Свадбените торти долго време се главните „ѕвезди“ на веселбите насекаде низ светот кога станува збор за слаткото задоволство. Тие најчесто доаѓаат на крајот од свадбата и треба да внесат радост меѓу гостите. Невестите со денови размислуваат за нивниот вкус, облик, декорација… Но, сега еден нов тренд го зазема центарот на вниманието на веселбите и прославите – ѕид со крофни!rnrnНеверојатно задоволство за сите сетилаrnrnНеверојатно вкусните крукчиња, со или без прелив, закачени на специјален ѕид се новата свадбена атракција. Со оглед на фактот дека ретко кој може да одолее на овие слатки задоволства, се чини оти тортите можеби нема целосно да се заборават, но ќе треба да го делат првото место на пиедесталот со нивните големи конкурентки – крофните. Доколку ви се допадна новиот тренд, ние ви нудиме неколку идеи како да внесете свежина и новитет на вашата свадба, роденден или каква било друга забава, а гостите ќе бидат пријатно изненадени.rnrn
Помеѓу жените многу често владее мислењето дека не е потребно многу труд за да се задоволат мажите, бидејќи се верува дека ним доволно им е само тоа што ќе ја видат партнерката гола и секогаш, без проблем можат да достигнат оргазам. Но, тоа е далеку од вистината. Сексот е игра која може да доведе до вистинско задоволство, но само ако се одигра правилно. Ако сметате дека на вашиот партнер му давате сѐ што се однесува до сексот, размислете уште еднаш. Секој маж е различен и го возбудуваат различни работи, но постојат 5 скриени сексуални желби за кои сонуваат речиси сите припадници на посилниот пол, а жените честопати ги занемаруваат. Дознајте кои се тие и пружете му го најголемото задоволство на вашиот сакан, по што дефинитивно нема да може да ве извади од глава…rnrnrn
1. Гребење и еротско грицкање
rnИскористете ја страста и задоволството што го чувствувате за време на сексот на поживотински начин, но задржете го сексапилот и женственоста. Нежните траги од нокти на грбот, како и благото грицкање, ќе ја зголемат неговата возбуда, но внимавајте да не претерате.rn
2. Изненаден секс
rnПоголемиот дел од мажите сонуваат за тоа нивната партнерка да преземе иницијатива и да ги изненади со секс. Охрабрете се и изненадете го вашиот сакан со секс по туширање, утрински секс за добро утро придружен со орално будење или, пак, научете некои нови потези и не срамете се да изведете сензуален стриптиз само за негови очи. Бидете креативни и искористете некоја од овие идеи на кои ниту еден маж не може да остане рамнодушен.rn
3. Милување на сопственото тело
rnМажите обожаваат кога жените го истражуваат сопственото тело. За време на сексуалниот однос допирајте ги градите или милувајте го телото и косата. Тоа ќе го доведе до лудило и ќе направи да ве посакува уште повеќе.rn
4. Звуци на задоволство
rnНишто не може да ги надмине страсните воздишки кои го опишуваат вашето уживање во водењето љубов. Нормално дека не треба да глумите, бидејќи мажите го забележуваат тоа. Не срамете се да пуштите глас и да му покажете што чувствувате. Доколку почувствувате потреба, изговорете и некои „валкани“ зборови и опишете му што би сакале да ви прави.rn
5. Игра со јазикот
rnЈазикот може да биде многу моќно оружје на кое ниту еден маж не може да одолее. Играјте си со нежни бакнежи во пределот на стомакот, ушите и препоните и доведете го до неочекуван оргазам.
