуми на Металика го надминува бројот 100 милиони.rnrn9. Тие досега имаат издадено 10 албуми.rnrn10. Најсвирена песна во живо е „Master of Puppets“ (1.256 пати).rnrn11. Надвор од САД, Металика најмногу свиреле во Германија (104 пати).rnrn12. Бендот има освоено 14 греми награди.