Дефиницијата за „кул“ девојка би звучела отприлика вака: Таа е самоуверена, автентична, оригинална, свесна за себе и своите квалитети, искрена, подготвена да ги поддржи и да им помогне на останатите и некоја која има доволно енергија да се посвети на себеси и на своите потреби. Сега, кога ја дефиниравме таквата девојка, дознајте и кои реченици таа ќе ги каже јасно и гласно, без двоумење.rnrnrn
1. „Не“
rnКул девојката не се двоуми да каже „НЕ“ кога смета или чувствува дека не е подготвена за нешто или дека тоа не е доволно важно за неа. „НЕ“ е целосна реченица за оваа девојка и нема да дозволи притисокот на околината да ја премисли.rn
2. „Немам време“
rnКога кул девојката нема доволно време или ресурси да направи услуга некому, тоа ќе го каже искрено, без лажни ветувања или изговори, колебливо „можеби“ и страв дека другите помалку ќе ја сакаат или ќе ја отстранат од нивните животи. Тоа е така затоа што таа знае колку вреди и дека луѓето кои навистина ја сакаат и им значи нешто во животот ќе ја поддржат и сфатат во секое време и во секоја ситуација.rn
3. „Ми беше задоволство“
rnОваа девојка, на оние луѓе кои ќе ѝ искажат благодарност ќе им врати со зборовите „Ми беше задоволство“ или „Ти си го заслужил/а тоа“, наместо „Нема на што“ или „Тоа е само ситница“. Таа го почитува своето време, како и енергијата и трудот што ги вложила да помогне некому и да му го разубави денот.rnrnrn
4. „Да“
rnТаа нема да се двоуми да каже „ДА“ доколку добие интересна покана за некакво случување, за нови активности, познанства, пријателства, животни и работни можности. Оваа девојка е свесна дека без оглед на тоа колку напуштањето на удобната зона изгледа застрашувачки, сепак е најдобриот начин, својот живот да го зачини со нови возбудувања, авантури и да расте, како на приватен, така и на професионален план.rn
5. „Сакам…“ или „Имам потреба од…“
rnДевојката која е кул нема да се двоуми, па затоа и искрено, отворено и јасно ќе комуницира за своите желби, ставови и потреби со својот партнер, пријателите и членовите на семејството. Таа знае дека вистинскиот, искрен и длабок однос е заснован на меѓусебна почит и уважување на меѓусебните потреби и оти за квалитетна врска е потребно да се даде љубов, време, грижа, внимание и ресурси, но исто така и да ги прима од другите луѓе. На тој начин, таа секогаш ќе биде подготвена да слушне „НЕ“, како одговор на некое нејзино барање и да направи компромис, затоа што знае да ги почитува туѓите желби и потреби.rnrnrn
6. „Тоа е мој недостаток“ или „ Не сум баш најдобра во…“
rnОваа девојка не се плаши да ги признае своите слабости, затоа што ги прифаќа како дел од својата автентичност и знае дека луѓето кои вистински ја сакаат и почитуваат ќе ја прифатат токму таква каква што е, несовршена, со сите нејзини вредности и недостатоци. Но, истовремено таа работи на себе секојдневно со цел секое утро да се буди во подобра верзија од себеси, како на личен, така и на професионален план.rn
7. „Навистина сум супер во оваа работа“
rnДевојката која што ја дефиниравме како кул, никогаш нема да има проблеми со тоа јасно и гласно да каже дека е навистина добра во нешто. Таа сака своите достигнувања и успеси да ги подели со останатите. Ваквата девојка не гледа на останатите „од високо“ затоа што во нешто е поуспешна од нив, туку го почитува сечиј животен пат и сечија одлука. Она што е најважно да се истакне е дека кул девојката никогаш не се споредува со останатите затоа што знае да ги почитува своите квалитети, кои ја прават посебна.
Целта на скоро секоја жена е да биде среќна и да го сака својот живот. Впрочем, тоа е целта и на сите луѓе во светот. Но, колку такви луѓе постојат? Доколку сте виделе некоја жена за која сте забележале дека е вистински среќа и дека ужива во својот живот, можеби ќе помислите: „Што е тоа што таа прави поразлично од мене?“ Во тој контекст, прочитајте ги следните 10 работи кои жените што го сакаат својот живот ги прават поинаку и кои можете и вие да започнете да ги практикувате.rnrnrnrn1. Тие се свесни дека нивниот живот е драгоцен и дека сѐ се случува со причина.Вистински среќните луѓе знаат дека секој момент од животот е шанса за раст и развој и подарок за кој не можете да ги вратите парите.rnrn2. Тие не бараат внимание од другите луѓе.Ако сте среќни и го сакате животот, нема потреба постојано да бидете во центарот на вниманието и да ги покажувате своите предности и успеси. Вам ви е доволно само вие да си ги знаете.rn3. Мудро ги трошат парите.Тие разбираат дека импулсивното и безгрижното трошење на парите има само негативни последици. Размислуваат пред да потрошат.rnrn4. Знаат како да го контролираат своето дејствување. Иако понекогаш изгледа како одредени ситуации да настануваат поради некои необјасниви надворешни сили, тоа всушност не е така. Вие и само вие сте одговорни за начинот на кој ќе реагирате и дејствувате. Силните жени се свесни за тоа.rnrn5. Тие преземаат одговорност за своите дела.Не се жртви. Никој не е совршен и тоа е непобитен факт. Доколку им се случи да погрешат, вистински среќните жени преземаат одговорност за своите дела.rnrn6. Тие својата страст ја претвораат во кариера. Вистински среќните жени знаат дека постои начин која било страст да се претвори во можност за заработка. Не чекаат другите да ги поттикнат и не се колебаат. Едноставно, тие не се плашат да ризикуваат.rnrn7. Тие знаат дека можат со својата интелигенција да ги контролираат емоциите и мислите. Голем број жени сметаат дека емоциите и мислите ги контролираат нив, наместо обратно. Во кој било момент имате можност да управувате со начинот на размислување. Среќните жени се свесни за тоа.rnrn8. Се дружат со позитивни личности. Со оглед на тоа дека луѓето кои ни ја трошат енергијата се насекаде околу нас, вистинските жени се трудат да ги избегнуваат. Едноставно, тие се дружат со позитивни луѓе, дури и тоа да е една личност, бидејќи се свесни дека негативните можат само да им го отежнат животот.rnrn9. Уживаат да се социјализираат, но и да бидат сами.Дружењето е забавно, но и самотијата има свои предности. Вистински среќните жени уживаат во двата случаи. Тие не се приврзуваат премногу на едната или другата страна – едноставно знаат како да ги балансираат работите.rnrn10. Тие знаат како позитивно да влијаат на другите.Вистински среќните жени по природа се многу позитивни и несебични и се трудат својата позитивност да ја пренесат и на другите. Тие безусловно ги сакаат задоволството и радоста и тоа е можеби најголемата тајна за нивната среќа.
Заборавете на големите цели кои ви ја уништуваат среќата во овој момент. Барајте ги оние големи цели кои ве прават да се чувствувате исполнето и задоволно и да не ја губите надежта дека еден ден можеби ќе ги остварите. Понекогаш не сме свесни за реалноста и немаме одговори дури ни за наједноставните животни прашања кои сме ги изгубиле барајќи ја смислата и идејата. Во тој контекст, прочитајте ги следниве 5 прашања кои ќе ве направат посвесни и ќе ви помогнат да го промените својот живот на подобро.rnrnrn
1. Што чувствувате?
rnНашите чувства и емотивни реакции го одржуваат она што го вреднуваме. Доколку сте лути или разочарани, тоа ја отсликува вашата нескладност со вашите вредности. Негативните емоции покажуваат кршење на вредностите. Од друга страна, позитивните емоции како задоволството и возбудата покажуваат дека вашите вредности се потврдени. На пример, ако некој ве пофали на работното место за вашиот вложен труд и време, вие ќе почувствувате пријатни емоции за добро завршената работа.rn
2. Што набљудувате?
rnОд моментот кога ќе ги отвориме очите, ние го набљудуваме светот околу себе. Иронично, но вистинито е дека всушност не знаеме што е тоа што се наоѓа во нашата опсервација. Концентрирајте се и ќе ги видите работите кои ви се пред носот, а ќе научите и да ги цените. Размислувајте за своите емоции и постапки, за она што другите го сакаат, набљудувајте го светот околу себе и не дозволувајте секојдневието да ве спречува да ги гледате очигледните работи.rn
3. Што мислите?
rnДоколку се посветите на своите ментални забелешки, појасно ќе ги разберете своите чувства. Често луѓето се плашат од промените или се плашат да стапат во нови врски со другите луѓе, особено ако искусувале проблеми со својот претходен партнер. Разбирањето на вашите мисли доведува до разбирање на вашето однесување бидејќи тоа произлегува од мислењето. Ако научите да го истакнете своето мислење, да го разложите и критички да го процените, веќе сте направиле многу за себе.rn
4. Што посакувате и зошто?
rnКога јасно знаете што е она што го сакате тогаш ја разбирате и својата намена. Кога го знаете одговорот на овие прашања, свесни сте за своите избори. Недостатокот од јасност доведува до неостварени аспирации. Доколку намерите ви се јасни, ќе го постигнете она што го сакате. Запрашајте се зошто е тоа така, што е тоа што сакате да го разјасните и ќе ги идентификувате своите вредности. Кога ќе знаете зошто, полесно ќе ги оправдате своите неуспеси и ќе ја зголемите својата мотивација и одлучност.rn
5. Каде е вашиот фокус?
rnОдговорот на ова прашање ќе ви донесе многу одговори во животот. Вашите резултати се последица на вашиот фокус. Често ќе бидете разочарани со животот и со ситуациите во кои се наоѓате. Размислете зошто е тоа така и кои се всушност вашите цели. Лошите работи не треба да бидат во фокус. Не оптоварувајте се со тоа што го немате, туку одете кон тоа што сакате да го имате. Средиштето на вниманието е она што го одредува вашиот живот и големиот извор на моќта.
Кога ќе се спомене грешка во секс, обично сите прво помислуваат на погрешни пози или лоша техника. Меѓутоа, една работа е поважна од сè тоа, бидејќи без неа тешко е да се постигне експлозивниот климакс. Што мислите, за што станува збор?rnrnrnrnЗа добар секс најважна е добрата комуникација помеѓу партнерите. Недостатокот од комуникација за време на сексот е најголемиот проблем во креветот кој подеднакво ги мачи и мажите и жените. Експертите тврдат дека сите правиме една голема грешка: Премалку ги слушаме нашите партнери, односно не обрнуваме внимание на нивните желби и ги игнорираме нивните реакции.rnrnВо истражувањата спроведени на оваа тема многу жени се пожалиле дека мажите честопати премногу се потпираат на техниките научени од филмовите за возрасни кои се нереални или применуваат некои потези кои им се допаѓале на нивните поранешни партнерки. Не го земаат предвид фактот дека нивната сегашна партнерка веројатно има други преференции.rnrnОд друга страна, пак, на мажите најмногу им смета тоа што жените се често пасивни, не преземаат иницијатива и не поттикнуваат на акција онолку колку што тие би сакале.rnrnНајмалиот заеднички содржател на сите овие проблеми е недостатокот на комуникација за време на сексот. Иако сметате дека во интимните моменти нема простор за премногу говорење, сексуалните терапевти не се сложуваат со ова.rnrnТие се залагаат за јасното и гласно искажување на сексуалните желби и потреби, бидејќи само таквата отворена комуникација доведува до максимално задоволство од двете страни.rnrnЗатоа, заборавете на срамот и не кријте ги вашите желби ако сакате пред сè да си угодите самите себеси, но и да го усреќите вашиот партнер кој секако сака да биде главниот извор на вашето задоволство. На ваков начин поставете се и вие кон него и уживајте во здравиот сексуален живот кој и двајцата ќе ве направи поисполнети и ќе ја зацврсти вашата врска.
Повеќепати е научно докажано дека луѓето се посреќни доколку се занимаваат со некое хоби. Целта на избраното хоби е да ве направи поисполнети, покреативни, помотивирани и поинспирирани да ги извршувате секојдневните обврски од вашиот живот. Хобито на некој начин претставува бегство од макотрпниот реален свет и затоа од голема важност е да го изберете она во кое навистина ќе уживате. Ова се 10-те хобија кои важат за најголемите ослободувачи од стрес и депресија…rn
1. Свирење музички инструмент
rnrnrnМузиката има драматичен ефект на нашето расположение и мисловните процеси кои се одвиваат во главата. Несомнено е дека на овој начин ќе го намалите стресот и анксиозноста, а деликатната координација потребна за да ги претворите нотите во прекрасна музика, ќе направи секојдневните борби во животот да ви доаѓаат природно.rn
2. Читање книги
rnrnrnНема ништо подобро од тоа да го поминете денот стуткани на вашето омилено место со добра книга. Книгите нудат одлична можност за бегство од реалноста во нови светови и доживувања. Постои и име за среќата предизвикана од книгите – библиотерапија.rn
3. Плетење
rnrnrnПлетењето не е толку тешко како што изгледа откако ќе ги совладате почетните техники. Ритмичното тропкање на иглите е слично на музика и ќе се изненадите од тоа колку ги смирува нервите и опушта.rn
4. Водење дневник
rnrnrnВо денешно време луѓето попрво би споделиле кратка објава на Фејсбук за тоа што им се случило дента, отколку да го напишат тоа во дневник. На тој начин се губи од уметничката вредност на рефлексијата. Пишувањето рачно на хартија има терапевтско дејство и на тој начин многу е полесно грижите и проблемите да се претворат во можност за постигнување на целта.rn
5. Грнчарство
rnrnrnСигурно ви е позната романтичната сцена од филмот „Дух“ која одлично ја претставува моќта на грнчарството да ја разбуди вашата сензуална страна. Фактот дека од едно обично парче глина можете да направите прекрасни уметнички дела кои потоа ќе можете да ги искористите е неверојатен.rn
6. Планинарење
rnrnrnЗар има нешто поубаво од ден поминат на свеж воздух во природа? Со секој чекор што ќе го направите, вашите мисли ќе се избиструваат и вие ќе бидете целосно релаксирани. Познато е дека секоја физичка активност ослободува ендорфини, а како последица на тоа вашето расположение значително ќе се подобри.rn
7. Готвење
rnrnrnБоите, мирисите, вкусот… Готвењето навистина ги активира сите ваши сетила. Освен тоа ви дава можност да бидете креативни и да создавате нови, вкусни задоволства со кои ќе можете да ги изненадите вашите најблиски.rn
8. Гледање во ѕвездите
rnrnrnОва хоби е лесно достапно, но е честопати потценето и ретко кој го практикува. Гледањето во ѕвездите ќе ви даде возвишено чувство на љубопитност и ќе ве поттикне да размислувате за суштината на нештата. Не ви треба никаква посебна опрема. Повеќето соѕвездија се видливи и со голо око.rn
9. Градинарство
rnrnrnБез разлика на тоа дали градината за која се грижите е голема и мала, физичките и емоционалните придобивки од ова хоби се многубројни. Нема поголемо задоволство од тоа кога ќе видите дека она што сте го негувале со сета ваша грижа и внимание, од обично семе ќе расцути во прекрасно растение.rn
10. Уметност
rnrnrnНема сомнеж дека постои нераскинлива врска помеѓу среќата и уметноста. Самото гледање во некое уметничко дело предизвикува чувство на еуфорија. Чинот на претворање апстрактна идеја во нешто конкретно предизвикува силно чувство на исполнетост и задоволство.rnrnИ покрај тоа што се чувствувате изморени од стресот и напорот предизвикани од брзиот начин на живот, не заборавајте да си посветите време на себе и личниот развој. Наместо да го поминете слободното време лежејќи пред телевизорот, направете нешто корисно, нешто што вистински ве исполнува и ќе видите како среќата ќе стане неминовен дел од вашето секојдневие.
Сигурно ви се случило некогаш вашата пријателка да објави фотографија на Фејсбук на која вие воопшто не си се допаѓате како изгледате. Веднаш кревате револуција и почнувате да ја напаѓате другарката како да направила смртен грев. Зошто толку се вознемируваме за една обична фотографија на Фејсбук? Ние како човечки суштества и онака сме премногу самокритични, а Фејсбук каде што животите на луѓето се целосно изложени пред очите на јавноста воопшто не ни ја олеснува работата. Постојано го споредуваме нашиот изглед со изгледот на другите што резултира со намалена самодоверба и незадоволство од сопствениот живот. Затоа, мора да внимавате колку дозволувате една обична социјална мрежа да влијае на вас. Тоа може да го направите со тоа што ќе избегнувате одредени навики. Следуваат „7-те смртни гревови“ коишто никако не смеете да ги направите на Фејсбук доколку сакате да се чувствувате убаво во своја кожа.rnrnrn
1. Немојте да се споредувате
rnФејсбук е совршеното место што укажува прилика да изгубите часови во правење споредби помеѓу вашиот и животот на другите, па дури и помеѓу вашиот изглед порано и сега благодарение на старите фотографии. Оваа навика ќе ве направи несигурни во себе и евентуално ќе ве доведе до самосожалување. Користете го Фејсбук за да се мотивирате со тоа што ќе направите на почетна страна да ви излегуваат луѓе со позитивни мисли и пораки, кои ќе ве инспирираат и ќе ве поттикнат да напредувате.rn
2. Не поминувајте со часови на Фејсбук
rnФејсбук е виртуелен простор кој овозможува да остварите контакт со многу луѓе, но не е замена за вистинскиот живот и искуства. Ја нема моќта да ја нахрани вашата душа на истиот начин како човечкиот допир и интеракцијата во живо. Наместо да потрошите часови гледајќи ги туѓите животи на Фејсбук, излезете и живејте го сопствениот живот. Издвојте време за семејството и пријателите и правете нешто што ќе ве расположи.rn
3. Немојте да се сожалувате себеси
rnФејсбук е секојдневно преплавен од фотографии кои се преработени за да изгледаат онака како што изгледаат. Немојте да почнете да изигрувате жртва и да си велите „За жалење сум. Тој и тој има тоа и тоа, јас немам и затоа мојот живот е за никаде.“ Наместо да зјапате во туѓите објави и да се чувствувате како тотален неуспех затоа што вашиот живот е полош, насочете го умот во поинаков правец. Фокусирајте се на убавите нешта и богатства што вие ги имате. Пробајте да водите дневник на благодарноста каде што секој ден ќе запишувате по 5 работи поврзани со вашиот живот, тело и здравје за кои сте благодарни. На тој начин ќе почнете да ги цените работите што ги имате и ќе ја согледате убавината на сопствениот живот.rn
4. Не бидете дел од целата драма
rnДетските и незрели расправии никому не помагаат, особено не ако се одвиваат преку Фејсбук. Ако имате некој проблем со некого наместо да напишете реферат преку пораки, јавете му се и кажете му да се видите. Доколку не ве засега вас проблемот, зошто воопшто да се мешате? Само затоа што ќе видите нешто што ќе ве разлути на Фејсбук, не мора да значи дека треба уште толку да ја храните таа негативна енергија. Останете достоинствени, не одговарајте, не паѓајте на провокации и лутината истурете ја надвор или во салата за вежбање.rnrnrn
5. Немојте да јадете додека седите на Фејсбук
rnИсто како што не се препорачува да се јаде пред телевизор, и грицкањето додека сте на Фејсбук е многу лоша навика. Ова јадење е бесмислено и нема да ви ги симне тие неколку килограми што ги качивте зимава.rn
6. Не го користете Фејсбук како изговор
rnЗа да можете вистински да бидете тоа што сте, треба да се сакате себеси во вистинскиот живот. Немојте да се криете зад мониторот и да водите живот комплетно различен од вашиот. Прифатете се себеси и не плашете се да живеете во реалниот свет. Верувајте дека е многу поубав од виртуелниот!rn
7. Немојте да глумите
rnПробајте да одолеете на искушението да бидете нешто што не сте на Фејсбук. Останете доследни на себе и опкружете се со луѓе кои го прават истото. Немојте да користите Фотошоп, објавувајте слики каде што изгледате природно. Колку повеќе се држите до вашето вистинско „јас“, толку поудобно ќе се чувствувате во својата кожа. На тој начин ќе почнете целосно да се прифаќате и сакате себеси. Не кријте ја вашата вистинска убавина. Кога ќе научите дека вашите недостатоци ве издвојуваат од останатите и ве прават совршени, ќе сфатите дека сте прекрасни. А тоа никој не може да го имитира или фотошопира.rnrnДодека сега во моментов седите на Фејсбук, пред да му дозволите да управува со вашите мисли и да создава слика за вашиот живот која не ви се допаѓа, запрашајте се: Дали овој виртуелен свет е веродостојно мерило за вредноста на вашиот живот?
Според податоците собрани во британската канцеларија за национална статистика, по мерење на благосостојбата во 2016 година, се открило дека луѓето во брак имаат поголеми шанси да бидат задоволни со својот живот, додека пак најмало животно задоволство имаат оние кои се разделени или разведени.rnrnrnrnМожеби би рекле дека брачниот живот со себе носи едномесечен секс, караници околу неиспраните садови и здодевни викенди поминати во својот дом, но според ова истражувања нештата се многу поинакви отколку што сме мислеле досега.rnrnИмено, 34% од испитаниците во брак го оцениле своето животно задоволство со 9 или 10, на скала од 1 до 10, во споредба со 28,9% од оние кои само живеат со својот партнер (без склучен брак) или кои се вдовци. Од друга страна пак, 19,5% од разделените или разведените сметаат дека имаат високо животно задоволство, што е помалку дури и од 21,9% од сингл испитаниците, кои пријавиле големо задоволство во својот живот.rnrnСтатистиката исто така ни покажува и дека бројот на луѓе кои имаат крај себе личност на која можат да се потпрат се намалил од 86,4% на 84% во период од само 3 години, поточно од 2011 до 2014.rnrnОд друга страна пак, од личностите кои биле во брак, само 2,8% пријавиле ниско животно задоволство, во споредба со 10% од разведените. Задоволството, меѓутоа, се зголемило во областите на здравјето, финансиите и слободното време кај оние кои не се во брак. Но, според едно слично истражување од Харвард, се открило дека најважните показатели за добар живот не се ниту од економска, ниту од социјална природа, туку произлегуваат од силата на нашите приватни односи.
Виното е стар пијалак со фасцинантна историја и значење. Токму затоа нашло пат до срцата, а секако и до умовите на големите светски писатели, научници, филозофи и пред сè боеми кои со восхит ја опишуваат својата врска со виното. Црно како болка, а истовремено слатко како мед. На здравје.rnrnrn
„Јас готвам со вино, а некогаш дури и го додавам во храната.“ – В. Ц. Филдс
rn
„Или дајте ми уште вино, или оставете ме на мир.“ – Руми
rn
„Прифатете го тоа што ви го нуди животот и обидете се да пиете од секоја чаша. Сите вина мора да се пробаат. Од некои само една голтка, од други цело шише.“ – Паоло Коелјо
rn
„Човекот секогаш треба да биде пијан. Тоа е најважно. Но, од што? Од вино, од поезија, од доблести, изборот е ваш. Но, бидете пијани.“ – Шарл Бодлер
rn
„Виното е едно од најцивилизираните нешта во светот и едно од најприродните нешта во светот кое било доведено до најголемо совршенство и нуди голем опсег на уживања и ценења за разлика од, најверојатно, сите други чисто сензорни нешта.“ – Ернест Хемингвеј
rn
„Неговите усни пијат вода, но неговото срце пие вино.“ – Е. Е. Камингс
rn
„Во црква, за време на службата, даваат бесплатно вино. Зборувајте ми за одлични места за пиење и запознавање жени.“ – Џерод Кинц
rn
„Ако зборовите можеа да ја ублажат болката, никој немаше да се мачи да гмечи зрна од грозје.“ – Скот Линч
rn
„Сувото грозје на земјата е полно со надеж дека ако продолжи да старее, ќе се претвори во вино и ќе се опијани од себеси.“ – Џерод Кинц
rn
„Виното е најздравиот и најхигиенскиот пијалак.“ – Луј Пастер
rn
„Пивото е направено од човек, виното од Господ.“ – Мартин Лутер
rn
„Кое вино оди најдобро со житарки?“ – Џорџ Карлин
rn
„Дајте ми вино да ги измијам дамките на време.“ – Ралф Волдо Емерсон
rn
„Виното ги прави сите нешта возможни.“ – Џорџ Р. Р. Мартин
rn
„Шишето вино моли да биде споделено. Никогаш не сум сретнал алчен љубител на вино.“ – Клифтон Федимен
rn
„Виното секој ручек го прави значаен и свечен, секоја маса поелегантна, а секој ден поцивилизиран.“ – Андре Симон
rn
„Првиот бакнеж и првата чаша вино се најдобри.“ – Марти Рубин
rn
„Мојата љубов е како празно шише вино. Ако се прашувате, мојата поранешна жена го испи цело.“ – Џерод Кинц
rn
„Виното е постојан доказ дека Господ нѐ сака и дека сака да нѐ гледа среќни.“ – Бенџамин Френклин
rn
„Вино! Бидејќи овие проблеми нема да се заборават сами од себе!“ – Тања Масе